Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

ПУТИН

media-libraryjatcdt9v616d5CeUbC5

Путин пристигна во Кина на разговори со Си Џинпинг

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја започна дводневната посета на Кина, каде што ќе разговара со кинескиот лидер Си Џинпинг за проширување на соработката и актуелните глобални прашања.Путин во Пекинг пристигна со делегација составена од министри, бизнис-лидери и високи државни функционери, меѓу кои и гувернерката на руската централна банка, Елвира Набиулина, како и челници на компаниите Газпром и Роснефт.Пред посетата, Путин изјави дека е задоволен што повторно ја посетува Кина и нагласи дека трговската размена меѓу двете земји надминала 200 милијарди долари.Разговорите меѓу Путин и Си се закажани за утре, а според Кремљ, ќе бидат потпишани околу 40 договори и заеднички декларации поврзани со индустријата, трговијата, транспортот и енергетиката.Меѓу темите ќе биде и проектот за гасоводот „Сила на Сибир 2“, кој треба да минува преку Монголија до Кина.Посетата на Путин доаѓа само неколку дена по посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ

Естонија предупредува: Русија не е искрено заинтересирана за мир

Русија се соочува со сè поголеми внатрешни проблеми поради неуспесите на фронтот во Украина и економските тешкотии, изјави Каупо Росин, директор на естонската надворешна разузнавачка служба.Во интервју за The Kyiv Independent, Росин оцени дека времето во моментов не работи во корист на Владимир Путин, сè додека Западот продолжува со санкциите и поддршката за Украина.„Нема вистински успех на бојното поле за Русија и покрај огромната цена што ја плаќа“, изјави Росин.Тој посочи дека во Русија расте незадоволството поради ограничувањата на интернетот, зголемувањето на даноците и инфлацијата, додека руското напредување на фронтот забавува.Според него, украинските напади со беспилотни летала стануваат сè поефикасни и веќе погодуваат цели и во московскиот регион.Росин смета дека Кремљ моментално не е искрено заинтересиран за мировни преговори и предупреди дека евентуално украинско откажување од Донбас нема да донесе траен мир.„Русија веројатно би дошла со нови барања и повторно би почнала преговори од почеток“, рече тој.Шефот на естонското разузнавање оцени и дека Москва верува оти може да го „надмудри Западот“, додека САД и понатаму остануваат главен противник за Русија.Иако смета дека руската армија моментално нема капацитет за напад врз Естонија, Росин предупреди дека Западот не смее да се опушти.„Мораме да дејствуваме веднаш“, порача тој.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryjatcdt9v616d5CeUbC5

Путин и Си ќе разговараат за гасот, нафтата и „Силата на Сибир 2“

Енергетската соработка меѓу Русија и Кина ќе биде една од главните теми на разговорите меѓу Владимир Путин и Си Џинпинг за време на претстојната посета на Путин на Пекинг.Ова денеска го изјави помошникот на Кремљ за надворешна политика, Јуриј Ушаков.Според него, детално ќе се разговара за соработката во секторот на јаглеводороди, испораките на гас и проектот за гасоводот „Сила на Сибир 2“.Ушаков изјави дека руските испораки на нафта во Кина во првиот квартал од годинава пораснале за повеќе од 35 проценти и достигнале 31 милион тони.Тој додаде дека Русија останува еден од најголемите извозници на природен и течен гас во Кина.„Енергетската соработка е локомотива на економските односи меѓу Русија и Кина“, рече Ушаков, додавајќи дека трговската размена меѓу двете земји во 2023 година достигнала речиси 240 милијарди долари.Според него, плаќањата во национални валути помогнале билатералната трговија да биде заштитена од надворешни притисоци и нестабилност на глобалните пазари.Ушаков најави и дека Путин ќе учествува на самитите на БРИКС и Шангајската организација за соработка подоцна годинава.

Свет | пред 2 седмици

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Украинските напади ја погодија руската нафтена индустрија, тврди Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека руските нафтени капацитети се значително погодени од украинските далекусежни напади и санкциите.Според Зеленски, Русија била принудена да го намали бројот на активни нафтени извори и капацитетите за преработка на нафта.„Поради специфичностите на руското производство на нафта, ова се сериозни загуби, бидејќи повторното активирање на нафтените извори во Русија е многу потешко отколку во другите земји производители“, изјави Зеленски.Тој тврди дека само една руска нафтена компанија затворила околу 400 нафтени извори, иако не станува збор за најголемата компанија во секторот.Украинскиот претседател додаде дека руската преработка на нафта паднала за најмалку 10 проценти во првите месеци од годинава.Зеленски предупреди и на, како што наведе, знаци на растечка банкарска криза во Русија и зголемен дефицит на федералниот буџет.Според него, дефицитот на рускиот буџет до мај достигнал речиси 80 милијарди долари, додека многу регионални буџети се соочуваат со ризик од банкрот.Тој исто така обвини дека Русија се обидува да извезува жито од анектираниот Крим и да привлече инвестиции и технологии од западни земји во арктичките нафтени и гасни проекти.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryjatcdt9v616d5CeUbC5

Путин ќе ја посети Кина само неколку дена по Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин на 19 и 20 мај ќе престојува во официјална посета на Кина, соопшти Кремљ.Посетата ќе се одржи само неколку дена по престојот на американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг.Според Кремљ, Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг ќе разговараат за натамошно зајакнување на стратешкото партнерство и соработката меѓу Русија и Кина.Двајцата лидери ќе разменат мислења и за клучни меѓународни и регионални прашања, а по разговорите се очекува да потпишат и заедничка декларација.Во рамки на посетата е предвидена и средба меѓу Путин и кинескиот премиер Ли Ќијанг, посветена на економската и трговската соработка меѓу Москва и Пекинг.Кина важи за еден од најважните економски партнери на Русија и е најголем купувач на руска нафта и фосилни горива.Иако Пекинг повикува на мировни разговори за Украина, досега не ја осуди руската инвазија и се претставува како неутрална страна во конфликтот.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин тврди дека економијата се стабилизира по владините мерки

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека економските мерки што ги спроведе руската влада во претходниот период почнаа да даваат први резултати во март, додавајќи дека треба да се разгледаат понатамошни чекори.„Би сакал веднаш да нагласам дека мерките и одлуките што неодамна ги спроведе руската влада почнаа да даваат одреден, иако воздржан, но сепак позитивен резултат. Ова го потврдуваат и позитивните статистики за март оваа година“, рече Путин на состанокот со членовите на владата.Рускиот претседател се осврна на извештајот на министерот за економски развој Максим Решетников, во кој се наведува дека потрошувачката активност се забрзала во март, при што продажбата на големо пораснала за осум проценти, а малопродажбата за 6,2 проценти, објави Интерфакс.Како што е наведено во извештајот, индустриското производство пораснало за 2,3 проценти во март, а производството со стапка од три проценти, додека вкупниот БДП на Русија пораснал за 1,8 проценти, потсети Путин.Министерството за економски развој проценува дека падот на рускиот БДП за периодот јануари-март 2026 година изнесувал 0,3 проценти во споредба со истиот период минатата година.Путин оцени дека е потребно дополнително да се зајакнат позитивните трендови со цел економскиот раст да стане постабилен и поодржлив, најавувајќи можни нови мерки за поддршка на економијата.Според руското Министерство за економски развој, руската економија би можела да порасне за 0,4 проценти во 2026 година, додека аналитичарите анкетирани од Интерфакс очекуваат раст од околу 0,8 проценти.

Свет | пред 2 седмици

media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Путин го олесни добивањето руски пасоши за жителите на Приднестровје

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој значително се поедноставува постапката за добивање руско државјанство за жителите на Приднестровје, регион под контрола на проруски власти, пренесува „Киев Индепендент“.Според новите правила, лицата што ги исполнуваат условите повеќе нема да мора да имаат престој во Русија, ниту да полагаат тестови по историја и граѓанско право, како и да докажуваат познавање на рускиот јазик.Приднестровје уште од почетокот на 1990-тите е под контрола на проруски структури и во голема мера зависи од поддршката на Москва.Кремљ со години ја користи политиката на масовно доделување руски пасоши на населението во региони под руски или проруски влијанија, што критичарите го оценуваат како средство за зајакнување на политичката и територијалната контрола.Слични мерки претходно беа воведени и во Абхазија и Јужна Осетија, како и во окупираните делови на Украина, каде што Путин во март годинава го продолжи олеснетиот процес за добивање државјанство на неопределено време.„Целта на новиот указ е што поголем број луѓе да добијат руски пасоши и врз нив да се изврши дополнителен притисок“, изјави за „Киев Индепендент“ правничката Наталија Јурлова од организацијата „Донбас СОС“.Аналитичарите оценуваат дека Москва преку вакви потези се обидува дополнително да го зацврсти своето влијание во регионите што ги смета за стратешки важни, користејќи го државјанството како политички инструмент.

Свет | пред 2 седмици

h_57503169

Русија ја менува методологијата на анкетите по падот на рејтингот на Путин

Руската државна агенција за испитување на јавното мислење ВЦИОМ соопшти дека ја менува методологијата на своите неделни анкети за поддршката на претседателот Владимир Путин, откако на почетокот на 2026 година беше забележан остар пад на неговиот рејтинг, објави „Киев индепендент“.Според податоците на ВЦИОМ, поддршката за Путин паднала за 12,2 процентни поени меѓу крајот на декември и крајот на април и достигнала 65,6 проценти, што е најниско ниво од почетокот на војната во Украина.Досегашните анкети се спроведуваа исклучиво телефонски, преку случаен избор на мобилни броеви. Од мај, ВЦИОМ преминува на комбиниран систем – половина од испитаниците ќе бидат анкетирани телефонски, а другата половина преку лични разговори „од врата на врата“.По воведувањето на новата методологија, рејтингот на Путин за периодот од 4 до 10 мај порасна на 66,8 проценти, што е прв раст од декември 2025 година.Претставникот на ВЦИОМ, Владимир Мамонов, изјави дека во последно време недостасувале испитаници од одредени возрасни групи во телефонските анкети.Од агенцијата наведоа и дека ограничувањата во комуникацијата и филтрите против несакани повици значително ги отежнале телефонските истражувања, поради што граѓаните станале повнимателни.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

Путин ја тестираше политичката зрелост на Европа

Рускиот претседател Владимир Путин ја тестирал политичката зрелост на Европската Унија кога го предложил поранешниот германски канцелар Герхард Шредер како можен преговарач за дијалог меѓу Москва и Европа, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.„Претседателот Путин ја тестираше политичката зрелост и чувствителност на Европејците кога, како одговор на прашање на прес-конференцијата на 9 мај, рече дека поранешниот германски канцелар може да ги претставува Европејците во преговорите со Русија“, изјави Лавров пред новинарите.Тој додаде дека по изјавата на рускиот претседател во Европа настанало големо вознемирување, но дека одредени земји, меѓу кои и Германија, не ја отфрлиле целосно таквата можност.„Дискусијата што следеше по одговорот на нашиот претседател беше прилично забавна“, рече Лавров.Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта претходно изјави дека ќе разговара со лидерите на ЕУ за подготовките за евентуални преговори со Русија „кога ќе дојде вистинскиот момент за тоа“.Подоцна, одговарајќи на новинарски прашања за можен соговорник во разговорите меѓу Русија и Европа, Путин изјави дека лично би претпочитал разговорите да ги води со Герхард Шредер.Сепак, рускиот претседател нагласи дека Европската Унија сама треба да избере лидер кому му верува и кој, како што рече, не давал остри изјави против Русија.Путин исто така истакна дека Европа, а не Русија, била таа што ги одбила преговорите.

Свет | пред 2 седмици

media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Војната во Украина влегува во нова фаза: Ова се трите опции што му преостануваат на Путин

По повеќемесечни неуспешни дипломатски напори и застој во преговорите што се обидуваа да ги поттикнат САД, Кремљ повторно се соочува со клучна дилема – дали да ја продолжи исцрпувачката војна или да прифати прекин на огнот што Владимир Путин го смета за пораз.Путин засега одбива каков било компромис и верува дека руската армија сè уште може да ја скрши украинската одбрана.Извори блиски до Кремљ тврдат дека Путин е убеден оти руските сили можат до есен да го освојат целиот Донбас, по што Москва би ги проширила своите територијални барања кон Украина.„Се обидував да го убедам да ја запре војната на сегашните линии на фронтот. Но тој постојано повторува: ‘Не, за ова не можам да прифатам компромис’“, изјавил извор запознаен со разговорите во Кремљ.Според британскиот весник, следниот чекор на Москва би можел да биде барање Украина да ги предаде и Херсонска област и Запорошка област, кои Русија формално ги анектираше во 2022 година, иако никогаш целосно не ги освои.Но ситуацијата на фронтот значително се променила. Украинските дронови повторно ја вртуваат војната во корист на Киев, напаѓајќи руски складишта за муниција, логистика и рафинерии длабоко зад фронтот.Русија затоа ја менува стратегијата и сè повеќе ги гаѓа украинските фабрики за дронови, воена индустрија и складишта за гориво.Во меѓувреме, независните руски медиуми Медуза и Медиазона проценуваат дека Русија има најмалку 352.000 загинати војници од почетокот на инвазијата, додека холандската разузнавачка служба смета дека вкупните трајни загуби достигнуваат 1,2 милиони луѓе, вклучително ранети и исчезнати.Како можни сценарија за Кремљ се споменуваат три опции.Првата е нова офанзива со фокус на уништување на украинската воена индустрија и производството на дронови.Втората е нова масовна мобилизација. Според украински извори, Москва размислува за регрутирање дополнителни 300.000 луѓе, слично како во 2022 година.„Русија планира нова мобилизација ако процени дека војната мора да трае уште една или две години“, изјавил Андриј Коваленко од украинскиот Центар за борба против дезинформации.Но ваквиот потег би носел сериозни ризици за руската економија и би можел да предизвика дополнително незадоволство во руското општество.Третата можност е поголемо вклучување на Белорусија. Иако Александар Лукашенко досега одбива директно учество во војната, украински извори тврдат дека руската армија веќе ја користи белоруската територија за логистика и управување со дронови.Западни аналитичари, сепак, сметаат дека Русија веќе нема капацитет за голем продор како оној од февруари 2022 година.Во текстот се наведува и дека американските избори би можеле да имаат големо влијание врз развојот на конфликтот. Поранешниот специјален пратеник на САД за Украина, Курт Волкер, оценил дека „времето работи против Путин“.Во исто време, Киев стравува дека евентуална администрација на Доналд Трамп би можела да изврши притисок врз Украина да прифати неповолен прекин на огнот и да се откаже од делови од Донбас.Според извори на „Фајненшел тајмс“, вистинските амбиции на Кремљ можеби се многу поголеми и вклучуваат доминација над источна Украина, па дури и освојување на Одеса и Киев.„Нема да го заземат Запорожје, нема да го заземат Херсон. Но запомнете, планот отсекогаш бил да се заземе Киев“, изјавил еден од соговорниците.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryomots7lcaerb3a4t5ij

Путин зборуваше за „крај на војната“, а ноќта Киев го погоди најмасовниот удар досега: Зеленски нареди одмазднички одговор

Киев ноќта кон четврток го потресоа силни експлозии во нов, масовен руски напад со ракети и дронови, во кој делумно е уништена голема станбена зграда. Во нападот загинаа најмалку осум лица, а најмалку 44 се повредени.Украинскиот претседател Володимир Зеленски ѝ наложи на војската да подготви „можни формати на нашиот одговор“ по смртоносниот удар. Спасувачките екипи и натаму ги пребаруваат урнатините на источниот брег на градот, каде што досега се извлечени 11 лица.Според градските власти, до 16 часот по локално време биле потврдени осум смртни случаи, меѓу нив и дете на 13 години, додека 17 лица се водат како исчезнати. Во друго известување се наведува дека детето имало 12 години и дека исчезнати се 20 лица.Нападот започнал нешто пред 1 часот по полноќ, а првите експлозии во Киев одекнале околу 3 часот. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека во областа Дарнички се урнале делови од станбена зграда.„Уништени се 18 станови. Операцијата за спасување и потрага е во тек. Според прелиминарни информации, 11 лица се спасени од зградата“, рече Кличко.Поради нападот, Киев го прогласи петок, 15 мај, за ден на жалост – знамињата ќе бидат спуштени на половина копје, а сите забавни настани се забранети.Украинските воздухопловни сили известија дека Русија во ноќниот напад лансирала 56 ракети од различни типови, меѓу кои балистички „Искандер“ и аеробалистички „Кинжал“, како и 675 дронови. Противвоздушната одбрана, според истите извори, успеала да собори или да попречи 29 крстосувачки ракети, 12 ракети од типот „Искандер“ или С-400 и 652 дронови.Остатоците од пресретнатите проектили предизвикале пожари и оштетувања на станбени и деловни објекти во повеќе градски реони, а погодена била и енергетската инфраструктура, што довело до прекини во водоснабдувањето на левиот брег на Киев.Нападите се случија само неколку дена по изјавата на рускиот претседател Владимир Путин, дадена на 9 мај по најскромната парада за Денот на победата во неговото владеење, кога го смени тонот за војната против Украина.„Мислам дека војната во Украина се приближува кон крајот“, изјави Путин.Во ист контекст, Путин избегнал триумфализам и, според оценките на аналитичари, првпат по години украинскиот лидер го нарекол „господин Зеленски“, отстапувајќи од вообичаената навредлива реторика. Аналитичарите, пак, предупредуваат дека ваквите пораки не треба да се толкуваат како откажување од воените цели, бидејќи клучните барања на Москва – територијални отстапки и признавање на окупираните територии – остануваат непроменети.Според нив, Кремљ сè повеќе ги препознава ризиците и растечкиот замор во јавноста, па веќе се подготвуваат и пораки со кои секој иден договор би се претставил како „успех“.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ

Путин најави модернизација на руските нуклеарни сили

Владимир Путин изјави дека Русија ќе продолжи со модернизација и развој на своите стратешки нуклеарни сили, нагласувајќи дека земјата создава ракетни системи способни да ги совладаат сите сегашни и идни противракетни одбрани.„Секако, ќе продолжиме да ги модернизираме и развиваме нашите стратешки нуклеарни сили, создавајќи ракетни системи со зголемена борбена моќ, способни да ги совладаат сите сегашни и идни системи за противракетна одбрана“, изјавил Путин при посетата на Московскиот институт за термотехника.Рускиот претседател го истакнал придонесот на институтот во развојот на ракетните системи Топол, Топол-М, Јарс и Булава.„Благодарение на херојската и посветена работа на неколку генерации вработени во институтот, е формирана суверена школа за ракетни системи и поставена моќна технолошка основа за децении“, рекол Путин.Тој додал дека мобилните балистички ракетни системи на институтот биле користени и за време на војната во Украина.Путин повторил дека интерконтиненталната ракета Сармат е „најмоќниот систем во светот“, а потсетил и дека хиперсоничната ракета Кинжал е во употреба од 2017 година.Според него, Русија продолжува да работи на нејзино усовршување, вклучително и зголемување на прецизноста при ненуклеарни боеви глави.Путин изјавил и дека развојот на беспилотното подводно возило Посејдон и крстосувачката ракета со глобален дострел Буревестник е речиси завршен.

Свет | пред 3 седмици

putin-4124

Путин веќе не крие: По слабеењето на Западот има нов план за Украина

Практичното примирје меѓу Русија и Украина де факто заврши, откако Украина денеска беше под масовни руски напади со дронови и ракети.Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија само денеска извршила напад со 753 ударни беспилотни летала од типот „Шахед“, а заедно со ноќниот напад вкупниот број надминал 890 дронови.Главниот удар бил насочен кон западните региони на Украина, а според украинските власти, Русија повторно го користела воздушниот простор на Белорусија и Молдавија за прелет на беспилотните летала.Украинската противвоздушна одбрана пресретнала 710 дронови, но дел сепак ги пробиле системите за одбрана и погодиле 26 локации низ земјата.Во градот Ивано-Франкивск руски дрон погодил станбена зграда, при што има загинати цивили. Во меѓувреме, деветмесечно бебе, тешко повредено во напад во Кривиј Рих, останува во критична состојба иако лекарите успеале да му ја спасат ногата од ампутација.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска повтори дека позицијата на Владимир Путин останува непроменета и дека Украина мора целосно да се повлече од Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје пред воопшто да почнат преговори.Во анализата на Фајненшл тајмс се наведува дека руски команданти го убедиле Путин дека руските сили би можеле целосно да го заземат Донбас до есента 2026 година, но според извори блиски до Кремљ, амбициите на Москва одат многу подалеку и ги опфаќаат Киев и Одеса.Во текстот се наведува и дека Доналд Трамп не планира дополнителен притисок врз Русија, што Кремљ го толкува како слабеење на западниот притисок.Во меѓувреме, Украина продолжува да инвестира во воени технологии и беспилотни системи. Украинскиот министер Михаило Федоров се сретнал со директорот на Палантир технолоџис, Алекс Карп, за развој на системи базирани на вештачка интелигенција за одбраната.Истовремено, германскиот министер за одбрана Борис Писториус ги посетил украинските фронтовски позиции и се запознал со употребата на дронови и системот DELTA за координација на операциите.

Свет | пред 3 седмици

dodik-putin-585x388-1

Додик: Очекуваме Путин да дојде на осветувањето на руско-српската катедрала

Милорад Додик во интервју за руската државна агенција ТАСС изјави дека очекува рускиот претседател Владимир Путин да присуствува на осветувањето на руско-српската катедрала во Бања Лука.„Очекуваме доаѓање на Владимир Путин“, рече Додик, додавајќи дека градежните работи на храмот се речиси завршени.Тој наведе дека катедралата е изградена според проект на храм кој некогаш бил дел од Кремљ и дека проектот го изработила Руската православна црква.Според Додик, комплексот ќе опфаќа и простор од 6.000 квадратни метри за одржување руско-српски настани.Во интервјуто, Додик упати и остри критики кон Германија, Европа и Украина, обвинувајќи го Берлин дека поддржува „нацистичка идеологија во Украина“.Тој исто така тврдеше дека оружје од Република Српска не завршило во Украина и дека српските претставници не би дале согласност за такви испораки.Додик ја опиша Европа како „олицетворение на лагата“ и порача дека „Русите и Србите ја чуваат својата традиција и култура“.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин најави нови руски ракети што ќе ја надминат секоја одбрана

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ќе продолжи да развива ракетни системи способни да ги надвладеат сите постојни и идни системи за противракетна одбрана.Путин тоа го изјави на состанок во Московскиот институт за термичка техника, каде што се развиени неколку руски стратешки нуклеарни ракетни системи.„Ќе продолжиме да ги модернизираме и развиваме нашите стратешки нуклеарни сили и да создаваме ракетни системи со подобрени борбени способности“, рече Путин.Тој потсети дека Русија од почетокот на 2000-тите развила повеќе напредни оружени системи откако САД се повлекоа од Договорот за антибалистички ракети, што Москва го сметаше за закана за стратешката рамнотежа.Меѓу системите што ги спомена се хиперсоничниот „Авангард“, ракетата „Кинжал“, подводниот дрон „Посејдон“ и крстосувачката ракета „Буревестник“.Путин претходно изјави и дека Русија развила нуклеарни способности „без конкуренција во светот“, посочувајќи ја интерконтиненталната балистичка ракета РС-28 „Сармат“ како клучен дел од новиот руски арсенал.

Свет | пред 3 седмици

Screenshot-2025-08-15-at-22.11.22

Што се случува со крајот на војната во Украина?

Кремљ денеска порача дека Украина мора да ги повлече своите сили од Донбас и од териториите што Москва ги смета за дел од Русија, пред да може да има сериозни мировни преговори.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да нареди повлекување на украинските сили за да се „отвори коридор“ кон мировни преговори.„Војната може да запре во секој момент“, изјави Песков, доколку Киев ги прифати руските барања.Русија подолго време бара Украина да се откаже од окупираните делови на Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, што Киев категорично го одбива.Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема никаков договор со Владимир Путин според кој Русија би го добила целиот Донбас како дел од евентуален мировен договор.„Не“, кусо одговори Трамп на прашањето дали постои такво разбирање со Путин.Тој сепак оцени дека војната се приближува кон крајот и додаде дека, доколку биде потребно, би отпатувал и во Русија за да помогне во постигнување договор.Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека, и покрај позитивните сигнали од Вашингтон, во реалноста нема вистински напредок ниту во односите меѓу САД и Русија, ниту во мировниот процес.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ

Путин доби нови овластувања: Ќе може да испраќа војска за заштита на Русија од странски прогон

Државната дума, долниот дом на рускиот парламент, денеска усвои закон со кој се овозможува користење на армијата за заштита на руски граѓани во случаи на апсење, кривичен прогон или други правни постапки што ги покренуваат странски судови.За законот, кој беше поддржан од руската влада, гласале 381 пратеник, односно 84,7 проценти од присутните. Немало гласови против ниту воздржани.Во образложението се наведува дека според постојното законодавство, претседателот на Русија веќе има овластување да распореди вооружени сили и за задачи што не се директно поврзани со воени операции.Со новиот закон тие овластувања дополнително се прошируваат, па претседателот ќе може да ја користи армијата за заштита на руски граѓани од кривичен прогон пред странски или меѓународни судови во кои Русија не учествува.Доколку законот го потпише Владимир Путин, тој ќе стапи во сила десет дена по официјалното објавување.Во анализите се споменува и случајот со Марија Лвова-Белова, руската комесарка за детски права, која ја бара Меѓународниот кривичен суд по обвиненија за киднапирање украински деца.

Свет | пред 3 седмици

h_57503169

Путин: „Сармат“ е најмоќниот ракетен систем на светот

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија развила нуклеарни способности „без конкуренција во светот“ и дека работата на модернизација на системите за нуклеарно одвраќање трае уште од почетокот на 2000-тите.Изјавата ја даде за време на видеоконференција со командантот на Стратешките ракетни сили, Сергеј Каракаев, посветена на успешното тестирање на ракетниот систем „Сармат“.Путин посочи дека Русија започнала со развој на нови напредни системи откако САД во 2002 година се повлекле од Договорот за антибалистички ракети.„Русија повторно почна да развива системи што немаат конкуренција во светот и кои можат сигурно да ги пробијат постојните и идните противракетни одбрани“, изјави тој.Меѓу системите што ги спомена се интерконтиненталниот систем „Авангард“, хиперсоничната ракета „Кинжал“, ракетниот систем „Орешник“, како и беспилотното подводно возило „Посејдон“ и крстосувачката ракета „Буревестник“.Според Путин, ракетата „Сармат“ е „најмоќниот ракетен систем во светот“ и може да носи боеви глави со сила повеќекратно поголема од западните еквиваленти.Тој тврди дека проектилот може да лета и по суборбитална траекторија, со дострел поголем од 35.000 километри и способност да ги совлада сите постојни и идни противракетни системи.„До крајот на оваа година „Сармат“ навистина ќе биде ставен во борбена должност“, порача Путин.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryi04a8l1t1qu24CMgGSp

(Видео) Русија ја подготвува ракетата „Сармат“ за оперативна употреба

Русија успешно го тестираше новиот интерконтинентален балистички проектил „Сармат“, објави агенцијата Reuters.Според информациите, рускиот претседател Владимир Путин бил информиран за тестирањето од командантот на стратешките ракетни сили, Сергеј Каракаев.Путин најави дека Русија планира ракетниот систем „Сармат“ да го стави во борбена готовност до крајот на годинава.Во меѓувреме, Кремљ повторно порача дека војната во Украина се приближува кон крајот.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека постојат основи за продолжување на мировниот процес меѓу Русија, Украина и САД.„Подготвените темели во рамките на мировниот процес ни овозможуваат да кажеме дека крајот навистина се приближува“, рече Песков.Од друга страна, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Москва нема намера да ја заврши војната и предупреди дека Украина се подготвува за нови руски напади.Американскиот претседател Доналд Трамп во последните месеци организирал повеќе рунди преговори меѓу завојуваните страни, но конечен мировен договор сè уште не е постигнат.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryes4730vkpj17cyyJj7v

(Видео) Путин лично ја зеде својата поранешна учителка од хотел во Москва за заедничка вечера

Владимир Путин во понеделникот навечер сам управувал автомобил низ центарот на Москва, каде што се сретнал со својата поранешна учителка Вера Гуревич и ја поканил на вечера во Кремљ.Видеото од средбата го објави Кремљ, а на снимките рускиот претседател се гледа како пристигнува со луксузен автомобил во хотел во областа Арбат, облечен неформално и со букет цвеќе во рака.Според Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ, Путин ја поканил Вера Гуревич во Москва за да присуствува на парадата по повод Денот на победата на 9 мај на Црвениот плоштад.Во видеото, Владимир Путин разговара и со еден гостин во хотелот, кој рекол дека пристигнал од Сочи за прославата на Денот на победата.

Свет | пред 3 седмици

putin-4124

Си-Ен-Ен: Дали Путин конечно сфати дека војната мора да заврши?

Рускиот претседател Владимир Путин за време на одбележувањето на Денот на победата на 9 мај испрати неочекувана порака дека верува оти војната во Украина „се приближува кон крајот“, што, според анализата на Си-Ен-Ен, претставува редок сигнал за можна промена во реториката на Кремљ.Иако Путин со години инсистира на продолжување на „специјалната воена операција“ до исполнување на целите, како демилитаризација на Украина и целосна контрола врз Донбас, анализата наведува дека ниту една од тие цели не е целосно остварена.Во истиот настап, Владимир Путин предложи поранешниот германски канцелар Герхард Шредер да биде главен посредник во идните разговори меѓу Русија и Европа. Шредер, кој по напуштањето на функцијата беше поврзан со рускиот гасовод Северен тек, и натаму важи за близок сојузник на Путин.Според анализата, во Русија расте незадоволството од текот на војната, економските последици и големите човечки загуби, а дури и делови од московската елита почнале да се сомневаат во политичката иднина на Путин.Во текстот се наведува и дека украинската армија стекнала значајна технолошка предност со масовната употреба на дронови и роботизирани системи, што значително го забавило руското напредување на фронтот.Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, продолжува да инсистира дека Киев има капацитет за понатамошен отпор и покрај проблемите со недостиг на војници.Анализата заклучува дека иако Путин можеби се обидува да создаде впечаток дека мирот е блиску, растечкиот притисок врз Русија може да значи дека Кремљ почнува да сфаќа дека војната не може бесконечно да трае.

Свет | пред 3 седмици

media-librarya1be4hmuknmef73E93U

ЕУ сè уште поделена околу директни преговори со Путин: „Мора да се одлучиме“

Прашањето дали Европската Унија треба директно да започне разговори со Русија за завршување на војната во Украина предизвикува сериозни поделби меѓу земјите членки.На состанокот на министрите за надворешни работи во Брисел, дел од државите побараа отворање дијалог со Москва, додека други инсистираа на нови санкции и дополнителен притисок врз Кремљ.Шведската министерка Марија Малмер Стенергард изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „не е вистински заинтересиран за мировни преговори“ и дека притисокот врз Русија треба дополнително да се засили.Сличен став имаше и литванскиот министер Кестутис Будрис, кој праша „за што воопшто би разговарале“ ако ЕУ нема усогласена стратегија и јасни цели.Од друга страна, италијанскиот министер Антонио Тајани порача дека ЕУ „не е во војна со Русија“ и дека е важно Европа да биде дел од преговарачкиот процес. Австриската министерка Беате Мајнл-Рајзингер оцени дека дошло време Европа да има сопствен преговарачки тим.Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, призна дека темата сè уште не е доволно созреана и дека меѓу членките нема единствен став.„ЕУ секогаш ги поддржувала напорите за праведен и траен мир“, изјави Калас, додавајќи дека Унијата најпрво мора да се договори за своите „црвени линии“ во евентуалните разговори со Москва.Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски побара Европа да има поактивна улога во сите разговори со Русија и да настапува со „единствен глас“.

Свет | пред 3 седмици

media-library81r7an7op8f6bKyCCyM

Германскиот министер за одбрана предупредува: Путин повторно манипулира

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус предупреди дека изјавите на рускиот претседател Владимир Путин за можен крај на војната во Украина би можеле да бидат „уште една измама“.За време на посетата на Киев, Писториус оцени дека Путин се обидува да го сврти вниманието од слабостите на руската армија.„Во моментов тој речиси и да нема територијални придобивки, а неговата војска продолжува да губи делови од териториите што ги окупираше. Токму затоа наша должност како партнери на Украина е дополнително да ја зајакнеме воено“, изјави Борис Писториус на брифинг со украинскиот колега Михајло Федоров.Тој нагласи дека ако Владимир Путин навистина сака крај на војната, тоа може да го направи со повлекување на руските сили или со предлагање конкретни преговори без предуслови.„Се надевам дека грешам, но не може да се исклучи дека ова е уште еден обид за измама и дел од неговото хибридно војување“, рече Писториус.Германскиот министер потсети дека Путин и претходно ги прекршувал договорите за прекин на огнот и мировните разговори.Изјавите следуваат откако Владимир Путин на 9 мај изјави дека верува оти војната во Украина се приближува кон крајот, обвинувајќи ги западните земји дека продолжуваат со политика на конфронтација.Во меѓувреме, Москва предложи поранешниот германски канцелар Герхард Шредер да биде посредник во евентуални мировни преговори, но и Украина и Германија ја отфрлија таа идеја.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Нови безбедносни мерки во Кремљ: Без часовници на средби со Путин

Независни руски медиуми објавија дека Федералната служба за заштита на Русија вовела нови строги правила за сите што се среќаваат со рускиот претседател Владимир Путин, меѓу кои и забрана за носење рачни часовници на состаноци.Според телеграм-каналот „Можеме да дадеме објаснувања“, кој следи случувања во Русија и војната во Украина, функционерите повеќе не смеат да носат часовници за време на средбите со Путин.Како примери се наведуваат гувернерот на Тамбовската област Евгениј Первишов, лидерот на Република Мордовија Артјом Здунов и директорот на компанијата „КамАЗ“, Сергеј Когогин, кои на неодамнешните состаноци со рускиот претседател биле без часовници.Според извор на каналот, новите правила не важат за луѓето што Путин добро ги познава.„И тие ги предаваат телефоните, но правилото за часовниците засега не важи за нив. За помалите функционери веќе ништо не е дозволено“, тврди изворот.Како пример се посочува директорот на „Ростех“, Сергеј Чемезов, кој на неодамнешна средба со Путин носел часовник.Според истиот извор, и самиот Путин почнал да го вади часовникот за време на состаноците.Сепак, за време на средбата со чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, рускиот претседател наводно заборавил да го тргне часовникот, па на снимка објавена од Кремљ се гледа како со раката го покрива зглобот.Телеграм-каналот не ја објаснува конкретната причина за новите мерки, но потсетува на извештаи на европски разузнавачки служби објавени на почетокот на мај, во кои се наведува дека Путин стравува од можен атентат и значително го засилил обезбедувањето.Строги мерки, според медиумите, важат и за луѓето што директно работат со Путин. Во домовите на вработени од неговиот најблизок круг биле инсталирани системи за надзор.На готвачите, телохранителите и фотографите кои работат со претседателот им било забрането користење јавен превоз, а се претпоставува дека се следат и нивните автомобили.Во претседателската администрација сите поминуваат двојни безбедносни проверки, вклучително и претрес од Федералната служба за заштита.Вработените блиски до Путин смеат да користат само телефони без пристап до интернет, кои, според тврдењата, се прислушувани од безбедносните служби.Медиумите наведуваат и дека во Русија зачестиле прекините на интернет-услугите, особено во Москва, што дел од експертите го поврзуваат со безбедносните стравувања на Кремљ.За време на прославата на Денот на победата, во Москва три дена било оневозможено дури и испраќање СМС-пораки.Русија паралелно работи на изолирање на својот интернет-систем „Рунет“ од остатокот од светот, блокирајќи апликации и отежнувајќи користење виртуелни приватни мрежи.Путин претходно изјавил дека прекините се неопходни од безбедносни причини, додека дел од руските идеолози, меѓу кои и Александар Дугин, јавно поддржуваат целосни исклучувања на интернетот.

Свет | пред 3 седмици

putin

Кремљ бара објаснување од Ерменија по посетата на Зеленски

Кремљ соопшти дека очекува објаснување од Ерменија поради, како што ги нарече, „антируските изјави“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на европскиот самит во Ереван.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека пораките на Зеленски не биле во духот на односите меѓу Москва и Ереван.Зеленски во понеделникот и вторникот престојуваше во Ерменија на самитот на Европската политичка заедница, што беше негова прва посета на оваа јужнокавкаска држава. За време на посетата тој се сретна со ерменскиот премиер Никол Пашинјан и други лидери, повикувајќи на зголемен притисок врз Русија за прекин на војната во Украина.„Ерменија има право да организира какви било самити во рамките на својата повеќенасочна надворешна политика“, изјави Песков, но додаде дека давањето простор за „антируски ставови“ не е во согласност со односите меѓу двете земји.„Најважно е Ерменија да не заземе антируски став“, порача тој.Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин испрати индиректно предупредување до Ерменија поради нејзините обиди за приближување кон Европската Унија.„Ги гледаме последиците од развојот на настаните околу Украина. А каде почна сè? Со стремежот на Украина за влез во Европската Унија“, изјави Путин.Изјавите дополнително ги нагласуваат растечките тензии меѓу Москва и Ереван. Ерменија, која со години важеше за близок руски сојузник, во последниот период сѐ повеќе ги зајакнува врските со Западот и европските институции.Пашинјан неодамна изјави дека Ерменија не е сојузник на Русија кога станува збор за војната во Украина, а земјата во 2024 година го суспендираше учеството во Организацијата на Договорот за колективна безбедност, воениот сојуз предводен од Москва.

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања