Промени тема
Контакт

Најнови вести

2 мес.
media-libraryl7v936jc6ic8frDGxNh

(Видео) Заврши затемнувањето на Сонцето: Погледнете снимки од спектаклот од различни делови на Европа

Заврши долгоочекуваното целосно затемнување на Сонцето, кое денеска привлече милиони жители и туристи во различни делови на Европа. Месечината помина пред Сонцето, а нејзината сенка се движеше од северните делови на Атлантикот кон Пиринејскиот Полуостров.Целосното затемнување беше видливо само во тесен појас, меѓу другото, во делови од Исланд и Шпанија, додека во голем дел од Европа феноменот можеше да се набљудува како делумно затемнување.Особено голем интерес имаше во Шпанија, каде што илјадни

Вирално | пред 2 месеци

2 мес.
media-library8cd0jpv0aak195JEOFQ

Кина направи ласер што ги „лови“ комарците: Ги препознава за само три милисекунди

Кинеска компанија „Фотон матрикс“ разви уред кој со помош на ласерски зрак ги препознава и уништува комарците во воздух. Уредот може да ги детектира на растојание до шест метри, а целиот процес од препознавање до дејство трае околу три милисекунди.Технологијата комбинира ЛиДАР сензори, препознавање слики со помош на вештачка интелигенција и обработка на сигнали. ЛиДАР-от со ласерски импулси создава тродимензионална слика од просторот и ги регистрира и малите подвижни објекти.Бидејќи во воздухот

Магазин | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryadcd1tht90v29jLxqYz

(Фото) Маријана се „отвори“ од Јадранот

Маријана Станојковска, позната телевизиска водителка и поранешна лото-девојка, сподели фотографии од летниот одмор во Црна Гора, каде што ужива покрај Јадранското Море.На објавената фотографија таа позира во црвен костим за капење, со поглед кон базените и околното зеленило, а во описот порача дека летото го минува во знакот на морето, сонцето и релаксацијата.„Лето со поглед кон Јадранот! Уживање во морето, сонцето, прекрасниот амбиент и моменти за паметење“, напиша Станојковска.Станојковска со

Сцена | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryg8tf4rvi3utldkAVnRX

Зеленски тврди дека украинските сили ослободиле 26 населени места и 745 квадратни километри

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека украинските сили во текот на годинава вратиле под своја контрола 745 квадратни километри окупирана територија и 26 населени места на југоисточниот фронт.Според Зеленски, операцијата се одвива според планираното и е спроведена од воздушно-десантни единици и дополнителни воени формации долж потег долг околу 60 километри, на спојот меѓу Дњепропетровската, Доњецката и Запоришката област.Во изминатите месеци украинските сили го зголемиле притисо

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
electricity-meter-96863_1280

Ценовен шок во Југоисточна Европа: струјата над 500 евра за мегават-час

Екстремно високите температури и наглиот раст на потрошувачката предизвикаа рекорден скок на цените на електричната енергија на берзите во Југоисточна Европа, при што во одредени пикови цената надмина 500 евра за мегават-час.Зголемената побарувачка главно се должи на масовното користење климатизери во услови на тропски температури. Дополнителен притисок создаваат сушата и намалениот водостој на реките, што го ограничува производството од хидроелектраните и го намалува расположливиот домашен енер

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
evrovizija

Евровизија со нови правила: Овие три работи повеќе нема да бидат дозволени

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) воведува нови правила за Евровизија, меѓу кои и одредба според која земја вклучена во воен конфликт нема да може да биде домаќин на натпреварот, дури и ако нејзиниот претставник победи.Новите правила биле одобрени од управното тело на Евровизија по повратните информации од јавните сервиси што учествуваа на изданието во 2026 година во Виена.Според измените, победничката земја може да биде исклучена од домаќинството доколку „чувствителна геополитичка ситуација“

Сцена | пред 2 месеци

2 мес.
media-library3naf1o4n4e7sepY9bGM

Ѓорѓиевски: Се чисти депонијата во Радуша, скопската вода е безбедна за пиење

Долгогодишната депонија во Радуша денеска се чисти во голема координирана акција, објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Според него, се отстранува површинскиот отпад од локацијата, околу која во изминатите денови се појавија тврдења дека би можела да биде загрозена водата од изворот „Рашче“.Ѓорѓиевски повторно нагласи дека депонијата се наоѓа на неколку десетици километри од заштитената зона на изворот „Рашче“ и, како што наведува, не претставува основа за тврдењата што се ширеле во

Скопје | пред 2 месеци

2 мес.
media-library9kbqlt1bec632qEKdvJ

Пронајдено е 4-годишното дете од Македонија кое исчезна во одморалиште во Албанија

По итниот апел и повеќечасовната потрага на 12 август, локалните медиуми во Албанија потврдија дека детето е пронајдено неповредено на територијата на одморалиштето и е предадено на родителите.Момчето исчезнало претходно истиот ден за време на семејниот одмор во туристичкото место Голем, во близина на Алто Маре. Во потрагата се вклучиле полицијата, посетителите на плажата и локалните жители.Мајката на детето, Сања, претходно упатила итен апел до јавноста откако семејството накратко изгубило сека

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryno4mr5shq7v85Akqg00

По протестите на струмичките земјоделци: Ајварката од прва класа ќе се плаќа 40 денари по килограм

По неколкудневните протести и блокади на струмичките земјоделци, постигнат е договор за повисока откупна цена на пиперката ајварка. Производителите, откупувачите и преработувачите се договориле првата класа да се откупува за 40 денари по килограм.Договорот е постигнат на средба во Струмица, со посредство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Министерот Борче Серафимовски соопшти дека новите цени ќе почнат да се применуваат од 12 август.Според договореното, за прва класа

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-librarys9c9jno9utvb64DO9T3

Еден Палестинец загина во израелски напад во Газа, неколкумина се повредени

Еден Палестинец загинал, а повеќе лица биле повредени во израелски напад врз возило во Беит Лахија, во северниот дел на Појасот Газа.Според медицински извори, цел на нападот било возило на три тркала. Повредените Палестинци биле пренесени на лекување во болница во градот Газа.Портпарол на израелската војска изјавил дека нападот бил изведен со цел да се „отстрани безбедносна закана“.Денешниот напад следува по еднонеделна пауза во израелските воздушни напади врз окупираната палестинска енклава.

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
mark-rute

НАТО по инцидентите во Полска и Романија: Русија сноси целосна одговорност

НАТО денеска одржа состанок посветен на неодамнешните нарушувања на воздушниот простор на Полска и Романија, при што сојузниците оценија дека Русија сноси целосна одговорност за инцидентите.На состанокот беше изразена целосна солидарност со двете земји, а главна тема беа нарушувањата на воздушниот простор на источниот дел од Алијансата.Во изминатите недели неколку дронови навлегле во романскиот воздушен простор. Романскиот претседател Никушор Дан оцени дека е недозволиво и неприфатливо Кремљ да

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
etna

Ерупцијата на вулканот Етна направи хаос на Сицилија: Откажани 700 летови

Новата ерупција на вулканот Етна предизвика сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај на Сицилија, а најпогоден е аеродромот во Катанија.Во периодот од 8 до 11 август биле откажани околу 700 летови, додека, според податоците на управата на аеродромот, денес се очекува откажување на уште 52 лета. Повеќе од 250 авиони биле пренасочени кон други аеродроми на Сицилија.Од почетокот на нарушувањата, повеќе од 100 летови слетале во Комизо, додека само вчера околу 50 авиони биле пренасочени кон Палерм

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryfkaihmg4rpvf5d2Absz

Институциите ја смируваат паниката: Нема ешерихија коли во скопската вода

Појавата на информации на социјалните мрежи за наводна присутност на ешерихија коли во скопската вода предизвика вознемиреност кај граѓаните, но надлежните институции категорично демантираат дека водата во Скопје е загадена и небезбедна за пиење.Во текот на денот, Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје – Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство и Градот Скопје излегоа со информации дека нема потврда за присуство на бактеријата во градскиот водоснаб

Скопје | пред 2 месеци

2 мес.
media-librarya0qk13gprcro15aIfyt

Се бара четиригодишно дете од Македонија: Исчезнало за време на летување во Албанија

Четиригодишно дете од Македонија исчезнало во Голем, Албанија, во близина на Алто Маре, а семејството и надлежните веќе трагаат по него.Според информациите објавени од „JOQ Albania“, случајот е пријавен во полицијата во Голем. Семејството упатува итен апел до сите граѓани и туристи што се наоѓаат во областа да помогнат во потрагата.Во моментот на исчезнувањето, детето било облечено во зелено костимче за капење, а со себе носело пиштол-играчка на вода.Се апелира до сите што се наоѓаат во Голем, о

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-library7rda9ctt02guby5JkrA

(Видео) Некогаш во обезбедувањето на Груевски, денес во топ-форма: Урко не се откажува од тренинзите

Дејан Митровски – Урко и натаму останува максимално посветен на спортот и тренинзите, а на ново видео ја покажува физичката форма, која ја одржува и по долгогодишното присуство во боречките спортови.На снимката Урко вежба со висок интензитет, покажувајќи дека фитнесот и физичката подготовка остануваат дел од неговото секојдневие.Митровски е долгогодишно име во македонскиот кикбокс. Беше претседател на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија, а во 2023 година доби и признание за животно дело на

Сцена | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryqtd8d6pqhbcl3B2Tcnh

Масовна кражба во Салцбург: Исчезнаа 210 позлатени скулптури на Моцарт

Масовна кражба на уметнички скулптури во Салцбург го прекина предвреме проектот посветен на 270-годишнината од раѓањето на Волфганг Амадеус Моцарт. Од поставените фигури исчезнале дури 210 минијатурни позлатени скулптури на познатиот композитор.Германскиот концептуален уметник Отмар Херл во јули поставил стотици позлатени скулптури во родниот град на Моцарт, во соработка со Фондацијата Моцартеум. Фигурите биле високи околу 50 сантиметри и го прикажувале композиторот со неговото омилено куче Пимп

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-library4npddjapi8h6aq6SM4N

Рекорден број пожари ова лето: 21 активен пожар во земјава до 17 часот

Рекорден број пожари се регистрирани во текот на денот, со 21 активен пожар на територијата на земјава до 17 часот, информира Центарот за управување со кризи.Директорот на ЦУК, Мухамед Али, посочи дека станува збор за рекорден број пожари ова лето, а службите се максимално ангажирани на терен за нивно локализирање и целосно гасење.Пожари се регистрирани во повеќе општини низ земјава. Најголем дел зафаќаат ниска вегетација, шума и грмушки, а на неколку места се пријавени пожари и на плевни, ниви

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryim9hc0dv730baWYG46S

(Видео) Боки 13: Само јас можам да ѝ донесам победа на Македонија на Евровизија

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, тврди дека веќе постои почетна замисла за негово учество на Евровизија и дека со соодветен проект би можел да ѝ донесе победа на Македонија.Во „Вечер во Охрид со Ландов и Вик“ тој прво ги отфрли тврдењата дека веќе е во евровизиска трка со Антониа Гиговска, нагласувајќи дека првпат слуша за такво нешто.„Јас немам таква информација дека можам да бидам во ринг со Антониа Гиговска“, рече Јовановски.На прашањето кој би можел да му биде противник, Боки 13 одгово

Сцена | пред 2 месеци

2 мес.
media-librarycsgka7l0e5pg8Fw5ksN

Четворица Португалци исчезнале во Хрватска: Двајца пронајдени живи, спасувачите бараат уште двајца

Голема спасувачка акција продолжува во Хрватска, во морето и долж брегот на островот Крк, откако четворица португалски државјани исчезнале во Велебитскиот Канал за време на силно невреме. Двајца од нив се пронајдени живи и се медицински згрижени, додека потрагата по преостанатите двајца продолжува.Една жена била пронајдена нешто пред пладне во морето кај заливот Бутињ, на источната страна на Крк. Таа била извлечена на спасувачки чамец, исцрпена, но без повреди, по што била пренесена на брегот и

Балкан | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryeki10q5gh4a8f01EWuu

(Видео) Боки 13 решил да тера легално, па се пофали: Повеќе од 20 години возев без дозвола, конечно положив

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, откри дека повеќе од 20 години управувал возило без возачка дозвола, а законски пропишаниот испит го положил дури на 39-годишна возраст.Во „Вечер во Охрид со Ландов и Вик“, Јовановски нагласи дека никој не треба да го следи неговиот пример и дека сега има важечка возачка дозвола.„Сè уште имам 39 години, следниот месец ќе наполнам 40. Минатата година, пред да стапи новиот закон за сообраќај, конечно положив за возачка дозвола. Дваесет и кусур години возев бе

Сцена | пред 2 месеци

2 мес.
media-library5pmmucgfbnpndtxuTsD

Проверете дали сте на листата: Утре делови од Центар без вода

Корисниците на улицата „Мирослав Крлежа“ во Општина Центар утре, 13 август, ќе останат без вода поради интервенција на водоводната мрежа.Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот е поради поврзување на нова водоводна мрежа со профил Ф-100 милиметри.Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:30 часот до завршување на работите.

Скопје | пред 2 месеци

2 мес.
semejno-nasilstvo

Жена од прилепско пријавила дека била физички нападната од невенчаниот сопруг и неговиот брат

Жена од прилепско село пријавила дека била физички нападната во својот дом од страна на невенчаниот сопруг и неговиот брат, информира МВР.Според полицискиот билтен, вчера во 15:15 часот во ОВР Прилеп, 35-годишна жена пријавила дека во домот била физички нападната од Д.П., со кого живеела во вонбрачна заедница, и неговиот брат А.П.Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп вложува 3 милијарди долари во американското рударство

Соединетите Американски Држави го засилуваат фокусот на рударството и производството на критични минерали, а дел од новиот инвестициски пакет ќе биде насочен кон голем проект за ископ на бакар во Аризона.Повеќе од една милијарда долари треба да бидат вложени во проектот „Санта Круз“, при што американскиот претседател Доналд Трамп порача дека рударството повторно станува државен приоритет. Според него, САД имаат цел да ја вратат позицијата на „минерална суперсила“.Трамп истакна дека критичните ми

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryk0714lmabab2agx5YAa

Бројот на пациенти со стомачни болки е зголемен во Скопје, но не поради водата, туку поради горештините

Зголемен е бројот на пациенти со гастроинтестинални тегоби во Скопје, но нивниот број е во рамките на очекуваното за овој период од годината и не се поврзува со водата за пиење, изјави директорот на Клиниката за инфективни болести, д-р Фадил Цана.Според него, бројот на пациенти е зголемен во однос на периодите со пониски температури, но тоа не претставува отстапување од вообичаените бројки забележани во претходните години.„Тоа што можам да го кажам како директор на Инфективната клиника е дека не

Скопје | пред 2 месеци

2 мес.
media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Нова ескалација во војната во Украина: Русија тврди дека соборила повеќе од 500 дронови

Војната во Украина продолжува со нови жестоки напади, додека дипломатските тензии меѓу Русија, Украина и западните земји дополнително се зголемуваат. Украинските сили извршија голем напад врз југозападниот дел на Русија, а руското Министерство за одбрана соопшти дека биле соборени повеќе од 500 беспилотни летала.Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски му предал на американскиот претседател Доналд Трамп предлог за ставање крај на војната.Дополнително се зголемија тензиите меѓу Ру

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања