Промени тема
Контакт

ПОЛСКА

media-libraryoatpbidk8ula5U72ytr

(Вознемирувачко видео) Автомобил удри девојче за време на директен пренос во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска.На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го удира девојчето. Од силниот удар тинејџерката се качила на предното ветробранско стакло, по што паднала на коловозот.Несреќата се случила во саботата во градот Кошчерчина.

Свет | пред 4 дена

media-libraryh0j7lq01b4sfchf0xsO

42 секунди во полскиот воздушен простор: руски хеликоптер Ми-8 накратко ја преминал границата

Руски воен хеликоптер Ми-8 накратко влегол во воздушниот простор на Полска, откако ја преминал границата од рускиот Калининград, соопшти Оперативната команда на полската војска.Според соопштението објавено на платформата „Икс“, хеликоптерот во полскиот воздушен простор се задржал 42 секунди, навлегувајќи најмногу околу 300 метри.„Кренати се ловци, додека копнените сили и средствата останаа во состојба на готовност“, соопшти полската војска.Оттаму додаваат дека природата на инцидентот укажува на

Свет | пред 1 седмица

media-libraryc0u26p09ga1h3SdRvYz

Висок полски функционер паднал од трет кат во Љубљана, околностите нејасни

Висок функционер на полското Министерство за надворешни работи е тешко повреден откако во текот на ноќта паднал низ прозорец од третиот кат на зграда во близина на полската амбасада во Љубљана, објавија полски медиуми.Полското Министерство за надворешни работи ја потврдило несреќата, но засега не се разјаснети околностите под кои дошло до падот.Станува збор за функционер на Одделот за дипломатска безбедност при полското МНР. Полскиот портал „Niezależna“ објави дека тој веќе неколку дена се наоѓа

Свет | пред 2 седмици

donald-tusk

Полскиот премиер предупредува: Русија планира хибридни напади врз земји од НАТО

Полскиот премиер Доналд Туск во Сејмот изјави дека, според проценките на разузнавачките служби, во руските планови се вклучени и хибридни напади со дронови и ракети врз земјите кои ја поддржуваат Украина, вклучително и Полска.„Во рускиот план, според проценката на разузнавачките служби, се вклучени и хибридни напади со дронови и ракети врз државите кои ја поддржуваат Украина, вклучително и Полска“, рече Туск.Тој додаде дека за оваа можност се зборува веќе подолго време, но дека информациите со к

Свет | пред 2 седмици

media-libraryal7tn11j3fht2MfVpaw

Узбуна во Полска: Воената авијација ставена во состојба на готовност

Полска денеска покрена превентивни операции на воената авијација и го зголеми нивото на готовност на системот за противвоздушна одбрана и радарското извидување поради руските напади со дронови врз Украина, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.Како што е наведено, мерките се преземени со цел заштита на полскиот воздушен простор, особено во областите во близина на зоните погодени од нападите. Активирани се потребните сили и средства, додека системите за противвоздушна одбрана и

Свет | пред 2 седмици

donald-tusk

Туск предупреди: Русија веќе води хибридна војна против Полска

Полска повторно ја подигна воената готовност по новиот руски напад врз западна Украина, а премиерот Доналд Туск порача дека земјата мора да биде подготвена за различни безбедносни сценарија. Тој оцени дека Русија веќе води хибридна војна против Полска.„Најважната задача сега е да ја подготвиме земјата за различни сценарија“, изјави Туск на прес-конференција со австрискиот канцелар Кристијан Штокер.Според Туск, заканата од руски провокации е реална и Варшава повеќе не треба да се прашува дали Мос

Свет | пред 2 седмици

media-library4t30bmnihjpac1IWAiX

Руски дрон удри во патнички воз на само два километри од границата со Полска

Руско беспилотно летало удрило во локомотивата на патнички воз во украинскиот регион Волин, на само два километри од границата со Полска. Според украинскиот државен железнички оператор „Укрзализница“, во нападот нема повредени или загинати лица.Од компанијата соопштија дека опасноста била навреме забележана од тимот задолжен за следење на безбедносните закани во железничкиот сообраќај. Екипажот на возот бил предупреден, што овозможило да се преземат мерки за заштита на патниците и железничкиот п

Свет | пред 2 седмици

media-library7t5p8jhrc2l37GWY2KW

Лажна тревога во Полска: Војската се крена поради јато птици

Сомнежот за повреда на полскиот воздушен простор од правец на Белорусија, поради што во неделата беше активирана војската, се покажа како лажна тревога. Полските власти потврдија дека радарските системи регистрирале големо јато птици, а не непријателско летало, објави „Ројтерс“.По 12 часот полската војска подигнала хеликоптери со задача да ги проверат радарските податоци кои укажувале на можно навлегување во воздушниот простор на земјата.Подоцна, Оперативната команда на полските вооружени сили о

Свет | пред 3 седмици

media-library8i0j539r5hcjfKhbqAH

Преку сајт за запознавање договарале средба, па ги напаѓале и ограбувале: Уапсени четворица во Полска

Полицијата во полскиот град Семјановице Шлонске расветлила три разбојништва извршени во период од само неколку дена. Под сомнение дека учествувале во кривичните дела, уапсени се четири лица – тројца мажи и една жена, на возраст од 17 до 31 година.Како што било утврдено во текот на истрагата, осомничените во периодот од 18 до 20 август стапувале во контакт со жртвите преку сајт за запознавање, а потоа со нив договарале средби.Кога ќе се сретнеле на договорената локација, осомничените користеле фи

Свет | пред 1 месец

ciklon

Силен циклон ги погоди Балтикот и Полска: Две лица загинаа, стотици илјади без струја

Силен циклон ги погоди балтичките земји и североисточна Полска, при што две лица го загубија животот, а стотици илјади жители останаа без електрична енергија. Невремето донесе урагански ветрови, обилни врнежи и сериозни проблеми во сообраќајот.Во Летонија едно лице загина во Јелгава, во централниот дел на земјата, откако се урнал дел од зграда. Повеќе лица биле повредени, а во главниот град Рига во саботата биле измерени налети на ветер со брзина поголема од 108 километри на час. На повеќе мерни

Свет | пред 1 месец

media-libraryki0b4bsm5nbj98X3j3F

12-годишно момче и 14-годишно девојче нападнати во Полска затоа што зборувале на украински

Во полскиот град Бидгошч, 14-годишно девојче и 12-годишно момче од Украина биле нападнати затоа што меѓусебно разговарале на украински јазик. За случајот извести Генералниот конзулат на Украина во Гдањск, пренесува „European Pravda“.Според дипломатската мисија, децата најпрво биле вербално нападнати од маж и жена, кои им упатувале навреди, пцовки и закани мотивирани од национална нетрпеливост. Ситуацијата потоа прераснала во физички напад.Од конзулатот наведуваат дека на едното дете му била завр

Свет | пред 1 месец

mark-rute

НАТО по инцидентите во Полска и Романија: Русија сноси целосна одговорност

НАТО денеска одржа состанок посветен на неодамнешните нарушувања на воздушниот простор на Полска и Романија, при што сојузниците оценија дека Русија сноси целосна одговорност за инцидентите.На состанокот беше изразена целосна солидарност со двете земји, а главна тема беа нарушувањата на воздушниот простор на источниот дел од Алијансата.Во изминатите недели неколку дронови навлегле во романскиот воздушен простор. Романскиот претседател Никушор Дан оцени дека е недозволиво и неприфатливо Кремљ да

Свет | пред 1 месец

ukraina-vojnici-451

Полската опозиција предлага депортација на невработени Украинци од 25 до 60 години

Полската опозициска партија Право и правда (ПиС) претстави предлог според кој, доколку повторно дојде на власт, ќе депортира невработени украински државјани на воена возраст, односно лица меѓу 25 и 60 години.Предлогот беше претставен на програмскиот конгрес на партијата од страна на европратеникот Тобијаш Боченски, кој изјави дека тие лица би имале можност да се вратат и да се борат за својата татковина.Лидерот на ПиС, Јарослав Качински, подоцна појасни дека предлогот не се однесува на сите Укра

Свет | пред 1 месец

media-libraryh8u6gmrijb5f80h6cDe

Полска остро ѝ одговори на Русија по падот на ракетата

Полското Министерство за надворешни работи го повика рускиот амбасадор и му предаде протестна нота, откако руска крстосувачка ракета Х-101 паднала на територијата на Полска.Портпаролот на Министерството, Мачеј Вевјур, изјави дека Варшава најостро ги осудува постапките што ја загрозуваат безбедноста на државата и нејзините граѓани.„Бараме прекин на активностите што ги загрозуваат животите и безбедноста на граѓаните и истовремено претставуваат ризик од воздухопловна катастрофа“, изјави Вевјур, пре

Свет | пред 2 месеци

media-library9deepm361the2f8ZPCQ

Неидентификуван објект падна и експлодираше во Полска, се сомневаат дека е руска ракета

Неидентификуван објект рано утринава паднал во близина на селото Тарнава-Колонија во источна Полска, предизвикувајќи силна експлозија, соопштија полските власти.Местото се наоѓа во Лублинското Војводство, на околу 95 километри од украинската граница. По пријавите од жителите за силна детонација, армијата, полицијата и другите надлежни служби го обезбедиле теренот и започнале истрага.Полските вооружени сили засега не соопштуваат за каков објект станува збор, ниту од каде потекнува.Според неофициј

Свет | пред 2 месеци

media-libraryctsjs6f4tcf01VcvX0B

Фолксваген отпушта илјадници работници, но „вработува“ стадо од 100 овци

Наместо косилки и тешка механизација, Фолксваген во Полска ангажираше стадо од 100 овци за одржување на тревата под илјадници соларни панели. Со овој необичен проект компанијата истовремено произведува електрична енергија, ги намалува трошоците за одржување и придонесува за зачувување на природата.Станува збор за агроволтаичен проект што Фолксваген Познањ го реализира во соработка со компанијата Quanta Energy во фабриката во полскиот град Вжешња. Целта е на иста локација да се спојат производств

Свет | пред 2 месеци

amerikanski-vojnici

САД испраќаат дополнителни војници во Полска

Полска и САД водат разговори за проширување на американското воено присуство, вклучително и за можноста за воспоставување постојана американска воена база во земјата, објави полскиот весник „Дзеник газета правна“, повикувајќи се на извори запознаени со преговорите.Според информациите, во наредните три месеци во Полска би требало да пристигнат дополнителни американски војници, додека конечната одлука за евентуална постојана база се очекува во рок од шест до дванаесет месеци.Полските власти разгов

Свет | пред 2 месеци

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

Политички спор во Полска поради наводна испорака на ракети „Патриот“ за Украина

Во Полска денеска изби политички спор поради сомневањата дека на Украина ѝ биле испорачани американски противвоздушни ракети „Патриот“, без за тоа да бидат информирани парламентот или претседателот на државата.Опозициската партија Право и правда (ПиС) ја обвини владата дека донела таква одлука без потребната транспарентност, нагласувајќи дека овие ракети се неопходни за одбраната на полскиот воздушен простор.Поранешниот министер за одбрана Мариуш Блашчак изјави дека ракетите „Патриот“ се клучен

Свет | пред 2 месеци

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски нема да присуствува на конференцијата за обнова на Украина во Полска

Украина на клучната меѓународна конференција за реконструкција на земјата во Полска нема да биде претставена од претседателот, туку од премиерката, во обид настанот да не биде засенет од актуелните дипломатски несогласувања меѓу Киев и Варшава.Украинската премиерка Јулија Свириденко во вторникот соопшти дека ќе ја предводи украинската делегација на дводневната Конференција за реконструкција на Украина, која во четврток започнува во Гдањск.„Нашата делегација има јасна мисија – да обезбеди конкрет

Свет | пред 3 месеци

media-libraryh8u6gmrijb5f80h6cDe

Полска доби позитивен сигнал од САД за отворање американска воена база

Американското Министерство за одбрана позитивно гледа на предлогот на Полска за отворање трајна американска воена база на нејзината територија, изјави полскиот министер за одбрана Владислав Косинјак-Камиш по средбата со неговиот американски колега Пит Хегсет во Брисел.Полска веќе неколку години се залага за поголемо присуство на сојузничките сили на источниот фронт на НАТО, а овие напори дополнително се засилија по руската инвазија врз Украина во 2022 година.„Имав можност да разговарам со америк

Свет | пред 3 месеци

media-library53eflh1375o2b9CigKz

Хорор во Полска: На приватен имот пронајдени останки од 32 фетуси, уапсена докторка

Полските власти спроведуваат истрага откако на приватен имот во југоисточниот дел на земјата биле пронајдени останки од 32 фетуси, за кои постои сомнеж дека потекнуваат од болничко патолошко одделение, а една докторка е уапсена.Локалните власти соопштија дека на земјиште во селото Луториж, во близина на градот Жешов, биле откриени закопани останки од неродени бебиња. Се претпоставува дека тие биле земени од болница за потребите на научни истражувања.Имотот претходно бил во сопственост на 57-годи

Свет | пред 3 месеци

Polska-1

Полска му испрати остра порака на Киев поради спорното именување на украинска воена единица

Полскиот министер за одбрана Владислав Косинјак-Камиш се сретна со Кирило Буданов, шеф на украинската воена разузнавачка служба, поради одлуката на Киев една украинска воена единица да биде именувана по Украинската востаничка армија (УПА), потег што предизвика незадоволство во Полска.Средбата се одржа во услови на зголемени тензии меѓу двете сојузнички земји, откако Варшава јавно реагираше на одлуката на украинските власти.По разговорите, Косинјак-Камиш порача дека Полска и Украина остануваат бе

Свет | пред 3 месеци

media-libraryg8tf4rvi3utldkAVnRX

Нов спор меѓу Варшава и Киев: Полска бара одземање на орденот на Зеленски

Полскиот претседател Карол Навроцки најави дека ќе покрене постапка за одземање на највисокото полско државно одликување на украинскиот претседател Володимир Зеленски, по одлуката на Киев една украинска воена единица да го добие почесниот назив „Херои на УПА“.Според полскиот портал „Онет“, Навроцки изјавил дека предложил ова прашање да биде ставено на дневен ред на седницата на комисијата за Орденот на Белиот орел, закажана за 8 јуни.„Предложив една од точките да биде одземање на одликувањето на

Свет | пред 4 месеци

media-libraryh8u6gmrijb5f80h6cDe

Полска доби зелено светло од САД за производство на ракети за системот „Патриот“

Полска доби прелиминарно одобрување од американскиот Стејт департмент за започнување домашно производство на ракетите PAC-3 MSE, клучни за противвоздушниот систем „Патриот“.Веста денеска ја соопшти заменик-министерот за одбрана на Полска, Цезари Томчик, оценувајќи дека станува збор за можен пресврт во долгогодишните напори на Варшава да воспостави производство на напредно оружје на своја територија.Томчик изјави дека американските претставници го промениле ставот по разговорите во Вашингтон.„Аме

Свет | пред 4 месеци

media-libraryqep13d6kcggr4cqPxyp

(Фото) Едно лице загина, патнички воз излета од шините по судир со камион во Полска

Едно лице загина, а повеќе лица се повредени во тешка железничка несреќа што денеска се случи во западна Полска, кога патнички воз удри во камион на железнички премин, по што излета од шините.Според полските служби за итни интервенции, загинал возачот на камионот.Несреќата се случи во близина на градот Рогозно, во регионот Велкополска, на железничката линија што го поврзува градот со Познањ.Полицискиот портпарол Кшиштоф Ползин изјави дека станува збор за сериозна несреќа и посочи дека судирот се

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања