Промени тема
Контакт

ИЗБОРИ

media-libraryv5kptil7tgl10isYVqd

Словенија гласа на 10. парламентарни избори: тесна трка меѓу Голоб и Јанша во сенка на меѓународни тензии

Словенија денес,, ги одржува десеттите парламентарни избори од осамостојувањето, со очекувања за исклучително тесна трка меѓу либералното движење на премиерот Роберт Голоб и партијата на поранешниот премиер Јанез Јанша. Кампањата, според оценките на аналитичарите, беше силно обликувана од меѓународниот контекст, што дополнително ја заостри поделбата меѓу двата политички блока.Право на глас имаат 1.698.352 избирачи, а гласањето се одвива од 7 до 19 часот. Во трката за 90 пратенички места се натпр

Свет | пред 6 месеци

490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

Вучиќ: Оваа година одиме на избори, мислам дека ќе бидат на есен

Претседателот Александар Вучиќ изјави за „Blic TV“ дека оваа година ќе се одржат избори и дека најверојатно тоа ќе биде на есен.„Оваа година одиме на избори. Мислам дека сите избори ќе бидат на есен. Мислам дека тоа е поверојатна опција“, рече Вучиќ за Blic TV.На прашањето дали би поднел оставка од претседателската функција за да се спојат претседателските и парламентарните избори, тој рече дека не ја исклучува таа можност.

Свет | пред 8 месеци

media-library1fnk5tc6386t98OYBET

Трамп се шегуваше за укинување на изборите, Белата куќа ги смирува реакциите

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп не бил сериозен кога пред неколку дена изјавил дека можеби не треба да има избори за Конгресот.Портпаролката на Трамп, Каролин Ливит, појасни дека претседателот всушност се обидувал да биде хумористичен, а не да го доведе во прашање одржувањето на изборите.„Претседателот се шегуваше“, рече Ливит, одговарајќи на прашања од новинарите. Таа додаде дека Трамп зборувал во контекст на пофалба за работата на неговата администрација, сугери

Свет | пред 8 месеци

media-libraryhkosigcurnedbW9Wm5B

Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа на поправен за избор на градоначалник

Утре жителите на Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, на повторено гласање ќе бираат градоначалник.Изборите за градоначалник во овие четири општини се повторуваат бидејќи на Локалните избори 2025 во октомври, таму немаше доволен број граѓани излезени на гласање.На повторените избори, според законот, не е потребна излезност од една третина на гласачите туку за да се избере градоначалник треба за еден од кандидатите да гласаат повеќе од половината од излезените избирачи.Денеска гл

Македонија | пред 8 месеци

media-librarysa5ctmpu3097acuDYje

(Видео) Курти победи на изборите во Косово, но според првичните резултати нема да има мнозинство

Движењето Самоопределување на премиерот Албин Курти освои 37,50 отсто од гласовите на денешните парламентарни избори во Косово, покажуваат првичните резултати по пребројани нешто над 50 отсто од гласачките ливчиња.На второто место се најде Демократската партија на Косово со 29,80 отсто од гласовите, додека Демократскиот сојуз на Косово освои 16,29 отсто. Алијансата за иднината на Косово (ААК) доби 7,92 отсто поддршка од гласачите.Според податоците на Централната изборна комисија, на изборите гла

Свет | пред 9 месеци

media-libraryidb1llg6mfnm9hWkxQj

(Видео) Локални избори во три општини во Србија под сенка на насилство и тешки нерегуларности

Локалните избори во Неготин, Мионица и Сечањ денес се одбиваа и завршија во атмосфера обележана со напади, притисоци и сериозни пријави за изборни злоупотреби и нерегуларности.Општините беа окупирани со лица кои не живеат во тие места, често криејќи се со качулки.Видеата на социјалните мрежи и медиумите покажуваат дека изборите не беа слободни и демократски.Граѓанската организација ,,Црта” ги повлече своите набљудувачи од Мионица по напад на нивниот мобилен тим, а истовремено полицијата на пат к

Свет | пред 10 месеци

media-library2ctip5bldfkb33YrMx2

Србија денес гласа на локални избори во Неготин, Мионица и Сечањ

Денеска во Србија се одржуваат локални избори во Неготин, Мионица и Сечањ. Во Неготин и Мионица гласањето е редовно, додека жителите на малата банатска општина Сечањ излегуваат на вонредни избори. Сите три места се сметаат за упоришта на владејачката Српска напредна партија.Во споредба со локалните избори во Заечар и Косјериќ во јуни, атмосферата пред денешните избори е помирна, со помалку тензии и забележливо отсуство на големо внимание од јавноста. Избирачките места се отворени од 7:00 часот у

Свет | пред 10 месеци

media-libraryhlmf360hokok0g1FUeu

Република Српска го избира наследникот на Додик

Во Република Српска денес се одржуваат вонредни претседателски избори по одземањето на мандатот на Милорад Додик.На гласачкиот список има нешто повеќе од 1,2 милиони гласачи кои можат да гласаат за 6 кандидати:Синиша Каран, Бранко Блануша, Драган Ѓокановиќ, Никола Лазаревиќ, Игор Гашевиќ, Славко ДрагичевиќСпоред аналитичарите, најжестока битка се очекува меѓу Каран од владејачкиот СНСД и Блануша од опозициската коалиција предводена од СДС.Првите резултати се очекуваат околу 21 часот.

Свет | пред 10 месеци

media-libraryhlmf360hokok0g1FUeu

Предизборен молк во Република Српска пред предвремените претседателски избори

Во Република Српска започна предизборниот молк во пресрет на предвремените избори за претседател на ентитетот, кои ќе се одржат утре.Кандидати за функцијата претседател на Република Српска се: Синиша Каран од СНСД, Бранко Блануша од СДС, Драган Ѓокановиќ од Сојузот за нова политика, Никола Лазаревиќ од Еколошката партија на Српска, како и независните кандидати Игор Гашевиќ и Славко Драгичевиќ.Превремените избори ги распиша Централната изборна комисија на БиХ по правосилната пресуда на Судот на Б

Свет | пред 10 месеци

Screenshot-2025-08-17-at-21.00.48

Приговори во 11 општини за изборите

Завршија роковите за поднесување приговори за постапката на гласање и приговори за утврдување и сумирање на резултатите од гласањето на локалните избори.ДИК по истекот на законските рокови објавува за кои општини резулатите од гласањето се конечни.„Од 44 општини за кои ДИК во понеделникот објави првични официјални резултати од гласањето за избор на градоналници, во меѓу време констатиравме дека од овие 44 општини во 11 општини се пристигнати приговори. По приговорите ние денес, согласно дневниот

Македонија | пред 11 месец

media-librarylfcg11in95fbdxp6Wan

Молдавија ветува членство во ЕУ по победата на проевропската партија на Маја Санду

Владејачката, проевропска Партија за акција и солидарност (PAS), предводена од претседателката Маја Санду, успеа да го задржи парламентарното мнозинство на вчерашните избори. По преброени повеќе од 98 отсто од гласачките ливчиња, PAS бележи резултат од 49,6 отсто од гласовите. Прорускиот Домољубив блок, предводен од поранешниот претседател Игор Додон, освојува околу 24,5 отсто, покажуваат податоците на Централната изборна комисија.Овие парламентарни избори во една од најсиромашните земји во Евро

Свет | пред 1 година

media-libraryi7e6d03sss9lf0OI5nA

(Видео) Најмалку 36 загинати во стампедо на предизборен митинг во Индија, меѓу нив се осум деца

Најмалку 36 луѓе загинаа, а повеќе од 50 се повредени во саботата во стампедо на предизборен митинг на југот на Индија, организиран од тамилскиот актер Виџај, соопшти премиерот на индиската сојузна држава Тамил Наду.Премиерот М.К. Сталин истакна дека меѓу загинатите се 8 деца и 16 жени. Митингот, кој го организираше политичката партија на Виџај „Tamilaga Vettri Kazhagam“, се одржа во округот Карур.Виџај, еден од најпопуларните актери во Тамил Наду во последните три децении, собира голем број на

Свет | пред 1 година

izbori

Клучни избори во Молдавија – Европа или Москва?

Граѓаните на Молдавија денес гласаат на клучните парламентарни избори кои ќе одредат дали земјата со 2,4 милиони жители ќе го продолжи својот пат кон Европската Унија или ќе падне под влијание на Москва. Изборите се одржуваат во услови на широко распространети обвинувања за руско мешање.Проевропската претседателка Маја Санду и нејзината владејачка партија Акција и солидарност (ПАС), која моментално има мнозинство во парламентот, се соочуваат со Патриотскиот изборен блок – коалиција од проруски и

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Прва билатерална посета на Ердоган во Вашингтон по 2019 година

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган „знае за наместени избори подобро од кој било друг“ за време на нивната средба во Белата куќа.Трамп, кој и натаму без докази тврди дека изборни измами ја попречиле неговата кандидатура во 2020 година, додаде дека тој и Ердоган останале пријатели и во периодот кога не бил на власт.Иако Ердоган е на чело на Турција од 2014 година и често е обвинуван за репресија врз опозицијата и медиумите, Трамп го пофали

Свет | пред 1 година

izbori-makedonija-Copy

Изборниот законик падна на Бадентер – неизвесност за независните кандидати

Итната седница на Собранието за измените на Изборниот законик заврши без резултат – предлогот беше изгласан со мнозинство, но не помина на Бадентеровото гласање. Со тоа, останува неизвесно како независните кандидати ќе можат да учествуваат на локалните избори закажани за 19 октомври.Првичниот предлог предвидуваше независните листи да обезбедат потписи од 0,95% од запишаните избирачи во една изборна единица, наместо досегашниот еден процент. По расправата во комисии и прифаќањето на амандманот на

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Независните кандидати не веруваат на збор, бараат писмена потврда од ДИК дека не им требаат потписи

Независните граѓански здруженија не веруваат во изјавата од Државната изборна комисија и ставање вон сила на Упатството за учество на изборите, со што според ДИК, нема потреба од собирање потписи како поддршка за кандидирање за градоначалници и советници. Тие бараат писмен документ од ДИК како потврда на кажаното.Недовербата оди до таму што ,,Шанса за Центар“, на својата Фејсбук страница објави дека продолжува со собирањето потписи за регистрирање политичка платформа за да ја избегне евентуалнат

Македонија | пред 1 година

unnamed-2

Изборот на нови функционери предизвик за Собранието – се бара наследник на Зибери и Димитровска, изборите ќе се распишат во август

Во пресрет на распишувањето на локалните избори, Собранието се соочува со две клучни задачи – избор на нов Народен правобранител и претседател на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК). Како што соопшти денеска претседателот на Собранието, Африм Гаши, процедурите за обете позиции се во различни фази, но потребата од институционално пополнување е итна.Процедурата за избор на нов Народен правобранител веќе е започната. По пензионирањето на Насер Зибери на 14 јули, земјата остана без омб

Македонија | пред 1 година

drzavna-izborna-komisija-izbori

Партиите здружено и гласно молчат за одлуката на Уставен за укинување на дел од изборните правила

Независните кандидати и невладиниот сектор се изборија да немаат обврска, која тешко се постигнува, да соберат по 1 процент од вкупно запишаните избирачи во одделни општини и во Градот Скопје, за да се кандидираат за градоначалници и за советници во општинските совети.Ваква одлука донесоа заеднички поголемите партии во 2024 година, бидејќи ним им одговара независните да не им се мешаат во поделбата на „изборниот колач”.Според изборните математики, за кандидирање пратеници во Изборната единица 1,

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Укинати спорните одредби од Изборниот законик, со кои се крена прагот за собирање потписи за независни кандидати на избори

Уставниот суд ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик, со кои се крена прагот за собирање потписи за независните кандидати и листи што планираат да учествуваат на избори.Законските одредби, за кои Уставниот суд поведе постапка, значеа дека независните кандидати и листи за да се најдат на гласачко ливче, треба да соберат потписи од еден отсто од вкупниот број гласачи запишани во конкретната изборна единица (ако станува збор за парламентарни избори) или општина (ако станува збор за локални

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-06-at-16.01.15

ВРЕДИ откри како ќе настапат на локалните избори

Вицепремиерот на Владата и лидер на партијата Демократско движење во своето телевизиско интервју истакна дека Вреди настапиле заедно на парламентарни избори и како коалиција се дел од Владата и нема никаква дилема дека и на локалните избори ќе настапат заеднички како ВРЕДИ.Во оваа прилика лидерот на Демократско движење истакна дека е можно проширување на колицијата Вреди имајќи во предвид дека во меѓувреме излегуваат партии од Европскиот фронт т.е. дека истиот се распаѓа.„Влен нема никаква дилем

Македонија | пред 1 година

avstrija-izbori

Партијата основана од нацистите победи на изборите во Австрија, но никој не сака да влезе во владата со нив

Австриската крајнодесничарска Партија на слободата (ФПО) е победник на парламентарните избори во Австрија. Ова е првпат по Втората светска војна партија вкоренета во нацистичката идеологија да освои најмногу гласови на национални избори.На чело со Херберт Кикло, кој доби поддршка поради лошата економија и загриженоста дека Австрија ги прима имигрантите побрзо отколку што може да ги интегрира, ФПО освои околу 29 отсто од гласовите - рекорден резултат што може да и даде на партијата платформа да в

Свет | пред 2 години

britanija

Отворени гласачките места низ Велика Британија: Граѓаните избираат кандидати за Долниот дом

Избирачките места во Велика Британија се отворени утрово во 08:00 часот по локално време, јавува Би-Би-Си.Граѓаните на таа земја избираат кандидати за 650 места во Долниот дом на парламентот, а мнозинството ќе има право да ја формира новата Влада на Велика Британија.Според анкетите, Лабуристичката партија на Кир Стармер има најголеми шанси за победа на изборите.Избирачките места ќе бидат отворени до 23 часот по локално време.

Свет | пред 2 години

le-pen1

Ле Пен: Сакаме да владееме, нема да формираме влада без мнозинство

Лидерката на екстремно десничарското Национално собрание Марин Ле Пен изјави денеска дека нејзината партија нема да формира влада доколку не добие апсолутно мнозинство.Партијата на Ле Пен е големиот победник на првиот круг од парламентарните избори што се одржаа во неделата во Франција.„Не можеме да прифатиме да ја напуштиме владата ако не можеме да дејствуваме“, потврди Марин Ле Пен за француското радио Ентер.Таа најави и дека нема да биде дел од владата и дека нема да биде шеф на Народното соб

Свет | пред 2 години

Нема фотографија

Конечни резултати од парламентарните избори во Франција: Десницата победи, Макрон трет, незадоволните граѓани излегоа на улица

Француското Министерство за внатрешни работи ги објави конечните резултати од парламентарните избори.Народниот собир во првиот круг од парламентарните избори освои 33,15 отсто од гласовите или повеќе од 10 милиони гласови. Новиот народен фронт (коалиција на обединетата левица) доби 27,99 отсто од гласовите и речиси 9 милиони гласови. Центристичката алијанса Заједно (во која е вклучена и партијата Преродба на францускиот претседател Емануел Макрон) освои само 20,76 отсто од гласовите, или речиси

Свет | пред 2 години

meksiko

Мексико ја избра Клаудија Шајнбаум за прва жена претседател со убедлива победа

Клаудија Шајнбаум беше избрана за прва жена претседател на Мексико, со најмалку 58,3 отсто од гласовите, според брзото пребројување на изборната комисија на Мексико.Најблискиот ривал, Ксочитл Галвез од опозициската коалиција, доби најмалку 26,6 отсто од гласовите, додека Хорхе Алварез Мајнез, кандидатот на центристот Мовимиенто Сиудадано, е трет со најмалку 9,9 отсто од гласовите, пишува Гардиан.Брзото пребројување беше одложено неколку пати без објаснување од страна на изборната комисија, што г

Свет | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања