Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

unnamed-4

Мицкоски: По 7 години застој градиме интерконектор за гас со Грција, заедно со другите проекти од увозно зависна земја, ќе станеме земја која извезува електрична енергија

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека конечно по 7 години застој се работи на интерконекторот за гас со Грција и стануваме земја низ која ќе транзитира гас, што заедно со другите проекти во енергетиката од увозно зависна земја, ќе нè направат земја која извезува електрична енергија што ќе влијае позитивно во финансиските биланси.Во однос на изградбата на интерконекторот за гас со Грција, премиерот Мицкоски појасни дека на минатата влада и бил оставен завршен проект со потпишани договори, обезбедено финансирање, проектирање, но по 7 години тие ништо не направиле освен тендер со основ за корупција кој го довел во прашање финансирањето на истиот.„Заемодавателите рекоа дека не го финансираат затоа што во тендерската документација има делови кои укажуваат на корупција и рекоа дека се повлекуваат или да се коригира тендерската документација да почне од почеток. Имајќи предвид дека овој интерконектор е многу значаен за иднината на државата, затоа што со него и интерконекторот во соседна Србија и крак до соседно Косово, ние стануваме многу значаен играч во делот на транзитот на енергенси, затоа што капацитетот на овој интерконектор околу е 3 милијарди метри кубни, со оние кои доаѓаат од исток ќе дојдеме до 4 или 4,5 милијарди метри кубни, а ние како држава трошиме половина милијарда, значи 4 милијарди ќе транзитираат. Прв пат стануваме земја која ќе биде на мапата транзит држави на ваков тип на енергенси и замислете тие си играат 7 години и тендерот паѓа затоа што имало основ за корупција. Ние ја коригиравме тендерската документација, ја објавивме, избравме изведувачи, пративме до заемодавателите и тие дадоа зелено светло“, изјави премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски додаде дека фирмата од пред еден месец е воведена во работа, теренските активности се завршуваат и се оди со исклучително брза динамика и околу 10 јули се планира официјално да им се претстави на македонските граѓани дека се гради втор интерконектор.„Досега имавме еден со Бугарија, но еднонасочен, овој е двонасочен. И тој кој планираме да го градиме со Србија за да бидеме земја низ која ќе транзитира гас. Очекувам крајот 2026 година или почетокот на 2027 година, овој да биде функционален и поврзан со националниот гасовод на Македонија. Тоа е сериозна работа, бидејќи ќе може да се донесат нови количини за новите гасни централи кои ги планираме во Скопје, но и низ државата. Енергетската независност не е само со овој интерконектор, туку продолжуваме да ја градиме бидејќи тоа е архитектура за иднината на државата“, потенцираше премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски посочи дека се почнува и со многу значаен проект, а тоа е ветерниот парк во Штип, Карбинци и Радовиш кој годишно со максимален капацитет ќе произведува 1 терават час електрична енергија, тоа е околу 20% од денешно планирано производство на АД ЕСМ и за прав пат оваа година се очекува да заврши годината со резултат еднаков на нула, односно ќе произведеме онолку колку ќе потрошиме.„Се разбира ќе има периоди од годината кога ќе увезуваме, тоа е најчесто зимно, ќе има и кога ќе извезуваме, но на крајот на годината за прв па ќе бидеме нула, нема да бидеме увозно зависна, а потоа откако ќе бидат пуштени првите количини ќе бидеме извозник, што е историски показател, ќе имаме вишок на електрична енергија и тоа ќе влијае и во финансиските биланси и во БДП“, изјави премиерот Мицкоски.Воедно, премиерот Мицкоски додаде дека со Косово обезбедуваме околу милион тони јаглен кој понатаму ќе се плати со струја, а не како порано со тендери, високи цени, броење кеш, сега е поразлично и прашање е зошто порано се плаќал јагленот поскапо од сега и каде одела таа разлика.

Македонија | пред 10 месеци

sobranie

Стојаноски: Драго ми е што конечно се зборува за тоа колку и какви услуги се достапни, колку километри автопатишта се градат, тоа е едно нормално коешто граѓаните на оваа држава го заслужуваат

На денешната собраниска седница, посветена на пратенички прашања свое обраќање имаше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. Тој постави три прашања кои се однесуваа до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Стојаноски праша кои се идните чекори коишто се планирани во насока на подобрување на здравствената инфраструктура, бидејќи како што кажа тој истото е една од општествените сфери кои најмногу ги интересираат граѓаните.„Кои се идните чекори коишто се планирани во насока на подобрување на здравствената инфраструктура и во здравството како сфера воопшто, бидејќи од она коешто може да се види тоа е една од општествените сфери кои најмногу ги интересираат граѓаните“, вели Стојаноски.Стојаноски постави дополнително прашање од енергетиката. Тој праша до каде е процесот за отпочеток на градбата за интерконекторот за гас со Грција, нешто коешто треба да даде енергетска независност на Македонија, како и дополнителни околности за функционирање на нашето стопанство.„До каде е процесот за почеток на градбата за интерконекторот за гас со Грција? Нешто коешто сме го зборувале тука неколку години, коешто треба да даде една енергетска независност, или приклучок на Македонија со гас за да можеме да бидеме и во таа рамка, односно во тој дел, да добиеме дополнителна енергетска независност, како и дополнителни олеснителни околности за функционирање на нашето стопанство и на нашите граѓани“, истакна Стојаноски.Стојаноски смета дека прашањата треба да се однесуваат за реализација на мерки и проекти кои треба да го подобрат животот на граѓаните. Тој додаде дека драго му е што конечно дојдовме до ниво да разговараме за тоа колку и какви услуги се достапни, колку километри автопатишта се градат, и додаде дека тоа е едно нормално коешто граѓаните на оваа држава го заслужуваат.„Сметам дека ова се прашања кои ги интересираат граѓаните. Она коешто се најавува како дискурс во јавноста, што е присутно во медиумите, во ТВ дневниците или порталите. Драго ми е што конечно се зборува за тоа колку и какви услуги се достапни, можеби од аспект на дигитализација на одредена платформа, колку километри автопатишта се градат, дали е потребно да градиме. Дојдовме до тоа ниво, разговараме колку клиники ќе отвориме, или какви болници ќе се градат, каде ќе се градат и сметам дека тоа е едно нормално коешто граѓаните на оваа држава го заслужуваат“, дециден е Стојаноски.

Македонија | пред 10 месеци

Venko-Sobranie-SDSM-2

Филипче до Мицкоски: За јазикот и идентитетот никогаш не се преговарало, тие се потврдени со документи во ЕУ

На денешната седница на пратенички прашања, потпретседателот на СДСМ Венко Филипче се обрати со сериозно предупредување до премиерот Мицкоски и Владата во врска со најавите за можно прифаќање на амандман во Европскиот парламент што би го релативизирал статусот на македонскиот јазик.„Се поставува прашањето: дали е загрозен јазикот и идентитетот?“ – праша Филипче.Тој потсети на конкретни документи кои јасно го утврдуваат македонскиот јазик како рамноправен, без какви било условувања.„Ќе цитирам неколку документи кои што се дел и од францускиот предлог, и од документи од Европската унија, и заклучоци донесени тука, во Собранието, во 2022 година. Првиот документ се заклучоците на ЕУ за отворање на преговорите со Македонија и Албанија, без никакви услови за јазикот и идентитетот.Понатаму, самата Преговарачка рамка, каде македонскиот јазик е експлицитно наведен, без никакви додавки, ѕвездички или фусноти. И потпишаниот договор со ФРОНТЕКС – на чист македонски јазик,“ рече Филипче.Тој предупреди дека за првпат постои реален ризик во Европскиот парламент да помине извештај со нејасно означување на македонскиот јазик.„Во Европскиот парламент, за првпат има сериозен ризик да помине извештај во кој што јазикот некако дополнително се означува. Ние направивме силна кампања во 2022 година. Тогаш беше едностран, напишан тој извештај од тогашниот известувач за Македонија – тоа беше бугарскиот европратеник Ќучук, кој што го запревме,“ рече Филипче.Тој подвлече дека било какви измени што би довеле до нови условувања или дополнувања пред македонскиот јазик се директно спротивни на собраниските заклучоци.„Поради тоа што таква додавка пред македонскиот јазик и нација оди спротивно на заклучоците кои што ова Собрание ги донело – а тоа е дека во ниту еден контекст, во ниту еден момент, ниту за јазикот, ниту за културните, ниту за историските одредници – никој нема право да преговара. За јазикот никогаш не се преговарало. Тоа биле нашите црвени линии. И затоа е таков – чист – јазикот: без фусноти, без додавки, без ништо. И таков е и така е во буквално сите документи,“ рече Филипче.На крај, тој апелираше до премиерот за итна институционална реакција и координација.„И последната работа – во однос на тоа што сега се случува во Европскиот парламент: тогаш, премиере, ни треба сериозна координација на ниво на Парламентот. Сите институции да ги обединиме силите за таков амандман да не помине во Европскиот парламент. Поради тоа што веќе се содржи во сите документи кои што ги гласало ова Собрание – дека таква работа не смее да се случи,“ истакна Филипче.

Македонија | пред 10 месеци

kocevski-1

Левица поднесе интерпелација за државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски

Пратеничката група на Левица денеска поднесе интерпелација за државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, обвинувајќи го за селективно постапување, политички влијанија и пропусти во работењето на Јавното обвинителство.Пратеникот Сашко Јанчев на прес-конференција посочи четири основи за интерпелацијата:Селективна истрага за трагедијата во Кочани, при што, според Левица, се таргетирале само поранешни функционери, а се изземале актуелни лица од одговорност.Политички притисоци врз обвинителството, што, како што рече Јанчев, се потврдило преку јавниот судир со Владата и повлекувањето на иницијативата за смена по отворањето предмети против кадри на ВМРО-ДПМНЕ.Хаос во Вишото обвинителство во Скопје, за кое беа споменати случаи на компромитирани обвинители што, според Левица, укажуваат на институционално распаѓање.Игнорирање на пријавите за дивоградби во Чаир, и покрај, како што наведоа, јавно обелоденети докази од страна на градоначалничката Данела Арсовска.„Коцевски е персонално одговорен за состојбите, согласно Законот за јавно обвинителство“, рече Јанчев, најавувајќи дека по изгласување, заклучокот ќе биде доставен до Владата за понатамошна постапка за смена.

Македонија | пред 10 месеци

hrvatska-ukida-popis-stanovnistva-uvodi-registar-stanovnistva-popis_5d6e176779a8d

Неуставно е категоризирањето на резиденти и нерезиденти при пописот во 2021 година, Симовски ги пречекорил надлежностите, пресече Уставен суд

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, ги пречекорил своите надлежност при изготвување на методологијата за пописот во 2021 година, кога изврши категоризирање на резидентно и нерезидентно население. Ваква одлука донесе Уставниот суд, кои укинаа одредби од методологијата.„Судот оцени дека означените делови од Методологијата, не се во согласност со темелната вредност на нашиот уставен поредок- владеењето на правото, потоа и со членови од Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021 година“, велат од Уставен суд.Тие додаваат: „Уставниот суд оцени дека директорот на Државниот завод за статистика ги пречекорил своите надлежности и со подзаконски акт (Методологијата) извршил категоризирање на резидентно и нерезидентно население, за што нема законско овластување, бидејќи Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021 година, не предвидува категоризацијата на населението да се разработи со подзаконски акт“.Поради фактот што станува збор за укинувачка, а не поништувачка одлука, Судот напоменува дека одлуката ќе се применува од моментот кога ќе биде објавена во Службен весник (за подзаконските акти кои ќе се носат во иднина), но нема да важи ретроактивно-за веќе спроведениот попис од 2021 година.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot_62

Лажно видео со Игор Џамбазов предизвика бурни реакции: „Срам да ви е! Ни ова не знаете да го направите како што треба“

На социјалните мрежи деновиве се шири лажно видео, изработено со вештачка интелигенција, во кое „главен лик“ е познатиот актер и шоумен Игор Џамбазов. Видеото е стилизирано како телевизиски прилог со сензационалистички наслов: „Игор Џамбазов ги нападна претставниците на фармацевтската индустрија со зборовите: Убијци во бели мантили“.Монтажата дополнително содржи фотографии на кои Џамбазов е прикажан во лисици, спроведен од полиција, како и исечоци од едно негово претходно интервју кои се злоупотребени и извадени од контекст. Во видеото се тврди дека тој физички нападнал група фармацевти бидејќи му бил забранет „лекот на доктор Илир Демири“, за кој наводно тврдел дека го спасил од инвалидска количка.Следува и „лажно сведоштво“, во кое компјутерски генериран глас, што наликува на гласот на Џамбазов, раскажува за наводна борба со артритис и хронична болка, тврдејќи дека стотици илјади денари биле потрошени на безуспешни терапии.Оваа дезинформација брзо се прошири на интернет и ги вознемири и јавноста и самиот Џамбазов, кој остро реагираше на својот Instagram профил: „Е не сте нормални... вие што го смисливте ова. Колку што јас бев во инвалидска количка, толку вие да бидете среќни и успешни луѓе! Имате ли ум вие воопшто? Оти мозок немате, евидентно. И да, заборавив. Срам да ви е! И арам! П.С. Башка од авион се гледа дека ‘тепачот’ е Тони Михајловски, не сте се потрудиле баш. Ни ова не знаете да го направите ко што треба. Бедници...“Случајот отвора нова сериозна дискусија за злоупотребата на технологијата, особено вештачката интелигенција, во создавање лажни вести и компромитирачки содржини со цел дезинформација и манипулација на јавноста.

Магазин | пред 10 месеци

tragedija-vo-grcija-19-godishen-makedonec-go-zagubi-zhivotot-na-plazha-vo-hanioti01

Млад Македонец се удави во Грција по срцев удар, спасувачот од Ханиоти сведочи за трагедијата

Македонец на возраст од 19 години почина по давење во морето на плажата Ханиоти, на првиот крак на Халкидики. Момчето било извлечено во бессознание од вода и итно пренесено во здравствената установа во Касандра, каде што лекарите ја констатирале неговата смрт.Според информациите од грчката Крајбрежна служба, до нивната канцеларија во Неа Мудања било пријавено дека млада машка личност е извлечена без свест од морето во попладневните часови.Спасувачка присутна на плажата веднаш започнала со реанимација, користејќи автоматски дефибрилатор, а во спасувањето помогнале и неколку капачи. За кратко време пристигнал и волонтер-спасувач, кој продолжил со оживување заедно со тимот од Итната медицинска помош.Во емотивна објава на социјалните мрежи, спасувачот напиша дека се бореле да го вратат младиот човек во живот, но борбата завршила безуспешно. Момчето било пренесено со амбулантно возило до здравствениот центар, каде што неговата смрт била официјално потврдена.Тој на Фејсбук сподели потресна објава:„19-годишно дете…19-годишен ангел…19-годишен несреќен млад човек од Македонија кој имаше срцев застој по давење на централната плажа во Ханиоти…Имаше брза реакција на спасувачот од областа, или кој и да го извлече младиот човек со помош на неколку капачи, и ја започна постапката за реанимација.Повикот беше примен во 16:45 и за 2 минути пристигнав на местото и почнав да му помагам на спасувачот да го вратиме детето во живот.Имаше брз одговор од екипите од брза помош кои ја продолжија борбата, но за жал, без посакуваниот резултат…Го транспортиравме детето до здравствениот центар, а јас бев во амбулантното возило со болничар и правев реанимација до болницата, додека возачот возеше брзо и внимателно колку што можеше. За жал, лекарите ја констатираа смртта на детето.Луѓе, сè што можам да му посакам на светот и на вас е да бидете во добро здравје бидејќи, за жал, животот е краток.“Телото на момчето ќе биде пренесено во Судска медицина во Солун, каде ќе се изврши обдукција, а грчките власти спроведуваат истрага за причините за трагичната смрт.

Свет | пред 10 месеци

gaza44

Крвава ескалација во Газа: Најмалку 21 Палестинец убиен во израелски напади, преговорите за прекин на огнот во застој

Најмалку 21 Палестинец убиен во Појасот Газа во израелски воздушни напади и пукања, соопштија локалните здравствени власти, додека посредници од Израел и Хамас се обидуваат да ги обноват преговорите за прекин на огнот.Според локалните здравствени извори, во израелски воздушен напад биле убиени најмалку девет лица во училиште каде што биле сместени раселени семејства во предградието Шеик Радван во градот Газа. Во друг напад, уште девет лица загинале во близина на шатори во Кан Јунис, на југот на енклавата.Тројца Палестинци биле убиени во израелско пукање, а десетици ранети додека чекале камиони со хуманитарна помош од ОН долж главната рута во централна Газа, изјавија доктори.Израелската војска сè уште нема дадено официјален коментар за денешните напади. Израел тврди дека целта е елиминирање на милитантите на Хамас кои извршија напад врз јужен Израел во 2023 година и ослободување на заложниците што се уште ги држи таа група.Новите жртви доаѓаат во момент кога арапските посредници, Египет и Катар, со поддршка од САД, ги контактираат завојуваните страни обидувајќи се да воспостават нова рунда преговори за прекин на огнот. Сепак, според извори од Хамас, точен датум за продолжување на разговорите сè уште не е утврден.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху инсистира Хамас, кој речиси две децении владее со Газа, да ги ослободи сите заложници, да се откаже од секоја политичка улога и да го положи оружјето за да се стави крај на војната. Хамас, пак, изјави дека ќе ги ослободи заложниците само ако Израел се согласи на траен прекин на огнот и целосно повлекување од Газа.

Свет | пред 10 месеци

Screenshot-2025-06-26-at-09.50.22

(Видео) Обвинение за татко од Драчево, кој ја удираше ќерката со шлаканици, ѝ се закануваше со убиство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје целосно ја заврши постапката, ги прибра сите докази и до Основниот суд во Скопје достави обвинение против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.„Обвинетиот, на 21 јуни, вршејќи насилство во семејниот дом во населба Драчево, телесно ја повредил неговата малолетна ќерка родена во 2021 година.Додека мајката приготвувала јадење, а оштетеното дете си играло со нејзините сестри, во еден момент се качило на креветот во дневната соба за да ги земе играчките. На тоа обвинетиот се вознемирил и започнал да му се обраќа на детето со груби навреди. Потоа започнал да манифестира и физички насилно однесување кон оштетеното дете, удирајќи ја ќерката со шлаканици по лицето. На тој начин и нанел телесни повреди – набиеници и гребаници со крвни подливи, а продолжил и со вербални закани дека ќе ја убие.Бидејќи се уште постојат законските основи и околностите кои укажуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител со обвинението поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 10 месеци

tramp-telefon

„Trump T1“ не е „Made in USA“ – и покрај ветувањата, телефонот не се произведува во Америка

Иако американскиот претседател Доналд Трамп уште пред неколку години го повика директорот на Apple, Тим Кук, да ги произведува iPhone телефоните во САД, телефонот што го носи неговото име – „Trump T1“ – не е произведен во Америка, и покрај сличните најави.Уредот чини 499 долари, но според повеќето аналитичари, таа цена е невозможна доколку телефонот навистина се изработува во САД. За споредба, „Liberty Phone“ од компанијата Purism, кој е единствениот познат мобилен телефон што навистина се склопува на американско тло, чини дури 2.000 долари – со послаби карактеристики од iPhone и ограничен број достапни апликации.Првично, на веб-страницата на Trump Mobile стоеше дека уредот е „Made in America“, но таа формулација е тивко променета. Сега се користат изрази како „донесен на свет токму овде, во САД“ и „гордо американски“, без да се наведува конкретна земја на производство.Иако од тимот на Трамп велат дека има силна желба телефонот да се прави во домашни фабрики, реалноста покажува дека тоа нема да се случи толку брзо. Само за пример – на Purism ѝ беа потребни шест години за да го доведе Liberty Phone од идеја до производ.За сега, „Trump T1“ е уште еден симболичен, но не и домашен технолошки производ.

Магазин | пред 10 месеци

Screenshot-2021-09-30-at-10.01.38

Вилнев ќе го режира новиот Џејмс Бонд? Холивудскиот визионер во трка за 007

Ејми Паскал и Дејвид Хејман ќе бидат продуценти, а Тања Лапоан извршна продуцентка на новиот филм за Џејмс Бонд, додека името на Дени Вилнев сѐ почесто се споменува како најсериозен кандидат за режисерската фотелја, пренесува Deadline.Режијата на новиот „Бонд“ е една од највнимателно следените теми во филмската индустрија откако Amazon MGM во февруари стекна целосна креативна контрола врз франшизата, во договор со долгогодишните продуценти Барбара Броколи и Мајкл Г. Вилсон.Вилнев, режисерот на епската „Дина“, важи за име со совршен визуелен сензибилитет и блокбастерска прецизност, а според извори од Холивуд, бил разгледуван заедно со Едвард Бергер, Едгар Рајт, Џонатан Нолан и Пол Кинг. Рани шпекулации го спомнуваа и Алфонсо Куарон, но сега фокусот е речиси целосно на Вилнев.Последниот филм во серијалот „No Time to Die“ (2021) ја затвори ерата на Даниел Крејг како агентот 007, а новата генерација на Бонд е сѐ уште во подготовка. Од MGM се надеваат дека токму со Вилнев ќе му дадат нова насока на брендот.Иако ангажманот на Вилнев е изненадување со оглед на тоа што веќе работи на третиот дел од трилогијата „Дина“ (чија премиера е закажана за декември 2026), токму неговиот успех – осум Оскари за „Дина“ и одлични критики за „Blade Runner 2049“ – го прави идеален избор за враќање на Бонд на големо платно.Официјална потврда сѐ уште нема, но најавите говорат дека големото рестартирање на франшизата е веќе во движење.

Магазин | пред 10 месеци

Screenshot-2024-08-05-at-12.36.45

Алкараз уште денес му излегува на мегдан на Ѓоковиќ: Спектакл на Вимблдон уште пред стартот

Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз повторно ќе тренираат заедно – седми пат досега – а овој пат вниманието ќе биде максимално насочено кон нив на Вимблдон.Двајцата тенисери беа финалисти на последните две изданија на Вимблдон, при што помладиот Шпанец двапати излезе како победник. Алкараз покажа дека многу рано во кариерата научил како да игра на трева – подлога која традиционално не им одговара на шпанските играчи. Тој веќе има четири титули на трева, а само три порази.Последните два трофеи на Вимблдон ги освои токму Алкараз, а уште повпечатлив е фактотот дека последно финале без Ѓоковиќ било во 2017 година. Српскиот ас има настапено на осум од последните десет финалиња, освен во 2020 кога турнирот не се одржа поради пандемијата.Тренинг-сесијата ќе се одржи овој четврток од 13:30 до 14:15 часот, а ќе биде нивна седма заедничка подготовка. Последен пат се сретнаа на шљаката во Монте Карло, каде што Алкараз го освои турнирот и започна импресивна сезона на земјена подлога.Во меѓусебниот скор, Ѓоковиќ води со 5-3, и победи на последните два меча – во финалето на Олимписките игри и во четвртфиналето на Австралија опен годинава.Целта на двајцата: финале на Вимблдон на 13 јули. Но, сè ќе зависи од ждрепката – можеби ќе се сретнат и порано.

Спорт | пред 10 месеци

thumbnail_Ljutkov-15.11-2

Синдикатот за култура алармира: „Плата нема“ – Министерството ги крши законите и ги остава вработените без примања

Синдикатот на културата на Република Македонија остро реагира на, како што вели, системското прекршување на правото на плата за вработените во културниот сектор. Во јавно објавено соопштение, Синдикатот обвинува дека Министерството за култура и туризам упорно одбива да ги почитува одлуките на Управните одбори во две културни институции, оставајќи ги вработените без исплата за месец мај.Според Синдикатот, Министерството дава телефонски насоки за пресметка на платите што се спротивни на Колективните договори и важечката законска регулатива, без притоа да даде каква било писмена потврда. Тие велат дека кога институциите бараат писмен документ како основа за таквите постапки, добиваат закани – дека „нема да земат плата со месеци“.„Безобразието оди дотаму што, покрај кршењето на правото на плата, се загрозува и правото на здравствено осигурување по 30 јуни“, предупредува Синдикатот во својата реакција.Во објавата се повикуваат и на конкретни законски одредби од Законот за извршување на буџетот, со кои, според нив се потврдува дека одговорноста за законитоста на исплатата ја сносат исклучиво Министерството за култура и директорите на институциите, а не Министерството за финансии – кое, како што наведуваат, се користи само како изговор.„Јасно е дека Министерството за култура и туризам, односно министерот за култура и туризам, како и директорите кои постапуваат согласно неговите насоки, се единствено одговорни за кратењето на правото на плата на вработените во културата“, стои во соопштението на Синдикатот на културата.Тие бараат итна исплата на платите согласно одлуките на Управните одбори. Доколку Министерството повторно се повика на Министерството за финансии како кочничар, Синдикатот бара јавно да се објават конкретните одредби што би го поткрепиле тоа тврдење.Во знак на протест, Синдикатот ја прекрсти институцијата во „Министерство за (култура) и туризам – Плата нема“, алудирајќи на, како што велат, хроничната пасивност на министерот и институционалната негрижа кон културните работници.

Македонија | пред 10 месеци

IMG_6873

Белата куќа: Иран не го преместил облагородениот ураниум пред нападите

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли можноста дека Иран преместил високо облагороден ураниум пред воздушните напади на САД и Израел врз нуклеарните локации Фордо, Натанц и Исфахан.Трамп ги критикуваше американските медиуми по објавувањето на доверлив разузнавачки документ што ја доведуваше во прашање ефикасноста на нападите. Според него, операцијата резултирала со „целосно уништување на целните постројки“.Директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, изјави дека според „веродостојни информации“, иранската нуклеарна програма е „сериозно оштетена“.Иако Техеран призна дека постројките се „значително оштетени“, некои експерти шпекулираа дека Иран можеби го отстранил облагородениот ураниум (околу 400 килограми облагородени до 60%) пред нападите – ниво блиску до прагот за изработка на атомска бомба.Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, за Fox News изјави: „Можам да потврдам дека САД немаат добиено никакви индикации дека ураниумот бил преместен пред нападите.“Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), со која Иран најави прекин на соработката, го загубила надзорот врз тој материјал уште со почетокот на непријателствата, изјави директорот Рафаел Гроси за француската телевизија.

Свет | пред 10 месеци

netanjahu

Трамп повика да се прекине судскиот процес против Нетанјаху: „Тој е херој и воин!“

Американскиот претседател Доналд Трамп повика Израел веднаш да го помилува премиерот Бенјамин Нетанјаху или да го прекине судскиот процес за корупција што се води против него, нарекувајќи го „голем херој“ и „воин“.„Судењето Нетанјаху треба веднаш да се запре или да се помилува овој голем херој кој направи толку многу за Израел“, напиша Трамп на својата мрежа Truth Social, додавајќи дека дознал оти Нетанјаху треба повторно да се појави на суд во понеделник.„Ниту еден лидер во историјата на Израел не се борел посилно и покомпетентно од Нетанјаху“, рече Трамп.Нетанјаху е обвинет од 2019 година за мито, измама и злоупотреба на доверба – обвиненија што ги негира. Судењето започна во 2020 година и повторно се активираше со негово вкрстено испрашување, закажано за следната недела.Трамп го спореди случајот со политички мотивиран прогон, користејќи го терминот „лов на вештерки“ – фраза што често ја користи и за сопствените судски процеси во САД.

Свет | пред 10 месеци

Screenshot-2025-06-25-212944

(Видео) Камбовски: Криво ми е што по лошо се познати судиите, добар дел сами сносат вина

Гостин во ,,Претрес со Ландов” е Александар Камбовски, претседател на Судски совет.Тој рече дека му е криво што по лошо се познати во јавноста, а за добар дел сами сносат вина.Сепак, вели, има и добри судии.Огромен терет, посочи, носат на свои плеќи. Има и професионалци меѓу 400 судии.,,Минимални се шансите да се згреши. По допрен глас реагираме, но не смееме да вршиме притисок. Откако сум претседател 4 судии се разрешени. Мора за неправилности да има пријави од граѓаните”, рече Камбовски.Укажа на финансискиот и кадровскиот проблем во судството.За изјавата на Мицкоски дека по смена на власта, судии и обвинители доаѓале и се жалеле дека имале притисоци, Камбовски рече дека д страшно, но рече дека ако не поднесат пријава не заслужуваат да бидат судии и е политиканство.Во Претрес вечерва по Камбовски, гостин ќе биде Владимир Туфегџиќ, ексклузивно по пресудите за грозоморното убиство на Вања и Панче.Следете не на линкот:https://www.youtube.com/live/6dc7F8DAo7c

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-06-25-232023

(Видео) Не добив одговор зошто е убиена Вања-ова се првите зборови на татко и по соопштување на пресудата

Ексклузивно во ,,Претрес со Ландов”, гостин е адвокатот Владимир Туфегџиќ. Интервјуто со адвокатот на таткото на убиената Вања е снимено веднаш по пресудите: доживотен затвор за Палчо, Кешишев, Манев и Видевски и ослободителната пресуда за таткото на Вања, Акександар.„ Не го добив одговорот зошто е грабнато и убиено ова дете”, ова беа првите зборови по соопштувањето на пресудата на Александар, вели адвокатот Туфегџиќ.Истражните органи не беа на висина на задачата, вели адвокатот.„Јавното обвинителство се раководеше не врз основа на докази туку врз изјавите на двајца истражители. Обвинителството работеше конфузно.Едниот обвинител конфузно предложи денеска продолжување на куќниот притвор, а другиот обвинител рече дека се укинува притворот.Нема олеснување по пресудата кај мене како граѓанин бидејќи, нема простор за триумфализам. Пресудата има празнини, има празнина зошто е убиено ова дете зошто истрагата не беше насочена кон исказот на Велибор Манев уште на почетокот дека групата правела списоци за ликвидации на луѓе и зошто истражителите беа настојчиви по секоја цена таткото да биде инволвиран во овој предмет”, рече Туфекџиќ.Случајот вели не е завршен.Следете не на линкот:https://www.youtube.com/live/6dc7F8DAo7c

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-06-25-232922

(Видео) Туфегџиќ: Ѓорчевски е убеден дека Палевски ја убил Вања, тој живее живот по инерција, под терапија

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, посочува дека Александар Ѓорчески е убеден дека Љупчо Палевски-Палчо го сторил убиството на Вања Ѓорчевска. Туфегџиќ во „Претрес“ посочи дека токму затоа и му се обратил на Палчо, да му каже, зошто тоа го сторил.„Он лично е убеден, од сето тоа што го слушна. И во своето обраќање во завршниот збор тој му се обрати на Палевски и го повика со зборовите ‘Палевски, стани, поклони се пред сите и кажи зошто ми ја уби Вањичка’. И тоа му посочи ‘не низ форма на реферети туку во две реченици’. Не можев да видам како изреагира Палевски“, рече Туфегџиќ во „Претрес“.Според него, таткото на Вања издржал низ судењата дека со примање терапија.„Ѓорчевски е под посебна терапија, така издржа. Во средина на судењата, третманот не даваше резултати за тој да биде сконцентриран, сменета му е терапијата. И точно дека има промена. Тој и самиот кажа: мижам зошто не можам да ги гледам, но секој збор внимателно го слушам. Тој беше изложен од понижувања и навреди од јавниот обвинител и сето тоа го издржа“, додаде тој.Туфегџиќ рече „тој со бесот заврши, за него, животот после убиството на Вања... нема никаков бес, освен болката која ја носи со себе. Тоа живот по инерција. Тој живее за денот, да добие одговор на прашањето ‘зошто?’“.

Македонија | пред 10 месеци

kambo1

(ВО ЖИВО) Претрес за правосудниот хаос и Судскиот совет, пресудата за таткото на Вања и неодговорените прашања

Во новата епизода на Претрес имаме два фронта на македонското правораздавање:👉 Александар Камбовски, претседател на Судскиот совет👉 Владимир Туфегџиќ, адвокат на Александар Ѓорчевски – таткото на убиената ВањаВо студиото се отвораат прашања кои повеќе не смеат да останат без одговор.⚖️ Со Камбовски зборуваме за:Избори на судии без образложенија – и без довербаСудиите кои застаруваат предмети и судат со годиниЗошто Весна Дамева, со пријавен конфликт на интереси, гласала за избор на Африм Фидани да биде претседател на Врховен судКој ја носи правдата, и дали Судски совет потклекнува пред амбасадите во земјава?Колку членови во Советот ги штити бизнис-елитата, а не ги фаќа законот?Зошто некои судии со сериозни прекршувања добиваат само „опомени“?⚠️ Со Туфегџиќ отвараме:Како беше обвинет таткото Александар Ѓорчевски за грабнување на сопствената ќерка?Дали Обвинителството ги игнорираше доказите, додека јавноста му пресуди однапред?Што се крие зад молкот за пиштолот – клучен доказ кој трипати беше спомнат пред суд, а никој не го побара?Дали Ѓорчевски е ослободен, но системот е виновен?Кој ја уништи вистината – и кој сѐ ќе помине неказнет?

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-06-25-at-19.23.18

(Видео) Сиљановска го помеша потпретседателот на САД – го нарече „Диџеј Венс“ и кажа дека бил на Самитот на НАТО, иако не присуствувал

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на Самитот на НАТО во Хаг го помеша американскиот потпретседател Џеј Ди Венс со сенаторот Марко Рубио, а дополнително, во изјава за ТВ21, го нарече „Диџеј Венс“.Иако изјави дека со поранешниот претседател Доналд Трамп бил и „потпретседателот Диџеј Венс“, тој воопшто не присуствуваше на самитот. Всушност, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски имал средба со сенаторот Рубио во Вашингтон, на 29 мај, а не со потпретседателот на САД.„Јас му кажав дека сум македонска претседателка, и тој имаше интересна реакција, зборувам за говорот на телото. Му реков дека е најважно да се сочува мирот“, изјави Сиљановска за ТВ21.Претседателката ја предводеше македонската делегација на Самитот во Хаг, заедно со министрите Муцунски и Мисајловски. Американската делегација беше предводена од Трамп, а во неа беа и Марко Рубио и државниот секретар за одбрана Питер Хегсет.На својот Фејсбук профил, Сиљановска објави фотографии од средбата со Трамп, нарекувајќи ја „кратка средба со американскиот претседател, симболичен гест на почит и партнерство“.

Македонија | пред 10 месеци

DSC_0073

Запленети над два тона сув цвет од канабис од објект на правно лице во Зелениково

Денеска (25.06.2025) од страна на полициски службеници од Бирото за јавна безбедност, Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, со поддршка на Единицата за брзо распоредување, од објект на правно лице за производство на марихуана за медицински цели, лоциран во општина Зелениково, одземени се 2014 килограми сув цвет од растението канабис.Канабисот е одземен од управителот Ш.Ф.(43) од Република Турција, поради утврдени нерегуларности во работењето, спротивно на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, за што веќе против правното лице и управителот од страна на МВР е поднесена кривична пријава по чл.95-в од Законот.Одземениот канабис е сместен во магацинот на Агенција за управување со одземен имот.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-02-28-at-19.24.38

Трамп по состанокот со Зеленски: „Можно е Путин да има амбиции надвор од Украина“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно Владимир Путин да има територијални амбиции и надвор од Украина, но додаде дека рускиот лидер сака крај на војната.„Тоа е хаос за него. Мислам дека сака да излезе од сето тоа“, рече Трамп на самитот на НАТО во Хаг, одговарајќи на новинарско прашање.Трамп додаде дека е изненаден од однесувањето на Путин и верува дека „бил заведен“, очекувајќи конфликтот да се реши многу порано. Тој спомена неколку конфликти кои, според него, САД успешно ги решиле, вклучувајќи го и неодамнешниот судир меѓу Индија и Пакистан.На маргините на самитот, Трамп се сретна и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. По состанокот, Зеленски објави дека разговорот бил „содржаен“ и посветен на можностите за прекин на огнот и постигнување праведен мир. Двајцата разговарале и за начините на заштита на украинскиот народ.

Свет | пред 10 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.25

Трамп ја предупреди Шпанија: „Ќе платат двојно ако не зголемат трошење за одбрана“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја принуди Шпанија да го зголеми буџетот за одбрана, откако Мадрид соопшти дека нема намера да ги следи новите цели на НАТО за трошоци од 5% од БДП до 2035 година. Наместо тоа, Шпанија сака да остане на сегашното ниво од околу 2,1%.„Го сакаат американскиот пазар, а немаат намера да инвестираат во сопствената безбедност. Ќе платат двојно преку трговски договор. Сериозен сум“, изјави Трамп во пресрет на самитот на НАТО во Хаг.На самитот, лидерите на 32 земји-членки усвоија декларација со која се обврзуваат на нова цел: 5% од БДП за одбрана, од кои 3,5% за воени капацитети и 1,5% за критична инфраструктура, иновации и поддршка на Украина.Шпанскиот премиер Педро Санчес порача дека Шпанија останува посветена на НАТО, но ќе ги исполнува обврските „на свој начин“, бранејќи ја одлуката да не го прифати новото зголемување на трошоците. Трамп тоа го оцени како „проблем“ и „неправедност кон останатите членки“.

Свет | пред 10 месеци

Foto1

Сиљановска-Давкова од Хаг повика да се деблокира процесот на проширување

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Состанокот на Северноатлантскиот совет, на Самитот во Хаг, на којшто истакна дека НАТО се соочува со бројни закани и за да се зачува мирот и безбедноста, потребна е колективна одбрана.Осврнувајќи се на конвенционалните и хибридните предизвици и закани, Сиљановска-Давкова истакна дека земјава е посветена на својот фер дел од товарот.Потсетувајќи на симболиката на 26 јуни - денот на потпишувањето на Повелбата на ОН во 1945, на американската солидарност со Европа за време на Студената војна и епизодата од распадот на Југославија во 1990 година, претседателката посочи на неопходноста од единство околу деблокирање на македонскиот евроинтегративниот процес.Истакнувајќи дека речиси сите членки на ЕУ се и членки на НАТО, таа повика дека тие можат да го деблокираат процесот на проширување и да го завршат обединувањето на Европа, бидејќи европската и евроатлантската интеграција на Западен Балкан не е само политичко прашање, туку и геополитички и безбедносен императив.

Македонија | пред 10 месеци

5

Директорот на БЈБ Јанев на Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции од Југоисточна Европа

Директорот Јанев денеска во Берат Албанија учествува и предводи делегација на БЈБ – МВР на Генералното собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции од Југоисточна Европа, во рамки на албанското претседателство на асоцијацијата.Заедно со колегите од регионот, директорот Јанев се осврна на предизвиците од илегалната миграција и борбата против трговијата со луѓе, сузбивањето на организираниот криминал и јакнење на регионалната соработка преку воспоставување на Заеднички истражни тимови, а воедно се разгледува и фактичката состојба во однос на борбата против компјутерскиот криминал.„Сите овие предизвици претставуваат не само регионална, туку и глобална закана и ги надминуваат можностите за ефикасен одговор и заштита од само една држава, па оттаму неопходно е надградување и продлабочување на механизмите за оперативна полициска соработка помеѓу државите во регионот и пошироко, забрзана дигитализација на процесите и интензивирање на оперативните мерки и активности за сузбивање на организираниот криминал, со што ќе се генерираат и нови алатки за превенција, следење и успешно справување со криминалот во сите негови форми.“, потенцираше директорот Јанев.Директорот Јанев подвлече дека регионалниот пристап за заедничко делување, зајакната соработка и аплицирање на современи алатки и модели на полициско постапување се повеќе од потребни во времето во кое живееме, соочувајќи се со низа предизвици од софистицираните методи кои ги користат организираните криминални групи.Учеството на Генералното собрание на СЕПКА, Директорот Јанев го искористи за средба со своите колеги, директорите на полиции на Р.Албанија, Црна Гора, како и Р. Косово, со кои разменија идеи и визии во насока на понатамошно зајакнување на билатералната соработка во делот на граничното управување, прекуграничните операции и заеднички истражни тимови за сузбивање на организираните криминални групи кои делуваат во регионот.„Како први луѓе на полицијата, имаме мисија и одговорност да го направиме регионот побезбеден и постабилен за сите наши граѓани. Безбедноста не познава граници – таа бара солидарност, координација и заедничко делување.“, потенцираше на крај директорот Јанев.

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања