Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-librarymmc9015k6ctg91CkZ2y

30 меча, 30 победи: Ѓоковиќ повторно триумфираше во Пекинг

Новак Ѓоковиќ успешно го започна настапот на АТП-турнирот во Пекинг, совладувајќи го Нуно Боржес во првото коло. За српскиот тенисер ова беше враќање во кинеската престолнина по пауза од 11 години.Со триумфот, Ѓоковиќ стигна до неверојатен учинок од 30 победи во исто толку одиграни мечеви во Пекинг. Тој досега шестпати ја освојувал титулата на турнирот.По мечот, Ѓоковиќ не го криеше задоволството што повторно настапува во градот каде што има совршен биланс.„Драго ми е што се вратив на моето среќ

Спорт | пред 1 месец

media-librarykf9q2uq6lpusfGha6R1

(Фото) При контрола на стока, најдени лица од Судан и Египет: откриени 12 мигранти за еден ден

Царински службеници од Царинарница Скопје во еден ден откриле 12 илегални мигранти со потекло од Египет и Судан, при контрола на стока пријавена за увозно царинење во две различни испостави.Првиот случај бил откриен во царинскиот терминал во Тетово. Царинските службеници уште пред да започнат со контрола на камионот се посомневале дека во товарниот дел може да има илегални мигранти, поради што побарале асистенција од Министерството за внатрешни работи.По извршената контрола, во товарниот дел бил

Македонија | пред 1 месец

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран го доби одговорот од САД на предлогот за прекин на војната

Иранските власти потврдија дека во Техеран пристигнал официјалниот одговор од САД на последниот предлог за ставање крај на седуммесечната војна. Засега не е соопштено што содржи одговорот од Вашингтон, ниту дали американската страна формално го отфрла иранскиот предлог.Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, му го предал одговорот на претседателот Масуд Пезешкијан за време на седницата на Владата. Портпаролката на иранската влада, Фатемех Мохаџерани, потврди дека документот пристиг

Свет | пред 1 месец

media-libraryfkg0fo0jp1uq8LEg4mR

Возеле без возачка дозвола: 10 лица уапсени низ државата

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на различни локации низ државата лишиле од слобода 10 лица кои управувале возило без да имаат положено возачки испит.Од МВР информираат дека лицата се приведени поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ согласно член 297-а од Кривичниот законик.Меѓу приведените се четворица жители на Скопје, двајца жители на Студеничани, како и лица од Петровец, Батинци, Тетово и Неготино. Еден од приведените, 34-годишниот М.Ј.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryllmdb2lofri5cT161pP

Трамп и технолошките гиганти договорија доброволни стандарди за безбедност на вештачката интелигенција

Американскиот претседател Доналд Трамп и претставници на водечки технолошки компании во вторникот потпишаа сет доброволни стандарди за безбедност на вештачката интелигенција, во услови на сè поголеми повици за воведување построги правила за моќната технологија.По средбата со Трамп и други директори на технолошки компании, извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг, изјави дека компаниите сакаат да им дадат на американските граѓани и на своите корисници поголема сигурност дека технологијата фун

Свет | пред 1 месец

media-library4jd8q5gst072esjlGXu

Децата со канцер и вработените во Клиниката за детски болести со златни балони за „Златен септември“

Универзитетската клиника за детски болести и оваа година се приклучи кон глобалната акција „Златен септември“, посветена на поддршката на децата со канцер.Под мотото „Да го обоиме Светот во златно“, од Клиниката упатија порака во чест на децата кои се соочуваат со канцер и нивните семејства.„Овој Златен септември, од Македонија ја испраќаме нашата порака: секое дете заслужува еднаква грижа, пристап до современа дијагностика и современа терапија – и еднаква шанса за излекување, без разлика каде ж

Македонија | пред 1 месец

media-library6crepiukitpr8lAKRxC

Иран во сè подлабока криза: Лековите поскапеле и повеќе од трипати

Цените на лековите во Иран бележат драстичен раст, а дел од терапиите стануваат речиси недостапни за граѓаните. Фармацевтскиот сектор се соочува со сериозен притисок поради санкциите и блокадата на поморскиот транспорт, додека пациентите се соочуваат со сè поголеми трошоци за лекување.Цените на одредени медицински препарати се зголемиле повеќе од трипати, дополнително оптоварувајќи ги семејните буџети, седум месеци по почетокот на конфликтот со САД и Израел.Во исто време растат и цените на храна

Свет | пред 1 месец

media-libraryvn8urbi87a5neXEsw4p

Белгискиот министер предупредува: „За Европа ќе биде мрачна зима“

Европа мора да се подготви за нови руски хибридни напади во наредните месеци, предупреди белгискиот министер за одбрана Тео Франкен, оценувајќи дека Русија претставува најголема безбедносна закана за Белгија.Во интервју за „Еуроњуз“, Франкен истакна дека на Европа ѝ е потребна посилна противвоздушна одбрана, како и украинска технологија за справување со руските беспилотни летала со млазен погон.„Русија, воздушен напад, воздушен напад, воздушен напад. Тоа е најголемата закана. Затоа ни е потребна

Свет | пред 1 месец

media-library1j2gdtm4kr09feazw0p

Крај на американската воена мисија во Ирак: По повеќе од една деценија, војниците се повлекоа

По повеќе од една деценија, САД ја завршија воената мисија во Ирак, откако американските сили ги напуштија преостанатите бази во земјата. Со тоа формално заврши и операцијата „Непоколеблива одлучност“ против Исламската држава.Пентагон соопшти дека САД и партнерите од коалицијата ја завршиле мисијата во Ирак согласно со заедничката изјава на Вашингтон и Багдад од септември 2024 година. Сепак, американската страна ќе продолжи да обезбедува насочена обука и разузнавачка поддршка за ирачките партнер

Свет | пред 1 месец

media-libraryinmted5tvbsq4YQXxe5

Ѓаволот ја плати казната од 8.000 евра, Стафа бара условен отпуст

Љупчо Пецов – Ѓаволот, осуден во случајот „Синџир“, ја уплатил паричната казна од 492.000 денари, односно околу 8.000 евра, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.Пецов, кој беше осуден на условна казна затвор од две години, на 2 септември ја уплатил паричната казна, по што за тоа бил известен и Судот.Во меѓувреме, адвокатот Фехми Стафа, кој беше обвинет дека примил поткуп од 50.000 евра за да влијае кај судија во предметот поврзан со Пецов, сè уште ја издржува затворската казна од една го

Македонија | пред 1 месец

media-libraryikk6uddjci69eO5TjBf

Скандал на Октоберфест: Илјадници жени снимани без согласност, дел од снимките продавани онлајн

Илјадници снимки направени на атракцијата „Ѓаволското тркало“ на минхенскиот Октоберфест со години се објавувале на интернет без согласност на жените кои се појавуваат на нив. Истражување на Баварскиот радиодифузен сервис (BR) открива дека дел од снимките собирале десетици милиони прегледи, а одредени содржини биле и продавани преку интернет.На снимките често се гледаат жени во традиционални фустани, при паѓање или лизгање на атракцијата, а во дел од видеата се гледа и нивната долна облека. Содр

Свет | пред 1 месец

media-library4r8kktsb4rc1dskw4nl

150 електрични автобуси и 75 полначи за 59,9 милиони евра – Министерството за транспорт ги објави деталите за набавката

По 14 години, Владата обезбедува нови автобуси, со кои, како што наведува Министерството за транспорт, треба да се придонесе за намалување на загадувањето, ублажување на сообраќајниот метеж и подобрување на урбаната мобилност.Од Министерството посочуваат дека станува збор за прва голема набавка на целосно електрични еколошки автобуси спроведена од Владата, наменета за подобрување на јавниот градски превоз во Скопје и другите општини.Според Министерството, постапката била јавна и отворена за сите

Скопје | пред 1 месец

media-librarypmqmhuflbhjj4Q7T0wr

Хаг го продолжи рокот за жалби во предметот против поранешните водачи на УЧК

Апелацискиот совет на Специјализираните совети во Хаг го продолжи до 27 ноември рокот за поднесување жалби на одбраната и обвинителството во предметот против поранешните водачи на УЧК, кои во првостепената постапка беа осудени за воени злосторства.Советот делумно го прифатил барањето на одбраната за продолжување на рокот за поднесување жалби на првостепената пресуда. Истиот рок е продолжен и за Специјализираното обвинителство, соопштија Специјализираните совети.Во одлука донесена денеска, Апелац

Балкан | пред 1 месец

media-librarynoj9p174ashi81BHMDA

Од утре се менува работното време на зонското паркирање во Скопје

ЈП „Градски паркинг – Скопје“ ги известува граѓаните дека од 1 октомври 2026 година започнува зимното работно време на јавните површини наменети за зонско паркирање со кои стопанисува претпријатието.Во зоните А, Б и Ц, паркирањето ќе се наплаќа од понеделник до петок од 07:00 до 21:00 часот, додека во сабота работното време ќе биде од 07:00 до 14:00 часот.Во зона Д, работното време останува непроменето. Наплатата ќе се врши од понеделник до сабота, од 07:00 до 23:00 часот.Од ЈП „Градски паркинг

Скопје | пред 1 месец

nema-voda

Утре без вода делови од Маџари и Хиподром: прекинот почнува од 08:30 часот

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека на 1 октомври 2026 година ќе има прекин во водоснабдувањето во делови од општина Гази Баба поради изведување приклучок и интервенција на водоводната мрежа.Поради изведување приклучок од Ф-150 милиметри на улицата „1657/7“ во населбата Хиподром и стопирање на мрежа од Ф-100 милиметри на улицата „Благоја Стефковски“ бб, кај последната автобуска постојка на линијата 50, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови на Маџари и новат

Скопје | пред 1 месец

media-libraryf5b8gtajjj0deEDQNtm

По реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“, директорот на Историскиот музеј во Крушево си поднесе оставка

Директорот на НУ „Историски музеј“ – Крушево, Миха Оџаклиески, денеска поднесе неотповиклива оставка по реакциите во јавноста за снимањето на музичкиот спот „Секси мама“ во „Македониумот“.Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста.Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.Претходно, Оџак

Македонија | пред 1 месец

media-library3oil7fitfo4reoPMrbM

Пуштен во употреба обновениот студентски дом „Стив Наумов“ со капацитет за 1.150 студенти

Студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопската населба Автокоманда денеска е пуштен во употреба по две и пол години интензивна реконструкција, со што 1.150 студенти добиваат современи услови за престој и студирање.Објектот беше посетен од премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска, евроамбасадорот Михалис Рокас, германската амбасадорка Петра Дрекслер и претставници на Германската развојна банка.Јаневска истакна дека објектот е целосно трансформиран, со повисоко

Македонија | пред 1 месец

media-librarydpqkgq6lq98qddRQRl7

Андоновски од Импакт Букурешт: Со регионална соработка до повеќе инвестиции во вештачката интелигенција и подобра дигиталната инфраструктура

Регионалната соработка и заедничките вложувања во дигиталната инфраструктура може да им помогнат на земјите од Југоисточна Европа да привлечат повеќе инвестиции и побрзо да ја применат вештачката интелигенција, порача министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски од самитот „Импакт“ во Букурешт.Андоновски втора година по ред учествува на самитот, каде што заедно со министри од Романија и Полска, пратеници во Европскиот парламент и претставници на водечки меѓународни компании од телеко

Македонија | пред 1 месец

media-libraryctfaif6ij7d85USwRoK

(Видео) Младите од СДММ бараат одговорност за срамот со „Секси мама" и сквернавење на „Македониумот“

Младите од СДММ бараат одговорност поради снимањето на спотот за песната „Секси мама“ во „Македониумот“ во Крушево, оценувајќи дека станува збор за несоодветно користење на споменик на културата.Од СДММ велат дека содржината на спотот и местото на кое бил снимен претставуваат недозволив однос кон културното и историското наследство.„Не е важно од каде е раперот, важна е содржината и суштината. А важно е кој дозволи. Одговорност мора да има“, порачаа младите социјалдемократи.Тие побараа смена на

Македонија | пред 1 месец

media-libraryedka1475q9h8ePYkYsX

Фалсификувале возачки дозволи за камиони и автобуси: тројца од шестмина обвинети признаа вина

Тројца од шестмината обвинети во случајот со незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи признаа вина и добија затворски казни, информираа од Основниот кривичен суд Скопје.На последното рочиште, тројцата обвинети кои биле присутни во судницата ја признале вината. Првообвинетата е осудена на две години и шест месеци затвор, додека второобвинетиот и третообвинетиот добиле затворски казни од по една година и три месеци.Во предметот се обвинети вкупно шест лица, од кои тројца во моментов се

Македонија | пред 1 месец

struja-1

Проверете дали сте на списокот: Утре прекини на електричната енергија на повеќе локации во Скопје

ЕВН информира дека поради планирани работи на електроенергетската мрежа, на повеќе локации во Скопје ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија.Поради работа во ТС „Гази Баба 1“ (380 341), без електрична енергија ќе останат потрошувачите на улиците „Аврам Писевски“, „Ордан Чопела“, „Челопек“, „Бис 159“, „Петре Ѓоргиев“ и дел од „Менделеева“, како и на улиците „12-та Македонска бригада“, „Аврора“, „Кресна“, „Митре Влаот“, „Димитар Македонски“ и „Детелин Војвода“.Потребно е и исклучувањ

Скопје | пред 1 месец

bez-voda

Утре без вода дел од Чаир поради уличен дефект – проверете дали сте на списокот

Од ЈП „Водовод и Канализација“ информираат дека денеска, 1 октомври 2026 година, поради уличен дефект на водоводната мрежа со профил Ф-150 милиметри на улицата „Цветан Димов“, кај Хатунџук џамија, ќе има прекин во водоснабдувањето во дел од општина Чаир.Без вода ќе останат корисниците од улиците „Фан Ноли“, „Чаирска“, „Јајце“, „Челопек“, „Аврам Писевски“, „Зеф Љуш Марку“, „Бајрам Шабани“ и улица „157“.Прекинот на водоснабдувањето ќе започне од 09:00 часот и ќе трае до завршување на санацијата на

Скопје | пред 1 месец

media-library9fmkhi77iqm8594YIN4

И Орце со 30.000 луѓе го чистеше Скопје

Околу 30.000 граѓани денеска се вклучија во голема акција за чистење на Скопје, во која учествуваа жители од повеќе делови на градот, градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери.Учесниците со заеднички ангажман чистеа јавни површини, паркови, населби и други локации, со цел да придонесат за почиста и поуредна животна средина. Акцијата беше насочена и кон поттикнување на поголема граѓанска одговорност и создавање навики за редовно одржување на јавните простори.Од а

Скопје | пред 1 месец

media-library3i20nhhgf8a46Z9a23V

Полицијата приведе осум лица на различни локации, пронајдени дрога и дробилка

Осум лица се лишени од слобода во Скопје и Тетово во одделни случаи, откако полицијата при извршени прегледи кај нив пронашла и одзела различни видови материја за која се сомнева дека е дрога.Од МВР информираат дека во периодот од 29 до 30 септември 2026 година, на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.Р. (50), А.М. (31), С.А. (33) од Скопје, Д.К. од село Волково, скопско, и Х.А. (32) од Берово.При преглед кај нив биле пронајдени и одземени бела пр

Македонија | пред 1 месец

media-libraryu95mndbpf2uacNbhhC4

По недоразбирање во сообраќајот следела физичка пресметка, употребен и остар предмет

СВР Тетово поднесе кривична пријава против тројца жители на Тетово поради сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „предизвикување општа опасност“.Како што информира МВР, пријавени се А.Х. (23), Г.И. (46) и И.И. (25), сите од Тетово.Според пријавеното, на 12 декември 2025 година, во близина на угостителски објект во село Камењане, тетовско, по претходно недоразбирање во сообраќајот дошло до физичка пресметка меѓу пријавените.При пресметката, првопријавениот А.Х. со остар предмет му нанел

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања