Промени тема
Контакт

ФИЛИПЧЕ

media-libraryjphuscl4q4iubRXHkA2

Апасиев: Филипче не знае каде тера, нека се соочи со својата политичка компромитираност

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, реагираше на денешната изјава на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека тој погрешно го разбрал повикот на Левица за обединување на опозициските сили.Во изјава за порталот „Локално“, Апасиев порача дека Филипче „очигледно се истрчал“ и се препознал во повикот на Левица за мобилизација на сите сили и граѓани што сакаат поинакво општество од она што, како што вели, го нудат ДПМНЕ и досегашните владејачки структури.„Филипче не знае каде тера. Прво

Македонија | пред 1 месец

media-libraryerfalp35h83kaFMXpBs

(Видео) Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме!

Венко Филипче со порака до Левица дека евентуално обединување на опозицијата може да се случи само доколку партијата ги промени своите политики и се откаже од, како што рече, своите „ментори и финансиери“.Филипче, зборувајќи за повиците за обединување на опозицијата, ја нарече Левица „прокси партија на Христијан Мицкоски“ и порача дека обединувањето може да се случи само со и зад Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.„Гледаме дека и прокси партијата на Христијан Мицкоски, тоа е Левица, се сог

Македонија | пред 1 месец

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

(Видео) Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференцијата порача дека евентуалното обединување на опозицијата може да се случи само околу јасни проевропски политики и Фронтот за вистина и правда, кој го промовира СДСМ.Филипче ја повика Левица да ги промени своите политики и да се определи за членството во НАТО и за Европската Унија, како предуслов за евентуално политичко обединување.„Обединувањето може да биде само со и зад Социјалдемократскиот сојуз на Македонија“, рече Филипче, оценувајќи ј

Македонија | пред 1 месец

media-library1g6es238sq1vfxl4DDD

Филипче: Бараме интервентна мерка - целото црно грозје што ќе остане непродадено да го откупи државата

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска на средба со лозарите од Тиквешкиот регион порача дека Владата на Мицкоски повторно ги остава лозарите сами да се борат со зголемените трошоци и понижувачките откупни цени, поради што СДСМ меѓу другите мерки, ќе побара и интервентна мерка за целосен откуп на црното грозје што ќе остане непродадено.„Да се донесе интервентна мерка затоа што има најави дека не целото црно грозје ќе биде откупено целото црно грозје коешто ќе им остане на лозарите да

Македонија | пред 1 месец

media-library5599haamqj8b3gCjaWK

Филипче: Мицкоски и Владата имаат суров и нечовечен однос кон лозарите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, при денешната посета на Тиквешкиот регион го обвини премиерот Христијан Мицкоски и Владата за, како што рече, „суров и нечовечен однос“ кон лозарите, кои во екот на бербата се соочуваат со ниски откупни цени и зголемени производствени трошоци.„За жал, како и минатата година, истите проблеми, истиот суров и нечовечен однос од страна на премиерот Христијан Мицкоски и целата Влада, министерот за земјоделие исто така, кон лозарите, поради тоа што нудат понижувач

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjoau7cddt7497Rmr9Qw

Филипче со лозарите: СДСМ ќе предложи 5 денари повисока цена за секој килограм грозје

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, при денешната посета на тиквешкиот регион најави дека партијата ќе поднесе законско решение со кое откупната цена на винското и трпезното грозје би се зголемила за 5 денари по килограм.Филипче, по средбите со земјоделци и лозари во екот на бербата, оцени дека тие и годинава се соочуваат со ниски откупни цени и значително повисоки производствени трошоци.„За жал, како и минатата година, истите проблеми, истиот суров и нечовечен однос од страна на премиерот Хри

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.14

Зошто Филипче не е на обвинителна клупа? Тетовската модуларна немала одобрение за поставување и употреба, вели Лефков

Миле Лефков, член на Извршниот комитет и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, повторно го обвини обвинителот Ислам Абази дека го заштитил поранешниот министер за здравство Венко Филипче во предметот за модуларните болници.Лефков тврди дека предметот и доказите со години биле чувани во фиоки кај обвинителките Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска, а потоа, според него, Абази ја довршил заштитата на Филипче.Како еден од клучните аргументи, Лефков го посочува Артан Етеми, поранешен економски директор на тетовс

Македонија | пред 1 месец

media-libraryc30rbhp93cghdx2og3q

Филипче: Не сме исти, ние сакаме повисок стандард, плати и пензии – Мицкоски сака нов авион

Не сме исти, рразликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е во односот кон државата и приоритетите – СДСМ сака политики за подобар животен стандард, плати и пензии, додека власта ја гледа државата како плен, рече  претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за „Тема на денот“ на Сител телевизија.„Не сме исти со организираната криминална група на Христијан Мицкоски. Напротив, дијаметрално сме спротивни. Ние сакаме држава напредна во којашто секој ја гледа иднината, а не ја гледаме државата како шт

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhaqek0kpenp3echg1tc

Филипче: Пет години ме нарекуваа убиец и ја злоупотребуваа болката на семејствата

Во интервју за „Тема на денот“ на Сител телевизија, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, врече дека трагедијата и болката на семејствата на загинатите во модуларната болница во Тетово со години биле злоупотребувани од Христијан Мицкоски за политичка кампања против него и побара да им се извини на семејствата.„Многу ми е жал за луѓето што загинаа таму, за семејствата. Навистина сочувствувам, тоа го чувствувам и денес и веројатно тоа така ќе биде секогаш. Тогашната опозиција, сега моменталнио

Македонија | пред 1 месец

media-libraryl85o3cek89n79Kn961t

„СДСМ секогаш е подготвен за избори – во септември го претставуваме Мастер планот за Македонија“, вели Филипче

СДСМ е подготвен за избори, но не сака да биде „алиби“ на власта за нивно распишување, порача лидерот на партијата Венко Филипче на денешната прес-конференција. Тој најави дека во септември партијата ќе го претстави „Мастер планот за Македонија“, преку кој граѓаните ќе ја видат нејзината политичка понуда.Филипче, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека СДСМ има подготвен тим, програма и конкретен план и дека партијата е подготвена за избори без оглед на тоа кога би се одржале.„Го кажав тоа

Македонија | пред 1 месец

media-librarypeu1u1rdt5f5cn71SaP

„Не барам извинување за мене, Мицкоски нека им се извини на семејствата на загинатите со чија болка си игра пет години“, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција побара премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на семејствата на 14-те загинати во пожарот во модуларната болница во Тетово, откако Обвинителството донесе одлука да го затвори предметот за набавката на модуларните болници.Филипче оцени дека со одлуката на Обвинителството се потврдува оти во случајот нема злоупотреба на службената должност и нема финансиска штета за буџетот. Според него, со тоа се демантираат

Македонија | пред 1 месец

media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

(Видео) Филипче: Пет години Мицкоски и неговата криминална група ширеа лаги за мене, ме нарекуваа убиец - обвинителството ја кажа вистината

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција реагираше на одлуката на Обвинителството да го затвори предметот за набавката на модуларните болници, оценувајќи дека со тоа, како што рече, се потврдува дека немало злоупотреба на службената должност ниту штета по државниот буџет.Филипче изрази жалење за загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово и упати сочувство до нивните семејства.„Јасно кажа обвинителството, нема злоупотреба на службената должност, нема штета на

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfdb9bd4kkmp8fmHDNTc

Манасиевски: Ислам Абази го спаси Филипче, откако Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО со години го чуваа предметот во фиока

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека ОЈО ГОКК го затворило предметот за изградбата на 19-те модуларни болници во периодот на ковид-кризата, меѓу кои и тетовската модуларна болница, во која во пожарот во септември 2021 година загинаа 14 лица. Обвинувањата ги изнесе портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски.Според Манасиевски, предметот бил оформен на 10 септември 2021 година, а пет години подоцна, на 20 август 2026 година, ОЈО ГОКК, предводено од Ислам Абази, оценило дека не постои основано сомнен

Македонија | пред 1 месец

media-library6e42aqrvhlkk4upjTP4

„Подготвени сме за избори, но нема да бидеме алиби на Мицкоски“, вели Филипче

СДСМ е подготвен за избори во секој момент, со тим и програма, но нема да прифати да биде алиби за политичките потези на премиерот Христијан Мицкоски, порача лидерот на партијата Венко Филипче на денешната прес-конференција.Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче истакна дека СДСМ секојдневно се подготвува за следните избори, без оглед на тоа кога ќе бидат одржани.„Не, нема да бидеме алиби. Избори ќе има кога ќе им снема пари за коруптивни тендери. Тоа нив ги интересира, ништо друго“, рече Фи

Македонија | пред 1 месец

media-libraryl85o3cek89n79Kn961t

„СДСМ бара минимална плата од 600 евра – законот го поднесуваме повторно во Собранието“, вели Филипче

СДСМ повторно ќе поднесе во Собранието предлог-закон со кој бара минималната плата да се зголеми на 600 евра, најави лидерот на партијата Венко Филипче на денешната прес-конференција.Филипче рече дека предлогот ќе биде поднесен на почетокот на септември, по продолжувањето на работата на Собранието, оценувајќи дека актуелното ниво на минималната плата не е доволно за покривање на основните животни трошоци.„Граѓаните не можат да се прелажат. Бројките кои што премиерот ги кажува, очигледно од свето

Македонија | пред 1 месец

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

(Видео) Филипче: Мицкоски живее во свој свет - граѓаните живеат со празни паричници и празни фрижидери

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција остро ги критикуваше економските политики на Владата, оценувајќи дека статистичките показатели што ги презентира премиерот Христијан Мицкоски не ја отсликуваат реалната состојба во која живеат граѓаните.Филипче, на денешната прес-конференција, рече дека Владата ја започнала третата година од мандатот без резултати во клучни области како економијата, здравството, образованието и земјоделството.„Не гледаме резултати на полето на

Македонија | пред 1 месец

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од јахтата на Заев откри „нова криза“ – селската чешма во Кривогаштани

ВМРО-ДПМНЕ го обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири паника околу квалитетот на водата од селска чешма во Кривогаштани, откако тој предупредил дека водата е загадена.Од партијата велат дека Филипче темата ја отвора додека е на одмор во Грција и го обвинуваат дека случајот го користи за „ширење хистерија“ и политички пресметки.ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата потсетува и на периодот кога Филипче беше министер за здравство, тврдејќи дека тогаш, како што наведуваат, не реагирал на голем број изве

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfr7h64ac7ci75JEPiMq

Филипче за 25 години од Охридскиот договор: Соживот, а не поделби и омраза

По повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека договорот претставува темел на мирот, соживотот и демократската иднина на Македонија.Филипче посочи дека државата е заеднички дом на сите граѓани и дека различностите треба да претставуваат сила на општеството, а не причина за политички поделби.„Охридскиот рамковен договор е потсетник дека мирот, дијалогот и компромисот се секогаш посилни од конфликтот, поделбите и омразата“

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhd9h98nh87umc5BsyB5

Андоновска: Додека СДС ја избегнува одговорноста, остануваме посветени на здравствените предизвици и одговорности

Членката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Андоновска побара да се утврди одговорност за проблемите со квалитетот на водата во Гостивар, посочувајќи дека Јавното обвинителство веќе постапува по случајот.Во објава на социјалните мрежи, Андоновска тврди дека со години институциите и лабораториите известувале за неправилности со водата, не само во Гостивар, туку и во други градови.Таа обвини дека претходната власт не ги информирала граѓаните за ваквите случаи и дека за проблемите биле известувани повеќе надлежн

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfao3unqlt891dzUtMSV

Филипче: Со длабока почит се сеќаваме на бранителите кои ги положија животите за мирот во Македонија

На 25-годишнината од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, оддаде почит на осумтемина македонски бранители кои ги загубија животите на 10 август 2001 година.Филипче порача дека зад секое од загинатите лица стои човек, семејство и живот, како и празнина која, како што наведе, времето не може да ја избрише.Тој нагласи дека споменот на бранителите треба да биде и потсетник дека поделбите, омразата и конфликтите не носат подобра иднина и напредок за државата.„Опште

Македонија | пред 1 месец

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се против независноста, не можат да го надминат сопствениот срам

ВМРО-ДПМНЕ реагира на критиките од претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за видеото посветено на 35-годишнината од независноста на Македонија. Од партијата велат дека видеото носи порака која обединува и го обвинија СДСМ дека повторно застанува „на погрешната страна“.Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат зошто на СДСМ му пречи присуството на првиот претседател на независна Македонија во видеото, нагласувајќи дека тој бил избран консензуално. Во партиската реакција се посочува и дека СДСМ го критикува отсуство

Македонија | пред 1 месец

media-library6cp91qd83hkqboYNTeJ

Филипче: Карпалак не смее да биде само датум во календарот

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оддаде почит на загинатите бранители кај Карпалак, по повод 25-годишнината од нивната смрт, порачувајќи дека нивната жртва не смее да биде заборавена и дека мирот и стабилноста се градат со одговорност, а не со поделби.Во објава по повод годишнината, Филипче истакна дека на 8 август се оддава почит на младите луѓе кои ги положиле своите животи исполнувајќи ја должноста кон татковината.„Денес, на 8 Август, се сеќаваме и оддаваме почит на загинатите бранители

Македонија | пред 1 месец

media-library2hls6ku0e4p302eiScx

Филипче за прифаќањето на Францускиот предлог од власта: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на новинарско прашање во денешната изјава за медиуми во Ново Село, посочи дека политиките на власта во однос на евроинтеграциите целосно се разобличени и дека едно по едно паѓаат сите ветувања што ги даваа пред граѓаните.Филипче рече дека и т.н екскурзија на Мицкоски во Брисел, не е ништо друго освен потврда дека зад затворени врати се водат разговори токму за прашањето за кое ВМРО со години ја напаѓаше СДСМ.„Најавената таканаречена екскурзија на премиер

Македонија | пред 1 месец

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

Филипче: Бараме итна истрага за нападот на децата во Ново Село од страна на ВМРО

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска од Ново Село побара итна истрага и итна реакција од надлежните институции по синоќешниот напад врз младите социјалдемократи, бидејќи станува збор за сериозен инцидент кој не смее да остане неказнет. Филипче укажа дека нападот врз младите кои само јавно ја говореа вистината за Гостивар, претставува опасен обид за заплашување и замолчување на секој што има поинакво мислење од власта.„Бараме итна истрага, итна реакција на Министерството за внатрешни

Македонија | пред 1 месец

media-libraryg7ablpl0cusj5NyroU7

Филипче: Криминалната група ВМРО физички се пресметува со деца затоа што ја зборуваат вистината

Криминалната група ВМРО физички се пресметува со деца затоа што ја зборуваат вистината, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во денешната изјава во Ново Село, во однос на вчерашниот инцидент, кога млади луѓе членови на СДСМ, беа нападнати од активисти на ВМРО. Филипче во изјавата нагласи дека младите социјалдемократи само ја говореа вистината за Гостивар, а овој инцидент не смее да се премолчи.„Беа нападнати млади деца. Млади деца кои што ја говореа вистината. А вистината е дека вода

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања