Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ

media-library36lrv6gi6moo27Cr4KF

Македонија тоне по животен стандард – инфлацијата достигна 4,5%, тврди СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија реагира дека реалните економски показатели ги побиваат, како што велат, „лажните тврдења на власта“ за економски бум.„Последните податоци за инфлацијата покажуваат дека, спротивно на уверувањата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, цените и понатаму растат, а куповната моќ на граѓаните се намалува,“ соопштија од партијата.Според Државниот завод за статистика, годишната инфлација во октомври изнесува 4,5%, при што цените на храната и безалкохолните пијалаци пораснале за 7%.„Ова значи дека основните производи без кои не може ниту едно семејство – како лебот, млекото и зеленчукот – се сè поскапи,“ наведува СДСМ.Цените на мало се зголемиле за 2,8% во споредба со октомври лани, а најголем раст има кај прехранбените производи (6,7%) и кај овошјето и зеленчукот (4,3%).Партијата смета дека ова е доказ дека економските политики на Владата се промашени и без резултати, и дека сметката ја плаќаат граѓаните преку повисоки трошоци за живот.„Платите и пензиите не го следат растот на трошоците. Животот секој ден станува поскап, а Владата не презема ништо,“ додаваат од СДСМ.Во соопштението се вели дека во новиот буџет за 2026 година не е предвидено зголемување на минималната плата на 500 евра, ниту мерки за намалување на цените на храната, како што партијата претходно предлагала.„На ВМРО-ДПМНЕ им одговара граѓаните да живеат полошо. Тоа е нивна стратегија за слабеење на народот и создавање евтина работна сила. Но граѓаните тоа го препознаваат,“ порачаа од СДСМ.Тие додаваат дека ќе продолжат да предлагаат конкретни политики за повисоки плати, пониски цени и подобар животен стандард.

Македонија | пред 4 месеци

media-library1hu9tlhpg2be3XaUqr0

(Фото) „Бранкојавление” или повторно „случајна” средба

Поранешниот премиер, претседател на државата и долгогодишен лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, повторно е фотографиран, овојпат во скопски ресторан во друштво на министерот за јавна администрација, Горан Минчев.Минчев, кој сега е висок функционер во владејачката ЗНАМ, беше генерален секретар на СДСМ во времето кога Црвенковски ја предводеше СДСМ.Заедно со нив е и Зоран Попов, актуелниот амбасадор во САД.Црвенковски со години беше надвор од политиката и не се појавуваше ниту во тешки и кризни моменти за државата, иако редовно ја зема високата претседателска пензија и има и кабинет.Минатата година неофицијално се говореше дека работи во корист на ЗНАМ, каде се негови поранешни блиски луѓе.Последниов месец, среде кампања, беше фотографиран во друштво со актуелни функционери и политичари.Црвенковски прво беше фотографиран во Охрид на маса во ресторан со староновиот градоначалник Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, за што имаше објаснување дека била случајна средба.Ден по изборите се појави и фотографија од поранешниот лидер на СДСМ со активисти на партијата во Кичево.Познавачи на политичката клима велат:,, Ако Бранко не сака, нема да се појави никаква фотографија”.

Македонија | пред 4 месеци

nikolovski-lj3

Николовски: Системот на злоупотреби што го создаде Владата ја уништи довербата – земјоделците повторно ќе ја плататат цената

„Колку пати алармирав и предупредував дека во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој се создава систем на клиентелизам, влијанија и злоупотреби?“, порача поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски, реагирајќи по апсењето на директорот на Агенцијата при земање мито.„Јавно укажував дека ИПАРД 3 ќе крахира, дека со вакви практики се загрозува кредибилитетот на државата пред Европската комисија и се става под ризик целата програма вредна околу 100 милиони евра – пари наменети за развој на македонското земјоделство“, изјави Николовски.Според него, денешниот скандал е директна последица на политичко поставување на луѓе без интегритет и без компетенции.„Ова не е изолиран инцидент, туку резултат на владеење кое ги заменува вредностите и професионалноста со партиска послушност“, нагласи тој.Николовски потсети дека за време на неговиот мандат ИПАРД 2 програмата беше 100% искористена, со 2.369 договори и реализирани инвестиции.„Срамно е целиот тој успех и довербата што ја изградивме со Европската унија да биде уништена за само една година поради корупција и лични интереси“, додаде тој.Тој предупреди дека постои реална опасност Европската комисија да ја стопира ИПАРД 3 програмата за Македонија, што би значело блокада на сите исплати и нови повици.„Ако се случи тоа, земјоделците повторно ќе бидат жртви на корупцијата и неспособноста на оваа власт“, порача Николовски.Во завршницата, поранешниот министер побара итна одговорност и расчистување со злоупотребите:„Време е за целосна одговорност. Македонија не смее да си дозволи да ја изгуби довербата во европските институции поради поединци кои го претворија земјоделството во извор на мито и политички влијанија.“

Македонија | пред 4 месеци

media-library1fauttldgpqs3R34WIw

Филипче: Реформите не зависат од уставните измени и мора да се спроведуваат

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека институционалните реформи се суштинска обврска што мора да се спроведе без разлика на политичките пречки и неизвесноста околу уставните измени. Според него, државата не може да си дозволи застој на реформскиот процес поради недостиг на политички договори или дневнопартиски калкулации.„Кажавме уште лани дека ја поддржуваме владата да најде добро решение и гаранција дека нема понатаму да имаме блокади. Но тоа е едно прашање. Друго е реформите – тие се одвоен процес и мора да се тераат. А гледаме дека нема ниту еден чекор напред. Нема никакво поместување во тој дел“, изјави Филипче.Тој нагласи дека СДСМ останува на ставот дека е неопходна широка дебата и национален консензус околу стратешките приоритети на државата. Како чекор во таа насока, СДСМ предложи резолуција што е веќе доставена до сите парламентарни и политички партии со цел да се добие повратна реакција и конкретен став.„Нашата предлог-резолуција е добра основа да седнеме и да дебатираме. Потенцирав неколку пати – тоа е предлог верзија, не е финална. Очекувам фидбек, но сè уште немам добиено официјален одговор од ниту една партија“, изјави Филипче.Тој додаде дека сè што се однесува на стратешки национални интереси, вклучително и реформите, мора да биде предмет на консензус, а не на конфронтација. Повикувајќи на зрел политички дијалог, Филипче потенцираше дека е време сите актери да седнат на маса и да покажат дека реформите се над партиските калкулации.„Тоа е процес што подразбира национален консензус. Мислам дека е редно да седнеме и да видиме како ќе се движиме понатаму. Ова не е момент за калкулации, туку за зрелост“, заклучи тој.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryoqq6ienmaa83dqG1TCs

Наскоро нови имиња во врвот на СДСМ, Филипче најавува и поширок опозициски фронт

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, потврди дека наскоро ќе следат промени во раководството и дел од политиките на партијата, но нагласи дека идеолошките принципи на социјалдемократите остануваат непроменети.На денешната прес-конференција во партиското седиште, Филипче истакна дека опозициската платформа ќе се прошири и ќе биде отворена за сите граѓански организации и политички субјекти кои сакаат да придонесат кон заедничка стратегија против власта.„Сметам дека ние сме единствената политичка сила која што може да парира и да се соочи со ВМРО-ДПМНЕ. Потребен ни е поширок, посилен и поорганизиран фронт. Тоа е еден дел од лекциите кои ги научивме од локалните избори и сум сигурен дека тоа ќе го спроведеме во периодот кој што претстои,“ изјави Филипче.Тој додаде дека во партијата засега нема нови оставки, и дека се работи на комплетирање на тимот по претходно поднесените оставки на дел од членовите на раководството.„Ја разбирам негативната емоција. Сметам дека се должи на неисполнети очекувања во очи на изборите и ги разбирам луѓето. Сметам дека кога емоциите ќе спласнат, ќе може да се дебатира поразумно и пофер и поотворено бидејќи сите се потребни во партијата. Не сакам да се брзам со процесот, но навремено ќе информираме,“ изјави претседателот на СДСМ.Со ова, Филипче најави период на консолидација и отворање на партијата кон поширока соработка, како дел од стратегијата за зајакнување на опозицискиот блок.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryta0m327eceb93h8AEnz

(Видео) По Чупеска, оставка поднесе и Костадин Ацевски: „Потребно е оставка да поднесе и Филипче и целото раководство на СДСМ“

Од функцијата претседател на општинската организација на СДСМ на Ѓорче Петров, кој беше и кандидат за градоначални, Костадин Ацевски поднесе оставка. Во видео објавено на ФБ, Ацевски вели дека е исправо оставки да поднесат и лидерот на партијата Венко Филипче, но и целото раководство.Иако се вложив целосно, без калкулации, сепак резултатот е лош. Поднесувам неотповиклива оставка од претседател на општинската организација. Верувам дека е исправно и потребно оставка да поднесат и претседателот Филипче и целото раководство на СДСМ. Не само заради лошите резултати туку и заради начинот на дејствување на СДСМ во изминатиот период – порача Ацевски.Тој додава дека и понатаму останува член на СДСМ, без разлика што се повлече од функцијата.

Македонија | пред 4 месеци

media-library9c52jggp7g0v6mdksVD

(Видео) Падна уште една оставка во СДСМ, но и барање за оставка од Венко Филипче

Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од СДСМ, Костадин Ацевски, кој воедно е и претседател на нивната општинска организација, поднесе оставка од партиската функција.„Верувам дека е исправно и потребно, оставка да поднесат и претседателот Венко Филипче и целото раководство на СДСМ“, вели Ацевски.Тој посочува дека оставките ги бара не само поради лошите резултати туку и поради начинот на дејствување.

Македонија | пред 4 месеци

media-library5stgsih1rtbedllZtkN

Познато зошто Ана Чупевска се повлече од функцијата во СДСМ

Ана Чупевска, поднела оставка од потпретседателската функција во СДСМ, за времена изборниот молк.Во документот, кој бил архивиран во централата на СДСМ, Чупевска навела дека се повлекува поради суштински несогласувања околу концептот и начинот на работење на партијата.„Го преземам овој чекор поради суштински разлики во концептите за дејствување на партијата, како и поради разлики поврзани со методологијата на работење кои влијаат на перспективите на СДСМ“, стои во оставката објавена од ТВ24.Оставката на Чупевска доаѓа во пресрет на вториот изборен круг од локалните избори, кога дел од раководството на партијата се соочуваше со внатрешни несогласувања и притисоци поради слабиот рејтинг и резултатите на терен.Иако од СДСМ сè уште нема официјална реакција, претседателот Венко Филипче вечерта потврди дека Чупевска ја поднела оставката, додавајќи дека ќе продолжи соработката со неа „на друг начин“.

Македонија | пред 4 месеци

media-library1atnt0iucfcgcBJzRkI

„СДСМ не е целосно згасната партија, но мора да помине сериозен филтер“, порача Костадин Костадинов

Поранешниот градоначланик на Струмица Костадин Костадинов, кој го „замрзна“ членството во неговата партија, во објава на ФБ посочува дека СДСМ не е „целосно згасната партија“, но дека СДСМ мора да помине низ „сериозен филтер, реформи и ребрендирање кои ќе му овозможат да остане втората најсилна партија во Македонија“.Да, СДСМ изгуби. Честитки за победата на ВМРО ДПМНЕ и секако за демократскиот капацитет на нацијата, секаде но особено во Кичево.Драги мои, не се согласувам со тезата дека СДСМ е целосно згасната партија. Напротив, СДСМ може и мора да помине низ сериозен филтер, реформи и ребрендирање кои ќе му овозможат да остане втората најсилна партија во Македонија.Нашиот фокус не треба и не може да биде исклучиво, брзо менување на власта. Нашиот фокус мора да биде зајакнување на улогата на СДСМ во рамките на опозицијата,СДСМ отворена за сите, СДСМ платформа во која ќе се најдат што поголем број на помали групи, па дури потоа да стреми кон нешто повеќе.Време е за длабински анализи, тешки промени, тешки одлуки,дебати и многу, многу работа.Честитам на сите кои учествуваа на овие избори. Честитам на победниците кои ќе бидат градоначалници, но и на сите кои се најдоа во советите на градовите.

Македонија | пред 4 месеци

media-library6cjc5a7usjmb0uXWeD5

Мицкоски со порака до поддржувачите на СДСМ: Во недела гласајте за број 9 за катарзата и реформите во СДСМ да почнат

Митко Костадиновски е човек којшто си ја сака и се бори за проект повеќе за Виница, човек голем патриот и кој длабоко во себе ја сака својата татковина Македонија. Како претседател на Владата ќе ја има мојата недвосмислена поддршка да реализира проекти за општина Виница и убеден сум дека заедно со Владата сите проекти кои се дел од програмата ќе бидат реализирани, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот мини митинг во Виница во рамки на изборната кампања под слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ за вториот круг од локалните избори во недела на 2 ноември.Мицкоски ја искористи приликата и од настанот во Виница им се заблагодари на граѓаните на Виница и пошироко на цела Македонија што излегоа на избори и дадоа масовна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со заокружување на број 9.Исто така, Мицкоски упати повик до сите оние коишто во првиот круг останаа дома и коишто не гласаа, мислејќи дека на тој начин ќе покажат некаков пркос, ќе испратат некаква порака којашто, никој не ја препознава, да излезат масовно на гласање и да го искористат своето граѓанско право на избор.„Денеска сме сведоци како дел од нашите граѓани коишто се на привремена работа надвор од Македонија, најчесто во западно европските земји доаѓаат во општина Брвеница, во општина Кичево мислејќи дека на тој начин ќе помогнат да двајца кандидати коишто се во тие општини ќе станат и градоначалници. Нема да успеат, но сепак, сите оние коишто во Виница одлучија во првиот круг да останата дома и кои се двоумат дали во вториот круг треба да излезат и да гласаат, ова нека им биде патоказ како треба да се брани својот интерес. А нашиот интерес, овде во Виница, пред сè и над се да имаме голема излезност и се разбира дека при една таква голема излезност бројот 9 ќе биде масовно поддржан. Не дозволувајте некој друг да ја креира вашата иднина седејќи дома, зошто тие што ќе излезат на овие избори имаат право да ја моделираат иднината на Виница и на Македонија. Со седење дома и до покажување некој револт или пркос ништо нема да се добие. Затоа излезете и гласајте, затоа што на тој начин вие сте суверен на вашата иднина, никој друг нема да мисли подобро отколку што вие мислите за вашата иднина“, истакна Мицкоски.Мицкоски испрати порака и до поддржувачите и симпатизери на СДСМ на изборите во недела да го заокружат бројот 9 за да почне катарзата и реформите во партијата и да не да го легитимираат ова партиско раководство кое СДСМ ја доведе во фаза на исчезнување.„Знам дека не ви е пријатно и се чувствувате разочарани кога гледате како некогаш големата СДСМ едвај ја поминува границата од стотина илјади гласови, знам дека ви е тешко ова да го гледате. Но, на овие избори кога ќе бидете позади параванот, со гласачкото ливче пред вас и со пенкалото во рака имате две опции. Едната опција е да го поддржите против кандидатот на Митко, којшто доаѓа од СДСМ и на тој начин да го легитимирате ова партиско раководство кое не ја донесе СДСМ под биолошкиот минимум, туку буквално ја донесе СДСМ во фаза на исчезнување. И втората опција која е пред вас е да го поддржите Митко и бројот 9 и на тој начин да отпочне процес на внатрешна катарза, на внатрешна реформа во рамките на СДСМ. Бидејќи, верувајте, и 61 пратеник во Парламентот и 60 градоначалници и апсолутна власт на ВМРО-ДПМНЕ и апсолутна дисциплина што до сега е невидена на политичката сцена во Македонија, имаат потреба од силна и политички стабилна СДСМ“, порача Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

media-library8jppvk34n1m19ztxOaq

Филипче: Во општините каде немаме кандидат членовите да гласаат по сопствено убедување и вредностите

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, порача дека во општините каде што СДСМ нема кандидат за градоначалник во вториот круг, нема да има калкулации, членовите да гласаат според сопственото убедување и за вредности кои се  блиски до социјалдемократијата.„Ние нема да навлегуваме, ниту навлеговме, во калкулации или во некакви задкулисни договори. Секој граѓанин, секој член, секој симпатизер има целосно право да одлучи согласно сопственото убедување според тоа кој кандидат носи вредности блиски до социјалдемократската идеја и до социјалдемократските вредности за чесно владеење, за почит, за еднаквост и за развој“, рече Филипче.На прес-конференцијата Филипче посочи дека на втори ноември, во недела секој глас може да направи разлика и ги повика граѓаните да гласаат за локална власт која ќе биде секогаш отворена за нив и нивните потреби.„Гласајте и изберете локална власт која е вистински сервис за граѓаните, за кандидати што нема да ја затворат вратата. После изборите таа врата ќе биде отворена за секој, кога било кој граѓанин ќе има потреба и кога некој граѓанин ќе сака да биде слушнат. Тоа е глас за луѓе кои ги исполнуваат ветувањата и кои интензивно и силно и посветено ќе работат да живееме подобри општини и градови во иднина“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryovnujnp18mg91kEa1t8

СДСМ се огради од Маја Мојсова по фотографијата со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија остро ги демантираше шпекулациите дека му дава поддршка на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, по појавувањето на фотографија на која тој е заедно со членката на СДСМ, Маја Мојсова.„СДСМ не дава никаква поддршка за Сотир Лукровски! Во целост ги демантираме шпекулациите дека фотографијата на Маја Мојсова со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, претставува било каква форма на поддршка од СДСМ“, соопштија од партијата.Од СДСМ нагласуваат дека партијата апсолутно не го поддржува кандидатот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, „против кој се бореше во првиот изборен круг“, и дека ќе побараат објаснување од Маја Мојсова за објавената фотографија.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-02-10-at-21.12.43

Ѓорѓи Галетановски: „Чомбе не се повлече од партијата, туку од функцијата – вредностите и пријателствата се вечни“

Поранешниот директор на Зоолошката градина и долгогодишен член на СДСМ, Ѓорѓи Галетановски – Чомбе, преку објава на социјалните мрежи реагираше на, како што вели, дезинформации и шпекулации во јавноста по неговата оставка од функцијата претседател на Градската организација на СДСМ – Скопје.Во објавата, Галетановски посочува дека никогаш не барал партиски позиции, туку ги прифатил исклучиво од чувство на одговорност.„Чомбе никогаш не молел да биде претседател на Градската организација на СДСМ, ниту да биде кандидат за советник. Функциите му беа понудени и тој ги прифати со чувство на одговорност. Минатата недела по првиот изборен круг поднесе оставка — без патетика и без театар за внимание, туку од лични и морални причини,“ напиша Галетановски.Тој нагласува дека никогаш не бил на платена државна функција, освен во периодот кога бил директор на Зоолошката градина, именуван од тогашниот градоначалник на Скопје, со, како што наведува, „најниска директорска плата во градските институции – 42.000 денари“.„Никогаш не извршував владина функција, ниту во времето на Заев, ниту на Ковачевски,“ потенцира тој.Галетановски додава дека не се збогатил преку партијата, не користел функции за лична корист и никогаш не побарал позиција во друга политичка партија.„Пред една година, коалициски партнер од власта ми понуди директорска позиција под услов јавно да се откажам од СДСМ. Во присуство на сведок ја одбив понудата. Исто така, пред осум месеци ми беше повторно понудено раководното место во Зоолошката градина, но и тоа го одбив,“ открива Галетановски.Во својата објава тој потенцира дека секогаш бил критичар на локалната власт заради, како што вели, уништувањето на Скопје, и најавува дека ќе продолжи да го прави тоа без разлика која власт е на функција.„Ќе продолжам да критикувам секоја власт што не работи во интерес на скопјани,“ порача тој.Галетановски, познат по својата јавна активност во поддршка на младите, правата на животните и граѓанските иницијативи, истакна дека не се повлекува од партијата, туку само од функцијата.„Чомбе не беше кандидат за Скопје, ниту носител на листа, ниту шеф на штаб. Се повлече од функцијата, не од партијата. Функциите не се вечни, но вредностите и пријателствата се. Ќе останам достапен на истиот телефонски број и ќе продолжам да придонесувам за младите, угостителството, правата на животните и јавниот интерес,“ напиша Галетановски.

Македонија | пред 5 месеци

media-library3r08te71nhftclSMcYi

Мицкоски до СДСМ: Предвремени избори се непотребни, но внимавајте што посакувате, може ќе ви се исполни

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето обраќање по повод Денот на македонската револуционерна борба говореше и за актуелни политички теми.Во врска со локалните избори, тој истакна дека резултатите од првиот круг, според бројот на освоени градоначалнички и советнички места го потврдија водството и поддршката за ВМРО-ДПМНЕ. Според него, тоа покажува дека народот има надеж и очекувања што партијата нема да ги изневери.Од друга страна, опозицијата, како што рече, доживеала историски дебакл и сега се охрабрува со нереални пресметки за пратенички места.„На опозицијата ќе и оставаме време да се консолидира и да размисли дали ќе се осмели да оди на предвремени избори, кои да бидам директен јас не ги посакувам и сметам дека се непотребни и дека е време за резултати и голема офанзива на секој план. Но нивната весела математика и оваа упорност со надмудрување и создавање на вештачки теми и блефови треба да добие соодветен одговор. Затоа нека внимаваат што зборуваат и што посакуваат, може и да им се оствари“, рече Мицкоски.Во врска си уставните измени, рече дека главното прашање што се наметнува е: што добиваме ние од тоа, и дали конечно е ова крајот?Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да попушти кога се во прашање интересите за македонскиот идентитет и државата.Мицкоски рече дека опозицијата е подготвена да прифати и да отстапи повеќе и дека токму преку таквите отстапки се обидува да остане дел од политичкиот живот, без да размислува за долгорочната штета по државата и идните генерации. Мицкоски нагласи дека единствената пречка за реализирање на таквите намери е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ја предводи, која, според него, ќе продолжи да се спротивставува на сите обиди за загрозување на македонскиот идентитет и државност.

Македонија | пред 5 месеци

BKuzeska3

Кузеска: Се кријат детали за договорот со Британија, Мицкоски мора да каже дали се прифаќаат мигранти

На денешната прес-конференција, портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска побара од Владата и премиерот Христијан Мицкоски итно да одговорат дали во текот на престојот во Велика Британија се разговарало за прифаќање мигранти и отворање мигрантски кампови во Македонија.„Македонската влада избегнува да даде одговори на клучни прашања кои го потресуваат регионот. Според информации од Британија и реномирани британски медиуми, темата за мигрантите била во фокусот на средбите, но од нашата влада нема ниту една точна информација. Ова покажува дека повторно нешто се крие“, рече Кузеска.Таа истакна дека премиерот Мицкоски одбил да даде интервју за весникот „Тајмс“, што го потврдил и самиот медиум, и побара да се одговори дали постои дополнителен договор за мигранти во рамки на најавениот заем од 7 милијарди евра од Британија.„Граѓаните имаат право да знаат дали се разговара за отворање кампови и што точно се договарало во Лондон. Ако нема што да се крие, зошто Мицкоски избегал од интервју и зошто молчи?“, додаде портпаролката.СДСМ прашува и дали владата планира оваа информација да ја соопшти дури по завршувањето на изборите, со цел да ја избегне јавната реакција.„Ова не е прашање за кое може да се носат одлуки без да се информира јавноста. Владата мора јавно и транспарентно да каже – дали има договор за мигрантски кампови и под кои услови“, изјави Кузеска.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryv569csl0tk2g6be9MOb

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лажат со бројки – би имале 52 пратеници, ние најмалку 21

СДСМ со реакција на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека партијата би освоила над 60 пратенички места доколку утре се одржат парламентарни избори. Социјалдемократите велат дека анализата на реалните бројки покажува сосема поинаква слика и дека опозициската партија се обидува да ги манипулира граѓаните поради страв од очигледниот пад на поддршката.„ВМРО-ДПМНЕ не може да го сокрие падот, а бројките се јасни и немилосрдни кон нив. Прецизната математичка анализа покажува дека ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници, а СДСМ најмалку 21. Очајните обиди за манипулација се резултат на шокот што го доживеаја по загубата на над 140.000 гласа“, велат од СДСМ.Оттаму додаваат дека падот на ВМРО-ДПМНЕ е доказ дека нивните, како што велат, „празни ветувања и лаги се веќе прочитани“, и дека граѓаните препознале дека политиките на СДСМ се насочени кон стабилност и реални решенија.„СДСМ ја продолжува битката за уште 17 општини. Ги повикуваме граѓаните масовно да излезат и да ги поддржат нашите кандидати во вториот круг – чесни и докажани луѓе кои уште во првиот круг покажаа дека имаат визија и капацитет“, порачуваат од партијата.Социјалдемократите заклучуваат дека „веселата математика“ на ВМРО-ДПМНЕ е само обид да се прикрие падот на поддршката и дека вистинските бројки ќе се потврдат на терен – од граѓаните.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarylb4grqvav3s821jfNql

СДСМ со прва реакција по првите резултати: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена

„По преброени 99% од гласовите, се потврдува он што СДСМ го говореше, а тоа дека оваа власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ на овие избори ќе изгуби огромен број на гласови“, велат од СДСМ и додаваат:Споредбените анализи со изборните резултати од минатата година покажуваат дека ВМРО–ДПМНЕ и ЗНАМ имаат изгубено по речиси една третина од гласовите. Падот на ВМРО-ДПМНЕ е фантастични 135.000 или 30,8% од гласовите, а ЗНАМ паѓа од 56.200 на 38.034 гласови, односно е најголем губитник и има изгубено 33% од гласовите.За разлика од нив СДСМ има изгубено само 18% од гласовите што, ако се земе предвид пониската излезеност речиси да нема загуба. Левица, која вчера триумфалистички излажа дека станувала лидер на опозицијата има изгубено ист процент на гласови како СДСМ, со мало подобрување на резултатот на на ниво на градот Скопје. Левица сумарно има 2,2 пати помалку гласови од СДСМ со што е јасно дека ваквите еуфорични лаги на Апасиев немаат допирна точка со реалноста.СДСМ се надеваше на подобар резултат, но фактот што е значително намалена разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, фактот што ЗНАМ, нивниот привезок партија, има драматичен пад, укажува на тоа дека довербата во власта значително опаѓа. СДСМ останува втора најсилна партија.Според анализите, СДСМ има стабилизација и раст на процентот на освоени гласови во најголем дел од општините што е позитивен тренд, но и помал број општини каде има благ пад, за што ќе се направи соодветна анализа и преземат чекори за подобрување на резултат.

Македонија | пред 5 месеци

kaja-sukova

Шукова: Време е Скопје да добие модерен јавен превоз и вистински урбан ред

На вечерашното гостување на телевизија Алсат М, кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, зборуваше за најголемите урбани и инфраструктурни проблеми на главниот град, загадувањето, нефункционалниот јавен превоз, долговите на јавните претпријатија и хаотичното градење.„Ако немате соодветен јавен превоз, тоа е еден од факторите за загадувањето во градот Скопје,“ истакна Шукова, додавајќи дека решението се наоѓа во одамна подготвениот, но заборавен проект БРТ.Проектот, кој  е подготвен веќе повеќе од пет години и има целосна документација и обезбедено финансирање, предвидува прва линија од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, со 13 километри траса, 21 нова постројка и околу 30 нови автобуси што ќе сообраќаат со висока фреквенција.„Првата линија мора да биде готова најдоцна до почетокот на 2028 година, а паралелно ќе се работи и на втората, која ќе ги поврзе северната и јужната зона на градот,“ додаде таа.Во однос на јавните претпријатија, нагласи дека потребна е длабока реорганизација и ослободување од непродуктивни трошоци:„Јавните претпријатија мора да се ослободат од непродуктивните трошоци за повторно да функционираат ефикасно. Тоа е предуслов за подобри услуги кон граѓаните,“ порача Шукова, наведувајќи дека проблемите не се ограничени само на Комунална хигиена и Водовод, туку и на Паркови и зеленило.Коментирајќи ја градежната експанзија, Шукова потенцираше дека првиот чекор е донесување на нов Генерален урбанистички план за Скопје, бидејќи градот веќе три години функционира без валиден план.„Мора да одредиме каде ќе се гради, каде ќе престане урбанизацијата и каде ќе има повеќе зелени површини и простор за пешаци и велосипедисти.“Шукова најави дека ќе иницира јавна расправа за проблемот со дивоградбите, со цел транспарентно да се утврди обемот на овој феномен во различните општини, и дека ќе се залага за системски измени во Законот за локална самоуправа, кои ќе овозможат поефикасно справување со урбанистичките проблеми.„Не ни требаат козметички измени, туку вистинска системска промена,“ рече Шукова. Таа посочи дека Скопје заслужува плански развој, чист воздух и транспарентна локална власт која ќе ги штити интересите на граѓаните.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynbrkksg7mad07wsWPYR

Шукова: Отпадот е ресурс, време е Скопје да добие чист и одржлив систем за управување со отпад

Кандидатката за Градоначалниќка на Град Скопје, Каја Шукова, во гостување на телевизијата Алсат М, зборуваше за проблемите со отпадот, нечистотијата и дивите депонии во градот, нагласувајќи дека потребни се два паралелни процеси итно чистење на градот и долгорочна поставеност на систем по европски стандарди.„Мора веднаш да се почне со расчистување на отпадот пред секоја куќа, пред секоја зграда, по целиот град, како и со дивите депонии, каде што ќе воспоставиме контрола за да не настануваат повторно", истакна Шукова.Според неа, проблемот со Вардариште е еден од најакутните во Скопје.„Таму мора да имаме 24-часовна заштита, да го преземеме просторот и да започнеме со постепено расчистување. Вардариште, според сите стратешки документи, треба да биде претоварна станица – затоа што мора да имаме претовар на отпадот пред неговото носење во Дрисла“, објасни Шукова.Таа подвлече дека градот мора итно да воспостави одржлив систем за управување со отпад, кој ќе ја намали количината што завршува на депонии и ќе ја зголеми повторната употреба и рециклирањето.„Отпадот е ресурс. Мора така сите да почнеме да го гледаме, бидејќи најголемиот дел од отпадот може повторно да се преработи и да се врати во општеството. Пример, градежниот отпад може да се преработи со дробилка и да се искористи при изградба на улици и патишта", рече Шукова.Во Програмата има предвидено системско реорганизирање на јавните претпријатија и современи решенија по европски стандарди за управување со отпадот во Скопје.„Овие два процеси мора да одат паралелно акутното чистење на градот и воспоставување нов, траен систем. Само така ќе имаме вистински чист и функционален главен град", рече Шукова.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarylv1l3sjcuku036Zpu9J

Филипче: Власта го руши нашиот дом цигла по цигла, да ги запреме во недела со глас за СДСМ!

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Крива Паланка, предупреди дека актуелната власт го руши „нашиот заеднички дом, цигла по цигла“, и дека во недела граѓаните се тие што можат да го запрат ова уназадување со својот глас.„Со вашиот глас, можете многу! Да кажете доста беше со игнорирањето на проблемите на народот, кој едвај врзува крај со крај. Доста беше со ароганцијата на власта која не го слуша, не го гледа и не се грижи за својот народ, за својата земја. Доста беше поделби и неизвесност, додека младите ни се иселуваат”, порача д-р Филипче.Тој упати силна порака до граѓаните со повик на масовна излезност на изборите во недела и поддршка за вистински промени.„Вашата сила е во гласањето! Ве повикувам да ја покажете таа ваша сила во недела! Со масовно излегување на гласачките места, со вашиот глас да пратите силна порака за вистинска промена”, истакна д-р Филипче.Лидерот на СДСМ нагласи дека граѓаните имаат можност да испратат јасна порака и опомена, но уште поважно да спречат понатамошно уназадување на државата.„Имате шанса да опоменете дека вака веќе не може, но најмногу имате шанса да ги спречите. Да избереме одговорна власт што ќе служи на народот, а не на лични интереси”, нагласи д-р Филипе пред присутните на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом”, која вечерва се одржа во Крива Паланка.

Македонија | пред 5 месеци

media-library2pghff5eoiko3RwJNLh

Митовски: Крива Паланка денес е пример за развиен град , барам нов мандат за да продолжиме со чесна работа

Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Сашко Митовски, на трибина во Крива Паланка побара поддршка од граѓаните за уште еден мандат, повикувајќи се на својата досегашна работа, посветеност и љубов кон градот.„Последниве четири години беа повеќе од мандат. Секој што доаѓа во нашиот град вели: „Крива Паланка блеска! И нема запирање. Нашиот град денес е пример за уреден, изграден и развиен град кој сигурно чекори напред.  Нови улици, нови фасади, модерни училишта, детски градинки, зелени паркови, поддршка за мајки, пензионери, ученици, спортисти, порача Митовски.Тој упати и критика до своите опоненти, за кои рече, се служат со притисоци и невистини: „Некои мислат дека со лаги ќе нè победат. Дека со притисоци ќе нè скршат. Но една работа не ја разбраа: Народот не се плаши.  Кривопаланчанецот не се купува.  Кривопаланчанецот работи, гради и верува, порача Митовски.Тој истакна дека неговата кандидатура не е барање за позиција, туку продолжување на започнатата работа.„Ветувам само едно, ќе продолжам со истата љубов, со истиот жар, со иста чесност. Со работа и одговорност. Барам можност да продолжам каде што застанав.“, додаде кандидатот за градоначалник на Крива Паланка.Митовски ја претстави својата визија за нов мандат со конкретни планови и симболична порака: Секој нов проект, секоја нова инвестиција е симбол на нашата решителност. Дајте ми можност новите улици да бидат реки на надеж, новите мостови да бидат раце што не држат заедно, а училиштата , очи и срце што чукаат за иднината.“, порача Митовски.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarys0tfckd8539j7aMwMLg

Филипче: Глас за СДСМ е глас за враќање на надежта во Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на вечерашната граѓанска трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа  во Крива Паланка, порача дека овие локални избори се избори за одлука,  момент кога секој глас  станува дел од голема приказна за обнова и единство, а гласот за СДСМ е глас за враќање на надежта во Македонија.„Во недела одлучуваме дали ќе живееме во држава со ред, правда и чесност, или ќе во држава на хаос, корупција и привилегии за блиските на власта како што е сега. Или нашиот дом ќе продолжат да го рушат цигла по цигла, како во изминатите една и пол година, или сите заедно ќе го спасиме. Во недела одлучуваме дали лажниот патриотизам и поделбите ќе продолжат или љубовта кон татковината и заедништвото ќе надвладее“, рече Филипче.Во ораќањето пред граѓаните тој посочи дека сега не е време за апатија и разочараност, туку време за обединување и масовно гласање. Потенцираше дека СДСМ е секогаш на страната на граѓанинте.„СДСМ е тука за вас, на ваша страна. СДСМ се крена, СДСМ се враќа.СДСМ е партијата што донесе независност по мирен пат, што ја внесе Македонија во НАТО, што ги отвори вратите кон Европа, што секогаш беше со граѓаните и во кризи и кога беше најтешко. Да се бориме за држава што ќе биде место на сигурност, правда и достоинствен живот“, рече Филипче.Концептот на СДСМ, како што кажа Филипче, е концептот за општество во кое секој човек е важен.„А тој концепт, тој граѓански дух, го изгубивме со ВМРО-ДПМНЕ.  Нашата борба е за враќање на граѓанскиот концепт, за општество во кое никој не е над законот, и никој не е под достоинството што му припаѓа. Борбата на СДСМ е борба за подобри денови за Македонија, за домот што го сакаме, што го чуваме и што мора да го спасиме“, рече Филипче.На трибината во Крива Паланка, Филипче ги повика граѓаните да ја покажат својата сила во недела, со масовно излегување на гласачките места, да гласаат за бројот 5 и да пратат силна порака за вистинска промена, затоа што на Македонија ѝ се потребни промени.

Македонија | пред 5 месеци

media-library25bgfc4hlabscAhb487

Филипче: Вашата сила е во гласањето, покажете ја во недела!

„Вашата сила е во гласањето! Ве повикувам да ја покажете таа ваша сила во недела! Со масовно излегување на гласачките места. Со вашиот глас да пратите силна порака затоа што на Македонија ѝ се потребни промени“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на митинг во Крива Паланка.Пред граѓаните од преполниот плоштад, Филипче се заблагодари за масовната поддршка и јасно порача дека Македонија стои пред избор, дали ќе дозволи нашиот дом власта да продолжи да го руши цигла по цигла, или народот ќе се обедини за да го зачува.„Ова не се обични локални избори. Во недела одлучуваме дали ќе ја вратиме правдата, достоинството и чесноста во нашата земја. Одлучуваме за иднината на секое семејство, за сигурна иднина на младите, за држава во која трудот се цени, а не партиската книшка“, истакна Филипче.Тој потенцираше дека СДСМ е партијата која секогаш ја водела Македонија напред, со конкретни политики и дела, а не со лаги и манипулации.„Сакаме достоинствени плати за достоинствен живот, праведна држава и институции што служат на граѓаните. Тоа можеме да го постигнеме само ако во недела излеземе масовно и гласаме – за нашата држава, за нашиот дом, за број 5!“, рече Филипче.Од Крива Паланка, Филипче упати силен повик за единство и активност:„Време е да се исправиме, да ја покажеме нашата сила, да ја вратиме надежта и да ја вратиме државата во рацете на народот. Во недела, секој глас е важен. Се враќа силата на народот – се враќа СДСМ!“ рече Филипче.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryevhcjrd7h6ns19uYsso

Каранфилова Пановска: Далибор Трајковски е гаранција дека Старо Нагоричане ќе продолжи со развој и грижа за секој граѓанин

Заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска од граѓанската средба „Се бориме за нашиот дом“ во Старо Нагоричане истакна дека од 2017 до денес Старо Нагоричане, раководено од СДСМ е симбол на одговорно, чесно и домаќинско управување.„Нашиот кандидат за Градоначалник, Далибор Трајковски и тимот околу него, заедно со советничката листа предводена од Иван Марковиќ, се наследници на тој дух на работа, чесност и посветеност. Тие се гаранција дека овој пат ќе продолжи – со нова енергија, со идеи и со истата грижа за секој граѓанин“, нагласи Каранфилова Пановска.Таа ги повика граѓаните на 19-ти октовмри, да гласаат за бројот 5, за Далибор, за Иван, за Старо Нагоричане, за иднина на Македонија со СДСМ и Коалицијата.„Затоа што ова не се само избори за општина – ова е избор за тоа каква држава ќе бидеме. Изборот е меѓу лаги и чесност, меѓу режим и слобода“, порача Каранфилова Пановска.Во своето обраќање пред граѓаните на Старо Нагоричане, Каранфилова-Пановска се осврна на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и неговите послушници на централно ниво.„Пред година и пол, граѓаните го очекуваа ветениот подобар живот, а добија раскалашена влада што живее во луксуз, далеку од народот.  Пензионерите ги оштетија со формули и помпезни ветувања. Работниците ги оставија без покачувања на платите, земјоделците без субвенции. Сметките растат, цените дивеат, младите си заминуваат. Ја задолжија државата како никогаш досега, унгарски кредит, британско партнерство, 7 милијарди евра. За граѓаните нема ништо, ама граѓаните ќе мора да враќаат нивните бескорисни кредити“, нагласи Каранфилова Пановска на граѓаниот собир во Старо Нагоричане.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarymksb018132a785RViAa

Костадин Ацевски: Ѓорче Петров ќе го вратиме на граѓаните – ќе ја стопираме бетонизацијата, ќе ја исчистиме општината и ќе направиме ревизија на сите проекти

Кандидатот за Градоначалник на Општина Ѓорче Петров од СДСМ, Костадин Ацевски, во интервју за порталот „Локално“ истакна дека граѓаните на Ѓорче се изморени од неработење, импровизација и предизборни ветувања и дека е време општината повторно да стане место за достоинствен живот.„Градоначалникот цел мандат неработење се обиде да го сокрие со работа во последните десет дена. Дури и во ноќните часови се реконструираат детски игралишта и улици, среде октомври, кога временските услови не го дозволуваат тоа. Стравувам дека ова брзање ќе резултира со неквалитет и затоа веднаш по преземањето на функцијата ќе спроведеме ревизија на сите овие проекти. Ако се утврдат неправилности, ќе има одговорност“, изјави Ацевски.Тој најави дека во првите сто дена од мандатот ќе ја стопира бетонизацијата на Ѓорче Петров, ќе го прекине издавањето на дозволи за нови згради и ќе направи анализа на сите постојни урбанистички планови.„Ѓорче мора да се развива хумано и човекот да биде пред профитот на инвеститорите. Наместо нови згради, ќе вложуваме во сообраќајни решенија, паркови и зелени површини. Граѓаните заслужуваат општина која дише, а не бетонски ѕидови кои го нарушуваат квалитетот на животот“, потенцираше Ацевски.Осврнувајќи се на хигиената во општината, Ацевски рече дека состојбата е катастрофална и дека новата локална власт ќе мора да почне од нула.„Ќе поставиме 750 канти за џебен отпад, контејнерите ќе бидат заменети со подземни на 85 локации, а ќе воведеме и телефонска линија преку која граѓаните ќе можат да пријавуваат и закажуваат собирање на кабаст отпад директно од нивните домови. Ќе воспоставиме ефикасни комунални служби кои навремено ќе интервенираат и ќе спречуваат создавање нови диви депонии“, нагласи тој.Во интервјуто Ацевски посочи дека во изминатите четири години, власта на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров не реализирала ниту еден капитален проект и покрај рекордните буџети и средствата од унгарскиот кредит.„Општина Ѓорче Петров во последните четири години воопшто не се развиваше. И се рекордни буџети, како што се фали Стојкоски, и со 8 милиони евра од унгарскиот кредит во општина Ѓорче Петров не се реализираше ниту еден капитален проект. Од приближно 20 милиони евра во последнава година од мандатот, не се реши проблемот со водоснабдувањето, не се изгради алтернативна сообраќајница за жителите од Волково, Ново Село, Кисела Јабука и Даме Груев, нема две нови градинки како што ветуваше Стојкоски во 2021 година. Сите овие пари се потрошија на предизборно „замачкување на очи” со асфалтирање на улички по 50 метри, реконструкција на детски игралишта за кои имаа можност изминатите четири години да ги реализираат, не знам од која причина, не ги реализираа“, изјави Ацевски.Тој се осврна и на контроверзниот проект „Населба за млади брачни двојки“ во Ново Село, за кој, според него, постои сомнеж дека се крие нова бетонизација.„Под превезот на проект за млади, во план е урбанизација на нови површини. Поставивме јавни прашања до градоначалникот Стојкоски – дали зад овој проект стои уште една договорена зделка со инвеститори? До денес нема одговор“, рече Ацевски.Во однос на решавањето на проблемот со водоснабдувањето, тој најави дека проектот „Оризарски рид“ ќе биде еден од првите приоритети.„Ѓорче мора конечно да има стабилно снабдување со вода. Овој проект е клучен за здравјето на граѓаните и нема да дозволам да биде блокиран поради политички инает“, истакна Ацевски.Ацевски во интервјуто порача дека општина Ѓорче Петров заслужува чесно, одговорно и транспарентно раководење.„На 19 октомври ги повикувам сите граѓани да го заокружат број 5. Заедно да ја сопреме бетонизацијата, да го исчистиме Ѓорче и да ја вратиме општината во рацете на народот“, порача Ацевски.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања