Седум цистерни доставуваат техничка вода во Штип, Црвениот крст обезбедува вода за пиење
Во снабдувањето со техничка вода во Штип се вклучени вкупно седум цистерни, информираат од ЈП „Исар“.Две цистерни се на јавното претпријатие „Исар“, две на ТППЕ Штип, а по една обезбедуваат ЈКП „Карбинци“, „Стентон градба“ и ТППЕ Свети Николе.Дополнително, волонтери од Црвениот крст – Штип и општествено одговорни компании помагаат со донации на флаширана вода за пиење.
Македонија | пред 3 дена