Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

КОСОВО

kurti-640x427

Курти: Косово ќе добие жандармерија по изборите

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, изјави дека формирањето жандармерија е „потреба на времето“, оценувајќи дека Косово се соочува со безбедносни предизвици кои ги надминуваат капацитетите на редовната полиција.На заедничка прес-конференција со вршителот на должноста министер за внатрешни работи, Џељаљ Свеќља, Курти соопшти дека новата жандармерија ќе биде специјализирана структура меѓу полицијата и војската, задолжена за обезбедување на границите, борба против тероризмот, шверцот и вооружените групи.Според него, идната формација ќе биде надлежна за заштита на копнените, воздушните и водените граници на Косово, справување со високоризични ситуации и заштита на критичната инфраструктура.Курти како примери за безбедносни предизвици ги посочи настаните во Бањска, нападите врз Косовската полиција, КФОР и новинари, како и саботажата на каналот Ибар-Лепенец.Тој најави дека Косово ќе се потпира на европски модели при формирањето на жандармеријата, наведувајќи ги француската жандармерија, италијанските карабинери и слични структури во Шпанија, Португалија и Турција.Според најавите, законот за формирање на жандармеријата треба да биде усвоен во следниот состав на косовското Собрание, по вонредните парламентарни избори закажани за 7 јуни.Амбасадата на САД во Приштина порача дека очекува секој план за формирање на новата безбедносна структура да биде во согласност со обврските на Косово за зачувување на мирот и безбедноста, додека НАТО соопшти дека внимателно ги следи изјавите на косовските институции по ова прашање.Од друга страна, вршителот на должноста директор на Канцеларијата за Косово и Метохија во Владата на Србија, Петар Петковиќ, оцени дека најавите за формирање жандармерија се предизборен потег на Курти и повтори дека КФОР е единствената легална и легитимна вооружена сила на Косово.

Свет | пред 1 седмица

sud1d-22974-960x632-1

Косовското обвинителство ги товари пет уапсени Срби за влијание врз гласачи

На петмина Срби, директори на српски здравствени и образовни установи, кои вчера беа уапсени во Грачаница, Косово, им е одредена мерка полициско задржување до 48 часа, потврди адвокатот Небојша Боричиќ.Тој е адвокат на Бобан Петровиќ, директор на Електротехничкото училиште во Сушица, кој е меѓу уапсените.Обвинителството на привремените институции во Приштина соопшти дека лицата се уапсени под сомнение за наводно сторено кривично дело „нарушување на слободното определување на гласачите“.Постапката следува по тврдењата на министерот за заедници и враќање во технички мандат, Ненад Рашиќ, за наводни закани кон гласачи пред изборите на 7 јуни.Членот на Претседателството на Српска листа, Игор Симиќ, изјави дека апсењето на директорите на српските здравствени и образовни институции на Косово и Метохија претставува обид за напад врз српскиот образовен и здравствен систем.Тој додаде дека во тоа, како што наведе, директно учествувал Ненад Рашиќ, кој претходно ги посочил Србите на седница на владата во Приштина.Според Симиќ, целта на апсењата е заплашување на српскиот народ и политичка корист за Рашиќ пред изборите.Партијата „За слобода, правда и опстанок“ на претходните избори за Собранието на привремените институции освои еден од десетте загарантирани мандати за српската заедница. Според податоците на Централната изборна комисија во Приштина, дел од гласовите партијата ги добила и во средини каде што нема Срби во избирачките списоци.

Балкан | пред 2 седмици

media-libraryrak8j5k24jdi5YsFe9Q

Суспендирани полицајци во Косово, биле затекнати голи во службено возило

Двајца косовски полицајци, маж и жена, се суспендирани во северниот дел на Митровица, откако биле затекнати во интимна ситуација за време на работното време.Според локалните медиуми од Косово, станува збор за полицајците Н.П. и Р.Т., кои наводно биле пронајдени голи во службено возило на друга единица на Косовската полиција.Случајот веднаш бил пријавен кај надлежните органи на Косово, по што двајцата косовски полицајци биле суспендирани на три дена и им била изречена дисциплинска мерка.Според информациите, еден од полицајците бил преместен и на друго работно место, но од оперативни причини.

Свет | пред 2 седмици

media-librarymf69v352efb9eEtDoZA

Заврши драмата во рудникот „Трепча“: Спасени сите 18 рудари

Драмата во рудникот Стар Трг заврши откако сите 18 рудари кои беа заробени поради проблеми со електричната енергија успешно ја напуштија јамата.Рударите биле заглавени од ноќеска од 1:30 часот, кога дошло до прекин во снабдувањето со струја.Од претпријатието Трепча југ претходно соопштиле дека причината за инцидентот бил дефект на далноводот, поради што рударите останале заробени во окната.Ова не е прв ваков случај во рудникот. И во минатото рударите во „Стар Трг“ повеќепати останувале заглавени под земја поради прекини на електричната енергија.Кон крајот на јануари, втората смена рудари со часови била блокирана под земја поради сличен проблем со струјата.Со претпријатието управуваат привремените институции во Приштина, а рудникот подолг период се соочува со бројни проблеми, поради што вработените често организираат штрајкови.

Балкан | пред 3 седмици

media-librarymf69v352efb9eEtDoZA

Драма во рудникот „Трепча“ во Косово: заробени 18 рудари

Во окното на рудникот „Трепча југ“ останале заробени 18 рудари поради проблеми со електричната енергија.Претседателот на синдикатот Ибрахим Јонузи изјавил дека состојбата на рударите засега е добра, но предупредил дека може да се влоши доколку останат подолго време во окното.Директорот на рудникот „Стар Трг“, Шиќири Садику, потврдил дека рударите се заглавени од 1:30 часот по полноќ.„Поголемиот дел излегоа. Во моментов 18 рудари сè уште се внатре, но работиме на изнаоѓање алтернативно решение. Вкупно 50 рудари беа внатре“, изјавил Садику.Тој додал дека здравствената состојба на заробените рудари е стабилна.Со рудникот „Трепча југ“ управуваат привремените институции во Приштина, а рудникот подолг период се соочува со бројни проблеми, поради што вработените често организираат штрајкови.

Балкан | пред 3 седмици

media-library58vfht1tm91p3lOwPlA

(Видео) Србин претепан во Косово, повредена и жена која се обидела да го заштити

Мирослав Гуџиќ од Добротин во Косово е претепан во местото Донја Гуштерица и е хоспитализиран во Клиничко-болнички центар, а при обид да го заштити, повреди добила и работничка од оваа установа, која исто така е хоспитализирана.Гуџиќ, чијашто здравствена состојба е стабилна, раскажал дека на физичкиот напад од непознати напаѓачи му претходел сообраќаен инцидент, кога нешто по 11 часот тргнал од Добротин кон Донја Гуштерица.„Кај добротинските гробишта едно бело возило, мислам дека беше голф петка, почна да претекнува повеќе возила. Јас му дадов светлосен сигнал за да го предупредам дека ќе се судриме. Јас застанав, тој помина покрај мене. Јас го продолжив патот кон Гуштерица и таму, кај раскрсницата во близина на маркет, ме удри автомобил од задната десна страна“, истакна Гуџиќ.Тој додава дека, откако застанал да види колкава е материјалната штета, видел тројца млади Албанци кои, според неговите зборови, нешто му дофрлале, но не слушнал што и не ги препознал.„Во тој момент сакав да го продолжам патот, да ја избегнам целата ситуација. Тргнав со автомобилот напред, но возилото со кое се сретнав кај гробиштата ми го препречи патот. Некако успеав да ја избегнам блокадата и тргнав кон Домот на здравје, надевајќи се дека ќе се откажат. Тие продолжија да ме следат. Мислам дека беа три возила“, раскажува Гуџиќ.Гуџиќ потоа, гледајќи дека напаѓачите сакаат конфликт, се обидел да влезе во домот за здравје во Донја Гуштерица, со надеж дека ќе го избегне инцидентот.„Излегов од автомобилот и влегов во канцеларија, некаде да се тргнам. Тие, пет или шестмина, тргнаа по мене. Влетаа во канцеларијата и почнаа да ме удираат и да ме влечат. Таму имаше една работничка или медицинска сестра која се обиде да ме одбрани, ја нападнаа и неа. Потоа ме извлекоа надвор и продолжија да ме тепаат“, рече Гуџиќ.Тој нагласи дека не знае кој го нападнал и зошто, дека никого не провоцирал и дека единствен мотив, според него, е тоа што е Србин и што вози автомобил со нишки регистарски таблички.Гуџиќ изјави дека од вработените во домот на здравје побарал да повикаат полиција, што тие и го направиле.„Полицијата беше тука, дадов изјава за тоа што се случи. Случајот е отворен и ми рекоа по хоспитализацијата да се јавам во полициската станица во Грачаница“, додаде тој.Тврди дека напаѓачите постојано му се заканувале и го навредувале.„Ми се закануваа дека ќе ме најдат каде било. Врескаа и никогаш во животот не сум видел толку омраза и суровост во нечии очи“, изјави Гуџиќ.Директорот на Клиничко-болничкиот центар Приштина со седиште во Грачаница, Братислав Лазиќ, потврди дека две лица нешто по 12 часот се хоспитализирани и дека нивната состојба е стабилна.„Двајца повредени денес се примени на хируршката клиника со повреди здобиени во тепачка, според нивните наводи. Донесени се со санитетско возило и се во тек на дијагностика. Засега нивната состојба е стабилна, но за тежината на повредите ќе можеме да зборуваме по завршување на сите испитувања“, изјави Лазиќ.

Свет | пред 1 месец

media-librarytdjc4885eie333kQMVZ

Вучиќ: Косово не е целосно призната држава, членството во НАТО неизвесно

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека се надева оти нема да дојде до прием на Косово во НАТО, коментирајќи ги иницијативите на поединечни американски конгресмени.Говорејќи пред медиумите по отворањето на тренинг-центар за дуално и доживотно образование во Машинското училиште во Панчево, Вучиќ нагласи дека Србија има соработка со Алијансата, вклучително и учество во заеднички вежби.Во исто време, тој повтори дека Косово не може да се смета за целосно меѓународно призната држава, бидејќи, како што посочи, не е признато од сите членки на Обединети нации.Изјавата доаѓа во контекст на засилени политички дебати околу можниот евроатлантски пат на Косово, прашање кое и натаму предизвикува поделени ставови на меѓународната сцена.

Балкан | пред 1 месец

kosovo-sobranie

Политички застој во Косово: пропадна обид за избор на претседател поради недостиг на кворум

На вчерашната седница на Собранието на Косово присуствуваа само пратениците од Движењето Самоопределување и нивните коалициски партнери, односно вкупно 64 пратеници. За избор на претседател во првиот круг е потребно присуство и поддршка од најмалку 80 пратеници, поради што гласањето не беше успешно.Ниту една од двете кандидатки предложени од Самоопределување не беше избрана, а седницата беше прекината и најавено е нејзино продолжување денеска.Опозициските партии ја бојкотираа седницата, обвинувајќи дека власта со ваквиот пристап го нарушува уставниот поредок на Косово.Извршниот директор на Косовскиот институт за правосудство, Ехат Мифтарај, оцени дека присуството на недоволен број пратеници претставува прекршување на Уставот, бидејќи, според него, јасно е пропишано дека за почеток на постапката мора да бидат присутни најмалку 80 пратеници.Тој додаде дека ваквото однесување укажува на недостиг на политичка волја за постигнување консензус и дека користењето на процедурите на начин спротивен на уставните правила може да го загрози институционалниот поредок.Според одлуката на Уставниот суд на Косово, доколку претседател не биде избран до 28 април, парламентот се распушта автоматски, а предвремените избори треба да се одржат во рок од 45 дена.За избор на претседател се потребни две третини од гласовите во првите два круга, односно 80 пратеници присутни во салата, додека во третиот круг се доволни 61 глас.

Балкан | пред 1 месец

media-library03ab0po7tn26epYuJ96

Вучиќ: Едностраните потези на Приштина ги зголемуваат тензиите

Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ се сретна со специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Петер Соренсен.„Содржаен разговор со Петер Соренсен за клучните прашања што ги оптоваруваат односите во регионот. Разменивме мислења за моменталната ситуација на Косово и Метохија, со посебен фокус на безбедноста на српскиот народ, како и на огромната неизвесност во која живеат имајќи ја предвид селективната примена на различни прописи и очигледната дискриминација во речиси сите сфери од животот.Нагласив дека едностраните мерки на Приштина, како и примената на прописи без земање предвид на реалните околности на терен и без договор во Брисел, создаваат сериозен притисок врз српскиот народ и виталните српски институции на Косово и Метохија.Истакнав дека Србија останува цврсто определена за дијалог како единствен одржлив пат кон решавање на отворените прашања, но и дека очекуваме конкретен ангажман од актерите во Приштина во спроведувањето на веќе постигнатите договори. Посебно го нагласив значењето на формирањето на Заедницата на српски општини, како клучен елемент за заштита на правата и безбедноста на нашиот народ, што е обврска која мора да биде исполнета без понатамошно одложување.Укажав на фактот дека едностраните потези на Приштина продолжуваат дополнително да ги зголемуваат тензиите и да ја загрозуваат кревката стабилност на теренот, со што директно се поткопува процесот на дијалог. Повторив дека силниот и доследен ангажман на ЕУ е од клучно значење за да се спречат таквите активности и да се обезбеди ниту еден потег да не биде насочен кон опструкција на дијалогот, туку кон создавање услови за негово непречено и конструктивно одвивање.Му се заблагодарив на Петер Соренсен за посветеноста кон дијалогот и повторив дека Србија ќе продолжи да делува одговорно и конструктивно, чувајќи ги своите национални интереси, но и придонесувајќи за стабилноста на целиот регион. Изразив уверување дека отворената и континуирана комуникација со меѓународните партнери е од суштинско значење за пронаоѓање трајни и одржливи решенија во интерес на мирот, безбедноста и иднината на сите граѓани“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ: Се подготвуваме за можен напад од Хрватска, Албанија и Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во емисија во живо на Радио и телевизија на Србија (РТС) го коментираше за воениот сојуз на Хрватска, Албанија и како што тој го нарече, таканареченото Косово и рече дека верува дека се подготвуваат за напад на Србија во иднина, пренесуваат медиумите во Србија.„Се подготвуваме за нивниот напад. Тие чекаат моментот што ќе се случи во иднина да избувне поголем конфликт меѓу Европејците и Русите и уште поголем на Блискиот Исток. Сè што правиме, го правиме за да ја одбраниме нашата земја. Не можеме да ги напаѓаме земјите од НАТО, а Албанија и Хрватска се едни од нив, ама ова се нивните намери. Тие чекаат поволен момент кога ќе има општ хаос во светот. Но, луѓето не треба да се грижат, само ќе кажам дека Србија има доволно сила за одвраќање за сите тие три ентитети, две држави и еден ентитет, што и да е. Има доволно сила за да има јасна порака за одвраќање“, рече Вучиќ.Тој рече „можете мирно да спиете, граѓаните на Србија можат мирно да спијат“.„Србија е доволно силна за да го зачува својот територијален интегритет, суверенитет, слобода и безбедност на своите граѓани. Тие нема да нè нападнат затоа што знаат каков би бил одговорот“, додаде српскиот претседател.Тој потоа откри какви ракети има српската армија. Претседателот откри дека такви ракети биле користени во конфликтот меѓу Пакистан и Индија.„Зборуваме за ракети воздух-земја. Тоа се ракети со разорна моќ. Можат да тежат до 950 килограми и да имаат дострел до 400 километри. Имаме значителен број од овие ракети и ќе имаме уште повеќе. Тие беа користени во конфликтот меѓу Пакистан и Индија. Тие го уништија радарскиот систем С-400“, истакна Вучиќ.„Тоа е кинеска алатка која се покажа како исклучителна во конфликтот меѓу Пакистан и Индија. Тие успеаја да го уништат францускиот радар и радарскиот систем С-400. Имаме многу работи што не сте ги виделе и ќе продолжиме да ги набавуваме“, објасни Вучиќ.Вучиќ ја коментираше и изјавата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ дека „Хрватска ќе го информира НАТО за вооружувањето на Србија“ во врска со балистичките суперсонични ракети.„Јас сум претседател на бројно мала земја. Јас не сум Трамп и Путин, големи претседатели кои решаваат сè. За мене нема мали работи, сакам моето наследство да биде мир, а не војни и конфликти. Во средината на никаде, пред вас се појавува воен сојуз – Албанија, Хрватска и таканареченото Косово. Морам да ја зачувам стабилноста во земјата“, рече Вучиќ.

Свет | пред 2 месеци

media-library16e4h04u329racF6PUy

(Видео) Тврдења од Косово: во разговори поврзани со луѓе блиски до Курти се споменува атентат врз американскиот дипломат Гренел

Косовскиот новинар Милаим Зека изнесе сериозни тврдења дека во наводно прислушувани телефонски разговори биле споменувани планови за можен атентат врз американскиот дипломат Ричард Гренел.Во видео-објава на социјалната мрежа Икс, Зека предупреди дека, според неговите информации, во тие разговори лица кои тој ги поврзува со премиерот на Косово, Албин Курти, зборувале за можноста за организирање напад врз Гренел.Според неговите наводи, содржината на разговорите укажува дека биле споменувани планови за атентат, иако засега нема јавна потврда за автентичноста на снимките, ниту информација дали е покрената официјална истрага.Ричард Гренел е поранешен специјален пратеник на Соединетите Американски Држави за дијалогот меѓу Белград и Приштина за време на мандатот на претседателот Доналд Трамп. Подоцна тој ја извршуваше и функцијата вршител на должност директор на Националната разузнавачка служба на САД.

Свет | пред 2 месеци

vjosa-osmani-2

Османи го распушти Собранието, Косово оди на избори

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, денес го потпиша указот за распуштање на парламентот и најави дека ќе бидат распишани вонредни избори.Османи на прес-конференцијата изјави дека неуспехот на членовите на Собранието да изберат претседател во четврток вечерта го турна Косово во нови избори.„Оваа ситуација беше целосно избежна. Голема несреќа е што пратениците не го избраа интересот на народот“, рече Османи.Таа најави дека во текот на денот ќе одржи консултации со лидерите на парламентарните партии во врска со датумот на вонредните парламентарни избори.На вонредна седница доцна во четврток, одржана само неколку часа пред истекот на уставниот рок за избор на претседател, парламентот го прекина изборниот процес, поради недостаток на кворум.За избор на претседател, потребни се 80 гласа во првите два круга гласање, а најмалку 61 во третиот.Во четврток, во салата беа присутни 66 пратеници од владејачката коалиција, додека пратениците од опозицијата беа отсутни.Претходно, се одржа седница за разгледување на уставните амандмани, кои претседателот Вјоса Османи ги поднесе за директно гласање за претседател, која исто така беше прекината поради недостаток на кворум.По затворањето на втората седница, претседателката на Собранието, Аљбулена Хаџију, се обрати до Уставниот суд со барање за донесување привремена мерка за суспендирање на уставниот рок за избор на претседател.

Свет | пред 2 месеци

media-librarysa5ctmpu3097acuDYje

Вјоса Османи му го додели мандатот на Курти за состав на новата косовска влада

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, вчера му го додели мандатот за формирање нова влада на досегашниот премиер и лидер на Движењето Самоопределување, Албин Курти.„Согласно со Уставот на Косово, го назначив Албин Курти за мандатар за формирање на владата на Република Косово. Му посакувам успех во водењето на новата влада и во работењето во служба на граѓаните Среќно!“, напиша Османи во објава на Фејсбук.Потегот следува откако претходно денеска беше конституиран парламентот на Косово, а за негова претседателка беше избрана Албуљена Хаџију од Самоопределување.Покрај конститутивната седница, вечерва се одржува и вонредна седница на косовскиот парламент на која се очекува пратениците да гласаат за новата влада. Пред да ги предложи имињата на министрите, се очекува Курти да ја презентира владината програма пред пратениците.

Свет | пред 3 месеци

media-library6q8geqbgl291ajC4FPA

Сеизмолог за Косово предупредува: Историските податоци покажуваат ризик од потреси до 6,5 степени

Директорот на Сеизмолошкиот институт во Косово, Шемси Мустафа, во изјава за Клан Косова се осврна на силниот земјотрес што вечерва го погоди Призрен, нагласувајќи дека станува збор за потрес со средна јачина, но со значително психолошко влијание врз граѓаните.Мустафа појасни дека земјотресот бил со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот се наоѓал на околу 22 до 23 километри источно од Призрен, во близина на Штрпце. Според него, иако магнитудата се смета за средна, ваквиот потрес бил доволен да предизвика паника и вознемиреност кај граѓаните, кои субјективно го доживеале како многу посилен.Тој истакна дека подрачјето на Призрен припаѓа на изразито сеизмичка зона, која и во минатото генерирала силни земјотреси, а такви настани се можни и во иднина. Мустафа потсети дека Призрен бил погоден и од земјотрес со јачина од 6,8 степени, нагласувајќи дека целата територија на Косово се наоѓа во сеизмички активна област.Според него, постојат неколку зони во Косово со различен степен на сеизмички ризик, при што три од нив имаат потенцијал да бидат погодени од земјотреси со максимална магнитуда до 6,5 степени според Рихтер. Мустафа нагласи дека проценките на ризик мора да се темелат на историскиот каталог на земјотреси, кој претставува клучен параметар за ваквите анализи.Тој додаде дека мапите на сеизмички ризик се изработуваат врз основа на повеќе научни параметри, меѓу кои се тектонските и неотектонските карактеристики, сеизмотектониката, топографијата и геолошките податоци. Врз основа на овие анализи, како што рече, постои веројатност од 72,6 проценти Косово да биде погодено од земјотрес со јачина до 6,5 степени во период на повторливост од 100 години.Мустафа порача дека оваа информација треба да ја знаат сите граѓани, со цел подобра информираност и подготвеност, нагласувајќи дека разбирањето на сеизмичкиот ризик е клучно за намалување на последиците од ваквите природни појави.

Свет | пред 3 месеци

media-library7pqrflooq1redLcDvoy

(Видео) „Рипавме од кревет, зградите се нишаа“: сведоштва од косовски Призрен за земјотресот

„Рипнавме од кревет“, „се тресеше сè околу нас“, „мислев дека ѕидовите ќе пукнат“ – вака граѓаните од Косово го опишуваат силниот земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, кој вечерва околу 22 часот го погоди регионот и предизвика страв и паника кај илјадници луѓе. Потресот беше почувствуван во Косово, Србија и Македонија, а епицентарот, според првичните податоци, се наоѓал на околу 19 километри источно од Призрен и 15 километри северозападно од Тетово.Највознемирувачки сцени биле забележани во близина на епицентарот. Во селото Партеш, во општина Гњилане, мештаните раскажуваат дека земјата силно се тресела, а предметите во домовите се нишале и паѓале. Една жителка сведочи дека сè во куќата се тресело, цвеќето на прозорецот почнало силно да се ниша, по што саксија паднала на подот.Во Призрен, каде што граѓаните за тамошните медиуми велат дека ударот бил многу силен, се слушала бучава, а зградите се нишале неколку секунди.„Беше многу страшно, се тресеше и правеше силна бучава, траеше околу осум секунди“, вели еден жител за Индекс онлајн, додека друг кратко опишува: „Многу се тресеше“. Некои од граѓаните сведочат дека биле разбудени од силниот удар и дека во паника станале од кревет.Потресот предизвика вознемиреност и во јужниот дел на Србија, особено во Ниш и Лесковац, а, според сведоштвата, се почувствувал и во Белград. Жителка на Нови Белград раскажува дека додека гледале телевизија, одеднаш почувствувала вртоглавица, а потоа забележала дека лустерите почнале да се нишаат.Надлежните институции во земјите од регионот информираат дека состојбата се следи, а засега нема информации за повредени или за поголеми материјални штети. Граѓаните се повикуваат на смиреност и да ги следат исклучиво официјалните информации.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryff221a9d8e2dcJvo9I9

Властите во Приштина со апел за смиреност по земјотресот кај Призрен, досега нема пријави за жртви

Градските власти на Приштина вечерва информираа дека земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала го погодил јужниот дел на Косово, во подрачјето меѓу Призрен и Штрпце. Потресот бил регистриран околу 22:05 часот и, според официјалните информации, бил почувствуван во повеќе делови на земјата.Во соопштението се наведува дека досега нема пријави за повредени лица или за сериозни материјални оштетувања. Надлежните институции, како што се посочува, и понатаму ја следат состојбата на терен.Граѓаните се повикуваат на смиреност и почитување на безбедносните препораки, особено во случај на нови потреси. Од градските власти апелираат лицата да се држат подалеку од прозорци и објекти кои би можеле да се урнат, а во затворени простории да побараат засолниште под цврста маса или покрај носечки ѕид. Доколку се најдат надвор, граѓаните се советуваат да се задржат на отворен простор и да избегнуваат непотребно движење.Надлежните служби исто така апелираат јавноста да се информира исклучиво преку официјални канали и да им помогне на лицата на кои им е потребна поддршка. За итни случаи, граѓаните можат да се јават на службените телефонски броеви за итни интервенции.Од институциите порачуваат дека сите нови информации ќе бидат навремено објавени преку официјалните канали и дека безбедноста на граѓаните останува врвен приоритет.

Свет | пред 3 месеци

media-library9225ngvb69k426nREl7

(Видео) Боксови, клоци, туркање: наставник приведен поради физичка пресметка со ученик во Приштина

Случај на физичко насилство е регистриран во основното училиште „Паваресија“ во Приштина, откако во јавноста се појави видео-снимка на која се гледа наставник како удира ученик за време на настава. На снимката се забележува и реакција на ученикот, кој во еден момент возвраќа со удар кон наставникот.Инцидентот го потврди директорот на училиштето, Халил Брахај, додека од Основното обвинителство во Приштина информираа дека преземени се конкретни мерки. Главниот обвинител Зејнулах Гаши за медиумите изјави дека е издаден налог за задржување од 48 часа за наставникот, кој е осомничен дека извршил физичко насилство врз ученикот.Надлежните институции најавуваат дека случајот се истражува, а видеото кое кружи на социјалните мрежи се разгледува како доказен материјал. Јавноста во Косово остро реагираше на настанот, со повици за одговорност и заштита на учениците во образовниот систем.

Свет | пред 3 месеци

Zemjotres

Земјотрес почувствуван во Тетово и околината, епицентар во Косово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23 часот и 9 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Република Косово, на околу 46 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Македонија | пред 3 месеци

vojska

Трилатерален состанок на т.н. Косово, Албанија и Хрватска: Почнува забрзано вооружување

На основа на Заедничката тристранска декларација, која во 2025 година ја потпишаа министрите за одбрана на Косово, Албанија и Хрватска, се одржа состанок на ниво на директори за одбранбена политика и вооружување.Состанокот се одржа во Хрватска, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Косово.„Делегацијата на Република Косово ја предводеше директорот за одбранбена политика Фарук Гечи, а разменети беа мислења за можностите за унапредување на заедничката соработка во областа на одбранбените капацитети, соработката помеѓу одбранбените индустрии на потписничките земји, како и понатамошните чекори за спроведување на Декларацијата“, се наведува во соопштението.Декларацијата одредува четири главни области на понатамошна соработка, кои вклучуваат: промоција на соработка во областа на одбранбените капацитети и одбранбената индустрија, зголемување на интероперабилноста преку образование, обука и заеднички вежби, справување со хибридни закани и јакнење на отпорноста, како и обезбедување континуирана и целосна поддршка на евроатлантските интеграции.

Свет | пред 4 месеци

kurti-640x427

Курти од Давос: Србија подобро од кога било знае дека Косово е држава

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, кој престојува во швајцарски Давос по повод Светскиот економски форум, изјави дека Србија денес подобро од кога било ја разбира реалноста дека Косово е држава, иако и понатаму одбива формално да ја признае неговата независност, пренесува Анадолу.Во разговор со поранешниот британски дипломат и политичар Рори Стјуарт, Курти истакна дека, и покрај континуираното непризнавање, српските власти се свесни за променетата состојба на терен. Според него, од четирите соседи на Косово, три држави ја признале независноста, додека само Србија останува на спротивната позиција, без јасни индикации дека тоа наскоро ќе се промени.Курти предупреди дека Русија претставува закана за регионот, делувајќи преку Србија, оценувајќи дека соништата за повторно воспоставување доминација или враќање на стари имперски концепти мора да згаснат. Тој посочи дека, како што е невозможно оживувањето на руската империја, така е нереално и очекувањето за некакво враќање на Косово под српска контрола, бидејќи современата политичка реалност е значително изменета.Осврнувајќи се на состојбите во северниот дел на Косово, Курти рече дека пред пет или десет години таму не постоела ниту основна слобода за слободно движење или користење на албанскиот јазик, додавајќи дека денес ситуацијата е суштински поинаква.Тој повика на поголема солидарност во рамки на Европа и НАТО, истакнувајќи дека, според неговите оценки, Русија има за цел да ја поткопа и Европската унија и Алијансата, додека Кина настојува да ја достигне моќта на САД. Курти нагласи дека секој што му помага на соседот во обидите за дестабилизација индиректно придонесува за создавање проблеми и за Косово, предупредувајќи дека регионалната безбедност е тесно поврзана и меѓусебно зависна.

Свет | пред 4 месеци

kurti

Курти победник со 57 пратенички места, најголем губитник Демократскиот сојуз на Косово

На Косово заврши пребројувањето на сите гласови од вонредните парламентарни избори одржани на 28 декември, а се очекува Централната изборна комисија наскоро да ги соопшти конечните резултати, потврди нејзиниот портпарол Ваљмир Ељези.Движењето „Самоопределување“ на Албин Курти освои 51,11 отсто од гласовите и обезбеди 57 пратенички места во идниот состав на собранието.Демократската партија на Косово освои 20,19 отсто од гласовите и во Собранието ќе има 22 пратеника.Демократскиот сојуз на Косово е најголемиот губитник на изборите од 28 декември. Оваа партија падна на 15 пратенички места, со освоени 13,23 отсто од гласовите.Во Собранието, Алијансата за иднината на Косово ќе има шест пратенички места, со 5,5 отсто од гласовите.Од 10-те загарантирани места за Србите, Српската листа ќе има девет пратеници, додека партијата „За слобода, правда и опстанок“ ќе има едно пратеничко место.Следните 10 места ги обезбедија: Косовската демократска турска партија – две места, а „Вакат“, Нова демократска партија, Нова демократска иницијатива на Косово, Социјалдемократската унија, Египетската либерална партија, ПСА, Единствената горанска партија и Прогресивното ромско движење на Косово ќе имаат по едно пратеничко место.По пребројувањето на сите гласови, портпаролот на Централната изборна комисија, Ваљмир Ељези, изјави дека политичките партии имаат рок од 48 часа да поднесат жалби за наводни прекршувања на правилата за време на пребројувањето.Ељези додаде дека Демократската партија на Косово веќе поднела жалба за дел од гласовите испратени по пошта, тврдејќи дека пристигнале по истекот на законскиот рок.

Свет | пред 4 месеци

media-librarym53llh1mra4hf32jJYe

Кoмодита се огласи по уништувачкиот пожар во нивната фабрика

Дел од фабриката на „Комодита Хоум“ во Ѓаковица денес попладне беше зафатен од пожар. За среќа, сите работници беа евакуирани на време и никој не е повреден.На местото на настанот веднаш интервенираа полициски екипи и противпожарни единици, обидувајќи се да го локализираат пожарот. Причините за настанот сè уште не се утврдени, а штетата на имотот не може да се процени.„Комодита Хоум“ им се заблагодари на Министерството за внатрешни работи, Министерството за безбедносните сили на КБС, градоначалникот на Ѓаковица, директорот на АМЕ, противпожарните единици од Ѓаковица, Призрен, Јуник, Дечан и Раховец, како и на припадниците на КФОР и КБС за нивната брза интервенција и подготвеност за помош.

Свет | пред 4 месеци

media-librarym53llh1mra4hf32jJYe

(Видео) Гори фабриката „Комодита“ во Косово

Голем пожар попладнево избувна во објектот на фабриката „Комодита“ во Ѓаковица, Косово. Густиот чад и силните пламените јазици беа видливи од повеќе делови на градот, а на терен веднаш беа испратени сите служби за итни случаи.Портпаролот на Косовската полиција за регионот на Ѓаковица, Шеремет Елезај, за медиумот „Сињали“ изјави дека пријавата за пожарот била примена околу 16:40 часот. Пожарот избувнал во објект на улицата „Ѓерѓ Соколи“.„Полициските екипи и пожарникарите веднаш реагираа и работат на локализирање и гаснење на огнот. Пожарот е од големи размери, но екипите продолжуваат со напори за да ја стават ситуацијата под контрола“, изјави Елезај.Според првичните информации, засега нема пријави за повредени лица. Сепак, од полицијата велат дека целосната состојба и можните последици ќе бидат познати дури по целосното гаснење на пожарот.

Свет | пред 4 месеци

media-librarylrht6l3hhfbp4EWSPWh

Во Косово уапсен убиецот на Турчинот во Чаршија: го убил со четири прободувања во срце и граден кош

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен турски државјанин, осомничен за убиство и убиство во обид, сторени во новогодишната ноќ во кафе-бар во Старата скопска чаршија.Според обвинителството, осомничениот, со престојувалиште во Тетово, започнал расправија со двајца турски државјани на возраст од 22 и 23 години. По првичниот конфликт, оштетените заминале кон плоштадот, но поради неможност да најдат такси, повторно се вратиле во чаршијата и поминале во близина на истиот објект.При повторната средба, расправијата ескалирала, по што осомничениот извадил нож и му нанел четири убоди во градниот кош и срцето на 22-годишниот Ахмет Мерт Доган, кој починал на лице место. Со уште еден убод во грбот го повредил и вториот оштетен, со намера и него да го лиши од живот, по што избегал.Во текот на истрагата биле преземени повеќе дејствија: наредена е обдукција, подигнати се траги за вештачење, извршени се разговори со сведоци и обезбедени се снимки од видео-надзор, врз основа на кои е идентификуван осомничениот.Истражните органи утврдиле дека тој се наоѓа во Косово, каде бил лишен од слобода од тамошните органи. Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување притвор во отсуство, по што веднаш ќе биде иницирана постапка за екстрадиција.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryd6fv9oi5jsmm3Tkz9s3

Али Ахмети со честитка до Албин Курти по изборната победа: „Косово заслужува стабилност и јасна визија“

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, му упати честитка на лидерот на Самоопределување, Албин Курти, по победата на неговата партија на вонредните парламентарни избори во Косово.Ахмети во пораката оцени дека изборниот процес во Косово поминал во демократска атмосфера.„Им честитам на граѓаните на Република Косово за изборниот процес во кој покажаа висока демократска зрелост. Процесот беше слободен, фер и целосно демократски, во согласност со европските стандарди, потврдувајќи ја силата на институциите и слободната волја на граѓаните“, наведува Ахмети.Тој порача дека Косово има потреба од стабилност, развој и јасна државна визија во интерес на граѓаните.„Како човек кој придонел за слободата на Косово и кој длабоко верува во неговата иднина, посакувам Косово да продолжи напред со сигурни чекори, зајакнувајќи ги стратешките врски со Соединетите Американски Држави и Европската Унија. Тоа е патот што гарантира мир и безбедна иднина за новите генерации“, стои во честитката, придружена со фотографија на Ахмети и Курти.Албин Курти најави брзо формирање влада, откако Самоопределување освои 49,3% од гласовите по речиси целосно преброени избирачки места, со што го обезбедува третиот мандат на премиерската функција.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања