„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Кристијан Ландов

media-libraryahnbgh7admeg1HlQ3T2

(Видео) Мециновиќ ја чува фотелјата, иако Апасиев бараше оставки од пратеници кандидати за градоначалници: Фер-игра или фотелја-игра?

Во 2021 година лидерот на Левица, Димитар Апасиев, порача дека сите пратеници кои се кандидираат за градоначалници треба да си поднесат оставки. Денес, неговиот кандидат за Скопје, Амар Мециновиќ, не го следи тој принцип.Иако вели дека Левица е „поразлична и доследна партија“, Мециновиќ останува пратеник додека трча за градоначалничката функција. Како ги правда двојните принципи погледнете во „Претрес“:

Студио | пред 3 месеци

media-libraryklhq3uuflu331ike2Ie

(Видео) Филипче: Ние не водиме црна кампања туку ја кажуваме црната вистина која е резултат на политиките на Мицкоски

Претседателот на СДСМ Венко Филипче кој беше на работна посета на пазарот во Куманово на новинарско прашање дека партијата водела црна кампања за локалните избори, одговори дека СДСМ не е таа која води црна кампања, туку обвинувањата стигнуваат лично од премиерот кој постојано зборува за Дубаи, станови авиони итн.„Не знам каде ја гледа и во што ја гледа премиерот црната кампања , а еве он посегнува го слушам вчера повторно тие нивни напади и констукции измислени приказни. Ок, јасно е човекот нема што да каже, нема ниту едно исполнето ветување. Нема ниту еден проект со којшто може да се пофали и посегнува по тоа. Ние не водиме црна кампања ние ја кажуваме црната вистина во државата којашто дојде како резултат на неговите политики. Ете тоа ние го правиме во овој момент“, рече Филипче.Инаку тој денеска го посети пазарот во Куманово каде на граѓаните им порача дека пазарот нема да се продаде затоа што во програмата на кандидатот Мартин Костовски има детален и целосен план како овој пазар ќе се реконструира и во кој е предвиден подземен паркинг.

Македонија | пред 3 месеци

media-library8e2tbvkdii8j9mDrPNP

(🔴ВО ЖИВО) Претрес на Амар Мециновиќ: цензуриран или најголемата политичка илузија?

Амар Мециновиќ, пратеник од Левица и кандидат за градоначалник на Скопје, вечерва во „Претрес со Ландов“.Од пратеничка фотелја до амбиција за управување со главниот град – дали е ова доследност или политичка калкулација?Што нуди Левица за Скопје, и може ли млад кандидат да понуди нова енергија за градот кој бара итни решенија?Гледајте го разговорот вечерва и поставувајте прашања, во живо: https://www.youtube.com/live/Hd9gFcHRRYc?si=EoYf8U9XqhORyeDX

Македонија | пред 3 месеци

media-library2tg12q3i6ual5fIJ9Bi

Намалени се гужвите на „Табановце“ со „One Stop“ системот, вели Тошковски

Со воведувањето на заедничкиот „One Stop“ систем за гранични проверки на преминот „Табановце“ значително е скратено времето на чекање за патниците, информира министерот за внатрешни работи Панче Тошковски при денешната работна посета на границата.„Системот кој ги интегрира проверките на двете страни овозможува побрз проток на луѓе, патници и стоки, со елиминирање на двојните контроли и минимизирање на чекањето. Ако лани времето на чекање во август достигнуваше 3 до 4 часа, оваа година е сведено на 30 до 60 минути,“ изјави Тошковски.Податоците покажуваат дека во август 2025 година преку „Табановце“ поминале 1.602.939 патници, што е за 29% повеќе во споредба со август 2024, кога биле регистрирани 1.247.747 патници.Министерот по посетата на преминот оствари средба и со раководството на СВР Куманово. Тој посочи дека безбедносната состојба во регионот е стабилна и мирна, со зголемена откривачка дејност во економскиот криминал и намален број сообраќајни незгоди со жртви.„Со ставање во функција на системот ‘Safe City’, каде Куманово е меѓу првите три града, очекуваме значително зголемување на безбедноста и во сообраќајот и во јавниот ред и мир. Полицијата е целосно подготвена да ги гарантира демократските и фер избори во претстојниот процес,“ додаде Тошковски.

Македонија | пред 3 месеци

policija-1313

Кривична пријава против поранешниот директор на „Комуналец“ Струмица за бесправна градба и злоупотреба на службена положба

СВР Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против З.Г. (56) од Струмица – поранешен директор на ЈПКД „Комуналец“ Струмица, против самото јавно претпријатие, како и против Г.Б. (52) и едно правно лице од градот, поради сомнеж за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „злоупотреба на службената положба и овластувањето“.Бесправна градбаСпоред истрагата, јавното претпријатие, застапувано од З.Г., заедно со правно лице застапувано од Г.Б., изградиле објект од втора категорија, кој се користел како деловен простор, без издадено соодветно одобрение за градба од Општина Струмица.Злоупотреба на функцијатаПоранешниот директор е пријавен и за уште две кривични дела „злоупотреба на службената положба“.Во првиот случај, З.Г. склучувал договори за закуп на простор – настрешница изградена на зелена површина, и тоа со непосредна спогодба, без законски основ и без согласност од Општината. На тој начин бил оштетен буџетот на Општина Струмица, а ЈПКД „Комуналец“ остварил имотна корист во износ од 847.126 денари.Во вториот случај, во периодот 2020–2023 година, пријавениот од истото правно лице вршел набавка на храна и угостителски услуги без спроведување на постапка за јавна набавка, спротивно на Законот за јавни набавки. Фактурите не содржеле детални податоци за тоа што е набавено, ниту постоела документација со која може да се потврди кои лица ги користеле оброците и дали навистина работеле прекувремено. Со овие дејствија, според полицијата, била нанесена штета на јавното претпријатие во износ од 307.800 денари.Од МВР информираат дека случајот е целосно документиран и доставен до обвинителството за понатамошна постапка.

Македонија | пред 3 месеци

Filipce-2-SDSM-1

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ си гласа закони со ДУИ, а во Скопје има коалиција со Левица, смешни им се спиновите

Во одговор на новинароско прашање, Венко Филипче  рече ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за тајни коалиции на СДСМ, бидејќи токму тие во изминатиот период соработувале со ДУИ и Левица кога им било потребно.„Ако некој соработуваше во Собранието со ДУИ за двотретинско мнозинство, тоа беше ВМРО-ДПМНЕ. И тоа не го велиме ние, туку функционери на ДУИ кои јавно потврдија дека имало иницијативи за средби и соработка пред изборите. Истото важи и за градот, токму советниците на ВМРО-ДПМНЕ коалицираа со Левица за да го блокираат Скопје,“ порача Филипче.„Ние јасно и доследно кажуваме, СДСМ нема никаква коалиција ниту со ДУИ, ниту со Левица. Тоа се лаги кои веќе не поминуваат кај граѓаните,“ додаде тој.

Македонија | пред 3 месеци

filipce

Филипче: Се што сака ВМРО-ДПМНЕ е контрола на судството, а не реформи

„Година и пол ВМРО-ДПМНЕ се на власт. За неколку месеци ќе поминат изборите, а оваа гужва ќе влезе веќе во втората половина од мандатот на оваа влада и тие не сработеа ништо. Ништо не направија од реформите коишто се наведени во заедничкиот документ со Европската Унија , документ што се вика Реформска агенда. А тоа е она што граѓаните го очекуваат: вистински реформирано, независно судство, надвор од политички влијанија, за конечно да се врати довербата во еден од клучните сегменти на државата ,  правосудството.“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.Филипче потенцираше дека префрлањето на одговорноста од страна на премиерот е неприфатливо.„Одговорноста за неспроведување на реформите е ексклузивно негова  лична, и на неговиот тим. Според планот, годинава требаше да се донесат 12 закони. Не е донесен ниту еден. Не е ниту поднесен во Собранието.“, потенцираше Филипче.Според претседателот на СДСМ, главната цел на владејачката структура не е реформа, туку контрола.„Сѐ што сакаат е да го контролираат судството. Да назначуваат свои роднини, пријатели, сопружници на градоначалници, на нивни коалициски партнери, роднини. Се тоа тоа само за да имаат свои луѓе и да можат да влијаат на судски процеси. Ништо повеќе не сакаат од тоа. За жал, повторно гледаме партизирана држава, како во нивниот претходен мандат до 2017 година“, порача Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

media-library73mg6p7blpa49Vwdkvb

Пешак тешко повреден во Скопје, возач со атомобил удрил во него

На 30 септември 2025 година, околу 17:14 часот, на кружниот тек на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки удрило во пешак.Возилото било управувано од Џ.И. (52) од селото Долно Количани, скопско, а во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Љ.В. (54) од селото Агино Село, кумановско. Повредите му биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Скопје | пред 3 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-51-5060PM

Провалени неколку паркомати во Скопје, одземени пари

Утрово, на 1 октомври 2025 година, Јавното претпријатие „Градски паркинг Скопје“ пријавило во СВР Скопје дека во раните утрински часови биле провалени неколку паркомати на различни локации во градот.Според пријавата, во периодот од 04:03 до 05:50 часот, две лица со употреба на сила отворале паркомати во катната гаража „Разловечко востание“, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, на булевар „Кочо Рацин“ и во Градскиот трговски центар. Од апаратите биле одземени пари.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите.

Скопје | пред 3 месеци

DSC_0288

Приведен жител на Македонска Каменица поради напад врз сопругата

На 30 септември 2025 година, во 20:45 часот, полициски службеници од ОВР Македонска Каменица го привеле Г.А. (51) од Македонска Каменица, информираат од МВР.Приводувањето уследило по претходна пријава дека истиот ден, околу 18:30 часот, во семејниот дом физички ја нападнал неговата 49-годишна сопруга.Од полицијата велат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 3 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-3910PM

Кривична пријава против „Електродистрибуција“ и вработен од Куманово за пожар во Центар Жупа

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против правниот субјект „Електродистрибуција“ ДООЕЛ Скопје и против С.С. (47) од Куманово, вработен во компанијата, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, информираат од МВР.Според пријавата, тие не постапиле во согласност со прописите и техничките правила и не го одржувале во исправна состојба далеководот за селото Мал Папрадник во општина Центар Жупа. Со тоа ги прекршиле мерките за заштита, што резултирало со пожар на ниви во атарот на селото на 30 август 2025 година, при што бил доведен во опасност животот и имотот на населението.

Македонија | пред 3 месеци

zgrada-stan

Кражба во стан во Центар: вратата не била заклучена, жена влегла и озема паричник

На 30 септември 2025 година, во 16:20 часот, во СВР Скопје 34-годишната А.П. од Скопје пријавила дека околу 15:45 часот на подрачјето на Центар непознато женско лице влегло во нејзиниот стан кој не бил заклучен.Од еден паричник биле украдени пари, а дополнително бил одземен и друг паричник со лични документи и пари. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 месеци

policija-policaec-35-450x270-1

Пронајден починат маж во двор од семејна куќа во Драчево

На 30 септември 2025 година, околу 18:30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во двор од семејна куќа на подрачјето на Драчево е пронајден починат 68-годишниот Љ.Т. од Скопје.Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryg95e65tq917p8hbSg4E

Mozzart и „ОЦР Кучково 2025“ – каде природата и спортот создаваат непобедливи херои

Трета година по ред, компанијата Mozzart стои зад една од најекстремните и највпечатливи трки во Македонија „ОЦР Кучково 2025“, организирана од Здружението за спортски игри со препреки „ОТАКУ Скопје“.Овој спортски спектакл, кој важи за еден од најпосетените настани во земјава, повторно блесна во препознатливите сино-жолти бои.Лидерот во приредување игри на среќа, и оваа година учествуваше со свој тим од осум натпреварувачи, кои храбро се соочија со предизвиците на патеката и го оправдаа слоганот на тимот “Непобедливи”.„Оваа година ги имавме сите услови за најдобрата OCR трка досега – кал, дожд и препреки изработени по највисоки стандарди за овој спорт, кон кои целиме уште од првата OCR трка во Леуново. Горди сме што по петти пат ја организиравме оваа спортска приказна, и тоа првпат како дел од Светската и Европската OCR федерација. Во патеката и препреките вложивме многу труд за да им понудиме на учесниците вистинско искуство исполнето со предизвици и силни емоции. Ова е можеби најтешката трка во Македонија како од тркачки така и од логистички план. Искрена благодарност до нашиот главен спонзор Mozzart, без кого оваа трка немаше да биде возможна, како и до клубовите и заедницата што се со нас од првиот ден”, изјави Марија Алексова, претседател на здружението „ОТАКУ Скопје“.По завршувањето на трката, вработените од Mozzart организираа еко-акција за чистење на излетничкото место, со што уште еднаш го потврдија својот ангажман за зачувување на природата и подигнување на еколошката свест кај граѓаните.„Ова е трета година по ред како ја поддржуваме трката ОЦР Кучково 2025. Без сомнение ќе кажам дека ова е еден од најубавите спортски настани кај нас, каде владее натпреварувачки дух но и многу дружба. Под слоганот ‘Непобедливи’, за нашиот тим се натпреваруваа осум тркачи. Покрај поддршката на трката, реализирана беше и еко акција за чистење на излетничкото место каде се одржуваше трката. Ваквите и слични настани секогаш ќе ја имаат поддршката од нашата компанија”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.Со активно учество и поддршка на вакви иницијативи, Mozzart не само што го зајакнува тимскиот дух меѓу вработените, туку и го потврдува значењето на слоганот – Непобедливи.(ПР)

Магазин | пред 3 месеци

media-library353dmsmr07c52ucOarB

За „Влен“, салата „Борис Трајковски била „центар на албанското единство“, а ДУИ им кажа дека имале „бледа конвенција со празни седишта“

Синоќешниот настан на коалицијата ВЛЕН во арената „Борис Трајковски“ во Скопје предизвика бурни реакции и меѓусебни обвинувања меѓу ВЛЕН и ДУИ.Од ВЛЕН соопштија дека салата и просторот околу неа биле преполни со илјадници поддржувачи, опишувајќи ја конвенцијата како „центар на албанското единство“. Партијата нагласи дека нивниот проект не е список на ветувања, туку „инвентар на дела“, наведувајќи финансиски инвестиции во општините со албанско население, универзитети и инфраструктура.„ВЛЕН е гласот на Албанците, време е повторно да ја земеме судбината во свои раце“, стои во нивното соопштение.ДУИ, пак, тврди дека и покрај „разулавената пропаганда и нелегалните притисоци“, во салата имало празни седишта и дека настанот бил „бледа конвенција“. Според партијата, граѓаните не одговориле на повикот на ВЛЕН, а поранешните поддржувачи ги напуштиле. ДУИ посочи дека дел од ветувањата на ВЛЕН останале неисполнети и оцени дека ВЛЕН се претворил во „огранок на ВМРО кај Албанците“.Со испратената фотографија, ДУИ порача дека тоа е „најјасната слика на неуспехот“ на противничката коалиција, додавајќи дека Албанците веќе ја донеле својата одлука за „силно, достоинствено и европско претставување“ преку ДУИ на претстојните избори на 19 октомври.

Македонија | пред 3 месеци

rusija

Руски дронови сѐ почесто навлегуваат во воздушниот простор на ЕУ и НАТО – предупредувања за зголемена закана

Руски дронови и авиони сѐ почесто го нарушуваат воздушниот простор на Европската Унија и НАТО, што според „Политико“ предизвикува загриженост кај владите низ континентот заради растечката закана од Москва.„Војната е веќе тука. Денес најважната задача на секој јавен лидер е да ја убеди нашата трансатлантска и западна заедница, со разум и со срце, дека ова е непосакувана, на моменти чудна, но сепак вистинска војна“, изјави полскиот премиер Доналд Туск на Варшавскиот безбедносен форум.Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадепфул истакна дека „Русија се обидува да ги дестабилизира нашите општества“ и дека Европа мора да испрати „јасен одговор“ до Кремљ.Навлегувања во повеќе земјиПоследните недели дронови влегле во воздушниот простор на Полска, Романија, Данска и Норвешка, а руски воени авиони го прекршиле и воздушниот простор на Естонија пред да бидат протерани. Според „Политико“, овие инциденти отвораат сериозни прашања за безбедноста и за одговорот на НАТО и ЕУ.Естонија дури јавно објавила дел од радарските податоци за да покаже дека, како што велат од Талин, „Русија лаже“ кога ги демантира овие случувања.Особено внимание привлече случајот со неколку сомнителни дронови кои овој месец ја прелетаа Данска – земја што ретко се смета за фронтова линија во конфликтот. Франција, Германија, Велика Британија и Шведска веќе испратија помош на Копенхаген за заштита од дронови.Европа се движи бавно, но чувството на итност растеИако повеќе пати е критикувана за бавност во вооружувањето, Европа полека ја зголемува својата подготвеност.„Дроновите се несреќа што може да послужи како предупредување – конечно луѓето сфаќаат што е на маса. Сега балтичките држави можат да кажат: ‘Ви рековме’“, изјавил западноевропски пратеник за „Политико“.Бившата литванска претседателка Далија Грибаускајте порача дека „денес најсилна и најискусна армија во Европа не е германската, британската или турската, туку украинската“.„Путин не го одврати ниту Украина, ниту Европа, ниту Соединетите Држави. Тоа значи дека повеќе не зборуваме за одвраќање, туку за одбрана. Тоа е новата реалност во која се наоѓаме,“ нагласи таа.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryomjqrtsq0ge3ePpUD7C

Граѓаните и Македонија се уморни од политичари како Венко, Али, Димче, тие прават коалиции за пари, ние за иднина, вели Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Ресен во рамки на кампањата за локалните избори која е со слоганот „Вистински избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина“ укажа дека овие избори имаат поинаква тежина. „Ова не се избори само за улицата, патчето, туку и за тоа каква порака ќе испратиме до оние кои се наши конкуренти. А кај нив нема апсолутно ништо ново. Заглавени се со тендерите, со желбата, не преку програма, туку ако може со некоја интрига да дојдат до фотелја, до власт.Мицкоски укажа дека „СДСМ секогаш кога доаѓала на власт тоа било со некоја интрига и некоја подземна шема“.„Денес сакаат пак така да го излажат народот ако може некако да се доберат до парче власт. А најсмешен е нивниот лидер кога така лаконски и лесно ќе каже еве ВМРО-ДПМНЕ од последните избори загубило 100 илјада од минатите избори. А веднаш потоа кога ќе го прашаат, добро дали ќе се повлечете ако загубите на локалните избори, одговорот претпоставувате му е дека нема да се повлече“, кажа Мицкоски.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски вели дека со ова Венко признава дека ќе ги загуби изборите.„Таму борбата не е да победат, туку Филипче да ја задржи фотелјата во СДСМ. Нека не се препелка, затоа што народот одлучува никој друг. Македонија е уморна од едни исти политичари кои ја загрозуваат нејзината иднина. Уморна е од сојузите кои одат на грбот на напатениот народ, од интригите на Венко, Али, Димче. Тоа е коалиција за пари, а на Македонија и треба коалиција за работа и иднина“, изјави Мицкоски.Мицкоски заклучи дека од една страна е оваа коалиција за пари, коалицијата на Филипче, Апасиев и Ахмети, а оти од друга страна е коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, коалиција на работа, на просперитет, на иднина.

Македонија | пред 3 месеци

media-library00lnd1pf6qh16EKOUAE

Мицкоски: Многудетното семејство е највисок патриотски чин

Формирањето многудетно семејство е највисок патриотски чин на еден народ за сопствената татковина, без разлика на етничката или верската припадност, изјави премиерот Христијан Мицкоски.Тој нагласи дека иднината на државата зависи од семејството.„Нека ме нарекуваат конзервативен или заостанат, но ова мора да биде прв приоритет на оваа Влада и на сите што ќе дојдат по неа – многудетните семејства. Залудни се градинки ако нема деца, залудни се училишта ако нема деца, залудни се автопати и пруги ако нема кој да се вози по нив,“ изјави Мицкоски.Тој порача дека „многудетното семејство значи иднина и богата држава која ќе се развива по нас“ и упати апел до граѓаните формирањето семејство да се сфати како национална обврска.Според него, демографските податоци укажуваат на сериозни предизвици: од над 1,8 милиони жители, редовно вработени се околу 700.000, а пензионери околу 350.000.„Реално присутно население не надминува 1,5 милиони. Во следните 20 до 25 години ризикуваме да станеме држава со под еден милион жители, со однос еден вработен на еден пензионер. Тоа ќе значи колапс за пензискиот и здравствениот фонд,“ предупреди Мицкоски.„Секој што не ја сфаќа сериозноста на оваа тема, не мисли добро за државата,“ додаде премиерот.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryuftn6eqm3jji94qsNrw

Ѓорѓиевски: Градскиот воз тргнува од Драчево – договорот се потпишува утре

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вечерва во Драчево одржа средба со граѓаните која, како што истакна, прераснала во вистински митинг.„Она што требаше да биде мала средба, вечерва прерасна во вистински митинг,“ напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.Тој додаде дека во присуство на вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, како и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, пред граѓаните ја претставиле визијата за „достоинствено Скопје“.Посебно, како што нагласи, е горд на најавата од Николоски дека утре ќе се потпише договорот за почеток на проектот „Градски воз“.„Првата линија ќе минува токму низ Драчево и за само 7 до 11 минути ќе се стигнува до центарот на Скопје. Ова е историски чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани,“ порача Ѓорѓиевски.Тој додаде дека силната поддршка од Владата е доказ дека заедно може да се изгради подобра иднина. „Доаѓа време кога нема да се прашуваме дали може подобро, туку тоа подобро реално ќе го живееме,“ заклучи кандидатот за градоначалник на Скопје.

Скопје | пред 3 месеци

media-library54ga6e29pir3diXi9yC

(Видео) Најголемата европска нуклеарка во критична состојба, Зеленски вели дека има апсолутна закана за сите

Најголемата европска нуклеарна електрана, Запорожје во Украина, веќе седми ден е без надворешно електрично напојување, што украинскиот претседател Володимир Зеленски го оцени како закана со катастрофални размери.„Нуклеарната електрана Запорожје е во вонредна состојба. Ситуацијата е критична. Поради руско гранатирање, електраната е исклучена од системот и функционира само преку дизел генератори. Но тие не се предвидени за ваков начин работа и никогаш досега не функционирале толку долго. Веќе имаме информации дека еден генератор откажал. Ова е закана апсолутно за сите,“ порача Зеленски во синоќешното видео-обраќање.Тој нагласи дека Русија со постојаното гранатирање го спречува поправањето на далноводите и обновата на основната безбедност.„Ниту еден друг терорист во светот досега не се осмелил да направи на една нуклеарна електрана тоа што Русија го прави сега. И исправно е светот да не остане нем на ова,“ додаде тој.Зеленски денес разговарал и со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, при што ја нагласил важноста од меѓународна реакција:„Електраната се соочува со најдолгиот прекин на работа – седми ден без струја. Важно е светот да ги разбере можните последици и очекуваме соодветен одговор,“ рече украинскиот претседател.Сериозноста на состојбата ја потврди и шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси. Тој изјави дека електраната во југоисточна Украина, која е под руска контрола уште од првите недели од војната, е без надворешно напојување речиси една недела.И Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за гранатирањата кои ја доведуваат во прашање нуклеарната безбедност. Гроси објави дека во Варшава имал средба со украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибига, при што се дискутирало за можноста да се овозможи обновување на снабдувањето со електрична енергија.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryqfvs7s7opoht2jSNOlr

Филипче пак го нападна Мицкоски: Да не глуми опозиција, не сака ни реформи ни правда, туку судство под контрола

„Го слушам Мицкоски вчера, вика после изборите ќе донеле правда. Немало правда заради СДСМ и Филипче. Мицкоски, дали си ти уште во опозиција? Што направи ти за правдата да кажеш после година и пол? Што? Освен што вработивте во судството и обвинителството ваши луѓе — баџанаци, сопрузи на градоначалници. Што друго направивте?“, изјави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Штип.Филипче потенцираше дека власта на ВМРО-ДПМНЕ нема вистинска намера да донесе реформи во правосудството, но дека тоа СДСМ нема да го дозволи.„Вистината е дека не сакате правда, сакате ваша правда, контролирана правда. За да сеете страв, да вршите притисоци и да владеете со уцени. Тоа сакате и ништо друго. Ама СДСМ тоа нема да го дозволи. Тој филм го гледавме и го знаеме”, порача Филипче.Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ свесно бега од реформите и ги блокира сите обиди за подобрување на системот и затоа од нив граѓаните не може да очекуваат правда.„И баш затоа не спроведувате реформи, затоа ги фрливте законите во ѓубре, затоа избегавте од нашата понуда на СДСМ заедно да ги направиме реформите. Со ВМРО-ДПМНЕ правда нема”, рече претседателот на СДСМ, д-р Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarya6iighntel8efS3QrWf

Со стиснати тупаници против апашлукот на ДПМНЕ, се бориме за нашиот дом, вели Костова

„Ние го разгоруваме нашиот борбен, антидпмневски, антидеструктивен, антифашистички жар и со стиснати тупаници, ја продолжуваме борбата. Драги соборци, борбата против неправдата, против апашлукот и против расизмот е наша обврска,“ порача потпретседателката на СДСМ Кристина Костова, вечерва на митингот на СДСМ во Штип.Таа нагласи дека СДСМ секогаш била и останува партија што не се повлекува пред предизвиците.„Имам впечаток дека во нашиот општествено-политички живот сме поминале многу време во борба отколку во мирнодопски услови. Се боревме против режимот на Груевски, против суровоста на Мијалков, се боревме за вистината за Македонија. Се соочивме и со пандемија, а подоцна и со светска економска и енергетска криза. И колку и да беа погодени условите, ние никогаш не ги спуштивме ракавиците, никогаш не се повлековме пред предизвиците и никогаш не се откажавме.“ - порача таа.Костова остро го критикуваше однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и нивните претставници.„Кукавичлукот и малодушноста не се наши особини, ние не бегаме од проблемите. Одлучно и храбро се фаќаме во костец и ги решаваме. Нашите опоненти оние од ДПМНЕ, се спротивност од нас. Тие бегаат дури и од најмалите предизвици. Си кукаат за сопствената неспособност и во традиционален дпмневски манир, повторно избегаа од дебати. Прво Орце, а денеска Иван Јорданов во Штип. Славните вмровски ‘лавчиња’ како глувчиња се разбегуваат од соочување со вистината. Јорданов денеска се исплаши да се соочи со Павел на дебата се исплаши затоа што не сака да ја слушне вистината за своето неработење и за своите неуспеси.“ - рече Костова.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryem24g7aqh5lq7XSN9Iq

По шест месеци си замина дома: Младата Мелани која беше повредена во „Пулс“ излезе од болница

Осумнаесетгодишната Мелани Тасева од Скопје, една од најтешко повредените жртви во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, конечно се врати дома по повеќе од шест месеци лекување, пишува „Плусинфо“.Несреќата на 16 март остави сериозни последици врз младата девојка – опасност по живот, бројни изгореници и интоксикација со гасови. Првично била хоспитализирана во приватната болница „Жан Митрев Клиник“, а потоа префрлена во Воено-медицинската академија во Белград, па вратена во Македонија.Родителите на Мелани велат дека чувството кога нивното дете повторно се вратило дома е непроценливо.„6 март беше денот кога времето застана за многу семејства. Трагедија која никој не може да ја предвиди, ниту да ја прифати. Токму тој викенд Мелани замина во Кочани, среќна што ќе оди на концерт на својот омилен бенд ДНК. Така започна нашиот кошмар. Неколку часа подоцна, наместо фотографии и пораки, добивме повик што никој родител не сака да го слушне. Кога конечно ја видовме, и покрај болката и шокот, имавме едно чувство – благодарност што е жива – изјавил таткото Александар за „Плусинфо“.Тој додава дека по долги месеци неизвесност, конечно насмевката се вратила во нивното семејство:„Мелани е дома и се опоравува. Поминавме низ многу непроспиени ноќи, стравови и надежи. Нема зборови со кои можеме да ја изразиме нашата благодарност до Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и целиот тим што се грижеше за нашето дете. Таа беше хоспитализирана во две клиники пред тоа, но упорноста, пожртвуваноста и мултидисциплинарниот пристап на тимот во „Аџибадем Систина“ беа клучни за нејзиното излекување“, изјавил таткото.

Македонија | пред 3 месеци

media-library6c8jmpup8afpdBR8J6i

(Видео) Украинската разузнавачка служба тврди: Убиен висок офицер на руската Национална гарда на Северен Кавказ

Украинската воена разузнавачка служба (ГУР) соопшти дека во специјална операција на 27 септември во Северен Кавказ бил убиен висок офицер на руската Национална гарда, заедно со неговиот помошник и возач, јави „Kyiv Independent“.Детали од операцијатаСпоред соопштението објавено денеска, нападот се случил во близина на селото Тамбукан, во Ставрополскиот крај, додека офицерот со возило патувал кон воен полигон. Како доказ, ГУР објави и видео на кое најпрво се гледа офицерот од далечина, а потоа експлозија го погодува неговото возило во движење.Идентификација на целтаУбиениот офицер бил идентификуван како потполковник и командант на единицата „Авангард“ на руската Национална гарда – формација задолжена за одржување јавен ред и борба против „тероризам“ и „нелегални вооружени групи“.Операцијата, како што тврди украинската страна, била изведена со поддршка на групата „Кавказко ослободително движење“, без да се откријат дополнителни детали.Далеку од бојното полеСелото Тамбукан се наоѓа во југозападна Русија, околу 80 километри северно од границата со Грузија и речиси 650 километри од најблиската фронтална линија во Украина.Северен Кавказ се смета за една од најнестабилните региони во Русија, со долга историја на побуни, радикализам и етнички тензии. „Kyiv Independent“ наведува дека не можел независно да ги потврди тврдењата на украинската служба.Видеото погледнете го тука

Свет | пред 3 месеци

media-librarydemm2rrma71o7o9iIMe

Николоски: На Скопје му треба силна трансформација – воз, еколошки автобуси и нова инфраструктура

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, изјави дека на Скопје му е потребна силна трансформација, при што најави поддршка за капитални проекти како градскиот воз, нови еколошки автобуси и инфраструктурни зафати.„На Скопје му треба силна трансформација, а новиот градоначалник ќе има силен партнер во мене, во премиерот Мицкоски, во Владата и во Министерството за транспорт. Ветуваме градски воз и тоа ќе го реализираме“, истакна Николоски.Тој најави дека е избран изведувач за првата делница – од Зелениково, преку Драчево, Кисела Вода и Аеродром, до новата железничка станица – и дека деновиве ќе биде воведен во работа. Според него, напролет ќе биде пуштена во употреба првата линија. „Следната година, во рамки на финансиските можности, ќе избереме изведувачи и за другите две линии и ќе го заокружиме железничкиот прстен. На тој начин ќе обезбедиме евтин, точен и брз превоз и ќе ја намалиме гужвата во Скопје,“ додаде тој.Николоски најави и дека веднаш по изборите ќе биде распишан нов тендер за 120 еколошки автобуси – 80 за Град Скопје и 40 за другите општини. „ЈСП мора целосно да ја обнови флотата. Сега има околу 250 автобуси и сите тие треба да бидат заменети во годините што следуваат. Тука градот ќе има огромна поддршка,“ рече Николоски.Заедно со кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, тој денеска изврши увид во реконструкција на улици во општина Кисела Вода, каде што најавија и пробивање на улицата „Есенинова“ на потегот од месноста Чешма до Шампионче.

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања