Промени тема
Контакт

Најнови вести

3 нед.
dragan-kovacki

(Видео) Ковачки: Стојанчо Радичевски ќе биде идниот градоначалник на Брвеница

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, денеска соопшти дека кандидатурата на Стојанчо Радичевски за градоначалник на Општина Брвеница е официјално поднесена. Радичевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за претстојните вонредни локални избори.Ковачки го оцени Радичевски како одличен кандидат и истакна дека очекува тој да биде продолжение на работата на поранешниот градоначалник Јовица Илиевски, кој почина предвреме.„Верувам дека нашиот кандидат е убедливо најдобриот кандидат, кандидат ко

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarycop8dant9rt9e0DRFJ2

Трамп бара Музејот на американската историја да постави огромни статуи на Џорџ Вашингтон

Американскиот претседател Доналд Трамп побара пред и во Националниот музеј на американската историја во Вашингтон да бидат поставени огромни статуи на Џорџ Вашингтон, во рамки на неговите напори да влијае врз федералните културни институции.Трамп во објава на својата социјална мрежа „Truth Social“ побара пред музејот да биде поставена „колосална статуа“ на Вашингтон, висока девет метри.Тој исто така предложи во централниот дел на музејот, познат како „Flag Hall“, да биде поставена уште една стат

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп за обединета Ирска: „Би сакал да го видам тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал да види обединета Ирска, оценувајќи дека такво нешто „на крајот ќе се случи“.За време на средбата со ирскиот премиер Михол Мартин во Даблин, Трамп беше прашан што мисли за обединувањето на Ирска. Тој одговори дека тоа би било „фантастична работа“ и дека би претставувало големо признание за сите.„Би сакал да видам обединета Ирска. Како би можело тоа да биде лошо?“, изјави Трамп.Американскиот претседател, осврнувајќи се на Мартин, кој сед

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Кремљ: Сè уште не е одлучено дали Путин ќе оди на самитот на Г20 во Мајами

Москва сè уште нема одлучено дали рускиот претседател Владимир Путин ќе отпатува во Мајами на самитот на Г20 што ќе се одржи во декември, објави „Интерфакс“, повикувајќи се на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.„Сè уште не знаеме дали ќе одиме во Мајами“, изјави Песков.Претходно денеска, советникот на Кремљ за надворешна политика, Јуриј Ушаков, изјави дека во Москва воопшто не се разговарало за можноста Путин да учествува на самитот.Информациите за можно учество на рускиот претседател се појав

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Трамп: Иран веројатно е одговорен за нападот врз клучниот нафтовод во Саудиска Арабија

Нафтената инфраструктура на Саудиска Арабија претрпе прекин откако беше затворен нафтоводот Исток–Запад, една од клучните извозни рути на кралството, која овозможува транспорт на сурова нафта без користење на Ормускиот Теснец.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран веројатно стои зад воздушниот напад врз Саудиска Арабија по кој нафтоводот бил затворен.„Мислам дека се тие, веројатно се тие“, им изјави Трамп на новинарите во Даблин, одговарајќи на прашањето дали Иран е одговорен за

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryhd13dsrfd9vka8jJa51

(Видео) „GTA 6“ добива специјални контролери за PS5, ќе чинат 84,99 евра

Заедно со објавувањето на „GTA 6“, гејмерите ќе добијат можност да набават и специјално издание на безжичниот контролер DualSense за PlayStation 5, инспирирано од новата игра на Rockstar.Sony и Rockstar подготвуваат две верзии на контролерот – светла и темна. Во центарот на подлогата за допир е поставена ознаката „VI“, додека рачките имаат текстура инспирирана од палмите и препознатливиот изглед на Vice City.Иако има тематски изглед, контролерот ги задржува истите технички можности како стандард

Технологија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryabpnnkvkudne1DUDhMZ

Хакерите имаат нова тактика: Може да ја преземат сметката и без да ја знаат лозинката

Хакерите сè почесто користат нова техника на „фишинг“ која може да им овозможи долготраен пристап до корисничките сметки, без да мораат да ја украдат лозинката или да ја заобиколат повеќефакторската автентикација.Техниката позната како „OAuth consent phishing“ се потпира на тоа корисникот самиот да даде дозвола на злонамерна апликација да пристапува до неговите податоци. Поради тоа, промената на лозинката по нападот не е доволна за прекинување на пристапот.Според предупредувањето на американскот

Технологија | пред 3 седмици

3 нед.
svedska

Шведска утре гласа: Избори што ќе одлучат дали крајната десница влегува во владата

Шведска утре гласа на парламентарни избори кои се очекува да имаат големо влијание врз идниот политички курс на земјата, особено околу прашањето дали крајнодесничарските Шведски демократи ќе станат дел од владата.Според најновите анкети, Шведските демократи имаат поддршка од околу 19 отсто од гласачите. Партијата, која има корени во неонацистички кругови, во последните години постепено го зацврсти своето место на политичката сцена и од изолирана сила стана важен партнер на десноцентристичкиот бл

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски подготвен за средба со Путин на Г20: „Мора да се сретнеме и да разговараме“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Г20 во Мајами, доколку двајцата бидат поканети на собирот во декември.Во интервју за „Дојче веле“, Зеленски беше прашан дали би се сретнал со Путин доколку и двајцата лидери добијат покана за самитот. Тој одговори потврдно.„Да, секако. Мора да дојдеме. Мора да се сретнеме, да разговараме и да донесуваме одлуки“, изјави Зеленски.Украинскиот претседател нагласи дека з

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarysvm5e2qtaoq66nuSAeH

Бране Петрушевски гостин на шведскиот изборен процес во Стокхолм

Пратеникот и заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, викендов престојува во Стокхолм како меѓународен гостин на шведскиот изборен процес, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.Петрушевски во Шведска престојува на покана на Moderaterna и Фондацијата „Јарл Хјалмарсон“, со кои ВМРО-ДПМНЕ има долгогодишна соработка и партнерски односи во рамки на европското семејство на сестрински и партнерски партии.Во текот на дводневната посета, Петрушевски учествува во програмата посветена на шведскиот изборен

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryh1kupeguu06ub6wArzg

Три физички пресметки во Скопје во текот на ноќта, нападнати и двајца малолетници

На подрачјето на Скопје во текот на ноќта се регистрирани три случаи на физички пресметки и напади, соопшти МВР.На 11 септември околу 16:50 часот во село Кондово, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу С.А. (43) и Х.А. (41). По целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Два часа по полноќ, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Пат за Китка“, по претходна расправија, Ф.А. и Д.А. биле физички нападнати од Е.М., Ф.М., И.М. и И

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
semejno-nasilstvo

51-годишен маж од Раковец физички нападнал жена во стан во Тетово

51-годишен маж од село Раковец е лишен од слобода по пријава дека физички нападнал жена со која бил во заеднички стан во Тетово, соопшти МВР.Според информациите од МВР, на 11 септември во 23:45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.А. (51) од село Раковец.Претходно, 46-годишната Р.А. од Филипини, која привремено престојува во Крушево, пријавила дека на 1 септември, во нивниот заеднички стан во Тетово, по кратка расправија, Ш.А. физички ја нападнал и ѝ нанел телесна пов

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarymiid0t15caih9rM6JDZ

68-годишен маж од Гостивар ја нападнал сопругата и ѝ се заканувал

Шеесет и осумгодишен гостиварец е лишен од слобода по пријава од неговата сопруга дека ја нападнал и ѝ се заканувал, соопшти МВР.Според информациите од МВР, на 11 септември во 18:30 часот, на улицата „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници го лишиле од слобода И.П. (68) од Гостивар.Неговата 65-годишна сопруга пријавила дека истиот ден околу 15 часот, во нивниот семеен дом, тој физички ја нападнал и ѝ го оштетил мобилниот телефон. Таа пријавила и дека ѝ упатил вербални закани во моментот к

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library152ihem7tg9ueVgKyF8

Четворица лишени од слобода во Тетово, полицијата пронашла дрога

На подрачјето на Тетово и околните населени места, во текот на ноќта биле лишени од слобода четири лица кај кои полициски службеници пронашле марихуана и различни прашкасти материи, соопшти МВР.На 11 септември во 20:45 часот, во село Боговиње, полициски службеници сопреле автомобил „голф“ управуван од 24-годишниот А.Д. од село Челопек. При прегледот кај него била пронајдена и одземена марихуана, по што бил лишен од слобода.Два часа подоцна, во 22:00 часот, во Тетово бил лишен од слобода 44-годиш

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryfnhsl8qe7upnfYXDoa3

Приведен 40-годишен кратовец, со остар предмет нападнал полицаец

Во Кратово, 40-годишен маж со остар предмет нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија, соопшти МВР.Според информациите од МВР, на 11 септември во 19 часот, полициски службеници од ОВР Кратово го лишиле од слобода П.Ј. (40) од Кратово поради нападот.Случајот се расчистува и се преземаат дополнителни мерки.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Малолетен син ја нападнал мајка си и ѝ се заканувал

Четириесетгодишна велешанка пријавила дека била физички нападната и дека ѝ било заканувано од страна на нејзиниот малолетен син, соопшти МВР.Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 11 септември во 20:50 часот во СВР Велес. Жената пријавила дека нападот се случил во нејзиниот дом.За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Велес. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
soobrakajka-634

Едно лице загина, три се повредени во тешка сообраќајка на патот Гостивар–Стража

Едно лице загина, а три се повредени во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на магистралниот пат Гостивар–Стража, соопшти МВР.Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во 22:55 часот во СВР Тетово. Во неа учествувале две патнички возила „голф“.Едниот „голф“, со гостиварски регистарски ознаки, бил управуван од 34-годишниот А.И. од село Чегране, а негов сопатник бил 28-годишниот Х.К. од Гостивар. Со второто возило, со тетовски регистарски ознаки, управувал 21-годишниот Д.Н.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library6mqc0onrapse9uiSmlP

Тешко повредена велосипедистка во сообраќајка во Прилеп

Во сообраќајна несреќа што се случила вчераутро во Прилеп, тешко е повредена 51-годишна велосипедистка, соопшти МВР.Според информациите на МВР, во 08:25 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Мирче Ацев“ и „Трајко Тарцан“, патничко возило „Пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 72-годишниот В.Т. од Прилеп, удрило во велосипедистката К.Д. (51) од Прилеп.По несреќата, велосипедистката била пренесена во Градската болница во Прилеп, каде што лекар констат

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

Левица: ВМОР-ДПМНЕ мисли дека народот е идиот - итно да се објават сите документи за 5,5 милиони евра народни пари

Левица ја обвини Владата за нетранспарентност и недоследности во постапката за организација на прославата по повод јубилејот од независноста, оценувајќи дека дополнителните објаснувања околу настанот отвораат нови прашања.Од партијата посочуваат дека рокот за доставување понуди истекол на 8 мај во 12 часот, при што, според нив, била доставена само една понуда од околу сто страници. Само четири дена подоцна, на 12 мај, Владата и „Авалон“ ја најавиле програмата и настапот на Дејвид Гета.Левица пра

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше за милионите од НАТО-фестот и ОБСЕ-самитот, денес има целосна транспарентност

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ во периодот кога била на власт не била транспарентна во однос на трошењето на средствата за повеќе државни настани, меѓу кои НАТО-фестот, прославата за промената на името и самитот на ОБСЕ.„СДС молчеше за тоа каде завршиле парите од организацијата на НАТО-фестот, прославата за промена на името и ОБСЕ-самитот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека, за разлика од претходната власт, актуелната Влада, според нив, обезбедува целосна транспарентност и отчетност.Од партијата

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Нема откуп, грозјето скапува, лозарите ги уништуваат насадите

СДСМ обвини дека во Неготинско и Тиквешијата лозарите се соочуваат со сериозен проблем поради отсуство на откуп на грозјето, при што дел од родот скапува на лозјата, а некои лозари почнале да ги уништуваат лозовите насади.Од партијата велат дека лозарите се оставени без соодветна поддршка и се соочуваат со високи производствени трошоци, додека за грозјето нема сигурен пласман. Според СДСМ, ситуацијата не е проблем само за актуелната реколта, туку претставува закана и за иднината на лозарството в

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library1s046moi1erf4lvbuAl

СДСМ со обвинувања: Прославата била „бинго“ од 5,5 милиони евра за власта

Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветаноски, ја обвини Владата дека потрошила 5,5 милиони евра за прославата и побара целосна транспарентност за начинот на кој биле доделени средствата.„Бинго од 5,5 милиони евра за Мицкоски и неговата организирана криминална група со прославата, а за граѓаните празни џебови“, изјави Цветаноски.Таа оцени дека станува збор за огромна сума пари и посочи дека граѓаните имаат право да знаат каде завршил секој денар.„Парите се на граѓаните и граѓаните имаат

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library4bt49oa1ahj7cX7kavA

Љубчо Георгиевски: Македонскиот јазик откако ќе биде дијалект на бугарскиот јазик, да биде прогласен и за официјален

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски реагираше на иницијативата на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, според која во бугарската правна рамка македонскиот јазик би се третирал како дијалект на бугарскиот, оценувајќи дека тоа може да биде основа во следна фаза македонскиот да биде прогласен за официјален јазик во Бугарија.„Пратеникот Костадинов дал иницијатива со која во бугарската правна рамка македонскиот јазик би се третирал како дијалект на бугарскиот јазик“, напиша Георгиевски.Тој иниц

Коментари | пред 3 седмици

3 нед.
media-library9jgmt1mampun5fz8Wgz

Овие два хороскопски знака не поднесуваат другите да им се мешаат во работата

Некои луѓе најдобро функционираат како дел од голем тим, додека други сакаат сами да го организираат времето, да донесуваат одлуки и да го одредуваат начинот на кој ќе стигнат до целта.Според астролошките толкувања, два хороскопски знака особено ја ценат таквата слобода – Овенот и Водолијата.Овните сакаат да имаат контрола врз сопствените задачи и тешко прифаќаат некој непотребно да им објаснува како треба да ја завршат работата. Брзи се, одлучни и најчесто веќе имаат сопствена замисла како наје

Вирално | пред 3 седмици

3 нед.
media-library0aagao4f19jceFM2dfr

Николоски: Ветерни паркови, нов аеродром и когенеративни централи – храбро грабиме во 21 век

Владата е рамноправен партнер на домашните компании кои инвестираат во зелената транзиција и придонесуваат за енергетската независност на државата, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на отворањето на новите капацитети за производство на електрична и топлинска енергија на компанијата „Теса Енерџи“ во Скопје.Николоски оцени дека инвестицијата покажува оти домашните компании и домашниот капитал можат да ги следат современите светски трендови во енергетиката.„Би сакал

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања