Промени тема
Контакт

Најнови вести

2 мес.
media-libraryf6qn9fv7hoo115m9j1j

Марихуана, бела прашкаста материја и дробилка пронајдени кај пет лица во Скопје, меѓу нив и државјанин на Шведска

Во текот на 6 и 7 август, на повеќе локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода пет лица, откако кај нив биле пронајдени наркотични средства и предмети поврзани со употреба на дрога.Како што соопшти МВР, приведени се Т.Б. (19), Е.Е. (18), Ф.С. (42) и Е.С. (26), сите од Скопје, како и Ј.А. (30), државјанин на Шведска.При извршените прегледи, кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и дробилка.По целосното документирање на случаите, против п

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
tabanovce

Двајца српски државјани со фалсификувани хрватска и италијанска возачка дозвола се обиделе да влезат во Македонија

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Б. (49) и Ќ.Х. (55), двајцата државјани на Србија, поради сомнение дека сториле кривично дело „фалсификување исправа“.Според информациите од МВР, на 1 и 3 август годинава, на граничниот премин Табановце, при влез во државата, пријавените на граничната контрола приложиле фалсификувани возачки дозволи.Едниот приложил фалсификувана хрватска возачка дозвола, додека другиот се леги

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
plta-333

Просечниот К-15 изнесува 28.562 денари, минималниот е 19.567 денари

До 1 јули, регрес за годишен одмор, односно К-15, добиле само 15 проценти од вработените, додека просечната нето-исплата изнесувала 28.562 денари.Согласно Општиот колективен договор за приватниот сектор, работодавачите кои исплаќаат К-15 годинава се должни да обезбедат најмалку 19.567 денари. Овој износ е утврден на 40 проценти од просечната нето-плата за последните три месеци, објавена од Државниот завод за статистика, освен во случаи кога компанијата има докажани економски потешкотии.За вработ

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryi1u3ojj2417q7pRe5zm

Сушата го наруши речниот транспорт во Германија, товарот ќе се пренасочува на патишта и железница

Германската влада најави пакет итни мерки за ублажување на последиците од рекордно нискиот водостој на реките, кој сериозно ги нарушува транспортот и синџирите на снабдување.Поради падот на нивото на Рајна, Дунав и Елба, предизвикан од серијата топлотни бранови, дел од товарниот сообраќај ќе биде пренасочен кон патиштата и железницата, а паралелно ќе се работи и на долгорочна адаптација на инфраструктурата.Германските хемиски компании веќе предупредија дека би можеле да го намалат производството

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryg65gl6mol4o9cKY61DX

Тензии меѓу Шпанија и Италија поради мигрантската криза

Шпанската влада денеска ѝ постави рок на Италија до недела, 9 август, да ги укине граничните контроли воведени за патниците од Шпанија, предупредувајќи дека во спротивно ќе воведе реципрочни мерки за италијанските патници.Италија ги воведе контролите по минатонеделниот наплив на мигранти во шпанската северноафриканска енклава Сеута.Во соопштението, шпанската влада оценува дека мерките се „неоправдани, спротивни на интересите на Европската Унија и дискриминаторски кон шпанските граѓани“, пренесув

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
pari

Инфлацијата во Македонија забави на 2,3 проценти во јули

Годишната инфлација во Македонија во јули 2026 година изнесува 2,3 проценти, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Во споредба со јули минатата година, индексот на трошоците на животот е повисок за 2,3 проценти, додека индексот на цените на мало е зголемен за 1,8 проценти.Во однос на претходниот месец, инфлацијата изнесува 0,1 процент, што укажува на минимален месечен раст на трошоците на животот.Во споредба со јуни, најголем пораст на цените е забележан кај транс

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
LDPlogo-620x360

ЛДП: Потпишувањето на договорите за третата фаза од железничкиот Коридор 8 е важен чекор во поврзувањето со Европа

Либерално-демократската партија (ЛДП) преку соопштение го поздрави потпишувањето на договорите со Европската Унија, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој за финансирање на третата фаза од железничкиот Коридор 8, оценувајќи дека станува збор за значаен чекор во поврзувањето на Македонија со европската транспортна мрежа.Од партијата посочуваат дека проектот е важен за регионалната поврзаност, економскиот развој и европската интеграција на државата.Во соопштението потс

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
apelacija

Апелација му ја зголеми казната на 20 години затвор на кавадарчанецот Илија Панов, осуден за убиството на партнерката

Апелациониот суд во Скопје донесе одлука со која ја зголеми затворската казна за Илија Панов од Кавадарци, осуден за убиството на неговата вонбрачна партнерка Сузана Серенакова. Наместо првично изречените 16 години, тој правосилно е осуден на 20 години затвор.Од Основното јавно обвинителство Кавадарци за „СДК“ потврдиле дека второстепениот суд ја уважил нивната жалба во однос на висината на санкцијата. Воедно, жалбата поднесена од обвинетиот била одбиена.Случајот се однесува на убиството што се

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
ustaven-sud

Уставниот суд првпат пријави судија од Граѓанскиот суд поради непочитување на нивната одлука

Уставниот суд соопшти дека првпат го применил новиот механизам за извршување на своите одлуки, откако до Јавното обвинителство и Судскиот совет пријавил судија од Основниот граѓански суд Скопје поради неизвршување на одлука на Судот.Како што информираат од Уставниот суд, на 24 јули 2026 година биле известени двете институции дека судијата, кој постапувал во предметот на новинарката Наташа Стојановска, не ја извршил Одлуката БЗСП. бр. 8/2025.Уставниот суд на 24 септември 2025 година утврдил повре

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
ukraina-vojnici-451

Полската опозиција предлага депортација на невработени Украинци од 25 до 60 години

Полската опозициска партија Право и правда (ПиС) претстави предлог според кој, доколку повторно дојде на власт, ќе депортира невработени украински државјани на воена возраст, односно лица меѓу 25 и 60 години.Предлогот беше претставен на програмскиот конгрес на партијата од страна на европратеникот Тобијаш Боченски, кој изјави дека тие лица би имале можност да се вратат и да се борат за својата татковина.Лидерот на ПиС, Јарослав Качински, подоцна појасни дека предлогот не се однесува на сите Укра

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-library9a4oa7qln0ec87Jp41k

Серафимовски во Струмица: Министерството активно работи на стабилизирање на откупот на пиперката

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денеска во Струмица одржа одделни средби со регистрирани откупувачи и со производители на пиперка, на кои се разговараше за тековниот откуп и предизвиците со кои се соочуваат двете страни.На средбата со откупувачите биле разгледани динамиката на откупот, цените според класата и намената на производот, количините што можат да се преземат, извозните можности и навремената исплата кон земјоделците.Серафимовски нагласил дека у

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryj722lahbhm831KAEh2p

Два пожара остануваат активни, три се изгаснати

До 13:00 часот на територијата на Македонија се евидентирани вкупно седум пожари на отворен простор, од кои два се активни, два се ставени под контрола, а три се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).Активни се пожарите во селото Могила, Општина Могила, каде што гори ниска вегетација, како и кај селото Ропотово во Општина Долнени, каде што е зафатено стрниште.Под контрола се пожарите на депонијата во Делчево и кај селото Грешница во Општина Македонски Брод, каде што

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
c8c0395d-fc13-4585-9165-dfae2cd4763a

Украина се соочува со проблем: Над 200.000 војници се водат како самоволно отсутни

Поранешниот украински министер за одбрана Михаило Федоров изјави дека повеќе од 200.000 припадници на украинската армија во моментов се водат како самоволно отсутни од службата, оценувајќи дека тоа е еден од најсериозните предизвици за вооружените сили.За време на пренос во живо, Федоров истакна дека решавањето на овој проблем треба да биде главен приоритет во реформата на системот за мобилизација.Тој додаде дека голем предизвик претставува и бројот на лица што се бараат поради прекршување на пр

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryl5i2t6o8c6od17r3P2M

ДУИ: Отстранувањето на албанскиот јазик од таблите на Табановце е директно прекршување на законските и уставните одредби за употребата на јазиците

ДУИ преку соопштение реагираше поради, како што наведува партијата, отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли на граничниот премин Табановце, оценувајќи дека станува збор за директно прекршување на законските и уставните одредби за употребата на јазиците.Од партијата велат дека ваквиот потег претставува провокација и доказ дека коалицијата ВРЕДИ не успева да ги заштити правата на Албанците.ДУИ бара албанскиот јазик веднаш да биде вратен на државните табли на граничниот премин, а надл

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryhsd4j422rdm05gRemPR

Саудиска Арабија, Турција и Пакистан денес ќе потпишат договор за одбранбена соработка

Саудиска Арабија, Турција и Пакистан денес во Џеда ќе потпишат заеднички договор за одбранбена соработка, јавува Ројтерс, повикувајќи се на регионални извори запознаени со преговорите.На церемонијата на потпишување ќе присуствуваат турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф и командантот на пакистанската армија Асим Мунир, кои ќе се сретнат со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.Турски претставник потврди дека договорот ќе биде потпишан, но засега не

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-library7kg0ju6o29b711Kz1Dx

„Покрај јавниот, намален и државниот долг за над 40 милиони евра кој сега е 51,7% од БДП“, вели Попов

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, изјави дека економските политики на Владата даваат резултати и дека покрај јавниот, се намалува и државниот долг.Според него, заклучно со 30 јуни 2026 година, државниот долг изнесува 9 милијарди и 432 милиони евра, односно 51,7 проценти од бруто-домашниот производ, што претставува намалување за 41 милион евра во однос на претходниот месец.Попов истакна дека, покрај тоа, јавниот долг во вториот квартал од годинава се намалил на 58,8 проценти од БДП и оцени

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryht23diags6naffvIIhf

(Видео) Поповиќ: „По навредите на Мицкоски и неговиот „талог“, навредите од ВМРО, сега навреди и од Стоилковиќ“

На денешната прес-конференција членка на Извршниот одбор на СДСМ, Наташа Поповиќ обвини дека власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ, преку јавни настапи и објави на нејзини функционери, шири говор на омраза и поттикнува поделби меѓу граѓаните.Поповиќ вели дека, по изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, со навредлив речник продолжил и министерот Иван Стоилковиќ, за кого тврдат дека на социјалните мрежи споделува содржини со навредливи квалификации кон политичките неистомисленици.Таа оценува дека вакв

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-librarylmanlrdmudc21DBcx7n

(Видео) Таско со емотивен гест: Го истетовира ликот на Панчо од „ДНК“

Македонскиот рапер Христијан Тасковски – Таско, на емотивен начин му оддаде почит на својот пријател Владимир Блажев – Панчо од „ДНК“, кој почина по долгата борба со повредите здобиени во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Таско на социјалните мрежи покажа дека го истетовирал ликот на Панчо на ногата, како траен спомен на нивното пријателство и меѓусебната почит.Неговиот гест наиде на бројни позитивни реакции, а следбениците го оценија како искрен и достоинствен начин да го зачува

Сцена | пред 2 месеци

2 мес.
media-library8gcf5lnjimq5fbez9Um

Млад Македонец со тешка повреда го враќаат од Турција: се подготвува владиниот авион за транспортот

Млад македонски државјанин кој се здобил со тешка повреда – скршеница на вратен пршлен – ќе биде транспортиран од Турција во Македонија со владиниот авион, дознава „Скопје1“.Според неофицијални информации, денеска се вршат последните подготовки за летот, откако родителите на момчето побарале помош од македонските институции за негово безбедно враќање во земјава.Момчето е хоспитализирано во Турција, а поради сериозноста на повредата не може да биде транспортирано со редовен комерцијален лет.Макед

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
glasanje

Предвремени избори за градоначалник на Брвеница ќе се одржат на 18 октомври

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја потпиша одлуката за распишување предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година.Гаши соопшти дека одлуката е донесена во согласност со Уставот, Изборниот законик и важечките закони, а од Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија во Брвеница и од сите надлежни институции побара изборниот процес да биде спроведен професионално, непристрасно и во согласност со законските процедури.Тој ги

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Скопјанец приведен во Битола, возел без возачка дозвола

32-годишен жител на Скопје е лишен од слобода во Битола откако при сообраќајна контрола било утврдено дека управувал возило без возачка дозвола.Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 6 август околу 10:00 часот на улицата „8 Септември“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го привеле А.Ј.(32) од Скопје.При контролата било запрено патничко возило „Фолксваген“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал А.Ј., при што било констатирано дека не поседува возачка дозвола

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-library361ic5plrg5k889hIIq

Приведени две лица во Прилеп поради пронајдена прашкаста материја

Двајца жители на Прилеп се лишени од слобода откако полицијата при преглед кај едниот од нив пронашла прашкаста материја.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 6 август околу 21:50 часот на кејот „19 Септември“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги привеле Ј.Р.(27) и Д.Р.(26), двајцата од Прилеп.При извршениот преглед, кај Д.Р. била пронајдена прашкаста материја.По целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-librarysasrcqetedop2jWM3rs

Маж ја нападнал сопругата и ја избркал од дома заедно со трите малолетни деца

36-годишен жител на тетовско, со престој во Тетово, е лишен од слобода по пријава за семејно насилство, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според информациите, на 6 август околу 23:45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го привеле А.Ф.(36), постапувајќи по пријава од неговата 26-годишна сопруга.Таа пријавила дека околу 21:00 часот во нивниот дом тој ја избркал од домот заедно со нивните три малолетни деца, а потоа и физички ја нападнал.Осомничениот е задржан во полициска станица, а

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-librarygudonvs5m446bL7QT8B

Сува трева и дел од куќа изгореле во пожар во Нераште

Пожар избувнал во двор на семејна куќа во тетовското село Нераште, при што биле зафатени сува трева и дел од објектот.Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен на 6 август околу 15:30 часот во Полициското одделение Теарце од страна на 37-годишниот З.Ќ. од селото Нераште.Во пожарот нема повредени лица, а огнот бил локализиран и изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово.Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, која ги утврдува причините за избувнувањето на пожарот.

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryd9mdaq1ot08b2VrEAPc

Заталкан куршум оштетил „мерцедес“ во тетовско

Во СВР Тетово било пријавено дека патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки било оштетено од заталкан куршум.Како што соопшти МВР, пријавата била поднесена на 6 август околу 12 часот од А.А. (47) од селото Раковец, кој навел дека неговото возило било погодено претходната вечер, околу 22:30 часот.Полициски екипи извршиле увид на местото, при што куршумот бил пронајден и подигнат за понатамошна постапка.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања