Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-library7mjcg5pc0k021aWDVou

Мицкоски: Јовица Илиевски беше целосно посветен на граѓаните на Брвеница

Премиерот Христијан Мицкоски преку објава на социјалните мрежи изрази жалење по повод ненадејната смрт на градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски.„Со длабока тага ја примив веста за ненадејната смрт на Јовица Илиевски, градоначалникот на Општина Брвеница“, напиша Мицкоски.Тој посочи дека Илиевски бил работлив, чесен и скромен човек, целосно посветен на луѓето и на општината што ја водел.„Функцијата ја разбираше како обврска кон граѓаните, а довербата што ја доби ја оправдуваше со ра

Македонија | пред 4 месеци

napad-liban

Либан и Израел започнаа нов круг преговори во Вашингтон

Либан и Израел денеска започнаа нов круг преговори во Вашингтон, при што Бејрут настојува да го продолжи директниот дијалог со Израел, иако процесот е засенет од одлуката на Иран да го вклучи Либан во своите разговори со САД.Либанските власти сметаат дека директните преговори со Израел се единствениот начин да се стави крај на конфликтот што трае од 2 март, кога вооружената група Хезболах започна напади врз Израел во знак на поддршка за Иран. Последователните израелски воздушни и копнени напади

Свет | пред 4 месеци

Mask1

Богатството на Илон Маск се намали за 350 милијарди долари за само една недела

Богатството на најбогатиот човек во светот, Илон Маск, се намали за околу 350 милијарди долари во период од само една недела, како последица на значителниот пад на вредноста на компанијата SpaceX.Според пресметките на магазинот Forbes, нето-богатството на Маск се намалило од 1,45 билиони на помалку од 1,1 билион долари. Загубата е поголема од вкупното богатство на вториот најбогат човек во светот, Лери Пејџ.Само пред неколку недели Маск стана првиот светски билионер, откако неговата компанија Sp

Свет | пред 4 месеци

media-library8rid8v0tj3ml1LT6Atb

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Граничниот премин Ново Село

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска остварил работна посета во Струмица, како и во Полициското одделение и на Граничниот премин Ново Село, информираа од Министерството за внатрешни работи.Како што соопштија од МВР, за време на посетата Јанев се запознал со состојбите и предизвиците со кои се соочуваат полициските службеници на терен.На средбите било разговарано за безбедносната состојба, одржувањето на јавниот ред и мир, како и за спречувањето на прекуграничниот к

Македонија | пред 4 месеци

vatikan

Ватикан го одби предлогот и жените да држат проповеди

Ватикан го потврди долгогодишното правило според кое само ракоположен свештеник или ѓакон може да држи проповед за време на католичка миса, отфрлајќи го барањето на германските бискупи оваа практика да се прошири и да им се дозволи на жени и други лаици да проповедаат.Во соопштението на Дикастериумот за богослужба и дисциплина на светите тајни, телото на Католичката црква задолжено за литургијата, се наведува дека „постојната дисциплина не може да биде укината“.Оваа година, Германската бискупска

Свет | пред 4 месеци

media-library67u1l8gcbbcvdhCdzPx

Зеленски му предложил на Трамп да го доведе Путин во САД

Украина смета дека успеала да обезбеди поддршка од Белата куќа за кампањата со која сака да ја принуди Русија на сериозни мировни преговори. Според висок украински функционер, американскиот претседател Доналд Трамп приватно му порачал на украинскиот претседател Володимир Зеленски да дејствува „поодважно“.Оваа порака доаѓа во момент кога Киев ги интензивира напорите за организирање средба меѓу Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин, идеја што Трамп ја поддржува, но Кремљ упорно ја отфрла.С

Свет | пред 4 месеци

canmathshelp

Уставно-судската пракса ја потврдува посебната улога на државата во организирањето на игрите на среќа

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски, во своето излагање на јавната дебата за Предлог-законот за игрите на среќа и забавните игри, правно и аргументирано истакна дека државата треба да биде единствен приредувач на интернет игрите на среќа.Имено, со Решението У. бр. 156/2019 од 6 мај 2020 година на Уставниот суд, со кое не се поведува постапка за оценка на уставноста на член 7 ставови 2 и 3 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри, недвосмислено се потврдува уст

Македонија | пред 4 месеци

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Пентагон бара дополнителни 80 милијарди долари за војната со Иран

Пентагон побара од американскиот Конгрес околу 80 милијарди долари дополнителни средства, главно за покривање на трошоците поврзани со војната со Иран, покрај веќе предложеното значително зголемување на воениот буџет на администрацијата на претседателот Доналд Трамп.Според американските медиуми, висок претставник на Министерството за одбрана минатата недела ги информирал сенаторите за потребата од дополнително финансирање, додека министерот за одбрана Пит Хегсет веќе започнал разговори со законо

Свет | пред 4 месеци

gjorge-ivanov-1

Судот во Стразбур: Аболицијата на Иванов не е призната, државата законски ја поништила

Европскиот суд за човекови права во Стразбур одлучи дека поништувањето на аболицијата што во 2016 година ја донесе тогашниот претседател Ѓорге Иванов било законско и дека не е повредено правото на фер судење на лицата опфатени со помилувањата.Од одлуката, која Судот ја објави денеска, произлегува дека државата имала право да ги поништи претседателските помилувања, бидејќи тие биле донесени без законска основа во услови на политичка криза.„Европскиот суд за човекови права едногласно пресуди дека

Македонија | пред 4 месеци

media-librarypmu8kq7sldn6fP5KVvi

Почина градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски

Жителите на Општина Брвеница се простуваат од својот градоначалник Јовица Илиевски, кој почина, пренесуваат локалните медиуми. Според неофицијални информации, причина за смртта е срцев удар.Илиевски беше долгогодишна и препознатлива политичка фигура во општината, а функцијата градоначалник ја извршуваше од ноември 2021 година, кога беше избран да раководи со локалната самоуправа во мандатот 2021–2025 година.Својата професионална кариера ја градеше во здравствениот сектор, локалната политика и сп

Македонија | пред 4 месеци

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски нема да присуствува на конференцијата за обнова на Украина во Полска

Украина на клучната меѓународна конференција за реконструкција на земјата во Полска нема да биде претставена од претседателот, туку од премиерката, во обид настанот да не биде засенет од актуелните дипломатски несогласувања меѓу Киев и Варшава.Украинската премиерка Јулија Свириденко во вторникот соопшти дека ќе ја предводи украинската делегација на дводневната Конференција за реконструкција на Украина, која во четврток започнува во Гдањск.„Нашата делегација има јасна мисија – да обезбеди конкрет

Свет | пред 4 месеци

toplo-vreme-768x556

Европа под удар на екстремни горештини: Десетици жртви и рекордни температури

Екстремниот топлотен бран што ја зафати Европа веќе има сериозни последици, при што во повеќе земји се регистрирани рекордно високи температури, а бројот на жртви продолжува да расте.Во Франција, која во моментов се смета за епицентар на екстремните горештини, неколку градови во понеделникот го забележаа најтоплиот ден откако се вршат мерења. Земјата го урна и рекордот за најтопла ноќ од 1947 година, со просечна температура од 21,6 степени Целзиусови.Францускиот премиер Себастиен Лекорну во втор

Свет | пред 4 месеци

jovana-mojsoska

Мојсоска: Законот за судска служба ја става судската власт под контрола на извршната и ги уназадува правата на вработените во судовите

Во Собранието денес продолжи амандманската расправа на која се разгледува Предлог-законот за судска служба. За предлог законот за судска служба пратеничката група на Левица поднесе 50 амандмани кои вчера ги образложи пратеничката Јована Мојсоска и предупреди дека предложеното законско решение претставува сериозен удар врз независноста на судската власт и врз правата на судските службеници. Амандманите, како што истакна Мојсоска, произлегле од забелешките и критиките изнесени од Независниот синди

Македонија | пред 4 месеци

plaza-buljarica-crna-gora-02-e1560159582627

Над 90 отсто од плажите во Црна Гора со одличен квалитет на морската вода

Најновите анализи на квалитетот на морската вода покажуваат дека Јадранското Море долж црногорското крајбрежје е исклучително чисто и безбедно за капење и рекреација.Институтот за биологија на морето кон крајот на мај годинава спровел испитувања на 114 локации долж целото црногорско приморје, а резултатите, објавени од Јавното претпријатие за управување со морското добро на Црна Гора, покажуваат дека на повеќе од 90 проценти од испитаните места водата е оценета со највисоката оцена – „одлична“.С

Балкан | пред 4 месеци

media-librarydbr4i5q74h7211iXTfl

(Видео) Жерновски со прашање до Владата: Во која земја, по Бугарија, има најмногу бугарски државјани во владата?

Поранешниот градоначалник на Општина Центар и актуелен член на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, преку видео објавено на социјалните мрежи упати критика до актуелната власт, поставувајќи прашање поврзано со бугарските државјанства.Во видеото, снимено пред зградата на Владата, Жерновски поставува, како што вели, „наградно прашање“ до јавноста.„Наградно прашање во кое може да учествува секој, без разлика на својата полова, етничка, верска, политичка или „владина“ припадност. Наградното пр

Македонија | пред 4 месеци

grom

Повеќе од 26.000 молњи удрија во јужна Британија во текот на ноќта

Делови од јужна Велика Британија во текот на ноќта беа погодени од околу 26.000 удари од молњи, додека земјата се соочува со интензивен топлотен бран и предупредувања за екстремно високи температури.Според метеоролошките податоци, во одредени делови на земјата е регистрирана првата тропска ноќ во јуни, при што температурите не се спуштиле под 20 степени Целзиусови, пренесува „Скај њуз“.Топол и влажен воздух пристигнал од европскиот континент, каде што во Франција веќе се соборени одредени јунски

Свет | пред 4 месеци

upraven-sud

Вишиот управен суд ја поништи одлуката за престанок на концесијата за Иловица

Владата на денешната седница беше информирана за конечната пресуда на Вишиот управен суд, со која се поништува одлуката за престанок на важењето на одлуката за спојување на концесиите за експлоатација на минерални суровини на локалитетот Иловица, во општините Босилово и Ново Село.Од Владата соопштија дека станува збор за конечна судска одлука, која институциите се должни да ја почитуваат во согласност со принципите на владеење на правото.Воедно, од Владата посочуваат дека актуелната состојба не

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryjtr7lha05fv46D7f24M

Најмалку 40 лица се удавија во Франција обидувајќи се да се разладат од екстремните горештини

Најмалку 40 лица се удавиле во Франција во изминатите денови, обидувајќи се да се разладат и да побегнат од рекордните горештини што ја зафатија земјата, соопшти францускиот премиер Себастијан Лекорну.Франција, заедно со Велика Британија, Италија, Шпанија и Белгија, се соочува со интензивен топлотен бран, кој предизвика сериозни нарушувања во секојдневниот живот, вклучително и затворање училишта и проблеми во сообраќајот.Според Светската метеоролошка организација, Европа се затоплува повеќе од д

Свет | пред 4 месеци

media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Трамп: Иран се согласи на нуклеарни инспекции од највисоко ниво

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Иран се согласил на „нуклеарни инспекции од највисоко ниво во иднина“, оценувајќи дека е постигнат значителен напредок во преговорите меѓу двете земји.Во објава на социјалната мрежа „Трут соушл“, Трамп наведе дека договорот ќе обезбеди „нуклеарна искреност“ и дека иранските власти направиле „големи отстапки“.Тој истакна дека, врз основа на тоа, било одлучено Ормускиот теснец да остане отворен, додавајќи дека американските сили ќе ја задр

Свет | пред 4 месеци

media-librarynfoninapgqpkdStdocW

До 15 часот регистрирани пет пожари на отворен простор, три сè уште се активни

До 15 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, а два се целосно изгаснати.Според информациите од надлежните служби, активни се пожарите во Општина Пробиштип, кај селото Петршино, каде што гори ниска вегетација, во Општина Свети Николе, на потегот меѓу селата Делисинци и Сарамзалино, каде што исто така е зафатена ниска вегетација, како и во Општина Богданци, покрај локалниот пат Богданци – Стојаково, каде што го

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryc2181cn5tifo2MkVzla

Разбиена криминална мрежа во Грција за кражба на струја, штетата надминува девет милиони евра

Грчката полиција разби криминална организација која со специјализирани манипулации на електрични броила вршела кражба на електрична енергија во повеќе делови на земјата, при што е причинета штета поголема од девет милиони евра.Според информациите од грчката полиција, досега се уапсени три клучни членови на организацијата, додека уште 105 лица се осомничени дека учествувале во незаконското користење електрична енергија.Акцијата, која од раните утрински часови се спроведува во Солун во соработка с

Балкан | пред 4 месеци

media-librarylo58sl2lualj3eQ6hj9

МВР приведе 15 возачи за безобѕирно управување, меѓу нив и двајца малолетници

Полициските службеници во текот на изминатото деноноќие лишиле од слобода 15 возачи на територијата на целата држава поради безобѕирно управување со моторни возила, информираат од Министерството за внатрешни работи.Од приведените, 13 управувале возила без возачка дозвола, при што двајца од нив биле малолетници, додека две лица биле затекнати како возат под дејство на алкохол.Во Скопје, шест лица, меѓу кои и еден малолетник, биле затекнати како управуваат возило без возачка дозвола. Во Битола бил

Македонија | пред 4 месеци

edi-rama

Рама се огласи: „Јас сум кум на мафијата? Носете се.“

Албанскиот премиер Еди Рама ги отфрли обвинувањата на опозицијата и учесниците на протестите дека стои зад корупциски активности поврзани со изградбата на луксузен туристички комплекс во кој се вклучени Иванка Трамп и Џаред Кушнер.Во интервју за „Фајненшл тајмс“, Рама порача дека не е негова обврска да ја докажува сопствената невиност.„Луѓето велат дека јас сум водач на сето ова. Им велам – носете се. Не е мое да докажувам дека не сум кум на мафијата, туку нивно е да докажат дека сум“, изјави Ра

Балкан | пред 4 месеци

media-libraryoijq0evp82fddZsuMAx

Изградил објект на државно земјиште, кривична за Дебарчанец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.М. (66) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во текот на 2025 година пријавениот на катастарска парцела во државна сопственост и на дел од катастарска парцела во месноста „Бадеми“ во Дебар, со површина од 5.999 квадратни метри, го заградил просторот и изградил објект без да обезбеди одобрение за градба од надлежен

Македонија | пред 4 месеци

media-library0apu9u3ganaefeE18ye

Опожарен автомобил во Батинци

Во двор од семејна куќа во скопското село Батинци ноќеска избувнал пожар на патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според информациите, случајот бил пријавен во СВР Скопје околу 2:50 часот, а возилото било сопственост на М.Џ. (22).Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, при што нема повредени лица.На местото бил извршен увид, а се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања