Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

МВР

media-library9rgd4tjbgbnh4DzR37X

Тешка кражба на струја за копање криптовалути: ЕВН издаде сметка од 260.000 евра

Утврдена е тешка кражба на електрична енергија од трафостаница, по што на сторителот му е изготвена фактура за надомест на штета во износ од 16 милиони денари или околу 260.000 евра, соопшти ЕВН Дистрибуција.Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побарал од МВР да се спроведе пребарување и да се вклучи вешто лице, поради основи на сомневање за кражба на електрична енергија во деловен објект на улица Бутелска во Скопје.При тоа е констатирано дека противправно се корист

Скопје | пред 6 месеци

media-libraryjimerv9r0tsg7YCYuYB

Лишени од слобода седум странски државјани при обид за илегален излез од Македонија

На 03.02.2026 во 02:00 часот, во близина на Граничен премин Богородица, полициски службеници лишија од слобода седум странски државјани – пет од Пакистан и двајца од Индија, при обид да илегално ја напуштат државата.По извршени проверки во оперативната евиденција, е утврдено дека лицата претходно влегле во државата преку Меѓународниот аеродром Скопје.По целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 6 месеци

media-librarysefdp28vouqdb7m67yQ

Во куфер на стружанец пронајдени дрога, оружје и муниција

На 02.02.2026 во 17:20 часот на улица „Партизанска“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Ф.Ж.(37) од струшкото село Велешта.При преглед на паркирано патничко возило „Дачија Дастер“ со албански национални ознаки, во кое тој се наоѓал, бил пронајден отворен патнички куфер и ќеса со марихуана, додека во багажниот простор биле откриени пакување со бела прашкаста материја, два пиштоли, 105 куршуми различен калибар, дигитална вага и други предмети.Сите пронајдени предмети

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryuoc757sf2b6b6nge9G0

Во еден ден: фатени 50 возачи како поминуваат на црвено, 16 возеле нерегистрирано возило, а 58 добиле забрана за возење

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека во текот на 2 февруари 2026 година преку системот „Безбеден град“ биле регистрирани вкупно 651 сообраќаен прекршок на територијата на државата.Според официјалните податоци, најголем дел од прекршоците се однесуваат на возење со брзина поголема од дозволената, при што биле евидентирани 585 случаи. Дополнително, регистрирани се 50 прекршоци за минување на црвено светло и уште 16 прекршоци за управување нерегистрирани возила.Во рамки на постапува

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Осум возачи уапсени низ државата: управувале без дозвола, со забрана или со фалсификувани документи

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека во текот на 2 и 3 февруари 2026 година на територијата на Велес, Делчево, Скопје, Битола и Прилеп биле лишени од слобода осум возачи кои управувале моторни возила со активна забрана, без положен возачки испит или со фалсификувана возачка дозвола, при што во сите случаи возилата им биле одземени.На 3 февруари 2026 година во 02:40 часот на улицата „Димитар Влахов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода И.Т. (29) од Веле

Македонија | пред 6 месеци

policija-policajci-kontrola-vozaci-avtopat

Лишен од слобода возач во Струга: управувал без возачка дозвола

Вчера во 15:12 часот, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода Е.А. (42) од с. Шум, струшко, поради управување на возило без положен возачки испит.При редовна сообраќајна контрола на ул. „Партизанска“, било запрено патничко возило „Алфа Ромео“ со струшки регистарски ознаки, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола.За настанот е известен јавен обвинител, а возилото е одземено.

Македонија | пред 6 месеци

mobilen-telefon

Полицаец од полициската во Ѓорче Петров го гонат за „оддавање на службена тајна“ – испратил видео доказ на Инстаграм

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение против А.Ј., полициски службеник во ПС ОН Ѓорче Петров, поради постоење основи на сомнение за кривично дело „оддавање на службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик.На 20.12.2025 година, управител на угостителски објект во Скопје пријавил кривични дела „оштетување на туѓи

Скопје | пред 6 месеци

mobilen-telefon

Таксист украл мобилен и чанта од скопјанец во Центар

На 01.02.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, Ф.Ј. (26) од Скопје пријавил дека околу 03:00 часот на подрачјето на Центар едно лице, кое управувало такси возило, побарало да позајми мобилен телефон за да изврши разговор. Откако му го дал телефонот, лицето му ја одзел и чантата во која имало документи и други предмети и со возилото го напуштил местото.Полициските службеници преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.

Скопје | пред 6 месеци

taksi-vozila-kocani

Гостиварец фатен во такси со кокаин

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против В.Д.(29) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.На 07.10.2025 година во населба Питарница, гостиварско, полициски службеници запреле такси возило во кое бил пријавениот, а при преглед кај него бил пронајден и одземен кокаин.

Македонија | пред 6 месеци

pari-1

Аплицирале за онлајн кредит на туѓо име, па ја убедиле оштетената да им ги даде парите

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.П. (35) од Струга и К.Т. (47) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“.Според истрагата, пријавените довеле во заблуда едно лице од Општина Карбинци, а со лажно прикажување на факти обезбедиле пристап до нејзините лични податоци и број на банкарска сметка. На 25.06.2025 година, тие аплицирале за онлајн кредит во финансиско друштво, а потоа, под изговор дека станало грешка, ја убедиле

Македонија | пред 6 месеци

239999228_351218676548885_1676183981868361389_n

Граделе зграда во Радовиш без одобрение, надзорниот инженер наплатил 136.214 денари

СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против правно лице од Радовиш и Ж.А. (64) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.Исто така, кривично пријавен е и Љ.Е. (55) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“.Правното лице и второпријавениот како одговорно лице во текот на 2024 година започнале градба на станбена зграда за домување на к

Македонија | пред 6 месеци

DSC_0097

Украинец ограбен од тројца малолетници во Градски парк

На 01.02.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје, О.М. од Украина пријавил дека околу 04:30 часот во Градскиот парк во Скопје бил физички нападнат од три лица, најверојатно малолетници. Тие му ја одзеле чантата во која имал пари и документи.Полициските службеници преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.

Скопје | пред 6 месеци

velosiped

Абвтомобил удри во 71-годишен велосипедист

Претходно, на 31.01.2026 година, во 17:35 часот, на магистралниот пат Струмица–с.Ново Село, во с.Босилово, патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.И. (21) од Струмица, удрило во велосипед управуван од Ѓ.И. (71) од с.Босилово.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински центар Струмица.Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица.

Македонија | пред 6 месеци

soobrakjajka-izletano-vozilo

Двајца малолетници тешко повредени, автомобил излета од патот Прилеп–Македонски Брод

На 01.02.2026 година, во 17:11 часот, на регионалниот пат Прилеп–Македонски Брод, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 36-годишната Д.М. од Прилеп, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници на возраст од седум и девет години, а со телесни повреди се здобил и сопатникот И.М.Сите повредени се пренесени во Градска болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

Македонија | пред 6 месеци

policacec-ohrid

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица

Во периодот од 01.01.2026-31.01.2026 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 15.943 издадени платни налози, 3.683 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 74 лица, од кои 67 за возење под дејство на алкохол, еден поради возење под дејст

Македонија | пред 6 месеци

2022-08-06_10-08-35-098

Претрес во Куманово: пронајдена дрога, две лица лишени од слобода

На 01.02.2026 година, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода М.К. (24) и Ј.С. (18), двајцата од Куманово.При извршен претрес во домот на М.К., по судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Дополнителните мерки покажале дека двајцата заеднички ја поседувале и препродавале дрогата.Лицата биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 6 месеци

media-library2ki2k3thkj8bdKwrubD

Полицаец од Делчево возел без возачка

На 02.02.2026 во 06:45 часот, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода С.Д. (23) од село Тработивиште, делчевско.При сообраќајна контрола на бул. „Македонија“ во Делчево, констатирано е дека лицето управувало патничко возило „Фолксваген Голф“ со делчевски регистарски ознаки без да поседува возачка дозвола.По насока на јавен обвинител, возилото е одземено, а лицето е приведено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 месеци

policija-policajci-radari

22-годишник возел 139км/ч, на место каде е дозволено 60км/ч

На 01.02.2026 во 15:25 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода П.Г. (22) од село Ношпал, битолско.При контрола на сообраќајот со радар, констатирано е дека тој управувал патничко возило „Ауди“ со битолски регистарски ознаки со брзина од 139 км/ч, на место каде што ограничувањето е 60 км/ч.По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување на моторно возило“.

Македонија | пред 6 месеци

kradec-1

Приведен крадец од тетовско за издржување на затворска казна

На 01.02.2026 во 14:05 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го привеле Е.Н. (33) од село Горно Седларце, тетовско.Тој бил баран по наредба на Основен суд Тетово за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.По приведувањето, Е.Н. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Македонија | пред 6 месеци

marihuana2

Претреси во Битола: Лишени од слобода две лица поради пронајдена дрога

На 2 февруари 2026 година, полициски службеници од СВР Битола извршија претреси и лишија од слобода две лица поради пронајдена дрога.Првиот случај се однесува на М.Р. (18) од Битола, кај која на ул. „Партизанска“ е пронајдена прашкаста материја. Со наредба на Основен суд Битола, извршен е претрес во нејзиниот дом, при што е пронајдена и одземена марихуана.Вториот случај е поврзан со О.Н. (40) од Битола, лишен од слобода на ул. „Илинденска“. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба,

Македонија | пред 6 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-33-1180PM

Алкохолизирано возење попладнево заврши со сообраќајна несреќа и кривична пријава во Скопје

Возач од Скопје е лишен од слобода откако под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа во која биле повредени две лица, информира Министерството за внатрешни работи.Како што соопшти МВР, денеска (01.02.2026) полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.М. (50) од Скопје. Околу 16:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Гоце Делчев“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички возила – „сеат ибица“, управувано од М.М., „тојота“, управувана од А.Г.

Скопје | пред 6 месеци

brza-pomos-nokje-3

Заталкан куршум рани дете во скопско Глумово, полицијата трага по потеклото на истрелот

Десетгодишно девојче е тешко повредено во пределот на ногата откако било погодено од заталкан куршум во двор од куќа во скопското село Глумово.Како што информира Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера околу 16 часот во СВР Скопје. Детето по повредувањето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде лекар констатирал тешки телесни повреди.„На 31.01.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа во село Глумово, скопско, од заталкано зрн

Скопје | пред 6 месеци

media-librarys7om2kqll30h2CYB0o0

Охриѓанец возел иако имал забрана: МВР му го одзеде возилото, следува кривична пријава

Полициски службеници од СВР Охрид поднеле кривична пријава против 44-годишен охриѓанец, кој бил затекнат како управува патничко возило иако имал изречена и впишана заштитна мерка „забрана за управување со моторно возило“.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 1 февруари 2026 година околу 17 часот, на улицата „Железничка“ во Охрид било сопрено патничко возило марка „БМВ“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.С. (44) од Охрид. По извршените службени проверки било

Охрид | пред 6 месеци

media-library0macachlreevcFQIboH

Приведен тетовец за семејно насилство, алкотестот покажал над 3 промили

Полициски службеници од ПС Тетово привеле 51-годишен жител на Тетово по пријава за семејно насилство врз неговата сопруга.Како што соопшти Министерство за внатрешни работи, на 31 јануари 2026 година во 14:35 часот, во Тетово, полициските службеници постапиле по пријава за семејно насилство и го лишиле од слобода Г.Ј. (51) од Тетово.При извршеното алкотестирање кај лицето било утврдено присуство на 3,02 промили алкохол во крвта, по што тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 месеци

tepacka

Тинејџер натепал 45-годишен скопјанец во Центар

Полициски службеници од СВР Скопје привеле малолетно лице од Скопје, осомничено за физички напад врз сограѓанин.Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 31 јануари 2026 година во 15:40 часот, на подрачјето на општина Центар во Скопје, бил приведен 17-годишник од Скопје. Приведувањето следело по претходна пријава дека малолетникот физички го нападнал Д.Ј. (45) од Скопје.Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања