Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

ФИЛМ

media-librarycge8kt3stces5DvsryS

(Видео) Џеј Ло во нова романтична комедија: Дел од публиката воодушевена, дел разочарана

Џенифер Лопез повторно се врати на жанрот кој ја прослави – романтичните комедии. Нејзиниот нов филм „Office Romance“ од петок е достапен на „Нетфликс“.Покрај Лопез, главната улога ја толкува Брет Голдстајн, најпознат по серијата „Ted Lasso“, кој е и еден од сценаристите на филмот.Нивната блискост за време на промотивната кампања во изминатите месеци поттикна гласини за можна романса, иако Лопез ги демантираше тие тврдења. Сепак, заедничките појавувања на премиерите во Њујорк и Лондон повторно ги разгореа шпекулациите на социјалните мрежи.Филмот ја следи приказната за Џеки Круз, успешна и амбициозна директорка на голема авиокомпанија која ја наследила од својот татко. Иако јавноста ја гледа како привилегирана наследничка, таа е посветена на работата, а приватниот живот го става во втор план. Ситуацијата се комплицира кога се соочува со тужба во која се тврди дека успехот го постигнала поради изгледот, а не поради способностите.Кога главниот правник на компанијата завршува во болница, таа е принудена да соработува со неговиот заменик Даниел. И покрај строгите правила кои забрануваат врски меѓу вработените, меѓу нив се развиваат емоции кои би можеле да ги загрозат нивните кариери и углед.Критиките се поделени. Дел од критичарите сметаат дека филмот не успева да го пронајде вистинскиот тон, додека други истакнуваат дека нуди лесна романтична забава за публиката.Бенџамин Ли од „Гардијан“ му дал две од пет ѕвезди, наведувајќи дека „Office Romance“ не успева да го најде вистинскиот баланс.И Лиса Кенеди од „Њујорк Тајмс“ оценила дека сценариото е пренатрупано и дека идејата за серија е „насилно“ претворена во филм.Од друга страна, Гај Лоџ од „Варајети“ има поблаг став и смета дека филмот ги испорачува очекувањата на лесна романтична комедија, иако хемијата меѓу главните актери останува спорна.Најмногу пофалби добила споредната актерка Бети Гилпин, која според критичарите често ги засенува главните ѕвезди.И додека критиката останува поделени, реакциите на публиката се уште поразновидни – од пофалби дека филмот е забавен и идеален за опуштање, до остри критики за слабо сценарио и недоволна хемија меѓу главните актери.

Магазин | пред 4 дена

tejlor-svift-1200x675-1

Тејлор Свифт ја објави новата песна за „Toy Story 5“

Американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт официјално ја објави својата нова оригинална песна „I Knew It, I Knew You“, која ќе биде дел од саундтракот на Toy Story 5.Песната беше претставена на 5 јуни и е инспирирана од приказната на каубојката Џеси, еден од најпознатите ликови во франшизата.Свифт објави и носталгично видео од своето детство на социјалните мрежи, на кое танцува облечена во каубојски чизми и шешир, потсетувајќи на изгледот на Џеси.„Пишувањето на оваа песна беше како музичко патување и враќање дома во исто време. Да создадам нешто за Џеси беше нов предизвик, но и нешто што ми дојде сосема природно“, изјави Свифт.Таа откри дека повторно соработувала со долгогодишниот музички партнер Џек Антоноф, со кого ја напишала и продуцирала песната.Според пејачката, песната е создадена со голема љубов кон ликовите што со години ги забавувале и инспирирале генерации деца ширум светот.Во својата објава, Свифт му оддаде почит и на Ренди Њуман, авторот на легендарната музика од серијалот Toy Story, истакнувајќи дека токму тој го создал музичкиот идентитет на франшизата.Новата песна претставува и враќање на Свифт кон нејзиниот препознатлив кантри звук и ќе биде дел од официјалниот саундтрак на Toy Story 5.

Магазин | пред 5 дена

media-library09mmqtu9nbug9UHKVoA

(Видео) Хоророт „Backrooms“ со рекордна заработка на премиерата

Хорор-филмот Backrooms на режисерот Кејн Парсонс постави нов рекорд за најуспешен премиерен викенд во историјата на продукциското студио A24.Филмот, кој е адаптација на истоимената вирална интернет-серија на Парсонс, само во петокот инкасирал 38 милиони долари на американскиот пазар, прикажувајќи се во 3.442 кина. Според проценките, заработката за првиот викенд би можела да достигне меѓу 85 и 90 милиони долари.Со тоа „Backrooms“ повеќекратно го надмина досегашниот рекорд на студиото, кој го држеше филмот Civil War на режисерот Алекс Гарланд, со заработка од 25,5 милиони долари на дебито во 2024 година.Приказната следи сопственик на продавница за мебел во мало гратче кој открива портал кон мистериозна димензија надвор од познатиот свет. Во филмот настапуваат Чиветел Еџиофор, Ренате Реинсве и Марк Дуплас, а меѓу продуцентите се Џејмс Ван, Шон Леви и Осгуд Перкинс.На второто место на северноамериканскиот бокс-офис се најде Obsession со заработка од 8,1 милион долари во петокот, додека трет беше Star Wars: The Mandalorian and Grogu со 6,5 милиони долари. На четвртата позиција се пласираше биографскиот филм Michael, кој продолжува со успешната кинодистрибуција и досега има акумулирано околу 340 милиони долари на северноамериканскиот пазар.

Магазин | пред 1 седмица

media-libraryousgre6osp74bhajZYw

Ќе се снима биографски филм за Слаткар

Агенцијата за филм ги објави резултатите од Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес во филмската дејност за 2026 година, за кои се обезбедени вкупно 93 милиони денари. Со одлуките се поддржани повеќе долгометражни играни и документарни филмови, како и меѓународни копродукции со партнери од повеќе европски земји.Годинава за првпат беше применет нов модел на презентација на долгометражните филмски проекти, при што авторите и продуцентите имаа можност непосредно да ги претстават своите идеи пред стручната комисија. Од Агенцијата посочуваат дека новиот пристап има цел да обезбеди поголема транспарентност и поквалитетен процес на селекција.Меѓу поддржаните долгометражни играни филмови е „Кралот на ѓубрето“ на режисерот Георги М. Унковски, автор на наградуваните остварувања „Диџеј Ахмет“, „Налепница“ и анимираната серија „Буквождер“. Филмот ќе се реализира во продукција на „Синема Футура“ во копродукција со Бугарија, Чешка и Хрватска.Поддршка доби и проектот „Никој не го сака Садик“ на Ибрахим Деари, режисерот на филмот „Сите го викаат Реџо“, кој беше меѓу најгледаните филмови на албански автор во изминатата година. Во категоријата долгометражен игран филм е избран и проектот „Татко“ во режија на Јани Бојаџи.Во областа на документарниот филм поддршка доби „Вител на изумирањето“ на Љубомир Стефанов, коавтор на светски познатиот документарец „Медена земја“. Меѓу избраните е и „Слушни ме!“ на Радован Петровиќ, биографски музички документарец за Марко Маринковиќ – Слаткаристика, кој се занимава со предизвиците со кои се соочуваат лицата со говорни и комуникациски потешкотии.Значителен дел од поддржаните проекти се реализираат како меѓународни копродукции со партнери од Хрватска, Словенија, Албанија, Бугарија, Грција, Косово, Чешка, Романија и Обединетото Кралство.Меѓу нив се издвојува документарниот филм „Голема во Гази Баба“, кој ја раскажува приказната за 14-годишната борачка Садије и нејзината борба со традиционалните родови и етнички ограничувања во сопствената средина. Проектот претходно бил развиван во рамките на програмата Cannes Docs.Поддржан е и документарниот филм „Езерото“, посветен на Преспанското Езеро, кој се реализира како заеднички проект на Македонија, Албанија и Грција.Меѓу избраните проекти е и „Виењето на волците“ на Тамара Котевска, режисерка на двојно оскаровски номинираниот документарец „Медена земја“ и на „Приказната за Силјан“.Поддршка доби и интернационалниот документарен проект „Плејтопија“, во кој осум деца создаваат сопствен свет во студио инспирирано од форматот на реалните шоуа. Проектот е копродукција меѓу Македонија, Чешка и Романија.Меѓу поддржаните копродукциски документарни филмови е и „Крај на гравитацијата“, кој ја следи повеќедецениската визија на словенечкиот режисер Драган Живадинов и уметницата Дуња Зупанчиќ за пренесување на театарската уметност во вселената.Од Агенцијата за филм потсетуваат дека конкурсот останува отворен во текот на целата година, а вториот рок за поднесување проекти е до 3 август 2026 година. Оттаму ги повикуваат филмските автори и продуценти да аплицираат со свои идеи и да придонесат кон понатамошниот развој на македонската кинематографија.

Магазин | пред 1 седмица

media-library7kilmpt6ic437kwdojS

(Видео) Објавен првиот трејлер за „In The Hand Of Dante“ со Оскар Ајзак и Џејсон Момоа

Нетфликс го објави првиот трејлер за филмот „In The Hand Of Dante“, новото остварување на режисерот Џулијан Шнабел, кое премиерно беше прикажано на минатогодишниот Филмски фестивал во Венеција.Филмот има импресивна актерска екипа предводена од Оскар Ајзак, Џејсон Момоа, Гал Гадот и Мартин Скорсезе, пишува Deadline.Станува збор за најновиот проект на Шнабел по филмот „На портите на вечноста“ од 2018 година, посветен на Винсент ван Гог, кој беше номиниран за Оскар.Филмот е базиран на романот на Ник Тошес од 2002 година. Оскар Ајзак толкува двојна улога – њујоршкиот писател Ник Тошес во 21 век и Данте Алигиери во 14 век.Според официјалниот синопсис, „In the Hand of Dante“ ги следи паралелните животи на Тошес, кој тргнува на опасно патување откако мафијашки бос ќе го ангажира да го украде оригиналниот ракопис на „Божествената комедија“, и самиот Данте, кој бара инспирација за своето најзначајно дело.Двајцата мажи, иако разделени со векови, се поврзани преку нивната опсесивна потрага по љубовта, убавината и божественото.Покрај Ајзак, во филмот играат и Гал Гадот, Џерард Батлер, Џон Малкович, Сабрина Импачиаторе, Франко Неро, Бенџамин Клементин, Мартин Скорсезе, Ал Пачино и Џејсон Момоа.Сценариото, според романот на Тошес, го адаптирале Џулијан Шнабел и Луис Кугелберг.Правата за филмот годинава ги откупи Нетфликс, кој планира кино-премиера на 12 јуни, а на стриминг платформата филмот ќе биде достапен од 24 јуни. Пред пошироката дистрибуција ќе биде прикажан и на филмскиот фестивал Трајбека.

Магазин | пред 1 седмица

media-libraryv7afp56ta35vb4rQrvr

Актерка откри што навистина значи шифрата „10-1“ на ТВ-снимањата

Животот зад камерите не е секогаш толку гламурозен како што изгледа, а телевизиските продукции имаат свои тајни правила и шифри кои публиката речиси никогаш не ги дознава.Трикси Мател, една од најпознатите учеснички во шоуто RuPaul’s Drag Race, откри дека на телевизиските сетови постои посебен код кога некој мора да оди во тоалет.Таа во видео на својот Јутјуб-канал објасни дека наместо директно да кажат дека одат во тоалет, членовите на екипата користат шифра „десет-еден“.„На телевизија, кога мораш да одиш во тоалет, велиш ‘морам десет-еден’“, раскажа Трикси.Таа се присети дека кога првпат дошла на снимање, не била запознаена со телевизискиот жаргон и директно побарала некој да ја однесе во тоалет, по што добила одговор: „Мислиш десет-еден?“Освен тоа, Трикси зборуваше и за тешките услови за време на долгите снимања, особено кога настапува во сложени костими.„Снимањата траат со часови и понекогаш луѓето едноставно не стигнуваат до тоалет“, рече таа, додавајќи дека знае за случаи кога луѓе доживеале незгоди на сетот, иако тоа никогаш не било прикажано пред камера.

Магазин | пред 2 седмици

media-library8miaa28hv7gvcOU2NOb

Филм што ги побива законите на физиката и очекувањата: Го редефинираше акциониот жанр

Филмот „Невозможна мисија“ се појави во кината на 22 мај 1996 година, лансирајќи една од најуспешните акциони франшизи во историјата на киното. Режисерот Брајан Де Палма донесе визуелно напната и стилски препознатлива шпионска приказна, базирана на популарната телевизиска серија од 1960-тите.Во центарот на „Невозможна мисија“ беше Том Круз како Итан Хант, таен агент кој станува бегалец откако е лажно обвинет за предавство. Филмот го означи и почетокот на улогата на Круз како продуцент, што подоцна ќе стане клучно за понатамошниот развој на серијата. Акција, интриги и незаборавни сцени.Филмот „Невозможна мисија“ беше комбинација од напнат шпионски трилер, сложени заговори и акција. Сцената во која Итан Хант виси наопаку и се обидува да ги избегне сите безбедносни сензори во строго чуван трезор стана една од најпознатите во историјата на акционите филмови.Филмот се издвојуваше и по својата динамична режија, музика од Дени Елфман и бројни пресврти во заплетот што ги држеа гледачите во неизвесност до самиот крај. Покрај Круз, во филмот глумеа и Џон Војт, Емануел Берн, Жан Рено и Винг Рејмс – вториот како Лутер Стикел, единствениот лик освен Итан што се појави во сите продолженија од серијата. Филмот успешно ги комбинираше класичните шпионски мотиви со елементи на модерен блокбастер, освојувајќи ја и постарата и помладата публика.„Невозможна мисија“ беше огромен комерцијален хит, заработувајќи повеќе од 450 милиони долари во кината ширум светот. Неговиот успех овозможи развој на бројни продолженија, а со секое ново продолжение, франшизата стануваше поамбициозна, со уште поспектакуларни акциони сцени и поопасни каскадерски дејствија. Децении по премиерата, тој останува синоним за акциони филмови со голем буџет, а Итан Хант останува еден од најнезаборавните акциони херои во модерното кино. Сè започна со овој филм, кој до ден-денес донесе ново ниво на возбуда и го редефинираше она што публиката може да го очекува од акционен трилер.

Магазин | пред 2 седмици

media-libraryq82moe8vm1ij2SPzZVh

Во јуни пристигнува нова романтична серија што веќе ја споредуваат со „Еден ден“

Љубителите на романтични приказни во јуни ќе добијат нова серија на Prime Video – „Секоја година потоа“, адаптација на бестселерот „Секое лето потоа“ од писателката Карли Форчун.Зад серијата стои Ејми Б. Харис, позната по работата на култната серија Sex and the City.Новата осумепизодна серија веќе се споредува со хитови како „Еден ден“ и „Летото кога станав убава“.Приказната ја следи љубовта меѓу Перси Фрејзер и Сем Флорек, која се развива низ шест години од нивната младост и една недела во сегашноста. Дејството е сместено во малото гратче Бери’с Беј покрај езеро.Главните улоги ги толкуваат Сејди Соверал и Мет Корнет.Во актерската екипа се и Аурора Перинео, Абигејл Кауен и Елиша Катберт.Сите осум епизоди ќе бидат достапни на Prime Video од 10 јуни.

Магазин | пред 3 седмици

media-libraryh7qn3smturpl0XOyRP0

Нов анимиран хит на Нетфликс: Рекордна гледаност во првата недела

Новиот анимиран филм „Swapped“ постигна рекорден успех на Нетфликс, откако во првата недела од прикажувањето забележа 38,7 милиони прегледи.Филмот, во кој гласовите ги позајмуваат Мајкл Б. Џордан и Џуно Темпл, во периодот од 4 до 10 мај го оствари најголемиот број прегледи што некогаш ги забележал еден анимиран филм на платформата во рок од седум дена, пренесува „Варајети“.Веќе во првите три дена од прикажувањето, „Swapped“ дебитираше како втор најгледан филм на англиски јазик со 15,5 милиони прегледи, по што следеше нагол пораст на гледаноста.Благодарение на силниот интерес, филмот се искачи на првото место на Нетфликс, не само меѓу филмовите на англиски јазик, туку и како најгледан наслов на целата платформа.Зад него се најде трилерот „Apex“ со Шарлиз Терон со 16,2 милиони прегледи, додека трето место го зазеде „Remarkably Bright Creatures“ со 10,4 милиони прегледи.На листата на серии, најгледан второ по реда недела е „Man on Fire“ со 12,6 милиони прегледи.

Магазин | пред 3 седмици

media-librarycsgcg2qeb1tg6RqFG2R

„Оф кампус“ стана новата опсесија на љубителите на романтични серии

На Прајм видео пристигна новата романтична драма „Оф кампус“, серија што уште пред премиерата привлече внимание кај љубителите на хокеарски романси и веднаш беше споредена со минатогодишниот хит „Хитед рајвалри“.Двете серии се адаптации на популарни книжевни серии, сместени во светот на хокејот, но критичарите нагласуваат дека „Оф кампус“ оди во сосема поинаков правец.Серијата е базирана на романот „Договорот“ од авторката Ел Кенеди и ја следи романтичната приказна меѓу Гарет Греам и Хана Велс на фиктивниот универзитет Брајар.Гарет, кого го толкува Белмонт Камели, е ѕвезда на универзитетскиот хокеарски тим и иден играч на Бостон бруинс, додека Хана, која ја игра Ела Брајт, е студентка по музика што избегнува хокеари поради траума од минатото.Нивната приказна почнува со договор – Хана да му помага на Гарет со учење, а тој да глуми дека е заинтересиран за неа за да ѝ помогне да го привлече вниманието на својата симпатија.Критичарите наведуваат дека серијата е многу „помека“ и поемотивна од „Хитед рајвалри“, со помал фокус на експлицитни сцени и поголем акцент на емоционалната поврзаност.Посебно се издвојува приказната за траумата на Хана и начинот на кој Гарет се обидува да ѝ создаде чувство на сигурност и доверба.Позитивни реакции добива и споредната актерска екипа, особено Мика Абдала како Али Хејс и Џејлен Томас Брукс како Такер.Иако дел од гледачите забележуваат дека некои дијалози звучат неприродно, а хокеарските сцени изгледаат евтино, рецензиите оценуваат дека серијата успешно ја нуди токму онаа „feel good“ атмосфера што ја бара публиката.Прајм видео веќе ја обнови серијата за втора сезона уште пред официјалната премиера.

Магазин | пред 3 седмици

media-library0ubd69p4ettfbwUnwHo

„Ѓаволот носи Прада 2“ ги полни кината, критиките поделени

Филмот „Ѓаволот носи Прада 2“ конечно пристигна во кината ширум светот и веднаш предизвика големо внимание кај публиката. Продолжението на култниот хит повторно ги носи гледачите во динамичниот и често суров свет на модната индустрија, но овојпат во услови на современи предизвици и дигитална трансформација.Во центарот на приказната повторно е Miranda Priestly, која се соочува со падот на традиционалните медиуми и се обидува да го задржи своето влијание во време на социјални мрежи и инфлуенсери. Паралелно, Andy Sachs веќе има изградена кариера, но повторната средба со поранешната шефица го отвора нејзиното минато и носи нови конфликти.Во главните улоги повторно настапуваат Meryl Streep, Anne Hathaway, Emily Blunt и Stanley Tucci, чија хемија на екранот и натаму е еден од најсилните адути на филмот.Оригиналниот филм „Ѓаволот носи Прада“ со текот на времето стана вистински култен класик, познат по остриот дијалог и впечатливите ликови, што дополнително ги зголеми очекувањата од продолжението. Токму затоа реакциите се поделени – дел од публиката го поздравува враќањето на омилените ликови и модерниот пристап, додека други сметаат дека приказната не носи доволно новини.Критиките се движат од пофалби за актерската игра, особено за доминацијата на Стрип, до забелешки за предвидлив тек на настаните и потпирање на носталгијата. Сепак, многумина се согласуваат дека филмот отвора релевантни прашања за промените во медиумите, кариерата и личните приоритети во денешното време.И покрај различните мислења, интересот е голем, а кината ширум светот се исполнети, што покажува дека враќањето во светот на високата мода повторно ја освои публиката.

Магазин | пред 1 месец

Screenshot-2021-09-30-at-10.01.38

Новиот Џејмс Бонд нема да пристигне пред 2028: пауза што ќе влезе во историјата на агентот 007

Љубителите на најпознатиот таен агент во светот ќе мора да се вооружат со трпение: следниот филм за Џејмс Бонд, според најавите од продукциските кругови, нема да стигне во кината најмалку уште две години. Како најреален прозорец за камбекот на 007 се споменува пролетта 2028 година, што би значело дека франшизата ќе направи најдолга пауза во својата 64-годишна историја.Последниот филм со Даниел Крег во улогата на Бонд, „Нема време за умирање“, беше прикажан во 2021 година. Ако новото продолжение навистина дебитира во 2028, публиката ќе чека цели седум години за нова филмска мисија на 007 — рекорд што ја надминува досега најдолгата пауза меѓу два филма од серијалот.Досегашниот „најдолг здив“ на франшизата беше периодот меѓу „Дозвола за убивање“ (1989) и „Златно око“ (1995) — шест години и четири месеци. Новата, најавена празнина, според тие пресметки, би ја поместила границата и би ја запечатила 2020-тата како декада во која Бонд најдолго молчеше.Во центарот на вниманието е и потрагата по новиот актер што ќе го наследи Крег. Продуцентските тимови во рамки на Amazon Studios, се наведува, сè уште ја кројат скратената листа, а средбите со потенцијалните кандидати се очекуваат во текот на летото. Како имиња што најчесто се вртат меѓу фаворитите се спомнуваат Калум Тарнер, Харис Дикинсон и Арон Тејлор-Џонсон.Паралелно со кастингот, се развива и приказната за новиот филм. Се посочува дека на проектот се ангажирани режисерот Дени Вилнев и сценаристот Стивен Најт, а финалната верзија на сценариото не се очекува пред следната зима. Во индустриските проценки се споменува и дека дури и старт на претпродукција во јануари 2027 би бил „успех“, по што следуваат долго снимање и уште подолг период за монтажа.„Бонд нема да се врати пред 2028 година. Размислувањето се промени од ‘да побрзаме’ во ‘да го направиме како што треба’.“Целиот процес го коментирала и Луси Флеминг, роднина на Ијан Флеминг, авторот на ликот Џејмс Бонд, наведувајќи дека продуцентите пристапуваат „на прекрасен начин“, а на прашањето кој ќе биде новиот 007 одговорила со шега во стилот на самата франшиза: дека, ако открие, „би морала да ве убие“.

Магазин | пред 1 месец

media-librarygnil3s8u6vsq4RTy6Na

(Видео) Остри критики за филмот ‘Мајкл’: BBC го нарече кандидат за Златна малина

BBC го критикува новиот биографски филм „Мајкл“ за Мајкл Џексон, во кој глуми неговиот внук Џафар Џексон, оценувајќи го како безличен и драматично празен приказ на животот на пејачот, кој ги изоставува клучните контроверзии и се фокусира на идеализиран портрет.„Лош е. Лош е. Навистина, навистина е лош“, пишува критичарот на BBC за новиот биографски филм „Мајкл“ (Michael), продуциран од негови бројни роднини и блиски соработници. Никој, наведува BBC, не очекувал остар портрет на оваа ѕвезда, но изненадува што е направен толку безличен и едвај компетентен филм, налик на телевизиска програма од дневен формат.Хронолошкото прикажување на периодот од групата Jackson 5 и подоцнежниот соло успех на Џексон запира во средината на 1980-тите — пред обвинувањата за злоупотреба на деца (за кои беше ослободен по сите точки), со што од приказната се отстранува сè што би можело да се смета за спорно, но и сè што би било драматично.Она што останува се сцени во кои луѓе од музичката индустрија му зборуваат на Џексон колку е талентиран, како и неговиот строг татко (Колман Доминго, речиси непрепознатлив под протетичка шминка), кој се појавува со заканувачки тон: „Сети се на своето семејство, Мајкл!“BBC оценува дека, без оглед на мислењата за Џексон, тој бил воден од желба да создава спектакуларна и иновативна забава — нешто што филмот не успева да го долови.Неговата улога ја толкува неговиот внук Џафар Џексон, кој, според критиката, веројатно е избран поради физичката сличност, а не поради актерските способности. Во филмот, ликот често се прикажува како насмеан во различни ситуации — од семејни моменти до посети во болници и приватни активности.Во споредба со споредните ликови, сепак, Џексон останува најинтересниот карактер. Мајлс Телер ја игра улогата на адвокатот Џон Бранка, додека браќата на Џексон се маргинализирани, а неговата сестра Џенет Џексон воопшто не се појавува во филмот.Главен продуцент е Греам Кинг, познат по филмот „Bohemian Rhapsody“, кој освои четири Оскари. Но, според BBC, „Мајкл“ е многу поверојатен кандидат за „Златна малина“.Критиката заклучува дека дијалогот е површен, а визуелниот стил безличен до степен што дури и реконструкциите на легендарните спотови и концерти делуваат здодевно. Филмот, замислен како омаж на Мајкл Џексон како личност, според BBC, претставува сериозна навреда за него како уметник.

Магазин | пред 1 месец

media-library0tntntlob7t11mHDfKc

(Видео) Стигнува четвртиот дел од култната комедија „The Fockers“

Објавен е првиот трејлер за филмот „Focker-In-Law“, новото продолжение на една од најуспешните комични франшизи на сите времиња, кој уште на прв поглед јасно покажува: хаос, непријатни ситуации и семејни „тестови“ кои одат на ново ниво.Во центарот на приказната повторно се Грег Фокер (Бен Стилер) и неговиот незаборавен свекор Џек Бирнс (двојниот оскаровец Роберт Де Ниро). Овој пат работите стануваат уште покомплицирани.Во игра влегува нова генерација и нови односи, а со нив и сосема нови предизвици за веќе добро познатиот „круг на доверба“. Како шлаг на тортата, франшизата ѝ се придружува глобалната поп сензација и актерка Аријана Гранде. Покрај нив се враќа и омилената екипа: Овен Вилсон, Блијт Данер и Тери Поло — што гарантира препознатлива динамика која ја направи оваа франшиза глобален феномен.Она што „Фокерите“ отсекогаш ги издвојувало не е само хуморот, туку и прецизното доловување на универзалната вистина: запознавањето на семејството никогаш не е едноставно — а кога мислиш дека не може полошо, секогаш може.„Focker-In-Law“ оди чекор понатаму — истражува како изгледа кога генерациите се судираат, кога авторитетите се преиспитуваат и кога границите на приватност се бришат во ерата на нови односи и општествени норми.Филмот го потпишува Џон Хамбург, сценарист на сите претходни продолженија, кој овојпат ја презема и режисерската палка, што обезбедува континуитет на тонот и хуморот што публиката го очекува.

Магазин | пред 1 месец

media-library5rgqmhrphgkcdbTYDaA

Европскиот трилер „Малдорор“ пристигнува со финални проекции во Скопје

Филмот „Малдорор“ на режисерот Фабрис ди Велц ја заокружува својата регионална кино-дистрибуција со три последователни проекции на 7, 8 и 9 април во Кинотеката на Македонија, со што домашната публика добива последна можност да го проследи ова наградувано остварување на големо платно.Филмот неодамна ја освои наградата од публиката во рамки на Јадранската мрежа на фестивали, доделена на 31. издание на Фестивалот на авторски филм во Белград. По ова признание, „Малдорор“ од 19 март до 9 април се прикажуваше во повеќе градови од регионот на поранешна Југославија, меѓу кои Белград, Сараево, Херцег Нови, Љубљана, Загреб, како и Битола, Охрид и Скопје.Станува збор за трилер инспириран од вистински настани во Белгија од средината на деведесеттите години. Приказната го следи младиот полицаец Пол Шартие, кој се приклучува на тајната единица „Малдорор“, формирана за следење на опасен сексуален престапник. По неуспешната операција и разочаран од ограничувањата на системот, тој започнува самостојна потрага по правда.Од Кинотеката на Македонија го опишуваат филмот како силен и реалистичен приказ на борбата против длабоко вкоренетото зло, но и на општеството кое потфрла пред најранливите, при што се отвораат прашања за правдата, моќта и слабостите на институциите.„Малдорор“ е замислен како прв дел од планирана трилогија на ди Велц, која ќе ја обработува темната страна на белгиската историја. Светската премиера ја имаше на Филмскиот фестивал во Венеција.Критичарите го истакнуваат интензитетот и атмосферата на филмот, споредувајќи го со криминалистичките приказни од американската кинематографија од 70-тите години, особено со делата на Сидни Лумет. Се нагласува дека режисерот успева вистинските настани да ги претвори во сложена и повеќеслојна приказна за судирот меѓу личната и институционалната правда.Филмот се опишува и како амбициозно и повеќеслојно остварување за Белгија во деведесеттите години, кое ги прикажува слабостите на институциите и колективните трауми, инспирирано од случајот на Марк Дитру.

Магазин | пред 2 месеци

media-libraryqnemc7gq1pn5c4EWmdA

Три филма што според критичарите го надминуваат „Кум“

Иако „Кум“ се смета за еден од најдобрите филмови на сите времиња, дел од критичарите оценуваат дека постојат гангстерски остварувања кои по квалитет можеби и го надминуваат. Филмот со децении ужива култен статус и значително го издигна криминалниот жанр, внесувајќи поголема морална сложеност и поинаков приказ на мафијата.Во центарот на приказната е семејството, моќта и наследството, со изразени шекспировски елементи, а впечатокот го засилуваат актерските изведби на Марлон Брандо и Ал Паќино. Сепак, според критичарите на Collider, три филма особено се издвојуваат како можни „подобри“ од ова култно дело.Меѓу нив е „Кум II“ , кој важи за еден од најуспешните продолженија во историјата на филмот. Режиран од Френсис Форд Копола, филмот ја следи приказната за Мајкл Корлеоне, паралелно со подемот на младиот Вито, создавајќи силен контраст меѓу две временски линии и уште понагласена трагичност.На листата е и „Беше еднаш во Америка“ на Серџо Леоне, кој низ неколку децении го прикажува животот на еден криминалец. Филмот е познат по својата нелинеарна структура, долгото времетраење и музиката на Енио Мориконе, а често се оценува како мрачно и комплексно ремек-дело.Третото остварување е „Добри момци“ на Мартин Скорсезе, кој нуди пореалистичен и суров приказ на мафијата. Преку ликот на Хенри Хил, филмот ја прикажува криминалната сцена без романтизација, со динамичен ритам и комбинација од насилство, хумор и стил.Токму оваа разновидност во пристапот и длабочината на приказните ги прави овие филмови, според дел од критиката, рамноправни или дури и посилни од „Кум“.

Магазин | пред 2 месеци

media-library6497oikt5u94ay2ipY1

(Видео) Ен Хатавеј на работ на слом во новиот трејлер „Mother Mary“

Стигна нов трејлер за филмот „Mother Mary“, нов наслов на студиото A24 во кој Ен Хатавеј игра поп-ѕвезда која се обидува да се соочи со минатото додека се подготвува за големото враќање.Филмот на Дејвид Лоури е опишан како „психосексуална поп опера“ која спојува драма, музика и психолошки трилер.Прикажува позната пејачка која пред големата турнеја повторно се зближува со пријателка од која се оддалечила, а која некогаш ѝ била и стилистка. Таа ја игра Мајкела Коел.Трејлерот започнува интроспективно, со нарацијата на Коел, но постепено добива потемен и вознемирувачки тон и наговестува елементи на хорор и психолошка тензија.Визуелно впечатливите сцени и симболика сугерираат емотивно интензивен филм кој спојува поп спектакл со внатрешен слом на главната хероина.Посебно внимание привлекува музиката. Хатавеј во трејлерот изведува оригинална песна „My Mouth Is Lonely for You“, која ја соавторствувала со FKA twigs и повеќе продуценти.На саундтракот е и претходно објавената песна „Burial“, создадена во соработка со имиња како Чарли Екс Си Екс и Џек Антоноф.Во филмот играат и Хантер Шефер, Каја Гербер и други.„Mother Mary“ најпрво ќе се прикажува во ограничена дистрибуција од 17 април, а од 24 април 2026 започнува поширокото прикажување во кино. Со силната комбинација на музика, визуелен идентитет и психолошка драма, „Mother Mary“ веќе се наметнува како еден од поинтересните филмски проекти за годината.

Магазин | пред 2 месеци

olivija-dzon-travolta

Џон Траволта го носи својот режисерски деби-филм во Кан: бајковит лет посветен на покојниот син

Холивудската ѕвезда Џон Траволта наскоро ќе го претстави својот прв филм како режисер на Филмскиот фестивал во Кан, во рамки на мајската програма. Станува збор за екранизација на негово сопствено книжевно дело – топла, бајковита приказна за дете кое тргнува на патување во времето на „златната ера“ на комерцијалното воздухопловство.Филмот ја следи перспективата на осумгодишно момче кое првпат се качува во авион, патувајќи со својата мајка – актерка – на пат кон Холивуд. Патувањето низ Америка е исполнето со средби со патници и низа неочекувани авантури, а важна улога имаат и стјуардесите кои го водат низ чудата на летот и непознатото.Една од улогите ја толкува ќерката на Траволта, Ела Блу Траволта, што на проектот му дава дополнителна семејна нота. Траволта, кој и приватно е врзан за воздухопловството – и самиот е професионален пилот – уште еднаш ја спојува личната пасија со филмската фантазија.Проектот носи и силна емотивна тежина: приказната, како што е посочено, е поврзана со неговиот најстар син Џет Траволта, кој почина во 2009 година по здравствени компликации. Токму затоа, филмот се чита и како интимен чин на сеќавање, но и како обид болката да се претвори во раскажување што допира поширока публика.Филмот ќе биде достапен од крајот на мај, со планирано прикажување преку стриминг-платформа. За Траволта, пак, Кан не е непозната сцена: актерот низ годините повеќепати бил присутен на фестивалот со филмови што оставиле белег во поп-културата, а сега таму пристигнува во нова улога – како автор зад камерата.

Магазин | пред 2 месеци

media-librarydncfapubutfj8iXSya0

(Видео) Пристигнуваат најочекуваните филмови: Април носи хитови од сите жанрови

Април носи исклучително разновиден филмски репертоар, па публиката во кината ќе може да избира меѓу продолженија на култни хитови, драми, хорори и големи биографски приказни.Меѓу насловите кои веќе привлекоа големо внимание, а чии премиери се очекуваат токму во април, се издвојуваат неколку филмови.Ѓаволот носи Прада 2По речиси две децении, повторно се враќаме во светот на високата мода и немилосрдната медиумска индустрија. Продолжението на филмот „Ѓаволот носи Прада“ ја следи Миранда Пристли, која се соочува со предизвиците на современото дигитално време и падот на традиционалните магазини, обидувајќи се да го задржи своето влијание и репутација.Во исто време, повторно се вкрстуваат патиштата на старите познаници, што отвора простор за нови конфликти и неочекувани сојузи.Улогите повторно ги толкуваат Мерил Стрип, Ен Хатавеј, Емили Блант и Стенли Тучи, додека режијата е на Дејвид Франкел.ДрамаОвој филм носи необична комбинација на романса и црн хумор. Приказната се фокусира на млад пар пред венчавка, чиј однос почнува да се распаѓа кога на површина излегуваат тајни кои долго време биле криени. Како што вистината се открива, границата меѓу љубовта и манипулацијата станува сè потенка.Главните улоги ги толкуваат Зендаја и Роберт Патинсон, додека режијата е на Кристофер Боргли.МумијаНовата верзија на познатата приказна за мумијата овојпат носи значително помрачен и пострашен пристап. Наместо авантура, фокусот е ставен на чист хорор — семејство кое ја пронаоѓа исчезнатата ќерка наскоро сфаќа дека со неа се вратило древно зло што им се заканува на сите околу нив.Во филмот играат Џек Рејнор, Лаја Коста и Меј Каламав, а режисер е Ли Кронин, познат по модерните хорор остварувања.МајклЕден од најочекуваните филмови годинава ја носи приказната за животот на кралот на поп-музиката, Мајкл Џексон. Филмот го следи неговиот подем од детството во групата „Jackson 5“ до светската слава, но и предизвиците и контроверзите што го одбележаа неговиот живот.Главната улога ја толкува Џафар Џексон, додека режијата е на Антоан Фукуа. Филмот ветува поинтимен поглед кон уметникот чиј влијание врз музиката и поп-културата е немерливо.Тоскана, ти и јасЗа љубителите на романтиката пристигнува приказна сместена во прекрасните пејсажи на Италија. Филмот го следи животот на млада жена која заминува во Тоскана за да започне нов живот, но таму ја наоѓа љубовта што ѝ ги менува плановите и ја тера да ги преиспита своите одлуки.Во главните улоги се Хејли Стeинфилд и ѕвездата од „Бриџертон“, Реџе-Жан Пејџ, а филмот нуди спој на романтика, личен развој и медитеранска атмосфера.

Магазин | пред 2 месеци

media-library1dmkq5t1alqs9M2swyT

Sвездата од „Стрејнџер Тингс“ откри што не и дозволувал познатиот глумец Кавил во текот на снимањето

Актерката Мили Боби Браун, позната по улогата во серијата „Стрејнџер Тингс“, откри дека актерот Хенри Кавил строго се придржувал до професионални граници за време на снимањето на филмовите „Енола Холмс“ и „Енола Холмс 2“.Браун, која денес има 22 години, изјавила дека нивниот однос на снимањето бил поинаков од односот што го има со колегите од серијата со кои пораснала.„Различно е бидејќи пораснав со Ноа Шнап и Чарли Хитон. Ги запознав кога имав десет години, па нашиот однос е како соученици. Со Хенри, пак, беше како вистински однос со возрасна личност – добро и здраво пријателство“, изјавила актерката во интервју за „Дедлајн“.Таа додала дека Кавил поставил јасни правила во нивната комуникација и не дозволувал разговори за неговиот приватен живот.„Тој имаше правила. Не ми дозволуваше да прашувам за неговиот приватен живот. Ќе ми речеше: ‘Мили, не. Ќути.’ И јас ќе одговорам: ‘Разбирам’“, раскажала Браун.Актерката истакна дека работата на филмовите за „Енола Холмс“ претставувала важна пресвртница во нејзината кариера. Таа особено го пофали режисерот Хари Бредбир за неговата посветеност и вниманието кон деталите за време на снимањето.„Тоа е остварување на сонот. Многу научив, бидејќи сум млада актерка која сè уште се развива. Ова е многу важен момент во мојата кариера и во мојот живот. Тоа е првата улога во која навистина бев главна“, изјави Браун.

Магазин | пред 3 месеци

media-libraryp0rqbqbaqcmk3kukgRF

Премиера на македонскиот филм во Брисел: „Диџеј Ахмет“ ја воодушеви европската публика

Вчеравечер во „Синема галери“ во Брисел се одржа европската премиера на македонскиот игран филм „Диџеј Ахмет“, режисерското деби на Георги Унковски, настан што го привлече вниманието на претставници на европските институции, дипломати, филмски професионалци,  гости и љубители на седмата уметност.Пред почетокот на проекцијата, пред присутните се обрати министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој истакна дека прикажувањето на македонски филм во срцето на Европа претставува значаен успех и силна потврда за квалитетот на домашната кинематографија.Чест ми е што вечерва, овде во срцето на Европа, во Брисел, го одбележуваме  премиерното прикажување на македонскиот игран филм  „Диџеј Ахмет“. По оваа проекција, верувам дека сите ќе почувствуваме колку филмот може истовремено да биде длабоко локален по својата приказна, а сепак универзален по емоцијата и пораката што ја носи“, истакна министерот Љутков.Тој упати искрени пофалби до авторскиот и продуцентскиот тим, нагласувајќи дека филмот претставува уметничко остварување што достоинствено ја претставува државата на европската сцена и е доказ за зрелоста, креативната храброст и меѓународниот потенцијал на македонската кинематографија.Тој додаде дека филмот е резултат и на силна меѓународна соработка и доверба меѓу партнерски институции.  Тоа е потврда дека кога се работи заеднички, може да се создаде вредност што ги надминува границите и говори на јазик разбирлив за сите.Ова не е само уметничко дело, туку резултат на соработка, доверба и заедничка визија. Копродукциските проекти се одлична можност нашите автори и продуценти да станат дел од поширока европска мрежа, да добијат пристап до нови пазари и нова публика и на тој начин малите кинематографии да бидат рамноправен и видлив дел од европскиот аудиовизуелен простор“, рече министерот.По проекцијата се одржа панел-дискусија посветена на улогата и значењето на копродукциите во европскиот аудиовизуелен сектор.Премиерата и панел-дискусијата претставуваат уште една потврда за активното присуство на македонската култура на европската сцена и за континуираната заложба за продлабочување на соработката со европските партнери.

Магазин | пред 3 месеци

media-library833h498187aie1cP7kq

„Чарлиевите ангели“ добиваат нов филм: Култната франшиза повторно на големото платно

Sony Pictures повторно ја оживува популарната франшиза „Чарлиевите ангели“.Студиото развива нова филмска верзија на акционата авантура за трите приватни истражителки, а за пишување на сценариото е ангажиран Пит Кијарели, потврди The Hollywood Reporter.Проектот е во рана фаза на развој, а засега не е познато кој ќе го продуцира. Сепак, еден извор за THR наведува дека Дру Баримор и нејзината продукциска куќа Flower Films, се враќаат и за овој филм.Култната серија „Чарлиевите ангели“ првично била криминалистичка драма што се емитувала на телевизијата ABC од 1976 до 1981 година. Серијата станала феномен на поп-културата и ги прославила главните актерки Фара Фосет, Кејт Џексон и Џеклин Смит, а на продуцентот Арон Спелинг му помогнала да се етаблира како едно од најголемите имиња на телевизијата.Дејството ја следело приказната за три исклучително талентирани детективки кои работат за агенцијата Townsend, во сопственост на мистериозниот Чарли Таунсенд, кого публиката никогаш не го видела. Како посредник меѓу него и детективките служел Џон Босли.Франшизата повторно оживеа во 2000 година кога студиото Columbia, во сопственост на Sony, сними филм во режија на McG, со Дру Баримор, Камерон Дијаз и Луси Лиу во главните улоги. Филмот постигна огромен успех, заработувајќи 264,1 милион долари ширум светот, што денес би изнесувало околу 493 милиони долари. Три години подоцна следеше продолжението „Чарлиевите ангели: Полн гас“.Обидот за оживување на франшизата на телевизија во 2011 година не беше успешен и серијата беше откажана по само седум епизоди.

Магазин | пред 3 месеци

media-libraryail7ejttqa2eciGeUFj

(Видео) Објавен трејлерот за „Ѓаволот носи Прада 2“

Новото продолжение на „Ѓаволот носи Прада“ започнува со препознатливите тактови на песната „Vogue“ на Мадона, јасно најавувајќи дека модата повторно е во центарот на вниманието. Трејлерот пристигнува неколку месеци по краткиот тизер-клип објавен во ноември, кој ја остави публиката без конкретни детали за приказната, но потврди повторно обединување на главните ѕвезди — Ен Хатавеј и Мерил Стрип.Новиот материјал сега открива дека Енди овој пат е на значително повисока позиција — уредник на рубрика. Студиото претходно објави и пократок промотивен снимок кој прикажува вербален дуел меѓу Енди и нејзината долгогодишна деловна ривалка. Ликот кој го толкува Емили Блант зајаснува дека Енди е значително посамоуверена отколку порано, но барем еден детал останал ист — нејзините веѓи.Првичниот филм е објавен во 2006 година, а продолжението ќе се прикажува во кино од 1 мај. Во своите улоги се враќаат Стенли Тучи, Трејси Томс и Тибор Фелдман, додека во актерската екипа се приклучуваат и Кенет Брана, Сајмон Ешли, Луси Лиу, Џастин Теру, Б. Џ. Новак, Полин Шаламе, Рејчел Блум, Патрик Брамал и Лејди Гага.За режија повторно е задолжен Дејвид Френкел, додека сценариото го потпишува Алајн Брош Мекена. Продукцијата ја предводат Венди Фирнман и Карен Розенфелт, а според најавите, приказната овојпат ќе се фокусира на Миранда Присли и нејзината борба со промените и падот на значењето на печатените модни медиуми.

Свет | пред 4 месеци

media-librarylqfv6rev63pbdSID1PK

(Видео) Пристигна трејлерот за „Берлин и дамата со хермелин“ – најавена најголемата кражба досега

Нетфликс го објави првиот трејлер за долгоочекуваниот спин-оф од универзумот на La Casa de Papel, со наслов Berlin i dama s hermelinom, кој ветува динамична и адреналинска приказна исполнета со акција, брзи автомобили, оружје и експлозии. Во 90-секундната најава, нараторскиот глас ја поставува сцената со зборовите дека Севиља е совршено место за инспирација на новата кражба.Дејството на новата сезона, која ја продолжува приказната од светот на сериите „La Casa de Papel“ и „Berlin“, е сместено во Севиља, а главниот лик Берлин повторно се здружува со Дамијан за да собере екипа и да изведе мајсторска кражба. На површина, целта е познатата слика „Дамата со хермелин“, но тоа е само параван. Вистинската мета, како што открива трејлерот, се војводата од Малага и неговата сопруга, кои се обидуваат да го уценат Берлин, не знаејќи дека со тоа ја будат неговата најмрачна страна и незапирливата желба за одмазда. Во трејлерот јасно се најавува и обемот на потфатот, со пораката дека станува збор за „најголемата кражба во историјата“.Објавата на трејлерот предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, каде обожавателите на Берлин и „La Casa de Papel“ со нетрпение го очекуваат продолжението и новата приказна за еден од најхаризматичните ликови во франшизата.Во главните улоги повторно се појавуваат Педро Алонсо, Мишел Џенер, Тристан Уљоа, Бегоња Варгас, Хулио Пења Фернандес и Хоел Санчез. На актерската екипа ѝ се приклучуваат и нови имиња, меѓу кои Инма Куеста, која ја толкува Кандела – нова членка на бандата што ќе го освои срцето на Берлин, како и Хосе Луис Гарсија-Перес и Марта Нието, кои ги играат војводата и војвотката од Малага.Новата сезона, составена од осум епизоди, ќе има премиера на Netflix на 15 мај. Серијата е создадена од Алекс Пина и Естер Мартинез Лобато, а сценариото го потпишуваат заедно со Давид Барокал, Лорена Г. Малдонадо, Ициар Санхуан, Умберто Ортега и Луис Гаридо Хулвео. Режијата ја потпишуваат Алберт Пинто, Давид Барокал и Хосе Мануел Кравиото, додека продукцијата е во рацете на компанијата Vancouver Media, позната по глобалните хитови од истиот серијал.

Магазин | пред 4 месеци

siljan

„Силјан“ е македонскиот кандидат за „Оскар“ за најдобар интернационален филм

Македонскиот филм „Силјан“, во режија на Тамара Котевска и продукција на „Конкордиа“ (Concordia), е избран како официјален кандидат на Македонија за наградата „Оскар“ во категоријата Најдобар интернационален филм.Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, која е призната и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука. Во составот на комисијата беа: претседателот и продуцент Томи Салковски, продуцентката Лабина Митевска, режисерот Даријан Пејовски, продуцентката Марија Димитрова, кинематограферот Душан Кардалевски, првиот асистент на камера Марина Колоска, режисерот на анимиран филм Иван Ивановски, тон мајсторот Братислав Зафировски и авторот на филмска маска Горан Игњатовски. Одлуката беше донесена едногласно.Годинава, комисијата избираше меѓу три филмски остварувања: „Ди Џеј Ахмет“ на Георги Унковски во продукција на „Синема Футура“, „Силјан“ на Тамара Котевска во продукција на Concordia и „Планината не оди никаде“ на Петра Селишкар во продукција на Cinepaqe Production.При селекцијата, како што беше наведено, членовите на комисијата се воделе од синеастичката вредност на филмовите, моќта на нивните приказни, драматуршките и визуелните квалитети, како и од критичката перспектива што секое дело ја нуди кон актуелните општествени и политички состојби.Друштвото на филмските работници на Македонија има мандат за избор на националниот кандидат за „Оскар“ уште од осамостојувањето на државата, кога Американската академија за подвижни слики (AMPAS) го препозна како единствено релевантно тело за селекција и кандидатура на македонските филмови.фото: ФБ

Магазин | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања