Промени тема
Контакт

Најнови вести

1 мес.
media-library80ut1svb25vc0HZ0iWD

Пет пожари и натаму активни, во Старо Нагоричане огнот зафатил и куќа

Во текот на денешниот ден во Македонија се регистрирани 12 пожари на отворен простор, од кои пет и натаму се активни, еден е ставен под контрола, а шест се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.До 13 часот активни се пожарите во општина Студеничани, каде што огнот зафатил подрачје од Моране преку Вртекица до Рамни Габер и гори мешана шума.Пожар има и во општина Македонски Брод, на месноста Видуш, во близина на селата Драгов Дол и Локвица, каде што гори ниска вегетација, ни

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarykb0s1q1bpif1a6y0fzX

По пауза од шест години, амбасадорите повторно на состанок во Скопје – Муцунски најави нов амбасадор во Бугарија

По шест години пауза, во Скопје повторно ќе се одржи Амбасадорскиот совет, на кој ќе учествуваат македонските амбасадори и генерални конзули од дипломатско-конзуларните претставништва во странство, соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција и најави дека состанокот ќе се одржи во четврток и петок, со цел поголема координација и утврдување на приоритетите на македонската дипломатија.Според Муцунски, ова е првпат по 2019 година Амбас

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Телефонскиот сигнал ги одвел до багажникот во кој се криел 29-годишниот Вата, кој уби француски државјанин во Ксамил

Трагичен инцидент го потресе познатото албанско летувалиште Ксамил, каде што утрово 20-годишен француски државјанин бил пронајден мртов на лежалка пред бар на плажа. Според првичните информации, полицијата се сомнева дека младиот турист бил избоден со нож по расправија поврзана со девојка, објави „Газета тема“.Жртвата е идентификувана како Мигел Мендес. Според досегашните сознанија, тој бил нападнат пред бар на плажа, по што починал.Како главен осомничен е посочен 29-годишниот Сократ Вата од Хас

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryl5dr5ib1eo1b0WN7Y1S

Државјанин на Латвија превезувал 10 мигранти од Египет, уапсен на „Богородица“

Полицијата спречила криумчарење на 10 мигранти во близина на Богородица, при што е приведен 59-годишен државјанин на Латвија.Како што информира МВР, случајот се случил на 17 август околу 22 часот во селото Богородица, гевгелиско. Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки „Богородица“ го лишиле од слобода Р.С. (59) од Латвија.При извршената контрола на патничко возило „фиат типо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал приведениот, биле пронајдени

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryg6j929frg711bJBW7y4

(Видео) Сеута како предупредување за Европа: кризата ескалира со сексуални напади и здравствени ризици

Додека мигрантите во шпанската енклава Сеута протестираат поради условите во прифатните центри, дел од жителите и здравствените работници предупредуваат на сериозни проблеми во градот. Во јавноста се појавија сведоштва за случаи на насилство, како и предупредувања за заразни заболувања, додека властите тврдат дека состојбата се враќа во нормала, пренесува Narod.hr.Шпанската влада уверува дека ситуацијата во Сеута е стабилизирана, но сведоштвата што се појавуваат во шпанските медиуми и на социјал

Свет | пред 1 месец

1 мес.
ebola-kongo

СЗО со надеж: Епидемијата на ебола во Конго може да биде ставена под контрола за три месеци

Светската здравствена организација (СЗО) смета дека епидемијата на ебола во Демократска Република Конго сè уште може да биде ставена под контрола во рок од три месеци, но за тоа ќе бидат неопходни доволно ресурси.Официјалниот претставник на СЗО, Тјерно Балде, изјави дека планот за сузбивање на епидемијата во следните три месеци е остварлив доколку здравствените власти и меѓународните партнери ги обезбедат потребните средства.„Ако ги имате потребните ресурси, мислам дека тоа ќе биде возможно“, из

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-librarya6aqqsknqhc65lIeKLE

(Видео) Левица: Се краде од студентите за да им се даде на пензионерите - ДПМНЕ ја плаќа својата гласачка машинерија со парите на младите

Левица преку видео обраќање обвинува дека студентите веќе три години не го добиваат износот на субвенционираниот студентски оброк што, според партијата, законски требало да биде усогласен со инфлацијата. Од партијата велат дека и покрај нивното јавно укажување, Владата и Министерството за образование не дале одговор на наводите.Според Левица, износот на субвенционираниот студентски оброк останал 140 денари, иако соодветно на растот на цените денес би требало да изнесува околу 165 денари. Оттаму

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryvk217dv738irbHcTy1y

ВМРО-ДПМНЕ со реакција за бомбата во Бардовци: „Не е фрлена во домот на полицаецот, СДС нема докази, само шарена приказна и шпекулации“

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на прес-конференцијата на генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, во врска со инцидентот со експлозивна направа во Бардовци.Од владејачката партија велат дека СДСМ изнел неточни тврдења и шпекулации, посочувајќи дека Министерството за внатрешни работи веќе го објавило инцидентот во својот билтен.„Прво, МВР има информирано за инцидентот во својот билтен. Ете доказ на фотографијата“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Оттаму реагираат и на тврдењето де

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library0cf4h8eenubsdedk9xk

(Видео) Се санираше дупката во која влезе советничка од СДСМ во центарот на Битола

Дупката на улицата „Пеце Матичевски“ во центарот на Битола, во која вчера влезе советничката од СДСМ, денеска е санирана.Дупката се наоѓаше во близина на Центарот за култура, на само неколку чекори од Широк Сокак и хотелот „Епинал“. На снимка објавена на социјалните мрежи, советничката посочи дека во оштетувањето претходно пропаднало и возило, по што советничката влезе во дупката за да ја покаже нејзината големина.„Зарем вака се сака нашиот град, зарем вака се развива нашиот град?“, праша таа, у

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: „ВРЕДИ“ е измама од темел до врв

ДУИ преку соопштение обвини дека „Вреди“ е политички проект изграден врз измама и дека најавеното обединување на повеќе партии во еден политички субјект не е целосно спроведено.Од партијата тврдат дека, и покрај претставувањето на „Вреди“ како обединет политички субјект, во Централниот регистар и натаму постојат одделни партии. Како пример го посочуваат Движењето БЕСА, за кое наведуваат дека и понатаму има статус на активна политичка партија, со Биљал Касами како претседател со неограничени овла

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library0rfnp628i6ldcus4RFX

Купила автомобил и „заборавила“ на него 43 години: Имал само 12 километри, го продала за 53.711 евра

Еден Renault 5 TL од 1982 година, кој повеќе од четири децении бил оставен во гаража и поминал само 12 километри, неодамна бил продаден на аукција во Франција за неверојатни 53.711 евра.Автомобилот го купила Французинка во октомври 1982 година во салон на Renault во Шалон-сир-Сон. Во тоа време за него платила 40.000 француски франци, што денес би изнесувало околу 16.500 евра.Станува збор за модел со пет врати, 1,1-литарски бензински мотор, четиристепен рачен менувач и металик сина боја.Причината

Вирално | пред 1 месец

1 мес.
media-librarydk0af7rlrb8h0whcL8W

Квадрат во Белград достигна 9.300 евра

Иако бројот на купопродажни договори е намален, пазарот на недвижности во Србија во вториот квартал од 2026 година забележал раст на вкупната вредност. Најскапите трансакции повторно се реализирани во Белград, каде што квадратен метар стан достигнал цена од околу 9.300 евра.Според податоците на Републичкиот геодетски завод, од април до јуни во Србија биле прометувани недвижности во вкупна вредност од 2,2 милијарди евра. Во однос на истиот период минатата година, тоа е зголемување од 8,1 отсто.Во

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryg2v4crlhvc1t71OlZB7

(Фото) Граната паднала во креветче на двегодишно дете во Украина

Во текот на нов руски напад врз Херсон, граната исфрлена од дрон паднала директно во детското креветче во кое спиело двегодишно момче. Проектилот не експлодирал, па детето, за среќа, останало неповредено, објави украинскиот портал „Censor.NET“, повикувајќи се на полицијата од Херсонската област.Според полицијата, руските сили во текот на ноќта продолжиле со нападите врз цивилното население, при што во Херсон биле регистрирани повеќе удари со различни видови јуришни дронови.Еден од дроновите бил

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library1cv9p39nva4k7KVrbtu

Строги правила на Халкидики: Нема повеќе „резервирање“ место на плажа

Општина Касандра на Халкидики започна засилени контроли и отстранување на плажната опрема што туристите ја оставаат преку ноќ со цел однапред да „резервираат“ место за следниот ден. Мерката ги опфаќа пешкирите, асурите, приватните лежалки и чадорите оставени на јавниот дел од плажите.Предметите на кои ќе им биде оставено известување, доколку не бидат отстранети во рок од 24 часа, можат да бидат собрани од комуналните служби. Од општината посочуваат дека отстранетата опрема не се чува и не им се

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryr4jsjts59d4d2dQEGgq

(Видео) Димитријевиќ: ОЈО да постапи, дали бомбата кај вработениот во МВР врзан со кумот на Мицкоски води до провизии од 300.000 евра за тендери?

СДСМ бара Обвинителството да отвори истрага за случајот со фрлената бомба во домот на вработен во МВР во Бардовци, при што партијата изнесе тврдења за можна поврзаност со наводни провизии и тендери, соопшти денеска генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ на прес-конференцијата.На денешната прес-конференција, генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, рече дека бомбата била фрлена во домот на Милко Бошковски на 16 август. Според него, Бошковски е вработен во МВ

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryrub207jsceqp29IsE38

Борбата на Ведрана Рудан со ракот на жолчни канали: Симптоми, дијагноза и зошто оваа болест е толку опасна

Рак на жолчни канали (познат и како холангиокарцином) е ретка, но многу агресивна и сериозна злоќудна болест. Оваа болест е во фокусот на јавноста по објавувањето на веста за смртта на познатата хрватска писателка и колумнистка Ведрана Рудан. Таа јавно и без влакна на јазикот зборуваше за својата сооченост и начната битка со оваа болест по откривањето во мај 2024 година. Холангиокарцином настанува во жолчните канали, тенки цевки што служат за пренос на жолчката од црниот дроб преку жолчното кесе

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryjsed16rgpq2b6KkhoX5

Пожарите беснееја низ земјава, спасени куќи во Чаниште и загрозен манастир кај Туденце

Во текот на вчерашниот ден и во текот на ноќта во земјава биле регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои 23 се изгаснати, додека шест остануваат активни и утринава, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Една од најсериозните ситуации била во селото Чаниште, на околу 30 километри од Прилеп. Огнот навлегол меѓу куќите, но, според информациите со кои располага ДЗС, ниту една од куќите во кои живеат преостанатите жители не била опожарена. Изгореле нек

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarybgg3f5qkm3ia2v2OFMj

Даночни прекршувања од 92.000 евра откриени на туристички бродови на Санторини

Даночни прекршувања поврзани со износ од 92.000 евра откриле грчките даночни инспектори при ненајавени контроли на туристички бродови и катамарани кои организираат крстарења околу Санторини. За утврдените неправилности биле изречени казни во вкупна вредност од 43.000 евра.Контролите ги спровела Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) во рамките на операцијата „Ќе те носам на крстарење 2026“, која била реализирана врз основа на анализа на даночни и статистички податоци.Инспекторите г

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
putin

Нова ескалација меѓу Јапонија и Русија по посетата на Путин на спорните острови

Дипломатските тензии меѓу Јапонија и Русија околу спорните острови северно од Хокаидо повторно се зголемија откако рускиот претседател Владимир Путин ги посети островите. Москва денеска го повика јапонскиот амбасадор на разговор откако Токио го оцени потегот како „целосно неприфатлив“ и упати официјален протест до руската страна.Станува збор за четири острови од јужниот дел на Курилскиот архипелаг – Итуруп, Кунашири, Шикотан и Хабомаи. Јапонија ги нарекува Северни територии и смета дека се нејзи

Свет | пред 1 месец

1 мес.
hiv

Во јули регистрирани 11 нови случаи на ХИВ – девет мажи и две жени

Во јули во земјава се регистрирани 11 нови случаи на ХИВ/СИДА, од кои девет се мажи и две се жени. Станува збор за лица на возраст од 20 до 49 години, покажуваат податоците од најновиот билтен за движењето на акутните заразни заболувања.Според податоците, од 1987 до 2026 година во Северна Македонија се евидентирани вкупно 765 лица со ХИВ/СИДА. Од нив, 141 лице починало, 508 лица живеат со ХИВ/СИДА, додека 116 лица се водат како изгубени за следење.Во истиот период се регистрирани и случаи на дру

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
maidan_nezalezhnosti_kiev

Повеќе од еден месец Украина нема министер за одбрана

Украинскиот парламент денеска се враќа на работа по летната пауза, но две од клучните министерства во земјата и натаму немаат официјално избрани раководители. Министерствата за одбрана и за надворешни работи повеќе од еден месец функционираат со вршители на должност, откако претседателот Володимир Зеленски неочекувано го разреши министерот за одбрана Михајло Федоров.Новата влада на премиерот Сергиј Корецки беше потврдена на 16 јули, но парламентот не избра министри за одбрана и надворешни работи

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryckosfrj5svvnfnGOtKP

Кличко се прости од Хајден Панетиер: „Таа беше важен дел од мојот живот“

Владимир Кличко се огласи по смртта на неговата поранешна партнерка Хајден Панетиер и порача дека неговото семејство минува низ период на „длабок шок и тага“.Актерката, позната по улогите во сериите „Heroes“ и „Nashville“, почина во неделата, 16 август, на 36-годишна возраст. Таа била пронајдена во бессознание во својот дом во Гринвил, Јужна Каролина, откако итните служби добиле дојава за лице со срцев застој.Кличко, поранешниот украински светски шампион во тешка категорија, со Панетиер ја има ќ

Сцена | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryud9n86sek9lg0EOZZYH

(Фото) Се запали куќа во Козле

Пожар утринава избувнал во куќа на улицата „Јуриј Гагарин“ во скопската населба Козле, а на местото интервенираат екипи на скопската Бригада за противпожарна заштита.Од објектот се забележува густ чад кој излегува низ прозорците. Пожарникарите интервенираат со две противпожарни возила, а на терен била присутна и екипа на Итната медицинска помош, која по интервенцијата се упатила кон Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.Од МВР информираат дека пожарот бил пријавен во 7:52 часот.„Денеска (18.08.2026)

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
media-library6vdugsr22mpg6eEWOJX

(Фото) Несекојдневна сцена на Крит: Мршојадец се качил на крило на авион пред полетување, пожарникарите морале да интервенираат

Несекојдневна спасувачка акција се одвивала во неделата навечер на аеродромот во Ираклион на Крит, кога мршојадец слетал на крилото на авион подготвен за полетување и одбил да се помести.Пилотот ја забележал птицата на крилото на авионот и ја известил контролната кула, објави грчкиот портал „Patris“.Откако било утврдено дека мршојадецот нема намера да го напушти авионот, била повикана аеродромската противпожарна служба.Пожарникарите со помош на специјални скали се приближиле до птицата и успеале

Вирално | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryd7213irh4hc0fg29aLd

Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против комарци во Скопје

Градот Скопје продолжува со мерките за сузбивање на комарците, а вечерва ќе биде спроведена 13-тата дезинсекција против возрасни форми на комарци за оваа сезона.Како што информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, третманот ќе се спроведе теренски, а активностите ќе продолжат и во наредните денови. На 20 август е предвидена теренска дезинсекција, на 21 август во раните утрински часови авионска дезинсекција, додека од 23 до 26 август ќе се спроведува дополнителен теренски третман.Активностите се р

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања