Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

nema-voda

Утре без вода дел од Центар: Прекинот почнува во 8:30 часот

Жителите на улица „Чедомир Миндеровиќ“ во општина Центар денеска ќе останат без вода поради дефект на водоводна приклучна цевка.Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 8:30 часот, а ќе трае до отстранување на дефектот на приклучната цевка со профил 3/4 на улица „Чедомир Миндеровиќ“ број 39а.Без вода ќе останат корисниците од улицата „Чедомир Миндеровиќ“ во општина Центар.

Скопје | пред 1 месец

media-librarylvack7o1p1soembBNEc

628 прекршоци за брзо возење за само шест часа

За само шест часа, при засилени сообраќајни контроли спроведени низ цела Македонија, полицијата констатирала 628 прекршоци поврзани со надминување на дозволената брзина.Контролите биле спроведени на 4 октомври, во периодот од 14 до 20 часот, од страна на Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи, со фокус на возачите кои управуваат со возила со брзина поголема од дозволената.Од вкупниот број прекршоци, 344 биле регистрирани кај возачи кои ја надминале дозволената брзи

Македонија | пред 1 месец

media-librarya2ppj8nfe4h8f7qCGOP

Полициска граната му ја откина раката на 15-годишник во Франција

Петнаесетгодишен ученик е тешко повреден за време на средношколски протест во францускиот град Ленс, при што се здобил со тешка повреда на левата шака. Француската полиција истражува дали повредата е предизвикана од средство што го употребиле припадници на интервентната полиција.Инцидентот се случил околу 10:30 часот во близина на средното стручно училиште „Огист Бехал“ во Ленс, на северот на Франција. Повредениот ученик бил итно пренесен во болница во Лил, а според досегашните информации, негов

Свет | пред 1 месец

media-libraryha29tpubltbk19n01fm

Нови апсења за „Државна лотарија“: Две жени од финансии осомничени за злоупотреба на околу 80 милиони денари

Нова акција се спроведува за сомнежи за финансиски злоупотреби во АД „Државна лотарија“, а според неофицијални информации на „Скопје1“, опфатени се две жени кои работеле во секторот за финансии.Станува збор за сомнежи за злоупотреба на околу 80 милиони денари, а дејствијата што се истражуваат, според информациите на „Скопје1“, започнуваат од 1 јануари 2024 година.Сомнежите се однесуваат на начинот на кој биле евидентирани и движени парите од уплатните места за игри на среќа. Според неофицијалнит

Македонија | пред 1 месец

media-library5pmmucgfbnpndtxuTsD

Утре без вода дел од Карпош: Проверете дали сте на списокот

Корисниците од дел од Карпош во вторник, 6 октомври, ќе останат без вода поради интервенција на водоводната мрежа.Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради промена на затворач со ф-100 милиметри на улицата „Миладин Поповиќ“ број 15, прекинот ќе започне во 10:00 часот и ќе трае до завршување на работите.Без вода ќе останат корисниците од улицата „Миладин Поповиќ“, како и дел од корисниците на улиците „Орце Николов“, булевар „Илинден“, „Никола Тесла“ и „Мирка Гинова“, во Општина Карпо

Скопје | пред 1 месец

media-library41ji43kvqb3jcna5ThH

5.628 лица уапсени во акцијата „Чистач“, запленети дрога и оружје

Повеќе од 5.600 лица биле лишени од слобода во рамки на оперативната акција „Чистач“, која Министерството за внатрешни работи ја спроведува од септември 2024 година на целата територија на Македонија.Акцијата се реализира преку Одделот за криминалистичка полиција, во координација со Секторите за внатрешни работи и Регионалните центри за гранични работи, а е насочена кон откривање и сузбивање на насилен криминал, недозволена трговија со дрога и прекуграничен криминал.Од почетокот на акцијата до д

Македонија | пред 1 месец

media-librarylo58sl2lualj3eQ6hj9

12 возачи уапсени за безобѕирно управување, осум возеле без возачка дозвола

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на различни локации во државата лишиле од слобода 12 возачи поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи.Од нив, осум возачи управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за А.А. (33) од Скопје, М.Д. (28) од Љуботен, скопско, Б.С. (43) од Брест, скопско, Г.А. (34) од Врапчиште, гостиварско, С.С. (37) од Степанце, Општина Ста

Македонија | пред 1 месец

media-libraryi242kfr1sd4pf1ReSoT

(Видео) Се уриваат тезгите на Бит-пазар, во тек е големо расчистување на просторот

Градските служби започнаа со уривање и отстранување на тезгите на Бит-пазар, со што се најавува промена на изгледот на еден од најпознатите пазари во Скопје.Активностите на теренот предизвикаа реакции кај граѓаните, кои коментираат дека „тезгите на Бит-пазар одат во историјата“.Со отстранувањето се менува досегашниот изглед на просторот, а повеќе детали за проектот, како и за идното уредување на Бит-пазар, се очекуваат од Град Скопје.

Скопје | пред 1 месец

kalendar

Ако празникот биде во недела, да не се одмара во понеделник: Стопанска комора бара измени на законот

Стопанската комора на Македонија подготвува предлог-измени на Законот за празниците, со кои се предлага промена на начинот на користење на неработните денови. Предлогот наскоро треба да биде доставен до Министерството за економија и труд.Според предлогот презентиран од проектниот менаџер во Комората, Анета Димовска, не се бара укинување на празниците, туку ограничување и поинаков начин на користење на неработните денови.Една од предложените промени е воведување лимит од 13 неработни дена годишно

Македонија | пред 1 месец

biometriskakarticka

Неовластено користел туѓата банкарска картичка и потрошил 60.000 денари

СВР Штип поднесе кривична пријава против 39-годишен жител на светиниколско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.Според пријавеното, С.Т. на 5 и 6 мај 2026 година неовластено ја употребил банкарската картичка на друго лице, при што извршил две успешни трансакции.Со трансакциите, според МВР, бил направен вкупен износ од 60.000 денари.

Македонија | пред 1 месец

media-library7djgeiaegpmg21sm8O4

Тешко повреден 44-годишен мотоциклист во сообраќајка на патот Орешани–Таор

Мотоциклист тешко се повредил во сообраќајна несреќа што се случила на општинскиот пат меѓу селата Орешани и Таор, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според пријавеното, несреќата се случила на 4 октомври околу 22:00 часот, а во неа учествувале патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот С.Р. од Скопје, и мотоцикл „хонда“, управуван од 44-годишниот И.Ѓ., исто така од Скопје.Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот

Македонија | пред 1 месец

media-library22ehvslmdm22arH0l94

Не ѝ дозволил на сопругата да ги види малолетните деца, пријавен кавадарчанец

Полициски службеници од ОВР Кавадарци извршиле службен разговор со 44-годишен жител на Кавадарци, по претходна пријава дека не постапил согласно решение на Центарот за социјални работи.Од МВР информираат дека на 4 октомври во 14:40 часот, Б.С. бил повикан на службен разговор по пријава дека не ѝ дозволил на својата 38-годишна сопруга да оствари средба со нивните малолетни деца.По целосното расчистување и документирање на случајот, од полицијата најавуваат дека ќе биде поднесен соодветен поднесок

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2024-12-05-at-15.57.12

„Пежо“ излетало од патот и се превртело кај Никуштак, две малолетнички тешко повредени

Две малолетни сопатнички се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово–Липково, кај селото Никуштак, соопшти Министерството за внатрешни работи.Несреќата се случила на 4 октомври околу 15:50 часот, кога патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 33-годишната В.А. од Никуштак, излетало од коловозот и се превртело.Во несреќата тешко се повредиле двете малолетни сопатнички, додека возачката се здобила со телесни повреди. Повредит

Македонија | пред 1 месец

prilepski-kradec-ograbil-stan-vo-skopje-250484

Малолетници со алат обиле службени простории и украле пари од дневниот промет

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднела кривична пријава против двајца малолетници од градот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.Според МВР, на 4 јули 2026 година пријавените со употреба на физичка сила и алат влегле во службени простории на правен субјект од Скопје, односно во неговата подружница во Крива Паланка.Оттаму, како што е наведено во пријавата, биле одземени пари од дневниот промет.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryup6bq39tpp3rbxCPnCm

Го нападнал малолетниот син на неговата вонбрачна партнерка, уапсени 35-годишен маж

Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија лишиле од слобода 35-годишен жител на Куманово, по пријава за физички напад врз малолетник.Од МВР информираат дека на 4 октомври во 23:50 часот во Гевгелија бил лишен од слобода Б.Р. (35). Според пријавеното, околу 21:30 часот во домот во кој престојувал во Гевгелија, тој физички го нападнал малолетниот син на неговата вонбрачна партнерка.За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.По целосното документи

Македонија | пред 1 месец

media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Му дошле четворица пред домот и впериле пиштол кон него и неговиот син

Маж од Скопје пријавил дека бил физички нападнат пред својот дом во скопската населба Бит Пазар, при што двајца од напаѓачите впериле пиштол кон него и неговиот син, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според пријавеното, С.К. (38) на 4 октомври во 21:30 часот во СВР Скопје пријавил дека ден претходно, околу 19:30 часот, пред неговиот дом дошол М.Р. со уште три лица.М.Р. и едно од лицата, според пријавата, физички го нападнале С.К. со тврди предмети, додека другите двајца впериле пиштол к

Македонија | пред 1 месец

tepachka-deca

Две физички пресметки во Битола и Прилеп, шест лица уапсени

Повеќе нарушувања на јавниот ред и мир биле регистрирани во Битола и Прилеп, при што полицијата лишила од слобода шест лица во одделни случаи, соопшти Министерството за внатрешни работи.Во казино на улицата „Димитар Илиевски Мурато“ во Битола, на 5 октомври во 03:15 часот, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.Н. (40), Ш.К. (41), А.Ј. (29) и Д.Р. (34), сите од Битола.Според пријавеното, четворицата го нарушувале јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, а во еден моме

Македонија | пред 1 месец

apasiev

Левица: Коцкарниците на народот му ја земаат платата, брзите кредити иднината - 1,6 милијарди евра завршиле во коцкарската индустрија заштитена од ДПМНЕ

Левица преку соопштение реагира дека коцкарската индустрија во Македонија продолжува да расте, повикувајќи се на податоци од Управата за јавни приходи. Од партијата тврдат дека само во првите шест месеци од годинава граѓани на Македонија и странски државјани потрошиле речиси 1,6 милијарди евра во казина, автомат-клубови и обложувалници.Од Левица велат дека со години предупредуваат оти зад игрите на среќа стои индустрија која, според нив, профитира од економските тешкотии на граѓаните.Партијата н

Македонија | пред 1 месец

media-libraryip46clvsdpil5lmFb3t

Серафимовски: Зголемена поддршката за зелена нафта, доделувањето на картичките започнува оваа недела

Доделувањето на првите картички за зелена нафта за земјоделците ќе започне во текот на оваа недела, најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски. За мерката се обезбедени 584 милиони денари, а поддршката е зголемена за 12,3 проценти.„Во пресрет на есенската обработка и подготовката на нивите, во текот на оваа недела започнуваме со доделување на првите картички за зелена нафта. За оваа мерка обезбедивме 584 милиони денари. Поддршката ја зголемивме за 12,3 проце

Македонија | пред 1 месец

media-libraryo7at89q9gfi31ezUfaX

(Видео) Филипче: Фон дер Лајен му ја одзеде лагата на Мицкоски за македонскиот идентитет

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција оцени дека посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги побила тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски дека македонскиот идентитет е загрозен.На прес-конференција, Филипче го обвини Мицкоски дека повеќе не може да се претставува како политичар кој ги штити националните интереси, бидејќи, како што рече, тие се заштитени и никој не може да ги одземе.„Нема Христијан повеќе што да лаже. Не може пов

Македонија | пред 1 месец

media-libraryt4lceldpphr8a5i7xg6

Одбележан Светскиот ден на учителите: Доделени признанија на 13 најдобри наставници

По повод 5 Октомври – Светскиот ден на учителите, Министерството за образование и наука и Сојузот на просветни работници доделија признанија на 13 најдобри наставници и просветни работници од предучилишното, основното и средното образование за учебната 2025/2026 година.Признанијата ги доделија министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и претседателката на Сојузот на просветни работници, Жаклина Ристовска.Јаневска им го честиташе празникот на наставниците и им се заблагодари за

Македонија | пред 1 месец

media-library067df65ukbjb4AVFG31

(Видео) Двајца загинати, 11 повредени во напад врз турски брод во Црното Море

Двајца членови на екипажот загинале, а 11 се повредени откако турскиот брод „Royad Mammadov“ бил погоден од дрон во Црното Море, соопшти романското Министерство за внатрешни работи.Инцидентот се случил во романската ексклузивна економска зона, во подрачје југоисточно од платформата Пешкаруш. По ударот избил пожар, а бродот потонал.Романските служби веднаш започнале спасувачка операција. Спасени се 11 членови на екипажот, додека биле идентификувани и две загинати лица.Повредените биле евакуирани

Свет | пред 1 месец

media-librarykcn260sq0kuudzkjBTb

Становите сè поскапи низ ЕУ: Бугарија со најголем раст на цените

Пристапот до сопствен дом и изнајмено живеалиште станува сè потежок за голем број граѓани во Европската Унија, бидејќи цените на недвижностите и кириите продолжуваат да растат. Според податоците на Евростат, во вториот квартал од 2026 година цените на куќите во ЕУ биле за 4,7 отсто повисоки во споредба со истиот период минатата година, додека кириите пораснале за 3 отсто.Во однос на првиот квартал од 2026 година, цените на недвижностите се зголемиле за 1,2 отсто, а кириите за 0,7 отсто. Во перио

Свет | пред 1 месец

media-library8s9gse8105kk7eDlPQe

Чифлигароски останува во притвор, Кривичен суд ја одби жалбата на одбраната

Бизнисменот Стојан Чифлигароски останува во притвор откако Кривичниот суд ја одбил жалбата на неговата одбрана против одлуката за определување на мерката.Чифлигароски, кој по две години недостапност за органите на прогонот неодамна се предаде на граничниот премин „Свети Наум“, преку одбраната ја оспорил одлуката за притвор. Судот ја оценил жалбата како неоснована и го потврдил првичниот став за определување на мерката.Како причина за притворот е наведена опасноста од бегство, односно потребата д

Македонија | пред 1 месец

tepacka-4

Тројца со дрвени палки нападнале 26-годишен охриѓанец на патот Охрид-Струга

Тројца лица со дрвени палки физички нападнале 26-годишен жител на Охрид на регионалниот пат Охрид-Струга, во близина на Струга.Според Министерството за внатрешни работи, нападот се случил на 4 октомври околу 2:45 часот. К.М. од Охрид бил нападнат од три лица кои употребиле дрвени палки.По нападот, 26-годишникот бил пренесен во Специјалната болница „Свети Еразмо“, каде што му биле констатирани телесни повреди.Од СВР Охрид преземаат мерки за расчистување и целосно документирање на настанот, по што

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања