Украден мотоцикл „БМВ“ во Доброште на државјанин на Косово
Во полиција било пријавено дека во селото Доброште, тетовско, бил украден мотоцикл „БМВ“.Случајот на 1 септември во 11 часот во СВР Тетово го пријавил 52-годишен државјанин на Косово, со престој во Норвешка. Според пријавеното, мотоциклот бил паркиран во селото, по што бил одземен.Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на мотоциклот и за целосно расчистување на случајот.
Македонија | пред 4 седмици