Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-library059pdkkjlhot26n0JsH

Манчестер Сити поднесе жалба на одлуката за кршење на финансиските правила во Премиер лигата

Манчестер Сити направи нов чекор во повеќегодишниот спор со Премиер лигата, откако клубот официјално поднесе жалба против одлуката на независната комисија со која беше прогласен за одговорен за прекршување на финансиските правила.Жалбата била поднесена во четвртокот навечер, а во официјалното соопштение клубот повторно ги отфрли обвиненијата. Од Сити велат дека одлуката содржи „јасни материјални грешки, правни, начелни и фактички пропусти“ и поради тоа не може да биде прифатена како конечна.Клуб

Спорт | пред 1 месец

Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Вучиќ: „Со големо внимание го следиме јакнењето на нацизмот во Хрватска“

Александар Вучиќ, носител на листата „Обединета Србија“ и до неодамна претседател на Србија, изјави дека Србија со големо внимание и загриженост ги следи актуелните случувања во регионот.Во обраќање преку социјалните мрежи, Вучиќ оцени дека во опкружувањето владее голема нервоза и тврдеше дека одредени лица на различни начини се обидуваат да дадат поддршка на Студентската листа.Во тој контекст ги спомена хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, косовскиот премиер Албин Курти, поранешниот црногорски

Балкан | пред 1 месец

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп сака САД да престанат со поместувањето на часовникот, предлогот заглави во Сенатот

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го повика Сенатот да го усвои предлогот со кој би се вовело трајно летно сметање на времето во САД и би се прекинала практиката на поместување на часовникот двапати годишно.Предлогот веќе беше изгласан во Претставничкиот дом во јули, но не стигна до гласање во Сенатот пред неговото заминување на пауза. Сенатот нема да заседава до конгресните избори на 3 ноември, додека зимското сметање на времето во САД започнува на 1 ноември.Трамп на социјалните м

Свет | пред 1 месец

media-library5tstqi3usn468uCyr23

Започна изградбата на новиот Младински културен центар во Кавадарци

Локацијата во Кавадарци, која од 1979 година стоела напуштена и нереализирана, конечно ќе добие нова намена. Општина Кавадарци преку јавен повик и партнерство со соинвеститор започна со изградба на нов деловен објект, во кој на површина од околу 800 квадратни метри ќе биде сместен Младински културен центар.Општината ќе го добие просторот на вториот кат од објектот, со посебен влез и лифтови, по принципот „клуч на рака“ и без дополнителни финансиски вложувања од општинскиот буџет.Градоначалникот

Македонија | пред 1 месец

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: Европа се согласи веднаш да ослободи огромни количини дизел

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Европа се согласила веднаш да ослободи големи количества дизел од своите резерви, во услови на нагло зголемување на цените на горивото.Трамп информацијата ја објави на социјалните мрежи, но не прецизираше кои европски земји ќе ги ослободат резервите ниту за кои количества станува збор.„Европа штотуку се согласи да ослободи огромна количина од своите големи резерви на дизел гориво. Процесот ќе започне веднаш“, напиша Трамп.Францускиот претседате

Свет | пред 1 месец

media-libraryhf2f1i0auu01fptPlko

Петровска: „Со денови добивам закани да замолчам за реформите и ветингот во СДСМ“

Пратеничката и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска, во објава на социјалните мрежи тврди дека со денови добива закани да престане да зборува за потребата од реформи и ветинг во СДСМ.„Со денови, од Бихаќка добивам закани да замолчам во барањето реформи и ветинг во СДСМ, или ќе видам што ќе ми се случи“, напиша Петровска.Таа во објавата се осврна и на настапите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, потпретседателот на Владата и министер за одбрана, Владо Мисајловски, како и на

Македонија | пред 1 месец

media-library6p05q8gjf2g10DH431m

Каранфилова Пановска: Наместо подобри, Македонија сега е со полоши позиции — Фон дер Лајен го упати Мицкоски кон Бугарија

Наместо ветените подобри преговарачки позиции, Македонија се соочува со влошена позиција и упатување кон билатерални разговори со Бугарија. Одолговлекувањето и блокадата на европскиот пат го оддалечуваат членството во Европската Унија, предупреди заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, на денешната прес-конференција.„Колку се повеќе го одолговлекуваме процесот, позицијата на Македонија ќе се влошува. И тоа денеска се случи. Денеска се случи да Урсула фон дер Лајен го препрати

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqfjg3tnfotkp2WJqQzN

Каранфилова Пановска: Фон дер Лајен потврди дека ЕУ го признава македонскиот идентитет

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на прес-конференција со Мицкоски јавно потврди дека местото на Македонија е во Европската Унија, заедно со македонскиот јазик, култура и идентитет, што е уште една потврда на она што говори СДСМ, рече на денешната прес-конференција заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска.„Денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред сите, пред целата јавност, кажа дека местото на Македонија е во Европск

Македонија | пред 1 месец

kuferi-odmor

Нова промена за авионските патници во ЕУ: до 7 килограми дополнителен рачен багаж без доплата

Авионските патници во Европската Унија наскоро би можеле да добијат право на две парчиња рачен багаж без дополнителна наплата, доколку новите правила ги поминат преостанатите фази од законодавната постапка.Европскиот парламент и земјите членки во јуни постигнаа привремен договор за новите правила за правата на авионските патници, што би била прва поголема промена на законодавството во оваа област од 2004 година.Според предложените правила, стандардната авионска карта би вклучувала еден помал лич

Свет | пред 1 месец

media-libraryjnokbt0rlqpi3wS3V3J

Германија ја преполовува квотата за визи за Западен Балкан, потешко до работа за работниците од Србија

Од 1 јануари 2027 година, Германија ќе ја преполови годишната квота за визи во рамките на Правилото за Западен Балкан, со што на граѓаните од регионот ќе им биде отежнато заминувањето во земјата поради работа.Шефот на Одделението за истражување и анализа во NALED, Михаило Гајиќ, за РТС изјави дека намалувањето на квотата ќе влијае врз можностите за заминување на работниците од Србија, но дека засега не е познато колкав дел од намалената квота ќе се однесува на нив.– Не знаеме точно колкави ќе би

Свет | пред 1 месец

putin-2

Путин предупреди дека Русија е подготвена да го употреби целиот арсенал доколку биде нападнат Калининград

Рускиот претседател Владимир Путин испрати предупредување до Западот дека Москва е подготвена да го употреби целиот свој воен арсенал, вклучително и нуклеарното оружје, доколку рускиот ексклав Калининград биде директно нападнат.Говорејќи пред дискусиониот клуб „Валдај“ во Москва, Путин истакна дека Русија нема планови да нападне европска држава, но дека би одговорила доколку биде изложена на западна агресија. Тој посебно се осврна на Калининград, руска територија сместена меѓу членките на НАТО,

Свет | пред 1 месец

media-librarycejccub90ba89a6TrwR

Поставени физички препреки на Шар Планина за спречување на движењето на моторни возила надвор од дозволените патишта

На повеќе недозволени пристапи во пределот на Јелак и Попова Шапка на Шар Планина се поставени физички препреки со цел да се спречи движењето на моторни возила надвор од дозволените патишта.Од ЈУ Национален парк Шар Планина информираат дека интервенцијата ја реализирале чуварите на природата, откако во изминатиот период повеќепати укажувале на проблемот со недозволеното возење, особено во високопланинските предели. На дел од локациите пристапите претходно биле затворени и со механизација на АРМ.

Македонија | пред 1 месец

media-librarym2mve8duho8q9ywvAs1

Нова радост во Скопје ЗОО: Ламата Панчо доби сестричка

Нова радост во Скопје ЗОО – семејството на ламите Фелиција и Кенди се зголеми за уште еден член.Фелиција и Кенди повторно станаа родители, а малата лама Панчо доби сестричка.Мајката и малото ламче во моментов се одвоени од останатите, за да можат во мир да ги поминат првите денови заедно. Во меѓувреме, за семејството будно се грижат и тато Кенди и малиот Панчо.Од Скопје ЗОО споделија дека новото ламиче носи уште една причина за радост во зоолошката градина.

Скопје | пред 1 месец

media-library1fnoa3oc0m5ac0cUM4f

(Видео) Орце ги нарече „хор Ветер и магла“ советниците на Левица кои го исвиркаа на седница на Советот

Тензии и остри реакции од опозицијата ја одбележаа вчерашната седница на Советот на Град Скопје, откако советниците на Левица со свирежи го пречекаа градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, изразувајќи незадоволство од новиот начин на поставување и одговарање на советничките прашања.Новиот модел предвидува прашањата да се поставуваат групно, а градоначалникот потоа групно да одговара на нив. Овој начин на работа не е прифатен од опозицијата, особено од советниците на Левица, кои и на претходната седница

Скопје | пред 1 месец

media-librarye10v3atee0gj3PS82WL

„Не сум изненадена, но сум вознемирена, новата истрага е конструкција“, вели адвокатката на Деко

Адвокатката на Дејан Јованов – Деко, сопственикот на дискотеката „Пулс“, Ивана Коцевска, реагираше на новата истрага и повторното определување притвор за нејзиниот клиент, оценувајќи дека одлуката на Обвинителството била однапред подготвена.Коцевска рече дека не е изненадена од одлуката, но дека е вознемирена од тоа што новата истрага е отворена непосредно пред истекот на законскиот рок во кој Јованов можеше да остане во притвор.„Не сум изненадена, но сум вознемирена. Сметам дека ова е конструкц

Македонија | пред 1 месец

media-libraryeiej90mp0n0tfk97PTK

Пченицата, пченката и шеќерот поскапуваат: нов притисок врз цените на храната

Светските цени на храната во септември повторно забележаа раст, поттикнат од нарушувањата во трговијата, логистичките ограничувања и климатските услови. Трендот е значаен и за Македонија, која во голема мера зависи од увозот на храна.Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), кој ги следи месечните промени на меѓународните цени на кошницата со глобално тргувани прехранбени производи, во септември изнесувал просечно 136 поени. Тоа е раст о

Свет | пред 1 месец

media-libraryfdht61abe54t3V6UxVK

(Видео) Силни експлозии одекнуваат кај воен аеродром во Сирија, се издигна густ чад

Серија силни експлозии одекнувале денеска во подрачјето на Идлиб и во близина на воениот аеродром Тафтаназ во Сирија, при што над објектот се издигнал густ чад.Според информативната мрежа „Сирија нау“, која се повикува на очевидци, експлозиите започнале околу 8 часот наутро, во момент кога над подрачјето прелетувал извидувачки авион. На снимка што се шири на интернет се гледа густ чад што се издига од кругот на аеродромот.Според наводите, експлозиите траеле околу час и половина. Засега нема потв

Свет | пред 1 месец

tabanovce

Тетовец со фалсификувана швајцарска возачка дозвола се обидел да влезе во Македонија

Кривична пријава е поднесена против 25-годишен жител на Тетово, откако на граничниот премин Табановце бил откриен со фалсификувана швајцарска возачка дозвола.Од МВР информираат дека Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово поднело пријава против Ж.С. (25) поради сомнение за сторено кривично дело „Фалсификување исправа“.Случајот бил откриен на 7 август 2026 година на влез во државата, кога пријавениот на увид приложил возачка дозвола за која било утврдено дек

Македонија | пред 1 месец

media-libraryt99h4t306e1u5cc8a0J

Повредил двајца со остар предмет, кај него пронајдени оружје и муниција

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 37-годишниот Д.И. од Тетово, поради сомнение за сторени кривични дела „Насилство“ и „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.Според МВР, на 5 јули 2026 година во Тетово, по претходна физичка пресметка, пријавениот со остар предмет им нанел повреди на А.С. (41) и А.С. (42), двајцата од Пршовце.Следниот ден, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, како и во деловни простории во Т

Македонија | пред 1 месец

media-library8a5sljq3qo5deMYJK7E

Повредени двајца полицајци во сообраќајка во Скопје

Двајца лица се здобиле со телесни повреди во сообраќајна незгода што се случила на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје.Според МВР, незгодата била пријавена на 1 октомври во 15:40 часот, а во неа учествувале патничко возило „Опел корса“, управувано од 23-годишен државјанин на Турција, и патничко возило „Дачија“ во сопственост на МВР, управувано од 33-годишен полициски службеник од Скопје.Во незгодата повреди добиле полицискиот службеник и неговиот сопатник, 45-годишен жител на Батинци, ск

Македонија | пред 1 месец

media-librarymiid0t15caih9rM6JDZ

Кумановец ја нападнал мајка му

Полицијата во Куманово лишила од слобода 49-годишен маж, откако физички ја нападнал неговата 68-годишна мајка.Од МВР информираат дека случајот се случил на 1 октомври во 22:55 часот, кога полициски службеници од СВР Куманово го привеле Ш.Ш. (49) од Куманово.Тој бил однесен во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

media-library22ehvslmdm22arH0l94

Нападнала 81-годишен маж во неговиот дом и му одзела пари, приведена 40-годишна жена

Жена од струшкото село Октиси е пријавена за разбојничка кражба, откако, според МВР, физички нападнала 81-годишен жител во неговиот дом и му одзела пари.Од ОВР Струга информираат дека кривична пријава е поднесена против Л.О. (40) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Разбојничка кражба“.Случајот се случил на 28 август 2026 година во струшко село, кога пријавената влегла во домот на 81-годишникот, физички го нападнала и потоа му одзела пари.По преземените мерки и активности

Македонија | пред 1 месец

media-librarypij38is49ldt2EpwO8U

Бегале од полицијата по обид за кражба, полицијата пукала предупредувачки во воздух

Седум лица се лишени од слобода во Неготинско по обид за извршување тешка кражба во напуштен објект, соопшти МВР.Полициски службеници од ОВР Неготино на 1 октомври презеле мерки за откривање на сторителите, постапувајќи по претходна пријава за тешка кражба.Во кругот на напуштениот објект биле затекнати неколку лица кои, со употреба на алат, се обиделе да одземат предмети. Откако ги забележале полицајците, лицата се дале во бегство, при што полициските службеници испукале неколку предупредувачки

Македонија | пред 1 месец

media-librarytg231nvnmkn2eOsI9RT

Ограбен 24-годишен турски државјанин во Центар

Турски државјанин со престој во Скопје пријавил дека бил ограбен во центарот на градот, при што со употреба на физичка сила му биле одземени ранец и паричник.Според МВР, Д.Д. (24) случајот го пријавил во СВР Скопје на 2 октомври во 00:30 часот. Тој навел дека претходната вечер, околу 21:50 часот, на подрачјето на Центар едно лице со физичка сила му го одзело ранецот во кој имало музички инструмент, како и паричник со пари и лични документи.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и о

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Пожар под Раштак, гори сува трева и нискостеблеста шума

Пожар избувнал на отворен простор под селото Раштак, на границата меѓу териториите на Општина Гази Баба и Општина Бутел.Според Центарот за управување со кризи, зафатени се висока сува трева и нискостеблеста шума.Екипите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје се известени и се упатени на терен за интервенција.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања