Промени тема
Контакт

Најнови вести

1 мес.
media-libraryrub207jsceqp29IsE38

Борбата на Ведрана Рудан со ракот на жолчни канали: Симптоми, дијагноза и зошто оваа болест е толку опасна

Рак на жолчни канали (познат и како холангиокарцином) е ретка, но многу агресивна и сериозна злоќудна болест. Оваа болест е во фокусот на јавноста по објавувањето на веста за смртта на познатата хрватска писателка и колумнистка Ведрана Рудан. Таа јавно и без влакна на јазикот зборуваше за својата сооченост и начната битка со оваа болест по откривањето во мај 2024 година. Холангиокарцином настанува во жолчните канали, тенки цевки што служат за пренос на жолчката од црниот дроб преку жолчното кесе

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryjsed16rgpq2b6KkhoX5

Пожарите беснееја низ земјава, спасени куќи во Чаниште и загрозен манастир кај Туденце

Во текот на вчерашниот ден и во текот на ноќта во земјава биле регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои 23 се изгаснати, додека шест остануваат активни и утринава, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Една од најсериозните ситуации била во селото Чаниште, на околу 30 километри од Прилеп. Огнот навлегол меѓу куќите, но, според информациите со кои располага ДЗС, ниту една од куќите во кои живеат преостанатите жители не била опожарена. Изгореле нек

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarybgg3f5qkm3ia2v2OFMj

Даночни прекршувања од 92.000 евра откриени на туристички бродови на Санторини

Даночни прекршувања поврзани со износ од 92.000 евра откриле грчките даночни инспектори при ненајавени контроли на туристички бродови и катамарани кои организираат крстарења околу Санторини. За утврдените неправилности биле изречени казни во вкупна вредност од 43.000 евра.Контролите ги спровела Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) во рамките на операцијата „Ќе те носам на крстарење 2026“, која била реализирана врз основа на анализа на даночни и статистички податоци.Инспекторите г

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
putin

Нова ескалација меѓу Јапонија и Русија по посетата на Путин на спорните острови

Дипломатските тензии меѓу Јапонија и Русија околу спорните острови северно од Хокаидо повторно се зголемија откако рускиот претседател Владимир Путин ги посети островите. Москва денеска го повика јапонскиот амбасадор на разговор откако Токио го оцени потегот како „целосно неприфатлив“ и упати официјален протест до руската страна.Станува збор за четири острови од јужниот дел на Курилскиот архипелаг – Итуруп, Кунашири, Шикотан и Хабомаи. Јапонија ги нарекува Северни територии и смета дека се нејзи

Свет | пред 1 месец

1 мес.
hiv

Во јули регистрирани 11 нови случаи на ХИВ – девет мажи и две жени

Во јули во земјава се регистрирани 11 нови случаи на ХИВ/СИДА, од кои девет се мажи и две се жени. Станува збор за лица на возраст од 20 до 49 години, покажуваат податоците од најновиот билтен за движењето на акутните заразни заболувања.Според податоците, од 1987 до 2026 година во Северна Македонија се евидентирани вкупно 765 лица со ХИВ/СИДА. Од нив, 141 лице починало, 508 лица живеат со ХИВ/СИДА, додека 116 лица се водат како изгубени за следење.Во истиот период се регистрирани и случаи на дру

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
maidan_nezalezhnosti_kiev

Повеќе од еден месец Украина нема министер за одбрана

Украинскиот парламент денеска се враќа на работа по летната пауза, но две од клучните министерства во земјата и натаму немаат официјално избрани раководители. Министерствата за одбрана и за надворешни работи повеќе од еден месец функционираат со вршители на должност, откако претседателот Володимир Зеленски неочекувано го разреши министерот за одбрана Михајло Федоров.Новата влада на премиерот Сергиј Корецки беше потврдена на 16 јули, но парламентот не избра министри за одбрана и надворешни работи

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryckosfrj5svvnfnGOtKP

Кличко се прости од Хајден Панетиер: „Таа беше важен дел од мојот живот“

Владимир Кличко се огласи по смртта на неговата поранешна партнерка Хајден Панетиер и порача дека неговото семејство минува низ период на „длабок шок и тага“.Актерката, позната по улогите во сериите „Heroes“ и „Nashville“, почина во неделата, 16 август, на 36-годишна возраст. Таа била пронајдена во бессознание во својот дом во Гринвил, Јужна Каролина, откако итните служби добиле дојава за лице со срцев застој.Кличко, поранешниот украински светски шампион во тешка категорија, со Панетиер ја има ќ

Сцена | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryud9n86sek9lg0EOZZYH

(Фото) Се запали куќа во Козле

Пожар утринава избувнал во куќа на улицата „Јуриј Гагарин“ во скопската населба Козле, а на местото интервенираат екипи на скопската Бригада за противпожарна заштита.Од објектот се забележува густ чад кој излегува низ прозорците. Пожарникарите интервенираат со две противпожарни возила, а на терен била присутна и екипа на Итната медицинска помош, која по интервенцијата се упатила кон Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.Од МВР информираат дека пожарот бил пријавен во 7:52 часот.„Денеска (18.08.2026)

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
media-library6vdugsr22mpg6eEWOJX

(Фото) Несекојдневна сцена на Крит: Мршојадец се качил на крило на авион пред полетување, пожарникарите морале да интервенираат

Несекојдневна спасувачка акција се одвивала во неделата навечер на аеродромот во Ираклион на Крит, кога мршојадец слетал на крилото на авион подготвен за полетување и одбил да се помести.Пилотот ја забележал птицата на крилото на авионот и ја известил контролната кула, објави грчкиот портал „Patris“.Откако било утврдено дека мршојадецот нема намера да го напушти авионот, била повикана аеродромската противпожарна служба.Пожарникарите со помош на специјални скали се приближиле до птицата и успеале

Вирално | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryd7213irh4hc0fg29aLd

Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против комарци во Скопје

Градот Скопје продолжува со мерките за сузбивање на комарците, а вечерва ќе биде спроведена 13-тата дезинсекција против возрасни форми на комарци за оваа сезона.Како што информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, третманот ќе се спроведе теренски, а активностите ќе продолжат и во наредните денови. На 20 август е предвидена теренска дезинсекција, на 21 август во раните утрински часови авионска дезинсекција, додека од 23 до 26 август ќе се спроведува дополнителен теренски третман.Активностите се р

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
nafta

Нафтата поскапува поради новите тензии меѓу САД и Иран

Цените на нафтата бележат раст поради зголемените стравувања дека конфликтот меѓу САД и Иран би можел да продолжи, што дополнително го загрозува снабдувањето со енергенси. Неизвесноста е зголемена откако Иран најави поофанзивен пристап, а Вашингтон ја отфрли можноста за продолжување на привремениот прекин на огнот.Напредокот во преговорите за прекин на конфликтот и повторно воспоставување на редовниот сообраќај на танкерите низ стратешкиот Ормуски Теснец засега е ограничен. Ограничениот број пло

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryv4c46as8ns1acfmc2ZV

(Видео) Морето кај Ровињ преполно со медузи: Пливањето речиси невозможно

Необична глетка ги изненади капачите во близина на Ровињ, каде што морето е преполно со медузи. На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледаат голем број медузи како пливаат веднаш под морската површина.Според сведоштвата на корисниците, нивниот број е толку голем што пливањето во одредени делови е речиси невозможно. Медузите се забележуваат на различни растојанија од брегот, а дел од нив се приближиле и до самото крајбрежје.На фотографиите нивните тела јасно се гледаат во водата,

Настани | пред 1 месец

1 мес.
media-library95mbr24tp2jgb1Cb9rk

(Фото) Мајмунот Лука побегна од зоолошка градина во Шкотска, па сам се врати

Младиот мајмун од видот макак, по име Лука, безбедно се врати во паркот за диви животни Хајленд, во близина на Авимор во Шкотска, откако во текот на ноќта побегна од оградениот простор.Потрагата по него траела во текот на целиот ден, а вработените користеле различни методи за да го пронајдат, меѓу кои и дрон.„Лука се врати дома по сопствена желба и ни е драго што безбедно се врати во паркот“, изјави Дарен Мекгари од Кралското зоолошко друштво на Шкотска.Тој додаде дека мајмунот сега ќе биде прег

Вирално | пред 1 месец

1 мес.
media-library385mvb3fgt0dakb6wxr

Драматична борба со пожарите во Србија: изгореа 3.500 хектари, има и прва жртва

Серијата пожари во Србија продолжува да создава сериозни проблеми за противпожарните екипи, а во изминатото деноноќие е регистрирана и првата жртва. Секторот за вонредни ситуации вчера интервенирал 201 пат, од кои 146 интервенции биле поради пожари на отворен простор.Најкритична е состојбата во Делиблатската Песочара, каде што огнената стихија зафатила околу 3.500 хектари шума и ниска вегетација. Според надлежните, засега нема опасност за населението и имотите, но пожарот активно се гасне и се р

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
media-library8neqh2cp26ev2TZZ4dh

Од „Бевeрли Хилс“ до „Freaks and Geeks“: 10 најдобри тинејџерски серии

Тинејџерските серии со децении заземаат посебно место на телевизиските екрани. Преку приказни за првите љубови, пријателствата, семејните конфликти, притисокот во училиштето и потрагата по сопствениот идентитет, овој жанр често го прикажува растењето многу поискрено отколку што може да се очекува.Некои серии станаа огромни хитови и одбележаа цели генерации гледачи, додека други траеја кратко, но со текот на времето стекнаа култен статус.„The Hollywood Reporter“ состави листа на најдобрите тинејџ

Филм | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryh6657etpgbs67I2pDZY

Пронајдени 85 стебла марихуана и опрема за мерење во прилепски дом

Полицијата во Прилеп привела 47-годишен прилепчанец, откако при претрес во неговиот дом била пронајдена поголема количина марихуана и опрема за нејзино мерење и одгледување.Како што соопшти МВР, на 18 август во 1 часот по полноќ, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Ѓ. (47). Претресот бил извршен со судска наредба од Основниот суд во Прилеп.Во домот биле пронајдени 85 стебла марихуана, две дигитални ваги, две ќеси со семки од канабис, како и повеќе различни пакувања со марих

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
apasiev

„34 години македонска армија - со преку 4% од БДП-то за одбрана до најслаба војска во регионот“, велат од Левица

По повод 34-годишнината од формирањето на Армијата, од Левица преку соопштение критикуваат дека македонската војска, и покрај високите буџетски издвојувања за одбрана, со години се соочува со слабеење на кадровските и материјалните капацитети.Од партијата потсетуваат на улогата на Армијата во конфликтот во 2001 година, нагласувајќи дека нејзината основна задача е заштитата на територијалниот интегритет на државата. Сепак, според нив, наместо понатамошно зајакнување, во изминатите децении се спро

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
dui

ДУИ: Дивоградбата на државно земјиште повторно се гради, Град Скопје и Општина Чаир молчат

Нови градежни активности повторно се одвиваат на објектот на улицата „Ќемал Сејфула“ во Чаир, кој минатата година беше пријавен како дивоградба на државно земјиште, обвинуваат од ДУИ преку соопштение. Од партијата прашуваат како е овозможено продолжувањето на работите и зошто надлежните институции не реагираат.Случајот беше актуелизиран во мај 2025 година, кога тогашната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, излезе на терен и посочи дека објектот се гради без проект и без одобрение за град

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
policija-sad

Флорида денеска ќе го изврши 13-тото погубување годинава, осуден за убиство на сопругата и обид за убиство на нејзината мајка

Флорида денеска ќе го изврши 13-тото погубување годинава, со што сојузната држава продолжува да предничи во САД по примената на смртната казна. На смрт ќе биде погубен 61-годишниот Вилијам Франсис Силвија, осуден за убиство на сопругата со која бил разделен и за обид за убиство на нејзината мајка.Силвија треба да биде погубен со смртоносна инјекција во Државниот затвор на Флорида. Според судските документи, во 2006 година тој купил пушка и заминал во домот на мајката на неговата сопруга во близи

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library7in5opbstglgbl9Hs36

(Видео) Што се крие под оделото на Трамп? Необичен детаљ го привлече вниманието

Необична испакнатина на задниот дел од оделото на американскиот претседател Доналд Трамп привлече внимание на социјалните мрежи и предизвика нови шпекулации за неговата здравствена состојба.Необичниот детаљ бил забележан на видео од неговиот настап на Лонг Ајленд, објавено на платформата „Икс“. На снимката се гледа како Трамп се движи од бината кон присутните, додека задниот дел од неговото одело видливо се испакнува, како под облеката да има цврст предмет со правоаголна форма.Снимката веднаш пр

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library8cd0jpv0aak195JEOFQ

Западнонилската треска се шири во Грција: 110 случаи до 12 август

Во Грција значително расте бројот на случаи на западнонилска треска, при што до 12 август се регистрирани 110 заразени лица. Повеќе од две третини од случаите се во областа Атика, соопштија здравствените власти.Бројката е веќе повисока од бројот на случаи регистрирани во истиот период во претходните години. Посебно загрижува фактот што во 2018 година, која се смета за најтешка година во Грција, во текот на целата сезона биле регистрирани вкупно 317 случаи.Националната организација за јавно здрав

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryrub207jsceqp29IsE38

Почина Ведрана Рудан, една од најчитаните и најконтроверзни хрватски писателки

Хрватската книжевничка, новинарка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 77-годишна возраст по долга и тешка болест, објавено е на нејзината официјална страница на Фејсбук. Веста за нејзината смрт е соопштена со порака дека „заминала на место без сигнал“, а информацијата ја потврдиле и извори блиски до Рудан.Рудан беше една од најчитаните и најконтроверзни современи хрватски авторки, препознатлива по директниот, остар и провокативен стил, со кој често ги критикуваше општествените појави, политича

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
Hrvatska-policija

Четворица осомничени за намерно предизвикување пожари кај Задар, мотивот сè уште мистерија

Четири лица осомничени дека учествувале во предизвикување десет пожари во Задар и околината ќе останат во истражен притвор во следниот месец. Истражителите во продолжение на постапката ќе се обидат да утврдат дали пожарите биле однапред договорени, како и што ги мотивирало осомничените.Меѓу приведените се тројца хрватски државјани на возраст од 42, 45 и 46 години и 33-годишна државјанка на Полска. Според неофицијални информации, таа е партнерка на еден од осомничените.Судијата на истрагата при Ж

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
media-library8ud7rds13skn3MIu41z

Иран потврди: Постигнат договор со Оман за безбедна рута низ Ормускиот Теснец

Иран и Оман се приближуваат до финализирање на договорот за воспоставување соодветна и безбедна рута за минување на бродовите низ Ормускиот Теснец, потврди иранскиот министер за надворешни работи Сејед Абас Арагчи. Двете земји веќе постигнаа напредок околу маршрутата, но поширокото прашање за повторното нормализирање на поморскиот сообраќај и натаму е поврзано со пошироките тензии во регионот.Арагчи за ова разговарал телефонски со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан. Во разговорот

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library0e7tqbm5lifk6O3KqQX

ФИФА го смени оперативниот директор кој го критикуваше Инфантино

ФИФА го разреши оперативниот директор Кевин Ламур, откако тој јавно го критикуваше претседателот Џани Инфантино поради планот за продажба на удел во Светското првенство. Ламур претходно ги обвини челниците на организацијата дека вработените биле „доведени во заблуда“ и дека заслужуваат подобар однос, наместо „презир и заплашување“.Од ФИФА не ги коментираа условите под кои Ламур ја напуштил организацијата. Во официјалното соопштение само се наведува дека неговиот работен однос завршил на 17 авгус

Спорт | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања