Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Screenshot-2025-09-13-at-11.09.22

(Видео) И натаму чади од „Дрисла“, зголемуваат број на механизација за да затрупуваат побрзо

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, соопшти дека утрово со засилено темпо продолжиле активностите за затрупување на делот од депонијата Дрисла од кој излегува чад, на површина приближно голема колку фудбалско игралиште. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)„Отворен оган не може да се забележи, чадењето е делумно намалено, но сè уште присутно“, изјави Ангелов.Тој посочи дека двата земјени пристапни патишта, кои вчера биле изработени како насип низ заезерената површина од отпадни води длабока околу 1,5 метри, значително го олеснуваат пристапот до критичниот дел.„Во овој момент работат оптимален број на камиони, багери и булдожери, а како што ќе се создаваат услови нивниот број ќе се зголемува“, додаде директорот.Ангелов нагласи дека на дивата депонија Вардариште нема горење ниту чадење, но продолжува затрупувањето на критичниот канал во кој претходно се разви пожар.

Скопје | пред 8 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-10.47.09

ВМРО-ДПМНЕ очекува повеќе советници и градоначалници споредено со претходните избори

ВМРО-ДПМНЕ ги комплетираше листите за советници и кандидати за градоначалници. Генералниот секретар, Ѓоргија Сајкоски, кажа дека кандидати за градоначаници се оние кои имаат кандидати, а советниците се избрани во месните и општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ.„Сите анализи и анкети, покажуваат дека ќе имаме голема победа на локалните избори. Граѓаните занаат и го ценат квалитетот на кандидатите. Трудот ќе биде награден на следните локални избори“,Според него, тие ќе имаат плус советници и градоначалници во споредба со 2021 година.

Македонија | пред 8 месеци

dzonson

Поранешен началник во МВР ќе ја предводи советничката листа на СДСМ во Ѓорче Петров

Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од редовите на СДСМ, Костадин Ацевски, го претстави носителот на советничката листа – Дејан Трајковски, познат меѓу ѓорчевци како Џонсон.„Чест ми е да ви го претставам носителот на победничката листа на советници на СДСМ во Ѓорче Петров, Дејан Трајковски - Џонсон. Дејан или попознат меѓу ѓорчевци како Џонсон, е пензиониран началник на сообраќајната полиција во МВР со долгогодишно искуство во безбедноста во сообраќајот. Познат е по својата посветеност, чесност и искрена желба да ги слуша и решава проблемите на граѓаните“, напиша Ацевски.Тој додаде дека заедно со Џонсон и кандидатите на советничката листа ќе работат чесно, одговорно и посветено за подобар живот во општината. „Не ветуваме чуда, ама ветуваме многу работа и упорност за Ѓорче да го направиме подобро место за живеење“, истакна Ацевски.

Скопје | пред 8 месеци

bbc5e8c1-3cf9-4ba6-83ce-51af93a06def

(Видео) Руси повторно користат цевки за инфилтрација – нови докази кај Купјанск

Руските сили повторно се обидуваат да навлезат на украинска територија преку подземни цевки – трет ваков случај досега, соопшти украинската аналитичка група DeepState, пренесува Украјинска правда.По претходните инциденти кај Суджа и Авдиивка, аналитичарите идентификувале нова рута за инфилтрација во близина на Купјанск. Според нив, руските војници користат специјално приспособена опрема за движење низ цевките.„Влезовите се наоѓаат кај Лиман Першии. За движење внатре се користат платформи на тркала, а во делови со поголема висина и електрични тротинети. Патот до предградието на Купјанск трае околу четири дена, со посебни пунктови за одмор и складирана храна. Така руските групи стигнуваат до Радкивка без сериозни загуби, потоа се движат кон шумата и се распрснуваат во Купјанск, сè до железничката линија“, наведува DeepState.Аналітики проєкту DeepState повідомляють, що росіяни втретє після випадків біля Суджі та в Авдіївці використали труби для просочування своїх груп.Відео - DeepState pic.twitter.com/AvxJCQugPP— Українська правда ✌️ (@ukrpravda_news) September 12, 2025 Во самиот град, според нив, веќе се воспоставени позиции за лансирање на руски FPV-дронови. Ситуацијата е дополнително комплицирана бидејќи не е спроведена задолжителна евакуација на цивилите – многу жители и натаму престојуваат во домовите каде што се наоѓаат и руските војници, што ги ограничува украинските напади.Ова не е прв случај на ваква тактика: на 8 март годинава околу сто руски војници искористиле гасовод за да стигнат до украинските позиции кај Суджа.A video has appeared online, allegedly showing Russian troops sneaking through a gas pipeline to enter the city of Kupiansk in Kharkiv region. pic.twitter.com/B0OZUaxeTR— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 13, 2025 Руски Telegram канали објавија и видеа од упадот во Купјанск преку подземен гасовод. Каналот Supernova+ тврдеше дека снимката е стара еден месец и обвини дека DeepState задоцнето ја критикува украинската армија.Купјанск е стратешки важен град во Харковската област, бидејќи претставува крстосница на клучни транспортни правци, вклучително и железничката мрежа што ја поврзува Русија со источна и јужна Украина. Во текот на инвазијата, служеше како едно од главните логистички седишта за снабдување на руските сили. Контролата над Купјанск овозможува надзор врз железничките линии и патиштата кон Изјум, Сватово и понатаму кон Донбас, што го прави критична точка за двете страни.

Свет | пред 8 месеци

polska-granica

Полска го активира членот 4 од НАТО - што значи ова?

Полска официјално го активираше членот 4 од Северноатлантскиот договор, откако во средата беа забележани 19 повреди на нејзиниот воздушен простор од руски беспилотни летала. НАТО борбени авиони урнаа дел од дроновите што навлегоа на територијата на земјата за време на нападот врз соседна Украина, а полските власти го оценија настанот како „руска провокација“.Министерството за внатрешни работи на Полска потврди дека вкупно 16 дронови биле пронајдени на различни локации низ земјата. Полскиот премиер Доналд Туск упадите ги нарече „повреда без преседан“ и истакна дека голем дел од дроновите дошле од Белорусија.Членот 4 од НАТО овозможува државата членка да побара консултации во Северноатлантскиот совет кога е загрозен нејзиниот територијален интегритет, политичка независност или безбедност. Засега не станува збор за членот 5, кој предвидува автоматска воена реакција.По итниот состанок во Брисел, генералниот секретар на НАТО Марк Руте порача дека сојузниците ја изразиле својата солидарност со Полска и го осудиле „неодговорното однесување на Русија“.Полските вооружени сили воведоа ограничувања на воздушниот сообраќај во источниот дел на земјата до 9 декември, а Варшава најави и барање за итен состанок на Советот за безбедност на ОН. Москва пак демантира дека имала намера да таргетира цели на полска територија и го нарече инцидентот „мит што Полска го шири“.

Свет | пред 8 месеци

sutka-deponija

(Видео) Втор ден гори на игралиштето во Шуто Оризари претворено во мини депонија

На игралиштето во Шуто Оризари, кое веќе со месеци е претворено во мини депонија, утринава избил пожар. Жителите алармираат дека токму на тој простор секој викенд се организира т.н. „бувљак пазар“, а на само неколку метри подолу денеска избувнал огин.Тие остро реагираат дека при согорувањето на отпадот се испуштаат отровни материи во воздухот, со што се загрозува здравјето на населението. Локалците потсетуваат дека повеќе пати се жалеле за несовесното управување со отпадот и ненавременото негово собирање, но досега институциите не презеле конкретни мерки. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)Еве како изгледа игралиштето:https://skopje1.mk/archives/344385

Скопје | пред 8 месеци

zagadeno-skopje

Онколошка пациентка со остра порака: Не сте преживеале канцер, затоа ви е океј да терате предизборни кампањи

Академскиот сликар и онколошки пациент Анжелика Колева со емотивна и остра порака преку социјалните мрежи се обрати до властите и јавноста за проблемот со загадувањето и системската негрижа. Таа вели дека луѓето кои носат одлуки не се соочиле со тежината на канцер и затоа им е лесно да се занимаваат со предизборни кампањи наместо да преземат итни мерки за заштита на граѓаните.„Не сте преживеале канцер, затоа ви е океј да терате предизборни кампањи наместо да ангажирате сѐ што е војска и полиција да ги чува депониите. Не сте чекале ред на Онкологија за хемотерапија, затоа ви е океј да дишеме ваков воздух на смрт што мириса“, напиша Колева.Таа посочи дека додека семејствата на пациентите се тресат пред оперативни сали, властите гледаат „сонце на чисто“, а нивните деца учат на безбедно во странство, додека туѓите деца се трујат дома. Колева потсети и на трагедијата во Кочани, како и на проблемите во Онкологија, теми кои, според неа, брзо исчезнале од вниманието на јавноста.„Ова е растроена нација, психички оболена за лајкови и интеракција на мреживе. Народот е непотресен за ништо – освен за продолжен викенд да врзе. Составот на државата е од партиски полтрони и ништо повеќе од тоа. Во состојба сте да се угушите самите себеси“, додаде Колева.На крај, таа саркастично порача: „Ставајте маските… да се заштитите де! Каков народ – таква држава. Толку!“

Коментари | пред 8 месеци

tejler-robinson

Од студент со стипендија до осомничен за политичко убиство: Кој е Тајлер Робинсон?

Тајлер Робинсон од Јута, некогаш успешен ученик и стипендист на престижен универзитет, денес е главен осомничен за убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк, јавува CNN. Истражителите се обидуваат да откријат што довело до пресврт во животот на младиот човек со ветувачка иднина.Робинсон, кој пораснал во мирно предградие во Сент Џорџ, завршил средно училиште во 2021 година со највисоки оценки. Истата година гордо објавил видео во кое чита писмо за четиригодишна стипендија од Универзитетот Јута Стејт. Но, по само еден семестар го напуштил факултетот и никогаш не се вратил. Подоцна се запишал во технички колеџ за обука на електричари.Мотивот за злосторството сè уште се истражува. Во близина на местото на нападот била пронајдена пушка, а на чаурите биле врежани антиестаблишмент и антифашистички пораки, меѓу кои и стихови од италијанската песна „Бела чао“. Присутни биле и алузии на видео-игри и интернет мемови, што укажува на длабока вклученост во онлајн културата.Сведоштвата за политичките ставови на Робинсон се контрадикторни. Некои поранешни соученици велат дека бил конзервативец и поддржувач на Доналд Трамп, додека други го опишуваат како повлечен, без изразени политички ставови. Регистриран е како независен гласач, но никогаш не гласал.Соседи и познаници го опишуваат како „тивок“ и „незабележлив“, додека неговото семејство, познато по републиканската ориентација, не сака да ја коментира истрагата.Пресвртниот момент настанал кога неговиот татко го препознал на фотографиите објавени од полицијата. При семејна конфронтација, 22-годишниот Робинсон наводно признал, велејќи дека „подобро би се убил отколку да се предаде“. По разговор со семеен пастор, сепак се предал на властите.Досега тој одбива да соработува со истражителите, оставајќи без одговор клучни прашања: како едно „златно дете“ со стипендија и иднина пред себе заврши како осомничен за политички атентат.

Свет | пред 8 месеци

544851890_17962759382972292_358438863839032306_n

(Видео) Жителите на Аеродром со блокада: „Загадувањето е визуелно, но умирањето е реалност“

Протестите против загадувањето во скопската населба Аеродром продолжија и денеска, со блокада на крстосницата меѓу булеварите „Србија“ и АСНОМ, пред мостот „Киро Глигоров“. За разлика од претходните денови, денеска беше забележано зголемено присуство на граѓани, од кои многумина пристигнаа со велосипеди или со своите деца.Децата беа најбројни и најгласни, носејќи транспаренти кои самите ги изработиле. На дел од нив пишуваше: „1 од 9 деца умираат од загаден воздух“, „Дојди на блокади – аир (air) да видиш“... View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)Возрасните граѓани исто така носеа пораки насочени кон властите: „Изборите ви се угушија“, „Загадувањето е само визуелно? Умирањето е реалност!“.Протестот, кој трае неколку дена по ред, е реакција на жителите поради силното загадување што, според нив, доаѓа од депонијата „Дрисла“ и дивата депонија во Вардариште.Организаторите порачаа дека нема да сопрат додека не се најде трајно решение за проблемот и најавија нов марш и за утре во 18 часот.

Скопје | пред 8 месеци

pistol-kursumi-zaplena

Претреси во Куманово: пронајдени 15 дронови и куршуми

Полициски службеници од СВР Куманово денеска (12.09.2025), по судска наредба, извршиле претреси во домовите на Д.Х. (47) и Д.Г. (51) од Куманово, како и во деловни простории на правното лице на Д.Г.Претресите следеле поради основи на сомнение за неовластено снимање со дрон на зградата на СВР Куманово, службени возила и физичко обезбедување на настан по повод празникот 2 Август.Кај Д.Х. биле пронајдени еден дрон, шест куршуми и нотарски акти со документација, кои ќе бидат дополнително обработени.Кај Д.Г. полицијата пронашла 14 дронови.Со двајцата лица се извршени службени разговори, а случајот се расчистува. Полицијата најави дека ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 8 месеци

drisla

Крим-полицијата разговара со вработени во „Дрисла“ – се истражува можност за подметнување на пожарот

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во моментов вршат службени разговори со вработени во ЈП „Дрисла“ за да се утврди евентуално учество од внатре во подметнување на пожарот на депонијата. Ова денеска го соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и раководител на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, на прес-конференција во близина на депонијата.Ангелов посочи дека според информациите со кои располага, имало најмалку три обиди за палење на депонијата, но тие биле навреме изгаснати.„Од тие причини денеска побарав припадници на криминалистичката полиција да влезат во депонијата и да поразговараат со вработените, за да дојдат до релевантни информации околу можни причинители на пожарот. Не зборуваме за конкретно осомничен, туку дали постои можност некој од внатре да учествува во подметнувањето или можеби некој од надвор, физички спремен, со канта или шише бензин,“ изјави Ангелов.Тој додаде дека во следниот период ќе бидат употребени повеќе методи за набљудување на депонијата, како и засилено полициско присуство, со цел откривање на евентуални потпалувачи.„Малку е необјасниво како откако драстично ќе го намалиме огнот, чадењето повторно толку многу да се зголеми,“ рече директорот.Ангелов потсети дека површината на „Дрисла“ изнесува 85 хектари и дека ограда постои само на влезот, додека останатиот дел е лесно достапен за злонамерници. Според него, сомнителна е и функционалноста на дел од камерите, особено на задниот дел од депонијата.

Скопје | пред 8 месеци

klark-ubiec

Татко го предаде синот: апсење на осомничениот за ликвидацијата на Чарли Кирк во Јута

Мажот осомничен за убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк е уапсен во Јута, а клучна улога во неговото предавање одиграл неговиот татко, објави CNN.Според информациите, осомничениот е 22-годишниот Тајлер Робинсон, кој на својот татко му признал дека е одговорен за пукањето. Таткото веднаш ги известил властите, го спречил синот да избега и во соработка со полицијата помогнал при неговото апсење.Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврди дека Робинсон е уапсен во четвртокот околу 23 часот по локално време во јужна Јута. „Тој одигра клучна улога – не само што го охрабри синот да се предаде, туку и помогна во процесот на апсење,“ изјави Кокс.Дополнително, во процесот бил вклучен и пастор, кому таткото се обратил за помош, по што бил воспоставен контакт со органите за спроведување на законот.Истрагата открила докази од комуникацијата на Робинсон со неговиот цимер преку платформата „Дискорд“. Според гувернерот Кокс, во пораките се споменувало складирање на оружје, оставање пушка во грмушка, завиткување во пешкир, како и куршуми со гравирање.Робинсон, наводно, му пишувал на цимерот дека треба да се пресоблече по нападот. Цимерот првично мислел дека пораките се шега, но подоцна информациите ги предал на истражителите.Според членови на семејството, Робинсон во последните години станал поактивен политички и изразувал негативни ставови кон Кирк и неговите настапи. „Кирк е полн со омраза и шири омраза,“ изјавил еден од блиските роднини, пренесе гувернерот Кокс.Осомничениот живеел во куќа вредна 600.000 долари во градот Вашингтон, на 420 километри јужно од местото на злосторството. Неговата мајка, Амбер Робинсон, работи во компанија која соработува со државата Јута во обезбедување грижа за лица со попреченост.Очекувањата се дека директорот на ФБИ, Кеш Пател, како и претставници на Јута, во најскоро време ќе се обратат со официјални информации за случајот.

Свет | пред 8 месеци

aleksandar-trajanovski1

Александар Трајановски е кандидат на ГРОМ за градоначалник на Град Скопје, Ристо Пенов носител на коалиционата листа

Кандидатот за градоначалник на Скопје од коалицијата ГРОМ, ЛДП, Интегра и ПЦЕР ја објави својата кандидатура, истакнувајќи дека по осум години работа во Советот на Градот е подготвен да понуди конкретни решенија за проблемите на граѓаните, со визија за современо и одговорно Скопје и со Ристо Пенов како носител на листата.Со голема чест и чувство на одговорност ја прифаќам кандидатурата за градоначалник на Скопје, од коалицијата ГРОМ, ЛДП, Интегра и ПЦЕР.По 8 години активно работење во Советот на Град Скопје – со бројни иницијативи, предлози и проекти, со средби и размена на искуства со градоначалници од повеќе од 30 европски градови, како и со учество на обуки и семинари за развој и унапредување на локалната самоуправа – денес сум подготвен да понудам конкретни решенија за проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните, градот и јавните претпријатија.Особено ми е чест што како носител на нашата листа ќе биде господинот Ристо Пенов, човек кој веќе остави длабок белег на овој град. Заедно ќе понудиме конкретни и ефикасни решенија за подобар живот во главниот град.Нашата визија е:✔️ Современо и одговорно Скопје✔️ Отворен град за граѓаните✔️ Ефикасен јавен превоз✔️ Модерно управување со отпадот✔️ Почит и соработка со сите општини✔️ Решавање на реалните проблеми на сите граѓаниЗаедно можеме да изградиме Скопје какво што заслужуваме – модерен, функционален и жив град за сите нас!

Скопје | пред 8 месеци

vozilo-zapaleno

Галетановски објави фотографија од запаленото возило: „Трет ден полицијата не ме контактира, инспекторите прегледуваат камери“

Ѓорѓи Галетановски, на кого пред неколку дена му беше запалено возилото пред зграда, објави дека и по три дена од инцидентот полицијата сè уште не го контактирала, но според информации од соседи и сопственици на дуќани во Кисела Вода, инспектори интензивно прегледувале камери и вршеле распити.-Бидејќи многу пораки имам со прашања дали има нешто за кукавициве да одговорам на сите.Не,трет ден не ми се јавиле од полиција но како што ми кажуваат жители од К вода комшии сопственици на дуќани, инспектори секојдневно чешлале камери овие два дена и интензивно работеле со распити. Ги поздравувам и се надевам дека ќе ја откријат оваа кукавичко криминална банда да го вратат мирот на граѓаните. Казните за овие дела мора да ги зголемат и изедначат со тероризам бидејќи граѓаните освен финансиски оштетени се и психички

Скопје | пред 8 месеци

mickoski-dokumenti

Мицковски контра обвинувањата на Апасиев: Свиркачи доставиле документи - Апасиев и Мециновиќ си земале пари од партиската каса

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на собраниската седница за опозициски прашања покажа документи и списоци за коишто рече дека ги добиле од свиркачи во врска со партискиот објект на Левица и од кои исто така, како што кажа, се гледа дека претседателот на Левица Димитар Апасиев и кандидатот за градоначалник на Скопје на оваа партија си префрлувале пари од сметката на Левица.Мицкоски прочита извадок од записник во кој, наводно, Апасиев информира партиски членови за купувањето на објектот на поранешниот хотел „Опера хаус“ за 250.000 евра, оти се работи за четири нивоа и дека два – три месеци се преговарало со Унибанка.– Демантиравте дека имавте врска со ова еднаш кога ја отворив оваа тема и тогаш велевте не е тоа така, ова е скромно местенце, толку квадрати итн, итн… а овде гледам дека сте полн со себе па во јавноста веќе кога се обидувавте да шпекулирате и да лажете. Треба да ѝ дадете одговор на јавноста кога бевте Димитар Апасиев кој ја зборуваше вистината, тогаш, или кога излезе овој записник пред вашите во ЦК – рече Мицкоски.Кога сме кај злоупотребите во Левица, рече премиерот, свиркач до нив исто така доставил список на трансакции во кој, како што кажа од собраниската говорница, има стотици трансакции на пари префрлани од политичката партија Левица на трансакциска сметка на Апасиев.Мицкоски ова го кажа контра обвинувањата на Апасиев за поврзаноста на ВМРО-ДПМНЕ со агенцијата Рубикон и нејзиниот сопственик, која го обезбедувала објектот на дискотеката „Пулс“ во Кочани во која во пожар починаа 63 лица, а околу 250 се повредени. Апасиев, кој од говорницата покажуваше фотографии, го праша Мицкоски дали ќе си поднесе оставка, повикувајќи се на изјава на премиерот.Претседателот на Владата Мицкоски рече дека Апасиев се служи со лаги, невистини и клевети и оти и тој има слика со него додавајќи дека можеби требаше и тие да ги објави.фото: Собрание/Принт скрин

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-09-12-142749

(Видео) Апасиев го праша премиерот Мицкоски: Колку кеш од агенцијата за обезбедување на кочанската дискотека завршија во касата на ДПМНЕ?

На собраниската седница за пратенички прашања, лидерот на Левица, Димитар Апасиев го праша премиерот Христијан Мицкоски дали ќе си поднесе оставка како што вети, бидејќи има несоборливи докази за поврзаност на агенцијата „Рубикон“ со неговата партијата.Почитуван северномакедонски премиер, моето прашање е за вмровската агенција ,,Рубикон", која ја обезбедуваше дискошталата во Кочани. Оваа агенција е основана како паравојска, со цел да ја замени фирмата ,,СГС" на Мијалков со кој божемски се скаравте. ,,Рубикон" е формирана веднаш после Вашата победа на локалните избори и веднаш почнува да добива тендери од вмровските општини.Вистински сопственик на оваа агенција е Александар Нацев, кој беше директор за време на Груевски, а беше и делегат на Валандовскиот конгрес во 2017 година, каде Вие сте избран за лидер, односно октроиран од страна на Груевски, бидејќи Вие бевте анонимус во Вашата сопствена партија.Бидејќи Вие сам изјавивте дека ќе си дадете оставка, доколку има било какви докази дека агенцијата за обезбедување на дискошталата е поврзана со ДПМНЕ - ќе Ве прашам дали после вакви докази ќе си поднесете оставка од функцијата?!

Македонија | пред 8 месеци

Vizbegovo-pozar

(Видео) Повторно гори депонија, овој пат во Шутка!

Скопје1 објави видео на кое се гледа дека синоќа гореше депонијата во Шутка. Утринава имаше само чад, но сега како што информира ЦУК, повторно е активен пожарот. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)

Скопје | пред 8 месеци

DSC_0104

Политичарите за се воздржат од недолични коментари пред изборите! Реакција на обвинителите

Здружението на јавните обвинители најостро реагира на недоличните и неаргументирани изјави на одредени политичари со кои директно се загрозува интегритетот и самостојноста на Јавното обвинителство и на правосудните институции воопшто.Апелираме особено политичарите во предизборната реторика да се воздржат од неосновани напади со кои ја поткопуваат довербата во правосудните институции и го нарушуваат угледот на јавните обвинители.Јавното обвинителство е самостојна институција чија работа се темели исклучиво врз основа на Уставот, законите и материјалните докази. Ниту еден предмет не може и не смее да се води врз основа на политички притисоци или јавни прозивки, туку само врз основа на аргументирани факти и во рамките на законски пропишаните процедури.Потсетуваме дека секој што смета дека постојат елементи за кривично гонење, има право да поднесе соодветна пријава до надлежното обвинителство. Пријавата ќе биде внимателно разгледана и процесуирана во согласност со доказите и законската рамка.Јавните обвинители ја извршуваат својата функција професионално, совесно и самостојно, и токму затоа е од особена важност да се обезбеди простор тие да ја вршат својата работа без притисоци, навреди или мешање од страна на политички или други центри на моќ.

Македонија | пред 8 месеци

gradonacalnici

СДСМ објави: Игор Христов кандидат за градоначалник на Кочани, Жика Стојановски на Илинден

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници.Со одлука на Извршниот одбор на СДСМ на вчерашната попладневна седница е дадена согласност за уште четири нови кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори:▫️Едис Хасан – кандидат за градоначалник на Шуто Оризари.▫️Жика Стојановски – кандидат за градоначалник на Илинден.▫️Игор Христов – кандидат за градоначалник на Кочани.▫️Исуф Синани – кандидат за градоначалник на Долнени.Со ова, СДСМ веќе има објавено 64 кандидати за градоначалници од СДСМ во 64 општини ширум државата.Сите кандидати на СДСМ се луѓе со интегритет, докажани кадри со желба за работа и јасна визија за развој на своите општини.Кандидатите на СДСМ ќе бидат гласот на граѓаните, ќе работат за решавање на секојдневните проблеми, за подобрување на квалитетот на живот и развојот на општините.

Македонија | пред 8 месеци

kocani-sovet

Советот на Општина Кочани е банкомат за партиите – тврди Венко Крстевски

Преку објава на социјалните мрежи, Венко Крстевски остро го критикуваше Советот на Општина Кочани и претседателот Лазо Митев, обвинувајќи за незаконски одлуки, партиски влијанија и оставени граѓани без решение.Советот на Општина Кочани уште еднаш покажа дека за нив законите не важат, важи само партиската агенда.Претседателот на Советот, Лазо Митев, наместо да ја брани општината и граѓаните, повторно оди спротивно на закон и уцени. Закани и манипулации ги користи како политички алатки. Без официјален документ примен во Општина Кочани, Советот незаконски донесе одлука за паралелки со намален број ученици и истата е СТОПИРАНА на 3-ти септември. А притоа, Лазо Митев најавува кривична против мене и обвинува дека „се криеле документи“. Епа, јавно прашувам: како тој документ стигнал кај него? Од партијата ли? Од нивните канцеларии по кафани? Зошто тој го добил а јас не? Дали по партиска пошта испраќаат официјајлни документи?Ова е суштината на проблемот, партиите гледаат на Општина Кочани како на банкомат, од каде треба да се испумпуваат пари за нивната партиска војска. Милиони денари за партиски војници, додека граѓаните се дават во проблеми без решение.Никогаш порано Кочани немал толку слаба советничка група како што е на ВМРО-ДПМНЕ, луѓе без став, без идеја, без визија, без искажан збор. Единствен интерес им е паушалот што го земаат секој месец. А граѓаните? Оставени на милост и немилост.Јас нема да молчам!Партиите може да си плаќаат војска колку сакаат, ама народот гледа и памети. Кочани заслужува чесна и одговорна власт, а не партиски пиончиња што работат против својот град.#ПаушалКомити

Македонија | пред 8 месеци

kremlj-moskva

Кремљ го гаси интернетот поради украинските дронови

Сè поинтензивните украински напади со дронови врз цели длабоко во руска територија го поттикнаа Кремљ на привремени прекини на интернет-услугите, што предизвикува нарушувања за потрошувачите, компаниите и јавните служби. Локалните исклучувања, кои ова лето траеја од неколку часа до неколку недели, се реакција на тоа што Киев користи дронови насочувани преку мобилна мрежа за напади врз руските воздушни бази.Бројот на прекини во преносот на мобилни податоци достигнал 2000 во јули и август, што е повеќе од тројно зголемување во однос на јуни. „Војната конечно стигна во Русија“, изјави Михаил Климарев, директор на Internet Protection Society, руска организација за дигитални права во егзил: „Дроновите доаѓаат, а тие вака се обидуваат да се бранат.“Телевизијата им советува на граѓаните да користат аналоген системИсклучувањата на интернетот оневозможуваат работа на каси, спречуваат автобусите да валидираат билети и ги оставаат доставувачите без можност да ги пронајдат адресите. Прекините дополнително ги зголемуваат предизвиците за руската воена економија, која покажува знаци на забавување по години западни санкции. Компаниите уште во првата половина на оваа година се соочија со проблеми во синџирите на снабдување и со рекордно високи каматни стапки.Еден час интернет-замраченост ја чини Русија 557 милиони долари на национално ниво, а 115 милиони долари само во Москва, според проценките на Internet Protection Society, кои ги пренесува Financial Times.Во август, руската државна телевизија им даваше совети на гледачите како да се префрлат на аналоген систем: „Вклучете ја функцијата near field communication во поставките на телефонот, па парите можете да ги испратите на друго лице со едноставно доближување на вашиот смартфон до неговиот. Таа технологија функционира преку радио бранови.“Гувернерот се извини на јавноста поради прекинитеИсклучувањата често се спроведуваат во области околу воени објекти, каде локалните власти ги исклучуваат мобилните мрежи за да го оневозможат насочувањето на дроновите. Во многу случаи прекините траат од неколку часа до неколку дена.Нижњеновгородската област, 400 километри источно од Москва, каде што се наоѓаат неколку воени погони, искусила прекини на мобилниот интернет и по повеќе од два месеца. Градот беше нападнат со украински дронови на секои неколку месеци во 2024 година, но оваа година ударите станаа почести.„Нашиот регион има многу индустриски и стратешки локации кои се интересни за непријателот“, напиша гувернерот Глеб Никитин во јули на руската социјална мрежа VK: „Затоа областите со слаб сигнал се големи и зафаќаат многу станбени квартови.“

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-09-12-124527

Снимено e бегството на убиецот на Кирк, човекот што го фотографирал местото на атентатот е уапсен

Одделот за јавна безбедност на американската сојузна држава Јута објави снимка од осомничениот за убиството на најпознатиот американски десничарски активист Чарли Кирк. На снимката се гледа маж како трча преку покрив на училишна зграда, а потоа влегува во блиската шума, каде подоцна била пронајдена пушката со која Кирк бил убиен.Да потсетиме, конзервативниот инфлуенсер и близок сојузник на Трамп беше застрелан во среда во вратот додека им се обраќаше на присутните на универзитет во Јута. Беше пренесен во болница, но наскоро почина. Напаѓачот сè уште е во бегство.🚨 NEW FOOTAGE ::: SHOOTER ON ROOFFBI releases exclusive close-up footage of Charlie Kirk shooter suspect jumping off Utah Valley University roof, 3 mins after the assassination. Suspect fled the scene, with over 7,000 tips already received. #CharlieKirk pic.twitter.com/dYj4Qk4qAm— Culture War Report (@CultureWar2020) September 12, 2025 Инаку, едно лице е уапсено откако успеал да упадне на местото на атентатот на Универзитетот Јута Вели за да снима фотографии и видеоснимки на доказите, како и селфи, пренесува телевизиската станица KUTV.Според полицијата, 38-годишниот Расел Ким Кенингтон од Плезант Гроув, Јута, е обвинет за попречување на правдата и незаконито влегување на туѓ имот. Тој, облечен во бел лабораториски мантил, ја поминал полициската лента на местото на злосторството и започнал да фотографира и снима докази, а во еден момент направил и селфи. Селфито било пронајдено откако полицијата му го одзела мобилниот телефон.Најважни сознанија од истрагатаШефот на Одделот за јавна безбедност на Јута изјави дека сè уште не е познато каде се наоѓа убиецот.Истовремено, Wall Street Journal објави дека на куршумите биле пронајдени слогани поврзани со „антифа“ и трансродова идеологија, но извор близок до истрагата за New York Times нагласил дека тоа не се совпаѓа со официјалните резимеа на доказите.Објавена е и снимка од бегството на осомничениот, а повеќе медиуми јавуваат дека полицијата веќе располага со име на напаѓачот.ФБИ понуди награда од 100.000 долари за информации што ќе помогнат во расветлување на убиството. Воедно, на пронајдената пушка и куршуми биле уочени гравури со транс и антифашистички слогани, додека од местото на злосторството се обезбедени и снимки од лицето на осомничениот и отпечатоци од дланка и подлактица.Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе го одликува Чарли Кирк со Претседателски медал на слободата.Потрагата по напаѓачот продолжува.

Свет | пред 8 месеци

drisla1

„Дрисла“ тврди: „Од 2022 година не согоруваме отпад“

Јавното претпријатие „Дрисла“ во соопштение нагласи дека е единствената санитарна лиценцирана депонија во државата и дека од 2022 година таму не се согорува отпад, туку истиот се обработува во автоклав – уред кој со пареа под висок притисок го стерилизира отпадот и потоа го компримира.На тој начин, велат од претпријатието, нема никаква можност за загадување. Од „Дрисла“ посочуваат дека сите тековни активности се изведуваат во согласност со техничко–технолошкиот проектиран процес, имајќи ја предвид заштитата на животната средина, здравјето на луѓето и природата, како и усогласеност со постојните законски прописи.„Апелираме до Министерството за внатрешни работи да спроведе истрага за изнаоѓање и санкционирање на потпалувачите на пожарите, за кои се сомневаме дека се политички мотивирани и со цел дефокусирање од реалните проблеми. Депонија ‘Дрисла’ без вакви намерни инциденти нема никаков потенцијал за загадување и работи според највисоки стандарди“, се наведува во соопштението.

Скопје | пред 8 месеци

brza-pomos-nokje-3

Тројца загинати работници од Непал во сообраќајка кај Штип

Тројца работници од Непал загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи на експресниот пат Штип–Радовиш, кога комбе со петмина патници излетало од патот и паднало од мостот во коритото на Балталичка река.Во возилото се превезувале работници ангажирани од струмичка фирма. Според првичните информации, освен тројцата загинати, едно лице е тешко повредено, додека возачот се здобил со полесни повреди.Основното јавно обвинителство Штип соопшти дека е извршен увид на местото на несреќата. Обвинителот наредил разговори со очевидци, обдукција на телата на загинатите и сообраќајно вештачење за да се утврдат причините за трагедијата.

Македонија | пред 8 месеци

Mickoski-Carina

Шпекулации, конструкции, подметнувања, невистини - ова се очекувањата на премиерот пред локалните избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, изјави дека во претстојната кампања за локалните избори очекува опозицијата да настапи со шпекулации и невистини, но нагласи дека владејачката партија има конкретни резултати да им ги претстави на граѓаните.„Очекувам кампања во која ќе изобилуваат шпекулации, конструкции, подметнувања, невистини од страна на опозицијата и малкумината поддржувачи. Ние имаме со што да излеземе пред граѓаните – што сме направиле во изминативе четири години во општините и во изминативе 15 месеци во Владата. Ете тоа би било на кратко“, рече Мицкоски од партиската говорница.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања