Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryj06i8htj5k87824ah17

(Видео) Непознат маж запали новогодишна декорација пред Градската куќа во Нови Сад

Непознат маж во Нови Сад вчера навечер го запали дел од новогодишната декорација пред Градската куќа. Според информациите, мажот пристигнал со велосипед, а во 4:14 часот го подметнал огнот на еден од осветлените вагони кои се дел од декоративниот воз на плоштадот.Полицијата веднаш започнала истрага за случајот и работи на утврдување на идентитетот на сторителот.

Свет | пред 10 месеци

media-librarytqbvs8472ivq6WO3IFh

Почина Крис Риа – музичка легенда и автор на „Driving Home for Christmas“

На 74-годишна возраст почина легендарниот британски пејач и текстописец Крис Риа, еден од најпрепознатливите гласови на рок и поп-сцената од крајот на 20 век. Веста за неговата смрт ја соопштија неговата сопруга и двете деца.„Тој почина денес мирно во болница по кратко боледување, опкружен со своето семејство“, се наведува во официјалното соопштение на семејството. Риа подолг период се соочуваше со сериозни здравствени проблеми, откако во 2001 година му беше дијагностициран рак на панкреас, по ш

Свет | пред 10 месеци

media-librarybokb1tmgc0bf3EdvYhi

Петрушевски: 2026 година ќе биде во знак на владеење на правото, правосудството ќе го водат професионалци

„Преку стотина кривични пријави имаат поднесено институциите надлежни за прогон, од коишто над 40 се за висока корупција и за високото профилирани личности. Ние дадовме шанса на овој јавен обвинител којшто е избран од СДС и ДУИ, ние имавме 16 месеци јавен обвинител којшто не беше избран од владеачкото мнозинство и му дадовме шанса да работи, нема еден граѓанин којшто ќе ви каже дека добро работи јавното обвинителство. Доживотни мандати имаат, уживаат имунитет, се што треба државата им обезбедила

Македонија | пред 10 месеци

media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

Наместо зголемување на минималната плата и подобрување на животниот стандард на граѓаните, актуелната власт признава дека во буџетот нема средства ниту за работниците, ниту за пензионерите, ниту за земјоделците, реагираат од СДСМ.Од партијата посочуваат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ целосно ја напуштила социјалната политика, а граѓаните веќе се соочуваат со пораката дека повисоки плати нема да има и дека мора да се „навикнат“ на сиромаштија.– Во исто време кога нема пари за минимална пла

Македонија | пред 10 месеци

media-library4lj193ajg5bi3JW24a9

Телевизија Сонце згасна: Македонскиот етер без уште еден национален канал

Уште еден телевизиски канал исчезна од македонската медиумска сцена. Телевизија Сонце, која подолг период беше дел од националниот кабелски телевизиски простор, повеќе не емитува програма.Корисниците на кабелските оператори забележуваат дека каналот е недостапен, а на негово место се појавува порака за немање сигнал или целосно затемнет екран, што упатува на прекин на работата.ТВ Сонце се издвојуваше со програма насочена кон теми од македонската историја и култура, како и содржини посветени на и

Македонија | пред 10 месеци

media-libraryabqhoaetjatf8ssfpPP

Шест симптоми на депресија во средната возраст може да бидат рани знаци на деменција

Шест специфични симптоми на депресија кои се јавуваат во средната животна возраст може да бидат рано предупредување за зголемен ризик од развој на деменција подоцна во животот, покажува ново истражување на научници од University College London, објави Newsweek.Со оглед на тоа што се проценува дека деменцијата погодува повеќе од 55 милиони луѓе ширум светот — а се очекува таа бројка да порасне на 153 милиони во наредните 25 години — научниците постојано бараат рани показатели за болеста. Уште мин

Магазин | пред 10 месеци

media-libraryif7db4q0r2irfW1q9zp

(Видео) Делумно саниран вандализмот на плоштадот, но уништувањето продолжува

Дел од последиците од вандализмот на плоштадот се санирани и на местото е донесена нова новогодишна елка. Со тоа, барем делумно е обновен празничниот изглед на јавниот простор кој претходно беше мета на уништување.Но, паралелно со ова, забележани се нови оштетувања. Искршени и испокрадени се лампионите, а уништени се и вратичките од адвент-календарите, кои беа поставени како дел од празничната декорација. Дел од елементите целосно недостасуваат, што повторно го нарушува изгледот и функцијата на

Скопје | пред 10 месеци

aleksandar-nikoloski

(Видео) Николоски: Најтешкиот дел од автопатот Охрид - Кичево го решаваме со изградба на 14 галерии

Вицепремиерот Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од изградбата на една од 14 -те галерии на автопатот Охрид-Кичево со што се стабилизираат косините.

Настани | пред 10 месеци

DSC_0052

Насилна ноќ и ден во главниот град: тепачки, семејно насилство и боксови поради кавги во сообраќај

Во текот на 21 и 22 декември 2025 година, на подрачјето на Скопје се евидентирани повеќе одделни случаи на нарушување на јавниот ред и мир, физички напади и семејно насилство, за кои постапуваат полициските служби на Министерство за внатрешни работи.Како што информира МВР, на 21 декември околу 21:20 часот, на подрачјето на општина Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го привеле 52-годишниот Д.А. од Скопје. Тој претходно во спортска обложувалница го нарушил јавниот ред и мир, влегувај

Скопје | пред 10 месеци

media-librarymmop3im0sfmbfeJQfmR

Фрчкоски: Власта се плаши од скандалите за криминал кои ги отворивме, затоа ме напаѓа лично и семејно

Власта се плаши од скандалите за криминал кои ги отворивме, и затоа ме напаѓа лично мене но и моето семејство, истакна Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ на денешната прес-конфереција.„ДПМНЕ, во рамки на својата кампања „Дефокус“, објавува мои фотографии и текстови за мене, а во сето тоа го споменуваат и мојот татко, кој нема никаква врска со ова. Следно што можеме да очекуваме е да ми ја таргетираат целата фамилија.“, потенцираше Фрчкоски.Тој објасни дека причината за нападите е откр

Македонија | пред 10 месеци

ipard-1140x401-1

ВМРО-ДПМНЕ демантира суспензија на ИПАРД средствата: Европската комисија направила привремен прекин, не стопирање

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата на опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија дека средствата од ИПАРД програмата се суспендирани, оценувајќи ги како неточни и политички мотивирани.Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Европска комисија не донела одлука за суспензија или стопирање на средствата од ИПАРД III, туку, како што наведуваат, ја поздравила одлуката за привремен прекин на исплатите додека траат проверките и контролите поврзани со конкретен случај.Во партиската реакција се пос

Македонија | пред 10 месеци

media-libraryleknqgatfrdp87WvueZ

Избрана привремена шефица на местото од Коцевски: која е Тополова-Исајловска?

Обвинителката Анита Тополова-Исајловска е именувана за вршител на должноста државен јавен обвинител. Одлуката беше донесена едногласно на денешната седница на Совет на јавни обвинители, каде што таа беше и единствен кандидат предложен за функцијата.Тополова-Исајловска во моментов ја извршува функцијата заменик државен јавен обвинител, а нејзиното професионално искуство во обвинителството се протега повеќе од една деценија и пол. За јавен обвинител првпат е избрана во 2009 година, во 2013 година

Македонија | пред 10 месеци

media-library2268lp4g6q1e2F6ZTfq

Повеќе од една година без трага: Каде исчезна Злата Јанкова?

Потрагата по Злата Јанкова од селото Орел, општина Свети Николе, сè уште трае. Жената последен пат е видена на 16 јуни 2024 година, околу 15 часот, по што ѝ се губи секаква трага. На социјалните мрежи постојано кружи апел со повик до граѓаните, доколку имаат какви било информации, да се јават во Министерство за внатрешни работи или на телефонските броеви наведени во објавата.„Исчезнато е лицето Злата Јанкова последен пат е видена на 16.06.2024 во 15 часот во село Орел-Св.Николе За било какви инф

Македонија | пред 10 месеци

zagadeno-skopje-5

„Мириса на смрт, бели дробови се луксуз, деца растат со антибиотици“: Апел на мајка од Скопје против тишината за загадениот воздух

Уметницата и мајка од Скопје, Ина Михајлова, преку својот профил на социјалните мрежи јавно и без задршки проговори за, како што ја опиша, ужасната реалност со загадениот воздух во главниот град, испраќајќи силен апел до јавноста да престане со молчењето.Во објава што предизвика бројни реакции, Михајлова со потресни зборови го опиша секојдневието на семејствата кои живеат во Скопје, нагласувајќи дека децата тука не растат со румени образи, туку со инхалации, сирупи и антибиотици. Таа посочи дека

Коментари | пред 10 месеци

Andzela-Prajs-Ageler-Anjela-Prajs-Arjela

Од Скопје заминува американската амбасадорка Агелер - Трамп повлекува речиси 30 амбасадори

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп започна пошироко дипломатско преструктуирање, при што речиси 30 шефови на американски дипломатски мисии ширум светот добиле известување дека нивните мандати завршуваат во јануари. Меѓу нив е и амбасадорката на САД во Македонија, Агелер, објави Дојче веле, повикувајќи се на извори од Вашингтон.Според информациите, станува збор за амбасадори именувани за време на администрацијата на Џо Бајден, кои и по почетокот на вториот мандат на Трамп

Македонија | пред 10 месеци

media-library4keclfld0h76aXRYa8f

(Видео) Само на македонски, и по цена на сè: Влатко Миладиновски за музиката како отпор

Во последната емитувана епизода на Нешто конкретно се отвори прашање што со години тлее под површината, но ретко се поставува јавно и директно: како денес се брани Македонија и кој, всушност, ја брани. Во време кога патриотизмот сè помалку се докажува со зборови, а сè повеќе со лични избори, емисијата понуди сурово искрени сведоштва од луѓе кои одбиле полесен пат за да останат верни на своето.Пејачот Влатко Миладиновски, чиј глас со децении буди силни емоции кај Македонците дома и во дијаспората

Магазин | пред 10 месеци

media-library5j91ug6jtb9rdJDKeCf

По убиствата во Сиднеј, властите во Австралија тргнуваат против говорот на омраза и екстремизмот

По смртоносниот масакр на плажата Бонди во Сиднеј минатата недела, австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс најави иницијатива за забрана на јавно истакнување екстремистички знамиња и симболи. Мерката е дел од поширок пакет најавени чекори по нападот во кој беа убиени 15 лица, а десетици беа ранети на една од најпопуларните плажи во земјата, објави Newsweek.Премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, изјави дека говорот на омраза и поттикнувањето омраза немаат место во австралиското општество, на

Свет | пред 10 месеци

IMG_2960

(Фото) Опаѓа загаденоста во Скопје, дел од мерните станици светат и зелено

Се подобрува квалитетот на воздухот во Скопје, по викендот кога главниот град се впишуваше во првите три најзагадени во Европа, а Македонија беше и меѓу првите десет држави со најзагаден воздух. Утринава, повеќе мерни станици светат зелено, што значи дека има незначително загадување, односно во рамки на дозволеното. Ниско загадување има во неколку делови од градот како Карпош 4, Карпош 1, Тафталиџе 1, Аеродром, Центар. Специфично е што високо загадување покажува мерната станица на Водно.Состојб

Скопје | пред 10 месеци

media-library7114t6m955a24WpeM72

АП: Русија наводно развива ново оружје за уништување на сателитите на „Старлинк“

Разузнавачките служби на две земји членки на НАТО се сомневаат дека Русија развива ново противсателитско оружје, чија цел би била „Старлинк“ на Илон Маск со деструктивни облаци од шрапнели во орбитата, со намера да се ограничи западната надмоќ во вселената, која ѝ помогна на Украина на бојното поле, пишува „Асошиејтед прес“.Според разузнавачки информации до кои имал увид „Асошиејтед прес“, таканареченото оружје со „зонски ефект“ би настојувало да ги преплави орбитите на „Старлинк“ со стотици илј

Свет | пред 10 месеци

media-librarye11gusdvcd0b2cwRVQy

(Фото) Вандализам по украсувањето: Не помина ни една недела, а веќе има уништени макети и украдена елка

Само една недела откако беше украсен плоштадот Македонија во Скопје, дел од новогодишната декорација веќе е оштетена и украдена.Од просторот на плоштадот е украдена една елка, додека целосно се уништени четири макета – адвент-календар, поставени како дел од празничното уредување на центарот на градот.Случајот предизвика реакции кај граѓаните, кои на социјалните мрежи реагираат на неодговорното однесување и уништувањето на јавниот простор, особено во период кога градот е украсен за новогодишните

Скопје | пред 10 месеци

tramp-putin

Ултиматум од Вашингтон: ако Путин одбие мир, Украина да добие крстосувачки ракети

Републиканскиот американски сенатор и близок сојузник на претседателот Доналд Трамп, Линдзи Греам, порача дека Вашингтон треба драстично да го зголеми притисокот врз Москва и дури да ја снабди Украина со крстосувачки ракети „Томахок“, доколку рускиот претседател Владимир Путин одбие да го прифати договореното мировно решение. Според Греам, досегашните дипломатски напори само ѝ купуваат време на Москва за да продолжи со остварување на своите воени цели.Говорејќи во емисијата Meet the Press на NBC

Свет | пред 10 месеци

media-librarymisj7il4j69r3Q08ZZm

Разузнавачки сомнежи: Русија наводно развива оружје за масовно онеспособување на „Старлинк“

Разузнавачките служби на две земји членки на НАТО изразуваат сериозни сомнежи дека Русија развива нов вид антисателитско оружје, наменето за напад врз сателитската констелација „Старлинк“ на Starlink, сопственост на Илон Маск. Според наводите, оружјето би функционирало преку создавање разорни облаци од метални честички во орбитата, со цел да се ограничи западната доминација во вселената, која одигра значајна улога во поддршката на Украина на бојното поле, објави Associated Press.Според разузнава

Свет | пред 10 месеци

media-librarymks5irmi1p0ecPi4DeP

Јон Фрчкоски во фокусот на нападите: ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „новото“ раководство на СДСМ е блиско до Заев

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираше на составот на Извршниот одбор на Социјалдемократски сојуз на Македонија, оценувајќи дека најавените промени во партијата се, како што наведуваат, само формални и дека зад нив стојат луѓе блиски до поранешниот партиски лидер Зоран Заев.Во реакцијата, ВМРО-ДПМНЕ посебно го посочува изборот на Јон Фрчкоски за член на Извршниот одбор, наведувајќи дека неговото присуство во партиското раководство е доказ дека, според нив, СДСМ не се дистанцира од контроверзни кадри.

Македонија | пред 10 месеци

aerodrom

Хаос на европските аеродроми по стартот на EES: Чекања до 3 часа и предупредување за уште поголеми застои од јануари

Хаотични сцени, долги редици и повеќечасовни чекања стануваат сè почеста појава на европските аеродроми по стартот на Шенген системот за влез и излез (EES), кој почна да се применува од 12 октомври 2025 година. Во услови на зголемен сообраќај, патниците на одделни аеродроми чекаат и до три часа за да ги завршат граничните процедури.Аеродромските оператори предупредуваат дека состојбата може дополнително да се влоши доколку системот не се стабилизира до почетокот на јануари. Причина за загриженос

Свет | пред 10 месеци

media-librarymnieuqie5808d1PcXfV

(Видео) Рускиот генерал Сарваров разнесен во Москва: Експлозивот бил под неговиот автомобил, властите разгледуваат украинска трага

Во утринските часови во Москва загинал висок офицер на руските вооружени сили, откако експлозивна направа била детонирана под неговиот автомобил, соопштија надлежните институции.Како што информира Руски истражен комитет, во експлозијата животот го загубил генерал-потполковникот Фанил Сарваров. Според официјалните информации, уредот бил поставен под возилото на офицерот и активиран во момент кога тој се наоѓал во близина.Сарваров ја извршувал функцијата началник на одделот за оперативна обука во

Свет | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања