Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
1 мес.
media-libraryd5nt83lagu0qaD0vXXk

Филипче предупредува на ризик од злоупотреба на податоци преку „Сејф сити“

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, изјави дека СДСМ не е против воведувањето на системот „Сејф сити“ од аспект на унапредување на безбедноста во сообраќајот, но оцени дека во актуелното законско решение постојат сериозни и суштински прашања кои мора дополнително да се прецизираат и јавно да се отворат во Собранието.Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче нагласи дека секој закон кој придонесува за намалување на сообраќајните несреќи и за зголемување на безбедноста е принципиелно поддржан од СДСМ, но дека тоа не значи безусловна поддршка на решенијата што моментално се предлагаат.Тој посочи дека мора да се земе предвид економската состојба во државата и животниот стандард на граѓаните, особено кога станува збор за висината на казните што ќе произлезат од примената на системот.Покрај економскиот аспект, Филипче како клучно прашање ја истакна и контролата врз податоците што ќе се собираат преку системот „Сејф сити“, оценувајќи дека станува збор за огромна количина чувствителни информации за граѓаните.Во тој контекст, тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ, како носител на актуелната власт, има, како што рече, историја на злоупотреба на безбедносните служби, следење и прислушкување на граѓани, поради што, според него, не може овој сегмент да помине без сериозна парламентарна расправа.Филипче нагласи дека токму поради ваквите сомнежи, СДСМ ќе инсистира на дебата во Собранието, со цел да се обезбедат јасни гаранции дека податоците нема да се користат за тесни, партиски или политички цели и дека системот ќе служи исклучиво за јавна безбедност и заштита на граѓаните.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library44fkk6lo0ouk51N5oIy

Жан Митрев тврди дека Заев и Филипче барале сопствеништво во болницата, Филипче возвраќа: Ќе тужам

Поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче биле директно заинтересирани да пронајдат начин за стекнување сопственички удел во болницата „Жан Митрев“, во периодот кога против познатиот кардиохирург се водела истрага поврзана со лекувањето на пациенти за време на ковид-кризата. Ова јавно го изнесе самиот Жан Митрев, гостувајќи во Вечерното шоу на Богдан Илиевски на ТВ Алфа.Богдан Илиевски: Политички големци од претходната гарнитура, на највисоки функции, можеби еден премиер и еден министер за здравство, биле директно заинтересирани за најдат начин до сопствеништво врз вашата болница. Дали сте го слушнале овој муабет?Жан Митрев: Да, да.Богдан Илиевски: Дали сте го почувствувале таквиот обид?Жан Митрев: Да.Богдан Илиевски: Потврдувате ли дека имало заинтересираност од Зоран Заев и од Венко Филипче да најдат пат до сопствеништво врз вашата болница?Жан Митрев: Да, имаше такви реални контакти. И на писмено, не само вака…Набргу по овие наводи, актуелниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, одржа вонредна прес-конференција на која остро реагираше, оценувајќи дека станува збор за „континуирана црна кампања и јавен линч“ насочени кон него. Тој ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека преку изјавите на Жан Митрев му се припишува рекет и обид за преземање на цела болница.Филипче изјави дека ваквите напади ги надминале сите граници и најави покренување судска постапка против, како што рече, сите инволвирани – и нарачателите и извршителите. Воедно, тој јавно го повика Жан Митрев, доколку има какви било сознанија за кривично дело, да поднесе кривична пријава до обвинителството.„Нека постапи институционално ако смее. Ако има нешто, нека се докаже пред обвинител и суд, а не преку медиумски настапи. Затоа што знаат дека ќе одговараат“, рече Филипче, обвинувајќи ја власта дека токму ваквите случаи се причина зошто, според него, не се спроведуваат суштински реформи во правосудството.Со ова, јавноста доби две спротивставени верзии за истиот настан – една од страна на кардиохирургот Жан Митрев, кој говори за директни обиди за преземање на неговата болница, и друга од страна на Венко Филипче, кој тврди дека станува збор за политички мотивирана кампања и најавува правна разврска пред судските институции.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarypcj7jiv5m2ph0naaS63

Филипче тврди дека е мета на клевети

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната вонредна прес-конференција, жестоко реагираше на континуираната црна кампања и јавниот линч што власта го води против него.„Секој ден сум предмет на јавен линч, преку груби лаги и постојана црна кампања и манипулации. Дубаи, згради од 42 спрата, визи, Венеција, Сент Морис итн. Пред некој ден ме споредија дури и со Џим Џонс, убиец на 300 деца. Вчера, отидоа дотаму, да преку Жан Митрев, за кого како лекар не можам да кажам што мислам, ме обвинија за рекет за цела болница“, рече  Филипче.Како што кажа Филипче, ВМРО-ДПМНЕ ја премина секоја граница и најави дека ќе покрене судска постапка против сите инволвирани.„ВМРО-ДПМНЕ  ја помина секоја граница и јас преку ова нема да поминам. Ова не е политика. Претераа. Ова веќе ги поминува сите можни граници. Што ќе смислат следно, утре ќе ме обвинат и за силување, за убиство? За што следно? Доста е веќе. Сега ќе ги тужам. Мојот одговор преку суд ќе го добијат и наредбодавачите и извршителот“, нагласи Филипче.Воедно, Филипче на денешната прес-конференција јавно го повика Жан Митрев да постапи институционално, доколку смее и најави дека ќе ги гони и нарачателите и извршителот.„Го повикувам Жан Митрев нека отиде кај обвинител и нека поднесе Кривична пријава ако смее, па да одговара по Кривичен закон. Не го прават тоа затоа што знаат дека ќе одговараат, а не вака да ги тужам само за клевета. Е, затоа власта не сака реформи, не сака реформирано правосудство по европски стандарди, за токму ова да го прави“, рече,  претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
elon-mask

Судска битка тешка милијарди: Маск против OpenAI и Microsoft

Илон Маск покрена судска постапка против OpenAI и Microsoft, со која бара отштета во износ до 134 милијарди долари, тврдејќи дека двете компании незаконски стекнале огромна добивка врз основа на неговата рана финансиска и институционална поддршка на организацијата што развива вештачка интелигенција.Според судските поднесоци, OpenAI наводно остварил добивка меѓу 65,5 и 109,4 милијарди долари, додека Microsoft инкасирал од 13,3 до 25,1 милијарда долари, благодарение на процеси и трансформации што, според Маск, се спротивни на основачката мисија на организацијата. Маск бил еден од коосновачите на OpenAI во 2015 година, кога организацијата функционирала како непрофитна, а од неа се повлекол во 2018 година.Во тужбата се наведува дека Маск вложил околу 38 милиони долари, што претставувало околу 60 отсто од почетното финансирање на OpenAI. Со тие средства, според неговите адвокати, биле регрутирани клучни кадри, обезбедени важни контакти и ѝ бил даден кредбилитет на организацијата во раната фаза на развој.OpenAI остро ја отфрли тужбата, оценувајќи ја како „неоснована“ и дел од, како што наведуваат, кампања на Маск за притисок и злоупотреба на судскиот систем. Од Microsoft, пак, соопштија дека не постојат докази дека компанијата „помагала или поттикнувала“ какво било незаконско постапување. Потсетуваат дека Microsoft првпат инвестирал во OpenAI во 2019 година, веќе откако Маск ја напуштил организацијата.Маск денес е сопственик на компанијата xAI и развива конкурентски чет-бот со име „Грок“, а во тужбата тврди дека OpenAI ја прекршил својата основачка мисија преку трансформацијата од непрофитна во комерцијална структура.Судија во Оукленд, Калифорнија, на почетокот на месецов одлучи процесот да се води пред порота, а судењето е закажано да започне во април. Во тужбата се наведува дека пресметката на потенцијалната отштета ја изработил финансискиот експерт К. Пол Вазан, а Маск, покрај финансиска компензација, најавува дека може да побара и дополнителни санкции.Од OpenAI и Microsoft побарале од судот да ја ограничи или целосно да ја отфрли експертизата на Масковиот финансиски советник, оценувајќи ја како „измислена, непроверлива и без преседан“. Според нив, барањето за пренос на милијарди долари од организација во која Маск бил донатор, а подоцна станал конкурент, претставува опасен и правно неодржлив преседан.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
policija-policaec

Тројца возачи лишени од слобода поради возење под дејство на алкохол, еден излетал од патот кај Велес

Тројца возачи биле лишени од слобода во одвоени случаи во Велешко, Валандово и Гевгелија, откако полициските контроли утврдиле дека управувале возила под дејство на алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи.На 16 јануари околу 17 часот, полициски службеници од СВР Велес го привеле И.П. (43) од селото Владиловци, општина Чашка. Претходно, на регионалниот пат Велес – село Извор, на мостот на реката Бабуна, тој со патничко возило „шкода“ со велешки регистарски ознаки удрил во бетонски столб од мостот. При увидот било утврдено дека возачот го управувал возилото со 2,45 промили алкохол во крвта.Истиот ден, исто така околу 17 часот, во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишиле од слобода Т.К. (59) од Валандово. За време на сообраќајна контрола бил сопрен трактор со валандовски регистарски ознаки, кој го управувал приведениот. По преземените мерки било утврдено дека возачот имал 1,59 промили алкохол во крвта.Во раните утрински часови на 17 јануари, во 01:23 часот, во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го привеле С.С. (29) од селото Корешница, општина Демир Капија. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „ауди“ со демиркаписки регистарски ознаки, а по алкотестирањето било утврдено дека возачот имал 1,53 промили алкохол во крвта.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на сите случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library0tv2phv2njt61xkSsXC

Националниот парк Шар Планина со детали за инцидентот со ратраците: Притисоци, закани и неовластена уплата

Јавната установа Национален парк Шар Планина соопшти дека веќе четврта година континуирано работи на регулирање на дејноста скијање со ратрак-машини надвор од скијачкиот центар Попова Шапка, согласно Планот за управување со паркот и правилата за движење на моторни возила на заштитеното подрачје.Од институцијата нагласуваат дека оваа дејност е дозволена исклучиво под строго утврдени услови и со почитување на актите и одлуките што ги има донесено Националниот парк, како институција основана од Владата на Република Македонија. Операторите кои ја вршат дејноста се обврзани целосно да ја почитуваат законската рамка.Во врска со вчерашната интервенција на терен, од Националниот парк информираат дека службените лица постапувале исклучиво во рамки на своите законски овластувања, со цел контрола на спроведувањето на законите и заштита на природните вредности на Шар Планина. Според нив, немилиот настан што се случил при извршување на службените задачи претставува напад врз правниот поредок и директно го загрозува интегритетот и безбедноста на вработените.На местото на настанот, покрај директорот на Националниот парк, раководителот на Одделението за заштита на природата и чуварите на природа, биле присутни и лица ангажирани од операторот, приватно обезбедување, сопственикот на хотел „Арена“, како и околу педесетина туристи. Дел од лицата ангажирани од операторот, како што наведуваат од институцијата, влегле во конфликт со вработените, ја попречувале нивната работа, го нарушиле нивниот личен дигнитет и го довеле во ризик нивниот живот и здравје.Поради ескалација на ситуацијата, во 9:15 часот било упатено барање за полициска поддршка на бројот 112, од каде, според Националниот парк, не биле преземени конкретни мерки против лицата кои го предизвикале инцидентот, ниту било спречено понатамошното користење на ратраците. Присутните, како што се наведува, го напуштиле местото со скандирања и навреди.По завршување на настанот, претставници на Јавната установа се упатиле во Полициската станица во Тетово, каде што поднеле соодветна пријава, оценувајќи дека законитоста на постапувањето на терен треба да биде предмет на темелна и дополнителна истрага.Дополнително, од Националниот парк информираат дека додека давале изјава во полиција, во 13:26 часот, на сметката на институцијата била извршена уплата од 300.000 денари од ресторан „Арена“, со назначена цел „аванс за надомест за вршење дејност со ратрак по регистриран пат“. Од паркот појаснуваат дека ресторанот не е регистриран оператор, нема договор со институцијата и не поседува лиценци за вршење на ваква дејност.Средствата, како што наведуваат, се уплатени без издадена фактура или претходно барање и ќе бидат вратени во првиот нареден работен ден, а за случајот е известен и Секторот за економски криминал.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Бенон: Канада може да биде „следната Украина“ поради кинеските амбиции на Арктикот

Американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да му се спротивстави на растечкото кинеско влијание во Канада, како дел од проширувањето на таканаречената „Донро доктрина“ на целата западна хемисфера, изјави неговиот поранешен шеф на кампања и главен стратег во Белата куќа, Стив Бенон.Според Бенон, Канада би можела да стане „следната Украина“ поради, како што тврди, неможноста самостојно да ја брани својата северна арктичка граница и поради засилените кинески интереси во регионот.„Следната голема работа ќе биде Канада. Канада е следната Украина бидејќи не може да ја одбрани својата северна арктичка граница и Кина ќе дојде да загризе. Тие не можат да ја бранат, а Трамп ќе настапи силно кон Канада“, изјави Бенон.За време на првиот мандат на Трамп беше формирана специјална работна група за Арктикот, со што, според поранешни функционери на Белата куќа, претседателот стекнал подлабоко разбирање за геостратешкото значење на регионот, вклучително и на Гренланд. Истите извори наведуваат дека загриженоста во Вашингтон значително пораснала откако Кина во 2018 година самата себе се опиша како „речиси арктичка држава“.Дополнителна вознемиреност кај американската администрација предизвикува и зајакнувањето на односите меѓу Канада и Кина. Канадскиот премиер Марк Карни неодамна ја посети Кина, првпат по речиси една деценија, при што кинескиот претседател Си Џинпинг и Кина ги нарече „стратешки партнери“. Карни изјави дека постигнатиот напредок и партнерството ги подготвуваат двете земји за „новиот светски поредок“.Во исто време, Трамп јавно истакна дека неговиот интерес за Гренланд не е само територијален, туку и дел од поширока стратегија за држење на Русија и Кина подалеку од клучните арктички региони. По неодамнешната американска операција во Венецуела, која заврши со апсење на Николас Мадуро, меѓународната заедница, според аналитичарите, посериозно почна да го сфаќа новото толкување на Монроовата доктрина од страна на Трамп.„Монроовата доктрина беше голема работа, но ние одамна ја надминавме. Сега ја нарекуваат Донро доктрина“, изјави Трамп, нагласувајќи дека според новата стратегија за национална безбедност, американската доминација во западната хемисфера повеќе нема да биде доведена во прашање.Таканаречената „Донро доктрина“ ја проширува класичната Монроова доктрина со цел спречување на какво било позиционирање на воени или стратешки капацитети од страна на не-хемисферни сили, како Русија и Кина, во истата хемисфера со САД. Овој пристап е детално опишан и во Стратегијата за национална безбедност на Белата куќа, објавена во ноември.Републиканците во американскиот Сенат во голема мера ја поддржаа оваа визија. Сенаторот Ерик Шмит од Мисури изјави дека со „Донро доктрината“ Трамп го оживува принципот кој бил темел на американската надворешна политика во најголемиот дел од историјата.„Под водство на Трамп, Америка се однесува како суперсила каква што е – без извинување за политики што ја прават земјата побезбедна и посилна“, порача Шмит.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Фатен бегалец од Идризово по кражба на мобилен телефон во центарот на Скопје

Полициски службеници од СВР Скопје рано утринава го лишија од слобода 43-годишниот Ј.П. од Скопје, кој бил баран поради бегство од Казнено поправна установа Затвор Идризово.Како што информира Министерство за внатрешни работи, апсењето било извршено на 17 јануари околу 4 часот наутро, на подрачјето на општина Центар, по претходна пријава дека осомничениот вечерта на 16 јануари, околу 21:50 часот, во угостителски објект одзел мобилен телефон од 23-годишна девојка од Скопје.При преземените мерки било утврдено дека Ј.П. е лице по кое се трага по наредба од Основниот кривичен суд, поради бегство од затворот Идризово. Одземениот мобилен телефон е пронајден и вратен на оштетената.По целосно документирање на настанот, Ј.П. е вратен во Затвор Идризово, а против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Возило „киа“ удрило во пешак во Скопје, жената со тешки повреди пренесена на Клиника

Жена на возраст од 48 години се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила утринава во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.Според информациите од МВР, на 16 јануари 2026 година околу 08:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Војвода Васил Чакаларов“ патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П. (52) од Скопје, удрило во пешакот Р.Д. (48), исто така од Скопје.Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР Скопје, а се работи на целосно расчистување на околностите под кои се случила сообраќајната несреќа.

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
semejno-nasilstvo

Ново семејно насилство: Скопјанка пријави дека сопругот ја нападнал со тврд предмет и ѝ се заканувал со остар предмет

Жена на возраст од 29 години пријавила семејно насилство во СВР Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 10 јануари 2026 година, во семејниот дом на подрачјето на општина Петровец, таа била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Ј. (33), кој употребил тврд предмет, а воедно ѝ упатувал и закани со остар предмет.Како што е наведено во пријавата, претходно сопругот физички ја нападнал и нивната малолетна ќерка.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок до надлежните институции.

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
ujp

УЈП: Целосна соработка со обвинителството во случајот со 11 вработени, нема компромис со незаконитости

Управата за јавни приходи соопшти дека континуирано соработува со сите надлежни институции во случаите каде што постои сомневање за незаконито постапување во даночната област и дека наодите од спроведените контроли претставуваат основа за постапување на другите надлежни органи.Во врска со актуелниот случај кој се однесува на 11 вработени, од УЈП информираат дека се во постојана и целосна координација со обвинителството, при што биле обезбедени и доставени целосна документација, релевантни материјали и експертски појаснувања поврзани со даночната регулатива и постапките.„Нема компромис кога станува збор за незаконито постапување, злоупотреба или корупција. Овие појави се неприфатливи и целосно спротивни на професионалните и етичките принципи на институцијата“, нагласуваат од Управата за јавни приходи.Истовремено, од УЈП потсетуваат дека во сите постапки мора доследно да се почитува принципот на презумпција на невиност, како темелна гаранција на правниот поредок.Додека трае постапката, Управата за јавни приходи, како што се наведува во соопштението, презела навремени и соодветни мерки за обезбедување непречено функционирање на институцијата и стабилност на работните процеси во засегнатата организациона единица. Со тоа, се овозможува континуитет во работењето, заштита на јавниот интерес и зачувување на институционалниот интегритет.Од УЈП порачуваат дека остануваат посветени на владеењето на правото, отчетното и професионално постапување и на заштитата на јавниот интерес, најавувајќи дека ќе продолжат со целосна соработка со надлежните органи со цел утврдување на одговорност таму каде што постои, но и зачувување на угледот, довербата и интегритетот на институцијата и нејзините вработени.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library57i6ivhg5bg59htlQsn

Ќе им се суди на лицата кои му помогнале на возачот кој усмрти жена во Капиштец да избега, откриено како го изнеле низ државава

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против маж и жена кои се товарат дека како соизвршители му помогнале да побегне на осомничен за сообраќајна несреќа со смртни последици, што се случи на 9 јануари во скопската населба Капиштец. Двајцата се обвинети за кривично дело помагање на сторител по извршено кривично дело, казниво според член 365 став 2 од Кривичниот законик.Според обвинението, тие со умисла му помогнале на лице осомничено за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на повредено лице. Со патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, веднаш по несреќата дошле до домот на осомничениот, го зеле него и неговиот татко и преку граничниот премин Табановце ги пренеле во Република Србија. Откако ги оставиле таму, помагачите се вратиле во земјава околу полноќ.Со обвинението, јавниот обвинител доставил и предлог до судот за продолжување на претходно определените мерки – притвор за обвинетиот маж и куќен притвор за обвинетата жена.Во меѓувреме, осомничениот за сообраќајната несреќа со смртен исход сѐ уште е недостапен за органите на прогонот. По него е распишана централна и меѓународна потерница по барање на Основното јавно обвинителство Скопје.Станува збор за Саитов Саит, роден на 6 април 2007 година во Скопје, од татко Берти и мајка Ганимете, со последна пријавена адреса на улицата „Дом Ндуе Битичи“ во Скопје. Тој се бара поради сомнение за сторено кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, казниво по член 300 од Кривичниот законик.Според досегашните наоди од истрагата, на 9 јануари осомничениот управувал патничко возило „фолксваген пасат“ по улицата „Народен фронт“, без да поседува важечка возачка дозвола и со брзина која не била прилагодена на условите на патот и сообраќајот. При непрописно поместување налево, навлегол во коловозна лента наменета за спротивен правец и удрил во пешакот Љуба Јаковлеска, која го преминувала коловозот.Од ударот, жената се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Ургентниот центар, каде подоцна починала. Наместо да ѝ укаже помош, возачот го напуштил местото на несреќата и станал недостапен за надлежните органи.Од обвинителството информираат дека истрагата продолжува и дека паралелно се преземаат дејствија за утврдување на евентуална одговорност и на други лица поврзани со овој настан. Од МВР апелираат граѓаните, доколку имаат сознанија за движењето или престојот на осомничениот, веднаш да ја известат полицијата.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Украина под нов жесток удар, Киев во мрак, Запорожје на праг на катастрофа

Војната во Украина влезе во 1.424. ден, можности за мир само се најавуваат, а борбите продолжуваат со сериозни предупредувања од претседателот Володимир Зеленски дека Русија подготвува нови масовни напади низ земјата.Во вакви услови е договорено само ограничено и привремено примирје, исклучиво за да се овозможи поправка на последниот резервен далекувод во нуклеарната централа Запорожје.Киев се соочува со најтешката енергетска криза од почетокот на војната. Градоначалникот Виталиј Кличко предупреди дека главниот град располага со едвај половина од потребната електрична енергија, по разорните руски напади врз енергетската инфраструктура.Западната поддршка продолжува. Претседателот на Чешка, Петр Павел, најави дека Украина ќе добие борбени авиони способни за соборување непријателски дронови, додека Велика Британија јасно порача дека нема разговори со Путин, туку фокусот е исклучиво на поддршка на Украина.Во исто време, Кремљ тврди дека сè уште не е утврден датум за средби со американски претставници.Меѓународната агенција за атомска енергија потврди локален прекин на огнот околу Запорожје, но клучното прашање останува: колку долго може да трае овој кревок договор додека војната влегува во уште поопасна фаза?

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryvv9vku6qra876JpAOvS

(Видео) Еколошки скандал во Ужице: 800 кубици отров се излеа во поток, институциите молчеа со часови

Депонијата „Дубоко“ повторно се претвори во еколошка бомба. Поради хаварија во собирната шахта, во Турски Поток се излеале над 800 кубни метри концентрирани, загадени процедни води, додека надлежните институции со часови не презеле ништо.Реакција имало дури откако граѓанското здружение „Да не дишеме Дубоко“ го пријавило инцидентот. Наместо итна интервенција и јасна одговорност, јавноста доби задоцнето соопштение и неубедливи изговори за „пукната цевка“ и „заштитен балон“.Овој инцидент не е несреќа, туку резултат на системска негрижа и свесно игнорирање на предупредувањата, реагираат невладините здруженија. Уште во ноември беше укажано дека депонијата претставува сериозна закана, но институциите молчеа.Граѓаните револтирано прашуваат:Зошто десет часа никој не реагирал? Кој дозволи овој еколошкиот криминал да се случи? И кој ќе одговара за загадувањето и ризикот по здравјето на граѓаните?

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryp0n926i5olce1D9kuEx

Хаменеи го обвини Трамп

Протестите кои со недели ја потресуваа Иран сега се смирија, но по немирите останаа илјадници загинати и сериозни обвиненија од највисоките власти. Врховниот лидер на Иран, ајатолах Али Хаменеи, го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за „жртвите и штетите“ предизвикани за време на протестите, додека организациите за човекови права наведуваат дека во нивното гушење се убиени повеќе од 3.000 луѓе, пренесува Sky News.Во својата прва објава на социјалната мрежа X на 12 јануари, Хаменеи изјави дека го смета Трамп за одговорен за „жртвите, штетите и клеветите изнесени против иранскиот народ“. Претходно, тој ги обвини демонстрантите дека делуваат во име на Трамп и други „странски терористи“, нарекувајќи ги „вандали и разбојници“ кои „ги уништуваат сопствените улици за да го задоволат претседателот на друга земја“. За време на немирите, дел од демонстрантите палеа слики на Хаменеи, што стана симбол на отпорот против режимот.Протестите избувнаа на 28 декември поради економски тешкотии, но брзо се проширија низ целата земја со повици за крај на клерикалната власт. Снимките од 30 декември прикажуваа студенти кои маршираа заедно со трговци во Техеран, викајќи пароли во чест на Реза Шах, основачот на династијата соборена во Исламската револуција во 1979 година.Американската група Human Rights Activists News Agency (HRANA) потврди 3.090 смртни случаи, вклучително и 2.885 демонстранти. Иранската државна телевизија, пак, наведе бројка од 300 жртви. Sky News независно потврди повеќе од 110 смртни случаи, меѓу кои шест жени и 11 деца, истакнувајќи дека приказните на жртвите покажуваат обиди на режимот да ја прикрие бруталноста.Во последните денови нема знаци на нови протести, а животот на улиците во Техеран и другите градови се враќа во нормала. Властите започнаа со пописување на штетите предизвикани од демонстрациите: оштетени се 350 џамии, 126 молитвени сали, 80 домови на имами, 400 болници и стотици возила на итните служби. Пристапот до интернет беше речиси целосно блокиран повеќе од една недела, што го отежнуваше добивањето проверени информации, а организацијата за кибернетичка безбедност NetBlocks забележа „многу слаб раст на интернет-поврзаноста“ по 200 часови прекин.По извештаите за убиствата, Трамп најави дека САД „ќе помогнат“ и воведе царина од 25% за земјите што тргуваат со Иран. Подоцна, тој го промени тонот и му се заблагодари на иранското водство за откажувањето на „над 800 егзекуции“. Американскиот претседател изјави дека никој не го убедил да не напаѓа, туку дека сам се уверил откако егзекуциите беа откажани.Во Вашингтон, на конференција за новинари, прогонетиот ирански престолонаследник Реза Пахлави изјави дека „Исламската Република ќе падне – не ако, туку кога“ и повика на меѓународна помош за свргнување на режимот. Тој понуди да води привремена влада која ќе ја врати земјата во демократија и ќе обезбеди слободни избори, иако аналитичарите сметаат дека неговата изјава за брз колапс на режимот е тешко проверлива, а и самиот Трамп претходно изрази скептицизам кон Пахлави.Поддршка за иранската опозиција се изрази и со протести низ светот. Пред иранската амбасада во Лондон избиле насилни немири, при што беа повредени неколку полицајци, а четири лица се пренесени во болница. Полицијата соопшти за бројни апсења поради фрлање проектили кон службени лица.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library5buh7sl3hifb7uVcrcJ

Иран повеќе не е поканет на Минхенската безбедносна конференција: „Тоа не би било соодветно“

Организаторите на Минхенската безбедносна конференција соопштија дека ги поништиле поканите упатени до претставници на иранската влада за годинашното издание на настанот, кое ќе се одржи од 13 до 15 февруари, поради жестоката репресија врз демонстрантите во Иран, пренесе агенцијата Франс прес.Портпаролот на конференцијата изјави дека поканите биле испратени пред неколку недели, но дека во светло на актуелните настани одлучено е тие да не бидат уважени. Одлуката доаѓа по масовните протести кои избувнаа во Иран на 28 декември поради високите трошоци за живот и прераснаа во едни од најголемите антирежимски демонстрации од прогласувањето на Исламската Република во 1979 година.Невладината организација „Иран хјуман рајтс“ од Норвешка соопшти дека има потврдени најмалку 3.428 загинати лица, според податоци проверени од организацијата или од независни извори. Други проценки наведуваат дека бројот на жртви надминува 5.000, а според некои дури достигнува и 20.000, но ограничениот пристап до интернет значително ја отежнува проверката на информациите од страна на медиумите и организациите за човекови права.Претходно, портпарол на германското Министерство за надворешни работи изјави дека не се смета за соодветно учеството на иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи на конференцијата, имајќи го предвид, како што беше наведено, крвавиот однос на властите кон демонстрантите. Според министерството, на организаторите им било укажано дека таква покана не би била соодветна во актуелниот контекст.Минхенската безбедносна конференција е еден од најзначајните годишни настани на дипломатскиот календар и редовно собира водечки светски политички лидери и функционери. Минатогодишното издание остана запаметено по настапот на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кој ги критикуваше европските земји, обвинувајќи ги за поткопување на демократијата и слободата на изразување, оценувајќи дека состојбата со слободата на говор во Европа е позагрижувачка дури и од заканите од Русија и Кина.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
edi-rama-696x523

Рама „се нафрли” на Јавниот сервис: Менаџментот на РТШ е „најмизерната служба на светот“

Албанскиот премиер Еди Рама жестоко го критикуваше Јавниот сервис, дури спомна и опција за негово гаснење. Тој го нарече менаџментот на Албанската радио-телевизија (РТШ) „најмизерната служба на светот“.Рама посочи дека нема да се издвојуваат јавни пари се додека не се спроведат реформи во РТШ. Според него, сите опции се на маса, вклучувајќи затворање, приватизација или партнерство.Тој рече дека јавниот сервис е неуспешен и оти неговото работење е полошо од помалите комерцијални телевизиски станици со помал буџет и кажа дека не ја следел програмата на РТШ од 1990 година и оти претходно им дал можност на директорите да ја подобрат својата работа, но без успех.Здружението на новинари на Албанија реагираше на изјавите на албанскиот премиер, оценувајќи дека неговата реторика „ги стигматизира јавните медиуми“ и предлага драстични решенија што „сериозно би го загрозиле медиумскиот плурализам и уредничката независност“.Здружението повика на длабинска реформа на РТШ преку дијалог со експерти и граѓанското општество, почитувајќи ги европските стандарди за слобода на медиумите.Здружението нагласи дека РТШ е институција од јавен интерес, која мора да гарантира непристрасно информирање, култура, образование и еднаков пристап до граѓаните.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
cigari

Здравство: Забраната за пушење во затворени простории е заштита на здравјето, не удар по угостителите

Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, не претставува удар по угостителството, туку законско решение насочено кон заштита на правото на здраво и безбедно работно место, соопштија од ресорното министерство. Со законското решение се предвидува целосна забрана за пушење во затворени јавни и работни простории, во согласност со европските стандарди и препораките на Светската здравствена организација.Од Министерството нагласуваат дека со законот се воспоставува јасно и универзално правило, без исклучоци и без сиви зони, кое ги штити сите граѓани. Пушењето, како што се наведува, останува личен избор, но затворениот заеднички простор не смее да биде место каде тој избор се претвора во директен ризик за здравјето на другите присутни.Јавноздравствените анализи укажуваат дека квалитетот на воздухот во затворените простории има директно влијание врз здравјето, при што чистиот воздух значи помалку иритации на дишните патишта, помал број астматични напади и намален ризик од развој на хронични заболувања. Во тој контекст, изложеноста на тутунски чад се третира како прашање на безбедност и здравје при работа, а не како прашање на личен животен стил.Посебен акцент во предлог-законот се става на угостителските објекти, каде што токму вработените се најдолго и најинтензивно изложени на чад од цигари и други тутунски и никотински производи. Според Министерството за здравство, државата има јасна обврска да го заштити правото на вработените на здрава и безбедна работна средина, независно од дејноста во која работат.Министерот за здравство Азир Алиу посочува дека искуствата од европските земји кои веќе вовеле вакви законски решенија покажуваат оти стравувањата од негативни економски последици се неосновани. Како примери ги наведува Ирска, Велика Британија и други држави, каде што ваквите мерки не довеле до пад на приходите, туку до поуреден, поквалитетен и попредвидлив амбиент во угостителските објекти.Според Алиу, забраната за пушење во затворени простории овозможува поголема посетеност од семејства, туристи и граѓани кои преферираат чист воздух, што на долг рок претставува директен бенефит и за самите угостителски објекти. Министерството за здравство порачува дека предлог-законот има за цел да воспостави рамнотежа меѓу економските активности и основното право на заштита на здравјето на граѓаните.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
zagadeno-skopje-5

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици, затворање на повеќе улици

Министерството за внатрешни работи информира дека на 19 јануари 2026 година, понеделник, поради одбележувањето на празникот Богојавление – Водици, ќе биде воведен посебен режим на сообраќај на повеќе сообраќајници во Скопје.Како што соопштија од МВР, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за временo затворање на одредени улици со цел непречено и безбедно одвивање на настаните поврзани со празникот.Во централното градско подрачје, за сообраќај ќе биде затворена улицата „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ до крстосницата со улицата „11 Октомври“, и тоа во двете насоки.Во општина Ѓорче Петров ќе бидат затворени повеќе сообраќајници, и тоа патот од црквата „Свети Петар и Павле“, булеварот „Партизански Одреди“ до улицата „Ѓорче Петров“, како и улицата „Ѓорче Петров“ до улицата „Васил Чакаларов“. Дополнително, за сообраќај ќе биде затворена и трасата од црквата „Свети Пантелејмон“, преку улицата „Козле“, дел од улицата „Васил Чакаларов“, до Железничкиот мост на реката Вардар.Во општина Аеродром, сообраќајот ќе биде запрен на локалниот пат кој води кон населбите Горно и Долно Лисиче.Од СВР Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат униформираните полициски службеници на терен, со цел одржување на јавниот ред и безбедност и избегнување на сообраќајни метежи.

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
media-library07rsk17h23nr6R4vmpn

Бизнис без дозвола или заштита на природата: ескалира спорот меѓу „Ескимо Фрирајд“ и НП „Шар Планина“

Откако ренџерите на Национален парк Шар Планина денеска спречија пет ратраци на приватната компанија Ескимо Фрирајд да превезуваат скијачи на високите терени на Шар Планина поради немање соодветна дозвола, компанијата реагираше со остро соопштение во кое ги нападна медиумите и самата институција, тврдејќи дека инцидентот бил неоправдан и дека требало да ѝ се дозволи непречено да продолжи со работа.Од Националниот парк соопштија дека ратраците биле запрени бидејќи вршеле комерцијална дејност без склучена спогодба со јавната установа, што е спротивно на важечката регулатива за движење со моторни возила во заштитеното подрачје. Потсетуваат дека вакви активности се дозволени исклучиво во зоните за активно управување и тоа само по претходно потпишан договор, со цел заштита на природата и биодиверзитетот.Спротивно на ова, од „Ескимо Фрирајд“ тврдат дека со децении придонесуваат за развојот на туризмот и скијањето на Попова Шапка и дека токму поради тие заслуги требало да им се дозволи да продолжат со работа, иако формално немале одобрение. Компанијата, која наплатува услуги за превоз на скијачи до недопрените и неуредени падини на повисоките делови од Шар Планина, наведува дека „20 години управува со фрирајд-операции“, обидувајќи се својата дејност да ја прикаже како придонес од јавен интерес.Во реакцијата, компанијата остро ги нападна медиумите кои известуваа за постапувањето на Националниот парк, обвинувајќи ги дека ја манипулираат јавноста, а притоа тврдеше дека полицијата не ги отстранила нивните вработени од терен, туку тоа го сториле ренџерите на паркот. Дополнително, „Ескимо Фрирајд“ наведе дека авансно уплатиле 5.000 евра кон Националниот парк, но и покрај тоа биле спречени да продолжат со дејноста, иако во секој случај повторно ќе мора да побараат дозвола од истата институција.Компанијата го нарече Националниот парк „нова ултрабирократска институција“ и го обвини дека под превезот на екологија и биодиверзитет, како што наведуваат, селективно постапува и дозволува загадување, сеча и дивоградби низ планината, без притоа да понуди конкретни докази за овие тврдења.Од Националниот парк „Шар Планина“ возвратија дека правилата важат еднакво за сите и дека движењето со ратраци е строго ограничено. Потсетуваат дека во зоните на строга заштита вакви активности се целосно забранети, а во зоните за активно управување можат да се одвиваат само со јасно дефиниран договорен однос.„Операторите задолжително мора да имаат склучено договор со Јавната установа, со кој се утврдува режимот на движење и надзор, со цел да се заштити природното богатство и биодиверзитетот на Националниот парк“, нагласуваат од институцијата, додавајќи дека ќе продолжат со засилени контроли и законско постапување кон сите што ја прекршуваат регулативата.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања