Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

МАНАСИЕВСКИ

media-libraryr2iidqlhtcupaylOTpU

„Дипломатскиот успех на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ му пречи на СДС, на кои единствен успех би им бил уставни измени за редефинирање на македонската историја“, вели Манасиевски

На денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, истакна дека Македонија бележи значајни дипломатски успеси и конкретни резултати на меѓународен план.Тој посочи дека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, при посетата на земјава потврдил дека Македонија остварува напредок во спроведувањето на Реформската агенда, што, според него, се потврдува и со добиените 65,7 милиони евра од Планот за раст на Европската Унија.Манасиевски како особено значаен успех го издвои изборот на Македонија за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) за периодот 2027-2029 година, оценувајќи дека станува збор за историски момент за македонската дипломатија.Според него, позитивни сигнали за земјата доаѓаат и од европските институции, при што Македонија останува препознаена како држава посветена на реформите, регионалната стабилност и стратешкото партнерство со ЕУ и НАТО.Во обраќањето, Манасиевски оцени дека Владата работи на европската интеграција преку конкретни политики, меѓународни партнерства и реализација на стратешки проекти, додека ја обвини СДСМ дека ги игнорира овие резултати и дека единствен фокус на партијата остануваат уставните измени.

Македонија | пред 14 часа

media-library02rm88a321ot6nnQNCX

„Филипче секојдневно бара Уставни измени, повеќе дури и од Бугарите“, вели Манасиевски

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека постојано инсистира на уставни измени и застапува ставови кои, според него, одат во прилог на бугарските позиции.„Филипче секојдневно бара уставни измени, дури повеќе и од самите Бугари. Испадна поголем Бугарин и од Бугарите“, изјави Манасиевски.Тој посочи дека претседателот на СДСМ ги игнорира позитивните оценки од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, за спроведувањето на реформската агенда, како и финансиската поддршка што државата ја добива преку Планот за раст на Европската Унија.Според Манасиевски, Филипче ја сведува европската агенда исклучиво на прашањето за уставните измени, додека не ги признава другите реформски процеси што се спроведуваат во државата.Во обраќањето, тој ја обвини СДСМ дека во изминатите децении водела, како што рече, „погубни политики“ во евроинтегративниот процес, наведувајќи ги промените на знамето, името и Уставот како примери за отстапки направени во минатото.„ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи повеќе национални понижувања. Времето на отстапки и исполнување на туѓи агенди заврши“, порача Манасиевски.

Македонија | пред 1 ден

media-library0cd91uemq4nhepQRUBE

„Спорот со Бугарија треба да биде врз база на реципроцитет, а не врз база на потчинување како што сака Филипче и СДС“, вели Манасиевски

Билатералниот спор меѓу Македонија и Бугарија треба да се решава врз принципот на реципроцитет, а не преку нови отстапки и потчинување, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција.На прес-конференција, Манасиевски истакна дека Владата останува на ставот дека евроинтегративниот процес мора да биде двонасочен и дека покрај Македонија, и Бугарија треба да ги исполни своите обврски.„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои на ставот дека европскиот пат на Македонија не треба да биде еднонасочна улица, туку дека Бугарија треба да ги испорача своите обврски, како што се пресудите од Европскиот суд за човекови права“, рече Манасиевски.Тој оцени дека граѓаните ја поддржуваат европската перспектива на државата, но во исто време не поддржуваат нови отстапки како услов за членство во Европската Унија.Манасиевски упати критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го за, како што рече, „потчинувачка политика“ кон Бугарија и за усогласување на ставовите со официјална Софија.„Времето кога Македонија водеше потчинета и понижувачка политика заврши. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи нови понижувања во евроинтегративниот процес на Македонија“, истакна Манасиевски.Од владејачката партија нагласуваат дека остануваат посветени на европскиот пат на државата, но без прифаќање на нови условувања и отстапки кои, според нив, би биле на штета на националните интереси.

Македонија | пред 3 дена

media-library0aeln5ckp3np1DilfaL

„Филипче и таквите како него да сфатат дека Македонија нема да прави повеќе отстапки, нема веќе “како до сега”“, вели Манасиевски

На денешната прес-конференција, портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, порача дека Македонија нема да отстапи од своите позиции во евроинтегративниот процес без јасни, цврсти и писмени гаранции од Европската Унија.На денешната прес-конференција Манасиевски, истакна дека државата веќе еднаш платила висока цена поради политиките на претходната власт, потсетувајќи на промената на уставното име со очекување дека тоа ќе го отвори патот кон членство во ЕУ.Според Манасиевски, наместо напредок кон Унијата, Македонија се соочила со нови условувања и блокади, поради што, како што рече, повеќе нема да има отстапки без конкретни гаранции за заштита на националните интереси и за реален напредок во пристапниот процес.Тој упати критики кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, наведувајќи дека наместо да зборува за уставни измени, треба да побара конкретни чекори од официјална Софија, особено во однос на спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.„Без гаранции од ЕУ нема уставни измени. Без исполнување на пресудите од Стразбур од страна на Бугарија нема промена на македонската позиција“, порача Манасиевски.Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека Македонија ќе остане посветена на европскиот пат, но, како што велат, без прифаќање на уцени и под услов да бидат заштитени државните и националните интереси.

Македонија | пред 4 дена

media-library0aeln5ckp3np1DilfaL

„Македонија без гаранции од ЕУ нема да спроведе уставни измени“, вели Манасиевски

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска изјави дека Македонија нема да спроведе уставни измени без јасни и писмени гаранции од Европската Унија, обвинувајќи ги СДСМ и нивните поранешни политики за отстапки без конкретен резултат во евроинтегративниот процес.На прес-конференција, Манасиевски оцени дека државата веќе платила висока цена со промената на уставното име и порача дека актуелната Влада нема да прифаќа нови условувања без претходно обезбедени гаранции.„Овој пат уставни измени без јасни, цврсти и писмени гаранции во форма на заклучоци од ЕУ – нема да има“, изјави Манасиевски.Тој нагласи дека, според ставот на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија нема повторно да прави отстапки без сигурност дека тие ќе значат реален напредок во процесот на пристапување кон Европската Унија.Во обраќањето упати критики и кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, наведувајќи дека треба да пренесе до бугарските власти дека Македонија очекува исполнување на обврските, вклучително и почитување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.„Додека не видиме испорака од нивна страна, Македонија нема да се помести ниту милиметар од својата политика“, порача Манасиевски.Тој додаде дека Владата останува посветена на европската интеграција, но без прифаќање на нови условувања што не се проследени со конкретни гаранции и заштита на националните интереси.

Македонија | пред 5 дена

media-library72b3qrlanccv46YVgEG

„Без гаранции нема уставни измени, последните измени беа на Филипче и Заев кои завршија со промена на уставното име и вето од Бугарија, Холандија и Франција“, вели Манасиевски

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека нема да поддржи уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот без претходно обезбедени гаранции од Европската Унија, изјави портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција.На прес-конференцијата Манасиевски истакна дека гаранциите треба да бидат формализирани преку официјални заклучоци на ЕУ, со кои ќе се обезбеди предвидлив и непречен евроинтегративен процес за Македонија.„Промени на Уставот за внесување на Бугарите, без гаранции од Европската Унија во форма на заклучоци, нема да има“, порача Манасиевски.Тој направи споредба со уставните измени поврзани со промената на уставното име на државата, обвинувајќи ги тогашните владини претставници дека ги уверувале граѓаните оти тоа ќе биде последниот чекор кон членството во Европската Унија.Според Манасиевски, наместо очекуваниот напредок, Македонија по промената на името се соочила со нови блокади на европскиот пат.„Лековерноста на политичарите како Венко Филипче и Зоран Заев доведе да го промениме државното име, а наместо напредок кон ЕУ добивме вета од Холандија, Франција, а подоцна и од Бугарија“, рече тој.Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека и денес од СДСМ се испраќаат пораки дека внесувањето на Бугарите во Уставот е клучниот услов за отворање на европската перспектива на земјата, но додаде дека неговата партија нема да дозволи, како што рече, повторно да се носат крупни државни одлуки без јасни гаранции за резултатите.„ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи волјата на граѓаните повторно да биде прегазена. Уставни измени без гаранции нема да има“, нагласи Манасиевски.Прашањето за уставните измени останува едно од клучните политички прашања во земјата и услов за продолжување на евроинтегративниот процес согласно преговарачката рамка усвоена од Европската Унија.

Македонија | пред 6 дена

media-library9oo83r125ou59LWsB2O

Манасиевски: Филипче ја прифаќа бугарската рамка, прво уставни измени, потоа отворање на идентитетските прашања

Венко Филипче е подготвен да ги жртвува македонските национални интереси заради политичка моќ и доаѓање на власт, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.На прес-конференција, Манасиевски оцени дека лидерот на СДСМ ги прифаќа бугарските позиции во однос на евроинтегративниот процес и уставните измени, наместо да ги брани македонските национални интереси.„Прво уставни измени, а потоа редефинирање на историјата и идентитетот. Филипче не го интересира македонскиот идентитет и интегритет, туку прифаќање на бугарските позиции и ставање на Македонија во подредена положба“, рече Манасиевски.Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Филипче ги усогласува своите ставови со официјална Софија и дека бугарските барања ги претставува како европски услови.Манасиевски во своето обраќање ги спомена и ставовите на Виктор Стојанов од фондацијата „Македонија“, како и на бугарската министерка Петрова-Чамова, тврдејќи дека постои совпаѓање во реториката околу односите меѓу Македонија, Бугарија и Европската Унија.„Вистината е дека токму Бугарија со години ја блокира Македонија на патот кон ЕУ, а наместо да ги бранат македонските позиции, одредени политичари прифаќаат туѓи диктати на штета на државата“, изјави Манасиевски.Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека нема да дозволат, како што наведоа, „обезличување на македонскиот идентитет“ и дека историските личности и националните прашања не смеат да бидат предмет на политички договори.Од СДСМ засега нема реакција на обвинувањата изнесени од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 седмица

media-library0mo56b5f5vdm0oji8CA

Манасиевски: СДС го правда Земон, изјавата за Гоце Делчев не е несреќна, тој и Филипче се пратеници на Бугарија

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, синоќа гостуваше во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, каде што, меѓу другото, зборуваше и за изјавата на Рубин Земон од СДС, кој во гостување на бугарски поткаст рече дека македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев нема ништо направено за Македонија.Манасиевски посочи дека таа изјава на Земон, наспроти тврдењата на СДС, никако не може да се нарече несреќна изјава, затоа што не може да излезеш на бугарски поткаст и да тврдиш дека Гоце Делчев, кој го имаме и во македонската химна, е мит.„Јас не би ја нарекол несреќна изјава. Да излезете вие на бугарски поткаст и да велите дека Гоце Делчев е мит и дека не направил ништо и не напишал ништо за Македонија, не извојувал ниедна битка, а го имаме во химната, прво мислам дека е нечовечки, недостоинствено и треба да размислиме пред следен пат да кажеме такво нешто. Гоце Делчев е важна историска фигура за Македонија, револуционер којшто се борел за независна Македонија, кој сакал да создаде држава. И вие денес, 100 години подоцна, да говорите дека Гоце Делчев е мит и дека не направил ништо за Македонија, сметам дека е крајно недостоинствено“, истакна Манасиевски.Манасиевски додаде дека од Рубин Земон, кој вели дека негова е идејата за Бугари во Устав, видовме фотографии како тој седи на кафе со еден од најголемите негатори на Македонија и македонскиот народ, кој притоа има и забранет влез во државата, Виктор Стојанов, основачот и претседателот на фондацијата „Македонија“, која се залага и дели флаери за Бугари во Устав.„Видовме фотографии на господинот Рубин Земон, сега поранешен член на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз, патем, поранешен соработник во Владата на Зоран Заев, близок соработник, којшто на едно интервју вели дека тој ја дал идејата за внесување на Бугари во Устав. Па потоа го гледаме како „недоговорено“ седнал на кафе со, не било кој, туку со Виктор Стојанов, основач-претседател на фондацијата „Македонија“, којшто во Македонија има забранет влез. И не само тоа, гледаме, денес имавме повторно прес-конференција, каде што делеле флаери за Бугари во Устав. А кој бара Бугари во Устав во Македонија? СДС“, рече Манасиевски.Тука се тие тези коишто ние ги потврдуваме, потенцираше портпаролот Манасиевски и додаде дека бугарската министерка Петрова Чамова вели дека „преку бугарските мисии во Македонија работи за Бугари во Устав“ и дека „нашиот проблем не е со Бугарија, туку со Европската Унија“.„Знаете кој имаше таква иста изјава? Венко Филипче. Вели, ние не преговараме со Бугарија, туку преговараме со Европската Унија. Најгласен, како што ние го нарекуваме, специјален бугарски пратеник во Македонија, односно пратеник на Румен Радев, Венко Филипче е единствениот и најгласниот којшто говори за воведување на Бугари во Устав, за којшто ние тврдиме дека тоа не е последната препрека за влез во Европската Унија. Така велеа и во 2018-2019 година, кога го променувавме името, дека тоа е последниот чекор којшто треба да го направиме за да бидеме дел од ЕУ. Па еве јас прашувам, дали ние денес сме дел од Европската Унија, со променето уставно име? Не сме, за жал“, констатираше Манасиевски.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryuhht2hfajtvo8Tw60lw

„Прво уставни измени, потоа редефинирање на историјата и идентитетот, до таму е спремен да оди специјалниот пратеник на Радев, Венко Филипче“, вели Манасиевски

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција обвини дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, е подготвен да прифати уставни измени и редефинирање на македонската историја и идентитет.„Прво спроведување на уставни измени, а потоа редефинирање на историјата и идентитетот. До таму е спремен да оди специјалниот бугарски пратеник на Румен Радев, Венко Филипче“, изјави Манасиевски.Тој обвини дека Филипче е „на иста линија“ со Виктор Стојанов од фондацијата „Македонија“, како и со бугарската министерка Петрова Чамова, тврдејќи дека тие шират ставови со кои се негира македонскиот идентитет и историја.Манасиевски посочи дека, според ВМРО-ДПМНЕ, Бугарија ја блокира Македонија во евроинтегративниот процес поради сопствени интереси.„Бугарските власти ги најдоа меките ткива во политиката во Македонија, како Зоран Заев, Димитар Ковачевски и сега Венко Филипче, кои слугуваат на туѓи интереси на штета на македонските“, рече тој.Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека нема да дозволат, како што велат, „бугаризација“ на македонските историски личности и идентитет.„Македонија има своја историја, свој идентитет и свој македонски јазик. Сè додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, нема да дозволиме погазување на нашето достоинство“, истакна Манасиевски.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryvvtovqe043d2brFhnc2

„Уставните измени не се последниот услов, Бугарија има пошироки барања кон Македонија, а Филипче е спремен да ги поддржи“, вели Манасиевски

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека уставните измени не се последниот услов на патот кон Европската Унија и обвини дека Бугарија има пошироки барања кон Македонија кои навлегуваат во прашањата за македонскиот идентитет, историја и културно наследство.Манасиевски посочи дека, според него, единствениот кој „безрезервно им верува“ на пораките на бугарскиот претседател Румен Радев дека уставните измени се последната пречка за евроинтеграциите е лидерот на СДСМ, Венко Филипче.Тој обвини дека Филипче не реагирал на изјавите на Радев во кои, како што наведе, македонски револуционери и историски личности се претставуваат како дел од бугарската историја.„Румен Радев вели дека македонскиот јазик постои од 1945 година, Филипче не осудува. Румен Радев вели дека македонскиот идентитет постои од 1945 година, Филипче не осудува“, изјави Манасиевски.Според него, граѓаните треба да знаат какви отстапки би следувале доколку СДСМ повторно добие можност да одлучува за државните позиции.Манасиевски нагласи дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ останува непроменет и дека македонските национални интереси, достоинството на државата и историската вистина не смеат да бидат предмет на политички договори и трговија за власт.

Македонија | пред 1 седмица

media-library0hudseug3s4q8azHSLv

„Само специјалниот бугарски пратеник Филипче слепо му верува на Радев кога вели дека уставните измени се последната препрека за влез во ЕУ“, вели Манасиевски

Денеска на прес-конференција, портпаролот на партијата Валентин Манасиевски, повторно упати остри обвинувања кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тврдејќи дека тој „слепо му верува“ на бугарскиот претседател Румен Радев дека уставните измени се последната пречка за членство на Македонија во Европската Унија.На прес-конференција, портпаролот на партијата Валентин Манасиевски оцени дека внесувањето на Бугарите во Уставот е „само првиот од многуте чекори“ што, според него, бугарските власти ги поставуваат кон Македонија.Манасиевски се повика на видео од 2019 година во кое Радев, тогаш како претседател на Бугарија, зборува за македонската историја во бугарски контекст, посочувајќи дека тоа е доказ дека барањата не се ограничуваат само на уставните измени.Според ВМРО-ДПМНЕ, бугарските позиции се однесуваат и на прашања поврзани со македонскиот јазик, историја, култура и идентитет.Во обраќањето, Манасиевски тврдеше дека доколку Филипче дојде на власт, би прифатил толкувања според кои историски личности како Гоце Делчев, Јане Сандански, Питу Гули и Даме Груев би биле претставени како бугарски дејци.Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека нема да дозволат, како што велат, „редефинирање на македонскиот идентитет“ и најавија дека ќе продолжат со, како што наведоа, „достоинствена политика“ во односите со Бугарија и европските интеграции.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryuock7nr5q46o6DX717a

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов, кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска обвини дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, соработува со Виктор Стојанов, кој, како што рече, има антимакедонски ставови и е персона нон грата во Македонија.„Специјалниот пратеник на Румен Радев, Венко Филипче, преку Рубин Земон, е во директна соработка со Виктор Стојанов“, изјави Манасиевски.Тој посочи дека Стојанов се залага за промоција на бугарскиот идентитет, историја и култура во Македонија, како и дека во јавноста го негира македонскиот јазик и националната посебност.„Филипче е соработник со човек кој ја негира Македонија, односно вели дека сме еден народ со Бугарите во две држави“, рече Манасиевски.Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат и дека Филипче е „директен соработник на Бугарија во Македонија“, како и дека е единствениот политичар кој бара внесување на Бугарите во Уставот без гаранции дека тоа ќе биде последниот услов на патот кон Европската Унија.„Венко Филипче со ваквиот однос кон Македонија си ја запечатува својата политичка кариера“, изјави Манасиевски.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarycljokrm1h2as3W0hxPV

Манасиевски: Освежувањето и засилувањето на Филипче и СДС со Рубин Земон заврши со големо фијаско

Сите карти излегоа на површина, соработката на Филипче и СДС со Бугарија е разобличена. Рубин Земон, човек на Зоран Заев и еден од најблиските луѓе на Венко Филипче е врската помеѓу Бугарија и СДС, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.„Рубин Земон одржа средба со Виктор Стојанов, човекот кој ја води Фондацијата Македонија, која шири Бугарска пропаганда во државава и лице кое има забрана за влез во Македонија поради неговите антимакедонски ставови.Ете овој човек соработува со СДС и Филипче токму преку човекот на Заев, Рубин Земон.Да ја потсетиме јавноста со какви хвалоспеви, меѓународниот секретар на СДС, Андреј Жерновски говореше за него.Почитувани,Освежувањето и засилувањето на Филипче и СДС со Рубин Земон заврши со големо фијаско.Дури и видни членови на СДС му укажале на Филипче дека со оваа работа отидено е предалеку, па затоа му било кажано на Рубин Земон да замине од СДС, но да продолжи со тоа што му е работа, а тоа е соработката со Бугарија и ширење на бугарска пропаганда.Филипче е фатен во небрано, откриени му се намерите и доколку вака продолжи СДС ќе стане ДООЕЛ“, додава Манасиевски.

Македонија | пред 1 седмица

media-library3e6fqsu7f6op9mDXRpS

Манасиевски: Венко Филипче заедно со Рубин Земон се главни соработници на бугарската пропаганда во Македонија

Стигна потврда за она што веќе со недели го говориме, а тоа е соработката на Венко Филипче и СДС со бугарските власти, со единствена цел – внесување на Бугарите во Уставот, што ќе биде првото од многуте барања кои потоа ќе ги има Бугарија, а се однесуваат на идентитетот, јазикот, културата и историјата, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ„На фотографијата зад мене, го гледаме Рубин Земон, членот на ИО на Филипче, кој вчеравечер и си поднесе оставка од истата функција, кој јасно на бугарски поткаст велеше дека Гоце Делчев е мит и дека не направил ништо за Македонија. Рубин Земон на фотографијата е на средба со Виктор Стојанов од Фондацијата „Македонија’’. Станува збор за оспорена невладина организација којашто функционира во Македонија. Фондацијата има за цел ширење на бугарска пропаганда во Македонија, а е позната по ксенофобски испади, и гледишта дека македонскиот народ и македонската историја се под бугарска историографија. Или во кратки црти, оваа фондација и нејзиниот претседател велат дека Македонија и Бугарија се еден народ во две држави, како што и велеше врховниот лидер на СДС, Зоран Заев.Оваа коалиција на Венко Филипче и Рубин Земон, односно на СДС со бугарски организации е спремна да го негира македонскиот идентитет, да го оспори нашиот македонски јазик, да ја избрише македонската историја и да ја уништи македонската култура.Ете, со овие луѓе соработува или коалицира уценетиот Венко Филипче и неговата СДС.Дознаваме од свиркачи, дека видни членови на СДС виделе дека работата е отидена предалеку и дека преку ова не смее да се помине, па му било сугерирано на Филипче да го тргне Рубин Земон од ИО за да не му штети на СДС, а да продолжи во неговата работа, која веќе е потврдена и во јавноста со оваа фотографија позади мене.Почитувани граѓани,Како тргнал Филипче ќе остане сам со кланот Заеви.ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните нема да дозволи да се случи повторно предавство на македонските национални интереси. Доста е со понижувања, потклекнувања и потчинувања. Време е Македонија да биде горда, исправена и достоинствена“, вели Манасиевски.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryucq3l091f57bcyaP3KC

Манасиевски: „Дали Филипче е дел од бугарските мисии во Скопје за кои говори бугарската министерка“ Петрова Чамова

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку својот портпарол Валентин Манасиевски упати нови обвинувања кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, тврдејќи дека тој е „најголем промотор на бугарските позиции во Скопје“.На прес-конференција, Манасиевски рече дека Филипче и СДСМ имаат идентични ставови со бугарските власти околу уставните измени и прашањата поврзани со македонскиот идентитет и евроинтеграциите.Тој обвини дека Филипче ги убедува граѓаните дека уставните измени се последниот услов за членство во Европската Унија, иако, според него, официјална Софија јасно порачувала дека тоа не е последното барање.Манасиевски додаде дека СДСМ нема визија и концепт за водење на државата и дека, како што рече, се става во функција на бугарските интереси со цел повторно да дојде на власт.Во обраќањето, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ постави и директно прашање до Филипче дали е дел од, како што наведе, „бугарските мисии во Скопје“ за кои зборувала бугарската министерка Петрова Чамова.Според Манасиевски, доколку Филипче не одговори на овие обвинувања, тоа ќе биде потврда за, како што рече, неговата поврзаност со бугарските власти.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarybp50a0fdeqmgaoBgxtQ

„Македонија не смее да потклекне поради криминалното минато на Филипче и Заев, кои поради власт и амнестија би ја однеле државата во амбис“, вели Манасиевски

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција обвини дека Венко Филипче и Зоран Заев би ја довеле државата во нови отстапки и блокади поради, како што рече, нивните политички интереси.Манасиевски изјави дека СДСМ веќе еднаш го смениле Уставот и името на државата во замена за европска перспектива, а сега, според него, повторно би прифатиле нови условувања, вклучително и внесување на Бугарите во Уставот.Тој оцени дека Филипче нема политички капацитет да дојде на власт без, како што наведе, „удоволување на барања од други држави“.„Наместо еднаш да покаже достоинство и да застане на вистинскиот пат, Филипче повторно ќе ги распродава националните интереси за свој личен интерес“, рече Манасиевски.Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека Филипче нема да дојде на власт и дека, според нив, ќе одговара за криминал.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarycv7ln5ekc9v9eKSfigD

Манасиевски: Мекотелните политики на Филипче и СДС и даваат на Бугарија можност да ги продолжат политиките на негирање на македонскиот идентитет

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски,на денешната прес-конференција упати критики кон Социјалдемократски сојуз на Македонија и неговиот лидер Венко Филипче, обвинувајќи ги дека со своите политики ѝ даваат простор на Бугарија да продолжи со, како што рече, негирањето на македонскиот идентитет.Манасиевски оцени дека Филипче и СДС ја прифаќаат терминологијата „северномакедонци“ и продолжуваат да тврдат дека уставните измени се последниот услов за влез во Европската Унија.Тој потсети на, како што наведе, претходните отстапки што државата ги направила на патот кон ЕУ, вклучително и промената на името, знамето и Уставот, посочувајќи дека Македонија со години добива нови услови.Во обраќањето беа споменати и поранешниот премиер Зоран Заев и неговите најави за почеток на преговорите со ЕУ, при што Манасиевски оцени дека државата денес е подалеку од Унијата поради политиките на СДС.Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека Македонија не смее повторно да прави отстапки поради, како што велат, лични и политички интереси на поединци.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryk28soao91p1c1VmV85s

Манасиевски: Филипче и натаму не го осудува говорот на бугарската министерка која не нарече “северномакедонци”, напротив соработува со нашите негатори

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференцијата упати нови критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека не реагирал на изјавите на бугарската министерка Петрова Чамова.Според Манасиевски, Филипче речиси две недели не го осудил, како што рече, „недостоинствениот говор“ во кој Македонија и Македонците биле наречени „северномакедонци“.„Филипче и натаму не го осудува говорот на бугарската министерка која не нарече ‘северномакедонци’, напротив соработува со нашите негатори“, изјави Манасиевски.Тој посочи дека Филипче не се оградил ниту од изјавите на Рубин Земон, член на Извршниот одбор на СДСМ, кој, според Манасиевски, изнел ставови за Гоце Делчев.Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека ваквите политики ѝ даваат простор на Бугарија да поставува нови барања кон Македонија.Манасиевски во обраќањето повтори и обвинувања дека Филипче, како што рече, останува „лојален кон Бугарија“, додавајќи дека причините за тоа се поврзани со неговото политичко минато и соработката со Зоран Заев.„Македонија има своја историја, култура, идентитет и јазик, а ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи преговарање за овие теми“, порача Манасиевски.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryujb1d7asaf9q5sJWDz1

„Уценетиот Филипче е толку антимакедонски настроен и за да се додвори уште повеќе на Бугарија ја славеше нивната победа на Евровизија“, вели Манасиевски

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати серија обвинувања кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека неговите ставови и постапки се спротивни на македонските национални интереси.Манасиевски тврдеше дека Филипче ја славел победата на Бугарија на Евровизија, што според него претставува обид за додворување кон официјална Софија.„Филипче први антимакедонец, го достигнува врвот во политиката, и за спас на својата кариера и за да докаже дека е спремен на се за да дојде на власт, славеше победа на соседна држава на Евровизија“, изјави Манасиевски.Тој додаде дека проблемот, според ВМРО-ДПМНЕ, е што државата чија победа ја славел Филипче, како што рече, го негира македонскиот идентитет.Манасиевски обвини дека Филипче не ги осудува навредите што доаѓаат од бугарски политичари и повтори дека СДСМ би ги прифатиле уставните измени и покрај, како што рече, пораките од Софија дека тоа нема да биде последното барање.„Иако од Софија јасно велат дека уставните измени не се последното барање, Филипче уште утре би ги внел Бугарите во Устав, за потоа пак да можат да не блокираат“, рече Манасиевски.Во обраќањето, тој упати и обвинувања дека Филипче е уценет од бугарски политичари поради, како што рече, криминали направени заедно со Зоран Заев.Манасиевски оцени и дека СДСМ бележи пад на политичката поддршка, додавајќи дека Филипче е меѓу политичарите со најниска доверба кај граѓаните и дека партијата може да се соочи со дополнителен пад на следните избори.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryg0f2k0uf7h601G4Rwmw

Манасиевски: Филипче ќе исполни сè што бара Бугарија за да дојде на власт

Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт. Додека бугарските власти не нарекуваат „северномакедонци”, Филипче вели дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.„Филипче не гледа проблем во тоа да не нарекуваат „северномакедонци” затоа и гласаше за промена на името.Филипче не гледа проблем во тоа да сме држава од 1945 година па наваму, затоа и ги бришеше одлуките на АСНОМ во уставот со Зоран Заев.Филипче не гледа проблем во тоа великанот Гоце Делчев да е Бугарин, исто како што немаа проблем со тоа и Стево Пендаровски, Рубин Земон и луѓето во околината на Филипче.Пиунот на Румен Радев, Венко Филипче е спремен утре да ги продаде историјата, јазикот, културата и идентитетот за да и се додвори на Бугарија и да дојде на власт.Погубната политика која ја води уценетиот Филипче, го доведе да има рејтинг од 3%, односно помал за 1% од оној на партијата СДС.Филипче ја зацементира СДС да биде четврта партија во Македонија, а на следните избори може да бидат и со едноцифрен број на пратеници во Собранието“, додава Манасиевски.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarymnbuvgtchje8fsBxQDH

Манасиевски: Зоран Заев и Венко Филипче ги избришаа одлуките на АСНОМ

Зоран Заев и Венко Филипче ги избришаа одлуките на АСНОМ со кои е конституирана модерната македонска држава, за нив националното понижување е гордост, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ„Заев и Филипче ги избришаа одлуките на АСНОМ, го променија знамето, името на државата, а сега на ред им се јазикот, идентитетот, културата и историјата.Заев и Филипче се ставени на услуга на Бугарија поради уцени од група бугарски политичари поради нивното криминално минато.За Зоран Заев и Венко Филипче терминот „северномакедонци” е гордост и успех на нивната политика која не доведе да бидеме држава со која другите се потсмеваат, потценуваат и не гледаа како потчинети.Од тие причини граѓаните им пресудија на 4 изборни цуклуси по ред, а на следните избори ќе добијат црвен картон и ќе исчезнат од политичкиот спектар во Македонија“, додава тој.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryu773hpsapbh38tiPMsk

Манасиевски: Заев започна бришење на терминот „македонски’’, за да дојде Филипче и да го запише „северномакедонски’’, тие се горди кога не прозиваат како „северномакедонци’’

На денешната пре-конференција членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски обвини дека Зоран Заев започнал со бришење на терминот „македонски“ од државните институции, а лидерот на СДСМ, Венко Филипче, според него, е подготвен да го замени со терминот „северномакедонски“.На прес-конференција, Манасиевски изјави дека СДСМ и Филипче немаат проблем со употребата на терминот „северномакедонци“ и дека, како што рече, водат политика што е во интерес на бугарските власти.Тој тврдеше дека СДСМ и Филипче се залагаат за уставни измени без гаранции дека тоа ќе биде последното барање на Бугарија во процесот на евроинтеграции.„Филипче и СДС се на иста линија со Бугарија. Ставовите им се исти, барањата им се исти“, рече Манасиевски.Во обраќањето тој оцени дека Македонија мора да добие јасни гаранции дека уставните измени ќе бидат последното барање за членство во Европска Унија.Манасиевски додаде дека државата треба да влезе во ЕУ „како достоинствена, горда и исправена држава“.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarylsb8kb56kqh0dqmmXQl

Филипче е поголем негатор на Македонија, дури и од бугарските власти, вели Манасиевски

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку прес-конференција на членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, обвини дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, води политика што е спротивна на македонските национални интереси.Членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, изјави дека Филипче „чекори по патот на Заев“ и е подготвен за нови отстапки во однос на Македонија и македонскиот народ.„За Филипче и СДС нема никаков проблем да бидеме окарактеризирани како ‘северномакедонци’“, рече Манасиевски, додавајќи дека Филипче не реагирал на изјавата на бугарската министерка Петрова Чамова.Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Филипче не побарал извинување ниту ја осудил употребата на терминот, а Манасиевски оцени дека тоа е доказ дека станува збор за „уценет човек“.Тој побара Филипче јавно да одговори „со што е уценет и зошто води политика на штета на Македонија и македонскиот народ“.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryj4m7ga9h9ql58988Hzy

Манасиевски: Пиунот на Радев, Венко Филипче призна дека СДС има исти позиции со Бугарија и дека нема проблем да бидеме „северномакедонци’’

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција упати остри критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека има исти позиции со официјална Бугарија во однос на уставните измени и евроинтегративниот процес.Манасиевски тврдеше дека Филипче е „најгласен“ во поддршката за внесување на Бугарите во Уставот и оцени дека со тоа се отвораат прашања поврзани со идентитетот, јазикот, културата и историјата.Во обраќањето беа изнесени и критики поради ставовите на СДСМ околу уставните измени, при што Манасиевски ја спомена и бугарската министерка Велислава Петрова-Чамова.„Филипче и натаму останува единствениот политичар во Македонија кој е најгласен за уставните измени“, рече Манасиевски.Од ВМРО-ДПМНЕ побараа Филипче да одговори на, како што наведоа, прашања поврзани со неговите политички позиции и ставови во однос на барањата на Бугарија.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryfb8jnrk04g878uAmmcR

Манасиевски: Филипче директно да одговори со што е уценет од група бугарски политичари за да води антимакедонска политика

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на прес-конференција упати остри обвинувања кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче.Манасиевски побара Филипче директно да одговори „со што е уценет од група бугарски политичари“ за, како што рече, да води „антимакедонска политика“.„Единствен, но и најгласен во државата кој бара спроведување на бугарските барања е токму Венко Филипче“, изјави Валентин Манасиевски.Тој обвини дека Филипче ги продолжува политиките на поранешниот премиер Зоран Заев и дека ги брани бугарските, наместо македонските интереси.Во обраќањето, Манасиевски тврдеше и дека Филипче по формирањето на новата власт во Бугарија веднаш се ставил „на располагање“ на бугарскиот претседател Румен Радев.Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека, според нив, СДСМ со ваквите политики ќе продолжи да ја губи поддршката кај граѓаните.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања