Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryu95mndbpf2uacNbhhC4

По недоразбирање во сообраќајот следела физичка пресметка, употребен и остар предмет

СВР Тетово поднесе кривична пријава против тројца жители на Тетово поради сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „предизвикување општа опасност“.Како што информира МВР, пријавени се А.Х. (23), Г.И. (46) и И.И. (25), сите од Тетово.Според пријавеното, на 12 декември 2025 година, во близина на угостителски објект во село Камењане, тетовско, по претходно недоразбирање во сообраќајот дошло до физичка пресметка меѓу пријавените.При пресметката, првопријавениот А.Х. со остар предмет му нанел

Македонија | пред 1 месец

media-library23fu0np8uen98YnSHvU

Скопјанец издавал хотелски соби во Велес, а приходите не ги пријавувал

СВР Велес поднесе кривична пријава против 63-годишен жител на Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.Од МВР информираат дека на 2 септември 2026 година бил извршен претрес во хотел во Велес, при што било утврдено дека пријавениот, како физичко лице, изнајмувал хотелски соби и за сместувањето наплаќал парични средства.Според пријавата, остварените приходи од изнајмувањето не ги пријавувал пред надлежниот даночен орган ниту ги евидентирал како оства

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjlkrl227bpj5fgpWK4M

Тешко повреден мопедист во сообраќајка во Скопје

Триесет и двегодишен мопедист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила во Скопје.Од МВР информираат дека несреќата била пријавена на 29 септември 2026 година во 21:57 часот, а се случила на крстосницата меѓу булеварот „Св. Климент Охридски“, улицата „Св. Кирил и Методиј“ и булеварот „Водњанска“.Во несреќата учествувале патничко возило „тојота корола“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М. (68) од Скопје, и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван

Македонија | пред 1 месец

nasisltvo

47-годишен маж ги нападнал сопругата и ќерката

Полициски службеници во Радовиш лишиле од слобода 47-годишен маж по пријава дека физички ги нападнал сопругата и малолетната ќерка.Од МВР информираат дека на 30 септември 2026 година во 01:30 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода С.Д. (47) од Радовиш.Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ги нападнал неговата 36-годишна сопруга и нивната малолетна ќерка.С.Д. бил задржан во Полициската станица Радовиш, а за случајот бил известен јавен обвинител.О

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhmkvg0vpnaumefhiBOH

Син го нападнал 60-годишниот татко со тврди предмети

На 29 септември во 16:40 часот, полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишиле од слобода 27-годишник од село во општина Чашка, по претходна пријава дека во семејниот дом физички го нападнал својот 60-годишен татко.Според пријавеното, при нападот 27-годишникот употребил и тврди предмети. За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес.Од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryp3bghas3id1m27JjmVF

Пешак тешко повреден откако во него удрило товарно возило

На 29 септември во СВР Велес било пријавено дека околу 10:45 часот на крстосницата на улиците „Киро Ќучук“, „Белградска“ и „Васил Главинов“ во Велес се случила сообраќајна несреќа.Во несреќата учествувало товарно возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 69-годишниот П.С. од Велес, кое удрило во 65-годишната С.Н. од Велес.Жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница Велес.Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 1 месец

media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Прилепчанец ја нападнал сопругата

На 30 септември во 03:20 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода 54-годишниот Т.М. од Прилеп, по пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал својата 44-годишна сопруга.Лицето било лишено од слобода, а од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 месец

media-librarysg8c8o6i5fqmciQu9mr

Охриѓанец пријавен за вршење јавен превоз без лиценца

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 68-годишниот Т.Б. од струшкото село Делогожда, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“ по член 284-а од Кривичниот законик.При контрола извршена на 19 август 2026 година, Т.Б. бил затекнат пред деловен објект во Охрид како нуди и врши јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај.Според МВР, тој не поседувал соодветна лиценца издадена од надлежен државен орган, со што постапувал спротивн

Македонија | пред 1 месец

media-library9uakem203nc88ewqwYz

45-годишна жена ги нападнала мајка ѝ и ќерка ѝ

На 29 септември во 07:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода 45-годишната Е.С. од Скопје, по претходна пријава дека на подрачјето на општина Аеродром физички ги нападнала својата 70-годишна мајка и 13-годишната ќерка.Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

media-library7kaun3ev6mucbcNf2j2

Пожар во стан во Скопје, 11-годишно девојче пренесено во болница поради вдишување чад

На 29 септември во 10:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Воденска“ во Скопје избувнал пожар во стан.Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. По вдишување чад, 11-годишна малолетничка со возило на Итната медицинска помош била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде ѝ била укажана лекарска помош.

Македонија | пред 1 месец

siluvanje-1-640x432-163518

17-годишник обљубил 15-годишно девојче ,а потоа ја демнеел и барал да му испраќа експлицитни фотографии и снимки

На 29 септември во 16:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 17-годишник од Скопје, по претходна пријава поднесена од 40-годишна скопјанка.Според пријавеното, 17-годишникот извршил обљуба врз нејзината 15-годишна ќерка, по што ја демнел малолетничката и барал од неа да му испраќа експлицитни фотографии и снимки.Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

media-library2352l8gcech06R73Pe3

(Видео) По „Секси мама“ во „Македониумот“, Мицкоски најави разрешување на директорот и Управниот одбор на музејот

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе побара разрешување на директорот и членовите на Управниот одбор на институцијата надлежна за „Македониумот“ во Крушево, по снимањето на спотот за песната „Секси мама“.Мицкоски рече дека ги следел реакциите во јавноста и оцени дека случувањето во Македониумот не требало да се случи.„Навистина, тоа што таму се случило претставува нешто што не требало да се случи“, изјави Мицкоски.Тој најави дека ќе побара од министерот за култура и туризам да биде разреш

Македонија | пред 1 месец

media-library3q60lle3ri7hcea4HuW

Рекордно поскапување: Дизелот во ЕУ над 2,2 евра за литар

Цената на дизелот во Европската Унија достигна историски максимум и за првпат во рамки на актуелната статистика значително го надмина бензинот. Според најновите податоци на Европската комисија, пондерираната просечна цена на дизелот на 21 септември изнесувала 2,226 евра за литар, што е за 13,4 центи повеќе од бензинот „Еуросупер 95“.Станува збор за највисока цена откако во 2005 година започнало следењето на овие податоци. Тоа значи дека полнењето резервоар од 50 литри со дизел во просек веќе чин

Свет | пред 1 месец

media-libraryerai2l9ar82d7pV9gH9

Тројца приведени поради сомнение за недозволена трговија со дрога

Тројца лица се задржани во Полициската станица Тетово поради сомнение дека сториле кривично дело поврзано со неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.Од МВР информираат дека на 30 септември во 03:40 часот во Полициската станица Тетово биле задржани Н.Ч. (33) од Скопје, како и А.Л. (21) и А.В. (25), двете од Приштина.Тие биле лишени од слобода на 29 септември од полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево, поради постоење основи на сомнение за с

Македонија | пред 1 месец

media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

Упад во воени магацини кај „Еребино“: приведени уште тројца полски државјани

Тројца полски државјани се лишени од слобода поради сомнение дека со четирицикли влегле во воен објект кај Попова Шапка, соопшти Министерството за внатрешни работи.На 29 септември во 13:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка ги лишиле од слобода К.В. (49), О.А.Б. (56) и С.К.З. (55), сите полски државјани.Според МВР, тие на 28 септември, заедно со уште четворица полски државјани кои биле веднаш лишени од слобода, со четирицикли ја оштетиле влезната врата на објектот

Македонија | пред 1 месец

media-libraryelnsls13q2tubid3wIc

Тешко повреден мотоциклист по судир со автомобил во Гостивар

58-годишен мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Балиндолска“ во Гостивар, информира Министерството за внатрешни работи.Според МВР, несреќата била пријавена на 29 септември во 16:44 часот во Одделението за внатрешни работи Гостивар. Во несреќата учествувале патничко возило „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 61-годишниот С.Б. од Гостивар, и мотоцикл „конект“, исто така со гостиварски регистарски ознаки, управуван од 5

Македонија | пред 1 месец

media-library8qfqilso0lmiaeqULbz

Двајца малолетници паднале од електричен тротинет, едниот е тешко повреден

Двајца малолетници се повредиле при пад од електричен тротинет на локален пат во селото Чифлик, информира Министерството за внатрешни работи.Случајот бил пријавен на 29 септември околу 15:00 часот во СВР Тетово. Според пријавеното, двајцата малолетници се превезувале со електричен тротинет кога паднале пред основното училиште во селото.При падот, едниот малолетник се здобил со тешки телесни повреди, додека другиот се здобил со телесни повреди. Повредите биле констатирани во Клиничката болница Те

Македонија | пред 1 месец

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Возела без дозвола и предизвикала сообраќајка, 24-годишна жена приведена, возилото одземено

24-годишна жена била лишена од слобода во Гостивар откако, управувајќи возило без возачка дозвола, учествувала во сообраќајна незгода, информира МВР.На 29 септември во 19:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар ја лишиле од слобода В.Ѓ. (24), со престојувалиште во Тетово, во близина на угостителски објект во Гостивар.Според МВР, таа управувала патничко возило „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки без да поседува возачка дозво

Македонија | пред 1 месец

media-libraryeu2qaol7jpjn0Vouufa

Пресретнал двајца соселани со автомобил и ги нападнал со тврд предмет

Двајца жители на Селце биле физички нападнати на локалниот пат меѓу Селце и Вејце, по што полицијата привела 28-годишен жител на селото, информира МВР.Според пријавата, на 29 септември во 23:15 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.Ш. (28) од Селце. Тој, според пријавеното, со своето возило ги пресретнал А.И. (25) и А.И. (23), кои се движеле со патничко возило „фолксваген голф“, и им го попречил патот пред куќа во сопственост на Р.Б.Потоа, според МВР, Ш.Ш. физички ги на

Македонија | пред 1 месец

media-librarycso53fn6hcrs2YTI7Rc

Опожарен автомобил во Битола

Патничко возило „фолксваген поло“ било опожарено во текот на ноќта на улицата „Богомила“ во Битола, информира Министерството за внатрешни работи.Од МВР соопштуваат дека случајот бил пријавен на 30 септември во 00:09 часот во СВР Битола. Возилото, со битолски регистарски ознаки, било во сопственост на 74-годишниот С.Д. од Битола.Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Битола. Во настанот нема повредени лица.Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvnug5cfs0cg1aZt7kjt

Татко го нападнал своето малолетно дете

Случај на физички напад врз малолетно дете е пријавен во Прилеп, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според МВР, на 29 септември во 21:30 часот во Одделението за внатрешни работи Прилеп, 28-годишна прилепчанка пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг физички го нападнал нивното заедничко малолетно дете.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 месец

e6d47667d956a12d62fbe9a45b490ab0_w768

Грејната сезона започнува на 15 октомври

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) информира дека грејната сезона 2026/2027 година официјално ќе започне на 15 октомври 2026 година и ќе трае до 15 април 2027 година.Сепак, греењето може да започне и порано, од 1 октомври, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или пониска од 12 степени Целзиусови. Грејната сезона, пак, може да трае најдоцна до 30 април.Согласно Правилата за снабдување со топ

Македонија | пред 1 месец

media-library8eip9vfvikgrbInJFCl

(Видео) Ајкула од 3,5 метри залута во пристаниште и стана хит во Јужна Кореја

Ајкула долга околу 3,5 метри, која залутала во пристаништето во Бусан, еден од најголемите пристанишни градови во Јужна Кореја, за само две недели се претвори во вистинска атракција. Според проценките на градските власти, околу 600.000 луѓе дошле да ја видат.Ајкулата првпат била забележана на 18 септември во тесен пловен канал во Северното пристаниште во Бусан. Оттогаш не успеала сама да најде пат назад кон отворено море, па властите вчера се обиделе да ја насочат кон океанот.Крајбрежната стража

Свет | пред 1 месец

media-libraryphp1ntvsuipd2hhSb2O

Аферата „Епстин“ ја тресе Норвешка: Премиерот и 10 министри ќе сведочат пред парламентот

Случајот со осудениот американски сексуален престапник Џефри Епстин отвора сериозни прашања во Норвешка, каде што парламентот денеска започнува јавни сослушувања за неговите контакти со норвешки политичари и дипломати.Пред парламентарниот Одбор за надзор и уставни прашања ќе сведочат 11 актуелни и поранешни министри за надворешни работи и меѓународен развој. Меѓу нив е и премиерот Јонас Гар Стере, кој беше министер за надворешни работи од 2005 до 2012 година. Стере изјавил дека немал никакви врс

Свет | пред 1 месец

mkd-429029

Урсула фон дер Лајен тргнува на балканска турнеја: Ќе ги посети Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ја започнува тридневната турнеја низ Западен Балкан, во рамки на која ќе ги посети Албанија, Косово, Црна Гора и Македонија.Првата станица на нејзината посета ќе биде Тирана, каде што ќе се сретне со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, и со премиерот Еди Рама. Во четврток, 1 октомври, фон дер Лајен ќе престојува во Приштина, каде што ќе разговара со премиерот Албин Курти.Истиот ден таа ќе отпатува во Црна Гора, каде што с

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања