Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

media-libraryvq4b884nut415x8qViO

Избројани се гласовите: ВМРО-ДПМНЕ го освои Скопје и 53 општини, ВРЕДИ втора сила, СДСМ зад нив

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ извојува убедлива победа на Локалните избори 2025, освојувајќи градоначалнички места во Град Скопје и уште 53 општини низ земјата, покажуваат резултатите од двата изборни круга.Со тоа, владејачката партија ја потврди својата доминантна позиција на локално ниво, освојувајќи повеќе од две третини од сите општини во државата.Втора по број на освоени општини е коалицијата ВРЕДИ, која ќе управува со девет општини, додека СДСМ освои шест градоначалнички места. ДУИ со коалицијата НАИ ќе раководи со четири општини. ЗНАМ има еден градоначалник.На вториот изборен круг, кој се одржа вчера, се избираа градоначалници во 32 општини и во Град Скопје, додека во првиот круг на 19 октомври беа избрани 44 градоначалници.

Македонија | пред 6 месеци

media-library6k7rp66dkp1obvvF5rB

Ревизија и одговорност од Арсовска, најави Ѓорѓиевски

Победникот во вториот круг од локалните избори за Град Скопје, новоизбраниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, најави дека ќе има целосна ревизија и одговорност за работата на неговата претходничка Данела Арсовска, но и за сите функционери кои, како што рече, „се огрешиле пред законот“.„Апсолутно – и ревизија и одговорност, не само за Арсовска, туку за сите кои се огрешиле пред законот,“ изјави Ѓорѓиевски по завршувањето на изборите, нагласувајќи дека новата градска администрација ќе воведе „транспарентност и ред во институциите на Скопје“.Тој додаде дека граѓаните очекуваат отчетност и резултати, а не празни ветувања.

Скопје | пред 6 месеци

media-library733l7eiofjshe9b3UlD

(Фото) „Кичево испиша историја“ - Мицкоски ја славеше победата на Јовановски на градскиот плоштад

Лидерот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја прослави победата на својата партија во Кичево, каде што нивниот кандидат Александар Јовановски во вториот изборен круг го победи Фатмир Дехари од Националната алијанса за интеграција. Јовановски освои повеќе од 14.000 гласови, околу 2.000 повеќе од својот противкандидат, а излезноста на изборите во Кичево надмина 50 отсто.Мицкоски објави и дел од атмосферата преку фотографии на својот ФБ профил:Кога единството е посилно од поделбите, кога желбата за правда е посилна од криминалот и кога сите граѓани имаат силна волја за иднина, посилна од хаосот и безредието. Јасно е дека се работи за Кичево. Вечерва во градот кој испиша историја!Во обраќањето пред граѓаните, Мицкоски истакна дека оваа победа претставува пример за обединување и соживот, нагласувајќи дека „победила вербата во вредности“.„Триумфираше идејата дека Македонија е заеднички дом за сите – Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и други. Победи надежта дека иднината се гради со почит и заедничка работа, а не со поделби. Оваа победа не е само локална, туку и симболична – таа покажува дека Македонија созрева, дека народот не се плаши да се обедини околу вредностите“, порача Мицкоски.Тој истовремено се осврна и на дел од граѓаните кои не излегле на гласање, нагласувајќи дека нивната одлука е дел од демократскиот процес.„Тоа е дел од демократијата. Но, сакам искрено да им порачам – и вашиот глас, и вашата тишина ги слушнавме“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 6 месеци

media-librarya5gdo3q0q3m387S59ga

(Фото) Крунисување на Курто Дудуш -„Другите општини добија градоначалници, само Шутка - император“

По уште една победа на Курто Дудуш на локалните избори, со што добива уште еден градоначалнички мандат во Шуто Оризари, бројни се реакциите на социјалните мрежи. На Фејбук објавена е и фотографија со коментар:„Другите општини добија градоначалници, само Шутка - император.“

Скопје | пред 6 месеци

media-libraryfrj67cq6ac5j6DvmADJ

Апасиев најави пекол во Собранието: ВРЕДИ ги зафркна ДПМНЕ, а Мицкоски ја изгуби Западна Македонија

По завршувањето на вториот круг од Локалните избори 2025, лидерот на Левица, Димитар Апасиев, се обрати на прес-конференција со жестоки критики кон двете најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но и кон коалицијата ВРЕДИ.„По којзнае кој пат балистичко-врховистичката коалиција потфрли и ВРЕДИ ги зафркна ДПМНЕ насекаде каде што очекуваа нивни гласови. За возврат на кусогледоста на Мицкоски, крубан отиде Западна Македонија. Патриоти, продолжете да си го гласате Мицкоски,“ изјави Апасиев.Тој упати порака и до своите членови и симпатизери, нагласувајќи дека Левица водела кампања со скромни ресурси, но со, како што рече, „огромен ентузијазам“.„Зарем мислевте дека со 16.000 евра на Фејсбук можевме да победиме ламја која вцица милијарда евра во овие избори? Тие ги имаа милијардите, а ние им се спротивставивме само со едно блендирано комбе,“ истакна Апасиев, додавајќи дека партијата успеала да покаже дека вистинската опозиција постои надвор од традиционалниот политички естаблишмент.Апасиев најави дека Левица ќе бара измени на Изборниот законик и поголема застапеност во Државната изборна комисија (ДИК).„Ќе имате пекол во Собранието ако не го измените Изборниот законик и ако не ни дадете член во ДИК,“ порача тој.Во завршниот дел, Апасиев го пофали кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, кого го нарече „новото лице на Левица“ и „специјалец што достоинствено ја претставил партијата“.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryv6aubag2q6ii7ak4AaG

(Фото) По победата во Кичево, го ранат Ахмети со кекси: ‘Послатко оди тоа!’

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, со колеги и поддржувачи од партијата, објави фотографија на социјалните мрежи со колачи, испраќајќи порака до лидерот на ДУИ, Али Ахмети.„На пат за Кичево мекици не се во тренд, сега е време за кекс, послатко оди тоа. Кичево е Македонија!“, напиша Пешевска во објавата, алудирајќи на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево.Нејзината порака е јасна политичка реакција на изјавата на Ахмети од минатата година, кога тој му порача на Христијан Мицкоски:„Растен си со гурабии и кекси, не барај си ја белјата, бирај ги зборовите.“Објавата на Пешевска предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ ја поздравија како духовита порака по големата победа во Кичево.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryhscqqtc4sqerbOIwaRh

Орце Ѓорѓиевски по победата: Го поразивме купот коалиции, им простувам за ударите по семејството

Новoизбраниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва по изборната победа изјави дека веднаш по примопредавањето на функцијата ќе започне со работа за подобрување на состојбите во градот.„Веднаш по земањето на уверението, ветувам дека ќе се борам да ги поправиме состојбите. Дозволете ми да се заблагодарам на мојата најсилна поддршка – претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Се собираа, се групираа, правеа јавни и тајни коалиции, но Скопје покажа дека е вистински обединет град и денеска ги поразивме сите. Бидејќи имаше и ниски удари, и удари под појас, сакам да се заблагодарам на моето семејство“, рече Ѓорѓиевски во своето обраќање пред поддржувачите.По него, збор зеде и премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој му честиташе на Ѓорѓиевски и на сите победници од коалицијата.„Им честитам на сите градоначалници и им порачувам дека ги чека многу работа. Нема да биде лесно, но со поддршка од Владата ќе направиме многу за овој народ. Народот е тој што ни ја даде оваа доверба и нему му должиме сè – и во животот и во политиката“, рече Мицкоски.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2024-05-12-at-12.28.42

Мицкоски не ја исклучува можноста за нова парламентарна реалност

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва изјави дека се надева на прегрупирање на политичките сили во Парламентот, без притоа директно да потврди дали се подготвува за нови парламентарни избори.„Се надевам дека дел од силите и во Парламентот ќе се прегрупираат во периодот што следи“, изјави Мицкоски, одговарајќи на прашање дали постои можност за распишување предвремени парламентарни избори.Со оваа изјава, премиерот индиректно потврди дека се можни нови политички коалиции или преминување на поединечни пратеници од други партии на страната на ВМРО-ДПМНЕ, со цел обезбедување посилна парламентарна поддршка за владините политики.

Македонија | пред 6 месеци

media-librarypoql4plt59m67odeNIK

(Видео) Факт е дека гласачите кои гласаа за ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓорѓиевски, рече Мицкоски

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва изјави дека гласовите не се ничија сопственост, коментирајќи ги шпекулациите дека дел од коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и движењето ВЛЕН, не го поддржале Орце Ѓорѓиевски во вториот круг за градоначалник на Скопје со оглед дека не излегле на гласање.„Никој гласовите не ги чува во џеб, ниту може да ги испорача од џеб. Видовме една чесна заложба за Орце Ѓорѓиевски. Факт е дека гласачите кои гласаа за ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа за Орце Ѓорѓиевски. Претпоставувам дека таква била одлуката на гласачите“, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.Тој додаде дека, и покрај тоа, победата на ВМРО-ДПМНЕ е убедлива и покажува дека „граѓаните ја препознале енергијата и промената што ја нуди новото политичко време“.

Настани | пред 6 месеци

media-library3avo4552jgc59erW9ie

(Видео) Мицкоски: Времето на локални шерифи заврши, падна митот за Кичево, ова е победа за народот!

По затворањето на гласачките места и првичните резултати од вториот круг на локалните избори, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва прогласи голема победа на коалицијата предводена од неговата партија.„Голема победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ! Ако некој се сомневаше, народот покажа дека Македонија е повторно твоја. Ова е заедничка победа – победа на вербата, надежта, копнежот за иднина. Ова е победа на напатениот народ и неговите соништа. Вечерва Македонија покажа зрелост. Убедлива победа на Орце во Скопје!“, изјави Мицкоски, додека присутните извикуваа: „Цело Скопје ВМРОвски град!“.Тој соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ победила и во Карпош, Аеродром и Чучер Сандево, а посочи дека во некои општини борбата била „жилава и одлучена во 5 до 12“.„Противкандидатот кој не заслужува да му се спомене името – Брвеница има градоначалник! Победа имаме и во Дојран, Крушево и Кочани – нашето Кочани, кое мора да го издигнеме и поткрепиме. Победа и во Лозово, Могила, Македонски Брод, Ранковце, Неготино, Росоман, Чешиново-Облешево, Виница, Конче и Дебрца“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.Посебно се осврна на победата во Кичево, каде што, како што рече, „паднал митот дека градот припаѓа на некого“.„Падна Фатмир Дехари, падна од народот кој се обедини против недомаќинското работење. Таму заедно соработувавме – Македонци, Албанци, Бошњаци, Роми, Срби, Власи, Турци, христијани и муслимани. Ова е доказ дека можеме да се обединиме околу вредности, не околу поделби. Ова не е само локална победа, ова е победа за Македонија која созрева, за народ кој не се плаши“, рече Мицкоски.Алудирајќи на поразот на Стевчо Јакимовски во Карпош, тој порача:„Помина времето на локални шерифи кои се шетаа од еден во друг ќош. Тоа време заврши. Порака е испратена и до оние кои спремаа нечесни подземни игри – бомбата што ја спремаа им прсна во рака.“Мицкоски нагласи дека не е среќен поради дебаклот на СДСМ, но дека тоа е реалност која покажува дека „партијата не се реформирала“.„Ние не славиме против некого, туку славиме за Македонија – за новата енергија. И овие избори се порака до нас – да не се забегува со победата. Пораката е разбрана“, заврши премиерот.

Македонија | пред 6 месеци

WhatsApp-Image-2021-10-09-at-20.58.45

Герасимовски обезбеди уште еден мандат во Општина Центар, прогласи победа

Денеска победи прогресивното, слободното, модерното, чесното работење на фер демократски и слободни избори, изјави Горан Герасимовски кои вечерва прогласи победиа и уште еден градоначалнички мандат.Рече да се биде градоначалник е чест и признание.Да те изберат два пати за мене е најголема чест, а воедно и огромна обврска, победивме зошто работивме 4 години а не само 30 дена, комунициравме со граѓаните, обединувавме најважно од се имавме јасен пат, се водивме од принципи, а не од дневни политики, се водевме од чесност и правичност, постоиме заради граѓаните, рече Герасимовски. Се заблагодарувам на сите Вас, носители на победата, на нашиот Штаб, на сите членови и симпатизери на СДСМ, на сите волонтери, кои макотрпно и вредно, учествуваа во секоја минута од оваа кампања.Направивме голема, направивме огромна работа! Да се биде градоначалник е врвна чест и признание. Да те изберат двапати, за мене значи најголемо признание и чест. Уште повеќе, тоа за мене е највисока одговорност и обврска, која целосно ја прифаќам и која целосно ќе ја исполнам, заедно со нашиот тим.  Како победивме на овие тешки избори? Победивме, затоа што работевме четири години, а не 30 дена. Затоа што ветувавме тоа што е потребно и реално, а не измислени прииказни, филмови и лаги. Затоа што тоа што го ветивме го исполнивме.Затоа што знаевме да слушаме, да комуницираме, да слушаме од паметните, затоа што обединувавме, а не делевме, затоа што говоревме со јазикот на народот, и не навредувавме и не се каравме. Најважно од се, имавме јасен пат. Знаевме каде, зошто и за кого работиме и се движиме.Се водевме од принципи, а не од дневна политика. За нас слободата, еднаквоста, солидарноста, правичноста се највисоки вредности и принципи, како жива сила, а не зборови на хартија. Се водевме од чесност и праведност, и секогаш знаевме дека постоиме заради граѓаните, а никако обратно. Е ако така се работи, а ние така работевме, поддршката од граѓаните сигурно доаѓа. Тоа е потешкиот, но единствениот пат.Во оваа кампања се соочивме со нефер противници. Ако ние водевме фер и конструктивна кампања, тие правеа се спротивно.Ме навредуваа, ме клеветеа, лажно ме обвинуваа и си ги припишуваа резултатите себе си. И тоа луѓе, наши довчерашни соборци и соборки, кои од нивни, целосно промашени и лични, ефтини, мотиви, решија да бидат на страната на фотељашите, на кариеристите, на властољупците, на неработниците, на профитерите. И како што бива, изгубија. Исчезнаа, пропаднаа, останаа тивки вечерва. Граѓаните ги победија, им пратија трајна порака. Бидејќи Центар е паметен, мудар, искусен, ги препознава лажните ликови и нивните интереси, тие во Центар не поминуваат. Се покажа дека доброто со добро се враќа, работата со признание се враќа, а успехот од сето тоа е заеднички. Уште еднаш се покажа дека силата е во заедништвото, во вистината, во правдата...Ние ќе продолжиме понатаму како и досега, со силен мотив, со моќна работа да ги спроведуваме ветените Проекти. Затоа што тие им помагаат на граѓаните.Центар го подигаме на ново, повисоко ниво. Продолжуваме да ја пишуваме нашата заедничка нова приказна. Вечер ќе славиме, а од утре наутро, продолжуваме со силна работа.

Скопје | пред 6 месеци

media-libraryfe24boaj1b21fcVnLbL

(Видео) Венко Крстевски: Се боревме со партиски машинерии, но направивме историски успех

Независниот кандидат за градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, по завршувањето на изборниот ден им се заблагодари на сите граѓани кои ја поддржаа неговата кандидатура.„Сакам да се заблагодарам на сите храбри луѓе кои гласаа за нашата опција. Со жалење можам да констатирам дека поголем број излегоа на гласање и со уште поголемо жалење – затоа што гласаа за ВМРО-ДПМНЕ. На противкандидатот Владко Грозданов му посакувам среќа. Се боревме со партиски машинерии и покажавме историски успех. Нека ова биде порака до идните генерации да се борат за нашиот град“, изјави Крстевски.Тој нагласи дека иако не победил, резултатот е доказ дека независните иницијативи можат да бидат глас на граѓаните надвор од партиските рамки, и најави дека ќе продолжи да работи за интересите на Кочани.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryscr59f1blc9bd2wdVyY

(Видео) Орце Ѓорѓиевски триумфално под Порта ‘Македонија’

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вечерва триумфално помина под Порта „Македонија“, придружен од голем број симпатизери и членови на партијата.Со скандирања „Орце, Орце“ и „ВМРО-ДПМНЕ“, поддржувачите го поздравија Ѓорѓиевски, кој симболично влезе низ Триумфалната порта, во знак на победа и благодарност за поддршката.По краткиот марш, колоната продолжи кон централниот партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ, каде продолжи славеничката атмосфера по изборниот резултат.

Скопје | пред 6 месеци

media-library5stgsih1rtbedllZtkN

Филипче најави кадровски промени и потврди оставка на Чупевска

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, по завршувањето на изборниот ден најави внатрепартиски промени и конгрес, на кој ќе се дискутира за иднината на политиките и кадровските решенија во партијата.Тој изјави дека СДСМ останува втора партија по сила и прва во опозицискиот блок, потенцирајќи дека ова е „поттик за понатамошна борба со оваа власт која веќе ја губи поддршката“.„Јасно е какви промени се потребни и тие ќе бидат објавени по седницата на партиските одбори во наредните денови“, рече Филипче, додавајќи дека не размислува за оставка.Филипче потврди дека Ана Чупевска поднела оставка, но истакна дека ќе продолжи соработката со неа во друга форма, бидејќи, како што рече, „нејзиниот придонес за партијата е значаен“.

Македонија | пред 6 месеци

media-library4hd90ipi420t4eX0EkW

(Видео) Славје во Кичево – Александар Јовановски прогласи победа

Во Кичево вечерва владее славеничка атмосфера. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски, прогласи победа и ги повика граѓаните на градскиот плоштад да ја прослават, како што рече, „победата на Кичево“.„Водиме со голема предност и веќе почнуваме да славиме победа. Ги повикувам сите на градскиот плоштад, да видат што е Кичево. Работата е завршена“, изјави Јовановски од својот изборен штаб, додавајќи дека остануваат уште мал број ливчиња за пребројување, но без простор за калкулации.Негов противкандидат беше Фатмир Дехари од ДУИ.

Македонија | пред 6 месеци

media-library80v69uku2s8k7VmKduT

(Видео) Филипче: СДСМ е втора партија и прва во опозицијата – нема оставка

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва изјави дека според досега обработените податоци, партијата освоила три градоначалнички места во вториот круг — Зрновци, Центар и Македонска Каменица, покрај трите победи во првиот круг.„Им честитам на сите градоначалници, без разлика од која партија се. Во изминатите две недели, воочи вториот круг, се вршеа огромни притисоци врз кандидатите во сите 17 општини. Не се бираа ниту средства, ниту методи. Повторно се соочивме со истата деструктивна власт на ВМРО-ДПМНЕ, која ги злоупотребува сите институции“, рече Филипче.

Настани | пред 6 месеци

kasami-4

ДУИ изгуби и во Тетово, ВРЕДИ прогласи победа на Билал Касами со предност од 5.000 гласа

Коалицијата ВРЕДИ вечерва ја прогласи победата на актуелниот градоначалник на Тетово, Билал Касами, кој по вториот круг од локалните избори го обезбеди вториот мандат.На прес-конференцијата беше соопштено дека според последните прелиминарни резултати Касами е во убедливо водство со 5.000 гласа пред противкандидатот Бајрам Реџепи.Податоците, ажурирани во 20:30 часот, покажуваат дека се обработени 116 од вкупно 117 избирачки места, односно 99,15% од гласовите.

Македонија | пред 6 месеци

media-library5vd5fsf7goq55GfbRgN

(Видео) Максим Димитриевски прогласи победа, но е загрижен

Максим Димитриевски прогласи победа во Куманово. Сепак, рече дека е свесен за ниската излезност во градот што го сфаќа како порака од кумановци.„Ниската излезност е дека граѓаните негодуваат. Таа ќе биде предмет за анализа. За мене ниската излезност на кумановци значи дека нешто не штима. Ќе гледам во следните четири години, тој инструмент со кој раководам да го наштимам согласно волјата на граѓаните. Сега е ред да прославиме“, рече Максим Димитриевски, кандидат на ЗНАМ поддржан од ВМРО-ДПМНЕ за Куманово.

Настани | пред 6 месеци

media-libraryartn7f7j3a3d1yGcnDo

„Завршена е работата“ - Јовановски прогласи победа во Кичево

Водиме со голема предност и веќе почнуваме да славиме победа, ги повикувам сите на градскиот плоштад, да видат што е Кичево, изјави вечерва Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ кој од својот штаб прогласи победа.Тој се заблагодари на сите граѓани кои го дадоа гласот за него, нагласувајќи дека иако има уште мал број избирачки ливчиња кои треба да се допребројат, нема место за калкулации.„Работата е завршена“, рече тој.Негов противкандидат беше Фатмир Дехари од ДУИ.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryq391smun3hqg1rz3srw

(Видео) Сотир Лукровски го освои Карпош – славје со тапани и скандирања

Сотир Лурковски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Карпош, објави победа. Ова е првпат оваа победа да има избран кандидат за градоначалник.Групата насобрана во штабот во Карпош му пееше „градоначалниче, градоначалниче“, извикувајќи го неговото име. Потоа се извикуваше „ВМРО-ДПМНЕ“. Надвор пак, се слушаа тапани.

Настани | пред 6 месеци

media-library9if011qppq9f1x36VDs

(Видео) Д-р Владко Грозданов од ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во Кочани

Д-р Владко Грозданов од ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во Кочани. Тој рече дека има многу приоритети. Пред сѐ да се смират и сплотат, пред да продолжат заедно кон нова иднина.„И покрај се што се случи, Кочани го одбрани своето достоинство. Покажа дека е со иднина, со желба за мир и просперитет, а не за револуција и омраза. Ова е победа за сите нас, за нацијата. Од утре продолжуваме сите заедно, кон нови просперитети, за иднината за повторно раѓање на Кочани“, рече Д-р Владко Грозданов од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryuii37v5athoh6YX3e0o

(Видео) Веќе се слави: Менди Ќура победник во Струга – пораз за ДУИ по години власт

Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), во Струга водство има Менди Ќура, независен кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, пред досегашниот градоначалник Арсим Далипи од Алијансата за интеграција (НАИ). Според податоците на аналитичките штабови, тој е веќе победник.📊 Резултати според моменталната обработка:Менди Ќура (независен, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ): 11.153 гласа (50,10%)Арсим Далипи (НАИ): 10.784 гласа (48,44%)Во избирачкиот список се запишани 62.711 гласачи, од кои на гласање излегле 22.261, што претставува излезност од 39,73%.Од вкупно 101 избирачко место, досега се обработени 92 (или 91,09%). Евидентирани се 21.937 важечки гласачки ливчиња и 1.084 неважечки.Со ова, според првичните резултати, ДУИ ја изгуби и Струга, која со години беше под нивно раководство. Менди Ќура веќе ја прослави победата, објавувајќи видеа од славенички собири во градот.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryartn7f7j3a3d1yGcnDo

Историски пресврт во Кичево – ВМРО-ДПМНЕ повторно со градоначалник по 20 години

Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), во Кичево убедливо водство има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски, пред кандидатот на Алијансата за интеграција – НАИ, Фатмир Дехари. Во Кичево, ВМРО-ДПМНЕ веќе слави.📊 Резултати според моменталната обработка:Александар Јовановски (ВМРО-ДПМНЕ): 10.557 гласа (56,76%)Фатмир Дехари (НАИ): 7.458 гласа (40,09%)Во избирачкиот список се запишани 51.016 гласачи, а на гласање излегле 18.601, што претставува излезност од 53,90%.Од вкупно 119 избирачки места, досега се обработени 84 (или 70,59%). Евидентирани се 18.015 важечки гласачки ливчиња и 586 неважечки.Според аналитичкиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, партијата ја запишува историската победа во Кичево, каде по дваесет години повторно ќе има градоначалник Македонец.

Македонија | пред 6 месеци

media-library415oe8ejqkrve52FWvF

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ во Крушево, иако во првиот круг губеше

Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), во Крушево водство има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Нико Чончески, пред кандидатот на СДСМ, Томе Христоски.Резултати според моменталната обработка:Нико Чончески (ВМРО-ДПМНЕ): 1.381 гласа (49,89%)Томе Христоски (СДСМ): 1.322 гласа (47,76%)Во избирачкиот список се запишани 7.774 гласачи, од кои на гласање излегле 2.768, што претставува излезност од 68,03%.Од вкупно 23 избирачки места, досега се обработени 15 (или 65,22%). Евидентирани се 2.703 важечки гласачки ливчиња и 65 неважечки.

Македонија | пред 6 месеци

media-librarya0iapagcihlg0VWRwpV

Центар: Герасимовски пред Лабудовиќ со над 1.500 гласа разлика

Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК) за општина Центар, кандидатот на СДСМ, Горан Герасимовски, има предност пред кандидатот на движението ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ.Резултати според моменталната обработка:Горан Герасимовски (СДСМ): 6.393 гласа (51,95%)Мирослав Лабудовиќ (ЗНАМ): 4.820 гласа (39,17%)Во избирачкиот список се запишани 44.109 гласачи, а на гласање излегле 12.306, што претставува излезност од 47,91%.Од вкупно 78 избирачки места, досега се обработени 50 (или 64,1%). Евидентирани се 11.193 важечки гласачки ливчиња и 1.113 неважечки.

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања