Промени тема
Контакт

Најнови вести

2 мес.
policiska-lenta-policija-srbija-960x639

Две малолетни девојки нападнале и избоделе со нож 18-годишна девојка во центарот на Белград

Две малолетни девојки се осомничени дека во центарот на Белград со нож нападнале и повредиле 18-годишна девојка, која по нападот била оставена на улица.Инцидентот се случил вчера околу еден час по полноќ во улицата „Браќа Крсмановиќ“. Според информациите, две девојки ја нападнале 18-годишната А. М. и ѝ нанеле убодни повреди, по што побегнале од местото.Полицијата веднаш започнала истрага, а припадниците на Полициската станица Савски Венац, во соработка со Управата за криминалистичка полиција, на

Балкан | пред 2 месеци

2 мес.
izbori-glasanje-fingerprint-3

Голема промена на изборите во БиХ: Биометриска идентификација и скенери за гласачките ливчиња

Општите избори во Босна и Херцеговина, закажани за 4 октомври, ќе донесат голема промена во начинот на гласање, бидејќи за првпат ќе се користи технологија за биометриска идентификација на гласачите и електронско скенирање на гласачките ливчиња.Опремата, која треба да обезбеди поголема транспарентност и сигурност на изборниот процес, веќе пристигнува во земјата, а првите тестирања се планирани за 17 и 18 август.Од Централната изборна комисија на БиХ информираат дека опремата ќе пристигнува во че

Балкан | пред 2 месеци

2 мес.
media-librarym6jdm66mog2la3xreoX

(Видео) Голема експлозија во воен објект во Бугарија: Евакуирани околу 300 работници

Експлозија и пожар избувнале денеска во воено-производствен и складиштен објект во близина на селото Белица, во општина Трјавна, Бугарија, по што биле евакуирани околу 300 работници.Инцидентот се случил околу пладне, кога, според првичните информации, се запалил камион, по што огнот се проширил кон едно од складиштата со муниција. Од објектот се слушале дополнителни детонации, а над подрачјето се издигнал густ чад.Регионалната гувернерка на Габрово, Кристина Сидорова, соопшти дека нема загинати

Настани | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryh6k4ebi5p3mgcfFBEj7

(Видео) Поради екстремниот ризик од пожари Шпанија воведува строги мерки пред големото помрачување

Шпанија прогласи црвен аларм поради екстремно висок ризик од пожари во пресрет на целосното помрачување на Сонцето на 12 август, кога милиони луѓе се очекува да се упатат кон планинските и руралните подрачја за да го следат астрономскиот феномен.Поради опасноста од нови пожари, во повеќе делови од земјата се затвораат природни паркови, се ограничува пристапот до шумски патишта, а се откажуваат и дел од претходно планираните јавни активности и фестивали.Властите стравуваат дека големиот број посе

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-library7p2a0u82ov34eh2GV3O

ЦУК предупредува: Речиси цела Македонија под висок ризик од пожари

Речиси целата територија на Македонија е со висок метеоролошки индекс за опасност од пожари, покажува најновата анализа на Македонскиот информациски систем за шумски пожари (МКФФИС).Според Центарот за управување со кризи, состојбата е регистрирана денеска, 10 август, во 12:45 часот, при што единствен исклучок се повисоките делови на Шара.Иако во моментот нема подрачја со многу висок метеоролошки индекс на опасност од пожари, ЦУК предупредува дека низ целата земја постои ризик од појава на пожари

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryv9qvjv1lf90097kQbs8

По посетата на Зеленски – Приштина го тргна украинското знаме, Вучиќ: „Единствено искрено е дека ја мразат Србија“

Отстранувањето на украинското знаме од една од зградите во центарот на Приштина предизвика реакција од српскиот претседател Александар Вучиќ, кој оцени дека потегот покажува дека поддршката на Приштина за Украина, според него, била мотивирана од политички интереси кон Србија.„Сега гледате дека Приштина не ја поддржувала Украина искрено, туку само затоа што мислеле дека Украина и Европа ќе направат нешто против нас. Единствено искрено е тоа што ја мразат Србија и Србите“, изјави Вучиќ, одговарајќ

Балкан | пред 2 месеци

2 мес.
media-librarys1l08j67t4gi9ogCBCf

(Видео) Поранешен тајландски пратеник осомничен за убиство: По пукањето се јавил во емисија во живо и признал што направил

Поранешниот тајландски пратеник Чалонг Ривранг е уапсен под сомнение дека во провинцијата Нонтабури пукал во локалниот функционер Тонгчаи Јенпрасерт, кој подоцна починал во болница. По нападот, осомничениот телефонски се јавил кај политичка коментаторка додека таа водела емисија во живо на „Јутјуб“ и признал што направил, објави Би-би-си.Пукањето се случило во понеделникот пред канцеларијата на Јенпрасерт. Тој бил погоден во вратот и бил пренесен во болница, но им подлегнал на повредите. Неговио

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-library80ut1svb25vc0HZ0iWD

Три активни пожари во Македонија, два се под контрола

Три пожари на отворен простор се активни во Македонија до 13 часот, додека два се ставени под контрола, информира Центарот за управување со кризи.Според податоците на ЦУК, во текот на денот се регистрирани вкупно седум пожари на отворен простор. Покрај трите активни и двата пожари под контрола, два пожари се целосно изгаснати.Активни се пожарите во Општина Штип, во близина на селото Лакавица, каде гори ниска вегетација, во Општина Македонски Брод, на местото Видуш во близина на селото Драгов Дол

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-librarybi5b6qvnu75t69uDrVo

(Видео) Некст Тајм: Би го пратиле Боки 13 на Евровизија

Во „Вечер во Охрид“ со Ландов и Вик гостуваа Некс Тајм разговараа на секакви теми, имаше смеа, муабети, многу пеење и интересни откритија за македонската музичка сцена.На тема Евровизија тие кажаа дека би го пратиле Боки 13.

Сцена | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Поевтинува горивото: Дизелот поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари

Од полноќ возачите ќе плаќаат значително пониски цени за гориво, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81 отсто.Најголемо намалување има кај дизелот, чија цена се намалува за 8 денари за литар. Од 11 август од 00:01 часот, максималната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 91,50 денари за литар.Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинуваат за по 4 денари за литар. Новата максимална цена на

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-library0aeln5ckp3np1DilfaL

Манасиевски: Нервозата кај Филипче расте, талогот од СДС си го покажа вистинското лице

На денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски го обвини СДСМ и лидерот на партијата Венко Филипче дека се обидуваат да извлечат политички поени од случајот во Ново Село, оценувајќи дека нивната реакција покажува „нервоза и паника“.Манасиевски изјави дека СДСМ, според него, преку случајот се обидува да се претстави како жртва.„Нервозата кај Филипче расте, а талогот од СДС го покажа вистинското лице“, рече Манасиевски.Тој го обвини Филипче дека бил во паника откако

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
migranti

230 мигранти во еден чамец го преминале Ламанш кон Велика Британија

Нов рекорд е забележан при преминувањето на Ламанш, откако дури 230 мигранти со еден чамец пристигнале во Велика Британија, што е најголем број луѓе досега регистриран во едно пловило на оваа маршрута.Чамецот пристигнал во Велика Британија во саботата, кога вкупно 258 мигранти го преминале каналот со четири чамци, објави Би-би-си. Со тоа е надминат претходниот рекорд од јули, кога со едно пловило пристигнале 165 лица.Од британското Министерство за внатрешни работи предупредија дека зголемувањето

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-librarydl7ivsv89svbd0UCOsy

Поплави и одрони на Филипините однесоа најмалку 12 животи, осум лица исчезнати

Најмалку 12 лица ги загубиле животите, а осум се водат за исчезнати по поплавите и одроните што ги погодија Филипините, предизвикани од комбинацијата на југозападниот монсун и тропските циклони „Куџира“ и „Долфин“.Според податоците објавени во понеделникот, невремето погодило девет региони и 33 провинции, а последиците ги почувствувале речиси 586.000 луѓе.Од Канцеларијата за цивилна одбрана соопштија дека најмалку 11 лица се повредени. Меѓу причините за смрт се наведуваат одрони на земјиште и ка

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryl85o3cek89n79Kn961t

„Мицкоски заврши со летниот дел од екскурзијата - од денеска стручен дел во Брисел“, велат од СДСМ

СДСМ преку соопштение го нападна премиерот Христијан Мицкоски поради неговиот престој во Бриж и Брисел, оценувајќи дека по завршувањето на семејниот одмор следува „стручниот дел“ од неговото патување.Од опозициската партија иронично коментираат дека Мицкоски одбрал да летува во Бриж, додека претходно ги повикувал граѓаните летниот одмор да го поминат во Македонија и да избегнат долгото чекање на граничните премини.„Денеска официјално завршува семејното летување и екскурзијата на Мицкоски во Бриж

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
dui

ДУИ: Ниту една седница на Владата не ја претседавал првиот албански заменик-премиер

ДУИ преку соопштение реагира дека функцијата прв албански заменик-премиер во актуелната Влада, според нив, е сведена на формална улога, без реална политичка и институционална моќ.Од партијата наведуваат дека од јуни 2024 година до денес ниту еден од лицата што ја извршувале оваа функција не претседавал со седница на Владата.Според ДУИ, Изет Меџити, Беким Сали и Арбен Фетаи имаат по нула претседавани владини седници, односно вкупниот број е нула.„Функцијата може да се нарекува прв заменик-премиер

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-library9tu3bbmic8pnaCXn28P

Русија забрзано произведува ракети: Украина се подготвува за тешка есен и зима

Украинските разузнавачки служби предупредуваат дека Русија најверојатно нема целосно да ја запре ракетната кампања против Украина, и покрај тоа што во јули беше забележан рекорден број балистички и крстосувачки ракети употребени во нападите.Заменик-началникот на Главната разузнавачка управа на украинската војска, генерал-мајор Вадим Скибицки, за „РБК-Украина“ изјавил дека интензитетот на руските напади пред сè ќе зависи од производството на ракети. Според него, Москва би можела да го намали број

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryf60ounp7vfpt54rU6kP

Нивото на Дунав се зголеми, Унгарија ја рестартира втората турбина во нуклеарната централа „Пакш“

По зголемувањето на нивото на Дунав, Унгарија започна со рестартирање на втората турбина во нуклеарната централа „Пакш“, која произведува околу половина од електричната енергија во земјата.Ниското ниво на реката, предизвикано од продолжениот топлотен бран и сушата во голем дел од Европа, претходно го намали работењето на централата на околу 10 отсто од капацитетот. Од осумте турбини работеше само една.Унгарскиот премиер Петер Маѓар во понеделник соопшти дека втората турбина започнала да се реста

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryvatnkk5acf1r8jBskM6

Дрога, пари и дигитална вага запленети во Штип: Три уапсени

Полициски службеници во Штип лишиле од слобода три лица и заплениле марихуана, бела прашкаста материја, пари и други предмети во акција поврзана со недозволена трговија со дрога.Од МВР информираат дека на 8 август околу 22 часот, на Штипски сокак, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги затекнале М.Б. и 24-годишниот М.Џ.У. од Турција, со привремен престој во Штип, при продажба на марихуана на 23-годишниот Ф.Р. од Штип.Ф.Р. бил лишен од слобода, а

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-library2qhbjk649l650REE02T

(Видео) Фрчкоски: За труењето во Гостивар, СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов, Амети

На денешната прес-конференција, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, изјави дека СДСМ поднеле кривична пријава против четворица директори и функционери поради, како што тврди Фрчкоски, пропусти и непостапување на надлежните институции во случајот со загадената вода во Гостивар.Фрчкоски рече дека поминал повеќе од еден месец од случајот, а одговорност од надлежните институции сè уште нема.Кривичната пријава е поднесена против министерот за здравство, Сашко Клековски, директорката на И

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-library86m9jkgbup7faYmHjbo

(Видео) Желбата за море останува: и натаму гужви на ГП Богородица

По зголемениот број патници кон Грција, и натаму се бележи засилен сообраќај на граничниот премин Богородица. На преминот има зголемена фреквенција на возила, што предизвикува подолги задржувања за патниците кои се упатуваат кон летувалиштата.

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-library504h3sor75i1c1zwuYt

18-годишник украл накит од 70-годишна жена во Скопје

Полицијата во Скопје расчисти случај на тешка кражба на дрзок начин, при што е лишен од слобода 18-годишен жител на Кочани.Од МВР информираат дека на 9 август во 12:20 часот, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.И., постапувајќи по претходна пријава за кражба.Според пријавеното, 18-годишникот употребил физичка сила врз 70-годишна скопјанка, од која одзел личен накит.За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање, ЕВР Центар и

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-library206ekq3la1u9eeVUa1i

(Видео) Јапонски оперски пејачи ја испеаја „Македонско девојче“

Како звучи „Македонско девојче“ кога ќе го запеат јапонски оперски пејачи?Јапонска оперска изведба на една од најпознатите македонски песни – „Македонско девојче“, која плени со моќните вокали и необичниот спој на јапонската оперска традиција со македонската музика.

Сцена | пред 2 месеци

2 мес.
media-library2mm6djr5uia48fX7fbU

Возел без возачка дозвола и учествувал во сообраќајка: уапсен 36-годишник, а возилото е одземено

Полициски службеници во Тетовско лишиле од слобода 36-годишен жител на Бозовце, откако било утврдено дека учествувал во сообраќајна незгода додека управувал возило без возачка дозвола.Од МВР информираат дека на 9 август околу 8:35 часот, на влезот во село Шипковица, Р.Р. со автомобил „Тојота“ со тетовски регистарски ознаки учествувал во сообраќајна незгода.При преземањето на мерки било констатирано дека тој го управувал возилото без да поседува возачка дозвола.Р.Р. бил лишен од слобода во 11:35

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
car-fire

Пожар избувнал во автомобил на паркинг во Тетово

Пожар избувнал во патничко возило „БМВ“ на паркинг простор на улицата „120“ во Тетово.Случајот бил пријавен вчера во 15:55 часот во СВР Тетово. Возилото, со тетовски регистарски ознаки, било сопственост на 62-годишниот Л.Д. од село Долно Палчиште.Во пожарот нема повредени лица. Огнот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово.На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Тетово.

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-librarygudonvs5m446bL7QT8B

Пожар во плевна во Теарце: Изгоре земјоделска опрема

Пожар избувнал во плевна во двор од куќа во селото Глоѓи, Општина Теарце, при што била зафатена земјоделска алат и опрема.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера во 15 часот во СВР Тетово. Плевната била сопственост на 63-годишниот Д.И.Во пожарот нема повредени лица. Огнот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово.На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Тетово.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања