Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Нема понуди на тендерот за вакцини против грип, Министерството за здравство очекува да бидат обезбедени во текот на месецов

Министерството за здравство работи на што побрзо обезбедување на вакцините против сезонски грип, со цел вакцинацијата на ранливите категории граѓани да започне според планираното.Од Министерството информираат дека на тендерот за набавка не пристигнала ниту една понуда, а причината, според нив, е проблем со производството на вакцините на глобално ниво. Оваа година дошло до промена на сите три вирусни соеви што се вклучени во составот на вакцината – два за грип А и еден за грип Б.Поради ажурирањет

Македонија | пред 4 седмици

media-librarylu5le9grqpr76rIuO26

(Видео) 12 повредени на протестите во Приштина, демонстрантите фрлаа факели и петарди, полицијата употреби солзавец

Незадоволството по пресудите на Специјализираните совети на Косово продолжи со нов протест во Приштина, каде што стотици граѓани побараа ограничување на овластувањата на судот со седиште во Хаг.Демонстрантите се собраа во близина на косовските институции и побараа парламентот да го усвои законското решение предложено од опозициската Демократска партија на Косово (ПДК). Предлогот предвидува промени во начинот на функционирање на Специјализираните совети, вклучително и ограничување на максималните

Настани | пред 4 седмици

energja

Енергетски шок ја притиска Европа: Цените на енергијата во еврозоната повисоки за 18,8 отсто

Европската економија повторно се соочува со ризик од енергетски шок, откако цените на енергијата во еврозоната во септември биле 18,8 отсто повисоки во споредба со истиот месец минатата година. Европската централна банка внимателно следи дали поскапувањето на нафтата, гасот и рафинериските маржи ќе се прелее и врз останатите производи и услуги.Главниот економист на ЕЦБ, Филип Лејн, предупреди дека вториот бран на раст на енергетските цени претставува сериозен предизвик за економијата на еврозона

Свет | пред 4 седмици

media-libraryl6vb42t0vtbedrIVLlF

Сообраќајка на булевар „Борис Трајковски“: Се судрија две коли и камион

Сообраќајна незгода се случи утрово на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, каде се судриле две патнички возила и камион. Од силината на ударот, возилата претрпеле значителни оштетувања, а делови од нив останале расфрлани на коловозот.На местото е присутна полицијата, која го обезбедува просторот и работи на утврдување на околностите за незгодата. Засега нема информации дали има повредени лица.Овој потег од булеварот и во минатото бил место на сериозни сообраќајни незгоди.Повеќе информации за

Скопје | пред 4 седмици

media-library54li3rmgakmq1X1dTls

Левица: Нема „економска ефикасност“ во крадењето на слободното време на работникот - тоа е стара експлоатација со нов речник

Левица преку соопштение реагира на предлогот на Стопанската комора за промени во начинот на користење на неработните денови, оценувајќи дека зад аргументите за економска ефикасност се крие притисок врз работничките права.Од партијата велат дека предлогот работничкото право го третира како трошок, а времето на работниците го мери преку производството и профитот.„Нема „економска ефикасност“ во крадењето на слободното време на работникот – тоа е стара експлоатација со нов речник“, наведуваат од Лев

Македонија | пред 4 седмици

zachnuvanje-na-sveti-jovan-krstitel-181018-660x330-1

Денес се празнува зачнувањето на Свети Јован Крстител – празник на верата, надежта и Божјата милост

Денес се одбележува празникот посветен на зачнувањето на Свети Јован Крстител, во кој се истакнуваат Божјата милост, чудото и мудроста.Според христијанското предание, Свети Јован бил син на праведните и побожни родители Захарија и Елисавета, кои долго време се молеле за рожба. И покрај нивната старост и бездетност, Бог им ја исполнил молитвата, а раѓањето на Јован било дел од посебниот Божји промисол за спасението на човекот.Јован подоцна станал пророк и предвесник на Господ Исус Христос. Негово

Македонија | пред 4 седмици

media-library2aimqroej3bg3aDuhG1

7 активни пожари низ државата

Вкупно 46 пожари на отворен простор се регистрирани во периодот од 5 до 6 октомври до 7:30 часот, информира Центарот за управување со кризи. Од нив, седум се активни, еден е ставен под контрола, а 38 се изгаснати.Активни пожари има во седум општини. Во Дебар гори на местото „Над Боровите“, на краците кон селата Татар Елевци и Кораб и кон Бањиште, каде што е зафатена смрека, папрат и трнливи грмушки.Пожар е активен и во селото Јаболчиште, на местото „Биков Гроб“ во општина Чашка, каде што гори шу

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryuua7912lfmr7czt992v

Скопјанката Светлана Мојсов, научничката чие откритие го отвори патот за „Оземпик“, остана без Нобелова награда

Македонската научничка Светлана Мојсов, чии истражувања на хормонот ГЛП-1 поставија дел од научната основа за терапиите што денес се користат против дијабетес и дебелина, не е меѓу добитниците на Нобеловата награда за физиологија или медицина за 2026 година.Нобеловото собрание при Каролиншкиот институт денеска соопшти дека наградата им се доделува на Карл Дајсерот, Петер Хегеман и Георг Нагел „за нивните откритија поврзани со светлосно активираните јонски канали и оптогенетиката“.Станува збор за

Македонија | пред 4 седмици

struja-1

Денес без струја дел од Карпош, прекинот ќе трае повеќе од четири часа

Дел од корисниците во општина Карпош денеска ќе останат без електрична енергија поради планиран прекин.Од ЕВН Македонија АД информираат дека прекинот ќе трае од 8:40 до 13:00 часот.Без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „Миладин Поповиќ“, „Драган Ѓаконовски – Шпато“ и „Беджих Сметана“.Станува збор за планиран прекин во текот на денот, а корисниците од овие улици се повикуваат навреме да ги преземат потребните мерки.

Скопје | пред 4 седмици

bez-voda

Без вода дел од Центар и Карпош

Две интервенции на водоводната мрежа денеска ќе предизвикаат прекин во водоснабдувањето во делови од општините Центар и Карпош.Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека од 8:30 часот, поради дефект на приклучна цевка со профил 3/4 на улицата „Чедомир Миндеровиќ“ број 39а, без вода ќе останат корисниците од оваа улица во општина Центар. Прекинот ќе трае до отстранување на дефектот.Во општина Карпош, од 10 часот е најавен прекин поради промена на затворач со профил 100 милиметри на улицата „

Скопје | пред 4 седмици

media-librarym5f239j3rm2r48hRBgD

Сончево и релативно топло, утринските температури до -3 степени

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот ќе преовладува сончево и релативно топло време. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.Минималната температура ќе се движи од -3 до 6 степени, а максималната ќе достигне 22 до 29 степени.Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло, со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3 степени, додека максималната ќе достигне 26 степени.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryvgqfo0n89k2a9o1QJpi

Пентагон целосно го исфрли Claude: Anthropic одби да ги тргне ограничувањата за автономно оружје и масовен надзор

Пентагон повеќе не ги користи алатките за вештачка интелигенција на Anthropic, потврди претставник на американското Министерство за одбрана за BBC, неколку месеци откако компанијата беше прогласена за ризик за синџирот на снабдување поради спорот околу безбедносните ограничувања на моделот Claude.„Министерството престана со употребата на производите на Anthropic“, соопштил претставникот.Министерот за одбрана Пит Хегсет уште во февруари ја означи компанијата како ризик за националната безбедност

Свет | пред 4 седмици

netanjahu

Извори на „Drop Site“: Тајна анализа на ЦИА предупредува на граѓански конфликт и распад на Израел

Израел би можел да се соочи со граѓански конфликт или, во најекстремно сценарио, со распад на државата доколку продолжат да се продлабочуваат внатрешните политички, економски и општествени поделби, се наведува во наводна доверлива проценка на ЦИА за која објави „Drop Site News“.Медиумот се повикува на два американски извора кои ја опишале содржината на документот од август, насловен „Fracture From Within“ – „Пукнатина однатре“. ЦИА не одговорила на барањето на медиумот за коментар, а документот

Свет | пред 4 седмици

ukraina-grad-zelesnski

„Ќе умреме оваа есен“: Украински град останува без храна, околу 2.000 луѓе заробени меѓу мини и дронови

„Ќе умреме оваа есен. Јас веќе умирам. Секој ден сум сè послаб“, гласи една од пораките што стигнале од Олешки, украински град под руска окупација во кој околу 2.000 цивили се соочуваат со недостиг од храна, вода, лекови и основни услови за живот.Градот во Херсонската област се наоѓа непосредно на линијата на фронтот, од другата страна на реката Днепар во однос на Херсон. Минските полиња, постојаното присуство на дронови и борбите практично го отсекле од околината, а евакуацијата е исклучително

Свет | пред 4 седмици

media-library1k7bgrpf6beaa5RoODx

(Видео) Приврзаници на СНС запалија бакљи, потоа пламна Нишката тврдина

Пожар избувна вечерва на Нишката тврдина по огномет на предизборен собир на Српската напредна странка (СНС). Гореле сува трева и ниска вегетација на бедемите, а пожарот бил брзо изгаснат.На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат запалени бакљи на ѕидините на тврдината, а потоа и оган на бедемите.„Јужне вести“ објавија дека приврзаниците на СНС, по прошетката низ центарот на Ниш, запалиле бакљи, по што избувнал пожар. По гаснењето останале видливи црни траги, а на местото била присутна

Свет | пред 4 седмици

morbili

Епидемија на морбили во САД: Пенсилванија надмина 1.000 заразени, пет лица починаа

САД се соочуваат со најтешката година со морбили во повеќе од три децении, а Пенсилванија стана жариште на најголемата епидемија регистрирана во една американска сојузна држава во последните повеќе од 30 години.Здравствените власти во Пенсилванија потврдија 1.004 случаи на морбили во 2026 година во 39 окрузи. Од заразените, 198 лица биле хоспитализирани, а петмина починале.На национално ниво, американскиот Центар за контрола и превенција на болести регистрирал 3.887 потврдени случаи на морбили г

Свет | пред 4 седмици

media-library9b0b7lf76glo179NAGV

(Видео) Јемен тргна во голема офанзива против Хутите: „Ќе ја ослободиме целата земја“

Јеменската влада започна голема воена офанзива против Хутите со цел повторно да воспостави контрола врз териториите што се под нивна власт, во една од најголемите ескалации на конфликтот во последните години.Претседателот на Претседателскиот совет Рашад ал-Алими објави почеток на воените операции и порача дека тие треба да продолжат до враќање на државната власт врз целата земја.Одлуката следува по новото напредување на Хутите, кои го презедоа подрачјето Ал-Сафија и го пресекоа главниот пат што

Свет | пред 4 седмици

karanfilova-panovska-1

Каранфилова Пановска: Македонија е блокирана од лажниот профитерски патриотизам на Мицкоски

Македонија се наоѓа пред сериозни предизвици во европскиот процес, а според заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, политиките на актуелната власт ја туркаат државата кон изолација.Каранфилова Пановска, во интервју за емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, се осврна на изјавите на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека македонскиот идентитет е загарантиран и не е загрозен со европската интеграција.Таа оцени дека повторното отворање на преговарач

Македонија | пред 4 седмици

media-librarytb5u0ldub9dje1s9mZz

Не ја земајте Европа за пример само кога треба нешто да му се одземе на работникот, ѝ порача Ампева на Стопанската комора

Кристина Ампева, активистка за работнички и човекови права, поранешна текстилна работничка и една од основачките фигури на „Гласен текстилец“, реагираше на предлогот на Стопанската комора за промена на начинот на користење на неработните денови, порачувајќи дека споредбите со Европа не треба да завршуваат само кај празниците.„Кога веќе Стопанската комора реши да нè споредува со Европа и да објаснува дека имаме многу празници, ајде тогаш да се споредиме со Европа до крај. Не само таму каде што им

Македонија | пред 4 седмици

media-librarysvk6rkqjmrts0wblk4t

Полицаец за потерата по англискиот репрезентативец: „Ги игнорираше сообраќајните знаци“

Англискиот репрезентативен голман Џордан Пикфорд за малку предизвикал сообраќајна несреќа со својот скап „Ламборџини Урус“, откако при невнимателно возење игнорирал сообраќаен знак и им го пресекол патот на два автомобили.Инцидентот се случил на 14 април во Кнутсфорд, во грофовијата Чешир. Пикфорд потоа бил запрен, а против него е покрената постапка поради невнимателно возење.Голманот на Евертон ја признал вината, а на 7 декември треба да се појави пред судот во Честер.Според судските документи,

Спорт | пред 4 седмици

media-librarye1k68opuh8r44zJ0xrZ

„За Павлина од погон ќе се намалат празниците, а за дел од јавната администрација која дреме по кафиња, фризер и нокти – никако“

Ина Многуфина реагираше на најавените промени со кои се предлагаат ограничувања кај неработните денови, како и скратување на периодот во кој матичен лекар може да одобри боледување без специјалистички наод.„Ќе се најде начин боледувањето од 7 да се намали на 5 дена без специјалистички, ќе се најде начин да се намалат деновите за Павлина од погон или шивална да може да работи и тогаш, само за дел од јавна администрација што дреме по кафиња, на фризер, депилација и нокти никако да се најде начин д

Коментари | пред 4 седмици

media-libraryor0v9a9fvj2q5gnjhBc

Евакуиран авион на „Ер Србија“ во Сплит по дојава за бомба, уапсен 75-годишник

Авион на „Ер Србија“, кој попладнево требало да полета од Сплит за Белград, бил евакуиран откако 75-годишен патник му кажал на персоналот дека во авионот има бомба. Патникот потоа рекол дека се шегувал.Полицијата го уапсила, а по извршениот противексплозивен преглед на авионот, патниците и багажот било утврдено дека нема експлозивна направа.Сплитско-далматинската полиција соопшти дека авионот по завршениот преглед ја напуштил аеродромската зграда и нешто пред 19 часот полетал кон Белград.„На аер

Балкан | пред 4 седмици

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: Украина ги уништува руските рафинерии, тоа ги зголемува цените на бензинот во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека уништувањето на руските рафинерии од страна на Украина е една од причините за зголемувањето на цените на бензинот во САД. Тој истовремено оцени дека ситуацијата со Ормускиот Теснец повеќе не влијае врз цената на горивото.„Она што сега повеќе не ја зголемува цената на бензинот е Ормускиот Теснец, бидејќи низ него речиси секојдневно се испорачуваат рекордни количини нафта, туку ситуацијата со рафинериите“, напиша Трамп на својата социјална мрежа T

Свет | пред 4 седмици

media-librarynlpjd7sj3kb9dFpvXIi

Штит, шлем, меч и златни прилози пронајдени во гроб од VI век кај Корошишта

Богато војничко погребување од VI век пред новата ера е откриено на археолошкиот локалитет Расница кај струшкото село Корошишта.Во гробот се пронајдени штит, шлем, копја и меч, како и богати прилози изработени од злато, бронза и килибар.Најновото откритие е продолжение на значајните археолошки наоди од 2024 година, кога истражувањата на локалитетот резултираа со откривање богата гробна целина.Тогаш биле пронајдени бронзен шлем со златни апликации, бронзен штит, златни предмети, килибарни и стакл

Македонија | пред 4 седмици

putin-vucic

(Фото) Вучиќ му честиташе роденден на Путин предвреме: „Особено сме благодарни за вашето разбирање“

Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ му упати роденденска честитка на рускиот претседател Владимир Путин, иако неговиот роденден е на 7 октомври. Вучиќ честитката ја испратил два дена порано, наведувајќи дека тоа го сторил „во својство на обичен граѓанин“.Во писмото Вучиќ му се заблагодарил на Путин за неодамнешната поддршка упатена кон него лично, но и за поддршката што Русија ѝ ја дава на Србија во нејзините интереси и во меѓународните организации.„Многу ги ценам зборовите на поддрш

Свет | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања