Промени тема
Контакт

Најнови вести

6 ден.
danka

На 30 октомври почнува судењето за убиството на Данка Илиќ

Судењето на Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, обвинети за убиството на двегодишната Данка Илиќ, ќе започне на 30 октомври пред Вишиот суд во Неготин, потврдено е од судот за Танјуг.На подготвителното рочиште, кое ќе биде затворено за јавноста, странките во постапката ќе ги изнесат воведните излагања, по што ќе биде закажано главното рочиште, односно судењето.Во постапката првично беше обвинет и таткото на Дејан Драгијевиќ, Радослав Драгијевиќ, но судот ја запрел постапката против него. Со обвин

Балкан | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Еден пожар активен, еден под контрола, четири изгаснати

Шест пожари на отворен простор се регистрирани во Македонија до 13 часот денеска, од кои еден е активен, еден е ставен под контрола, а четири се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).Активен е пожарот во селото Рашче, во Општина Сарај, каде гори сува трева.Под контрола е пожарот што избувнал во селото Белица, на местото Кајорец во Општина Македонски Брод, а потоа се проширил кон Јасен во Општина Сопиште. Таму гори нискостеблеста и мешана шума.Во текот на денот се изгаснати ч

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-library5sl7bloamg1l2FzllJq

Ангелов: Слабостите во системот за кризи се намалуваат, реформите продолжуваат

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, вели дека слабостите во Системот за управување со кризи, заштита и спасување, на кои укажува Државниот завод за ревизија, се во голем дел прашања на кои укажувал и во периодот кога бил директор на Центарот за управување со кризи, а продолжува да ги посочува и сега.Според Ангелов, дел од слабостите значително се намалени со измените на Законот за управување со кризи од минатата година, како и со измените на Законот за зашти

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес од јачина од 4,2 степени ја погоди Украина

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Украина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот бил на длабочина од три километри, на околу 134 километри од Дњепар.Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.

Свет | пред 6 дена

6 ден.
media-library97nbejeldv7reBtp2Qd

Трет смртен случај од маларија во Франкфурт

Трет човек почина од маларија во Франкфурт, по што градските здравствени власти презедоа дополнителни мерки за информирање на населението во населбата Шванхајм, во близина на аеродромот.Здравствената служба поделила 5.000 летоци, во кои жителите се информираат за симптомите на маларијата, меѓу кои се покачена телесна температура и треска. На граѓаните им се препорачува заштита од комарци со мрежи на прозорците, средства за заштита и облека со долги ракави.Последната жртва починала на 17 септемвр

Свет | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryei470e6nhq277knADVN

Царините и новите правила на ЕУ би можеле да ги поскапат електричните автомобили за илјадници евра

Европската автомобилска индустрија се соочува со сериозни предизвици, а ново истражување на независниот институт „Бројгел“ оценува дека дел од мерките на Европската Унија повеќе ги штитат традиционалните производители отколку што им помагаат да станат поконкурентни.Во извештајот се наведуваат царините за кинеските електрични возила, плановите за задолжително користење компоненти произведени во ЕУ и промените поврзани со забраната за продажба на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување.

Свет | пред 6 дена

6 ден.
sonce-so-termometar

Топлотен бран кон крајот на септември: во Македонија температурите ќе се искачат до 30 степени

Топло време со температури значително над просекот се очекува во голем дел од Европа во завршницата на септември, а според прогнозите, затоплувањето би можело да продолжи и во првите денови од октомври.Причина за ваквата временска состојба е силната област со висок воздушен притисок што се очекува да се формира над континентот. Таа ќе овозможи продор на топол воздух од Медитеранот и Северна Африка кон северните делови на Европа.Во западна, централна и северна Европа температурите на височина би

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryo2rsnibrjr77d55knBs

(Видео) Остана без гориво по победата, седумкратниот шампион Џонсон дојде во помош и го туркаше

По 99 настапи во Куп-серијата и дури осум освоени втори места, Чејс Елиот конечно стигна до својата прва победа во NASCAR Cup Series на патеката „Воткинс Глен“ во 2018 година.Но, прославата за малку ќе била прекината. Елиот останал без гориво речиси веднаш по минувањето низ целта.Тогаш во помош дојде неговиот колега, седумкратниот шампион Џими Џонсон. Откако сфатил што се случило, Џонсон го туркал болидот на Елиот назад кон целта, овозможувајќи му да ја прослави најголемата победа во дотогашната

Вирално | пред 6 дена

6 ден.
media-library8utajlefk9gl7bbu0Jy

„Со гордост ја претставуваме Македонија на Генералното собрание на ОН“, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на отворањето на Генералното собрание на Обединетите нации, настан на кој се собираат претставници на државите од целиот свет.Мицкоски посочи дека Генералното собрание претставува значајна платформа за разговори за глобалните предизвици, мирот, безбедноста и иднината на меѓународната соработка.„Со гордост ја претставуваме Македонија на местото каде што се носат важни одлуки за светот и каде што се градат партнерства засновани на почит, дијалог и

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryirl9r7delq378vRnwTb

Собранието и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка за примена на вештачката интелигенција во собраниските процеси

Собранието и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје потпишаа Меморандум за соработка насочен кон унапредување на дигитализацијата на собраниските процеси.Соработката предвидува развој и примена на решенија засновани на вештачка интелигенција, со цел поефикасно користење на податоците, документите и знаењето со кои располага Собранието.Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати благодарност до професорите и тимот на

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-librarypdt0tre5v1u2dge6uCr

(Видео) Филипче: Која Божиновска бара извинување, Бугарката или Македонката?

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција изјави дека партијата нема да се извини за тврдењата што ги изнела за министерката за енергетика Сања Божиновска, посочувајќи дека, според него, тие се засновани на податоци од официјална документација.Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче се осврна на нејзиниот претходен ангажман во компании во Бугарија и Хрватска, како и на тврдењата за поврзаност со лица и компании кои денес се дел од актуелни деловни зделки.„Факт е дек

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-library8kqrs88r772q9V7xswt

(Видео) Филипче за Законот на СДСМ за земјоделците: 8 денари за килограм грозје, 10 за пиперка и ориз, 5 денари за пченица

СДСМ и коалицијата денеска ќе поднесат предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците, со кој се предлага дополнителна помош за повеќе земјоделски производители. Според претседателот на СДСМ, Венко Филипче, мерките се подготвени врз основа на барањата на земјоделците и проблемите со откупот и ниските откупни цени.За лозарите се предлага финансиска поддршка од 8 денари за секој килограм произведено и продадено грозје од сортите „Вранец“ и „Кратошија“. За оние кои нема да успеат да го продад

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-librarykjkavssofs9c26WRVF7

Ја нападнал мајка му и фрлал остри предмети кон неа и ѝ нанел повреди

Полицијата во Гостивар лишила од слобода 41-годишен маж по пријава за семејно насилство, соопшти Министерството за внатрешни работи.На 22 септември, пет минути по полноќ, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Х.Ф. (41) од Гостивар, откако претходно било пријавено дека во семејниот дом, под дејство на алкохол, агресивно се однесувал кон неговата 63-годишна мајка.Според пријавеното, тој фрлал остри и други предмети од покуќнината кон неа, при што ѝ нанел повреди.Х.Ф. бил задржа

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
prostitucija

Две лица уапсени во Тетово поради сомнение за посредување во проституција

Две лица се лишени од слобода во Тетово поради сомнение дека сториле кривично дело „посредување во вршење проституција“, соопшти Министерството за внатрешни работи.На 21 септември во 20 часот, на улицата „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Ц. (27) од Тетово и К.З. (31) од село Боговиње, со престој во Тетово.Двете лица биле задржани во полициска станица, а истата вечер, врз основа на наредба од Основниот суд Тетово, бил извршен претрес во домот и помо

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-librarygthq9c7omc304jnbUrj

Приведен 19-годишник во Тетово, кај него пронајдена марихуана

Полицијата во Тетово лишила од слобода 19-годишник кај кого при преглед била пронајдена марихуана, информира Министерството за внатрешни работи.На 21 септември во 21 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.И. (19) од село Горно Седларце.При извршениот преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.Лицето било задржано во полициска станица, а од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде подне

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-librarydsvgd681gh44dWRecTj

Маж пронајден починат на фудбалскиот стадион, во негова близина пронајдена моторна пила

Трагичен настан се случил во селото Равен, каде што 60-годишен маж бил пронајден починат на фудбалскиот стадион, а за време на увидот на местото на настанот тешко се повредил и полициски службеник.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 21 септември во 23:15 часот во ОВР Гостивар, Ј.А. (45) од Равен пријавила дека нејзиниот сопруг А.А. (60) околу 7 часот заминал на работа во Гостивар, но не се вратил дома и не одговарал на телефонските повици.По преземените мерки и активнос

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryokq8jg9jl4scf6fEIS9

(Видео) Спотот на студентите во Белград со Вучиќ предизвика бурни реакции, Брнабиќ побара реакција и од Европскиот парламент

Спотот што го објавија студентите од Факултетот за драмски уметности во Белград предизвика реакции во Србија, особено поради начинот на кој во него е претставен претседателот Александар Вучиќ. По објавувањето на видеото, претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ, свика вонредна прес-конференција.Видеото е направено како монтажа од снимки што Вучиќ претходно ги објавувал на својот профил на Инстаграм, комбинирани со пораки и снимки од граѓаните за време на протестите низ Србија.Во еден дел е при

Настани | пред 6 дена

6 ден.
media-librarynav2tk6ejaf6bO9Y3se

(Видео) Нови детали од пукањето пред училиште во Турција: 11 ученици повредени, двајца се во тешка состојба, напаѓачот приведен

Најмалку 11 ученици се повредени во утринскиот напад со огнено оружје во близина на средно училиште во турскиот град Тургутлу, во провинцијата Маниса. Двајца од повредените се во тешка состојба, а осомничениот, малолетен ученик, бил приведен кратко по нападот.Пукањето се случило околу 8 часот по локално време во близина на Средното стручно и техничко училиште „Инџи Узмез“. Првичните информации беа дека има осум повредени, но бројот подоцна се зголемил на 11.Според турските медиуми, напаѓачот дош

Свет | пред 6 дена

6 ден.
media-librarym2fptag9qpel3oCpg2s

Го барале за издржување двегодишна казна за тешка кражба, приведен на аеродромот во Скопје

На Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“ бил лишен од слобода 29-годишен жител на гостиварското село Топлица, кој бил баран со судска наредба за издржување затворска казна од две години.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, И.Ч. бил приведен на 21 септември во 12:30 часот, при влез во државата.За него била распишана судска наредба за издржување на казната поради сторено кривично дело „тешка кражба“ според член 236 од Кривичниот законик.По лишувањето од слобода, лицето би

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
plata-evra

Од 500 до над 1.000 евра: Голем пресврт во платите во Црна Гора

Просечната нето плата во Црна Гора за десет години се зголемила од 499 на 1.012 евра, а во јули годинава достигнала 1.037 евра. Иако номиналниот раст е повеќе од двоен, кога ќе се земе предвид инфлацијата, куповната моќ на просечната плата во 2025 година била околу 43 проценти поголема отколку во 2016 година.Најавата на премиерот Милојко Спајиќ дека од јануари 2027 година минималните плати треба да изнесуваат од 1.000 до 1.400 евра повторно го отвори прашањето за движењето на заработките во земј

Балкан | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryjo993k4f1sbucOiwmUZ

ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на Владата даваат резултати, Македонија со најниски цени на горивата во регионот

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение оценува дека мерките што ги презема Владата во услови на енергетска криза даваат резултати и оти Македонија и натаму има ниски малопродажни цени на горивата во споредба со земјите од регионот.Од партијата посочуваат дека актуелната цена на бензинот БС-95 во Македонија изнесува 99 денари за литар, додека дизелот се продава по 104,5 денари за литар. Цените се утврдени со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, која е во сила од 22 септември 2026 година

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryp0h8ngh9jbk0fOOtTHu

Alibaba го забрзува развојот на вештачката интелигенција со нов модел и чип

Кинескиот технолошки гигант Alibaba најави развој на нов модел на вештачка интелигенција, кој би можел да има до четири пати поголем број параметри од актуелниот водечки систем на компанијата. Истовремено, компанијата го претстави и новиот чип за ВИ, Zhenwu V900, за кој тврди дека е најмоќниот што досега го развила во Кина. По објавите, акциите на Alibaba во Хонг Конг пораснаа за 5,1 отсто.Најавите беа објавени на годишната конференција „Apsara“ на Alibaba Cloud во Хангџоу, во период кога кинеск

Технологија | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ до Божиновска: Нема извинување, има биографија, броила од 13,2 милиони и човек од доверба на Лазаревиќ

СДСМ преку соопштение ги отфрла барањата на Божиновска за извинување и повлекување на обвинувањата, наведувајќи дека за своите тврдења поседува документи и податоци од јавни регистри.Од партијата посочуваат дека Божиновска во периодот од 2011 до 2014 година била извршен директор на „Руднап Група“ за Централна и Источна Европа, со одговорности за активности во Македонија, Србија, Бугарија и регионот. Според СДСМ, од 23 март 2012 до 11 март 2014 година била и управител на „Руднап Бугарија“ ЕООД, к

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryi2jjk0075tur6rBG75F

Уапсен кумановец баран по потерница за тешка кражба

Полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 45-годишен жител на Куманово, кој бил баран со потерница за издржување затворска казна.Како што информира МВР, на 21 септември во 7:30 часот бил лишен од слобода М.Д. (45) од Куманово. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор во траење од една година.Казната му е изречена за сторено кривично дело „тешка кражба“ според член 236 од Кривичниот законик.По лишувањето од слобода, М.Д. бил спроведен во Казн

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-librarypdt0tre5v1u2dge6uCr

Божиновска: СДСМ, покажете го доказот или повлечете ги лагите - политичката борба не е лиценца за клеветење

Министерката Божиновска ги отфрли како невистинити и тенденциозни тврдењата што СДСМ ги изнесе на прес-конференција на 20 септември, оценувајќи дека со нив, без докази, се нарушуваат нејзината чест, углед и професионален интегритет.Таа тврди дека повеќе од 12 години нема никаква деловна или приватна поврзаност со „Руднап“, ниту, како што наведува, има каква било врска со предметната набавка или со постапката што ЕВН ја спроведува самостојно за свои потреби.„СДСМ свесно пласира невистини и измисл

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања