Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

ПРОТЕСТ

media-libraryrni9kl5mogcv8xA9kcu

Веењето странски знамиња без македонското и исвирканата химна отворија работа за полицијата: МВР ги истражува инцидентите

Исвиркувањето на македонската химна на вчерашното финале од Купот на Македонија помеѓу Силекс и Шкендија, како и националистичките скандирања и транспаренти, сега се предмет на проверки на полицијата.Од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“ велат дека се преземаат активности за утврдување на евентуални прекршувања на јавниот ред и мир.„СВР Скопје презема соодветни мерки и активности за утврдување на околностите и санкционирање на прекршителите на јавниот ред и мир на фудбалскиот натпревар“, велат од МВР.Полицијата паралелно постапува и за случувањата на протестот во Скопје, на кој се бараше правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик, но со националистичка реторика, без истакнување на државното знаме во сооднос со знамињата на странски држави.„СВР Скопје презема соодветни мерки и за случувањата на протестот одржан на 18.05.2026 година по што ќе следуваат соодветни поднесоци“, додаваат од МВР за „Скопје1“.Финалето на Купот помеѓу Силекс и Шкендија помина со сериозни инциденти на трибините. Навивачите на Шкендија не станаа за време на интонирањето на химната на Македонија, а од трибините се слушаа и свирежи.Во текот на натпреварот беа скандирани и навредливи и националистички пароли, меѓу кои „ФФМ пе*ери“ и „United Albania“, а беа фрлани и топовски удари кои завршуваа на тартан-патеката на Националната арена „Тодор Проески“.Во исто време, реакции предизвика и протестот во центарот на Скопје за полагање на правосудниот испит на албански јазик, каде се носеа албански, американски и знамиња на Европската Унија, а дел од демонстрантите извикуваа и „УЧК“.Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека го поддржува правото на протест, но оцени дека биле прекршувани законите и Уставот.„Мене лично ми пречи што протестантите коишто практично се правници, коишто се борат за право, го прекршуваат законот, да речеме законот за знамињата. Законот за државната химна, Уставот и така натаму“, рече Мицкоски.Тој додаде дека Владата работи на „трајно решение“ за ова прашање, а ја нападна и ДУИ, обвинувајќи ја дека две децении не ги решила овие прашања, туку „решавала лични интереси“.

Македонија | пред 1 час

media-librarygnsjt667loqh96Az7Ih

(Видео) Шамари, боксови, влечење по облека: по тепачка на протестот за правосуден на албански, полицијата уапси три лица

Полицијата уапси три лица на протестот за правосуден испит да се полага на албански јазик. Ова доаѓа по тепачка, при која, едно лице освен шамари и боксови, заврши и со искината маица.На социјалните мрежи, каде беа споделени неколку снимки, се реагираше на пасивноста на полицајците во првите моменти. Отпосле, следуваа апсења. Причината за кавгата и тепањето не е позната. “Денеска (18.05.2026) околу 17:45 часот полициски службеници од СВР Скопје приведоа три лица македонски државјани пред Министерството за правда поради нарушување на јавниот ред и мир, велат од МВР за “Скопје1”.

Скопје | пред 2 дена

media-libraryvh1ap308sd4cfR672Qy

(Видео) Протестот заврши, наместо пораките за правосудниот, впечаток оставија само знамињата и националистичките извици

Протестот во Скопје, на кој се бараше правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик, заврши, но наместо пораките поврзани со образованието, најсилен впечаток оставија националните симболи и извикувањата.Во текот на протестот беа истакнати бројни албански знамиња, а дел од учесниците извикуваа „УЧК“. На протестот имаше и учесници дојдени од Приштина.Иако беа носени транспаренти со пораки како „Студентите не се предаваат“, „Знаењето нема забранет јазик“ и „Не ми ја допирајте иднината“, вниманието го привлекоа националистичките пораки и атмосферата на собирот.Протестот се одржа по реакциите околу прашањето за полагање на правосудниот испит на албански јазик и одлуките поврзани со употребата на јазиците.

Скопје | пред 2 дена

media-librarykg62qr0m9dtgf78yGrN

(Видео) Со „летање орли“, извици „УЧК“, без македонско знаме од каде се бараат права, а знамиња од САД – се бара правосуден на албански

На протестот во Скопје, на кој се бара правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик, беа истакнати повеќе транспаренти со политички и националистички пораки. Иако барањата се упатени до македонската Влада, сепак, се носеа само албански знамиња, како и знамиња на ЕУ и САД. На протестот немаше ниту еден македонски симбол.Дел од демонстрантите беа дојдени од Приштина, а за време на протестот се извикуваше и „УЧК“.Меѓу пораките на транспарентите беа:„Студентите не се предаваат“„Овој јазик има маченици зад себе“„Не ми ја допирајте иднината“„Струга зборува албански“„Знаењето нема забранет јазик“„Политиката го зароби Уставниот суд“Протестот се одржува во центарот на Скопје, а беа присутни од најмлади до највозрасни. Пораките беа насочени кон институциите и одлуките поврзани со употребата на албанскиот јазик.

Скопје | пред 2 дена

media-library2qbm5n2qmbm0aMKfCwj

Билал Касами најави правосуден испит и на албански јазик

Градоначалникот на Тетово и лидер на БЕСА, Билал Касами, најави дека правосудниот испит наскоро ќе може да се полага и на албански јазик.Во кратка објава на социјалните мрежи, Касами напиша:„Правосуден испит и на албански јазик! Наскоро со добри вести…“Засега нема дополнителни детали за тоа дали станува збор за законски измени, владина иницијатива или конкретен предлог што ќе биде доставен до институциите.

Коментари | пред 3 дена

sela-vo-pretres-3

Масовност на протестот на студнетите бараат опозициски политичари како Села, убедува преку тезата “албанскиот јазик да е рамноправен”

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, со порака за поддршка на денешниот протест на студентите поврзан со албанскиот јазик, оценувајќи дека борбата за неговата рамноправност мора да продолжи.Во објава на социјалните мрежи, Села вели дека често слуша ставови дека повеќе не треба да се отвора прашањето за албанскиот јазик, но според него тоа е „наметната и опасна теза“.„До кога ќе се занимаваме со албанскиот јазик?“, прашува Села, по што одговара:„До кога јазикот што се зборува на оваа земја повеќе од 8.000 години не биде целосно рамноправен со јазикот што дошол подоцна на оваа територија.“Тој додава дека и кога ќе се постигне целосна еднаквост, борбата нема да запре.„И потоа ќе се занимаваме со него, затоа што е наш, затоа што мислиме, сонуваме и ја градиме иднината на нашиот јазик“, наведува Села.Во пораката, тој посочува дека јазикот е дел од идентитетот и дека неговото губење значи асимилација.„Кога ќе го изгубиш, повеќе не постоиш, асимилиран си“, пишува Села.Тој денешниот датум – 18 мај – го нарекува ден кога „нова генерација ја презема каузата за заштита на албанскиот јазик“, обвинувајќи дека претходно јазикот бил користен за политичка трговија.„Не за да се тргува со него, не за да се менува за власт“, наведува лидерот на Алијанса за Албанците.На крајот, Села повика на поддршка за студентските протести.„Во поддршка на албанскиот јазик, излезете и протестирајте заедно со студентите“, порача тој.

Коментари | пред 3 дена

media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

„Извртени приоритети“ – проблем им е јазикот за правосуден, а не им е квалитетот на образованието, реагира Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска со критички став за денешниот протест на студентите кои бараат правосудниот испит да можат да го полагаат на албански јазик, оценувајќи дека фокусот е ставен на погрешно место.Според неа, многу поголем проблем е квалитетот на образованието што го добиваат учениците кои следат настава на албански јазик.„60000 ученици кои следат настава на албански јазик во основните и средните училишта добиваат неквалитетно образование и постигнуваат пониски резултати од учениците кои следат настава на македонски јазик“, напиша Најчевска.Таа додава дека ова, според неа, не е тема што доволно ги засега студентите од албанската етничка заедница.„Ама тоа не е проблем за студентите од албанската етничка заедница во Македонија. Проблем е на кој јазик ќе полагаат правосуден испит 20 души“, наведува професорката.На крајот, Најчевска оценува дека станува збор за погрешно поставени општествени приоритети.„За мене ова се извртени приоритети“, напиша таа.

Коментари | пред 3 дена

media-libraryrthcvpco59f86JL9L8s

ДУИ вади деца на улица за права што не ги обезбеди додека беше на власт - да се грижевте за квалитетот на живот, Македонија ќе цветаше, пишува Мицковски

Политичкиот аналитичар Ивор Мицковски упати остри критики кон ДУИ, обвинувајќи ја партијата дека по повеќе од две децении власт денес протестира за права што самата не ги обезбедила додека управувала со институциите.„Денеска ДУИ вади на улица деца за права кои самата не ги исполни додека владееше“, напиша Мицковски.Тој оцени дека во изминатите 22 години наместо реформи и подобрување на животот, доминирале етнички поделби и клиентелизам.„22 години власт и само етнички зулуми“, додава Мицковски.Според него, власта требало да се насочи кон квалитетот на живот, образованието, екологијата и развојот на институциите.„Да се погрижевте малку за квалитетот на живот, за јавната и граѓанска свест, за активизмот, за подобра едукација и меритокрација, за почист воздух и поздрава средина, наместо само за зајакнување на сопствениот етнички клиентелизам, до сега ќе цветавме“, напиша тој.

Коментари | пред 3 дена

media-libraryqjrm6bcq5pet0TY3wVG

Денеска втор протест на студентите Албанци, бараат правосуден испит на албански јазик

За денеска попладне е закажан втор протест на студентите Албанци, кои бараат правосудниот испит да можат да го полагаат и на албански јазик.Поддршка за студентите пристигна од повеќе политички претставници од албанскиот политички блок во земјава, како и од функционери од Албанија и Косово.Од коалицијата ВРЕДИ соопштија дека го почитуваат протестот и барањата на студентите, но се против, како што велат, обидите на ДУИ за политичка инструментализација на протестите.„Го почитуваме протестот. Но, силно сме против обидите на ДУИ да го инструментализира и да го користи како покритие за сопственото 22-годишно фијаско. Затоа, на ова прашање му пристапивме со одговорност и сериозност. Го решаваме, како што решаваме и многу други прашања што со години биле оставени половично“, порачаа од ВРЕДИ.Премиерот Христијан Мицкоски неодамна изјави дека Владата работи на законско решение со кое правосудниот испит би можел да се полага и на албански јазик. Тој апелираше студентите да бидат трпеливи и да не дозволат протестите да бидат политички злоупотребени.Првиот протест на студентите беше одржан пред еден месец пред Министерството за правда и Владата.

Македонија | пред 3 дена

media-libraryqjrm6bcq5pet0TY3wVG

Студентите најавија нов протест за државни испити на албански јазик

Студенти од универзитетите на албански наставен јазик во Македонија најавија втор масовен протест, кој ќе се одржи на 18 мај во Скопје, со барање државните испити да можат да се полагаат на албански јазик.Преку социјалните мрежи, претставници на студентското движење повикаа на масовна поддршка, наведувајќи дека протестот е насочен кон остварување на, како што велат, легитимните права на студентите.Меѓу главните барања се:овозможување полагање на правосудниот испит на албански јазик;полагање и на останатите државни испити на мајчин јазик;почитување на уставно загарантираните права поврзани со употребата на јазиците.Протестот следува по претходен собир што се одржа пред еден месец пред институциите, меѓу кои и Министерство за правда и Владата.Студентите тврдат дека досега не била донесена институционална одлука за исполнување на нивните барања, поради што повторно ќе протестираат во главниот град.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryjub639rmhgfd8ZZKEva

Мицкоски за протестот на ССМ: Тадиционални првомајски активности, демократско право е да се бараат подобри услови

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека денешните синдикални протести ги смета за традиционални првомајски активности, нагласувајќи дека правото на протест е демократско право кое Владата го почитува.„Дел од тие синдикати што денеска ќе ги видите на протести беа со мене на прес-конференции кога заеднички постигнувавме договори за поголеми права за вработените и повисоки плати.Така што, јас денешното нивно протестирање го класифицирам во групата на традиционални првомајски протести, кои, впрочем, и синдикатите треба да ги прават. Правото на секој граѓанин е да протестира и да се бори за повисоки права. Ние сме демократска држава, ова е демократска влада, така што ние тоа право го почитуваме“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 2 седмици

media-library6dboi0m9tr4gdEzqJw0

Започна првомајскиот протест на ССМ, работниците на улица: „За плата се бориме, не се молиме“

Пред Работничкиот дом во Скопје започна протестот на Сојузот на синдикатите на Македонија, организиран по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот. Голем број работници, синдикалци и граѓани се собраа со барања за повисоки плати, подобри услови за работа и поголема заштита на работничките права.Протестниот марш ќе продолжи кон Владата на Република Македонија, каде демонстрантите ќе ги испратат своите пораки до институциите.Низ толпата се истакнуваат бројни транспаренти со силни пораки: „За плата се бориме, не се молиме“, „Работниците го хранат капитализмот – тие ќе го срушат“, „Долу капиталот, ослободување на трудот“ и „Власта – слуга на капиталот“.

Македонија | пред 2 седмици

protest-na-ssm

Синдикалците на протест, во Скопје посебен сообраќаен режим

Министерството за внатрешни работи соопшти дека ви централното подрачје на Скопје ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим поради протестот што по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, го организира Сојузот на синдикатите на Македонија.Првомајскиот протест, треба да започне во 11 часот пред зградата на ССМ, односно Работничкиот дом, а ќе заврши пред Владата на булеварот Илинден.„Протестот е предвидено да започне пред зградата на ССМ на ул. ,,Мирче Ацев”бр. 4 со движење лево по ул. ,,Филип Втори Македонски”, десно по ул. ,,11 Октомври”, право по ул. ,,Димитрие Чуповски”, десно по ул. ,,Васил Главинов”, право по булевар ,,ВМРО”, лево по бул. ,,Илинден” до пред Влада.Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по горенаведените сообраќајници во град Скопје“, се вели во соопштението од МВР.Од Министерството апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на протестот.Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, на прес-конференција порача дека работниците треба масовно да излезат на улица и јасно да го изразат незадоволството од ниските плати, слабата заштита на работничките права и барањето за зголемување на минималната плата од 600 евра.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryfgahgj8e42tl9m4VLLa

Протест за 1 Мај: Промени во сообраќајот низ центарот на Скопје

Утре (01.05.2026) со почеток во 11:00 часот, по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија ќе се одржи протест во Скопје.Протестната колона ќе започне пред зградата на ССМ на ул. „Мирче Ацев“ бр. 4, по што ќе се движи по однапред утврдена маршрута: преку ул. „Филип Втори Македонски“, ул. „11-ти Октомври“, ул. „Димитрие Чуповски“, ул. „Васил Главинов“, бул. „ВМРО“ и бул. „Илинден“, сè до пред Владата на Република Северна Македонија.Поради одржувањето на протестот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе воведе посебен режим на сообраќај на наведените сообраќајници во централното градско подрачје.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници кои ќе го регулираат сообраќајот на трасата на движење на учесниците.

Македонија | пред 3 седмици

media-library0j0q2um4hrk65LgDsSr

(Видео) Протест пред Собрание против оданочување на пари во странство, низ другите улици сообраќаен метеж

Педесетина граѓани денеска протестираат пред Собранието во центарот на Скопје, изразувајќи незадоволство од постапувањето на Управата за јавни приходи (УЈП) во врска со оданочувањето на приходите остварени во странство.Демонстрантите носат транспарент со пораката „Бараме одговор УЈП“, барајќи појаснување и решение за, како што велат, спорните барања од институцијата.Протестот предизвика и сообраќаен метеж во централното градско подрачје. Блокирана е улицата кај Рекорд, односно пред Собранието, а отежнато е движењето и на правецот од Кисела Вода кон центарот, кај раскрсницата кај „Кјуби“.Возачите реагираат со свирежи поради застојот, додека полицијата го регулира сообраќајот околу протестот.Ова не е прв протест поврзан со оданочувањето на приходите од странство, прашање што веќе извесен период предизвикува реакции кај дел од граѓаните.

Македонија | пред 3 седмици

media-library7acc8rk43medfg3yDOl

Синдикатот на културните работници протестира: Колективниот договор не се почитува

Синдикатот на културните работници одржа протест пред Министерството за култура поради обидот да се укине колективниот договор од страна на министерот Зоран Љутков и Уставниот суд. На протестот беше истакнато дека колективниот договор, според нив, не се почитува во рамки на законските норми, туку се толкува на начин што отстапува од утврдените принципи.„Од 2021 година до денес ништо суштински не е сменето – ниту законите, ниту колективниот договор, се менуваат само властите“, беше истакнато на протестот.Претставниците нагласија дека правото треба да се заснова на стабилни принципи и дека не смее да зависи од политичката власт, посочувајќи дека колективното договарање е темел на работничките права во европските држави.Од синдикатот порачаа дека останува отворено прашањето кон кои стандарди се стреми државата во областа на културата.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryl0ipp35hhbg7ccf7YVw

„Колективниот договор не се чепка“ – најавен протест на културните работници на 16 април

Под мотото „Колективниот договор не се чепка, културата има глас“, Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) најави протест што ќе се одржи на 16 април во 12 часот пред Министерството за култура.Од СКРМ велат дека протестот е израз на незадоволство од одлуката на Уставниот суд за поведување постапка за укинување на Колективниот договор за култура, како и од начинот на пресметка на платите во секторот.„СКРМ ќе одржи протест на кој ќе го изрази своето незадоволство од срамната одлука на Уставниот суд за поведување постапка за укинување на Колективниот договор за култура и кршењето на колективните договори во начинот на пресметка на плата“, стои во соопштението.Од Синдикатот посочуваат дека културните работници работат во услови без соодветно признание и надомест, но дека ќе продолжат да го изразуваат својот став.„Работиме кога другите одмараат. Без надомест. Без признание. Но, не и без глас“, дополнуваат од Синдикатот, кои протестот го најавија и преку свое видео.Во меѓувреме, од СКРМ реагираа и на отворањето на постапката за уставност на Колективниот договор, при што упатија низа прашања за постапувањето на институциите и информациите поврзани со платите во културата.Од друга страна, министерот за култура Зоран Љутков ги отфрли обвинувањата како неосновани, оценувајќи дека синдикатот се спротивставува на реформите и дијалогот и дека нивниот пристап претставува обид за политизација на културниот сектор.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvep5v25fohmke1j7bEd

(Видео) Адеми по инцидентот на протестот: Меџити се обиде на низок начин да провоцира пред камерите преку еден негов активист

Денес се одржа протест на студентите Албанци со цел да се обезбеди можност за полагање на правосудниот испит на албански јазик. На протестот присуствуваа и претставници на албанските политички партии, а меѓу нив беше и Генералниот секретар на ДУИ, Арбер Адеми.За време на протестот, еден од студентите се обиде да го спречи Адеми да учествува, изразувајќи незадоволство од неговото присуство. По настанот Адеми се огласи на социјалните мрежи.„Денес, на протестот на студентите, Изет Меџити се обиде на низок начин да провоцира пред камерите преку еден негов активист, наречен Бесник Халити од Чаир, кој дури не беше ни студент. Целта е јасна: да се дискредитира студентската и непартиската иницијатива за да се заштити Филков и нивните кражби. Кога не можеш да го спречиш протестот, се обидуваш да го нарушиш. Но, не успеаја. ВЛЕН дојде да го наруши протестот, но не успеа. Студентите ќе успеат, сакаа или не оние на кои денес стравот им влегол во сржта“, вели Адеми.

Македонија | пред 1 месец

media-librarylhlo6fp8899q6BZJ9Nx

(Видео) Студент сакаше да го стопира Арбер Адеми од ДУИ да учествува на протестот за правосуден на албански

Денес се одржа протест на студентите Албанци кои бараат можност за полагање на правосудниот испит на албански јазик. Протестот се одржа пред Министерството за правда и беше поддржан од повеќе албански политички партии.На протестот присуствуваше и Генералниот секретар на ДУИ, Арбр Адеми, кој дојде да ја искаже својата поддршка за студентските барања, но за време на настанот, еден од студентите се обиде да го спречи Адеми.

Настани | пред 1 месец

zatvor

Синдикатот на затворската полиција најави протест в среда, ако нема социјален дијалог со Управа за извршување на санкции

Синдикатот на Затворска Полиција и Администрација на Македонија најавува протест за 8 април 2026 година. Протестот е организиран како израз на незадоволство и со цел јавно да се достават конкретни барања за склучување на Колективен договор и решавање на тековните проблеми во секторот.„Ве известуваме дека доколку немаме социјален дијалог со Управа за извршување на санкции на ден 08.04.2026 година (среда), ќе се одржи протест организиран од страна на Синдикат на Затворска Полиција и Администрација на Македонија со цел изразување на незадоволство и упатување на конкретни барања до надлежните институции.Датум: 08.04.2026 годинаВреме: 17:00 - 19:00 часотПочетна точка/Локација: Пред објектот на Македонската телевизија (МРТВ)Маршута: Протестен марш до Управата за извршување на санкциите при Министерството за правда.Протестот се организира со цел јавно да се достават барањата на членовите до раководните структури на управата и Министерството за правда. Бараме итно постапување по поднесените барања за склучување на колективен договор и решавање на тековните проблеми со кои се соочуваме во секторот.Ги повикуваме сите засегнати страни, колеги и поддржувачи да ни се придружите во остварувањето на нашите легитимни права на мирен и достоинствен начин“, се вели во објавата.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvrirp2415dn9bH9aytS

Министерството за правда: Протестот има политичка позадина и манипулација

Министерството за правда го потврдува правото на протест како фундаментално демократско право, но како што велат изразуваат загриженост за обиди за политичка манипулација на денешниот собир.„Министерството за правда го почитува правото на протест како едно од темелните демократски права на секој граѓанин. Слободното изразување на ставови и иницијативи преку јавни собири претставува значаен сегмент од демократското општество и придонесува кон унапредување на јавниот дијалог.Сепак, со жалење констатираме дека денешниот протест уште еднаш покажа обид за манипулација со граѓаните од страна на политички структури кои повеќе од две децении директно учествуваа во креирањето на лошите состојбите во правосудниот систем.Особено загрижува улогата на одредена  опозициска партија, и нивното делување во контекст на актуелните протести .Ваквите постапки отвораат сомнежи за обид за јавна манипулација и инструментализација  преку поттикнување на чувствителни  прашања и очигледно користење на етничка реторика за остварување на краткорочни политички цели.Во тој контекст евидентно е и отсуството на користење на државни обележја  на денешниот протест што дополнително упатува на  демократскиот капацитет на организаторите и нивниот однос кон државата и уставниот поредок.Во однос на барањата поврзани со полагањето на правосудниот испит,Министерството за правда уште еднаш  потенцира и потврдува дека истиот се спроведува согласно важечката законска рамка. Станува збор за стручен испит кој не претставува управна постапка, туку механизам за обезбедување на квалитет и стручност во правосудниот систем.Министерството за правда останува отворено за конструктивен дијалог со сите засегнати страни и внимателно ги разгледува сите иницијативи и предлози, исклучиво во рамки на законските надлежности. Наш приоритет останува јакнењето на правниот поредок и воспоставување на фер, транспарентен и квалитетен систем на стручна евалуација, ослободен од политички влијанија.Нема да дозволиме никаква злоупотреба на Уставот и законите“, велат од Министерство за правда.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryv6a3pt44u66i5NAg5Lp

Денес протестен марш во Скопје за полагање правосуден испит на албански јазик

Денес со почеток во 12:30 часот од страна на група граѓани ќе се организира протестен марш како израз на незадоволство поради, како што е најавено, неспроведување на Законот за употреба на јазиците во првосудниот испит.Трасата на движење на протестот е најавена од пред плоштад „Карпошово востание“ ул.„11-ти Март“ преку Камени мост, продолжува по ул.„Никола Вапцаров“ и завршува на ул.„Димитрие Чуповски“ пред Министерство за правда.Од МВР најавија дека сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.  СВР Скопје-Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Скопје | пред 1 месец

media-librarydlc9ffrsst6n1NTrEZb

(Видео) Дрон-снимка од Белград: масовна поддршка за студентите и Универзитетот по упадот на полицијата во Ректоратот

Голем број граѓани и студенти се собраа пред Ректоратот на Универзитетот во Белград, откако во зградата влегоа припадници на Управата на криминалистичката полиција (УКП). Снимка направена од воздух, која се прошири на социјалните мрежи, ја прикажува густината на толпата и размерот на собирот што во текот на вечерта го зафати центарот на градот.На видеото, покрај масата луѓе, се забележуваат и полициски кордони распоредени околу просторот пред Ректоратот, со дополнителни сили што пристигнувале. Собирот беше доживеан како директен јавен одговор на полициската акција во универзитетските простории, која дел од академската јавност ја протолкува како притисок врз автономијата на универзитетот.На протестот, според организаторите, присуствуваа студенти, професори и граѓани, откако повик за собирање упати иницијативата „Студенти во блокада“. Како што минуваше денот, бројот на присутните растеше, а напнатоста се засилуваше во часовите пред вечерните случувања.Во текот на вечерта, центарот на Белград беше под изразено полициско присуство. Паралелно се ширеа информации за приведувања и повредени лица меѓу присутните, додека дел од учесниците тврдеа дека не провоцирале, туку дека судирите започнале при обид за насилно растурање на собирот.Во јавноста се очекуваат дополнителни појаснувања за причините и текот на влегувањето на УКП во Ректоратот, како и за полициското постапување за време на протестот. Дел од академската заедница бара институционална отчетност и јасни гаранции дека автономијата на универзитетот ќе биде почитувана и заштитена.

Свет | пред 1 месец

media-library9anpc967es482roKL8P

(Видео) „Минималната плата мора да се зголеми во март, не затоа што некој ќе ни ја даде, туку затоа што ние како ја заработуваме, рече Трендафилов

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) организираше протест со барање минималната плата да изнесува 600 евра и линеарно зголемување на сите плати за 100 евра. Синдикатите се против законското усогласување на минималецот од околу 1.600 денари, оценувајќи дека тоа не ги покрива растечките трошоци за живот.Протестот започна пред Работничкиот дом и заврши пред Владата. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, изјави дека околу 160.000 работници примаат плата под прагот на сиромаштија.„Минималната плата мора да се зголеми во март, не затоа што некој ќе ни ја даде, туку затоа што ние како работници ја заработуваме“, рече Трендафилов.ССМ го отфрла усогласувањето од 1.667 денари, посочувајќи дека само во последните два месеца синдикалната минимална кошница се зголемила за околу 2.000 денари.Синдикатот најави и 24-часовен генерален штрајк кој ќе го опфати и приватниот сектор доколку не се прифатат нивните барања. Владата, пак, најави дека доколку нема договор меѓу синдикатите и работодавачите, ќе се донесе законско зголемување на минималната плата од околу 1.667 денари.

Настани | пред 2 месеци

media-libraryt5co9e4v7gsh1I16w0j

Трендафилов: Минималната плата од 1.667 денари е недоволна, излегуваме на протест

На денешната прес-конференција која се одржа во Работничкиот дом, Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов го најави новиот голем работнички протест за зголемување на работничките плати и упатувајќи повик за присуство на сите работници и на сите граѓани, изјави:На 14-ти март во 12 часот и пет минути од пред Работничкиот дом го започнуваме новиот голем работнички протест за зголемување на вашите плати, а за вашите плати треба да излезете заедно со нас да се борите затоа што другите нема да се борат. Тие сметаат дека ви ја даваат платата која вие ја заработувате, но вие ја заработувате вашата плата со вашата пот и со вашата мака. Сметаме дека 1.667 денари усогласување само на минималната плата е недоволно во овие услови во кои живееме затоа што трошоците за живот секојдневно растат, а особено заради тоа што вредноста на синдикалната минимална кошница за само два месеци е зголемена за 2.000 денари. Тие сметаат дека вие сте задоволни со ништо или дека сте задоволни со ронки, наспроти луксузот кој им го овозможувате нив и затоа ве повикуваме сите... Членовите на Сојузот на синдикатите на Македонија, работниците, членовите и на другите синдикати чии лидери не се борат за вашите плати да ни се придружите во сабота во 12 часот и пет минути од пред Работничкиот дом за да упатиме нова порака дека платите и минималната плата мора да се зголемат на сите. Дека платите во Македонија се мизерни покажуваат и податоците на Управата за јавни приходи кои покажуваат дека 160.000 работници живеат со плата под прагот на сиромаштијата. Сметаме дека треба да излезете заедно со нас... ако не ние сега, тогаш кој и кога“, изјави Трендафилов

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања