Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

90

Сега има алтернатива на затворот - пуштени во употреба алките, со кои осуденици и дома може да ја издржуваат казната

Министерот за правда Игор Филков присуствуваше на промоција на надградениот систем за електронски надзор во тренинг центарот на КПД Идризово.Овој процес кој е резултат на сериозна работа и посветеност на Министерството за правда, Управата за извршување на санкциите и поддршката од нашите партнери, претставува чекор напред во реализацијата на европските стандарди за извршување на казните и унапредување на човековите права.„Електронските алки не се само технолошки уреди – тие се алатка за реформа.Тие се симбол на една нова, современа пробациска политика. Преку нивното користење, овозможуваме:Алтернатива на затворот,Намалување на пренатрупаноста во казнено-поправните установи,Подобра ресоцијализација иПоголема безбедност за граѓаните.Ова не е само техничка надградба – тоа е јасна определба дека правдата може да се спроведува со достоинство и почитување на човековите права”,истакна министерот Филков.Дополнително, со новиот Закон за пробација, чиј предлог е веќе подготвен во Министерството за правда, многу скоро ќе биде објавен на ЕНЕР, воспоставуваме правна рамка која овозможува поширока примена на куќен притвор, условен отпуст и ресторативна правда, сето тоа под буден, но хуман надзор.„Со тоа,ги охрабруваме надлежните да пристапат кон пробацијата многу похрабро за во иднина заеднички да ја отстраниме црната дамка која што беше фрлена досега на изречените мерки- куќен притвор. Довербата и сигурноста во системот мораме да ги вратиме.Ќе продолжиме да работиме на реформи кои носат вистинска промена, и ќе изградиме правосудство кое е достапно, правично и во служба на граѓаните,”порача министерот за правда, Игор Филков.

Македонија | пред 1 година

2402025_Mickoski_pres_2

Мицкоски: Стратешкото партнерство носи бенефит за граѓаните- модернизација на железницата од Коридорот 10 и група на проекти во здравството

Денес при посетата на тренинг центарот во Идризово, каде што беше промовиран новиот пристап за третман на лица прекршители на законите, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски даде изјава и во врска со историскиот договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.„Првата причина е стратешка и политичка. Колку повеќе стратешки договори и вакви партнерства имаме со големи и значајни светски фактори, како што е Обединетото Кралство, толку подолгорочна ќе биде стабилноста и перспективата на Македонија како држава, но и на граѓаните. Јас на овој договор гледам како на чекор напред во таа насока. Убеден сум дека ваквиот вид пријателство и партнерство може да донесе само добри работи за граѓаните.“, изјави премиерот Мицкоски.„Во економска смисла- тоа е втората причина- веќе споменавме дека имаме рамка со која ни се ставаат на располагање околу 6 милијарди евра, или околу 5 милијарди фунти. Станува збор за два типа на проекти кои се договорени за работа.Првиот е реконструкција, модернизација и изградба на уште еден колосек на пругата што е дел од Коридорот 10, на потегот од Табановце до Гевгелија.Втората група проекти се поврзани со здравството: конечно завршување на Клиничкиот центар Штип, заедно со Медицинскиот факултет и студентскиот дом со 200 легла, завршување на здравствената установа во Кичево и реконструкција на Клиничката болница во Тетово.“„Продолжуваме и понатаму да ја искористуваме рамката што ни стои на располагање. Тука, секако, спаѓаат проекти од енергетиката, проекти особено од транспортот, како и проекти од областа на медицината и здравството.“, истакна Мицкоски.„Можно е, во догледно време, доколку сè функционира на начинот на којшто очекуваме, да биде изграден и големиот клинички центар во Скопје . Така што, придобивките ќе се мултиплицираат, и јас сум убеден дека како држава сме на прагот на еден трансформационен период.Станува збор за трансформациони проекти кои што имаат за цел да додадат вредност- не само во квалитетот на живот на граѓаните тука, туку и генерално во македонската економија.“, дециден е премиерот Мицкоски.Во престојните денови ќе биде остварена и посета на Лондон каде високи делегации од двете влади ќе потпишат договор.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-11-at-10.57.34

Ќе биде ли Османи гонет за продажба на македонскиот идентитет?

Откако го обвинуваше Бујар Османи за велепредавство и продавање на македонскиот идентитет, премиерот Христијан Мицкоски одговорина новинарско прашање, дали ќе покрене случај против ексминистерот за надворешни работи. Тој кажа дека тоа им го препуша на обвинителите.„Ако некој презема, треба да преземе Обвинителството. Тука јас не би имал што да додадам. Тоа е независен орган. Нив треба да ги прашате дали се прекршени закони, Уставот..“, рече Мицкоски.Во низа наврати, Мицкоски го обвинуваше Османи дека прегоаварајќи со земјите од соседството и ЕУ, тој го продавал македонскиот идентитет, прифаќајќи неповолни условувања за Македонија, кои треба да се „платат“ за за се чекори по европскиот пат.

Македонија | пред 1 година

mickoski-i-siljanovska-1170x658-1

Мицкоски за изборот на нов гувернер: Нема несогласувања со Сиљановска, разговаравме за кандидати, деновиве треба да се видиме

Премиерот Христијан Мицкоски посочува дека името на предлогот за нов гувернер ќе се знае идните денови. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова нема одлучено кого ќе предложи иако во игра се имињата на Трајко Славески и Зоран Ставревски. Мицкоски тврди дека нема несогласувања со претседателката.„Јас добив информација од претсеателката дека оваа недела ќе биде испратен предлогот. Претседателката имаше консултации викендов. Деновиве ќе треба да се видиме и да поразговараме“, рече Мицкоски.Прашан дали тој и претседателката имаат несогласувања, одговори: „Нема несогласувања.. Не сме разговарале за кандидат, туку кандидати“.

Македонија | пред 1 година

mickoski-3

Големи структурни промени во ВМРО-ДПМНЕ од крајот на годинава, а оваа недела многу работи ќе бидат појасни за структурата на Владата

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, вели дека по редовниот конгрес кој е закажан за кон крајот на годинава, ќе има големи промени во рамки на партијата.„По редовниот конгрес, нормално е да има големи промени во рамките на структурите на партијата, но и на општинските комитети. Тоа многупати сум го најавил“, рече Мицкоски.Прашан кога ќе предложи нов министер за здравство, Мицкоски рече: „Оваа недела ќе има многу работи појасни. А едно е јасно - на пет месеци до локалните избори имаме два блока - а тоа блокот од минатото кој е блок на криминалот и спортуваше во кабинетите; и втор блок е блокот на граѓаните“.„А кај Владата, мислам дека периодот кој што е пред нас, треба да емотив за сите нас, да дадеме дополнителна енергија, бидејќи тоа им го должиме на граѓаните. Треба многу работи да се решаваат“, посочи тој.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-05-19-at-11.39.47

Можеби нема да освојат ниту еден градоначалник, иако се конкурентни во четири општини, вели Мицкоски за СДСМ

Премиерот Христијан Мицкоски, прогнозира СДСМ да не освои ниту еден градоначалник, а вели дека засега се конкурентни во четири општини. Тој посочува дека опозициската партија води политика преку која критикува сѐ што Владата прави, а за него, тоа не е во ред, и вели: „Не може да не чини сѐ што ние правиме. Не може сѐ по било која основа да се критикува, вклучувајќи го договорот со Обединетото кралство“.„Јас очекувам врз основа на бројките, убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Јасен бев вчера, можеби таму каде е конкурентен СДСМ се максимум четири општини, иако да бидам искрен, ако вака неодговорно се однесуваат, можеби и да нема да освојат општина на следните локални избори“, рече Мицкоски.На крајот од месецов, односно на 28 мај е закажана седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.„Ќе направиме листа со десетици имиња кои ќе ги претставам на Извршниот комитет, а ако добијат зелено светло одат на Централен комитет за да се одобри кандидатурата на идните градоначалници“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-21-at-09.54.38

Трамп му посака брзо закрепнување на Бајден кој има агресивна форма на рак на простата

На поранешниот американски претседател Џо Бајден му е дијагностицирана агресивна форма на рак на простата која се проширила на неговите коски.Бајден, кој има 82 години, со неговото семејство моментално разговараат за опциите за лекување со своите лекари.Американскиот претседател Доналд Трамп изрази жалење за веста дека поранешниот претседател Џозеф Бајден боледува од рак на простата, посакувајќи му брзо закрепнување.„Меланија и јас сме тажни што слушнавме за медицинската дијагноза на Џо Бајден. Им испраќаме најтопли и најдобри желби на семејството, а на Џо му посакуваме брзо и успешно закрепнување“, напиша Трамп.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-02-10-at-08.55.43

Непрофитна организација: Терористите го користат X-от на Маск за пропаганда

Koj плаќа за сината ознака на платформата X (порано Твитер) denes? Според нов извештај од непрофитната организација „Проект за транспарентност на технологијата“ (TTP), одговорот е: многу терористи.Истрагата на TTP откри дека повеќе од 200 корисници на X, вклучувајќи лица поврзани со Ал-Каеда, Хезболах, Хамас, бунтовниците Хути и разни милиции од Сирија и Ирак, сите од кои се означени како странски терористички организации (FTO) од страна на американската влада, плаќаат претплатнички такси за премиум услуги на платформата предводена од Елон Маск.Едноставно кажано, Маск работи со луѓе поврзани со терористички групи, што уште еднаш открива сериозни недостатоци во политиката за модерирање на содржината на X.Претплатите им обезбедуваат на терористичките корисници сина ознака за верификација, што им дава на нивните сметки изглед на легитимитет, но и пристап до моќни алатки: можност за монетизација на содржината, објавување подолги објави и видеа и зголемување на досегот на објавите.„Покрај тоа што сакаат престиж на сината ознака, нивните претплати се користат за ширење долги пропагандни пораки и видеа“, изјави Кејти Пол, директорка на TTP, за „Њујорк тајмс“. „Користењето на премиум услуги значително го олеснува дистрибуирањето и монетизацијата на пропагандата, како и промоцијата на кампањи за собирање средства.“Според правилата на X, корисниците не смеат да купуваат премиум услуги ако се поврзани со организации кои се предмет на економски санкции од САД, вклучувајќи ги и оние што ги надгледува Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД.Ни X ниту Министерството за финансии не одговорија на барањата од NYT.Иако X тврди дека спроведува ревизии на сметки за да ја потврди подобноста, бидејќи Маск ја направи ознаката достапна за секој што плаќа, тој систем повеќе не функционира.Минатата година, слична истрага од страна на TTP откри повеќе од дваесетина корисници поврзани со тероризам кои имале сини ознаки. Некои беа суспендирани или нивните ознаки беа отстранети по објавувањето на извештајот, но неколкумина оттогаш повторно добија пристап до премиум опции, истакнува The New York Times.

Свет | пред 1 година

mkd-eu-makedonija-eu-nato

И на нас ни е од почеток јасно дека нема начин како да се избегнат уставните измени, но тие да бидат последен билатерален услов, вели Муртезани

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, за пораките испратени од Европската Унија, вели дека им е јасно дека нема начин како да се избегнат уставните измени и вметнувањето на Бугарите.Тој вели: „Наша одговорност е тие уставни измени да бидат последниот билатерален услов. Нема проблем ако сите земји членки имаат дополнителни барања, но да бидат за европски стандарди, а не да содржат билатерални прашања.„Нашето инсистирање не е на еден предлог, туку да нема билатеризирање на преговорите. За да се случат разговорите, мора да градиме меѓусебна доверба со Бугарија и да веруваме во ЕУ“, рече Муртезани.

Македонија | пред 1 година

IMG_4069

Предлогот на Сиљановска Давкова за нов гувернер на НБРМ денес во Собрание, ќе се гласа во вторник

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска до Собранието ќе го достави предлогот за нов гувернер на Народната банка, а пратениците ќе гласаат во вторник.Седумгодишниот мандат на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска истекува на 21 мај.Таа беше првата жена на оваа позиција, избрана со двотретинско мнозинство во 2018 година, со поддршка од сите пратенички групи.Во јавноста веќе се споменуваат неколку потенцијални имиња за нов гувернер. Меѓу нив се поранешните министри за финансии Зоран Ставрески и Трајко Славески, потоа актуелната гувернерка Бежоска и поранешната вице-гувернерка Маја Кадиевска Војновиќ.

Македонија | пред 1 година

murtezani-tirana-2

И други пратеници ќе го напуштат Таравари, најавува Муртезани

Министерот за Европски прашања, Орхан Муртезани, смета дека трендот, пратеници да го напуштаат крилото на Арбен Таравари, ќе продолжи.„Според нашите неофицијални информации, ќе продолжи. Револтот таму е голем. Трендот ќе продолжи“, рече Муртезани.

Македонија | пред 1 година

IMG_1920

Ќе му се суди на мажот кој се закануваше на судија од Гостивар, му е обраќал со висок тон

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.„На 29 април, во селото Вруток, обвинетиот се заканил дека ќе нападне врз животот или телото на службено лице – судија во Основниот суд во Гостивар. Заканите биле упатени во врска со вршењето на професионалните задачи кои судијата ги преземал во рамките на своите овластувања.Обвинетиот влегол во дворот на семејната куќа на судијата, го прашал дали го познава и директно почнал да му се заканува, споменувајќи поврзаност со наводна судска постапка. По упатените закани на висок тон си заминал.Со обвинителниот предлог, надлежниот јавен обвинител достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот“, велат од обвинителството.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-09-at-10.27.31

Трамп денес ќе разговара со Путин за завршување на војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за мирот во Украина, додека европските лидери бараат Кремљ да прифати итен прекин на огнот за да се стави крај на најсмртоносниот конфликт во регионот од Втората светска војна.Путин испрати илјадници војници во Украина во февруари 2022 година, предизвикувајќи ја најсериозната конфронтација меѓу Русија и Западот од Кубанската ракетна криза во 1962 година.Трамп, кој вели дека сака да биде запаметен како миротворец, постојано повикува на прекин на „крвопролевањето“ во Украина, кое неговата администрација го прикажува како посредничка војна меѓу САД и Русија.Под притисок на Трамп, претставниците од завојуваните земји се состанаа во Истанбул минатата недела за прв пат од март 2022 година, откако Путин предложи директни разговори, а Европејците и Украина повикаа на итен прекин на огнот.„Темите на повикот ќе бидат запирање на „крвопролевањето“, кое убива просечно повеќе од 5.000 руски и украински војници неделно, и трговија“, напиша Трамп на својата веб-страница Truth Social.„Се надевам дека ќе биде продуктивен ден, дека ќе се постигне прекин на огнот и дека оваа многу насилна војна, војна што никогаш не требаше да се случи, ќе заврши.“Трамп, кој рече дека напредокот во прекинот на огнот е малку веројатен додека не се сретнат тој и Путин, рече дека ќе разговара со Путин во понеделник во 16 часот. Кремљ соопшти дека подготовките за повикот се во тек.Трамп, чија администрација јасно стави до знаење дека Русија може да се соочи со дополнителни санкции ако не ги сфати сериозно мировните преговори, рече дека ќе разговара и со украинскиот претседател Володимир Зеленски и разни членки на НАТО.Путин, чии сили контролираат една петтина од Украина и напредуваат, цврсто стои на своите услови за завршување на војната, и покрај јавниот и приватниот притисок од Трамп и повторените предупредувања од европските сили.Во неделата, Русија го започна својот најголем напад со беспилотни летала врз Украина од почетокот на војната. Украинското разузнавање соопшти дека верува и дека Москва има намера да лансира интерконтинентална балистичка ракета во недела, иако немаше потврда од Русија.

Свет | пред 1 година

498161146_18143627293385573_8125913579072797884_n

Никушор Дан, проевропеец и антикорупционер е нов претседател на Романија

Никушор Дан, градоначалник на Букурешт, поранешен олимпиец по математика и активист против корупцијата и дивоградбите, е избран за нов претседател на Романија. Како независен кандидат со проевропски и антикорупциски пораки, тој го победи националистот Ѓеорѓе Симион во вториот круг од изборите, освојувајќи околу 55% ​​од гласовите.Како градоначалник, неговиот модел на управување се засноваше на транспарентност, објавување на сите јавни набавки и инсистирање на законитост, што му донесе углед на чесен политичар.„Ова е победа на илјадници и илјадници луѓе кои веруваат дека Романија може да се развива во вистинската насока“, им рече Дан на своите поддржувачи.Симион го призна поразот.„Би сакал да му честитам на мојот противник, Никушор Дан. Тој победи на изборите, тоа беше волјата на романскиот народ”, напиша на ФБ Симион.

Свет | пред 1 година

ustaven-sud

Уставен со судија помалку, изборот на Елизабета Дуковска, известител за Законот за јазици бил незаконски

Се комплицира работата на Уставниот суд по пресудата на Управен дека изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска од 2023 година е незаконски.Судскиот совет тогаш го ускратил правото на еднаква можност на останатите кандидати да се претстават и за нив да се гласа, откако констатирал дека Дуковска го добила потребното мнозинство и ја прекинал постапката.Собранието потоа со 64 гласа „ЗА“ ја избра Дуковска за уставна судијка. Тогаш претседателка на Судски совет била Весна Дамова, а претседател на Собранието Талат Џафери.Африм Гаши, претседател на Собранието го извести Судскиот совет за новонастанатата состојба. Сега треба да почне нова постапка за избор на уставен судија. Гаши по оваа одлука очекува предлог за нов член на Уставниот суд.Дуковска инаку беше судијка известител во предметот за Законот за употреба на јазиците.Нејзиното заминување од Уставниот суд отвора можност за одложување на одлуката за Законот за употребата на јазиците. Уставниот суд веќе донесе заклучок дека за овој предмет мора да одлучува во полн состав на судии.Што ќе се случи и со другите предмети на кои Дуковска работела, пример измените во Кривичниот законик, со кои всушност се спасија корумпирани функционери. За потсетување Дуковска тогаш беќе со став дека за оценување на уставноста и законитоста на овие измени, Уставниот суд не е надлежен да одлучува.Инаку, тужител за изборот на Дуковска беше судијката Антоанета Димовска, која тогаш беше една од трите кандидатки за уставен судија, a сега е актуелен член на Судскиот совет.

Македонија | пред 1 година

k-15

(Видео) Три децении сатира што нè одразува: неповторлива вечер со „К-15“, Цацко со Миле и Тошо одново одржаа лекција

Со голем јубилеен настан во спортскиот центар „Борис Трајковски“, легендарната хумористична група „К-15“ го одбележа триесетгодишното постоење. Илјадници обожаватели, гласно смеење и аплаузи. Со Цацко, Миле Паника и Тошо Малерот, повозрасните генерации се вратија низ времето, а поновите генерации се потсетуваа и на култните скечеви кои се достапни и на јутуб.Уште на самиот старт, цела публика се потсети на хитот „Градинарот цвеќето го расте“. Еден од првите скечеви беше посветен на играњето фудбал во канцеларија на Владата, каде Миле Паника е советник, но и на дриблањето на институциите кое го направи познат политичар кој сега веќе не е во Македонија. Низ скечот на фудбалот, Миле Паника би потсетил на уште еден политичар: „Ние намерно се враќаме да земеме залет, кога ќе скокнеме оп, директно во Брисел. А не како некои што прават со двоскок, Будимпешта, па Брисел“. Потоа, Миле Паника, како советник во Владата советува, дека за младите има два излези: првиот на аеродромот во Скопје, вториот во Охрид.На сцената потоа се појавија Климе од Охрид и Номче од Струга. Потсетија на легендарните реплики, но скроија и нови специјално за јубилејот. Потоа, Климе ја изведе „Многу љубам да веслам“.Во засебен скеч ги видовме Гоце Делчев, Никола Карев и Питу Гули, како во парна бања, инфлуенсерски го планираат Илинденското востание. Публиката занеме од смеа. Најголем инфлуенсер беше Јане Сандански. Следуваше и нов хит „Од економски причини“, кој го пееше цела публика.Тошо Малерот одржа вообичаен час по мода, како пред 30 години.„Нема ни концепт ни стил, не знаат да се облечат нити ништо. Јас бе кога ќе облечам бела панталона, бела чорапа, бела кондура, бела кошула, бело сако, бела кравата, кога ќе искочам во град, нема женска која не ми се свиѓа“, рече Тошо Малерот.Гостин на концертот беше врвниот хармоникаш Мишел Трајковски, на скечот со Блажо и Ристо. Тема беа македонските песни.Меѓу паузите, на екранот во салата беше емитувана сцената каде гостин во скечот е Андреј од ДНК, кој трагично го загуби животот во „Пулс“ и истата беше поздравена со аплауз.Закажани се уште два настани, за денес и утре.

Магазин | пред 1 година

mickoski-filipce

Мицкоски прогнозира дека СДСМ може да не освои ни една општина, најави големи промени во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека ВМРО ДПМНЕ се подготвува интензивно за локалните избори. Најави дека кандидатите за градоначалници ќе ги објават во два циклуса, а првиот кон крајот на мај по состаноците на ИК и ЦК на ВМРО ДПМНЕ.„Тоа што можам да го соопштам и кое ми е чест, задоволство но и голема обврска и товар истовремено е дека нашите кандидати водат со 4 до 5 спрема 1 во однос на сите кандидати на опозицијата во буквално сите општини. Не само што водат нашите најдобри кандидати, туку водат и останати тројца на листите чии имиња се истражуваат. ВМРО-ДПМНЕ победува на овие избори, а опозицијата прашање е дали ќе освои 2 до 4 општини. А ако продолжи вака како што тргнале може да не освои ниту една”, вели Мицкоски.Најави дека по редовниот партиски конгрес на крајот на годинава, најдоцна на почеток на наредната ќе има големи промени во партијата и во Владата.„Кој ќе се покаже со својата работа ќе остане, но тие што нема да ги исполнат очекувањата на граѓаните ќе ги поздравам и ќе им се заблагодарам. Го кажувам ова уште сега, за да се знае и да испратам порака дека единственото нешто што вреди, единственото најголемо нешто што човек може да го остави зад себе е образот и честа. И ќе дадам сѐ тоа да остане најчистиот дел од нашата работа. Тоа сите заедно му го должиме на народот. Немаме време за губење и немаме простор да создаваме нови разочарувања кај луѓето кои веќе со децении наназад се изгорени од разни неискрени и корумпирани политичари”, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

20112024-Mickoski-1

Македонија мора да успее, порача Мицкоски пред Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски се обрати на 20-та Годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека жените се фундаментот на општеството, носители на борба, истрајност и промени.„Жените низ времињата биле моторот кој усмерувал, истрајувал низ сите бури и премрежја. Денес кога гледам во колкав број и со каква енергија сме тука, јасно е дека идејата е сѐ уште жива, а мотивот поголем од било кога”, рече Мицкоски.Тој изрази длабоко уважување кон секоја жена која со мудрост, волја и ентузијазам придонесува за иднината на државава.„Македонија мора да успее. И тие победи мора да се случуваат секој ден, сантиметар по сантиметар, чекор по чекор, непрестајно да се бориме за нашата иднина”, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

WhatsApp-Image-2025-05-18-at-14.49.34

Пратеникот Сулејмани го напушти Таравари, ВРЕДИ ќе имаат 10 пратеника

Пратеникот Салим Сулејмани поднесе оставка од сите партиски функции во Алијансата за Албанците на Таравари, како и од функцијата пратеник во Собранието.Тој наведува дека неговиот политички ангажман произлегол од чувство на одговорност и желба за вистинска промена, а не од лична амбиција, а учеството во коалицијата ВРЕДИ било мотивирано од потребата за соочување со неуспесите на ДУИ и нивната злоупотреба на власта.Сепак, вели, во последниот период дошло до сериозно отстапување од првичните принципи, особено по приближувањето на Алијансата на Албанците до ДУИ во пресрет на локалните избори.„Ова политичко сојузништво е прекршување на нашите ветувања и недостојно претставување на Албанците. Не можам да бидам дел од Алијанса што прави компромиси со луѓе кои се спомнати на меѓународни црни листи поради сериозни афери“, нагласува Сулејмани.Според изборната листа на коалицијата ВРЕДИ од парламентарните избори, во Петтата изборна единица, по Салим Сулејмани, кој ја напушти пратеничката функција, следна е Валбона Адили-Емини, кадар на движењето Беса. Ова значи дека ВРЕДИ ќе имаат 10 пратеника, но и дека Таравари сега ќе вреди четири пратеници кои според Деловникот не можат да формираат пратеничка група.

Македонија | пред 1 година

zaklina

Пешевска: Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е бедем на женската борба и сила во Македонија

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ја одржува 20-та Годишна конференција на Унијата под мотото „Жените громогласни за Македонија“.Таа истакна дека Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е бедем на женската борба, сила и лидерство во Македонија.Унијата, рече, во текот на 2024 година реализирала над 2000 активности, од кои две третини биле од хуманитарен карактер.„Со гордост можам да кажам дека преку Унијата градиме мостови, соработуваме со организации ширум светот и покажуваме дека македонската жена има што да каже. Нашата истрајност не е само борба за правичност во партиските редови, туку е и стремеж кон поголема демократска застапеност, каде гласот на жените не само што се слуша, туку и активно влијае врз обликувањето на идните политички и општествени процеси. Не се залагаме за декларативна рамноправност, туку за суштинска, реална и заслужена. Жената не треба да биде почитувана по привилегија само затоа што е жена, туку преку својот труд, знаење, способности и квалификации”, рече Пешевска.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-3910PM

Зошто снема струја: утринава цела Македонија беше во мрак

Рано утринава, цела Македонија остана без струја, поради дефект и краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа. Па така, жителите на Скопје, но и на Гевгелија, Куманово, Кичево, Прилеп, Битола, Охрид, Штип, Струмица, Кочани, Крушево беа без електрична енергија.Од „МЕПСО“ велат дека станува збор за проблем кој го има во Европа, но и регионот.„Станува збор за регионален и европски проблем со кои се соочуваат речиси сите преносни систем оператори поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија во текот на ноќните часови и викендите во овој период од годината. Од настанување на испадот, екипите на АД МЕПСО експресно реагираа и за околу еден час по прекинот, нормализирано е напојувањето со електрична енергија во државата“, соопшти АД МЕПСО.Електричната енергија се врати во функција за еден час, а во некои региони по часа за два часа по прекинот.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-05-18-at-11.55.35

Ставревски би бил грешка на Мицокоски ако стане гувернер, тој ќе остане запаменет по Груевски, и купување чоколади наместо леб, вели Хајредини

Името на ексминистерот за финансии, Зоран Ставревски, се споменва кога во прашање е идниот гувернер на Народна банка. Ексминистерот за финансии и политички аналитичар, Џевдет Хајредини, кој сега е дел од Советот за безбедност на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, смета дека ваквото назначување ќе биде грешка на премиерот Христијан Мицкоски.„Би била голема грешка на премиерот Мицкоски, доколку, толку успешната гувернерка на НБМ, Анита Ангеловска Бежоска, ја замени со Зоран Ставрески, кој е познат како десна рака на Груевски и негов кум, прво во улога на министер за финансии, потоа негов заменик.Тој ќе остане запаметен и како цело тоа време за проектот "Скопје 2014" се потрошија една милјарда евра, пари на народот и " кога немавме леб купувавме чоколади".Ставрески од Индија во Македонија го донесе злогласниот и контроверзен бизнисмен, Субрата Рој.Во негово време се склучи и коруптивниот договор со кинеската компанија СИНОХИДРО, од која зедоа близу 30 милјони евра мито.П.с. Познат е и по случајот кога беше на власт, поради непозната адреса, поштата не можеше да му ја врачи поканата за да се јави на суд“, напиша Хајредини.

Коментари | пред 1 година

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.18

Пресудата за Модуларната болница, покажа дека судиите бирани во штабовите во Струмица и Тетово верно му слугуваат на СДС и ДУИ,вели ВМРО-ДПМНЕ

“Отвореното како пупка судство на Зоран Заев, расцвета на сите страни, од Струмица до Тетово, од каде што ги бираа”, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Правосудството во државата продолжува да носи срамни пресуди и да дели неправда, да биде за едни мајка, за други маќеа.Судиите бирани во Струмица и Тетово, по партиските штабови на СДС и ДУИ продолжуваат верно да му слугуваат, спасувајќи ги од прогон оние кои ги бираа по партиска директива и во партиски штабови.Така и со пресуда за трагедијата во Модуларната болница во Тетово, каде на 8 септември 2021 година животот го загубија 14 лица.Во петокот, тетовскиот суд донесе скандалозна и срамна пресуда каде што поранешните директори на болницата Флорин Бесими и Артан Етеми ги осуди на по една и пол година затвор.Во секоја друга држава осудени ќе беа сите кои на некој начин се поврзуваат со случајот и кои со правење или не правење придонеле за трагедијата, а казните ќе беа во десетици години. Кај нас осудени се само поранешни директори на болницата, а казната е минорна.Ваквите пресуди покажуваат дека луѓето блиски до СДС и ДУИ кои се огрешиле пред законот правдата не ги стигнува, па така за кубење на косата на Шекеринска казна затвор од четири години, за изгорени 14 лица во моруларната, казна затвор во траење од година и пол.Оваа срамна пресуда е доказ дека СДС и ДУИ го контролираат правосудниот систем, а судиите одлучуваат по нивна волја, а не според закон и правни норми.Пресудата за Модуларната болница за поранешните директори е параван на СДС и ДУИ некој да се пушти низ вода и да се осуди на минимална казна, за да се спаси еден од најодговорните, Венко Филипче.Во моментот на несреќата, Филипче беше министер за здравство и одговорен за функционирањето на болниците низ државата, особено за модуларните во чие време е реализиран тендерот за нивно поставување.Правосудниот систем треба да се исчисти од луѓето во правосудниот систем, кои наместо да носат правда, штитат лица од СДС и ДУИ огрешени пред законот. Но, таму има чесни, професионални и луѓе со интегритет за кои законот е светост.Време е за одговорност и за правна држава.

Македонија | пред 1 година

kocani-6246245

(Видео) Неутешни, гласна тишина и пораки од родителите во Кочани: „Прошка нема, правда мора да има, време е!“

По два месеци од најголемата трагедија, и оваа сабота, родителите на загинатите во “Пулс”, потсетија дека чекаат правда и разврска на случајот. Порака упатија и до пратениците: голема (не)благодарност до нив.Преку транспаренти укажаа дека “Системот убива, додека институциите молчат”. Родителите, наместо своите деца, во преграгка ги држеа нивните фотографии.На овој марш се приклучи и иницијативата “Кој е следен?”.Томче, чие семејство го посети и екипата на „Претрес“, и денеска беше на „Маршот за ангелите“ во Кочани. Ја повтори пораката, чекаат на виделина да излезе сѐ што претходните 30 години било криено.

Македонија | пред 1 година

londonska-policija

Напад во Лондон, пет лица се избодени, полицијата го бара сторителот

Полицијата бара сторител, откако пет лица беа избодени на забава во југоисточен Лондон, објавија британските медиуми.Полицијата беше повикана на местото на нападот на улицата Натан Веј во Темзмид, југоисточен Лондон, во раните утрински часови.Пет лица беа избодени и се во болница каде што добиваат третман за повредите.Портпаролот на Метрополитенската полиција изјави: „Полицијата истражува инцидент во Темзмид утрово, каде што пет лица беа нападнати. Полицијата беше повикана на улицата Натан Веј во 4:19 часот наутро во сабота, 17 мај, по пријавите за повеќе лица повредени на настанот.“„Полицијата пристигна на местото на настанот со амбулантно возило и пет лица беа пронајдени со убодни рани. Тие беа однесени во болница каде што се проценуваат нивните повреди. Истрагата е во тек и полицијата ќе остане на местото на настанот во текот на целиот ден. Досега нема апсења“, рече портпаролот.Портпаролот на Лондонската служба за брза помош додаде: „Бевме повикани во 4:17 часот наутро во сабота, 16 мај, поради пријави за убод со нож во улицата Натан Веј. На местото на настанот, им пруживме прва помош на тројца пациенти пред да бидат однесени во болница.“Маж кој работи во двор за рециклирање недалеку од местото на инцидентот се огласи на социјалните мрежи и рече дека „неколку лица се избодени со нож“.Тој објави на Фејсбук: „Дворот ќе биде затворен денес. Преку ноќ, неколку лица беа избодени со нож, а потоа полицијата го затвори патот во двата правци.“

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања