Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

КУМАНОВО

media-librarykp3q02l44p6sd0qZLhr

(Вознемирувачко видео) Кумановец сподели снимка: Пет кучиња-скитници ми го удавија кучето во двор

На социјалните мрежи се појави снимка од надзорни камери на жител од Куманово, кој тврди дека пред два дена група улични кучиња влегле во неговиот двор и го нападнала неговото домашно куче.Според објавата, на видеото се гледаат неколку кучиња кои влегуваат во дворот, по што се упатуваат кон куќарката каде што се наоѓало домашното милениче. Сопственикот тврди дека кучињата го извлекле кучето од куќарката и го усмртиле.„До кога ќе биде вака? Пет кучиња скитници влегоа во дворот, ми го извадија кучето од куќарката и го удавија“, напиша тој на социјалните мрежи.Автентичноста на снимката и околностите под кои се случил настанот засега не се официјално потврдени од надлежните институции.Случајот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, при што граѓаните повторно го отворија прашањето за проблемот со бездомните кучиња и безбедноста на домашните миленици и жителите.

Настани | пред 5 дена

media-library8qfqilso0lmiaeqULbz

Тринаесетгодишно дете загина во сообраќајна несреќа со електричен тротинет кај Куманово

Тринаесетгодишно дете од кумановското село Черкези го загуби животот во сообраќајна несреќа што синоќа се случи на регионалниот пат Куманово–Скопје.Според информациите од СВР Куманово, во несреќата учествувале патнички автомобил „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од 24-годишниот Ф.С. од Куманово, и електричен тротинет, управуван од 13-годишен малолетник од селото Черкези.По несреќата, малолетникот бил пренесен во Општата болница во Куманово, каде што лекарите констатирале смрт.Од полицијата информираат дека возачот на автомобилот бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство и увидна екипа на СВР Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случила трагедијата.

Македонија | пред 1 седмица

media-library2pc1n6nj8qsnew4ylid

Собирот за Вучиќ во Куманово отвори сомнежи за политичката и финансиската позадина

Додека десетици илјади студенти и граѓани вчера протестираа на белградскиот плоштад Славија против власта на српскиот претседател Александар Вучиќ, во Куманово се одржа значително помал, но медиумски експониран собир за поддршка на српскиот лидер.Неколку стотини присутни носеа транспаренти со пораки „Ние сме Вучиќ“, „Куманово за Вучиќ“ и „Скопје за Вучиќ“, додека се вееја српски и македонски знамиња. Провладините медиуми во Србија настанот го претставија како „прекрасна слика“ и доказ за „геополитичката тежина“ на Вучиќ, пренесе Nova.rs.Но, по собирот се отворија прашања и дилеми за неговата организација и финансирање.Според српскиот медиум „Nova ekonomija“, организаторот – здружението „Мир, слога, стабилност“ – се наоѓа на списокот на корисници на средства од Министерството за надворешни работи на Србија. Оваа информација не е независно потврдена. Станува збор за здружение основано во 2022 година, кое добило 400.000 српски динари преку Управата за соработка со дијаспората и Србите во регионот за проект насловен „Православието и духовноста нè поврзуваат по покровителство на молитвата“.Во меѓувреме, опозициската СДСМ обвини дека зад организацијата на собирот стои ВМРО-ДПМНЕ и дека настанот бил договорен на средба во Скопје меѓу вицепремиерот Иван Стоиљковиќ и претседателот на Српската напредна странка, Милош Вучевиќ.Од ВМРО-ДПМНЕ ги отфрлија ваквите обвинувања и негираа каква било вмешаност во организацијата на собирот, додека Стоиљковиќ најави тужба против лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 седмица

media-library2pc1n6nj8qsnew4ylid

(Видео) „Ние сме со Вучиќ“: Жители на Куманово вееја знамиња за да го поддржат српскиот претседател

Граѓани денеска се собраа во Куманово на собир за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ, организиран од здружението „Мир, слога, стабилност“.На собирот беа развиорени македонски и српски знамиња, а присутните носеа и транспаренти со пораки „Ние сме со Вучиќ“ и „Куманово уз Вучича“.Од здружението порачаа дека целта на собирот не е ширење национализам, туку испраќање порака за заедништво и меѓусебна почит.Денеска, во соседна Србија, неформалната група „Студенти во блокада“ организира голем собир на белградскиот плоштад „Славија“, на кој своето присуство го најавија академици, активисти и многубројни граѓани од сите делови на Србија. Централниот протест е закажан за периодот од 18 до 20 часот, но нему ќе му претходат масовни собири на четири клучни локации во главниот град, од каде што колоните демонстранти ќе се упатат кон „Славија“.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryo542g98sjjn8bJlZ9Aq

(Видео) Повторно пожар на депонија во Куманово, проблемот трае со години

На депонијата Краста кај Куманово синоќа околу 20 часот повторно избувнал пожар, а денеска на терен се екипи на ЈП „Чистота и зеленило“ со механизација, се наведува во информациите од терен.Од еколошката организација „Еко Пчиња“ соопштуваат дека пожарот бил забележан од стражарската служба, по што реагирале и побарале итна интервенција од надлежните институции. Тие посочуваат дека, според нив, не станува збор за изолиран инцидент, туку за системски и долготраен проблем.Во нивната реакција се наведува дека со години на истата локација се повторуваат пожари, проследени со чадење и, како што велат, недоволна реакција од надлежните служби. Од „Еко Пчиња“ бараат итна интервенција, одговорност и трајно решение, со апел до инспекциските служби за животна средина да постапат без одлагање.Од ЈП „Чистота и зеленило“ информираат дека на терен се интервенира со механизација, при што се носи земја и се врши затрупување на зафатените делови од депонијата.Директорот на претпријатието, Сашо Томиќ, изјави дека во моментов нема отворен пламен, но има чадење на одредени точки. Според него, причината за ваквите појави е поврзана со присуство на подземни гасови, меѓу кои метан, кои можат да доведат до самозапалување при одредени временски услови.Томиќ нагласи дека станува збор за долгогодишен проблем кој постои со децении и додаде дека ваквите пожари не се гаснат со вода, туку со покривање со земја.Како што информира, состојбата е подобрена во однос на синоќа, кога имало поинтензивен пожар, а екипите продолжуваат со работа со цел целосно ставање под контрола на теренот во текот на денот или наредниот период.

Настани | пред 1 месец

pozarna

Се запали стан во Куманово – брзата интервенција спречи поголема штета

Пожар зафати стан на улицата „Димитрие Туцовиќ“ во центарот на Куманово.Од Регионалниот центар за управување со кризи соопштија дека пожарот бил пријавен околу 11 часот часот, а бил гаснат речиси два часа.„ТППЕ Куманово вчера интервенираше од 10:55 часот со едно противпожарно возило и пет пожарникари, на пожар во стан на улицата „Димитрие Туцовиќ“, зад ЦКБ банка. Пожарот беше успешно локализиран во 12:45 часот. Кај едно повозрасно лице интервенирала Итната медицинска помош поради претрпен стрес, без констатирани повреди, по што лицето е пуштено дома“, стои во соопштението.

Македонија | пред 2 месеци

izletal-od-patoto

Трагедија во Куманово: Му се слошило зад волан, па со автомобилот излетал од патот

Шеесет и четиригодишен жител на Куманово го загубил животот додека управувал автомобил, по што возилото излетало од патот на локалната делница меѓу селата Клечовце и Шупљи Камен.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 22 март 2026 година на местото викано „Кантон“. Патничко возило „даеву тико“, управувано од М.Д. (64), излетало надвор од коловозот.На местото на настанот пристигнала екипа на Итна медицинска помош, при што лекар констатирал смрт кај возачот. Сопатничката Л.Д. (57) се здобила со телесни повреди и била пренесена во Општата болница во Куманово.Според нејзината изјава, на возачот му се слошило за време на управувањето и изгубил свест непосредно пред да се случи несреќата.По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.

Македонија | пред 2 месеци

droga12

Кумановската полиција поднесе пријави за дрога и фалсификување исправа

СВР Куманово поднела две одвоени кривични пријави за различни кривични дела – едната поврзана со дрога, а другата со фалсификување исправа.Кривична пријава е поднесена против М.Д. (26) и А.Т. (29), двајцата од Куманово, поради сомнение за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“. Според полицијата, на 31 октомври 2025 година при преглед кај второпријавениот била пронајдена марихуана, која претходно ја набавил заедно со првопријавениот и ја препакувале за продажба.Одделно, кривична пријава е поднесена и против Т.Д. (54) од Куманово за „фалсификување исправа“. При редовна контрола, полицијата сопрела „фолксваген голф“ со словенечки регистарски ознаки, управуван од пријавениот, при што било утврдено дека табличките биле издадени за друго возило во Република Словенија.

Македонија | пред 2 месеци

media-library5m158u8af9ph2HtR04D

Деца од Куманово се затруле со земјоделска течност, интно пренесени на клиника

Две деца на возраст од 3 и 4 години од кумановско село се затруле со течност која се користи за земјоделски култури, соопшти денеска СВР Куманово.Случајот во полицијата го пријавил лекар од Општа болница Куманово вчера околу пладне.„Биле донесени две деца на возраст од 3 и 4 години од Кумановско, кои биле затруени од течност која се користи за земјоделски култури. По извршен преглед тие се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“, соопштија од полицијата.Од кумановската болница информираат дека при клиничкиот преглед децата биле во добра општа состојба и виталните параметри биле стабилни.„Поради можност за интоксикација, пациентите со болничко возило со придружба на медицински тим се транспортирани во ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести во Скопје“, соопшти болницата.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryl50dgrosuqlg4vjb85B

Докторот што констатирал природна смрт кај жртва на серискиот убиец повикан на распит

Докторот кој првично констатирал природна смрт кај Марија Маринковска (35), една од жртвите на осомничениот сериски убиец од Куманово, е повикан на распит во Обвинителството.Според информациите до кои дојде Телма, лекарот бил ангажиран како замена за друг доктор во моментот кога било пронајдено телото на Маринковска.Случајот отвора сериозни прашања за постапувањето на службите на терен, бидејќи иако лекарскиот тим потпишал дека нема траги на насилство, сведоци тврдат дека една од докторките изразила сомнеж дека станува збор за насилна смрт.Според овие сведоштва, полицијата вршела притисок врз родителите и роднините да потпишат изјава дека нема да бараат обдукција.Дури по интервенција на Јавното обвинителство било извршено ексхумирање на телото, по што обдукцијата покажала дека станува збор за убиство, а не за природна смрт.

Македонија | пред 2 месеци

IMG_4387

Дванаесетгодишник од Куманово жртва на врсничко насилство, соученик го терал да скокне од прозорец

Случај на врсничко насилство е пријавен во Куманово, откако 12-годишно дете, според пријавата на неговата мајка, подолг период било изложено на навреди и исмејување од свој соученик, кој во еден момент го поттикнувал да скокне од прозорец во училницата.Од Секторот за внатрешни работи Куманово информираат дека на 3 март 2026 година во 12:45 часот, 35-годишна жена од кумановско пријавила дека нејзиниот син, ученик во основно училиште во Куманово, подолг период бил малтретиран од соученик.Според пријавеното, соученикот често го навредувал и исмејувал, а во еден случај го наведувал да скокне од прозорец на училницата.Мајката пријавила и дека детето претходно го информирало педагогот во училиштето за случувањата, но, според неа, не биле преземени мерки, ниту пак таа била известена.Над малолетникот биле извршени лекарски прегледи во болницата во Куманово и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, по што бил хоспитализиран на Клиниката за психијатрија.Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 месеци

media-library2pkioh35m7jn3aqVYuQ

Почина Бајрам Сулејмани, поранешен градоначалник на Куманово

Почина Бајрам Сулејмани, кој од 1989 до 1991 година ја извршуваше градоначалник на Општина Куманово.Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, ја објави тажната вест и изрази сочувство до семејството на Сулејмани.-Со најголема почит сакам да упатам искрено сочувство до семејството на поранешниот градоначалник на Општина Куманово, г-дин Бајрам Сулејмани. Г-дин Сулејмани беше извонреден педагог, професор, новинар и публицист. Во текот на својата богата кариера работеше како наставник во основното училиште „Бајрам Шабани“ во Куманово, потоа како новинар во локалната радио станица, а во периодот од 1989 до 1991 година ја извршуваше функцијата претседател на Собранието на Општина Куманово. Од 2005 до 2018 година беше основач и директор на Регионалната Занаетчиска Комора. Нашиот град ќе се сеќава на неговите заложби и постигнатите резултати во развојот на локалната самоуправа и општествената заедница. Во име на граѓаните на Општина Куманово и во мое лично име упатувам искрено и длабоко сочувство до семејството Сулејмани, со благодарност за неговото значајно општествено делување, истакна Димитриевски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryfcbo9161blm9cNMmFC7

Трајко ја убил Марија од Куманово покажа истрагата откако телото беше откопано, ќе се ексхумира телото на уште една жена

Кумановката Марија Мартиновска (35) била убиена од Трајко Бојковски, потврдила ДНК анализата, откако телото беше ексхумирано. Нејзината смрт била насилна, потврдила обдукцијата.Обвинителството посочува дека меѓу 16 и 17 јануари осомничениот влегол во домот на жртвата и со удари по главата ѝ го одзел животот. Обвинителот Љубомир Лапе кој ја води истрагата изјави дека форензичките траги упатуваат оти делото е извршено од истото лице кое се поврзува и со друг случај.Паралелно е издадена наредба за ексхумација на тело на постара жена која, според првичните информации, одговара на профилот на првата жртва.Бојковски веќе е осомничен дека во периодот од 27 јануари до 12 февруари, на засега точно неутврден датум, во селото Челопек, Општина Старо Нагоричане, со умисла и на свиреп и подмолен начин ја убил 78-годишната Мира С.Обвинителството издаде наредби за психијатриско вештачење на осомничениот, како и за проверка на евентуална вмешаност на други лица, иако во овој момент тој е единствениот осомничен. Се испитува и евентуална одговорност на полициски службеници.Истрагата започна по пријава од преживеана жртва, 83-годишната Слободанка Арсовска од Куманово, која пред шест месеци успеала да се спаси. По нејзината пријава, истражителите започнале проверка и на претходни сомнителни случаи.Мотивот на сторителот засега не е утврден. Се очекуваат наоди од повеќе стручни лица кои треба да ја проценат неговата психичка состојба. Осомничениот во моментов е изолиран во притвор во кумановскиот затвор „К’шање“.Во фокусот на истрагата се и околностите под кои првично кај една од жртвите била констатирана природна смрт. Адвокатот на семејствата, Александар Симоновски од Куманово, изјави дека во случајот со помладата жртва првично било утврдено дека станува збор за природна смрт, но последното вештачење покажало постоење на повреди.Ќе се проверува и одговорноста на полициски службенци во делот на евентуални пропусти.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryfsfq3ir93t931hCi3Os

Кривична за ексдиректорот на ЈЗУ Здравствен дом Куманово: Незаконски ангажирани 68 лица и 353.573 евра штета на буџетот

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А.(43) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.Пријавениот, во периодот од 2020 до 2024 година, откако бил поставен како вршител на должност директор, а потоа именуван за директор на Јавна здравствена установа Здравствен дом Куманово, склучувал незаконски договори на дело и вработувал лица во установата, без претходно да добие одобрение од Министерството за здравство и без да обезбеди согласност за обезбедени финансиски средства од Министерство за финансии.На тој начин тој постапил спротивно од одредбите од Законот за работни односи и Законот за трансформација во редовен работен однос. Притоа, во истиот временски период ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил плати во вкупен износ од 21.744.788 денари или 353.573 евра на штета на буџетот на Здравствен дом Куманово.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycivn3co3h8s243MPX8F

(Видео) Го преплавија теренот со мечиња: Спорт и солидарност во салата во Куманово

Кошаркарите на Куманово беа поразени од МЗТ Скопје со резултат 56-72 во натпревар од лигашкиот дел на сезоната, но спортскиот исход остана во сенка на хуманата акција што ја одбележа вечерта.По завршувањето на натпреварот, теренот беше преплавен со плишани мечиња кои навивачите ги донесоа во рамки на најавената акција. На даден знак од трибините, десетици мечиња беа фрлени на паркетот, по што беа собрани и ќе бидат донирани на деца од ранливи категории.И покрај неуспехот на теренот, глетката од салата испрати порака дека спортот може да биде и простор за солидарност и заедништво, надвор од резултатите и табелите.

Спорт | пред 3 месеци

pozarnikari-oglas

Нападнати пожарникари во Куманово, Димитриевски бара институциите да реагираат: Секој сторител треба да сноси одговорност

Градоначалникот Максим Димитриевски, најостро го осудува нападот што вчера се случи врз тројца пожарникари од Противпожарната единица Куманово.„Недозволиво е напад на службени лица при вршење на својата службена должност. Пожарникарите, како и сите лица кои се во служба на чување на безбедност на граѓаните заслужуваат почит, а не физички напади.  Апелирам надлежните институции итно да реагираат и да постапат согласно законот. Секој сторител на вакво дело треба да сноси одговорност.Посакувам побрзо опоравување и враќање на работните задачи  на повредените лицa“, вели Димитриевски.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynfa4uqf4ail253FCePW

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Во три одделни сообраќајни несреќи на територијата на Скопје, Куманово и Битола, со тешки телесни повреди се здобија тројца пешаци, соопшти Министерството за внатрешни работи.Во Скопје, на крстосницата од улиците „Васил Ѓоргов“ и „Шарски Одреди“, патничко возило „фолксваген фокс“ управувано од З.А. (60) удри во 59-годишната пешачка Б.К. Повредите ѝ биле констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.Во Битола, на улицата „Смилевски конгрес“, мотоцикл удри во 76-годишната пешачка С.Д., по што возачот го напуштил местото на настанот. С.Д. се здоби со тешки телесни повреди, констатирани во битолската болница.Во Куманово, на улицата „Народна револуција“, патничко возило „даеву тико“ управувано од М.Ј. (23) удри во 67-годишната пешачка С.К., која исто така се здоби со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница – Куманово.Увид на местата на несреќите извршиле екипи на Секторите за внатрешни работи во Скопје, Куманово и Битола.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykt7mfr6be2jn9shRSTK

Протест пред УЈП во Куманово, се приклучија и граѓани од Тетово

Група граѓани од Куманово, кои работеле во американски компании во базите во Ирак и Авганистан, денеска протестираа пред Управата за јавни приходи (УЈП), барајќи институциите да обезбедат проверка на доказите за платените даноци. На протестот им се приклучија и граѓани од Тетово.Учесниците нагласија дека нивната иницијатива нема политичка заднина и не е насочена против ниту една институција или личност, туку претставува борба за правична и законска постапка. Тие апелираат за поддршка од сите граѓани, без разлика на политичка, етничка или друга припадност.„Упатуваме благодарност до градоначалникот на Куманово, кој јавно се обрати пред Советот на Општината и договори средба со директорката на УЈП. Планираме уште една јавна средба во големата сала на Комитетот со присуство на сите засегнати граѓани, како и на медиумите, за директорката транспарентно да ги образложи ставовите на институцијата“, рече Зоран Наковски во име на присутните.Граѓаните истакнаа дека доставиле и допис за средба до Управата за јавни приходи и изразија благодарност до Советот за отворената расправа. Сепак, нагласија дека биле разочарани од дел од советниците кои не го поддржале ставањето на точката на дневен ред.Протестантите појаснија дека не се против плаќање даноци, туку се спротивставуваат на присилна наплата, селективно толкување на законите и неприфаќање на доставените докази. Главното барање е еднаков и фер третман за сите граѓани.„Бараме правична законска регулатива, не смее да има двојно оданочување. Бараме еднаков третман за сите“, рече Фариз Бајрами од Тетово, најавувајќи дека и во Тетово ќе се одржат протести пред УЈП во вторник со почеток во 14 часот. Во Куманово, протестот продолжува пред општинската зграда во понеделник, исто така со почеток во 14 часот.

Македонија | пред 4 месеци

525260601_10164110712530934_3299071640872807828_n

Во Куманово натепан газда на гостилница, оти одбил по полноќ да угости двајца гости: го удирале по глава, му искршиле и рака

Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заеднички сториле кривично дело насилство, согласно член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.Според наводите на обвинителството, инцидентот се случил на 18 јануари, по 1 часот по полноќ, кога осомничените агресивно се обиделе да влезат во гостилница која веќе била затворена. Нивната намера била и по завршувањето на работното време да продолжат со консумирање алкохол во објектот, но сопственикот тоа не им го дозволил.По одбивањето, осомничените започнале со особено агресивно и насилничко однесување во дворот на угостителскиот објект, при што физички го нападнале сопственикот. Му задале повеќе удари по главата и телото, го собориле на земја и му нанеле тешки телесни повреди, меѓу кои скршеница на десната рака и повреда на увото.Со ваквите насилнички дејствија, како што информираат од обвинителството, кај уште неколку лица кои во тој момент се затекнале во близина на објектот било предизвикано чувство на страв и сериозна несигурност.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Судот го прифатил предлогот и им определил притвор во траење од по 30 дена, додека истражната постапка продолжува.

Македонија | пред 4 месеци

media-library9hgvvo1eq8ub52ZiCEb

Удрил со автомобил во полицаец, па и го натепал и избегал: драма во кумановско, имало пукање

Полициски службеници од Министерството за внатрешни работи, односно од СВР Куманово, на 14 јануари 2026 година во 23:30 часот во селото Романовце, кумановско, лишиле од слобода 28-годишно лице од истото село, поради сериозно нарушување на јавниот ред и напад врз полициски службеник.Според информациите од МВР, околу 22:30 часот во селото Отља, липковско, лицето не застанало на даден знак за запирање од страна на полицијата и со патничко возило „ауди А3“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувало, удрило во полициски службеник, по што продолжило со движење.Во близина на селото Романовце, возачот застанал, го напуштил возилото и се обидел да побегне пеш. При обидот за бегство, еден од полициските службеници испукал два предупредувачки куршуми во воздух, по што осомничениот бил стигнат и фатен. При приведувањето, лицето пружало отпор и физички нападнало полициски службеник.Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryi7u3pngd9sfe27C8Lrh

Осуденик од Штип со тешки повреди откако го натепале во кумановскиот затвор

Осуденик во Казнено-поправната установа Затвор К’шање во Куманово пријавил дека бил брутално физички нападнат од друг затвореник, при што се здобил со тешки телесни повреди, информира Министерството за внатрешни работи.Според пријавата поднесена на 2 јануари 2026 година во 11:30 часот во СВР Куманово, З.С. (54) од Штип навел дека инцидентот се случил на 11 декември 2025 година околу 14:00 часот, во просторија во рамки на затворот, каде во тој момент се наоѓал заедно со уште четири лица. Според неговото сведоштво, осуденикот Д.А. физички го нападнал, по што тој паднал на подот и ја изгубил свеста.Во пријавата се наведува дека нападите продолжиле и по губењето на свеста, а биле прекинати дури откако З.С. бил спроведен во Општата болница во Куманово. Таму, лекарите му констатирале тешки телесни повреди.Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против осомничениот.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryu9okj8sr8gqo3j8tK6Q

Навивач оштетил возила и нападнал полицајци по кошаркарски натпревар во Куманово

Приведен кумановец по тепачка на кошаркарски натпреварНа 16.11.2025 во 21:00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода К.Ж.(23) од Куманово. По завршување на кошаркарскиот натпревар во спортска сала во Куманово меѓу МКК Куманово и КК Пелистер од Битола, настанала физичка пресметка помеѓу навивачите на двете екипи, а биле нападнати и полициски службеници. К.Ж. бил забележан како оштетува возила на гостинскиот тим. По документирање ќе следува пријава. Се работи на идентификација на сите учесници.

Македонија | пред 6 месеци

uciliste

МВР: Дојавите за поставени бомби во скопските и кумановските училишта се лажни

По извршените проверки, сите пријави за поставени бомби во училиштата во Скопје и во Куманово биле лажни, соопшти Министерството за внатрешни работи.– Во СВР Скопје и СВР Куманово вчера околу 18 часот пријавено е дека на емаил адресите во 30 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи во училишта. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави – се наведува во соопштението од МВР.По дојавите за бомби исптатени на е-маил, вчера сите попладневни активности во тие училишта беа прекинати, а децата испратени дома.

Македонија | пред 7 месеци

media-library0qvrddlntb7l1zMteUx

(Фото) Меџити му подаде рака на Димитриевски – Вреди ќе му се поддршка за вториот круг во Куманово

Кандидатот за градоначалник на Куманово од движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, денеска соопшти дека остварил средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, организациониот секретар на Алтернатива, Башким Муртези и пратеникот Даниел Стојчевски.Димитриевски информира дека од претставниците на коалициониот партнер Влен добил „искрена и силна поддршка“ за вториот изборен круг во Куманово.„Оваа поддршка ја отсликува мултиетничката и мултикултурната реалност на нашиот град и ни дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред во реализација на проекти во интерес на сите граѓани“, напиша тој.Кандидатот на ЗНАМ се заблагодари на сите кои, како што рече, ја препознаваат и поддржуваат визијата за иднината на Куманово и Македонија, додавајќи дека заедно ќе продолжат „да го градат градот и да работат во интерес на Кумановчани“.Ова е втора јавна поддршка од страна на Влен, откако претходно Изет Меџити му подаде рака и на Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Карпош.

Македонија | пред 7 месеци

izbori-glasanje-11-92584

Политички инцидент во Куманово – нападнати лица додека делеле изборен материјал

Двајца Кумановци пријавиле дека биле нападнати додека делеле изборен материјал од нивната партија.На 16.10.2025 во 11:40 часот во СВР Куманово, А.К.(32) и И.С.(33), двајцата од Куманово, пријавиле дека во населбата Средорек, додека делеле изборен материјал за една партија, С.С. и Р.Ш. од друга политичка партија агресивно се однесувале кон нив и им упатувале закани, по што Р.Ш. физички ги нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена пријава.

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања