Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

Mickoski-Carina

Мицкоски: Илинден е жив идентитет и обврска за иднината

„Илинден е темелот врз кој се изгради современата македонска државност, жива вистина за Македонија која живее“, порача премиерот Христијан Мицкоски по повод 2 Август – Илинден. Тој подвлече дека овој ден не е само историски спомен, туку постојан потсетник на стремежот за слобода, правда и државна самостојност.„На овој ден се сеќаваме на храброста и жртвата на оние кои ја започнаа нашата борба за достоинство. Тој стремеж денес е остварен, но не и завршен“, рече Мицкоски, нагласувајќи дека Илинден

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.14

Трамп: Не сум добил барање за помилување на Гилејн Максвел – ништо не знам за тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не добил никакво барање за помилување на Гилејн Максвел, поранешната соработничка на Џефри Епштајн, која моментално издржува 20-годишна затворска казна поради учество во сексуално злоставување на малолетнички.„Имам овластување да ја помилувам, но никој не ми побарал да го направам тоа“, рече Трамп во интервју за Newsmax. „Не знам ништо за случајот.“Изјавата доаѓа откако Максвел неодамна беше преместена во затвор со минимални безбедносни услови в

Свет | пред 1 година

juan-kolumbija

Поранешен порно актер и ЛГБТ активист ќе стане министер за еднаквост во Колумбија

Хуан Карлос Флориан, поранешен порно актер и борец за правата на ЛГБТ заедницата, ќе биде именуван за нов министер за еднаквост во Колумбија, потврди владини извори за агенцијата AFP.Флориан, кој во минатото бил сексуален работник и продуцент на хомосексуална порнографија, ќе ја предводи институцијата задолжена за заштита на ранливите категории граѓани и нивниот пристап до социјални програми.Неговото именување сигурно ќе предизвика силна полемика во оваа длабоко католичка јужноамериканска држава

Свет | пред 1 година

medziti

Изет Меџити ќе се кандидира за Чаир – ВЛЕН ги соопшти кандидатите за локалните избори

Вицепремиерот и актуелен министер за животна средина, Изет Меџити, е официјален кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир на претстојните локални избори. Меџити, ќе се соочи со противкандидатот од „Европскиот фронт“ на ДУИ – поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи.Од Централното претседателство на ВЛЕН информираат дека се избрани кандидати за градоначалници во повеќе општини ширум државата. Во Тетово ќе се кандидира актуелниот градоначалник Билал Касами, додека во Струга

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-08-02-at-10.35.42

(Видео) Среде ноќ, голем пожар во Лисиче: Изгореа две куќи, зафатена трета, едно лице во болница

Во раните утрински часови на 2 август 2025 година, околу 01:30 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје бил пријавен пожар во куќа на улицата „Ѓорѓе Андреевиќ-Кун“ во скопската населба Лисиче.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, од пожарот целосно изгореле две куќи, сопственост на С.С. (61) и Д.Ѓ. (30), додека била зафатена и третата куќа на С.Г. (57), каде што бил опожарен дел од кровната конструкција.Во инцидентот повреден е С.С., кој со возило на Итната медицинска п

Скопје | пред 1 година

WhatsApp-Image-2025-08-01-at-19.24.17_afb95d8e

Илинденската коњаница пристигна во Крушево

Традиционално, вечерта пред големиот Илинден, во Крушево пристигнаа групите коњаници.Тие учествуваа во илинденскиот поход кон Крушево и Мечкин камен во чест на Илинденското востание и Илинденците.Утре, на 2 Август на Илинден, ќе бидат дел од чествувањето на Мечкин Камен.

Македонија | пред 1 година

IMG_4069

Сиљановска Давкова: Безбедносната состојба е стабилна, не се очекуваат безбедносни проблеми

Една од темите на седницата на Советот за безбедност била и безбедносната состојба.„Безбедносната состојба е стабилна и под контрола”, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.Како што посочи, на седницата се зборувало за безбедносните дилеми во светот кои ги засегаат сите држави, па и нашата.„Од воведните излагања и од средбата заклучокот беше дека, сепак, регионалната безбедност е стабилна и под контрола и во земјава не се очекуваат некакви безбедносни проблеми и дилеми. Главно се го

Македонија | пред 1 година

sukova-kaja

Шукова: Поголема поддршка на независната културна сцена во Скопје- тоа е инвестиција во креативната иднина на градот

Кандидатката за градоначалничка на Скопје и потпретседателка на СДСМ, Каја Шукова, одржа средба со претставниците на независната културна сцена од Културно-социјалниот простор „Јадро“, на која се разговараше за потребите и предизвиците со кои се соочуваат претставниците на независната културна сцена.Шукова на средбата посочи дека тие се едни од клучните двигатели на креативниот развој, иновацијата и демократските вредности во нашето општество.„Како кандидат за градоначалник на Град Скопје, чувст

Македонија | пред 1 година

siljanovska-davkova-1

Сиљановска - Давкова загрижена што дел од пожарите се подметнати, ќе ни помага и вештачка интелегенција во предвидување ситуации

Денеска се одржа втората седница на Советот за безбедност, а главна тема биле пожарите кои беснееја во Македонија.Претседателката Гордана Сиљановска - Давкова, по дво и пол часовна бурна дикусија рече дека пожари има секаде во регионот.Таа изрази загриженост што голем дел од пожарите се подметнати, но дека голем дел од постапките се во предистрага.Претседателката најави измени на законската регулатива и следење со камери и дронови за да се лоцираат подметнувачите.„Од Владата изложија низа мерки

Македонија | пред 1 година

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Ограбени канцеларии во Прилеп и Кисела Вода: Провалници украле ранец со пари, електромотори и кабли

Во два одделни инциденти, пријавени во Прилеп и Скопје, провалници со употреба на физичка сила и подесен алат влегле во канцелариски простории и однеле вредни предмети, електромотори и пари. Првиот случај се случил во управна зграда од поранешната фабрика „11 Октомври – Еурокомпозит“ во Прилеп, а вториот во деловни простории на фирма во Кисела Вода. Полицијата работи на расветлување на двата случаја.На 31.07.2025 во 11:30 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека во периодот о

Македонија | пред 1 година

policiska-lenta

Заталкани куршуми на различни локации во Скопје: Еден паднал на кров, друг пробил автомобилско стакло

Во два одделни случаи, еден куршум оштетил кров на куќа во Чаир, а друг пробил предно стакло на автомобил паркиран во Гази Баба. Полицијата работи на расветлување на случаите и утврдување на потеклото на куршумите.На 31.07.2025 во 21:45 часот во СВР Скопје, П.Т.(46) од Скопје пријавил дека околу 21 часот во неговиот двор на подрачјето на Чаир пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое му го оштетило кровот од куќата. Исто така, на 31.07.2025 во 18:24 часот во Полициската станица Гази Баба, К.

Скопје | пред 1 година

DSC_0104

Обвинителство обвини шест лица за фалсификување евра – продале лажни банкноти вредни над 114.000 евра

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против шест лица, осомничени дека како дел од злосторничка група фалсификувале евра и ги дистрибуирале на територијата на Македонија и Србија.Според обвинителството, групата била организирана од првообвинетиот, кој во периодот од крајот на 2023 до февруари 2025 година набавил и користел опрема и материјали за изработка на лажни банкноти во апоени од 20, 50, 100 и 200 евра. Петмина од обвинетите с

Македонија | пред 1 година

297051333_456402029713114_4862336029331529171_n

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Поради одржување на настан за одбележување на празникот 2 Август, утре (сабота) со почеток во 09 часот па се до завршување на настанот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното подрачје на Скопје односно за сообраќај ќе биде затворен делот пред зградата на Собранието на РСМ и тоа од бул. „Кочо Рацин“ до ул.„11-ти Октомври“ (кај зграда на Црвен Крст) и крстосницата од „Филип Втори Македонски“ до ул.„Кеј 13-ти Ноемв

Скопје | пред 1 година

kocani-puls-protest-2

„Маршот за ангелите“ ќе паузира оваа сабота

Родителите на децата кои трагично ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани соопштија дека оваа сабота, на 2 август, нема да се одржи редовниот „Марш за ангелите“. Одлуката е донесена поради државниот празник Илинден, ден посветен на борбата за слобода и достоинство.Во обраќањето до јавноста, семејствата наведуваат дека Илинден е ден кој заслужува тишина, почит и потсетување дека вистинската слобода постои само кога постои и правда – особено за невините.„Иако овој викенд не

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-08-01-at-12.06.16

Ристоска се жали на нетранспарентност, но и самата молчи додека „нејзината вистина“ и „вистинската вистина“ не се поклопуваат

Два дена откако објави дека имала „укажувања да ја повлече кандидатурата“ за судија во Стразбур, обвинителката Ленче Ристоска сè уште не одговара на клучните прашања што произлегоа од нејзината изјава. Јавноста остана без одговор – кој ѝ укажал да се повлече и кој стои зад тие пораки. Молк има и за наводите дека таа во изминатите месеци лобирала преку странски амбасади, чекајќи одлука од Владата.Нејзиното одбивање да одговори не е ново. И по текстот за нејзината кандидатура во мај годинава, Рист

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-18-at-11.26.03

Коцевски спасен до ноември: поради изборите, наредните три месеци не можат да го разрешат ако не даде оставка

Премиерот Христијан Мицкоски, смета дека републичкиот обвинител Љупчо Коцевски е лојален на партиите СДСМ и ДУИ кои го донеле на функцијата, па пред новинарите призна дека сега не можат да го продолжат процесот за разрешување бидејќи ќе се распишат избори веќе идната недела. Со ова, Коцевски е сигурен до ноември.„Сега и ние да сакаме да преземеме, влегуваме во процес на избори. Изборите ќе се распишат следната недела. Поради ограничувањата со законот, сите процеси ги оставаме за во ноември, кога

Македонија | пред 1 година

orce-i-misko

Орце Ѓорѓиевски објави фотографија со Мишко Ралев: Посакуваниот кандидат за градоначалник на СДСМ му се приклучи во тимот за Скопје

Иако долго време се шпекулираше дека професорот Мишко Ралев ќе биде кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје, партијата пред десетина дена ја избра Каја Шукова како свој официјален кандидат. Ралев, кој важеше за еден од најпосакуваните избори внатре во СДСМ, сега ѝ се приклучи на кампањата на Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за престолнината.Со тоа, Ралев направи остар политички пресврт и се позиционира како поддржувач на противкандидатот.„Голема чест и искрена благода

Скопје | пред 1 година

transparensi-inter

Матните и бистрите настани во јули според Транспаренси: Обвинението за Димитровска, Извештајот на ЕК за Македонија...

Транспаренси Интернешнл – Македонија го објави месечниот извештај за најматни и најбистри настани во земјата за месец јули, во кој највисоко на листата на сомнителни случувања се најде обвинението против претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска.Според организацијата, Димитровска се соочува со сериозни обвинувања за злоупотреба на службена положба и оддавање службени тајни. Таа, според Обвинителството, незаконски изнесувала и фотографирала документи поврзани со набавки на адитиви во енергетск

Македонија | пред 1 година

policija-policaec

Со 99% слепило, возел товарно возило и усмртил жена во Неготино – обвинителството отвори истрага за лажни документи

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена во сообраќајна несреќа. Обвинетиот, кој бил корисник на инвалидска пензија и додаток за попреченост поради слепило, сепак управувал „Ситроен Џампер“ со велешки таблички без важечка возачка дозвола.Несреќата се случила на 3 декември 2024 година, на регионалниот пат Пепелиште–Неготино, на место викано „Лаки“, кога обвинетиот не забеле

Македонија | пред 1 година

90525679_10220922589797167_2192514228319944704_o

Потера на автопат, удари, пукање и апсење – косовски криумчари превезувале осум кинески мигранти

Во филмска полициска акција, двајца косовски државјани се лишени од слобода откако не застанале на полициски знак и се обиделе да избегаат со возило во кое биле пронајдени осум мигранти од Кина.Како што соопшти МВР, акцијата се случила вечерта на 31 јули околу 21:40 часот, кога возило „Фолксваген Кеди“ со косовски регистарски таблички било забележано на автопатот Градско – Скопје, но наместо да застане на знак од полицијата, возачот дал гас и пробал да избегал.Следела потера со висока брзина и с

Македонија | пред 1 година

siljanovska-davkova-2

Илинденски помилувања: Претседателката Сиљановска Давкова ослободи четворица осуденици, на уште четворица им ја намали казната

По повод одбележувањето на националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за помилување на неколку осудени лица.Со актот на помилување, четворица затвореници се целосно ослободени од понатамошно издржување на казната затвор. Станува збор за:Раде Здравко Јовановиќ од село Криволак, општина НеготиноАлберт Тарзан Алиевски од КавадарциНиколче Љубе Костадиновски од КумановоЗејадин Сали Мифтари од село ЧеркезеПокрај нив, делумно помилување – односно н

Македонија | пред 1 година

bugarski-pasos

Бугарски пасоши вадат и Србите: Околу 8.000 граѓани со бугарско државјанство, а трендот расте!

Сè повеќе граѓани од јужниот дел на Србија добиваат бугарско државјанство, по примерот на илјадниците Македонци што тоа веќе го сториле во изминатите години. Според „Нишке вести“, на чија анализа се повикува агенцијата БГНЕС, бројката на српски државјани со бугарски пасоши се движи меѓу 5.000 и 8.000, а само во последните две години повеќе од 2.000 лица од Србија станале бугарски државјани.Во текстот се наведува дека, иако бројките сè уште не се масовни, трендот е во постојан пораст, а Бугарија

Свет | пред 1 година

sveka

„Почивај во мир, ангелу“ – училиштето СОУ „Крсте Петков Мисирков“ се прости со 16-годишната Теодора

Училиштето СОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар се прости од својата ученичка Теодора Бабарчиќ, која трагично се удави во реката Вардар. Шеснаесетгодишната Теодора исчезна на 23 јули, а нејзиното безживотно тело беше пронајдено по шест дена интензивна потрага. Тимовите за спасување и бројни волонтери денови наназад ја пребаруваа реката, надевајќи се на чудо што за жал не се случи. По оваа трагедија, училиштето ѝ оддаде последна почит преку емотивен пост на Фејсбук:

Македонија | пред 1 година

solun-poplava

(Видео) Невреме го потопи северот на Грција: Солун поплавен, улиците во Халкидики непроодни

Солун е поплавен по силното невреме што го зафати регионот во четвртокот наутро, оставајќи драматични сцени во центарот на градот. За само еден час наврнале врнежи во количина што одговара на целокупната просечна месечна сума за јули – дури 37 литри на квадратен метар, објавија експертите од „Weather Analysis“.Голем дел од улиците во централното градско подрачје беа под вода, што доведе до хаос во сообраќајот и интервенции на службите за итна помош. На авенијата Цимиски, едно од најпрометните ме

Свет | пред 1 година

MixCollage-01-Aug-2025-09-12-AM-4982

Словенија со ембарго за оружје за Израел и повик до светот: Признајте ја Палестина!

Словенија го прекинува секој вид трговија со оружје со Израел – воведе забрана за извоз, увоз и транзит на оружје, станувајќи првата земја во Европската Унија што презела ваков чекор. Одлуката беше донесена на владина седница, а ја соопшти премиерот Роберт Голоб, истакнувајќи дека станува збор за принципиелен став во насока на мир и почитување на меѓународното хуманитарно право.Овој потег следи по претходната одлука на словенечките власти да прогласат двајца министри од израелската влада за непо

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања