Промени тема
Контакт

ЕВРОПА

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

„Политико“: Трамп ја притисна Европа со забрана за извоз на дизел – Г7 на крајот ослободи 100 милиони барели

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп извршила силен притисок врз европските сојузници да ослободат дизел и нафта од стратешките резерви, предупредувајќи дека во спротивно САД би можеле да го ограничат извозот на дизел. По неколкудневни тензични разговори, земјите од Г7 се согласија да пуштат 100 милиони барели од резервите во следните четири месеци.„Политико“, повикувајќи се на десет претставници на нафтената индустрија и европски владини функционери запознаени со разговори

Свет | пред 3 часа

media-library37kdmf2j0l4ieKAof6T

Европа ќе пушта дизел од резервите, Трамп се откажа од забраната за американски извоз

Земјите од Г7 договорија координирано ослободување на 100 милиони барели дизел и сурова нафта од резервите, откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп изврши притисок врз европските земји да пуштат дел од своите резерви на пазарот.Одлуката следува откако американската администрација ги предупреди Германија и Франција дека може да се соочат со забрана за извоз на американски дизел доколку не ослободат дел од резервите. По постигнатиот договор во рамките на Г7, Трамп изјави

Свет | пред 1 ден

reka

Европските реки со најниски летни водостоји досега, морето рекордно топло

Европа летото 2026 година се соочи со низа климатски екстреми – од историски ниски водостоји на големите реки до невообичаено топли мориња и интензивни шумски пожари.Според податоците на Службата на Европската Унија за климатски промени „Коперник“, просечните летни водостоји на европските реки биле најниски откако во 1992 година започнале мерењата. Во јули и август, големи реки како Рајна, Дунав, Лоара и Сена имале рекордно ниски или речиси рекордно ниски протеци.Ниските водостоји дополнително г

Свет | пред 2 дена

media-libraryf04ibqiqk259bCmcFiy

Екстремното лето ја чинеше Европа милијарди: Проценките достигнуваат и 180 милијарди евра

Екстремните температури, сушата и големите шумски пожари што ја погодија Европа во текот на летото 2026 година веќе имаат забележливи економски последици. Различните анализи даваат различни проценки, зависно од методологијата, но загубите се движат од околу 113 милијарди до 180 милијарди евра, додека дополнителни милијарди се поврзуваат со штетите во земјоделството, транспортот и пожарите.Според најновите податоци на Copernicus, повеќе од половина од Европа била изложена на „многу силен“ топлинс

Свет | пред 2 дена

kanabis

Легалниот канабис од Канада и САД завршува на црниот пазар во Европа

Шверцот на канабис кон Европа бележи значителен пораст поради вишоците создадени на легалните пазари во Канада, делови од САД и Тајланд, предупредува Европол. Поради зголемената присутност на оваа дрога, европската полициска агенција формирала посебна оперативна група.Според Европол, легализацијата на канабисот во одредени делови од Северна Америка и во Тајланд довела до прекумерна понуда на производи со висока концентрација на ТХЦ. Дел од тие производи потоа се пренасочуваат кон нелегалниот евр

Свет | пред 2 дена

kreditni_karticki_1_151010-600x450

Европа со сопствена платежна мрежа: Крај на зависноста од Visa и Mastercard?

Европа прави чекор кон поголема независност во прекуграничните плаќања со лансирањето на Европската мрежа за плаќања (EPN), која треба да ги поврзе постојните европски платни системи преку заедничка инфраструктура.Седиштето на новата мрежа ќе биде во Мадрид, а нејзината главна задача ќе биде управување со заеднички центар за интероперабилност преку кој различни европски платни системи ќе можат меѓусебно да комуницираат.Во проектот учествуваат пет големи европски платни системи – италијанскиот „Б

Свет | пред 3 дена

media-libraryvn8urbi87a5neXEsw4p

Белгискиот министер предупредува: „За Европа ќе биде мрачна зима“

Европа мора да се подготви за нови руски хибридни напади во наредните месеци, предупреди белгискиот министер за одбрана Тео Франкен, оценувајќи дека Русија претставува најголема безбедносна закана за Белгија.Во интервју за „Еуроњуз“, Франкен истакна дека на Европа ѝ е потребна посилна противвоздушна одбрана, како и украинска технологија за справување со руските беспилотни летала со млазен погон.„Русија, воздушен напад, воздушен напад, воздушен напад. Тоа е најголемата закана. Затоа ни е потребна

Свет | пред 3 дена

media-library26j96d86m3ts7wv3jPO

ЕУ предупредува: Европа ја очекува зима со највисоки цени на енергенсите од 2022 година

Европскиот комесар за енергетика Дан Јоргенсен го повика американскиот претседател Доналд Трамп да обезбеди непречено снабдување со дизел за Европа, предупредувајќи дека претстојната зима би можела да донесе највисоки цени на енергенсите од 2022 година.Јоргенсен изјави дека е во интерес и на САД и на Европа да има слободен проток на енергија меѓу двете страни. Според него, дури и без прекин на американското снабдување, Европа би можела да се соочи со многу тешка зима.Предупредувањето следува отк

Свет | пред 1 седмица

EU-1

Европа воведува „Купувај европско“ – што значи новото правило за македонските компании

Европската Унија подготвува нови правила со кои европското производство би добило поголема предност при трошењето на јавните средства. Предлогот на Европската комисија, познат како Industrial Accelerator Act, предвидува воведување критериуми за „Made in EU“ и нискојаглеродно производство во јавните набавки и програмите за јавна поддршка.Со ова Брисел сака да го зголеми индустриското производство во рамките на ЕУ и да ја намали зависноста од производи и суровини од трети земји. Целта е уделот на

Свет | пред 1 седмица

media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

Горивата над 2,5 евра во Европа, Македонија со речиси едно евро поевтин дизел

Нафтената криза повторно ги зголеми цените на горивата во Европа, при што бензинот во неколку земји надмина 2,4 евра за литар, а дизелот достигна и над 2,5 евра. Сепак, споредбата на цените со реалната куповна моќ покажува дека најголемиот товар не мора да го имаат граѓаните во земјите со најскапо гориво.Цената на нафтата во вторникот повторно го надмина прагот од 100 долари за барел, во услови на нарушено глобално снабдување. Како главни причини се наведуваат нападите и прекините на сообраќајот

Македонија | пред 1 седмица

media-library8ekf8jkntg25a9IMKVn

САД и Кина преговараат за царини, минерали и ВИ, Европа ги чека последиците

Додека Вашингтон и Пекинг ги отвораат клучните прашања за иднината на светската економија, Европа внимателно го следи исходот од разговорите меѓу Доналд Трамп и Си Џинпинг. На масата се трговијата, царините, ретките минерали и вештачката интелигенција – теми чии последици можат директно да се почувствуваат и во европската индустрија.Средбата се одржува во период кога трговските односи меѓу САД и Кина влегуваат во нова фаза. Привременото примирје меѓу двете земји истекува во ноември, што создава

Свет | пред 1 седмица

media-librarye00ogmjt1f392he6MPf

Европа се соочува со недостиг на авионско гориво, расте увозот од Јужна Кореја

Европа се соочува со можен недостиг на авионско гориво во последниот квартал од 2026 година, поради што сè повеќе се потпира на оддалечени добавувачи, меѓу кои и Јужна Кореја. На пазарот дополнителен притисок создаваат нарушувањата во синџирите на снабдување предизвикани од војната на Блискиот Исток.Според анализа на консултантската компанија „Energy Aspects“, Европа во четвртиот квартал би можела да има дефицит од околу 510.000 барели керозин дневно. Истовремено, во азиско-пацифичкиот регион се

Свет | пред 1 седмица

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Саудиска Арабија ги прекинува октомвриските испораки на нафта за европски рафинерии

Саудиска Арабија ги известила најмалку двајца европски купувачи дека во октомври нема да добијат испораки на сирова нафта, иако со Ријад имаат долгорочни договори за редовно снабдување.Причината се вонредните воени околности, кои во правна смисла се водат како „виша сила“ и овозможуваат привремено откажување на договорените испораки.Сличен чекор неодамна презеде и Катар, кој поради блокадата на Ормускиот Теснец ја продолжи суспензијата на испораките на течен природен гас до почетокот на ноември.

Свет | пред 1 седмица

makron

Макрон: Европа е под удар на руски хибридни напади

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција и Европа во последните недели се соочуваат со засилени руски хибридни закани.По состанокот со лидерите на парламентарните партии, Макрон оцени дека се зголемила заканата со која се соочуваат Франција и Европа, особено кога станува збор за активности што ги поврзува со Русија.„Во последните недели се засили заканата со која се соочуваат Европа и Франција, а тоа особено се однесува на руските хибридни закани“, изјави Макрон.Францускиот пр

Свет | пред 2 седмици

media-library3q60lle3ri7hcea4HuW

Горивото поскапува низ Европа, се бара данок на екстрапрофит за нафтените компании

Германија бара од Европската комисија да подготви можни модели за оданочување на прекумерната добивка на нафтените компании, во услови на нов раст на цените на нафтата и горивата низ Европа.Германскиот министер за финансии Ларс Клингбајл на состанокот на министрите за финансии на ЕУ во Даблин побара предлозите да бидат доставени до следниот месец.„Неколку земји членки веќе долго време бараат конкретни модели“, изјави Клингбајл, додавајќи дека граѓаните гледаат оти нафтените компании ја користат

Свет | пред 2 седмици

media-libraryeqpi3p374lp0e3TtA7y

Путин: Мислам дека луѓето во Европа разбираат што се случува

Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека политичките промени во Европа, вклучително и изборниот успех на Алтернатива за Германија (АфД), се последица на, како што рече, „системски грешки“ на западните глобалистички елити во политиката, безбедноста и економијата.Путин говореше пред новинарите во текот на првиот ден од посетата на Индија, каде што пристигна за самитот на БРИКС.„Мислам дека сè што сега се случува во Европа, во суштина, е резултат на системските грешки на таканаречениот Запад,

Свет | пред 3 седмици

makron-3

Макрон: Европа за 10 години треба да има сопствени мисии со астронаути

Европа треба да развие сопствен капацитет за испраќање астронаути во вселената во следните десет години, порача францускиот претседател Емануел Макрон на меѓународниот самит за вселената што се одржува во Париз.Макрон истакна дека Европа мора да ја зајакне својата независност во вселенскиот сектор и да ги зголеми инвестициите во развојот на сопствени технологии и капацитети.„Сакаме Европа да ја потврди својата амбиција во областа на летовите со астронаути. Нашата европска вселенска програма и по

Свет | пред 3 седмици

media-library8cd0jpv0aak195JEOFQ

Над 1.000 случаи на западнонилска треска во Европа: Најмногу заболени има во Италија и Грција

Бројот на локално стекнати инфекции со вирусот на Западен Нил во Европа надмина 1.000 од почетокот на годинашната сезона на пренос, покажуваат најновите податоци на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC).До 3 септември биле регистрирани вкупно 1.086 случаи во 15 европски земји, според најновото неделно ажурирање на ECDC. Бројот значително се зголемил во последните недели – на почетокот на август биле пријавени нешто повеќе од 240 случаи во седум земји.Најмногу случаи има во

Свет | пред 4 седмици

sergej-lavrov

Лавров: „Нема да трчаме по Европа и да молиме за укинување на санкциите“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров остро ја нападна Европа, обвинувајќи ја дека на континентот повторно се појавуваат идеи за национална и расна супериорност. Во својот говор тој особено го критикуваше германскиот канцелар Фридрих Мерц поради плановите за значително зајакнување на Бундесверот.Лавров ова го изјави на предавање во организација на руското општество „Знаење“, во рамките на Источниот економски форум во Владивосток.„Неоимперијалниот, колонијалниот и, би рекол, неонаци

Свет | пред 1 месец

media-libraryvbihsar60ogtaRRwyRX

Нова енергетска закана за Европа: Гасот над 70 евра, можно е да стигне и до 100

Европскиот енергетски пазар повторно е под притисок поради зголемените тензии на Блискиот Исток и стравувањата за нарушување на глобалното снабдување со течен природен гас. Цената на природниот гас во Европа надмина 70 евра за мегават-час, додека складиштата остануваат послабо пополнети од вообичаеното за овој период од годината.Референтната цена на гасот Dutch TTF за испорака во октомври достигна 70,85 евра за мегават-час, според податоците на ICE. Растот уследи по новите воени судири меѓу САД

Свет | пред 1 месец

media-libraryu63u6oua2oucbBKdWGE

Во пензија дури на 74 години: Европа постепено ја зголемува старосната граница

Сè подолгиот животен век и зголемувањето на бројот на години што Европејците ги поминуваат во пензија постепено ги менуваат пензиските системи. Во голем број европски земји старосната граница за пензионирање веќе се зголемува или се планира нејзино зголемување во следните децении, а според проекциите на ОЕЦД, во Данска таа би можела да достигне дури 74 години до 2060 година.Данска веќе одлучи старосната граница за пензионирање до 2040 година да ја зголеми на 70 години, а слични законски промени

Свет | пред 1 месец

media-libraryvbihsar60ogtaRRwyRX

Европа ја дочекува зимата со ниски резерви на гас, цените би можеле нагло да скокнат

Европа би можела да ја дочека претстојната грејна сезона со најниски резерви на природен гас во последните 13 години, што го зголемува стравот од нагло зголемување на цените во текот на зимата.„Пониските нивоа на залихи природно го зголемуваат ризикот од поголема нестабилност на цените во текот на зимата“, предупредува аналитичарот за гас Грег Молнар.Ситуацијата би можела дополнително да се влоши доколку Европа се соочи со долготрајни студени бранови или периоди со слаб ветер, бидејќи тогаш раст

Свет | пред 1 месец

media-libraryvbihsar60ogtaRRwyRX

Цената на гасот во Европа двојно повисока од почетокот на годината – домаќинствата ги чекаат повисоки сметки

Европските домаќинства би можеле да се соочат со повисоки сметки за гас и електрична енергија во текот на зимата, доколку високите берзански цени продолжат доволно долго за да се пренесат врз крајните потрошувачи.Референтната европска цена на природниот гас, холандскиот TTF, во вторникот надмина 66 евра за мегават-час, што е значително повеќе од околу 29 евра колку што изнесуваше на почетокот на годината. Растот е поврзан со загриженоста на инвеститорите поради можноста за затворање на Ормускиот

Свет | пред 1 месец

media-libraryvn8urbi87a5neXEsw4p

Западнонилската треска се шири низ Европа: Еве кои балкански земји се најпогодени

Западнонилската треска продолжува да се шири низ Европа, а Балканот е меѓу регионите каде што годинава се бележи значителен број случаи. Нови инфекции се потврдени во Хрватска и Албанија, додека Македонија и Грција се меѓу најпогодените земји во регионот.Според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ), до 21 август во 12 европски земји биле регистрирани 625 локално стекнати инфекции. Најмногу случаи има во Италија – 311, Грција – 157, Шпанија – 63, а во европски

Свет | пред 1 месец

media-libraryb7nlifkbu0tg5n9fZhj

Летови од 19 евра и рачен багаж во цената: Нов нискобуџетен превозник доаѓа во Европа

Европскиот авионски пазар би можел да добие нов нискобуџетен превозник, кој најавува евтини летови од Шпанија кон повеќе европски градови. „Fly2Galicia“ планира да започне со работа на 1 декември 2026 година, со база на аеродромот во Сантијаго де Компостела.Компанијата првично планира осум линии – кон Брисел, Минхен, Милано, Прага и Венеција, како и кон Гранада, Аликанте и Сарагоса. Предвидени се 17 летови неделно, а почетниот распоред треба да важи до октомври 2027 година.Цените на билетите се

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања