Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

МВР

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Го нападнал со остар предмет, па му го украл новчаникот и мобилниот телефон

СВР Битола информира дека на 04.05.2026 во 21:30 часот во полициската станица Е.А. (47) од Битола пријавил дека на улица „Довлеџик“ во Битола бил физички нападнат од С.Б. од Битола, лице со кое претходно се познавал.Според пријавата, напаѓачот употребил остар предмет и му нанел повреди, по што му одзел мобилен телефон, лични документи, пари и други лични предмети.Од СВР Битола соопштуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 месеци

media-library8j9bpqbma51r9sUL9EJ

„Национални шуми“: Откриена и запленета бесправно посечена дрвна маса на Голак

ЈП „Национални шуми“ информира дека на 01.05.2026 година во КО Тработивиште, од страна на припадници на Министерството за внатрешни работи, шумската полиција и шумочуварската служба од подружницата „Голак“ – Делчево, била затекната бесправно посечена дрвна маса натоварена на трактор.Од претпријатието наведуваат дека дрвната маса била одземена, а заедно со тракторот пренесена на плацот на подружницата.Според соопштението, на 02.05.2026 година во КО Бигла, во рамки на Шумско стопанската единица „Г

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjr22mc0tf1q9cxKfHTS

(Фото) Како да препознаете дали ви е стигната лажна порака за прекршок од „Сејф сити“: внимавајте!

И денеска се испраќаат лажни СМС пораки до граѓани во Македонија за наводни сообраќајни прекршоци регистрирани од системот „Сејф сити“, со цел да се украдат лични и банкарски податоци.Пораките изгледаат како официјално известување – се наведува дека возилото е снимено за брзо возење, се додава „број на случај“ и се нуди попуст од 50 проценти ако казната се плати во рок од 24 часа. Во пораката има и линк за „детали“, кој води до сомнителна веб-страница.Но, станува збор за измама, а има неколку ја

Македонија | пред 2 месеци

media-library19mdsgirf6tr5RklhT1

Пријавено пукање на семејна веселба во крушевско, приведени двајца

На 03.05.2026 година, во 23:50 часот, во село Пресил, крушевско, полициски службеници од ОВР Крушево ги лишиле од слобода Б.У. (34) и Б.М. (27), двајцата од истото село.Според пријавеното, околу 21:20 часот на семејна веселба во селото тие пукале од огнено оружје.Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Македонија | пред 2 месеци

vozacka-1

Битолчанец приведен во сообраќајна контрола, возел без возачка дозвола

На 03.05.2026 година, околу 13:30 часот, на улицата „Партизанска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода У.Б. (47) од Битола.При сообраќајна контрола, бил запрен автомобил „фолксваген“ со битолски регистарски ознаки, кој го управувал тој. При проверката било утврдено дека возел без да поседува возачка дозвола.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarya6m92rifrkdt9WnebWn

Малолетничка нападната во Прилеп, полицијата работи на расчистување на случајот

Полицијата работи на расчистување на случај во Прилеп, по пријава дека малолетно девојче било физички нападнато од повозрасно лице.Како што информира МВР, на 03.05.2026 година во СВР Битола, С.П. (29) од Прилеп пријавила дека нејзината малолетна ќерка била нападната во местото викано „Амфитеатар“ во населбата Варош во Прилеп.Од полицијата наведуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и утврдување на сите околности поврзани со случајот.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykpkv72gk1ldc5ZiHa3j

Скопјанка тепала новороденче - полицијата ја уапси

Во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода 29-годишната С.Д. од Скопје поради сомнение дека сторила кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице“.Како што информираат од МВР, случајот бил пријавен од 56-годишна жена, која пред својот дом ја затекнала пријавената заедно со новороденче кое имало повреди.Детето и С.Д. биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што лекарите констатирале повреди кај новороденчето.По целосно документирање на случајот

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygetaprtfuibf3ivFlAO

Приведени повеќе лица во Центар по физички напад врз брачен пар во Скопје

Во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје на 03.05.2026 година во 22:20 часот лишиле од слобода повеќе лица поради пријава за физички напад врз брачен пар, кој бил со нивните две малолетни деца.Според информациите од МВР, приведени се Р.М. (19), Ј.А. (18), М.Ј. (24), Е.А. (19), Н.Ј. (38), како и тројца малолетници на возраст од 17 години, сите од Скопје. Тие се сомничат дека околу 21:30 часот физички ги нападнале Д.М. (22) и нејзиниот сопруг Р.Р.По целосно документир

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjr22mc0tf1q9cxKfHTS

МВР предупредува за лажни линкови во име на МВР и СМС пораки, граѓаните да не внесуваат податоци

Министерството за внатрешни работи информира дека во последните денови е забележана зачестена појава на измамнички пораки испратени од непознат странски телефонски број +639606963624, со кои граѓани во Македонија се доведуваат во заблуда дека имаат регистриран сообраќаен прекршок и дека треба да извршат онлајн плаќање.Според МВР, во пораките се наоѓа линк кој води до лажна веб-страница што се претставува како официјална страница на Министерството, каде од корисниците се бара внесување на региста

Македонија | пред 2 месеци

media-library9l1id0h9c3du37FdRaF

Инцидент во Свети Николе: Патници повредени при нагло удирање во испакнат дел од коловозот на автобус

На 03.05.2026 околу 09:30 часот во Свети Николе се случила сообраќајна незгода во која автобус „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Д.С. (40) од Велес, кој превезувал околу 20 патници, поминал преку испакнат дел од коловозот на улицата „Филип Втори“.При ударот, двајца патници паднале во внатрешноста на автобусот и се здобиле со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Велес. По незгодата бил извршен увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryuh8qqhev6nui16oElbc

Марихуана пронајдена во возило – пријава против скопјанец

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 30-годишен скопјанец поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.Според МВР, на 26 април 2026 година полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф“, управувано од пријавениот Ј.Ѓ., при што била пронајдена и одземена марихуана.По документирање на случајот, против него е поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryu2s1qvqb8sg94vRr4Ys

Тројца пријавени за бесправна сеча кај Македонски Брод

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против две лица од Македонски Брод и едно лице од Кочани, поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“.Според МВР, пријавени се 46-годишните Б.С. и Ј.Ј. од Македонски Брод и 51-годишниот Ј.Н. од Кочани. Тие на 26 април 2026 година биле затекнати при бесправна сеча на дрва на местото викано „Венчишта“, во атарот на селото Грешница, општина Македонски Брод.Дрвната маса е во сопственост на ЈП „Националн

Македонија | пред 2 месеци

media-library1itk12uaagl9agzeQcO

Марихуана и таблети пронајдени кај осудено лице во Идризово

Од МВР информираат дека СВР Скопје поднесе кривична пријава против 39-годишен скопјанец, осудено лице кое издржува казна во Казнено-поправната установа „Идризово“, поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.Според МВР, на 23 ноември 2025 година, при извршен претрес во установата од страна на полициски службеници, кај пријавениот биле пронајдени и одземени марихуана и таблети.По документирање на случајот, против него е п

Македонија | пред 2 месеци

media-library7djgeiaegpmg21sm8O4

Мопедист со тешки повреди по судир со „фиат пунто“ во Куманово

Тешка сообраќајна несреќа се случила на 3 мај 2026 година околу 15:45 часот во Куманово, на крстосница од улицата „1“ и крак од истата улица, информираат од МВР.Во несреќата учествувале патничко возило „фиат пунто“, управувано од 30-годишен жител на Куманово, и мопед „томос“, управуван од 21-годишен кумановец.Од судирот, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Куманово.Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Куманово.

Македонија | пред 2 месеци

media-library31pt8tf0v4hv5cUJXLE

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Битола

Сообраќајна несреќа со тешко повредено лице се случила на 3 мај 2026 година околу 14:11 часот на крстосницата меѓу улиците „Партизанска“ и „Ѓорѓи Наумов“ во Битола, информираат од МВР.Во несреќата учествувале патничко возило „фиат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 19-годишник од Битола, и мотоцикл „триумф“ со гостиварски ознаки, управуван од 42-годишен жител на Гостивар.Од ударот, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во болницата во Битола.Увид на

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryke6akhmugg4sd9syNXi

Тешка сообраќајка кај Крушево, една жена со тешки повреди

Тешка сообраќајна несреќа се случила на 3 мај 2026 година околу 13:09 часот на крстосницата меѓу селата Врбоец и Свето Митрани, информираат од МВР.Во несреќата учествувале патничко возило „фиат пунто“ со крушевски регистарски ознаки, управувано од 52-годишен жител на село Врбоец, и патничко возило „фолксваген голф“, исто така со крушевски ознаки, управувано од 46-годишен жител на село Норово.Од ударот, сопатничка во „фиат пунто“, 26-годишна жена, се здобила со тешки телесни повреди. Со телесни п

Македонија | пред 2 месеци

media-librarytl5nseumhdgl7kU3BDo

Инцидент на натпревар во „Јане Сандански“, навреди и обид за напад

Инцидент е пријавен за време на кошаркарски натпревар во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, информираат од МВР.Според полицијата, на 3 мај 2026 година околу 14:15 часот, за време на натпреварот меѓу КК МЗТ Скопје и КК ИБА, едно лице се однесувало агресивно и упатувало навреди кон судиите.По налог на делегатот, редарите го отстраниле од салата, но при излегувањето лицето продолжило со агресивно однесување и кон делегатот, при што во еден момент се обидело и физички да го нападне. Обидо

Македонија | пред 2 месеци

media-library3qgbs5j9b8377Y2TIOV

Пријава против жител на Куманово за сексуално насилство

МВР информира дека СВР Куманово поднесе кривична пријава против лице од Куманово поради сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“.Според информациите од МВР, пријавениот на 18 април 2026 година, околу 18 часот, во семејната куќа во кумановско село извршил полови дејствија врз својата 41-годишна сопруга без нејзина согласност.Надлежните институции преземаат мерки за понатамошно постапување по случајот.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryu1di6gje7pj04GpENEh

Уапсен 53-годишник во Тетово, пронајдена бела прашкаста материја

Од МВР информираат дека на 3 мај 2026 година, во 22:35 часот, на улицата „Вонвардарска“ во Тетово, полициски службеници лишиле од слобода 53-годишен жител на село Челопек.При извршената контрола, кај лицето била пронајдена бела прашкаста материја.Тој е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygan6kj3hhkpp8ltitPV

Физичка пресметка меѓу роднини во Гостивар

Од МВР информираат дека на 3 мај 2026 година, во 17:05 часот, во ОВР Гостивар било пријавено нарушување на јавниот ред и мир на улицата „Никола Тесла“ во Гостивар.Според пријавата, по претходни недоразбирања дошло до физичка пресметка меѓу роднините Д.М. (42), З.М., М.М. и Н.М., сите од Гостивар.Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни пријави.

Македонија | пред 2 месеци

media-library1t41dhskauv96tipxic

Возел без дозвола, пронајдени дрога и нож - приведен 26-годишник

Лице од тетовско е лишено од слобода откако при сообраќајна контрола кај него биле пронајдени марихуана и нож, информираат од МВР.Инцидентот се случил на 3 мај 2026 година околу 14 часот кај месноста „Бањиче“ во Тетово, кога полициски службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки.При контролата било утврдено дека возачот С.К. (26) од селото Порој управувал со возилото без положен возачки испит, а при дополнителна проверка кај него биле пронајдени марихуана и

Македонија | пред 2 месеци

traktor

Уапсен 66-годишник од Јанчиште, управувал трактор без дозвола

Од СВР Тетово соопштија дека на 3 мај 2026 година, околу 09:00 часот, на локалниот пат Тетово – село Волковија, во близина на село Брвеница, полициски службеници лишиле од слобода 66-годишен маж од село Јанчиште.Според информациите, лицето било затекнато како управува земјоделска машина – трактор „фергусон“ со тетовски регистарски ознаки, без да поседува возачка дозвола.Тракторот е одземен, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од полицијата.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryomve0170hsuh7Rurym6

Приведен маж во тетовско по закани кон полицајци

Од СВР Тетово соопштија дека на 3 мај 2026 година, во 11:20 часот, на локалниот пат кон село Пирок, тетовско, полициски службеници го лишиле од слобода 46-годишен маж од село Мала Речица.Според полицијата, инцидентот се случил додека службениците преземале мерки кон други лица, при што А.Р. започнал агресивно да се однесува и упатувал закани кон нив.Лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Тетово.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryh6sqdt0t4apt6fDP1oD

(Видео) Запалена машина за метал во Шуто Оризари

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) преку бројот 112 е пријавен пожар на запалена машина за мелење железо на улица 1675, број 24, во скопската населба Шуто Оризари.Од ЦУК информираат дека на терен интервенираат екипи на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје со две противпожарни возила.Се работи на локализирање и гаснење на пожарот, а засега нема информации за повредени лица.

Македонија | пред 2 месеци

media-library9u0sdv6b1be5fAg46oA

Незаконски исплати на социјална пензија во Тетово , проневерени 155.500 денари

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Е. (42) и Ј.Е. (31), двајцата од село Пршовце, тетовско, поради сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „помагање“.Според МВР, првопријавениот, вработен како оператор за внес на податоци во Центарот за социјални работи Тетово, во јуни и октомври 2022 година извршил незаконска исплата на парични средства во вкупен износ од 155.500 денари.Средствата биле исплатени на име на второпријавениот, иако според решени

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања