Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

turcija-ambulanta

Двајца браќа тинејџери починале во хотел во Истанбул, властите се сомневаат на труење со храна

Двајца малолетни браќа од Холандија беа пронајдени мртви во хотелска соба во Истанбул, а првичните сомнежи се дека станува збор за труење.Холандскиот државјанин Рашид Мохамед Аџуб (57) престојувал во градот заедно со своите синови – 17-годишниот Мохамед Џамил Јусуф и 15-годишниот Мохамед Јаздани. Според турските медиуми, семејството во петокот вечерта вечерало во ресторан во населбата Таксим, но храната јаделе само момчињата, додека таткото не јадел.Следното утро, вработени во хотелот слушнале врева од собата и при влегувањето ги затекнале тинејџерите во безживотна состојба, додека нивниот татко бил во шок и се онесвестил. Итната помош пристигнала на лице место и ја констатирала смртта на децата, а Аџуб бил пренесен во болница.Еден од хотелските работници изјавил дека едното момче лежело на креветот, а другото на подот и дека медицинските екипи можеле само да ги прогласат за починати.Полицијата отвори истрага за причините за трагедијата, со цел да се утврди дали станува збор за труење со храна. Според државната агенција „Анадолу“, таткото во болница сведочел дека неговите синови јаделе во ресторан во Таксим, по што по враќањето во хотелот нагло им се слошило.Браќата со таткото биле на одмор во Турција. Турските медиуми потсетуваат дека во земјата чести се вакви опасни и понекогаш фатални случаи, особено кога е поврзан алкохол. По Нова година, во Истанбул имаше масовно труење во кое починаа 34 лица, а во мај властите објавија дека повеќе од 100 луѓе во Анкара починале во период од неколку месеци по консумирање домашно произведен алкохол.

пред 8 месеци

Screenshot-2025-08-24-at-11.10.40

Украински дронови предизвикаа принудно слетување на авион со руски туристи во Естонија

Патнички авион со руски туристи кој летал од египетското летувалиште Шарм ел Шеик кон Санкт Петербург бил принуден да слета во Талин, Естонија, поради украински напади со дронови врз руска инфраструктура.Според информациите од аеродромот во Талин, летот бил пренасочен бидејќи аеродромот Пулково во Санкт Петербург бил привремено затворен. „Заради затворањето, авионот беше пренасочен во Талин“, изјави Маргот Холц, раководителка за комуникации и маркетинг.Авионот, со кој управувала египетската авиокомпанија AlMasria Universal Airlines, слетал во Талин во 5:33 часот наутро по локално време. Патувањето кон Санкт Петербург било продолжено речиси шест часа подоцна. За време на престојот, патниците и екипажот не смееле да го напуштат авионот.Нападите се случиле во ноќта меѓу сабота и недела, кога украински дронови погодиле терминал за течен природен гас во Ленинградската област и нафтена рафинерија во Самарската област. Извор од украинската служба за безбедност (СБУ) потврдил дека зад нападот на гасниот терминал стојат украинските разузнавачки структури.Овие удари се дел од пошироката стратегија на Украина за нарушување на руската логистика далеку зад линијата на фронтот. Според украинските и западни извори, само во првите месеци од 2025 година ваквите напади довеле до тоа Русија да прекине со работа на своите аеродроми повеќе од 200 пати.Настанот дополнително ја покажува ранливоста на руската инфраструктура на долг дострел и влијанието на конфликтот врз цивилниот воздушен сообраќај во регионот.

Свет | пред 8 месеци

divogradbi-albanija

(Видео) Рама безмилосен, продолжува да ги урива дивоградбите во Албанија, овој пат на ред беше Драч!

Албанскиот премиер, Еди Рама, објави ново видео на Фејсбук од масовното уривање на дивоградби ширум Албанија, овој пат од Драч.Рама имаше само кратка порака во својата објава „ЕУ“.Акцијата опфаќа отстранување времени објекти и огради поставени на тротоари и на јавни простори, а општините се задолжени да ги урнат сите градби на оние што не ги почитуваат официјалните одлуки.Државата ја претстави и апликацијата „Мој јавен простор“, преку која граѓаните можат директно да пријават узурпација на јавен простор, со што институциите ќе имаат побрз пристап до информации и ќе реагираат поефикасно.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-08-24-155722

Дисциплинска постапка против ФК Шкупи поради инцидентот на натпреварот со Брегалница

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) вчера попладен излезе со остра реакција поради случувањата на натпреварот од младинските категории меѓу Брегалница и Шкупи, кога родители на гостинските играчи влегоа на терен и физички нападнаа дел од домашните фудбалери.„Ова однесување е крајно неприфатливо и претставува сериозно нарушување на спортскиот дух, фер-плејот и безбедноста на младите играчи. Особено е вознемирувачки фактот што едно дете доби тешки повреди, вклучувајќи скршеници, како последица од нападот“, се наведува во соопштението на ФФМ.Од Федерацијата најавија дека надлежните органи ќе поведат дисциплинска постапка и ќе преземат соодветни мерки против одговорните.„Дисциплинска постапка ќе биде поведена против ФК Шкупи и сите инволвирани лица, со цел да не се дозволи вакво недолично и опасно однесување да се повтори. ФФМ уште еднаш потсетува дека насилството на спортските терени е недозволиво и ќе биде строго санкционирано. Компромис за насилство, без разлика од кого и на кое ниво, нема да има“, стои во реакцијата.

Македонија | пред 8 месеци

Venko-SDSM-1

Филипче: Неспособноста на Мицкоски да испорача резултати го турка повторно во старите измислени сценарија за хаос

Премиерот Христијан Мицковски повторно покажува целосна неспособност и менаџирање на државата. И денеска и една година наназад за политичкиот неуспех на Мицковски криви се СДСМ и ДУИ, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче во изјава за Телма телевизија. Филипче обвинувањата на премиерот Мицковски дека СДСМ и ДУИ имаат тајни планови за хаос и политички малверзации за изборите ја оценува како резултат на немањето капацитет да се води државата.„Иако пред повеќе месеци Уставниот суд ја донесе одлуката и го укина телото од изборниот закон од процентот на потребни потписи да се кандидираат независните листи власта чекаше до последниот момент да даде предлог на закон откако изборите беа распишани. За жал не направија ништо ниту да се обидат тој закон за помине во Парламентот, не дојдоа сите пратеници од коалицијата од ВЛЕН од дел од националностите. Не се ни обидоа да го обезбедат бадентеровото мнозинство иако ние како СДСМ дадовме поддршка за тој процес. Излеговме во пресрет и ја подржавме и го поддржавме и предлогот да се намали цензусот на 0,5% во интерес на тоа да граѓаните ја изразат својата волја преку независните листи да може во еден јасно структуриран процес тие да се кандидираат и да ги дадат своите кандидати. За жал власта целосно потфрли“, рече ФилипчеЦелосно одговорен за оваа работа Филипче го смета премиерот Мицковски и владејачката коалиција кои дозволија отворање можности да се злоупотребат изборите во нивна корист, да го скријат очигледното губење огромен број на гласови.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-08-24-155722

(Видео) Двајца малолетници во болница: детали за упадот на натпреварот Брегалница-Штип

На игралиштето „Бело Брдо“ во Штип, за време на младински фудбалски натпревар меѓу екипите на ФК „Брегалница“ од Штип и ФК „Шкупи“ од Скопје, се случил тежок инцидент во кој родител на играч од скопскиот тим физички нападнал двајца малолетни фудбалери од домашната екипа.Како што информира Министерството за внатрешни работи, лицето А.А. (43) од Скопје, родител на фудбалер од ФК „Шкупи“, влегол на теренот и им нанел повреди на двајцата малолетници. Тие биле веднаш пренесени во Клиничката болница во Штип каде им е укажана медицинска помош.Напаѓачот бил лишен од слобода од страна на полициските службеници на СВР Штип, а за настанот бил известен и јавен обвинител. Надлежните органи преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни кривични пријави.Настанот предизвика згрозување кај јавноста, а се очекува дополнителна реакција од спортските институции и клубовите вклучени во натпреварот.

Македонија | пред 8 месеци

pecakov

Пецаков: Меѓународната и меѓугранична соработка директно придонесуваат во туризмот како основна гранка на развој на Охрид

Во однос на меѓународната соработката, а и меѓуграничната соработка, придобивките би ги поделил во два дела. Едната придобивка би ја поврзал директно со туризмот како една основна гранка на развој на самиот град, а втората се сите оние проекти, без разлика дали станува збор за инфраструктура или некакво опремување на медицински центри или опремување на јавните претпријатија со соодветна опрема, рече Кирил Пецаков, градоначалник на општина Охрид на денешниот настан Саем-Отчет, земајќи збор на панел-дискусијата на тема „Меѓународна соработка за развиени општини“.Пецаков истакна дека она што се работи со туризмот и учеството на саемите за туризам, се гледа како директна придобивка, посебно во зимскиот период, кога станува збор за новогодишните празници, но и околу велигденските и првомајските празници, каде огромен број на туристи, пред сè од соседството, го поминуваат времето во Охрид.„За нас, таа меѓународна соработка на тие саеми, претставува директна придобивка за туризмот и локалниот развој. Заедно со тур операторите но и сите други што нудат некакви туристички услуги се вмрежуваат и се создава позитивен придонес, посебно во текот на летниот период каде што се создаваат тие пакети, настрана од тоа што претставува новогодишен период. Ние како град, создавајќи и творејќи, токму во делот на туризмот, како што придобивките се најголеми и ги гледаме на одреден начин, но она што претставува број на ноќевања и собирањето на туристичка такса каде што годинава сериозно предничиме“, рече Пецаков.Пецаков додаде дека соработката со Владата за воведување на нови авиолинии од охридскиот аеродромот значително придонесоа за дополнителен развој на туризмот во Охрид и целиот регион.

Македонија | пред 8 месеци

mickoski

Мицкоски: ДУИ ако не е на власт зборува за етничка поларизација, тезата им е погрешна, кога беа на власт имаше само многу криминал

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“ се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој на самиот почеток ги отфрли сите обвинувања за етничка нееднаквост од страна на ДУИ и истакна дека ДУИ означува криминал, неспособност и корупција, како и дека тезите се неконструктивни со што приложи докази за финансиската поддршка од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ кон општините кои ги предводат градоначалници токму од ДУИ.„Нивната улога во Владата значи многу криминал, многу неработа, многу неспособност, многу корупција, и сега тие ставаат знак на еднаквост помеѓу сите овие епитети коишто го има нивното учество во Владата и етничката поларизација, доколку тие не се тогаш тоа било етничка поларизација, мислам дека таа теза им е погрешна. Еве на пример да речеме ако ги гледаме бројките ќе го споменам Кичево. Кичево градоначалник е Фатмир Дехари од ДУИ, во првиот повик скоро 56 милиони денари, проекти финансирани од оваа Влада, во вториот повик скоро 330 милиони денари, или вкупно 385 милиони денари за 16 проекти, тоа е повеќе од 6 милиони евра. Струга на пример, градоначалник е од ДУИ господинот Рамиз Мерко којшто е на листата на санкции на САД, во првиот повик има еден проект којшто е околу 135 милиони денари, вториот повик има 5 проекти вредни 307 милиони денари или вкупно 443 милиони денари. Сарај, во вториот повик имаме 5 проекти од близу 320 милиони денари, коишто оваа Влада ги обезбедила за општина во којашто градоначалник е од редовите на ДУИ“, објасни претседателот Мицкоски.Мицкоски исто така направи јасна дистинкција за време на владеењето на СДС и ДУИ кои не финансирале ниту еден проект во општините каде што се градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.„Доколку одиме назад и доколку ги анализираме првите три години на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ дали некој од нив ќе се сети на проект којшто е финансиран од владата на СДС и ДУИ, одговорот е ни еден. Повеќе од 40 општини не добија буквално ниту еден проект којшто го финансираше таа влада. Јас навистина ги отфрлам како неконструктивни и пораки коишто припаѓаат на минатиот век, навистина жалам што нереформираното, криминално и коруптивно ДУИ сè уште живее во тие години, и уште мисли дека со таков тип на пораки ќе придобие симпатии во јавноста мислејќи дека ако се радикализира, мислам дека грешат и тоа ќе го видат на локалните избори коишто ќе се случат за помалку од два месеци“, дециден е претседателот Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-08-24-at-13.55.57

(Видео) Инцидент на фудбалски натпревар Брегалница-Шкупи: родители влетале на терен да се пресметуваат

Во текот на натпреварот меѓу младинските фудбалски екипи (генерации 2009/2010) на Брегалница и Шкупи, на теренот Бело Брдо во Штип избувнала насилна тепачка кога родители на екипата противник влегле и имале обид за пресметка.Сцената на нападот е снимена и во јавноста кружи видео материјал. Според досегашните извештаи, неофицијално, има повредени.Деталите околу случувањето, како и официјалните наод од истрагата, се очекуваат од МВР. Добивањето на потполно разгледување на видеоматеријалот и изјавите на очевидци ќе бидат клучни за целосно утврдување на случајот.

Спорт | пред 8 месеци

migranti

Во возило со француски таблици превезувани мигранти - возачот избегал, а 15 лица се пренесени во транзитен центар

На 24 август 2025 година околу 00:30 часот на регионалниот пат Богданци–Гевгелија, во близина на местото викано „Македонија Пат“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица забележале патничко возило „Мерцедес“ со француски национални ознаки кое превезувало мигранти.Според информациите, возилото не застанало на даден знак за запирање од полицијата, но набргу било запрено. Возачот го напуштил местото и се дал во бегство.При преглед на возилото, полициските службеници пронашле 15 мигранти – 12 од Египет и три од Сирија. Лицата биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на возачот.

Македонија | пред 8 месеци

taksi

Таксист натепан пред ресторан во Ѓорче Петров

На 23 август 2025 година во 23:15 часот во СВР Скопје, 41-годишниот Ѓ.П. од Скопје пријавил дека вечерта околу 22:40 часот пред угостителски објект на подрачјето на Ѓорче Петров, вработен во такси-компанија бил физички нападнат.Според пријавата, нападот се случил по претходна расправија со патник во неговото возило, кој заедно со своите пријатели физички го нападнал таксистот.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Скопје | пред 8 месеци

klinikimajka-tereza

Во бесознание бил донесен во Клинички и починал - се испитува причината за смртта на Унгарец

На 23 август 2025 година во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен во бесознание 61-годишниот Е.М. од Унгарија, кој набрзо починал.Според пријавата, на улицата „11 Март“ во Скопје на починатиот му се слошило, по што бил пренесен во болницата, каде лекарите констатирале смрт.По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Скопје | пред 8 месеци

Screenshot-2025-08-24-at-13.16.15

(Видео) Експлозија во позната продавница за играчки во Москва – најмалку едно загинато лице

Најмалку едно лице загина во експлозија на плинска боца во една од најпознатите продавници за играчки во Москва, јавуваат руските државни новински агенции.Инцидентот се случил во Сепшалната детска продавница, позната со децении меѓу Русите под името „Детски свет“, која се наоѓа на плоштадот Љубјанка – во непосредна близина на седиштето на Федералната служба за безбедност (ФСБ), наследник на поранешниот КГБ.Целата зграда, каде покрај продавницата за играчки има и бројни ресторани, дуќани и кино, веднаш била евакуирана. Според првичните неофицијални информации, објавени на Телеграм каналот „Mash“, експлодирала боца со хелиум.Истражните органи во Москва работат на утврдување на околностите околу несреќата и причините што довеле до експлозијата.

Свет | пред 8 месеци

policija-alkohol

Ноќеска уапсени тројца бозачи во Кичево и Охрид

На 23 август 2025 година, околу 12:20 часот, на магистралниот пат А2 во Кичево, полициските службеници од ОВР Кичево го запреле возачот Н.Ц. (30) од Кичево, кој управувал патничко возило „БМВ“ со кичевски регистарски ознаки. При контрола било утврдено дека возел со 125 километри на час во населено место каде што ограничувањето е 50 километри на час. Возачот веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.Истиот ден, на 24 август во 00:30 часот, на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници го лишиле од слобода Ѓ.Ѓ. (30) од Охрид. Тој управувал патничко возило „Опел“ со скопски регистарски таблички и по тестирање било утврдено дека имал 1,62 промили алкохол во крвта.Нешто подоцна, околу 02:51 часот, на улицата „Питу Гули“ во Охрид, полициските службеници запреле возило „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (45) од Скопје. Кај него било измерено присуство од 1,51 промил алкохол во крвта.Од МВР соопштија дека по целосно документирање на случаите, против сите тројца ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави за „безобѕирно управување со моторно возило“ согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Македонија | пред 8 месеци

petrusevski-apasiev

Пресметка меѓу Апасиев и Петрушевски: размена на остри критики пред изборите

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со објава на социјалните мрежи го нападна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, велејќи дека има „мањак од 100-150.000 гласа“ од последните избори и додавајќи дека „ароганцијата е автодеструктивна на долг рок“. Апасиев порача дека Мицкоски ќе зажали за ваквото однесување и најави дека изборите се ближат.На ова реагираше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, кој жестоко возврати на Апасиев. Тој му порача дека како универзитетски професор треба да знае дека локални избори не се споредуваат со парламентарни, туку со претходни локални избори.„Наместо да броиш гласови на ВМРО-ДПМНЕ, гледај си ја својата партија, бидејќи ти си најголемиот хендикеп на Левица. Во ваква ситуација, кога СДСМ е целосно растурена партија со криминален багаж, вистинска мајсторија е Левица да се бори за пет проценти поддршка“, изјави Петрушевски.Петрушевски оцени дека борбата на Левица се сведува на тоа да обезбеди минимално присуство во неколку општински совети, а најголемиот проблем на Апасиев, според него, е маргиналноста и искривената лична перцепција.Оваа размена на обвинувања уште еднаш ја потврдува напнатата атмосфера пред претстојните локални избори, каде што меѓусебните пресметки на лидерите на опозицијата и помалите партии стануваат сè поостри.

Коментари | пред 8 месеци

kaja-shukova

Шукова го нападна Ѓорѓиевски - почнаа предизборните пресметки за гласови

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска на прес-конференција остро ја критикуваше работата на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека последните четири години биле период на хаос, корупција и целосно игнорирање на интересите на граѓаните.„Граѓаните точно знаат кој го доведе Скопје во оваа состојба. Никогаш градот не бил подалеку од своите граѓани. Наместо одговорно управување, Скопје стана заложник на партиските интереси и на пресметките на ВМРО-ДПМНЕ. Денес секоја улица и секое маало сведочат за нивниот неуспех“, рече Шукова.Таа потсети дека Скопје се соочува со целосно уништен јавен превоз, преполни контејнери и нефункционален систем за чистење, како и со урбанистички хаос и криминални дивоградби. „Културниот живот и урбаниот дух на градот се уништени. Наместо вистински решенија, добивме застој и распаѓање“, додаде кандидатката.Шукова го обвини противкандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, дека отворено го брани урбанистичкото дивеење во Чаир и дека ја продолжува истата политика на бизнис-интереси на штета на граѓаните. „Скопје не може да издржи уште еден градоначалник кој ќе работи за профитот на владејачката елита. Градот е за живеење, а не за партиска каса“, истакна таа.Најавувајќи дека по 19 октомври Скопје мора да добие вистинска промена, Шукова порача дека нејзината визија е град кој обединува, нуди чиста и културна средина и се води од интересите на граѓаните, а не на партиите. „Скопјани заслужуваат чесен градоначалник со визија и план, кој ќе донесе решенија, а не нови разочарувања“, заклучи таа.

Скопје | пред 8 месеци

1824715757623c17b1be47d986814189_v4_big

Додик незаконски именува мандатар, најави блокада на европскиот пат на БиХ

Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, денеска свика прес-конференција на која објави дека именува мандатар за состав на нова влада, иако повеќе нема уставно ниту законско право на тоа. Истовремено, тој најави и блокада на патот на БиХ кон Европската унија.Додик изјави дека кандидат за нов премиер ќе биде Саво Миниќ, досегашен министер за земјоделство, откако досегашниот премиер Радован Вишковиќ поднесе оставка, а парламентот на РС ја прифати. Опозицијата претходно го одби неговиот предлог за формирање влада на „национално единство“.Пред новинарите, Додик даде низа ветувања – зголемување на просечните плати на 1.000 евра, социјална помош, нови инвестиции и раст на БДП од 3,5 проценти. Тој најави и донесување закони за „ригорозно зајакнување на РС“ без оглед на ставовите на ЕУ и меѓународната заедница. „ЕУ повеќе не може да биде наша ориентација, затоа барам да се намалат сите активности поврзани со европскиот пат“, изјави Додик, додавајќи дека се надева на поддршка од администрацијата на Доналд Трамп.Иако Додик очекува парламентот на РС да го потврди предлогот, ваквиот потег е спротивен на Уставот на ентитетот, бидејќи мандатар може да предложи само претседателот на РС – функција која е испразнета по одлуката на Централната изборна комисија на БиХ. Додик остана без мандат врз основа на правосилна пресуда на Судот на БиХ, со која е осуден на една година затвор и му е забрането шест години да врши јавни функции.Наместо да се организираат предвремени избори за претседател на РС, Додик најави дека ќе го блокира процесот со спречување на отворањето избирачки места. Парламентот на РС, под негово влијание, усвои и одлука на 25 октомври да се одржи референдум за тоа дали да се почитува судската пресуда и одлуката за неговата смена.Делегацијата на ЕУ во БиХ остро реагираше, нагласувајќи дека судските одлуки се конечни и задолжителни.„Подложување на судска пресуда на јавно гласање е спротивно на владеењето на правото и независноста на судството“, се наведува во соопштението на ЕУ.Со последните потези, Додик повторно ја доведе во прашање политичката стабилност и евроинтеграцискиот процес на БиХ, отворајќи нов фронт меѓу институциите и меѓународната заедница.

Свет | пред 8 месеци

mickoski-medziti

Меџити најави апсолутна победа во Чаир, уште во прв круг

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од Коалицијата ВРЕДИ, Изет Меџити, кој е и актуелен прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, изјави дека очекува апсолутна победа на октомвриските избори и дека битката ќе заврши уште во првиот круг.„Очекувам апсолутна победа во Чаир и убеден сум дека визијата на ВРЕДИ ќе обезбеди развој на општината за наредните 50 години“, порача Меџити.Во интервју за МИА, Меџити нагласи дека довербата од граѓаните ќе ја бара со конкретна и прагматична програма насочена кон решавање на сообраќајниот метеж, уредување на зеленилото и тротоарите, како и воведување мораториум за нови градби со цел подобра урбанистичка контрола.„Чаир ќе биде првата општина без ѓубре на улиците, затоа што сите контејнери ќе бидат подземни. Тоа ќе придонесе за многу почист и позелен Чаир“, изјави Меџити.

Скопје | пред 8 месеци

Screenshot-2025-08-24-at-11.16.09

(Видео) Колекцијата на MAGA која ја има Трамп капи предизвика потсмев: Излезот од Белата куќа е преку сувенирницата

Состанокот на американскиот претседател Доналд Трамп со украинскиот лидер Володимир Зеленски и францускиот претседател Емануел Макрон во Белата куќа доби необична завршница – наместо класичен дипломатски протокол, гостите добија „приватна тура“ низ колекцијата на MAGA капи на Трамп.По разговорите за иднината на Украина и војната со Русија, Трамп ги повел Зеленски и Макрон во просторија чиј ѕидови се преполни со негови препознатливи црвено-бели капи и промотивен материјал. Моментот го овековечи Мерго Мартин, специјална асистентка на Трамп, објавувајќи фотографија која на интернет беше наречена „водич низ претседателскиот музеј на капи“. На сликата се гледа Зеленски како со изненадување гледа кон капите, додека Трамп му покажува модел со натпис „уште 4 години“, иако 22. амандман на американскиот устав забранува претседател да служи повеќе од два мандати.Необичниот потег предизвика низа саркастични реакции на социјалните мрежи. „Замислете Черчил да отпатувал во САД во текот на Втората светска војна за да бара поддршка – и домаќинот да направи пауза за да му покаже мерч!“, напиша еден корисник. Друг додаде: „Изминувате океан само за да ви покажат ормар со црвени капи“. Трети пак се пошегуваа: „Излезот од Белата куќа е преку сувенирницата.“Ова не е првпат странски лидери да се најдат пред колекцијата на Трамп – претходно и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев бил „почестен“ со слична тура. Според New York Post, на посетителите им се нуди да понесат сувенири, а дел од нив заминуваат „со цели торби работи“. Иако настанот беше протолкуван со доза на хумор, експертите предупредуваат дека ваквите сцени отвораат прашања за сериозноста на американската дипломатија во време на активни глобални кризи.

Магазин | пред 8 месеци

Screenshot-2025-08-24-at-11.14.20

Ѓорѓиевски: За прв пат во историјата се градат толку многу училишта, градинки и спортски објекти

На Саемот-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека државата прв пат сведочи на масовна реализација на капитални инвестиции во сите општини, без поделби и селективност.На панел-дискусијата „600 милиони евра за развој и локален прогрес“ тој нагласи дека со години постоела подготвена техничка документација за проекти, но поради недостаток на финансии тие не се реализирале. Според него, промената дошла со новата власт, кога започнало инвестирање во сите општини подеднакво.„За прв пат во историјата на Република Македонија, 30 години наназад, инвестициите стигнуваат до секое населено место. Наеднаш се градат училишта, градинки, спортски објекти и патна инфраструктура како никогаш досега“, изјави Ѓорѓиевски.Тој додаде дека секој градоначалник ги насочува средствата според потребите на својата општина, што овозможува рамномерен развој на локално ниво.„Овој проект недостасуваше повеќе од три децении. Се надевам дека ќе продолжи и понатаму, за сериозно да ја градиме и менуваме Македонија како што тоа го правиме во моментов“, порача Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 8 месеци

Screenshot-2025-08-24-at-11.11.15

Инцидент во Фиренца: 20 патници исфрлени од авион поради вишок тежина

Дваесет патници морале да го напуштат авионот на British Airways кој требал да лета од Фиренца за Лондон, бидејќи леталото било претешко за полетување поради екстремната горештина. Настанот се случил на 11 август на аеродромот „Америго Веспучи“ во Фиренца, пишува Mirror.Според објаснувањето на пилотите, високата температура (околу 35 степени) предизвикала поредок воздух, што барало поголема количина гориво за моторите да работат ефикасно. Дополнителното гориво ја зголемило вкупната тежина, надминувајќи ги безбедносните граници за полетување. Ситуацијата била дополнително комплицирана од кратката писта на аеродромот во Фиренца, која е речиси двојно пократка од онаа на лондонскиот „Гетуик“.Една од патничките изјавила дека персоналот прво најавил дека ќе мора да бидат симнати 36 патници, но на крај бројката била околу 20. British Airways се извинил за непријатноста, објаснувајќи дека „поради екстремните температури и специфичните услови на аеродромот мора да се намали тежината на леталото“.Авио-експертот Џони Вилијамс од Универзитетот во Рединг предупреди дека ваквите случаи ќе станат сè почести поради климатските промени:„Услови какви што порано се случуваа еден ден во текот на летото, до 2060-тите може да се случуваат и по неколку дена во неделата. Летовите за Шпанија, Италија или Грција би можеле да станат поскапи бидејќи авиокомпаниите ќе превезуваат помалку патници.“Овој инцидент доаѓа по друг скандал на лет на British Airways, кога една патничка, наречена „најлошата патничка од пеколот“, предизвика хаос во авион – поврати врз семејство, ги плукала со вино и ја нападнала жена за коса, по што морала да биде смирена од екипажот.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-03-04-at-09.39.34

„Албанците не се алиби за криминал“, му вратија на Османи од ВМРО-ДПМНЕ

По изјавите на кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, во кои тој ја обвини Владата за маргинализација на Албанците, стигна реакција од ВМРО-ДПМНЕ во која се нагласува дека станува збор за стара политичка тактика на Демократската унија за интеграција (ДУИ).„Кога нема пари и функции, тогаш започнува врескањето: ‘нема правда за сите’, ‘Албанците се на удар’. Во превод: кога нема тендери и рекет, тогаш одеднаш стануваат заштитници на Албанците и на меѓуетничките односи“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата нагласуваат дека Албанците не се загрозени, туку единствено загрозени се „милионските шеми и криминалните комбинации на ДУИ“.„Албанците заслужуваат правда исто како и Македонците и секој друг граѓанин на оваа држава. Тие не се штит кој ќе ве спаси од одговорност, ниту алиби за вашите тендери, провизии и лични богатства“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Во реакцијата дополнително се истакнува дека времето на двојни стандарди завршило и дека ДУИ мора да се соочи со одговорност за, како што велат, „ограбувањето и осиромашувањето на Македонија“.

Македонија | пред 8 месеци

1681115444_zelenski

Украина нема да биде принудена на срам кој Русите го нарекуваат компромис, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во обраќање од плоштадот Независност во Киев, по повод одбележувањето на Денот на независноста, порача дека секој симбол на тоа место зборува за независноста на државата.„На овој плоштад, под нашите знамиња, нашите деца и внуци го слават Денот на независноста. Во мир и со почит, со вера во иднината и благодарност кон сите што ја бранеа Украина во оваа војна за независност“, истакна Зеленски, пренесе „Укринформ“.Тој нагласи дека Украина никогаш повеќе нема да биде принудена на „срам што Русите ја нарекуваат компромис“. Според него, нацијата заслужува праведен мир и иднина која зависи исклучиво од самата Украина.„Светот ја почитува и ја гледа Украина како рамноправен партнер. Украина стекна независност, таа не е жртва, туку борец. Украина не бара, туку нуди – сојузништво и партнерство, најдобрата армија во Европа со напредни одбранбени технологии и искуство во отпорност“, рече тој.Зеленски потенцираше дека на Украина ѝ е потребна Европската унија, но и дека на Унијата ѝ е подеднакво потребна Украина – не како „сиромашен роднина“, туку како силен сојузник.Тој додаде дека земјата ќе добие траен мир со силни безбедносни гаранции: „Тие гаранции ќе бидат толку силни што никој во светот нема ни да помисли да ја нападне Украина. Тоа е нашата цел и нешто што мора да им го пренесеме на нашите деца и внуци – силна и рамноправна Украина, европска и независна.“Украина денес ја одбележува 34-годишнината од прогласувањето на независноста, кога на 24 август 1991 година, Врховната Рада го усвои Актот за независност од Советскиот Сојуз.

Свет | пред 8 месеци

Svajcarija

Швајцарска студија: Работата во недела е штетна по здравјето и социјалниот живот

Алијансата „За недела“, коалиција составена од синдикати, верски организации и Швајцарското здружение за медицина на трудот, денес ја претстави студијата која предупредува дека работата во недела носи сериозни последици по здравјето и социјалниот живот.Според истражувањето, прекумерната изложеност на работа во недела најмногу ги погодува жените и лицата со несигурни работни места. Жените се непропорционално застапени – 17,3% од нив работат во недела, наспроти 14% од мажите, најчесто во здравството, угостителството и трговијата.Здравствените последици од ваквиот начин на живот вклучуваат нарушување на сонот, зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања и депресија. Недостигот на викенд-одмор го зголемува и ризикот од емоционална исцрпеност, а работата во недела негативно влијае врз општествените ритуали – семејни собири, спортски настани и верски служби.Во Швајцарија работата во недела генерално е забранета, освен за професии што се неопходни за функционирањето на општеството. Сепак, последните иницијативи за либерализација го отворија прашањето: кантон Цирих бара дозвола за 12 неделни работни денови годишно без лиценца, трипати повеќе од сегашната дозвола. Во меѓувреме, сенаторот Тиери Буркарт предлага воведување на поголема флексибилност за работа на далечина, со дозвола за девет недели годишно.Алијансата „За недела“ остро ги осудува овие предлози и предупредува дека нормализирањето на работата во недела значи директен напад врз правото на одмор на работниците.

Магазин | пред 8 месеци

Screenshot-2025-08-17-at-20.54.17

Зеленски: Подготвен сум за секаков формат на средба со Путин, но Москва одложува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека е подготвен за секаков формат на средба со рускиот лидер Владимир Путин, но дека, како што оцени, „Москва повторно се обидува да одложи сè“.Во телефонски разговор со јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса, Зеленски ги повика земјите од Глобалниот Југ да апелираат до Русија да започне мировни преговори.„Важно е глобалниот Југ да испрати соодветни сигнали и да ја охрабри Русија на мир“, напиша Зеленски на платформата X, по телефонскиот разговор.

Свет | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања