Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Пожар под Раштак, гори сува трева и нискостеблеста шума

Пожар избувнал на отворен простор под селото Раштак, на границата меѓу териториите на Општина Гази Баба и Општина Бутел.Според Центарот за управување со кризи, зафатени се висока сува трева и нискостеблеста шума.Екипите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје се известени и се упатени на терен за интервенција.

Македонија | пред 1 месец

media-library8vnueh28kl3mcWpHOOv

Го нападнал татко му и со тврд предмет искршил прозорец од домот

72-годишен жител на Скопско пријавил дека бил физички нападнат од неговиот 41-годишен син во семејниот дом.Според МВР, случајот бил пријавен на 1 октомври во 13:30 часот во СВР Скопје. Пријавителот навел дека на 29 септември околу 21:30 часот, во семејниот дом во Скопско, бил физички нападнат од неговиот син И.Т. (41).При нападот, како што е пријавено, И.Т. со тврд предмет искршил и прозорец од куќата.Со 41-годишникот бил извршен службен разговор, а по целосното документирање на случајот ќе след

Македонија | пред 1 месец

media-libraryf9t4pmg7msr854l6NKp

Мајка ги запоставила двете малолетни деца и наводно дозволила ќерката да има сексуален однос со малолетник

40-годишен скопјанец пријавил дека неговата поранешна вонбрачна партнерка не се грижела соодветно за нивните две малолетни деца, соопшти МВР.Случајот бил пријавен на 1 октомври во 18:05 часот во СВР Скопје. Според пријавата, мажот се сомнева и дека неговата малолетна ќерка имала сексуален однос со малолетник со кој била во врска, при што наводно мајката дозволила тоа да се случи.За случајот бил известен Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, а надлежните институции преземаат мерки за расчис

Македонија | пред 1 месец

media-libraryog60n8coau9ieBMVNXd

СДСМ: Стигна програмата на Платформа - ЗНАМ 2.0

СДСМ објави документ за кој тврди дека претставува платформа „ЗНАМ 2.0“, при што од партијата велат дека станува збор за писмо упатено до нивното раководство.Од СДСМ тврдат дека документот бил означен како доверлив, но дека бил објавен во медиуми пред партијата да има можност да го разгледа. Од партијата го доведуваат во прашање начинот на кој документот бил објавен и неговата наводна доверливост.Во своето соопштение СДСМ изнесува низа тврдења за содржината на документот, за кој велат дека содрж

Македонија | пред 1 месец

media-library41ato94aute7euOHBd7

По повеќе од 25 години, МЗТ Скопје повторно на европската сцена

По повеќе од 25 години пауза, МЗТ Скопје повторно ќе биде дел од европската кошаркарска сцена. Клубот во вторник, 6 октомври, од 19 часот во спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе го пречека грчкиот Ираклис.За навивачите е подготвена програма која ќе започне неколку часа пред натпреварот. Од 17 часот пред спортскиот центар ќе има музика со DJ Alen, храна, пиво и други пијалаци, а најмладите посетители ќе можат да се забавуваат со цртање лица во боите на клубот.Дел од програмата ќе биде и ADMIRAL

Спорт | пред 1 месец

media-libraryj4dr96mqr2fl720ppdD

Македонија може брзо да напредува, фокусот сега е на деблокирање на пристапниот процес, порача фон дер Лајен

Европската комисија се фокусира на деблокирање на пристапниот процес за Македонија, по што би можеле да следуваат и конкретни патокази за земјата, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.Одговарајќи на прашање за изоставувањето на Македонија од патоказите што Брисел ги подготвува за дел од земјите кандидати, фон дер Лајен потврди дека следната недела треба да биде направен првиот нов чекор во насока на деблокирање на процесот.Таа рече дека целта е постојната ситуација

Македонија | пред 1 месец

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

„Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања“, порача Мицкоски на средбата со фон дер Лајен

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, порача дека Македонија останува посветена на европската интеграција, но очекува пристапниот процес да биде фер, предвидлив и без нови билатерални условувања.Мицкоски ја оцени посетата на фон дер Лајен како важна во период кога се разговара за иднината на европското проширување. Тој посочи дека на средбата биле отворени прашањата за реформите, динамиката на пристапниот процес и предизвиците ш

Македонија | пред 1 месец

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Кривичен образложи зошто газдата Деко доби нов 30-дневен притвор: опасност од бегство и влијание врз сведоци

Основниот кривичен суд Скопје определи нова мерка притвор во траење од 30 дена за Д.Ј. од Кочани, првообвинет во предметот „Пулс“, по предлог на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.Судијата на претходна постапка, по произнесувањето на осомничениот во присуство на неговиот бранител и по разгледувањето на фактите и доказите приложени кон предлогот, го прифатил барањето за определување притвор.Како причини се наведени опасноста осомничениот да се даде во бегство, как

Македонија | пред 1 месец

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Определен 30-дневен притвор за газдата Деко во новата истрага за поткуп

Судот го прифати предлогот на Обвинителството и му определи 30-дневен притвор на газдата на „Пулс“, Дејан Јованов-Деко од Кочани, осомничен за давање поткуп на службено лице во Министерството за економија со цел да обезбеди лиценца за работа на угостителскиот објект „Пулс“.Против Јованов е отворена нова истражна постапка за кривичното дело „Давање поткуп“ од член 358 став 1 од Кривичниот законик. Според Обвинителството, тој на службено лице му дал поткуп за да преземе службено дејствие што не см

Македонија | пред 1 месец

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Голема полициска акција во Србија: Уапсени пет лица поради сексуална експлоатација на деца на интернет

Пет лица се уапсени во Србија во продолжение на полициската акција „Армагедон“, поради сомнение дека сториле кривични дела поврзани со сексуална експлоатација на деца преку интернет и сексуално вознемирување. Против уште едно лице е поднесена кривична пријава во редовна постапка, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.Уапсените се од Белград, Прокупље, Суботица и Сремска Митровица, а се сомничат дека подолг период преку интернет-апликации преземале, чувале и споделувале фотографии и в

Балкан | пред 1 месец

media-library3vpfth01mcl61IhxLif

Мртво новороденче пронајдено во кеса покрај пат во Германија, полицијата трага по мајката

Полицијата во германскиот град Бекум трага по мајката на новородената девојка чие безживотно тело било пронајдено покрај пат, оставено во кеса за купување.Телото било пронајдено пред шест дена, по што полицијата започнала истрага и објавила фотографии од местото, со апел до граѓаните да помогнат со информации.Според досегашните сознанија, бебето било оставено во саботата, во периодот меѓу 11 и 13:30 часот, на улицата Алтер Хамвег, југоисточно од Минстер.Идентитетот на мајката, која непосредно пр

Свет | пред 1 месец

media-libraryu2hivd0l84qu9YKqwPa

Мицунски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Скопје

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска во Скопје ја пречека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.Муцунски оцени дека нејзината посета претставува силна потврда за европската ориентација на земјата, посветеноста на Владата на реформите и усогласеноста со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија.Тој посочи дека останува јасната определба за напредок во европската интеграција, нагласувајќи дека за Македонија е важен јасен, кредибилен

Македонија | пред 1 месец

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

10 возачи приведени, девет управувале без возачка дозвола, еден со забрана

Десет возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации во државата поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ според член 297-а од Кривичниот законик, соопшти МВР.Од приведените, девет лица управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за А.И. (29) и Х.З. (18) од Скопје, М.И. (21) и Ш.А. (35) од Студеничани, скопско, Р.С. (30) и С.М. (19) од Тетово, А.Ф. (25) од Врапчиште, гостиварско, Л.М. (48) од Гостивар и Н.Т. (49) од

Македонија | пред 1 месец

reka

Европските реки со најниски летни водостоји досега, морето рекордно топло

Европа летото 2026 година се соочи со низа климатски екстреми – од историски ниски водостоји на големите реки до невообичаено топли мориња и интензивни шумски пожари.Според податоците на Службата на Европската Унија за климатски промени „Коперник“, просечните летни водостоји на европските реки биле најниски откако во 1992 година започнале мерењата. Во јули и август, големи реки како Рајна, Дунав, Лоара и Сена имале рекордно ниски или речиси рекордно ниски протеци.Ниските водостоји дополнително г

Свет | пред 1 месец

media-libraryuujv7d2232g2fXj0kiG

Рачна бомба пронајдена во дом во Скопје, 33-годишник уапсен

Полицијата приведе 33-годишен скопјанец во Гази Баба, откако при претрес во неговиот дом била пронајдена рачна бомба.Од МВР информираат дека на 1 октомври во 19:35 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С. (33) од Скопје.При претресот, извршен со судска наредба, во неговиот дом била пронајдена и одземена рачна бомба „кашикара“.Лицето е задржано во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

pari-1

Нови ограничувања за кредитите од декември: Се намалува дозволениот однос меѓу ратата и приходите

Од 1 декември 2026 година ќе важат нови правила за дел од кредитите за физичките лица, откако Извршниот одбор на Народната банка донесе измени на макропрудентните мерки.Со измените се намалува максимално дозволениот ДСТИ – односот меѓу месечните отплати на кредитите и приходите на кредитокорисникот. Лимитот се намалува од 50 на 45 отсто за кредитите во денари, односно од 45 на 40 отсто за кредитите со валутна компонента.За граѓаните кои првпат купуваат сопствено живеалиште, овие ограничувања ост

Македонија | пред 1 месец

media-library13rk50ip047kauqNvmH

Последен ден од изборната кампања во БиХ, од утре изборен молк

Во Босна и Херцеговина денеска завршува изборната кампања пред општите избори што ќе се одржат в недела, 4 октомври. Со завршувањето на кампањата започнува изборниот молк, кој, според Изборниот закон на БиХ, трае до затворањето на избирачките места.На изборите во Федерацијата БиХ и Република Српска граѓаните со право на глас ќе избираат три членови на Претседателството на БиХ, пратеници во Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ и во Претставничкиот дом на Парламентот на Федерациј

Балкан | пред 1 месец

media-library3snqle2s17ua5o9BWzt

„Во СДСМ имало многу повеќе корупција од што сме знаеле“ – Латас му одговори на Филипче

Новинарот Драган Павловиќ-Латас му одговори на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, откако тој го спомена Латас зборувајќи за медиуми кои, според него, работат во полза на ВМРО-ДПМНЕ.Латас во реакцијата се осврна на набавката на хеликоптери за Армијата и на вчерашните изјави на Филипче за поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска.„Богами, во СДСМ имало корупција многу повеќе од што сме знаеле. Само од купување хеликоптери фалат 35 милиони евра. Славјанка потпишала, но... Кој пред неа прег

Македонија | пред 1 месец

media-libraryiv8m4tg37906bOUDBUT

Руски хеликоптер Ми-8 се урна кај Воронеж, загинаа тројца членови на екипажот

Руски воен хеликоптер Ми-8 се урнал на 1 октомври во Воронешката област, при што загинале сите тројца членови на екипажот. Според неофицијалните информации што ги пренесуваат руски канали и медиуми, постои сомнеж дека леталото било погодено од сопствената противвоздушна одбрана.Хеликоптерот паднал на поле во Анинскиот округ, на околу 80 километри од Воронеж и приближно 200 километри од украинската граница.Според рускиот канал на „Телеграм“, „Маш“, во несреќата загинале пилотот, навигаторот и стр

Свет | пред 1 месец

media-library2uluffv3g07i9AwtOV3

По ерупциите на Анак Кракатау се појавија две нови островски формации

Две нови островски формации се појавиле во близина на индонезискиот вулкан Анак Кракатау по серијата ерупции минатиот месец, соопштија индонезиските власти. Сателитските снимки покажуваат дека формациите се наоѓаат на помалку од еден километар од вулканот.Индонезискиот Центар за вулканологија и ублажување на геолошките ризици (PVMBG) соопшти дека на снимките од сателитот „Сентинел“ се забележуваат две формации што наликуваат на мали острови.Сепак, властите предупредуваат дека е прерано тие да се

Свет | пред 1 месец

media-library24mnjn0bj5bocQY37nc

(Видео) Најдоски: ВМРО-ОКГ против Блаже Конески и македонскиот јазик

Претседателот на Комисијата за култура, Мирче Најдоски, на денешната прес-конференција обвини дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гласале против предлог-законот на СДСМ за воспоставување државна награда што би го носела името на Блаже Конески.На прес-конференција, Најдоски рече дека со одбивањето на предлогот, како што оцени, е отфрлена и можноста за воспоставување највисоко институционално признание за значајни научни и стручни достигнувања во областа на македонскиот јазик и македонистиката.Тој го и

Македонија | пред 1 месец

media-library1t41dhskauv96tipxic

Четворица приведени во Тетово и Гостиварско поради управување возила без возачка дозвола

Четири лица биле лишени од слобода во Тетово и Гостиварско поради управување патнички возила без соодветно стекнато право за управување, соопшти МВР. При интервенциите биле одземени и возилата.На 1 октомври во 15:00 часот, на улицата „167“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 31-годишниот Р.С. од Тетово. Тој бил затекнат како управува автомобил „бмв“ со тетовски регистарски ознаки без положен возачки испит. Возилото било одземено, а лицето било задржано во полициска

Македонија | пред 1 месец

media-librarytb285no993a18JoJoJy

Кочани доби нов дом на спортот – Mozzart го отвори теренот „Андреј Лазаров“

Фудбалот е повеќе од игра – тоа е емоција, тоа е сила што ги зближува луѓето и создава иднина полна со надеж. Со отворањето на петтиот мини пич терен, акцијата на Mozzart продолжува да ја пишува својата благородна приказна.Претходно, радоста на спортот веќе се пресели во Охрид, Велес, Свети Николе и Битола – градови што добија свои терени и нова енергија за младите генерации.Сега, Кочани ја добива истата чест: ново место каде што ќе растат соништата на младите таленти, каде што секој удар на топ

Магазин | пред 1 месец

media-libraryhsqfff6d04cm8geHM4n

700 грама хашиш откриени во поштенска пратка од Шпанија наменета за тетовец

Седум пакувања со хашиш, со вкупна тежина од 700 грама, биле откриени во поштенска пратка од Шпанија наменета за македонски државјанин од Тетово.Од Царинската управа информираат дека пратката, која пристигнала во Царинската испостава Пошти, била селектирана за детална контрола. При отворањето биле пронајдени неколку херметички затворени кеси во кои имало седум пакувања со зелена цврста материја.По сомнежот дека станува збор за дрога, биле повикани тимови од Одделението за оперативни работи. Цари

Македонија | пред 1 месец

media-library5qd10mdpghkqaareb1u

„Успехот од образованието на избраните кандидати е поголем од тој на колегата Василевски“, велат од АСМЛ за докторот кој се жалеше на дискриминација при вработување

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари (АСМЛ) се огласи во врска со јавно изнесените наводи на лекарот Дарко Василевски за наводна дискриминација при последниот конкурс, посочувајќи дека по објавувањето на случајот побарала информации од Деканатот на Медицинскиот факултет за постапката за селекција и вработување.Од Деканатот, како што наведува АСМЛ, било дадено образложение за текот на постапката, конкурсните критериуми и начинот на рангирање на кандидатите.Според информациите што ги доб

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања