Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-librarysj2l5urhsu5ra48FTpQ

Грција има 800.000 празни домови: Околу 12% од станбениот фонд стои празен

Околу 12% од вкупниот станбен фонд во Грција, односно околу 800.000 недвижности низ целата земја, остануваат празни, а дел од нив под одредени услови би можеле да се активираат во борбата против станбената криза, пишува Екатимерини.Станува збор за имоти кои не се викенд-куќи, па постои можност да се вклучат во станбената понуда со соодветни мерки, според Мандо Зисопулу, директорка за станбена политика во Министерството за социјална кохезија и семејство.Зборувајќи во неделата на Форумот за недвиж

Свет | пред 5 месеци

media-libraryal7tn11j3fht2MfVpaw

Романски борбен авион Ф-16 собори украински дрон над Естонија

Романски борбен авион Ф-16 Fighting Falcon утрово собори украински дрон над Естонија, изјави естонскиот министер за одбрана, Хано Певкур.Според него, авионот бил на тренажен лет кога пилотите ја идентификувале целта и лансирале ракета воздух-воздух.Дронот бил соборен над езерото Вирцјарв, а неговите остатоци паднале на полиња во селото Каблакула.Како што пренесуваат медиумите, романскиот ловец бил стациониран во воздухопловната база Шауљај во Литванија, во рамки на мисијата на НАТО за контрола н

Свет | пред 5 месеци

media-libraryvbvs4idciofvewovVMy

(Видео) Турист скокна во Фонтаната ди Треви, Италијанците бараат построги казни

Турист од Нов Зеланд предизвика бурни реакции во Италија откако скокна и се капеше во познатата Фонтана ди Треви.Триесетгодишниот турист, облечен во фармерки, маица и чевли, влезе во фонтаната и пливаше и покрај предупредувањата од полицијата да излезе.На крајот, тој беше казнет со 500 евра и доби забрана за враќање на локацијата.Снимката од инцидентот брзо се прошири на социјалните мрежи, а многу Италијанци побараа значително построги казни за туристите кои се однесуваат несоодветно.Инцидентот

Свет | пред 5 месеци

media-library441mtk6mj6boedOpA8X

Пожарот на депонијата во Радовиш продолжува, надлежните со апел до граѓаните

Радовишката депонија и натаму е зафатена од пожар кој трае веќе петти ден, а надлежните служби сè уште работат на негово целосно локализирање.На терен е ангажирана тешка механизација која врши насипување со земја за да се спречи понатамошно ширење на огнот.Поради сериозноста на состојбата, градоначалникот на Радовиш и командантот на Кризниот штаб, Љупче Почивалец, во координација со Центарот за јавно здравје – Штип, упати апел до граѓаните да избегнуваат непотребен престој на отворено и да го ог

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryeiv4cqqpk785dSRFFHp

Андоновски: Градењето отпорност во сајбер просторот е прашање на соработка и координација

Mинистерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во рамки на работната посета на Вилнус остварил билатерална средба со Томас Годлиаускас, на која било разговарано за зајакнување на соработката во областа на сајбер-безбедноста.На средбата се дискутирало за размена на искуства и градење поотпорни институционални капацитети за справување со современите дигитални закани.Андоновски истакнал дека сајбер-безбедноста е еден од клучните предуслови за успешна дигитална трансформација и заштита на

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryn3gbq2t3qg7u94zzN3j

Тешка сообраќајна несреќа во Земун: Автомобил удри шестгодишно дете

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска околу 13 часот на Батајничкиот пат во Земун, пренесува „Телеграф.рс“.Според првичните информации, автомобил налетал на шестгодишно момче во непосредна близина на трговскиот центар „БН Бос“.Несреќата била исклучително драматична, а возилото со тркалото му ја прегазило раката на детето.На местото веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која брзо го згрижила повреденото момче.Шестгодишното дете се здобило со повреди на екстремитетите и со во

Балкан | пред 5 месеци

media-libraryf60ounp7vfpt54rU6kP

Руски експерти наскоро повторно ќе работат во нуклеарната централа во Иран

Руската државна компанија за нуклеарна енергија „Росатом“ проценува дека нејзиниот персонал во наредните недели ќе може повторно да се врати во нуклеарната електрана Бушер во Иран, изјави генералниот директор на корпорацијата Алексеј Лихачов.„Убеден сум дека во следните недели ќе можеме да го реализираме нашиот план за обновување на работната сила и да го зголемиме темпото на изградба според планираните цели“, изјави Лихачов пред новинарите.„Росатом“ во моментов гради два нови блока во нуклеарна

Свет | пред 5 месеци

media-librarykn6i9kt9098s3P5bl60

Поранешниот шпански премиер под истрага за корупција

Поранешниот шпански премиер Хосе Луис Родригез Запатеро се најде под кривична истрага поради сомнежи за трговија со влијание и други кривични дела поврзани со државна помош од 53 милиони евра доделена на авиокомпанија поврзана со Венецуела за време на пандемијата на коронавирусот.Запатеро, социјалист кој беше премиер на Шпанија од 2004 до 2011 година, е првиот поранешен шпански премиер кој станал осомничен во кривична постапка и е повикан на сослушување пред Врховниот кривичен суд на Шпанија на

Свет | пред 5 месеци

media-library2qvfr94tf4qd6cw1JiE

Ѓорѓиевски: ЗЕЛС формира кризен противпожарен штаб пред летната сезона

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска се одржала редовна седница на Управниот одбор на ЗЕЛС, на која се разговарало за актуелните предизвици со кои се соочуваат општините и биле донесени повеќе одлуки.Како една од клучните одлуки, Ѓорѓиевски го посочи формирањето кризен противпожарен штаб при ЗЕЛС, со цел подобра координација меѓу општините при евентуални пожари во текот на летниот период.„Безбедноста на граѓаните, заштитата на имотот и навремената реакција мо

Скопје | пред 5 месеци

policija-turcija

Масовно пукање во Турција: Убил шест лица, па се самоубил пред полицијата

Маж осомничен за серија смртоносни пукања во јужна Турција се самоубил откако бил опколен од безбедносните сили, објави „Вашингтон пост“.Според информациите, 37-годишниот осомничен, вооружен со пушка, во градот Тарсус, во провинцијата Мерсин, ги убил сопругата и уште пет лица, а ранил осуммина.Полицијата организирала голема потрага во која биле вклучени хеликоптери и дронови, по што осомничениот бил лоциран во куќа каде што се криел. Според медиумските извештаи, тој си го одзел животот непосредн

Свет | пред 5 месеци

media-library7t5p8jhrc2l37GWY2KW

Воен авион на НАТО собори дрон над Естонија

Воен авион на НАТО соборил дрон над Естонија за кој постои сомнеж дека ѝ припаѓал на Украина, соопштија естонските власти, во услови на сè почести нарушувања на воздушниот простор во балтичкиот регион.Инцидентот се случува во време кога Украина ги засилува нападите со беспилотни летала врз руска територија.Соседна Латвија исто така издаде предупредување поради појава на дронови и ги повика жителите во близина на руската граница да останат во своите домови.Латвиската армија соопшти дека во регион

Свет | пред 5 месеци

media-libraryuidl2tpvr50v4M7V5Sd

Европски разузнавачки служби тврдат дека Кина тајно обучувала руски војници за војната во Украина

Кинеската армија кон крајот на минатата година тајно обучувала околу 200 руски војници на територијата на Кина, а дел од нив во меѓувреме се вратиле на боиштето во Украина, објави Ројтерс, повикувајќи се на сознанија од три европски разузнавачки агенции и документи во кои агенцијата имала увид.Иако Кина и Русија од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година одржаа повеќе заеднички воени вежби, Пекинг постојано тврди дека има неутрална позиција во конфликтот и дека настапува како ми

Свет | пред 5 месеци

media-library1lq9d1quchm6aGqAfZ9

Полицијата приведе седум возачи - петмина возеле без дозвола, еден пијан и со забрана

Министерство за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата биле лишени од слобода седум возачи поради безобѕирно управување возило.Според полицијата, петмина од нив управувале возила без возачка дозвола, еден возач возел со брзина поголема од дозволената, а еден управувал возило и покрај активна забрана, под дејство на алкохол.Двајца возачи биле приведени во Прилеп, а по еден во Скопје, Гостивар и Гевгелија поради возење без дозвола.Во Гевгелија

Македонија | пред 5 месеци

media-library611d66v366t2bg9nU3D

„Бројот на стипендии не се намалува, ниту партиципацијата во студентските домови се зголемува, напротив студентите ќе добијат реновирани домови и мотивирачки стипендии“, вели Конески

Членот на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески на денешната прес-конференција порача дека бројот на студентски стипендии не се намалува, ниту се зголемува партиципацијата во студентските домови, обвинувајќи го СДСМ за манипулации и ширење невистини.Според Конески, бројот на стипендиите не е дел од измените на Законот за студентски стандард, туку се утврдува секоја година согласно Буџетот и потребите на државата.Тој истакна дека со законските измени се овозможува подобра распределба на стипенди

Македонија | пред 5 месеци

droga-1

МВР со повеќе акции против трговија со наркотични супстанци

Министерство за внатрешни работи информира за повеќе случаи поврзани со недозволена трговија и поседување наркотични супстанци на подрачјата на Гостивар, Скопје и Кочани.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против Л.Ѓ.(39) и Г.Н.(42), двајцата од Гостивар, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.Според полицијата, на 7 ноември 2025 година при пре

Македонија | пред 5 месеци

media-library72q79m3lccl70doF8Za

Тешко повредени две лица по излетување на автомобил кај Гевгелија

Министерство за внатрешни работи информира дека на 19 мај околу 00:10 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат Богданци – Гевгелија патничко возило „фиат“ со гевгелиски регистарски ознаки излетало од коловозот.Возилото го управувал Д.Б.(50) од Богданци, а во несреќата тешки телесни повреди добиле и возачот и сопатникот С.П.(52) од Богданци.Повредите биле констатирани во Медицински центар Гевгелија.Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Гевгелија.

Македонија | пред 5 месеци

media-library46n78dcmmu623BMT0V5

Љутков: Со 25 милиони денари, целосно реконструиран Спомен-домот на Разловечкото востание и поставена нова музејска поставка

Зоран Љутков од селото Разловци порача дека „Македонија предолго живееше со страв да не навреди некого ако се сака себеси“, на одбележувањето на 150-годишнината од Разловечкото востание.На свеченоста, министерот оцени дека Разловци претставува „највисок пантеон на македонскиот опстој“ и симбол на непокорот што, како што рече, никој не успеал да го замолчи.Во своето обраќање, Љутков нагласи дека Разловечкото востание е еден од темелите на македонската борба за слобода и државност, додавајќи дека

Македонија | пред 5 месеци

media-library4os7f68squqkfBLa0MX

Филков со остра реакција за протестите за албанскиот јазик – македонскиот јазик е уставна вредност и обврска

Игор Филков остро реагираше на протестите и барањата правосудниот испит да може да се полага на албански јазик, оценувајќи дека станува збор за обид чувствителното прашање да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација.Министерот истакна дека правосудниот испит не е политичко, туку прашање на стручност, професионалност и почитување на правниот поредок на државата.Според него, обидите законската обврска за познавање на македонскиот јазик да се прикаже како дискриминација пре

Македонија | пред 5 месеци

media-library4r2ei7icocg038e47y2

„Каков блам: Следно е Филипче да држи прес за колекционерство на салфетки и за нумизматика“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ со реакција го нападна лидерот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека неговите прес-конференции се „комбинација од театар на апсурд и евтина претстава“.Во соопштението се наведува дека СДСМ од „партија што барем глумеше сериозност“ се претворила во политичка група без јасен правец и тежина.Од ВМРО-ДПМНЕ иронично посочуваат дека „следно е Филипче да одржи прес-конференција за нумизматика, колекционерство на салфетки или ретки поштенски марки“, обвинувајќи го дека во настапите меша тем

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryoo0m4b65g0og03LWaos

(Видео) Петти ден Радовиш се гуши во чад, граѓаните објавија видео: Личи на Лондон, има дури и депонија

Во близина на Радовиш веќе подолг период проблем претставува градската депонија, од која при пожари и горење се шири густ чад, непријатна миризба и потенцијално штетни материи. Ова дополнително ја зголемува загриженоста кај граѓаните за квалитетот на воздухот и влијанието врз здравјето на населението.Жителите велат дека веќе петти ден по ред се забележува чад кој доаѓа од депонијата.На Фејсбук е објавено и видео на кое се гледа како над градот има бел чад, при што граѓаните го коментираат пробле

Настани | пред 5 месеци

media-library0og93ig31f3kaqfImc3

Општина Радовиш излезе со итни насоки: Маски, затворени прозорци и ограничено движење, да се избегнува престој на отворено

Општина Радовиш соопшти дека пожарот на градската депонија, кој избувнал во петокот попладне, сè уште не е целосно изгаснат, иако во последните два дена нема активен пламен, туку густ чад што се шири над градот.Градоначалникот на Радовиш и командант на Кризниот штаб, Љупче Почивалец, информираше дека општината, заедно со противпожарните служби и јавните претпријатија, е целосно ангажирана во справување со состојбата.Според него, по препорака на институции со искуство во вакви интервенции, било о

Македонија | пред 5 месеци

media-library9bmtdpdg3r2l4VgftKa

Средношколка физички нападната од соученик, таткото тврди дека трпела и психичко малтретирање

Министерство за внатрешни работи информира дека во СВР Скопје бил пријавен случај на физички напад врз малолетничка во средно училиште на подрачјето на Карпош.Според пријавата, О.С.(45) од Скопје на 18 мај околу 19:15 часот пријавил дека истиот ден околу 14:30 часот неговата 17-годишна ќерка била физички нападната од нејзин соученик.Како што навел пријавителот, ученичката подолг период била и психички малтретирана од истиот ученик.Од полицијата соопштија дека се преземаат мерки за расчистување н

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryf9t4pmg7msr854l6NKp

Ја држеле ќерка му за врат, кога се обидел да ја спаси го удриле со кундак од пиштол

Министерство за внатрешни работи информира дека во СВР Скопје било пријавено дека 41-годишен жител на селото Кондово бил физички нападнат и удрен со кундак од пиштол.Според пријавата, Н.Ш.(41) на 19 мај околу 01:45 часот пријавил дека претходната вечер, околу 21:30 часот пред неговиот дом, Б.И.(18) физички го нападнал и му нанел повреда.Како што било пријавено, претходно во текот на денот неговата малолетна ќерка имала расправија со друга малолетничка. Кога забележал дека Б.И. и уште едно лице ј

Македонија | пред 5 месеци

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Маж физички ја нападнал сопругата во Кочани

Министерство за внатрешни работи соопшти дека ОВР Кочани поднела кривична пријава против Р.Ј.(27) од Кочани поради сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.Според информациите од полицијата, на 26 април 2026 година пријавениот физички ја нападнал својата сопруга и ѝ нанел повреди.По документирање на случајот, против него е поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 5 месеци

media-library1vo6kr7l1476ejWDj7a

Малолетник се заканувал со пиштол по расправија во Оризари

Министерство за внатрешни работи информира дека ОВР Кочани поднела известување против 16-годишник од селото Тркање поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.Според информациите, на 13 март 2026 година во селото Оризари, по претходна расправија, малолетникот со пиштол му се заканувал на М.Д.(18) од Оризари.Од полицијата соопштија дека против малолетникот е поднесено соодветно известување по документирање на случајот.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања