Проверете дали сте на списокот: Делови од Скопје утре без струја
Поради планирани интервенции на електроенергетската мрежа, во среда, 19 август, без електрична енергија ќе останат корисници во делови од Скопје, информираат од ЕВН Македонија.Во периодот од 08:30 до 13:00 часот, прекин во снабдувањето ќе имаат корисниците од дел од улицата „Христо Татарчев“, во близина на автопералната, во Општина Сопиште.Во периодот од 11:30 до 14:30 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на улицата „Александар Мартулков“ во Општина Ѓорче Петров.
Скопје | пред 1 месец