Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryjbkiv0kh7cad1b1MKtK

Затаил данок од над осум милиони денари, Финансиската полиција поднесе кривична пријава

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струга против едно физичко лице и едно правно лице поради сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.Според соопштението, првопријавениот С.З., во својство на сопственик и управител на пријавеното правно лице, е осомничен дека со намера да стекне противправна имотна корист за себе и за компанијата, неосновано присвоил трговска стока евидентирана како залиха, чија вредност изнесувала 26.085.138 д

Македонија | пред 3 месеци

media-librarypph65llmbrl9c4rqK3U

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Струмица ги повикува граѓаните да ги пријават штетите од невремето за да се обезбеди соодветна поддршка, СДС да не ликува на временските непогоди

Од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираа на денешните обвинувања на СДСМ, наведувајќи дека надлежните институции веќе преземаат активности за проценка на штетите од невремето во Струмичко и ги повикаа граѓаните што претрпеле штети да ги пријават до Општина Струмица.Во соопштението се наведува дека градоначалникот на Струмица, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски, го посетиле струмичкото село Дабиле, каде што од земјоделците добиле информации за после

Македонија | пред 3 месеци

media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Европската Унија постигна договор за нови санкции против Русија

Амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија постигнаа договор за 21. пакет санкции против Русија, со што се отвора патот за негово формално усвојување по завршувањето на писмената процедура, потврдуваат дипломатски извори.Преговорите за новите санкции траеја неколку дена, а последната пречка беше барањето на Грција нејзините бродски компании да продолжат да превезуваат руски течен природен гас наменет за трети земји. Постигнатиот компромис предвидува ограничено изземање од забраната за до

Свет | пред 3 месеци

media-library0t28gnq0kjvp3Wyj3qK

(Видео) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви а Владата не презема ништо - итно да ги обештети земјоделците

На теренска прес-конференција во Струмица, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Тања Илијоска побара Владата итно да ги обештети земјоделците погодени од неодамнешното невреме во Струмичкиот регион, оценувајќи дека штетите се огромни и дека е неопходна брза финансиска помош за настраданите.Илијоска изјави дека невремето предизвикало големи штети врз земјоделските површини, пластениците, домовите и земјоделската механизација не само во Струмица, туку и во општините Босилово, Ново Село и Василево.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryd143n0lh9tmfa5C1yiL

„ВМРОвскиот закон за студентски стандард со каталог на заострени казни го штити системот од студентите“, велат од Левица

Од политичката партија Левица преку соопштение остро го критикуваа предлог-законот за студентски стандард, оценувајќи дека наместо да ги решава долгогодишните проблеми со кои се соочуваат студентите, тој воведува построги дисциплински мерки и остава простор за, како што велат, самоволие при неговата примена.Според Левица, предложените законски измени не нудат решенија за прашања како што се распределбата на местата во студентските домови, недостигот на сместувачки капацитети, дигитализацијата и

Македонија | пред 3 месеци

media-library1t2tav14gou61RFfcQU

ВРЕДИ го обвини Таравари за неисполнети ветувања за водоснабдувањето во Гостивар

Од коалицијата ВРЕДИ преку соопштение упатија критики кон Арбен Таравари, обвинувајќи го за неисполнети ветувања поврзани со решавањето на проблемот со водоснабдувањето во Гостивар, и побараа од него да понесе политичка одговорност.Според ВРЕДИ, Таравари во минатото ја обвинувал тогашната власт дека со негрижата го загрозува здравјето на граѓаните, додека за време на неговиот мандат ветувал дека ќе го реши проблемот со водоснабдувањето во Гостивар „за следните 100 години“.Од коалицијата тврдат д

Македонија | пред 3 месеци

boing

Нови тензии меѓу „Боинг“ и „Ербас“ поради заем од три милијарди евра

Долгогодишниот спор меѓу двата најголеми светски производители на патнички авиони повторно се актуализираше, откако американскиот „Боинг“ побара од администрацијата на САД да изврши притисок врз Европската Унија за поголема транспарентност околу заемот од три милијарди евра што Европската инвестициска банка (ЕИБ) му го одобри на „Ербас“.Во писмо испратено до Канцеларијата на американскиот трговски претставник, „Боинг“ наведува дека станува збор за најголемиот корпоративен заем што досега го одоб

Свет | пред 3 месеци

media-librarykbl21aemkolfd6F606X

Лавров до Рубио: Неприфатливо е САД да продолжат да испраќаат оружје за Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на средбата со американскиот државен секретар Марко Рубио во Манила порача дека за Москва е неприфатливо САД да продолжат со испораките на оружје за Украина, соопшти руското Министерство за надворешни работи.Средбата, која траела повеќе од половина час, се одржала на маргините на состанокот на Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН) на Филипините и претставува прва средба на двајцата дипломати од септември 2025 година.Според руск

Свет | пред 3 месеци

media-library6dffo73e13c23bobsBE

(Видео) Сеќавање на трагедијата кај Струмица: Пред 14 години четворица пожарникари ги загубија животите во огнената стихија

Денес се одбележуваат 14 години од трагичниот пожар кај Струмица, во кој животот го загубија пожарникарите Блажо Стојков, Пено Стојанов, Мите Ѓоргиев и Војо Гркљанов.Од Територијалната противпожарна единица Струмица потсетија на кобните моменти кога четворицата храбри пожарникари биле опколени од огнената стихија при интервенција на терен.„Секој пожарникар-спасител и секој граѓанин кој учествуваше во гаснењето на овој пожар знае со каква невидена пеколна стихија се соочивме во тие моменти“, наве

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryacg0m85flp94eFVUH5L

(Видео) Епидемија на денга во Шри Ланка: Над 77.000 заразени, војската со дронови бара легла на заразени комарци

Шри Ланка се соочува со најтешката епидемија на денга треска во последните десет години, при што од почетокот на годината починале 56 лица, а регистрирани се повеќе од 77.000 случаи на зараза. Само во јули се евидентирани повеќе од една четвртина од вкупниот број заболени.Поради сериозноста на ситуацијата, властите ја ангажираа армијата, која со дронови ги проверува покривите на куќите, училиштата и градилиштата во потрага по застојана вода, каде што се размножуваат комарците што ја пренесуваат

Свет | пред 3 месеци

media-library3nfreliokehdeqP7utz

СДСМ: „Прво Гостивар, сега Валандово - кој град е следен?“

СДСМ преку соопштение оцени дека случаите со загадената вода во Гостивар и Валандово укажуваат на сериозни системски слабости во функционирањето на институциите задолжени за заштита на јавното здравје.Од партијата посочуваат дека по масовното труење во Гостивар, каде, според нив, граѓаните со недели користеле загадена вода, сега и во Валандово е утврдено дека водата од градскиот водовод не е безбедна за пиење поради зголемено ниво на арсен. Потсетуваат дека ЈП „Комунален сервис“ Валандово и Инст

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryr5e4vuecd890dV3BfMt

Запленети 26 парчиња златен накит вреден 1,3 милиони денари на граничниот премин Табановце

Царинските службеници на граничниот премин Табановце спречиле обид за криумчарење на 348 грама златен накит, чија проценета вредност изнесува околу 1,3 милиони денари.Како што соопшти Царинската управа, случајот бил откриен при детална контрола на автомобил што влегувал во државата. Во возилото патувале сопружници, македонски државјани со живеалиште во Белгија, а во чантата на сопатничката биле пронајдени 26 парчиња златен накит.Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднело к

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryrkv0k58f4pjqf81j7d7

(Видео) Пар се закопал жив, прегрнат, како симбол на вечна љубов

Пар одлучил доброволно да биде жив закопан, прегрнати и држејќи се за раце, со намера на необичен начин да ја симболизира својата, како што велат, вечна љубов во Индија.Нивната постапка предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде дел од јавноста ја оцени како романтичен чин, додека други сметаат дека станува збор за премногу ризичен и екстремен потег.Необичниот настан отвори дебата за тоа до каде може да оди човек во име на љубовта и дали ваквите постапки претставуваат искрен симбол на

Свет | пред 3 месеци

media-library7j5jjcdtsarl1SAuCv0

„Секоја „мерка“ на Мицкоски е нов удар врз џебот на народот, граѓаните со страв ги чекаат неговите најави“, вели СДСМ

СДСМ преку соопштение обвини дека економските мерки на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски не ги намалуваат трошоците за живот, туку, според партијата, придонесуваат за нови поскапувања и дополнително го оптоваруваат семејниот буџет на граѓаните.Од СДСМ велат дека секоја најава за намалување на цените завршува со нов ценовен раст, како пример го посочуваат последното зголемување на цените на горивата, кое, според нив, следувало по владините најави за намалување на акцизите и поевт

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryrb1r6tmf8u1pfCKmk1S

„Наместо одговорност за труењето на граѓаните - Клековски и ВМРО-ОКГ со напад на лекарите“, велат од СДСМ

СДСМ преку соопштение обвини дека Владата и министерот за здравство Сашо Клековски, наместо да понесат одговорност за случајот со труењето на граѓаните во Гостивар, ги напаѓаат лекарите и медицинските експерти кои јавно укажуваат на пропустите.Од партијата велат дека наместо да се дадат одговори зошто институциите, според нив, не реагирале навреме и зошто епидемијата била прогласена со задоцнување, министерот Клековски ги нарекол лекарите и професорите „јавачи на епидемијата“ кои, како што тврда

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynbe67qbfeh1s7otiayx

„Двојните аршини на СДС, ДУИ и Таравари се потврдија во случајот со нивниот кандидат Валбон Лимани“, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ги обвини СДС, ДУИ и Арбен Таравари дека применуваат двојни стандарди во случајот со градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, поврзан со скандалот со водата во градот.Од партијата велат дека, наместо да дадат јасни одговори и да побараат одговорност, СДС, ДУИ и Таравари молчат по изјавата на Лимани дека не чувствува никаква одговорност за случајот.Според ВМРО-ДПМНЕ, партиите кои, како што наведуваат, секојдневно зборуваат за отчетност, не бараат одговорност кога ст

Македонија | пред 3 месеци

zavod-za-revizija

ДЗР: Општините не наплатиле речиси три милијарди денари даноци, такси и надоместоци

Недостатоци во законската регулатива, недоволни административни капацитети и слаб фискален напор сериозно ја ограничуваат способноста на општините за ефикасно прибирање на локалните даноци, такси и надоместоци, покажува ревизијата што ја спроведе Државниот завод за ревизија.Ревизијата, која ги опфати активностите во периодот од 2020 до 2024 година, утврди дека мерките и политиките што ги спроведуваат надлежните институции и единиците на локалната самоуправа не обезбедуваат навремена и целосна на

Македонија | пред 3 месеци

crna-gora-eu-1-750x430-1

Хрватска постави услови пред Црна Гора за завршување на преговорите со ЕУ

Хрватска порача дека решавањето на сите отворени билатерални прашања со Црна Гора е неопходен предуслов Подгорица успешно да ги заврши пристапните преговори со Европската Унија.Од хрватското Министерство за надворешни работи соопштија дека ставовите на Загреб се јасни и дека очекуваат решенија за повеќе прашања, меѓу кои се обештетување на поранешните затвореници во логорите, продолжување на потрагата по 14 исчезнати лица од периодот на Војната за независност, како и процесуирање на одговорните

Свет | пред 3 месеци

media-libraryl85o3cek89n79Kn961t

„За масовното труење во Гостивар мора да има оставки, политичка и кривична одговорност“, велат од СДСМ

Опозициската СДСМ преку соопштение побара политичка и кривична одговорност за случајот со масовното труење на граѓаните во Гостивар, оценувајќи дека надлежните институции и здравствениот систем целосно потфрлиле во заштитата на јавното здравје.Од партијата велат дека јавноста има право да знае што точно се случило, зошто загадувањето не било спречено и каде потфрлиле институциите, посочувајќи дека загадувањето на водата, според нив, започнало на 25 јуни, а граѓаните со недели користеле контамини

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryp1675eflk3bp6fudHLp

(Видео) Пожарот во Франција се шири, илјадници луѓе принудени да ги напуштат домовите

Голем шумски пожар што избувна во близина на Аркашонскиот Залив во францускиот департман Жиронда продолжува да се шири, зафаќајќи површина од околу 2.000 хектари. Поради опасноста, речиси 12.000 луѓе се евакуирани како превентивна мерка.Француските власти утрово наредија евакуација на уште околу 7.000 лица. Мерката опфаќа шест кампови и една станбена населба северно од Кап Фере, популарно туристичко место во текот на летната сезона, објави „Фигаро“.Според префектурата, уште синоќа од загрозеното

Свет | пред 3 месеци

media-library4tjm0ndjt3un3JLPuME

Вашингтон ги предупреди своите државјани поради растечките тензии на Блискиот Исток

Стејт департментот издаде итно предупредување до американските државјани ширум светот поради зголемените безбедносни ризици поврзани со растечките тензии на Блискиот Исток, оценувајќи дека ситуацијата останува неизвесна и дека постои можност за нова ескалација.На Американците кои престојуваат во регионот им се препорачува да бидат особено внимателни и подготвени за можни нарушувања во воздушниот сообраќај, вклучително и откажување на летови и привремено затворање на воздушниот простор.Во објава

Свет | пред 3 месеци

nafta

Цените на нафтата остануваат високи поради тензиите на Блискиот Исток

Глобалните цени на нафтата и натаму се задржуваат на високо ниво, бидејќи инвеститорите со внимание ги следат безбедносните случувања на Блискиот Исток и нивното можно влијание врз светското снабдување со енергенси.Во текот на утринското тргување, северноморската сурова нафта Брент достигна 94,4 долари за барел, а подоцна се стабилизираше околу 94 долари. Американската сурова нафта WTI привремено се искачи на 88,6 долари за барел, по што се врати на околу 86,5 долари.Главната причина за ваквото

Свет | пред 3 месеци

woman-holding-glass-filled-with-water

Зголемено ниво на арсен во водата во Валандово – надлежните препорачуваат да не се пие

ЈП „Комунален сервис“ – Валандово ја извести јавноста дека во водата за пиење од градскиот водовод е утврдено зголемено ниво на арсен, покажале анализите извршени од Институтот за јавно здравје – Скопје.Поради тоа, од претпријатието препорачуваат водата од градскиот водовод во Валандово да не се користи за пиење сѐ до добивање нови резултати кои ќе потврдат дека е безбедна. До тогаш, водата може да се користи исклучиво како техничка.Од ЈП „Комунален сервис“ – Валандово информираат дека веќе се п

Македонија | пред 3 месеци

5-2

15 минути се чека за излез од државата на ГП „Богородица“

Сообраќајот на патните правци надвор од градските средини се одвива со умерен интензитет, информираат од АМСМ.На граничниот премин Богородица е забележана зголемена фреквенција на возила, при што времето на чекање за излез од државата изнесува околу 15 минути.Според информациите на АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна во моментов нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.

Македонија | пред 3 месеци

Sobranie-zgrada

Закони за високото образование и студентскиот стандард на дневен ред во Собранието

Четири законски предлози што се однесуваат на високото образование, студентскиот стандард и научноистражувачката дејност ќе се најдат пред пратениците на денешната 116. седница на Собранието.Меѓу точките на дневниот ред е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, кој ќе се разгледува по скратена постапка. Пратениците ќе дебатираат и за Предлог-законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката, кој е во фаза на прво читање.На седницата ќе би

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања