Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-library8hjv8sqrb0r8dTCiPKe

Се уредува „Св. Спас“ над Маловишта: Вработените на НП „Пелистер“ и локалното население со заедничка акција

Уредувањето на локалитетот „Св. Спас“, на 1.920 метри надморска височина над Маловишта, продолжува со заеднички ангажман на вработените во НП „Пелистер“ и локалното население.Работниот ден во неделата започнал уште во 5 часот наутро. До планинскиот локалитет бил транспортиран градежен материјал со коњи, додека вработените и локалното население се движеле по стрмен планински терен со потребниот алат за реализација на предвидените активности.Со завршувањето на работите е реализирана втората фаза о

Македонија | пред 1 месец

20220920202159

„Тинекс“ со нов сопственик по повеќе од 30 години: Преминува во рацете на „Проекс интернационал“ од Приштина

По повеќе од три децении под домашна сопственост, малопродажниот синџир „Тинекс“ влегува во нова фаза. Од петокот, сопственик на малопродажниот бизнис е косовската компанија „Проекс интернационал“ од Приштина.Преземањето се реализира преку новоформираното друштво „Тинекс маркет“, преку кое ќе продолжи работењето на супермаркетите што досега беа дел од „Тинекс-МТ“.Со промената на сопственичката структура доаѓа и до промена на управувањето. За нов управител на „Тинекс маркет“ е назначен Лиридон Бе

Македонија | пред 1 месец

media-librarynleb9njo8apleMAv4sW

„Вистинска храброст, сила и инспирација“: Беира со целосно оштетен вид од раѓање истрча 21 километар на Скопскиот маратон

Беира Салифоска, позната како Беки, успешно го заврши полумаратонот на Wizz Air Скопскиот маратон, истрчувајќи ги сите 21 километар заедно со својот асистент.Беира е лице со целосно оштетен вид од раѓање, а учеството на полумаратонската дистанца претставува значаен личен подвиг. Пред неколку години таа учествувала на Скопскиот маратон и тогаш ја завршила трката на 5 километри. Овојпат се соочи со повеќе од четирипати подолга дистанца.„21 километар храброст, сила и инспирација! Денес нашата колеш

Скопје | пред 1 месец

134301833

„Национални шуми“ апелираат да не се купува огревно дрво од нелегални продавачи

Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, апелира до граѓаните да не купуваат огревно дрво од нелегални продавачи, предупредувајќи дека со тоа директно се поддржува дрвокрадството и уништувањето на шумите.Михаилов посочува дека зад нелегалната сеча најчесто стојат организирани групи кои, како што вели, во одредени случаи се подготвени и физички да се пресметаат со вработени во „Национални шуми“ и со припадници на шумската полиција. Како пример го посочи инцидентот што летово се

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfmur0gqpghhr4H4P3YA

Над 5.300 фирми пропаднаа за шест месеци во Јапонија, најмногу во последните 14 години

Јапонската економија се соочува со значителен пораст на корпоративните банкротства, при што во првата половина од 2026 година бројот на пропаднати компании достигна највисоко ниво во последните 14 години.Според податоците на „Теикоку Датабанк“, од јануари до јуни банкротирале 5.335 компании со долгови од најмалку 10 милиони јени. Тоа е за 332 компании повеќе од истиот период лани и највисока бројка од 2012 година.Најпогодени се секторите на услуги, малопродажба и градежништво. Како една од главн

Свет | пред 1 месец

arheolozi-678x381-1

Ново археолошко богатство кај Корошишта: Пронајдена богата воена опрема од злато, бронза и килибар

Нова значајна археолошка трага од VI век п.н.е. е откриена на архајската некропола Расница кај струшкото село Корошишта, каде што археолозите истражиле богато војничко погребување со комплетна воена опрема.Меѓу пронајдените предмети се штит, шлем, копја и меч, како и вредни предмети изработени од злато, бронза и килибар.Резултатите од овогодишните археолошки истражувања денеска беа јавно презентирани од Археолошкиот музеј. Истражувањата ги предводел д-р Перо Арџанлиев, а на презентацијата присус

Македонија | пред 1 месец

LDPlogo-620x360

ЛДП: НЕ за субвенционирање на гориво за соседите, ДА за поврат на ДДВ за македонските граѓани и бизниси

Либерално-демократската партија (ЛДП) преку соопштение бара Владата да го разгледа нивниот предлог за поврат на ДДВ за горивото, наместо, како што велат од партијата, да се насочуваат јавни средства кон субвенционирање на граѓани кои гориво купуваат во соседните држави.Од ЛДП посочуваат дека растот на цените на горивата дополнително го оптоварува семејниот буџет и трошоците на граѓаните и домашните компании. Според партијата, повратот на ДДВ би бил директна мерка за финансиско олеснување.„Намест

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfvlsobqfonkg57HgRXO

Киев тврди дека со напади е оневозможено повеќе од 51 отсто од руските нафтопреработувачки капацитети

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека неодамнешните операции со оружје со долг дострел предизвикале штета на повеќе од 51 отсто од руските капацитети за преработка на нафта.Министерот за одбрана Јевхен Хмара изјавил дека проценката се темели на податоци од разузнавачките служби и аналитичарите на Генералштабот. Според него, повеќе од половина од капацитетите на Русија се надвор од функција како резултат на, како што наведе, систематски и планирани напади.Хмара меѓу неодамна погодените

Свет | пред 1 месец

media-library6rbqp6vc9ncddm8MVrW

Шпанија пред предвремени избори? Санчез најави обраќање во 9 часот

Кабинетот на шпанскиот премиер Педро Санчез најави дека тој денес во 9 часот ќе се обрати пред јавноста, при што се очекува да соопшти одлука за распишување предвремени парламентарни избори.Можноста за предвремени избори се појави откако Долниот дом на шпанскиот парламент во петокот го отфрли владиниот пакет мерки за справување со станбената криза. Одлуката беше донесена во период на масовни протести поврзани со состојбата со домувањето.Редовните парламентарни избори се планирани за 2027 година,

Свет | пред 1 месец

media-library32hukad9v58t2EripH4

Огромен бран под површината на Пацификот: Феномен што може да го промени времето и на Балканот

Под површината на Тихиот Океан се одвива огромно поместување на топлата вода кое може да има последици многу подалеку од океанот. Станува збор за Келвиновиот бран – планетарен феномен долг илјадници километри, кој е тесно поврзан со развојот и засилувањето на Ел Нињо.Во нормални услови, пасатите ја туркаат топлата површинска вода кон западниот дел на Тихиот Океан. Кога тие ослабуваат или се појавуваат силни западни ветрови, топлата вода започнува да се движи кон исток долж екваторот. Така се соз

Свет | пред 1 месец

toshe-proeski

„Сликајте ме со ѕвезденото небо“: Пред 19 години Тоше го одржа својот последен концерт

Пред 19 години на денешен ден повеќе од 25.000 луѓе беа дел од една од најемотивните вечери во музичката кариера на Тоше Проески. На 5 октомври 2007 година, македонската музичка ѕвезда го наполни Градскиот стадион во Скопје и одржа голем хуманитарен концерт под мотото „Образованието е одговорност на сите“.Концертот започна во 19:30 часот, а средствата од билетите беа наменети за петгодишен проект за основно образование поддржан од УСАИД. Со собраните средства требаше да се помогне во реновирањет

Македонија | пред 1 месец

media-library13rk50ip047kauqNvmH

Нов состав на Претседателството на БиХ: Филиповиќ влегува на местото на Комшиќ

Резултатите од изборите во Босна и Херцеговина донесоа една значајна промена во тричленото Претседателство, каде што на хрватското место Даријана Филиповиќ од Хрватската демократска заедница на БиХ (ХДЗ БиХ) го победи кандидатот на Демократскиот фронт, Славен Ковачевиќ.Филиповиќ освои 105.962 гласови, додека Ковачевиќ доби 69.287. Со тоа завршува долгогодишното присуство на Жељко Комшиќ во Претседателството на БиХ. Комшиќ, кој хрватското место го претставуваше од 2006 година, со исклучок на еден

Балкан | пред 1 месец

media-libraryog60n8coau9ieBMVNXd

СДСМ: Две и пол години Мицкоски и ВМРО: милиони од тендери за бандата, сиромаштија за граѓаните, изолација за Македонија

СДСМ преку соопштение обвинува дека две и пол години власт на премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ донеле влошување на економската состојба, пад на животниот стандард, нови задолжувања и застој на европскиот пат на Македонија.Од партијата тврдат дека додека, како што наведуваат, милиони евра од народни пари се трошат преку спорни тендери и договори, граѓаните се соочуваат со сè повисоки трошоци. СДСМ посочува повеќе случаи и проекти за кои тврди дека се поврзани со милионски суми, меѓу кои

Македонија | пред 1 месец

media-library6njkj5728052fNHP6WY

Вештачката интелигенција сè повеќе се користи за создавање лажни експлицитни слики од деца

Злоупотребата на вештачката интелигенција за создавање незаконски материјали со сексуална злоупотреба на деца бележи значителен раст, а бројот на откриени содржини во првата половина од 2026 година веќе го надминал вкупниот број регистриран во текот на целата 2025 година.Организацијата Internet Watch Foundation (IWF), која следи вакви содржини на интернет, во првите шест месеци од годинава анализирала 6.310 слики генерирани со вештачка интелигенција кои, според британските закони, спаѓаат во кат

Свет | пред 1 месец

media-libraryo3atpber2kltbOhFQP9

Пиштол и епрувети пронајдени во торба оставена покрај пат во Нови Пазар

Припадници на Одделението за криминалистичка полиција во Нови Пазар пронашле црна торба оставена покрај пат во Дубровачка улица, во која имало пиштол ЦЗ-99 и повеќе епрувети со засега непозната намена.Полицијата трага по непознато лице за кое постои сомневање дека ја оставило торбата. Пронајденото оружје ќе биде испратено на вештачење со цел да се утврди кому му припаѓа, како и неговото потекло и другите околности поврзани со случајот.Инспекторите истражуваат и дали пиштолот можел да биде намене

Балкан | пред 1 месец

media-library7p11pj1si3t23ECSuii

Страв од чума во Русија по кршење епрувета со опасен патоген, под надзор речиси 200 лица

Белата куќа ја следи ситуацијата во Русија по информациите за можна појава на чума и воведувањето карантин во неколку здравствени установи, изјавил за „Аксиос“ неименуван претставник на администрацијата на Доналд Трамп.Руските здравствени власти презеле превентивни мерки по смртта на 28-годишната Дарија Шипилова, која работела во истражувачки институт за борба против чумата во Иркутската област. Сепак, руските власти досега не потврдиле дека таа била заразена со чума.Според претходни информации

Свет | пред 1 месец

media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP

Гасот во Европа поскапе за 171 отсто од почетокот на годината

Цената на природниот гас на европскиот пазар од почетокот на годинава пораснала за 171 отсто, покажуваат податоците од стоковите берзи. Референтниот холандски TTF гас на крајот на неделата достигнал 76,36 евра за мегават-час.Значителен раст на цените е забележан и во Велика Британија, каде што гасот поскапел за 159 отсто. Мазутот на американската берза ја зголемил цената за 115 отсто, додека бензинот поскапел за 94 отсто.Нафтата „Брент“ во петокот се тргувала за 102,7 долари за барел, што е раст

Свет | пред 1 месец

media-libraryoe5uhgfmfqkobJfifSc

Активни пожари кај Драчевица, Дебар, Јаболчиште, Матејче, Стрима и на Шар Планина

До 7:30 часот утрово во земјава се регистрирани вкупно 60 пожари на отворен простор, од кои шест се активни, два се под контрола, а 52 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).Активни пожари има во општините Студеничани, Дебар, Чашка, Липково и Тетово. Во Студеничани пожарот е меѓу селата Драчевица и Цветово, во месноста Калдиред, каде гори ниска вегетација.Во Дебар пожарот е во месноста Над Боровите, со краци кон селото Татар Елевци и Кораб и кон селото Бањиште, каде се заф

Македонија | пред 1 месец

Pentagon

Хакерски упад во систем на Пентагон: загрозени податоци за 3,1 милион луѓе

Пентагон соопшти дека неовластени корисници имале пристап до податоци за речиси 3,1 милион луѓе преку информатичкиот систем Defense Manpower Data Center (DMDC).Според американски претставници, неовластениот пристап траел од октомври 2025 до јули 2026 година. Инцидентот опфатил податоци за околу 2,76 милиони живи лица и уште околу 294.000 починати.Меѓу потенцијално компромитираните информации се наоѓаат броеви на социјално осигурување, како и податоци за работните места и функциите на воени и цив

Свет | пред 1 месец

media-librarym5f239j3rm2r48hRBgD

Сончево и релативно топло време, утрото студено со температури до -3 степени

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот се очекува сончево и релативно топло време. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.Минималната температура ќе се движи од -3 до 6 степени, додека максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло, со слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 3 степени, а дневната ќе достигне до 27 степени.

Македонија | пред 1 месец

struja-osiguraci

Седум часа без струја во дел од Петровец

Дел од општина Петровец денеска ќе остане без електрична енергија поради планирани технички интервенции на ЕВН Македонија, информира Центарот за управување со кризи.Поради пуштање во употреба на нова трафостаница на „Топбилд“ во Ќојлија, без напојување ќе остане и „Support Solution“ во Ќојлија.Прекинот е најавен во периодот од 08:00 до 15:00 часот.

Скопје | пред 1 месец

media-library0it64005bv9c5Mu8fLE

Со специјални очила им покажуваа на возачите како алкохолот влијае врз нивните способности

Полициски службеници во Куманово спроведоа превентивна активност во која граѓаните со помош на специјални очила можеа да почувствуваат како алкохолот влијае врз способностите потребни за управување возило.Активноста била организирана вчера од Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за превенција, со цел зголемување на сообраќајната култура и свеста за опасностите од возење под дејство на алкохол.Специјалните очила симулираат намалени способности какви што може да има лице под

Македонија | пред 1 месец

media-library5lf8v3k45lemdVOX8WP

„Гаѓаат дата-центри и мобилни комуникации“ – Зеленски најави одговор кон Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави одговор на руските напади врз мостови, дата-центри и телекомуникациска инфраструктура, обвинувајќи ја Москва дека намерно ја засилува ескалацијата и погодува објекти што ги користат цивилите.Зеленски зборуваше на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Киев, во ден кога руските сили повторно го погодија Северниот мост во украинската престолнина.„Ги погодија нашите магацини – ‘Нова пошта’, ‘Укрпошта’ и други. Ние им д

Свет | пред 1 месец

media-librarycs2ncrffosk15KYcwbT

Паника поради чума во Русија: Властите објавуваат, па ги бришат предупредувањата

Ситуацијата во руски Сибир предизвикува сè поголема загриженост по смртта на 27-годишна лабораториска техничарка, која починала од, според достапните информации, чума. Случајот од градот Шелехов сега предизвикува мерки и во здравствениот и во индустрискиот сектор во Иркутск.Алармот се зголемил по смртта на Дарија Шипилова, лабораториска техничарка во Иркутскиот институт за борба против чума. Таа починала во болница, неколку дена откако била ставена на респиратор поради тешка пневмонија.Постојат

Свет | пред 1 месец

media-librarygq4ic2r1m5dq4clUIcH

Зидан: „Имав голема среќа што му бев тренер на Роналдо“

Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Зинедин Зидан, со пофалби зборуваше за Кристијано Роналдо и неговата кариера, потсетувајќи се и на периодот кога му беше тренер во Реал Мадрид.Зидан истакна дека имал среќа да работи со португалскиот напаѓач, кој, како што вели, му помогнал да освои голем број трофеи.„Треба да му се оддаде признание за неговата неверојатна кариера. Имав среќа да му бидам тренер. Ми помогна да освојам многу трофеи. Секоја чест, Кристијано! Отсекогаш сум имал гол

Спорт | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања