Пронајдени 100 кесички марихуана во затворот Идризово
МВР информира дека на 21 мај 2026 година во 09:40 часот во СВР Скопје, од КПУ Затвор Идризово било пријавено дека при претрес во установата биле пронајдени и одземени 100 кесички со марихуана.Според пријавата, дрогата била откриена околу 07:30 часот, а потоа била подигната од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје за понатамошна постапка.Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија | пред 5 месеци