Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

ИЗБОРИ 2025

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Кампањата стартуваше: четири општини одат на повторни избори за градоначалник на 11 јануари

Изборната кампања за повторените локални избори за градоначалник официјално започна на полноќ на 22 декември во четири општини – Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа. Гласањето ќе се одржи на 11 јануари 2026 година, веднаш по новогодишните и божикните празници.Според Роковникот за изборни дејствија, кампањата за првиот круг ќе трае до 9 јануари, кога стапува на сила изборниот молк.Во Гостивар, гласачите ќе имаат можност да избираат меѓу двајца кандидати: Невзат Бејта, кандидат на коалицијата Вреди, и независниот кандидат Ваљбон Лимани од НАИ.Во општина Врапчиште, во трката за градоначалничката функција влегуваат Исен Шабани, кандидат на НАИ, и Зуљхајрат Демири, поддржан од група избирачи.Центар Жупа ќе има избори со еден кандидат. Таму за градоначалник се кандидира Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците.Во Маврово и Ростуше, пак, гласачите ќе одлучуваат меѓу Онер Јакупоски, поддржан од Коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и Анес Ахмети, кандидат на СДСМ.Повторувањето на изборите во овие четири општини следи откако на локалните избори во 2025 година не беше обезбедена законски предвидената излезност. Според податоците на Државната изборна комисија, во првиот круг одржан на 19 октомври, ниту една од општините не го исполни условот за најмалку една третина, односно 33,33 проценти излезност од запишаните гласачи.Во Гостивар одѕивот изнесуваше 33,31 процент, во Врапчиште 25,18 проценти, во Маврово и Ростуше 30,31 процент, а најнизок беше во Центар Жупа со 21,49 проценти.Поради тоа, изборниот процес за избор на градоначалници во овие општини мораше да се повтори, а исходот ќе биде познат по гласањето закажано за 11 јануари.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarym30uck44ltef2wBmkQ0

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

Претседателот на Сoцијалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „ Се бориме за нашиот дом“, во Јегуновце,  му порача на премиерот Христијан Мицкоски, дека никој не го мрази, туку сите го презираат. Филипче укажа дека Мицкоски зборува за омраза а самиот тој е извор на омраза, на деструктивна реторика која го дели народот и ја дестабилизира државата.Мицкоски вчера вели СДСМ имал патолошка омраза кон ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски зборува за омраза – а сам е извор на омраза. Цела година навредува, понижува, го дели народот и сите кои ги критикуваат неговите очајни политики ги нарекува глодари и лешинари. Цела година го храни стравот, се заканува, плука по секого – па после глуми жртва кога народот ќе му ја врати вистината. Цела година зборува за дестабилизации, хибридни напади – додека единствениот кој дестабилизира е тој, со неговиот говор полн со омраза, изјави Филипче.На трибината Филипче јавно му порача на Мицкоски дека луѓето го презираат заради сите лаги и манипулации.Никој тебе не те мрази Мицкоски – туку те презира. Те презира за сите лаги и безочни манипулации кои ги сервираш секогаш кога ќе бидеш соочен со неуспех или вистина која те боли. Те презираат оние кои со лаги ги измами за да дојдеш на власт, а потоа не исполни ништо. Те презираат сите кои веруваа дека си човек од народот, а испадна дека си најарогантниот премиер кој го имала Македонија.Во обраќањето Филипче додаде дека залудни се обидите на Мицкоски за замолчување и страв.Никого нема да замолчиш. Никого нема да исплашиш со заканите и пропагандата – затоа што одамна си прочитан.СДСМ нема да молчи пред политичар што ја валка Македонија со омраза, што шири поделби, што мисли дека патриотизмот е да ги хушкаш луѓето еден против друг. Од таквиот патриотизам се сведовме на земја без иднина, без развој, во која сè што правиш ти и твоите е стратегија како да се одржите на власт, рече Филипче, додавајќи дека граѓаните не сакаат жалопојки, туку решенија, правда и достоинствен живот.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryjr944k3d9af56YpioBe

Мицкоски: Главна понуда на СДС на овие избори е црна кампања и трикови, го вклучија дури и главниот трачер во друштвото Пендаровски, но ќе доживеат огромен дебакл

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  се обрати од  народниот митинг одржан во општина Крушево, во рамки на изборната кампања 2025 која е под слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври. Мицкоски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ нуди реална програма и проекти а СДС нуди празни ветувања и црна кампања и затоа ќе доживеат огромен дебакл на 19 октомври.Ние настапуваме со јасна и прецизна програма, а нашите противници настапуваат со демагогија, празни ветувања, со истите трикови и подземни коалиции. Нивната црна кампања е нивната главна понуда на овие избори. Па така тие во оваа кампања го вклучија и нивниот вистински лидер кој допатува директно од ДУБАИ, а во јавност се појавува неговиот заменик Венко. Покрај овој вистинскиот кој допатува од Дубаи во кампањата го вклучија и нивниот грамафон кој пишува текстови исклучиво во медиуми блиски до СДСМ, а кој ми порача дека ќе ме раситнел на делови и повика на линч, што самото тоа покажува колку страв и омраза има кај овие луѓе, нагласи Мицкоски.Мицкоски истакна дека СДС се толку исплашени од поразот кој им следи што во кампања го вклучиле и главниот трачер во друштвото Стево Пендаровски.А од вчера го вклучија и поранешниот претседател и главниот трачер во друштвото Стево Пендаровски, кој пак кутриот на јавна сцена призна дека следел и знаел за прислушкувањето. Тој во настапот го опиша во детали пола мој работен ден, работи кои не се кажани никаде и кој може да ги знае само човек кој добивал извештаи за следење и притоа сакајќи да вметне некаков црв на сомнеж фрла светло дека луѓе блиски до мене ме кодошеле. И ме повикува јавно да сум кажел кои се тие луѓе. Јас не знам кој се тие луѓе и дали постојат, но знам дека во држава со сериозно обвинителство каде што владее законот тоа сериозно обвинителство треба уште утре Стево Пендаровски да го повика и да даде  изјава пред обвинител за ова кривично дело кое јавно го призна и би се водела постапка за неовластено следење на политичките конкуренти. Ете до толку се забегани и до толку одлепени од реалноста. И сите овие чекори покажуваат дека се силно уплашени, а тој страв е последица на тоа дека и тие знаат дека на овие локални избори  ги чека дебакл во низата  и тие не само што знаат дека нема да стигнат до власта туку се уплашени и за фотелјите во нивната сопствена партија. И тој страв им се гледа во секој нивен настап. А уште поголем страв им причинува фактот што ќе дојде ден кога ниту обвинителството, ниту ова распарчено судство кое Венко вели дека е професионално, ќе може да ги брани и заштитува. И правда ќе има. И само така Македонија ќе може да победи, кажа Мицкоски.Мицкоски ги повика граѓаните да излезат и на 19 октомври да гласаат за бројот 9 за подобра и просперитетна иднина.Ајде заедно да ја напишеме новата приказна на нашата татковина! Ајде да изградиме иднина со која ќе се гордееме! Ајде да покажеме дека кога сме обединети – никој не може да нè запре, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarybcjruaus5c65fw9iaqb

Шукова:Нашата борба денес е за чист воздух, еднакви можности и град без поделби тоа е современата борба за слобода

По повод Денот на народното востание – 11 Октомври, кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова, денеска беше во посета на Сојузот на борците.Во разговор, се навратија на значењето на овој историски датум, потенцирајќи дека духот на 11 Октомври не е само спомен, туку и траен повик кон секоја генерација да ја продолжи борбата денес, на современ начин.Нивната храброст е темелот врз кој ја градиме денешната држава, но и потсетник дека слободата не е подарок – таа се заслужува секој ден, со чесност, работа и грижа еден за друг, истакна Шукова.Како што рече, најдоброто наследство што можеме да го оставиме во чест на борците е создавање на Скопје како град на солидарноста, човечноста и еднаквите можности.Нашата борба денес е за чист воздух, еднакви можности и град без поделби – тоа е современата борба за слобода, додаде таа.На средбата, Шукова разговараше и за дел од нејзината програма, во која посебно место зазема грижата за повозрасните граѓани. Таа ги најави мерките за поддршка на пензионерите преку градски ваучери за јавен превоз и културни содржини, како и отворање дневни центри и институции за грижа и активен живот.Сакам Скопје да биде град каде секој пензионер ќе може достоинствено да живее, активно да учествува и да биде дел од заедницата,“ порача Шукова, додавајќи дека секоја генерација има своја мисија – нивната била храброст и отпор, а нашата денес е одговорност и единство.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryp61rgbcas65eb6N7ZC3

Шукова: За две години Скопје ќе добие модерен БРТ систем

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, одговарајќи на новинарско прашање истакна дека во рамки на нејзината програма приоритет ќе има имплементацијата на БРТ системот, за што веќе постојат готов проект, документација и обезбедени финансиски средства.Првата БРТ линија ќе се протега од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, во должина од 13 километри. Ќе има 21 нова постојка и околу 30 нови автобуси што ќе сообраќаат на секои 5 до 6 минути и ќе можат да превезуваат до 65.000 патници дневно, изјави Шукова.Таа додаде дека линијата може да биде завршена до крајот на 2027 или почетокот на 2028 година, со што Скопје ќе добие модерен, еколошки и ефикасен систем на јавен превоз.Паралелно со првата линија, ќе се изработува и ново решение за север-југ траса, со што ќе се поврзат сите делови на градот.Со двете линии ќе добиеме брз, чист и функционален јавен превоз. Предвидена е и набавка на нови еколошки автобуси, по можност на гас, како и изградба на нови пешачки и велосипедски патеки, потенцираше Шукова, додавајќи дека овие активности се дел од планот за Скопје како зелен и модерен европски град.

Свет | пред 5 месеци

media-librarylt6g86b08qpp650qm0h

Мицкоски: Трилингот СДС-ДУИ-Левица се обидува да ја врати Македонија назад, ВМРО-ДПМНЕ се што ветува реализира

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг одржан во Валандово, во рамки на изборната кампања 2025 година, за претстојните локални избори, чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! Твојата иднина!“.  Мицкоски зборуваше за локалните избори и истакна дека на овие избори има само две опции, едната СДС-ДУИ и Левица и другата опција ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.Ова се избори каде има две опции, едната полуформална коалиција којашто обединува три политички субјекти, собрани на едно место и водени од две клучни цели. Првата цел е жедта за власт по било која цена и втората е патолошката омраза којашто ја имаат кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е коалицијата СДС-ДУИ и Левица. Таму се здружиле Венко, Али и Димче, затоа што се жедни за власт и не бирааат начин како да дојдат до власт. Втората опција е коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Првата е опција која имаше можност да покаже и да докаже како се грижат за својот дом, нашиот заеднички дом, нашата Македонија до пред само 15 месеци. Тие беа 7 години Влада и можеа да се докажат со работа со дела со проекти кај граѓаните колку тие вистински се грижат за нашиот заеднички дом. Но, таа шанса ја испуштија затоа што 7 години имавме грабеж, 7 години имавме пљачка на македонскиот народ, и она коешто најмногу боли, а тоа се оние национални предавства кои ги направија и на народот и државата, истакна Мицкоски.Мицкоски истакна дека трилингот СДС, ДУИ и Левица се обидува да ја врати државата назад, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се што ветува во кампања, реализира.Овој трилинг кој се обидува да ја врати Македонија наназад пред година и пол тоа што се случуваше е едната опција и другата опција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Изминатите 15 месеци решаваме проблеми кои се наталожени со децении. Ветивме зголемување на пензиите и тоа го испорачавме. Втората работа која ја ветивме на претседателските и парламентарните избори беше дека нема да правиме коалиција со ДУИ и дека Али Ахмети после 20 години ќе биде во опозиција и тоа го испорачавме. Денес ДУИ е во опозиција. Третата крупна работа што ја ветивме, е дека секоја година од централниот Буџет ќе издвојуваме по 250 милиони евра за проекти, за финансирање на капитални инвестиции во општините, кои се за потребите на граѓаните, тоа и го реализиравме. Ние инвестираме насекаде во државата, нагласи Мицкоски.Мицкоски ги повика граѓаните да гласаат за број 9 на 19 октомври за развој и напредок на државата.На 19 октомври да излезете масовно и да го направите вистинскиот избор да го заокружете бројот 9, за да се реализираат проекти, за доброто на Валандово, за твојот човек, за твоето место за вашата иднина, кажа Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

media-library66oe2ovhql0l3MHokk2

Камчев: Граѓаните на општина Валандово пијат небезбедна вода од застарени водоводни мрежи затоа целосно ќе ја обновиме

Ѓоко Камчев, кандидат за градоначалник за општина „Валандово“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и ја објасни моменталната состојба во општина Валандово, поединци ја држат општината во заложништво, граѓаните пијат небезбедна вода, а одредени места немаат ниту основна инфраструктура.За жал,  денес неколку луѓе ја држат општината во заложништво, владеејќи зад затворени врати, без јавни дебати и без отчет. Се кријат во кабинетите, далеку од граѓаните, од проблемите, од вистината. Додека трошат милиони евра на затворен базен граѓаните на општина Валандово пијат небезбедна вода од застарени водоводни мрежи со огромни загуби, граѓаните на Раброво, Собри, Марвинци, Брајковци, Балинци, Чалакли, Башибос, Дедели газат во кал и немаат основна инфраструктура која законски им следува. Секојдневно дишеме чад од депонијата Сува река. Секојдневно облаци од отровен чад надвиснуваат над нашата општина, а ветуваа здрава животна средина, објасни Камчев.Камчев се осврна на проектите од изборната програма и најави реконструкција на водоводната мрежа во Валанадово, како и реконструкција и изградба на улици и патишта во секое населено место.Реконструкција и модернизација на системите за водоснабдување, од физибилити стидија, проектна документација до конечна изведба. Удово, Јосифово и Горна Маала мора да добијат стабилно и квалитетно водоснабдување, конечно во Калково, сувиот резервоар ќе се полни со чиста вода за пиење, реконструкција на водоводната мрежа во Валандово, реконструкција на водоводните мрежи во бојмиските населени места,  во Чалакли, Дедели, Собри и Грчиште ќе изградиме системи за одведување на отпадните води, ќе ги решаваме проблемите со атмосферските води во Пирава, Јосифово и останатите населени места. Ќе реконструираме и изградиме над 30 километри улици и патишта во секое населено место, и во Башибос и во Дедели и во Брајковци, Балинци, Марвинци, Грчиште, Горна Мала, и во Калково, Раброво, Чалакли, Казандол“, рече Камчев и додаде:Ќе ги реконструираме училиштата во Марвинци, Брајковци и Удово. Ќе градиме и реконструираме повеќенаменски игралишта во Дедели, Башибос, Марвинци, Удово, Балинци, Раброво, ќе го реконструираме градскиот стадион во Валандово, преку реконструкција на трибинскиот дел, и изградба на нова соблекувална и атлетска патека. Ќе ја довршиме реконструкцијата на стадионот во Пирава и пристапот до истиот. Ќе изградиме спортски сали во Пирава и Брајковци и мултифункционална сала за спорт и културни манифестации во Чалакли“На крај Камчев ги повика граѓаните да гласаат за бројот 9, за општината повторно да биде општина за пример.Направете го вистинскиот избор за заедно да започнеме да го градиме Валандово. Ова е борба за нашето достоинство. За нашата заедничка иднина и за нашето место. За Валандово да биде општина за пример, а не општина на безнадежност, гласајте за бројот 9, истакна Камчев.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryn4lo2ii461gv6RZ5LDy

Мицкоски до Филипче: Народот салата ќе ве направи на избори, на митинзи ниту пратениците не ти доаѓаат, сам си со Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митингот во Центар, во рамки на кампањата за локалните избори на 19 октомври, која е под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! Твојата иднина! се осврна на политичките противници и истакна дека народот ќе ги порази на овие избори  а на митинзите на СДС дури и нивните пратеници не им доаѓаат, Венко Филипче и Заев се сами.Вчера нашите противници беа тука, освен тоа што кажаа дека ќе не направеле салата, на изборите, друго не понудија. Заев нудеше живот и ајро, а Венко среќа и салата. А вистината е дека ниту среќа ќе донесат, ниту салата ќе не направат. И знам дека зад тоа простодушно храбрење на сопствените митинзи, се крие огромен страв од поразот кој го чека, но еве да му соопштам на Венко дека народот салата нив ќе ги направи на овие локални избори. И разбирате дека СДС е партија на проблеми, го оставиле Венко сам да ја трга маката која сам си ја прифати и создаде, и товарот кој сам си го впрегна на грбот. Впрочем, тој, а да не кажам и Заев и неговиот струмички гуру, ја управуваат СДСМ, но е јасно дека Венко покрај помошта на неговиот гуру, ако воопшто може да се нарече некаква помош, од друго нема. На неговите митинзи со лупа не можете да најдете некој пратеник од неговата пратеничка група во Собранието, не можете да најдете ниту некој друг висок функционер, затоа што бродот кој тоне сите го напуштаат, а СДСМ со овие луѓе на чело одамна е во стечај. А таму се затоа што не извлекоа поука од ниту една работа што ѝ ја направија на Македонија. Нереформирани и во целосна безидејност. Никаква промена не направија, нагласи Мицкоски.Мицкоски истакна дека СДС се нереформирани и се истите тие луѓе кои виткаа кичма и потпишаа капитулација со Бугарија.Тие се истите луѓе кои виткаа кичма на секое прашање важно за државата, истите луѓе што потпишаа капитулација каде и да стигнат за пуста власт. И не за џабе токму Венко и неговиот гуру се македонските политичари со највисок рејтинг во Бугарија, затоа што реченицата што еден бугарски политичар ми ја кажа во четири очи, „ас сам платил“, е реченицата што ја објаснува секоја попустливост на Венко и СДСМ во однос на ова прашање. И затоа денеска матат некакви црвени линии кои се убаво запакуван поклон за Бугарија, и затоа не одговараат на просто и едноставно прашање, ако капитулацијата пред нашиот источен сосед бил најдобриот предлог што го штити идентитетот, како што тие тврдеа, тогаш зошто се црвени линии?Јасно е дека црвените линии им требаат за нови отстапки и ново предавство, тие и сите треба да знаат, нема никогаш да дозволам да се случи била каква отстапка додека јас ја имам одговорноста да ја водам Владата а притоа македонскиот народ и Македонија да не добијат реципроцитет, заклучи Мицкоски.

Скопје | пред 5 месеци

Filipce-2-SDSM-1

Филипче: Мицкоски воведува нов данок за граѓаните, ДДВ и на евтините пратки

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Кавадарци истакна дека граѓаните чувствуваат како стандардот паѓа секој ден, платите стојат, цените растат, а власта зборува за „успеси“ додека постојано им наметнува нови трошоци.Денес имаме нов „успех“. Замислете, владата решила да ги оданочува пратките од странство, оние до 20 евра. Она што луѓето можеа евтино да си го купат на интернет, веќе нема да биде евтино. Во држава во која 40% е сива економија, во која се соголува народот со даноци за кои граѓаните не ги добиваат соодветните услуги, сега се воведува нов данок на евтини производи од интернет. Ова било приоритет за владата. Срамно, порача Филипче.Во своето обраќање, Филипче истакна дека економијата пропаѓа додека власта се крие зад празни зборови и посочи на проблемите што ги имаат компаниите со повратот на ДДВ.Колку компании од Тиквешијата, а ги има многу тука, не добија уште поврат на ДДВ? Стотици. Пари со кои треба да вложат, да платат вработени и да се грижат за луѓето, истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче од граѓанскиот собир во Кавадарци.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarylb4grqvav3s821jfNql

Филипче: Тиквешијата страда, Мицкоски и ДПМНЕ го срушија достоинството на лозарите

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на вечерашната трибина „Се бориме за нашиот дом“ од Кавадарци потенцираше дека достоинството на земјоделците и лозарите е срушена поради неспособноста и погрешните политики на власта.Тиквешијата страда од оваа власт. Ако има еден сектор кој беше срушен целосно во изминатата година, тоа е земјоделието. Неспособноста на Мицкоски и Трипуновски го сруши достоинството на земјоделците, но најмногу на лозарите. СДСМ и јас лично се заложивме да помогнеме, предложивме конкретни мерки и закони, но власта ги одби. Одби затоа што оваа влада не се грижи за обичниот човек, за работникот, за оној кој произведува, се грижи само за крупниот бизнис. Но и таму не им оди работата, затоа што индустријата слабее и инвестициите паѓаат, рече Филипче.Тој од Кавадарци зборуваше за напорот на СДСМ да им помогне на земјоделците и од опозиција, предлагајќи дополнителна субвенција од три денари по килограм предадено грозје за сите лозари кои ќе го предадат грозјето кај регистрираните винарии од 1 август 2025 година, но од власта предлогот не беше прифатен.Реагиравме остро и на тоа што оваа година не ја објавија производната цена на грозјето, иако се законски обврзани да го сторат тоа. Со објавувањето законот кој го донесе СДСМ винариите ќе мораа да ја почитуваат методологијата која предвидува надомест од најмалку 25% над производната цена. И намерно не ја објавија, за да не се знае колку е точната цена на трудот на лозарите и колкави се нивните трошоци, рече Филипче.Тој исто така рече дека СДСМ предложи и укинување на одредбата која овозможува винариите да ја намалат цената за 8% доколу лозарите побараат брза исплата, што според Филипче е пракса која за жал се користи за уцена и манипулација со трудот на производителите. Но и оваа мерка не била прифатена.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryak15htu5rbsccjBORE1

Ковачки со апел од Илинден: Масовно излезете на 19 октомври и гласање за број 9

Илинден заслужува да се гради, Илинден е пример за брз раст и развој, рече членот на Извршниот комитет Драган Ковачки пред присутните на митингот во општина Илинден.Ковачки порача дека во Илинден локалната власт е со населението, и тоа насекаде во маалата, во селата, во училиштата.За големи работи потребно е партнерство, визија, лидерство и токму такво лидерство има Илинден во актуелниот и идниот градоначалник Александар Георгиевски. Илинден се менува под негово водство, општината покрај тековни работи кои се изведуваат ќе добие и полициска станица од општа надлежност и тоа на инсистирање на граѓаните, кажа Ковачки.Ковачки укажа дека Илинден е модерен дом за сите и додаде дека тоа е така бидејќи зад него се граѓаните од една страна, а од друга страна Владата.Александар ве има вас, а тој ја има поддршката од Владата и премиерот Христијан Мицкоски. Ова е Влада што верува во вистински развој и Влада што знае дека вистинскиот развој почнува од локалната самоуправа. До пред нешто повеќе од година дена имаше влада која кочеше, која стопираше, а денес е сосема поинаку ова е Влада која е партнер на граѓаните, на локалната самоуправа, посочи Ковачки.На крајот од своето обраќање Ковачки апелираше за масовна излезност на 19 октомври  и гласање за број 9.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryeh34nebq6eo9fVOoqUo

Мицкоски: На овие избори има две опции СДС-ДУИ-Левица кои се нереформирани „како до сега“ и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која е за развој и напредок на Македонија

На денешниот народен митинг во Зелениково во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што кажа дека политичките противници СДС ДУИ и Левица не извлекоа поука од поразот на минатите избори, се нереформирани и заробени во минaтото и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата којашто е за развој и напредок на државата.Политичките противници не извлекоа резултати од претходните избори и продолжија по она старото како до сега. Така и се однесуваат во оваа кампања за мене можеби малку чудно, несвојствено од првиот ден на почетокот на оваа кампања почнаа со црна кампања со напади врз мене, врз луѓето кои се дел од раководството на партијата врз кандидатите и идни градоначалници со ниски страсти еден од перјаниците на таа кампања на СДС денеска ќе напише дека голем штос во оваа кампања би било да го најдат исецкано моето тело во оние куфери кои што се обидоа неколкумина да ги постават во близина на штабот на ВМРО-ДПМНЕ а потоа да пријават дека има подметнато бомба во текот на вчерашниот ден и на тој начин тие мислат дека ќе не оттргнат од реалните проблеми дека  ќе не оттргнат од планот и амбицијата кој што ја имаме да испорачаме за граѓаните бидејќи нашето место е овде пред граѓаните и за граѓаните. Има политичари кои живеат од Македонија и од граѓаните и има политичари коишто живеат за Македонија и граѓаните нагласи Мицкоски.Мицкоски посочи дека на овие локални избори има две понуди едната опција СДС-ДУИ и Левица  а другата опција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, трета опција нема.На овие избори имаме такви две понуди секој кој мисли дека има трета опција се лаже. Од една страна имаме полуформална коалиција СДС-ДУИ и Левица а од друга страна е коалицијата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ односно коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот. Првата опција на СДС ДУИ и Левица е понуда која што се обединила исклучиво поради еден интерес а тоа е повторно со трик, лага конструкција да се обидат да дојдат на власт и потоа да уживаат од она коешто граѓаните го создаваат во државата. На грбот на граѓаните и Македонија. Втората причина е патолошкиот гнев кој го имаат кон ВМРО-ДПМНЕ.  Првата опција е нереформирана, втората опција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која изминатите 15 месеци покажа и докажа дека со напорна работа и чесна работа дека голем дел од децениските проблеми успева да ги реши кажа Мицкоски.Мицкоски ги повика граѓаните на 19 октомври да гласаат за број 9 за јасен план и јасна визија за напредок на Македонија.Изминатите 15 месеци понудивме план и визија како да ја развиваме Македонија. Или ќе избереме опција во која што се враќаме назад опција која Венко, Димче и Ахмети ќе не врати назад во минатото или ВМРО-ДПМНЕ која има јасна визија план како да се бори за секое едно семејство, за секој млад човек. На 19 октомври да гласаме за бројот 9, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryktufbblcs0ko3UxNEbC

Меџити: Скопската чаршија столб на развојот на економијата, туризмот и културата во Чаир

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, денес го презентираше третиот столб на неговата изборна програма, фокусиран на преродбата на Старата скопска чаршија и развојот на туризмот како економски мотор на општината.Во своето обраќање, Меџити истакна дека Старата чаршија е многу повеќе од трговски комплекс – таа е “живата историја на Скопје, душата на градот и срцето на Чаир“. Тој нагласи дека неговата цел е ова културно наследство да се трансформира во модерен европски центар на туризмот и културата, преку конкретни проекти и обезбедено финансирање.Чаршијата не е само збир на улици и дуќани. Таа е нашата жива историја, духот на Скопје и срцето на Општина Чаир. Наша должност е не само да го сочуваме овој бесценет бисер, туку и да го издигнеме на ниво на врвна европска туристичка атракција, препознатлива во целиот регион. Нашата визија е Чаршијата да стане просперитетен центар на културата, туризмот и економијата. – изјави Меџити.Програмата на Изет Меџити за преродбата на Старата чаршија опфаќа петклучни развојни чекори:1.КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ ЗА ВРАЌАЊЕ НА АВТЕНТИЧНИОТ СЈАЈ-Реставрација на калдрмите: Целосна конзервација на улиците „Сарачка“, „Папучиска“, „Петар Михов“, „Самарџиска“ и дел од „Ковачка“. Проектот еодобрен од Владата и се реализира во 2025 година. -Обнова на фасадите: Продолжуваме со обнова на фасадите на сите преостанати дуќани, зачувувајќи го автентичниот изглед и претворајќи ја Чаршијата во вистинска европска атракција.-Модерно улично осветлување: Инвестираме во нова мрежа за осветлување зада ја зголемиме безбедноста и да ја истакнеме убавината на Чаршијата вовечерните часови.2. ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА ЗА МОДЕРЕН ТУРИЗАМ-Паметни инфо-табли: Поставуваме интерактивни табли на клучните точки –Плоштад Скендербег, Старата Чаршија, Бит Пазар. Тие ќе нудат информацииво реално време и бесплатен Wi-Fi за сите посетители.-"Дигитална Чаршија“: Креираме виртуелен музеј и мобилна апликација којаќе служи како модерен дигитален водич со интерактивни мапи и историскиподатоци за секој објект.3. СТАНДАРДИ ЗА СЕКОЈ ПОСЕТИТЕЛ-Изградба на модерни, беспрекорно чисти и лесно пристапни јавни тоалети.Тие ќе бидат целосно прилагодени за лица со попреченост и ќе сеодржуваат секојдневно, обезбедувајќи достоинствени услови за сите.4. ЗАШТИТА НА БИСЕРИТЕ НА ЧАРШИЈАТА-Целосна реставрација и меѓународна промоција на нашите историскиобележја: Куршумли ан, Капан ан, Сули ан, Чифте амам, Даут Пашин амам,Шенгул амам и Безистенот.5. „Круна на преродбата“ – изградба на подземен паркинг под Плоштад„Скендербег“.На крајот на презентацијата, Меџити ја најави и изградбата на двокатен подземен паркинг под Плоштад „Скендербег“, инвестиција од 25 милиони евра, веќе обезбедена од Владата. Проектот ќе го реши проблемот со пристапот и ќе ја претвори оваа зона во модерен урбан центар кој ја спојува историјата со европската иднина.Капиталниот проект кој ќе стави печат на оваа преродба е изградбата на новиот Подземен паркимг „Скендербег“. Инвестицијата вредна 25 милиони евра е веќе обезбедена од Владата, отворенa е набавката и се очекува за најмногу месец дена да има камен темелник за реализација на овој проект за 800 возила. Ова ќе биде модерно јадро и симбол на Чаир, место каде што нашата богата историја гордо ќе се сретне со европската иднина. – потенцираше Меџити.Во завршниот дел од обраќањето, Меџити истакна дека преродбата на Старата чаршија е идентитетски, економски и културен проект, кој ќе го позиционира Чаир како центар на регионалниот туризам.Старата Чаршија е нашата гордост, но таа не смее да живее само од минатото. Таа заслужува жива и просперитетна иднина. Оваа програма не е список со желби. Ова е конкретен план, со обезбедени средства и јасни рокови. Со целосна посветеност и во партнерство со вас, граѓаните и еснафите, ќе ја издигнеме Чаршијата во симбол на нашиот културен идентитет и мотор на економскиот развој и туризмот.“– изјави Меџити.

Скопје | пред 5 месеци

media-librarynbbhc11mq62rflAvuQu

Костовски: Продолжуваме со работа, Бутел ќе добие два нови паркови и пет нови спортски рекреативни центри

Дарко Костовски, кандидат за градоначалник за општина „Бутел“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и посочи дека ресурсите на општината се насочени на детските игралишта, јавните површини, локалните училишта, социјалната помош за ранливите категории.Ги насочуваме ресурсите таму каде што најмногу се чувствува потребата, детските игралишта, јавните површини, локалните училишта, социјалната помош за ранливите категории, детските градинки, грижата за здравјето на граѓаните, и секако спортот истакна Костовски.Костовски наброи дел од реализираните проекти во општината.Изградивме две градинки во Бутел 1 и Бутел 2, училиште во Визбегово, плоштад, мега парк во Радишани, корито и уредена трим патека на Серава, 102 улици од кои голем број клучни сообраќајници, пет спортско рекреативни центри, 13 спортски терени, 10 детски игралишта, во образованието вложивме 215 милиони денари, во спортот направивме покрај клубовите, општината стипендира 400 спортисти, рече Костовски.Костовски исто така потенцираше дека тендерот за изградбата на поликлиниката е веќе распишан и наброи дел од проектите на изборната програма.Овие проекти се ветувани повеќе од 30 години, овие средства не беа ниту од кредит ниту од општината, туку директно негова заложба. Ви благодарам претседателе, тоа е историската поликлиника за којашто распишавме тендер и ќе се наоѓа на местото на старата амбуланта. Вториот проект е децениското барање за жителите од Љубанци да добијат нормална вода за пиење за нивните деца, и тој проект е реален. Ќе изградиме два нови мега паркови, нов културен дом, две нови училишта во Љубанци и Љуботен, три нови градинки во Радишани, Бутел и Визбегово и пет нови спортско рекреативни центри и многу други проекти, посочи Костовски.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryu4jkishjvm2gdsHXTYK

Димитровски: За Скопје имаме конкретен план и за модерно Скопје ќе работиме секојдневно

Даме Димитровски, носител на советничка листа на кандидати за советници во Советот на Град Скопје на вечерашниот митинг во Бутел се осврна на проблемите со кои живеат Скопјани посочувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата имаат план имаат решенија.Имаме план, имаме девет темелни политики кои се темелат на наука, европски искуства и практични решенија. Тоа се  чист воздух, чист град, модерен превоз, јавни простори, велосипеди и мобилност, безбеден сообраќај, култура, иновации и најважно чесно управување, рече Димитровски.Димитровски укажа дека ова не е само план, само зборови, ќе има конкретни активности за подобро Скопје, а не како до сега.Ова се наши работни задачи, ова е нешто конкретно што ќе направиме за вас, за подобро утре, кажа Димитровски.Димитровски на крајот на обраќањето ги повика жителите на Бутел, и воопшто граѓаните на Скопје на 19 да гласаат за број 9, за подобро утре.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryg2sqogrgjjd0dZVACTb

Мицкоски: Има над 80 кривични пријави во фиоките на обвинителството, а за кои клучот е некаде на Бихаќка, СДСМ нема да се толку гласни кога ќе се соочат со законот

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг одржан во општина Бутел, во рамки на изборната кампања 2025 година, за претстојните локални избори, чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! Твојата иднина!“.  Мицкоски зборуваше на темата за правосудниот систем во земјава и истакна дека иако постојат над 80 пријави кои се заглавени во судските и обвинителските лавиринти, тој ќе се посвети на нив по локалните избори. Мицкоски најави  ресетирање на системот, кој нема да биде реванш, туку ќе значи одговорност и правда. Како што вели тој, процесот на прочистување на политичкото мочуриште ќе зависи исклучиво од законот и уставот, а од правдата нема бегство.Ги слушам лажните храбрења на Филипче, зад кои убеден сум дека стои само стравот од соочување со одговорност. Тоа се изјавите: „Еве, година и пол помина од Владата, а никој не одговара и никој не се плаши.“ Вистината е дека има над 80 пријави кои седат во фиоките на обвинителството, а клучот на тие фиоки седи некаде на Бихаќка, кажа Мицкоски.Мицкоски најави ресет на целиот систем и длабоки реформи по локалните избори, а додаде и дека ресетот нема да биде реванш туку одговорност и правда онаму каде што до сега нема.Тој клуч ќе се добие и ќе се отвори по овие избори, а јас најавувам ресет на системот и длабоки реформи. Нема да има конечна правда додека законот не ги допре и тие во судството и обвинителството. Со оваа тема посебно и лично ќе се занимавам веднаш по изборите. И правдата ќе ги допре сите оние што сега се удираат во гради. Верувајте, потоа кога ќе бидат соочени со законот, нема да бидат ниту толку храбри ниту толку гласни, затоа што ресетот на системот нема да биде реванш, туку одговорност и правда таму каде што досега не завладеала, рече Мицкоски и додаде:Мора да има катарза на тоа политичко мочуриште, чиј процес на прочистување нема да зависи од нечија политичка волја, туку единствено од законот и Уставот. Од правдата нема бегство.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarypu056ha0bfof1PDzG7D

Филипче од Кривогаштани: Ова не се обични локални избори, се бориме за нашиот дом, за Македонија

Ова не се обични избори, ова е борба за нашиот дом, за нашата земја, за нашата иднина. Секој глас е чекор напред кон држава во која ќе се почитува трудот, знаењето, чесноста. Обединети и сплотени, на 19 октомври да излеземе масовно и да ја потврдиме победата на вистинските вредности, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Кривогаштани.Филипче нагласи дека државата мора да стои зад народот и дека иднината им припаѓа на оние што создаваат и градат, а не оние кои рушат и делат.Ние од СДСМ не работиме по принципот на ВМРО-ДПМНЕ, вети-заборави. Тие земаат од народот наместо да дадат и ги оставаат граѓаните сами со проблемите. Ние сме покажале дека работиме за граѓаните и за државата. Секогаш сме биле и сме со граѓаните и кога било најтешко, во најголемите кризи, граѓаните беа наш приоритет, рече Филипче.Тој нагласи дека СДСМ никогаш не барал изговори, туку преземал одговорност.Со план и волја покажавме како се стои зад секој еден граѓанин кој се бореше да преживее, да зачува работно место, да го одржи својот бизнис. Никој не оставивме сам. Со СДСМ платите растеа, пензиите растеа, се создаде систем за помош, не за понижување, истакна Филипче, додавајќи дека за СДСМ политиката не е пазар на лаги, туку механизам како да се подобри животот на граѓаните.Затоа е јасна разликата: ВМРО-ДПМНЕ гледа личен и партиски интерес, ние гледаме за народот и државата, дури и тогаш кога сме знаеле дека е на штета на нашиот рејтинг. Никогаш не сме правеле партиски калкулации кога биле во прашање граѓаните и иднината на државата, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Кривогаштани.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryn4lo2ii461gv6RZ5LDy

Мицкоски: Судството и обвинителството се сегменти коишто се последните бастиони во одбрана на владата на СДСМ и ДУИ, но ќе има реформи и во оваа област

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг одржан во општина Сопиште, во рамки на изборната кампања 2025 година, за претстојните локални избори, чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! Твојата иднина!“. Тој се осврна на темата за правдата во државата, а го потенцираше правосудниот систем, кој според него, треба да биде непристрастен,  да има судии кои судат според законот, процедури кои ќе ја вратат довербата, а додаде и дека правдата не смее да биде привилегија на малкумина. Како што вели Мицкоски, постојат кочници кои се вградени во институциите на државата и функционираат како длабока држава во државата.Многу ме прашуваат изминатиов период, зошто и како не правиме реформи во судството, реформи во обвинителството. Тоа е нешто кое што претставува и за сите нас болка, бидејќи и судството и обвинителството се сегменти коишто сѐ уште, претставуваат последните бастиони во одбрана на претходната влада. Ако некој ме праша зошто, затоа што инсталациите таму и покрај десетиците би рекол, повеќе од стотина пријави кои што доаѓаат од надлежните институции, поткрепени со докази не ги процесуираат, туку ги држат во фиока. Но после овие локални избори, ќе се навратиме и на таа тема“, кажа Мицкоски.Мицкоски потенцираше дека е време за ресетирање на системот, со цел да се изгради држава на правда, а во истата таа држава на правда правосудниот систем мора да биде непристрастен и непокорлив. Како што кажа тој, здравствениот систем ќе биде столб на државата, со достапни лекови, модерни болници и стручен кадар.Моментот што го чекале генерации е пред нас, време за ресет на системот, време да ги скршиме ланците на неправдата и да изградиме држава на правда, слобода и грижа за секого. Судството мора да биде непристрастно и непокорливо, судии кои судат според законот, а не според влијанија; институции кои штитат, а не кои молчат, процедури кои враќаат доверба, а не кои создаваат сомнеж. Правдата не смее да биде привилегија на малкумина, туку право на секој граѓанин  брза, достапна и ефикасна. Слободата не е само збор во уставот, туку жив начин на живот: слобода на мислење, слобода на говор, слобода од страв и притисок. Здравствениот систем ќе биде столб на оваа држава — модерни болници, достапни лекови, стручен кадар и превенција што штити семејства, наместо да ги остави ранливите сами да се борат. Ќе поставиме јасни правила, транспарентни процеси и нулта толеранција кон корупцијата која тоне животи и ја кочи промената, рече Мицкоски.Мицкоски ги потенцираше кочниците кои се вградени во сите институции и го кочат напредокот на граѓаните, затоа што истите функционираат како длабока држава, низ мрежи кои се шират низ сите институции, а понекогаш дури и низ етничките заедници.Не можеме да го чекаме утрото додека ситни и големи кочници ја гушат работата на државата, кочници што се вградени во институциите, што делуваат тајно или откриено и тие ја претставуваат во суштина длабоката држава во државата, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykv4qhvuvuaniddQP1O0

Шукова: Карпош ќе дише полесно со нов мост, продолжување на булеварите и функционални јавни претпријатија

Во преполната сала „Партизан“ во Карпош, кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, ги претстави клучните приоритети на својата програма – функционални јавни претпријатија, уреден сообраќај, повеќе зеленило и современо, дигитално Скопје.Ова не е само лична кампања, ова е заедничка мисија да изградиме модерно, чисто и функционално Скопје, град што ќе биде наш дом, а не извор на секојдневни нервози, изјави Шукова, нагласувајќи дека решенијата што ги нуди се реални и проверени.Таа остро се осврна на неуспесите на актуелната градска власт, истакнувајќи дека четири години граѓаните живеат без основни услуги:Немаме редовно подигање на сметот, немаме вода во високите зони, јавниот превоз е нефункционален, а парковите и улиците се запуштени. Градот го претворија во џунгла.Шукова најави целосна реорганизација на јавните претпријатија и обновување на постојната инфраструктура:Ќе го изградиме Скопје по европски терк – град што обезбедува ред, услуга и сигурност.Во Карпош, најави неколку клучни инфраструктурни проекти: изградба на нов мост, близнак на „Обединети нации“, со шест коловозни ленти и велосипедски и пешачки патеки; поврзување на булеварите „Словенија“ и „Никола Карев“ со современо сообраќајно решение; продолжување на булеварот „Словенија“ до Ѓорче Петров – нова артерија долга 4,5 километри што ќе го поврзе западот и северот на градот и конечно ставање во функција на мостовите „Михаило Апостолски“ и „Љубљанска“.Ќе воведеме ‘Зона 30’ во густо населени делови, ќе поставиме ЛЕД осветлување, нови велосипедски патеки и ќе ги претвориме запуштените површини во живи скверови и паркови, додаде Шукова.Таа истакна и дека дигиталните решенија ќе бидат темел на модерното управување со градот:Смарт Скопје ќе значи знаење кога контејнерите се полни, паметно управување со отпадот, повеќе осветлување и дигитални системи што носат ефикасност и транспарентност.Ние не ветуваме чуда – ветуваме работа, чесност и резултати што се гледаат, порача Шукова, додавајќи дека со Маја Мојсова во Карпош и тимот на СДСМ, ќе се врати довербата во политиката и гордоста во Скопје.Во Карпош се родив, тука сум целиот живот и ќе се борам за Карпош и за Скопје што обединува, заврши Каја Шукова.

Скопје | пред 5 месеци

media-librarymjl64gvgqj8edoLypeE

Герасимовски додели сертификати на наставниот кадар: Наставниците ги учат младите да бидат чесни, одговорни и добри луѓе

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска им додели сертификати на наставниците, стручните соработници и директорите кои ја завршија обуката „Улогата на наставниците и стручните соработници во пренесување на вредностите и моралните норми кај младите“. Наставниците се луѓето што секој ден го обликуваат нашето општество, со трпение, љубов и голема посветеност. Тие не ги учат младите само да читаат и пишуваат, туку и да бидат чесни, добри и одговорни луѓе. Во време кога младите се соочуваат со многу предизвици, наставникот е тој што знае да ги насочи, да ги мотивира и да им покаже што значи вистинска вредност и морал. Денеска со голема чест им доделив сертификати на наставниците, стручните соработници и директорите кои ја завршија обуката. Убава средба со наставниот кадар, но и прекрасен гест по повод вчерашниот Светски ден на учителот - 5 октомври. Од срце им благодарам на сите наставници за нивниот труд и љубовта што ја вложуваат секој ден. Општината продолжува да вложува во образованието, во наставниците, во учениците, изјави Герасимовски.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryf9di1scfl8ll3oRPs7a

Филипче: СДСМ се бори за држава што не е ничија приватна сопственост

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Кичево посочи дека СДСМ е продолжение на идеалите врз кои е изградена современата македонска држава.СДСМ е продолжение на најсветлата традиција на Македонија борбата за слобода, рамноправност и достоинство. Нашите корени се во АСНОМ, во генерациите што ја поставија темелната вредност, државата да биде дом за сите, истакна д-р Филипче.Тој нагласи дека токму сега е време за повторно обединување и консолидација, додавајќи дека борбата на СДСМ е за држава која е заеднички дом, а не приватна сопственост.Се бориме за држава што не е ничија приватна сопственост, туку заеднички дом со правила што важат за сите.Филипче ја нагласи и суштинската разлика во однос на ВМРО-ДПМНЕ и порача дека:Македонија не се брани со навреди и кавги, со лажни повици за национално обединување, а подземни игри за поделба и дека патриотизмот и достоинството не се злоупотребуваат за политички рејтинг.Достоинството почитувани присутни се брани со силни институции, со сериозен план и со луѓе што искрено мислат добро и на државата и на идните генерации. Се брани со паметна, цврста позиција и со резултати дома: со држава што функционира, со реформирани институции што градат доверба и со економски политики што на прво место ги ставаат граѓанине и нивните проблеми, рече лидерот на СДСМ, д-р  Филипче, на граѓанската трибина во Кичево.

Скопје | пред 5 месеци

media-librarym3vn3cdpmbe4aM2nqxO

Мицкоски: Нема големи кривични случаи, бидејќи малкумина лакеи не дозволуваат, иако МВР и надлежните темелно сработија десетици случаи на голема корупција кога влада беа СДС и ДУИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Демир Капија кој е во рамки на кампањата за локалните избори која се води под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ се осврна на постапките на претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче.И морам да прокоментирам една изјава на претседателот на СДСМ. Тој кажа дека немам право да го обвинувам СДСМ и ДУИ за судството и обвинителството, затоа што 15 месеци сме биле Влада и немало некои големи кривични случаи. Затоа чувствувам потреба да му одговорам нема големи кривични случаи само поради една причина, а тоа се малкумина ваши лакеи кои ги има во обвинителството и судството кои не дозволуваат вака големи кривични пријави иако истражните органи како МВР и останатите надлежни сработија десетици случаи на висока корупција кога влада беа СДС и ДУИ, кажа Мицкоски.Мицкоски објасни дека сега грчевито нивните лакеи заедно со нив се борат да се опструираат истрагите поткрепени со докази за да можат оние поранешни функционери од СДС и ДУИ кои ја крчмеа, распродаваа, разнебитуваа Македонија ќе одговараат.Но, имам лоша вест, локалните избори ќе завршат и вашите лакеи ќе бидат сменети и ќе дојдат вистински судии и обвинители и ќе одговарате. Обрачот се стега и нема бегање од одговорност. А сите ваши лакеи добро што се малкумина ќе бидат разрешени и ќе одговараат за попречување на правдата, вели Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

media-library998ks96jbdu9exLAeSp

Сабри Азири: Бујар Османи поминал повеќе од 10 години на власт, но ниту еден ден за Чаир

Сабри Азири, портпарол на изборниот штаб на кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, на прес-конференција објаснуваше какви се функции имал Бујар Османи низ кариерата.Според Азири, Бујар Османи поминал 3.672 дена на високи државни функции, и тоа како вицепремиер и министер.Министер за здравство (27 јули 2008 – 28 јули 2011) → 1.096 дена.Вицепремиер за европски прашања (31 мај 2017 – 30 август 2020) → 1.187 дена.Министер за надворешни работи (30 август 2020 – 23 јуни 2024) → 1.389 дена.Претседавач со ОБСЕ (1 јануари 2023 – 31 декември 2023) → 365 дена. Вкупно: 10 години и 22 дена на министерски и извршни позиции.Но, во текот на сето тоа време, ниту еден ден за чаирчани“, нагласи Азири.Тој посочи работи кои според него се хипокризијата на Османи. Според него, Османи поминал нула дена со чаирчани – два дена со Сергеј Лавров во Скопје. Нула дена за чаирчани – една недела со Никола Груевски во Будимпешта.Ова е реалниот биланс на Бујар Османи по повеќе од една деценија навласт. Затоа, денес тој нема образ да им ја побара довербата на граѓаните на Чаир. Нула вработувања за чаирчани – додека сопругата е вработена во АЕК, сестрата во М-НАВ, а бизнисот на братот на Османи напредува.“, заклучи Азири.

Скопје | пред 5 месеци

media-librarytp5r13idv7vddJrFsdU

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска го посети корисникот на проектот „Сервис за стари лица“, 84 годишниот Христо Станковски, со што и официјално започна реализацијата на услугата за оваа година.Преку проектот „Центар се грижи за возрасните“ , што се реализира во соработка со Здружение за развој и поддршка „Хуманост“, опфатени се 90 повозрасни граѓани од Центар на кои им е потребна нега и поддршка во домашни услови.Со оваа услуга излегуваме во пресрет на нашите повозрасни центарци со цел да бидат функционални и полесно да се справуваат со секојдневните обврски. Со помошта на стручните лица, физиотерапевти и негуватели им обезбедуваме на нашите сограѓани подобри пензионерски денови и полесна старост“, истакна градоначалникот Герасимовски.Пензионерот Христо Станковски кој веќе неколку години ја користи услугата, се заблагодари за грижата и изрази задоволство од поддршката што ја добива преку општината.Општина Центар информира дека сè уште има слободни места за овој проект. Заинтересираните можат да аплицираат од 1 до 15 секој месец во Архивата на Општина Центар , во период од 08:00 до 15:00 часот.Право на користење имаат лица над 62 години кои имаат пензија до 35.000 денари или се корисници на социјална помош.

Скопје | пред 5 месеци

media-librarye0p62hjg006h0TH1M73

Лабудовиќ: Центар ќе го вратиме во рацете на граѓаните – време е за нова енергија и вистински промени

Кандидатот за градоначалник на Центар од редовите на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, заедно со министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, остварија средба со граѓаните на Центар, на која во фокус беа проблемите кои ја засегаат општината – урбанистичкиот хаос, загадувањето, недостигот на паркинг и потребата од повеќе зелени површини и подобра инфраструктура.Центар не смее да остане заглавен во апатија и хаос. Време е да ја прекинеме праксата на импровизации.Мојата визија е јасна – чист и зелен Центар, со современа инфраструктура, со правилен урбанизам и транспарентна локална власт што ќе биде сервис на граѓаните, а не на малкумина привилегирани.Ќе ја вратиме општината во рацете на жителите и ќе изградиме средина во која младите ќе сакаат да останат и да создаваат своја иднина. - истакна Лабудовиќ.Лабудовиќ посочи дека Центар заслужува раководство што работи како вистински сервис на граѓаните – со подобра комунална инфраструктура, решенија за сообраќајниот метеж, нови простори за спорт и рекреација и културен развој кој ќе ја врати душата на општината.За да се постигнат вистински промени, потребно е обединето дејствување. Во тој контекст, соработката меѓу Движењето ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ е клучна, како гаранција за стабилност, системски решенија и долгорочни резултати за Центар.Само заедно можеме да го изградиме Центар кој ќе му припаѓа на народот. Секоја средба со граѓаните е потврда дека силата е во заедништвото, во искрените разговори и конкретните решенија. Ви благодарам за довербата, таа е најголемата мотивација да донесеме вистински промени. - додаде Лабудовиќ.Центарци изразија целосна поддршка за Лабудовиќ, нагласувајќи дека е време за нова енергија, визија и чесно водење – Центар да стане општина со која сите ќе се гордееме.

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања