Промени тема
Контакт

МВР

media-librarymsnrshskv3ga8d8PGWr

Фотографии од малолетник објавени на социјални мрежи со заканувачки пораки

Полицијата презема мерки за расчистување на случај во кој на социјална мрежа биле објавени фотографии од малолетник проследени со заканувачки пораки насочени кон него и неговото семејство.Како што информираат од СВР Тетово, на 16 јуни во 14:20 часот во полициска станица, 53-годишниот И.А. од гостиварското село Чегране пријавил дека на социјална мрежа биле објавени фотографии од неговиот малолетен син, заедно со текстови кои содржеле закани по животот и безбедноста на членовите на неговото семејс

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryn7eii4pnnvvcbvpGfrL

Украдена каса со пари од црква во тетовско село

Каса со пари била украдена од пред влезот на црквата „Св. Атанасиј“ во тетовското село Брвеница, информираат од СВР Тетово.Според пријавата, случајот бил пријавен на 16 јуни во 11:30 часот, а кражбата се случила претходниот ден околу 16:30 часот.Од полицијата наведуваат дека засега непознат сторител ја одзел касата со пари која се наоѓала пред влезот на црквата.СВР Тетово презема мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 месеци

media-library1t41dhskauv96tipxic

Приведен возач во Кривогаштани, управувал комбе и покрај забрана за возење

Полициски службеници од Полициската станица Кривогаштани вчера лишиле од слобода 29-годишен жител на струмичкото село Баница, откако бил затекнат како управува возило и покрај тоа што имал активна забрана за управување.Како што информираат од СВР Битола, настанот се случил на 16 јуни околу 11:45 часот во Кривогаштани, при редовна сообраќајна контрола.Полициските службеници сопреле товарно возило „фиат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.С. (29). По извршените проверки било утврдено

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycfad3jn6qmij1qbmmv0

Поднесена кривична против скопјанецот кој ги запали возилата на бугарската амбасада

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 44-годишен скопјанец осомничен за опожарувањето на две дипломатски возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, со што случајот е целосно расчистен.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Одделението за криминалистички работи при Полициската станица Центар и Бит Пазар вчера по итна постапка поднело кривична пријава против И.Д.С. (44) од Скопје поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело „предизвикување

Македонија | пред 3 месеци

ambulanta

Три деца пронајдени во бессознание во Куманово, најверојатно се затруле од вдишување лепило

Вознемирувачки инцидент е регистриран во Куманово, откако три малолетни деца биле пронајдени во бессознание на улицата „Професор Мијалковиќ“ и итно биле пренесени во болница.Станува збор за 15-годишно девојче и нејзините двајца браќа, на возраст од 12 и 9 години, за кои од СВР Куманово информираат дека биле затекнати без реакција на допир.Случајот бил пријавен вчера околу 10:40 часот, по што на местото пристигнале полициски службеници и екипа на Итна медицинска помош.Според првичните информации,

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryomve0170hsuh7Rurym6

МВР приведе 15 возачи без возачка дозвола, меѓу нив и тројца малолетници

Полициските службеници во текот на изминатото деноноќие лишиле од слобода 15 возачи на територијата на целата држава поради безобѕирно управување со возило, при што било утврдено дека сите возеле без возачка дозвола.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, меѓу приведените има и тројца малолетници, додека двајца од возачите претходно учествувале и во сообраќајни незгоди.Според податоците на МВР, пет лица биле приведени во Тетово, од кои двајца се малолетници, тројца во Скопје,

Македонија | пред 3 месеци

media-library8upm8d63o82h8JqHLUm

(Видео) Жена уапсена во Ресен при обид за кражба на банкомат со секира

Од МВР соопштија дека на 30 мај 2026 година, околу 02:00 часот, полициски службеници од ОВР Ресен ја лишиле од слобода Ш.С. од Штип, со престој во Ресен, бидејќи била затекната при обид да изврши кражба.По целосното документирање на случајот, против осомничената е поднесен соодветен поднесок.На социјалните мрежи, пак, беше објавена видеоснимка од инцидентот, на која се гледа како жена со секира удира по банкомат на банка во Ресен.Снимката предизвика бројни реакции кај граѓаните и брзо стана вира

Македонија | пред 3 месеци

media-library76ee7sj98oupd7DEdih

Тешко повреден мопедист по сообраќајка со друг мопедист во Прилеп

Судир меѓу два мопеда на улицата „Егејска“ во Прилеп завршил со тешко повреден 46-годишен прилепчанец, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според полициските информации, сообраќајната несреќа била пријавена на 15 јуни во 08:20 часот. Во неа учествувале мопед со прилепски регистарски ознаки, управуван од В.И. (46) од Прилеп, и друг мопед што го управувал Г.М. (55), исто така од Прилеп.Во судирот, В.И. се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градската болница во

Македонија | пред 3 месеци

media-librarya6m92rifrkdt9WnebWn

Татко се заканувал на ќерките, па ја нападнал помалата ќерка

Закани и физички напад врз малолетничка се пријавени во СВР Скопје, откако 18-годишна девојка побарала полициска заштита за себе и својата помлада сестра.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 15 јуни 2026 година, во 22:00 часот, 18-годишна жена пријавила дека неколку дена претходно, односно на 12 јуни околу 18:00 часот, на подрачјето на Чаир, нејзиниот татко В.А. упатувал закани кон неа и нејзината малолетна сестра.Во пријавата било наведено и дека по заканите, тој физичк

Македонија | пред 3 месеци

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

53-годишна жена нападната во својот дом од вонбрачниот партнер

Педесет и тригодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер во нивниот дом на подрачјето на Чаир.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 16 јуни 2026 година во 03:45 часот во СВР Скопје.Според пријавата, нападот се случил претходната вечер, околу 23:00 часот, кога жената била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер В.А.Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Му се заканувал на сосед со остар предмет поради напад од неговото куче

Дваесет и шестгодишен битолчанец бил лишен од слобода откако, според пријавата, му се заканувал со остар предмет на својот сосед, кој претходно го пријавил дека неговото куче го нападнало и го повредило.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 15 јуни 2026 година, во 16:55 часот, полициски службеници од СВР Битола го привеле П.Б. (26) од Битола на улицата „Брегалница“.Според пријавеното, тој упатувал закани со остар предмет кон својот сосед Г.Р. (45), револтиран затоа што бил пр

Македонија | пред 3 месеци

kreditni_karticki_1_151010-600x450

Вработен во болница фотографирал банкарска картичка на пациент и потрошил над 90.000 денари преку интернет-трансакција

Административен службеник во ЈЗУ Општа болница Прилеп е осомничен дека фотографирал дебитна платежна картичка на прилепчанец, а потоа со нејзините податоци извршил десетици интернет-трансакции, при што незаконски потрошил повеќе од 90.000 денари.Од Министерството за внатрешни работи информираа дека СВР Битола поднела кривична пријава против И.С. (40) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „злоупотреба

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryelnsls13q2tubid3wIc

Мотоциклист тешко повреден откако удри во автомобил, па во паркирана приколка

Тешки телесни повреди здобил 45-годишен мотоциклист од струшкото село Мислодежда во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во Вевчани.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 15 јуни во 20:05 часот во ОВР Струга било пријавено дека во Вевчани се случила сообраќајна несреќа во која учествувале мотоцикл „Јамаха“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Б.Џ. (45) од селото Мислодежда, и патничко возило „Фолксваген голф“ со вевчански регистарски ознаки, зад чиј управувач

Македонија | пред 3 месеци

media-library7djgeiaegpmg21sm8O4

Тешко повреден мопедист во сообраќајна несреќа во Свети Николе

Педесет и петгодишен мопедист од Свети Николе се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Филип Втори“ во градот.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 15 јуни во 11:40 часот. Во несреќата учествувале патничко возило „Фолксваген“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од 25-годишната С.Д. од Свети Николе, и мопед со светиниколски регистарски ознаки, зад чиј управувач бил Т.Ш. (55), исто така од С

Македонија | пред 3 месеци

konj

Малолетник тешко повреден по пад од коњ во штипско

Седумнаесетгодишно момче од општина Карбинци се здобило со тешки телесни повреди по пад од коњ, по што итно било пренесено на лекување во Скопје.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 15 јуни 2026 година, во 11:30 часот, од Клиничката болница во Штип било пријавено дека кај нив бил донесен 17-годишник од селото Почивало со сериозни повреди.Според првичните информации, малолетникот се повредил откако паднал од коњ. Поради тежината на повредите, по укажаната лекарска помош

Македонија | пред 3 месеци

urban-park

Бебе оставено на клупа во парк во Шуто Оризари

Седум до осум месеци старо бебе било пронајдено оставено на клупа во парк на подрачјето на Шуто Оризари, по што било пренесено на лекарски преглед, а полицијата започнала истрага за утврдување на сите околности на случајот.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 15 јуни 2026 година во 19:30 часот, А.С. од Скопје пријавил во СВР Скопје дека во паркот забележал оставено бебе.Полициски службеници веднаш излегле на местото, а екипа на Итната медицинска помош го пренела детето

Македонија | пред 3 месеци

media-library7dk9hfnjg8siaW5YfEh

Возач без дозвола приведен во Слатино, одземено возилото

Полициски службеници од Полициското одделение Теарце доцна синоќа го лишиле од слобода Ј.А. (26) од тетовското село Доброште, откако било утврдено дека управувал возило без возачка дозвола.Според информациите од СВР Тетово, на 15 јуни во 23:20 часот во селото Слатино, при сообраќајна контрола било запрено патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал 26-годишникот.По извршените проверки, полициските службеници констатирале дека возачот немал возачка дозвола. Возилото бил

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryjlkrl227bpj5fgpWK4M

17-годишник без дозвола изгубил контрола над мопед и паднал на коловозот

Седумнаесетгодишен малолетник од Тетово бил лишен од слобода откако претходно доживеал сообраќајна незгода, при што било утврдено дека управувал мопед без возачка дозвола.Според информациите од СВР Тетово, на 15 јуни околу 23:10 часот на улицата „Љуботенска“ во Тетово, малолетникот, управувајќи мопед, изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот.По незгодата, тој сам се упатил во Клиничката болница во Тетово, каде му била укажана лекарска помош. Подоцна, поради тоа што го управувал мопедо

Македонија | пред 3 месеци

media-library8f8pvkckrk5h6Pb4GBy

Возела без возачка и предизвикала сообраќајка

Триесет и деветгодишна жена од тетовското село Џепчиште била лишена од слобода откако било утврдено дека управувала возило без возачка дозвола, а претходно учествувала во сообраќајна незгода на локалниот пат Тетово – Сараќино.Според информациите од СВР Тетово, на 15 јуни во 14:20 часот било пријавено дека на локалниот пат меѓу Тетово и селото Сараќино се случила сообраќајна незгода во која учествувале две патнички возила.Полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека едното

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryi914btvksrf37f9PU2g

Наместо да го врати, наводно го препродал: Тетовец пријавил измама по исчезнувањето на автомобилот

Четириесет и деветгодишен жител на Тетово пријавил во полиција дека бил измамен од лице од тетовско, откако неговото возило не му било вратено по истекот на рокот за кој било дадено на користење.Како што информираат од СВР Тетово, на 15 јуни во 10:00 часот тетовецот пријавил дека на 27 април годинава му дал полномошно на Ш.Б. од тетовско да го користи неговото патничко возило „Рено лагуна“ со тетовски регистарски ознаки во период од еден месец.Според пријавата, по истекот на договорениот рок, Ш.

Македонија | пред 3 месеци

media-library8p1l5u9oighe78qAFuD

Работник на „Комуналец“ Гостивар загина при чистење канал кај Горно Јеловце

Шеесет и четиригодишен вработен во ЈП „Комуналец“ Гостивар го загубил животот при извршување работни задачи во атарот на селото Горно Јеловце, информираат од СВР Тетово.Според полицијата, на 15 јуни во 12:47 часот било пријавено дека во канал за вода се наоѓа починато лице. Полициски службеници веднаш излегле на местото и утврдиле дека станува збор за Н.М. (64) од селото Дебреше, вработен во ЈП „Комуналец“ Гостивар.Според првичните информации, тој заедно со свои колеги дошол да го исчисти канало

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Малолетник и 22-годишник затекнати како возат без дозвола, одземени два мопеда

Тетово, 16 јуни – Полициски службеници од СВР Тетово вчера привеле две лица при одвоени сообраќајни контроли, откако било утврдено дека управувале мопеди без да поседуваат возачка дозвола.Првото приведување било извршено во 08:25 часот на крстосницата меѓу улиците „Благоја Тоска“ и „ЈНА“ во Тетово. При контрола бил запрен мопед со тетовски регистарски ознаки, управуван од 15-годишен малолетник од селото Голема Речица. По преземените мерки било констатирано дека малолетникот управувал со возилото

Македонија | пред 3 месеци

media-library3i20nhhgf8a46Z9a23V

Кумановец уапсен по претрес во домот: Пронајдени марихуана и дигитална вага

Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода 44-годишниот С.Ј. од Куманово, откако при претрес во неговиот дом била пронајдена дрога.Претресот бил извршен со судска наредба, при што биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и дигитална вага. Осомничениот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Од МВР информираат дека продолжуваат активностите за сузбивање на недозволената трговија и

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

Уапсен возачот што тешко повреди кинески работник на автопатот Охрид–Кичево

На автопатот Охрид–Кичево, кој е во фаза на изградба, вчераутро се случила тешка сообраќајна несреќа во која е повреден државјанин на Кина, ангажиран на градежните работи.Според информациите од МВР, на 15 јуни околу 07:55 часот, кај селото Оровник во општина Дебарца, К.Ш. (32) од струшкото село Корошишта, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски таблички, изгубил контрола над возилото. Најпрво удрил во шахта, а потоа и во Л.Ј. (46) од Народна Република Кина, кој во тој момен

Македонија | пред 3 месеци

media-library7lq9b9a4mn2u3u7enYb

Лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската амбасада

Полицијата го пронашла и привела осомничениот за денешното опожарување на две службени возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.Како што соопшти МВР, веднаш по пријавата за пожарот, која била примена денеска во 12:13 часот, СВР Скопје презело интензивни мерки и активности за расчистување на случајот.Во краток временски период бил идентификуван и пронајден И.Д. (44) од Скопје, за кого постои основано сомнение дека е сторител на делото. Тој е лишен од слобода и задржан в

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања