Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

САД

media-libraryov0b2qg6216gdVH9NyB

Венс за војната со Иран: Постојано се прашувам дали е морална и исправна

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс во интервју за NBC News зборуваше за војната со Иран, преговорите со Техеран, односот со Доналд Трамп и можната кандидатура за претседателските избори во 2028 година.Венс, кој претходно важеше за политичар со неинтервенционистички ставови, сега ја брани воената акција на администрацијата на Трамп против Иран, но признава дека постојано се преиспитува дали конфликтот е оправдан.„Постојано се прашувам: дали ова е оправдано? Дали е морално? Дали е исправно?“

Свет | пред 2 месеци

media-library4tnm9iaectbgb2sYMha

САД ќе ја повлече својата флота од израелскиот аеродром ако има договор со Иран

Соединетите Американски Држави го известиле Израел за намерата да ги повлечат сите свои воени авиони од аеродромот „Бен Гурион“ кај Тел Авив во случај да биде потпишан договор со Иран, објави израелски Канал 12.Според извештајот, „американската флота би била евакуирана во рок од 72 часа во бази во Европа, а авионите би биле ставени во состојба на подготвеност за враќање на аеродромот ‘Бен Гурион’ доколку продолжат борбите со Иран“.Засега нема официјален коментар од израелските или американските

Свет | пред 2 месеци

media-librarysmnmrhnlilti7uJK1gF

САД наводно се повлекуваат од близина на Иран, Техеран ветува нормализација во Ормутскиот теснец

Ирански медиуми објавија неофицијална рамка за меморандум за разбирање меѓу Иран и САД, пренесе Скај њуз.Според нацрт-договорот, американските воени сили би се повлекле од близина на Иран и би ја укинале поморската блокада на иранските пристаништа.За возврат, Иран наводно се обврзал во рок од еден месец да го врати бројот на комерцијални транзитни бродови низ Ормутскиот теснец на нивото пред војната.Во нацртот се наведува дека воените бродови не се опфатени со договорот.Меѓу останатите точки во

Свет | пред 2 месеци

media-libraryal7tn11j3fht2MfVpaw

САД имаат нов план за удари врз Иран ако пропаднат преговорите

Американски воени претставници составиле нов список на воени цели во Иран во случај Вашингтон да продолжи со операциите, објави NBC News, повикувајќи се на извори.Според информациите, на списокот се наоѓаат силно утврдени локации за кои би бил потребен значителен напор за напад поради нивната скриена позиција и високото ниво на заштита.Сепак, телевизијата наведува дека потегот на Пентагон не значи дека нападите се неизбежни. Секоја евентуална операција ќе зависи од политичката одлука на американ

Свет | пред 2 месеци

media-library2d8t3v0ga4mvcF7emvs

Иран објави нова мапа на Ормутскиот Теснец и ја налути Америка

Иран објави нова мапа на Ормутскиот Теснец, за која тврди дека го прикажува ова стратешки важно поморско подрачје под негова контрола.Техеран го стави Ормутскиот Теснец под строга блокада уште од крајот на февруари, по нападите на Соединетите Американски Држави и Израел врз Иран. Блокадата на овој клучен поморски коридор, низ кој порано минуваше околу една петтина од светската нафта, предизвика голем раст на цените на нафтата, гасот и енергенсите низ светот.И покрај меѓународните притисоци, иран

Свет | пред 2 месеци

media-libraryl95j61423irb9qwf0sq

САД најавува нови царини за Канада и Мексико

Соединетите Американски Држави планираат воведување нови царини за Канада и Мексико, најави американскиот трговски претставник Џејмисон Грир.Тој изјави дека администрацијата на Доналд Трамп разгледува нови царински мерки кон партнерите од договорот за слободна трговија УСМКА.Според Грир, Вашингтон има сериозни нерешени прашања во трговските односи со Канада и смета дека царините се неопходни поради големиот трговски дефицит.„Ќе мора да воведеме царини додека го имаме овој огромен трговски дефици

Свет | пред 2 месеци

media-library464v8a7tuhsc3KlDE3X

Американ ерлајнс ќе воведе Starlink интернет во повеќе од 500 авиони

Американската авиокомпанија „Американ ерлајнс“ ќе опреми повеќе од 500 свои авиони со Starlink, интернет-услугата на компанијата SpaceX на Илон Маск.Станува збор за нов голем успех за Starlink, кој веќе обезбедува Wi-Fi услуги за неколку големи светски авиопревозници.Од компанијата соопштија дека од почетокот на следната година ќе започне инсталирањето на системот во околу 500 теснотрупни авиони „Ербас“, меѓу кои и моделот A321neo.Засега, „Американ ерлајнс“ не планира да ги промени интернет-пров

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2025-03-02-at-09.52.47

Американска војска: Не придружуваме бродови низ Ормускиот теснец

Централната команда на американската војска (CENTCOM) ги демантираше медиумските извештаи дека американската морнарица повторно придружува комерцијални бродови низ Ормускиот теснец.Во објава на социјалната мрежа Икс, CENTCOM ги отфрли тврдењата за обновување на иницијативата „Проект Слобода“ и порача дека американските сили во моментов не обезбедуваат придружба или помош за трговски пловила во тој стратешки поморски коридор.Демантот следуваше откако „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на американс

Свет | пред 2 месеци

media-libraryhes0fpoeh6aoaq1oydh

Рубио по американските напади: Договорот со Иран ќе биде постигнат

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп и понатаму е посветена на постигнување мировен договор со Иран, и покрај новите американски напади врз ирански цели во текот на ноќта.Рубио порача дека Вашингтон верува оти договорот е блиску и дека преговорите продолжуваат.„Мислам дека постои силно усогласување и согласност околу тоа како треба да изгледа прелиминарниот нацрт“, изјави Рубио.Тој додаде дека, како и кај секој сложен договор, ќе б

Свет | пред 2 месеци

media-libraryh8u6gmrijb5f80h6cDe

Полска доби зелено светло од САД за производство на ракети за системот „Патриот“

Полска доби прелиминарно одобрување од американскиот Стејт департмент за започнување домашно производство на ракетите PAC-3 MSE, клучни за противвоздушниот систем „Патриот“.Веста денеска ја соопшти заменик-министерот за одбрана на Полска, Цезари Томчик, оценувајќи дека станува збор за можен пресврт во долгогодишните напори на Варшава да воспостави производство на напредно оружје на своја територија.Томчик изјави дека американските претставници го промениле ставот по разговорите во Вашингтон.„Аме

Свет | пред 2 месеци

media-library3bb772v82b848tVWG2Y

Американската морнарица тајно им помага на бродовите да минуваат низ Ормускиот Теснец

Американската морнарица тајно им помага на трговските бродови при минување низ Ормускиот Теснец, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на американски воени претставници.Според нивните наводи, американската морнарица неодамна придружувала грчки супертанкер со околу два милиони барели нафта додека минувал низ стратешки важниот поморски премин покрај брегот на Оман.Бродот од почетокот на март беше блокиран во Персискиот Залив, а сега плови кон Индија за испорака на товарот.Претходно овој месец С

Свет | пред 2 месеци

media-librarygvogudadguku5RFvRyH

Нови напади би можеле сериозно да ги загрозат мировните преговори

Најновите американски напади врз ирански цели во близина на Ормускиот Теснец би можеле сериозно да ги искомплицираат мировните преговори меѓу Вашингтон и Техеран, предупредуваат аналитичарите.Високиот советник во американскиот Центар за стратешки и меѓународни студии (CSIS), Марк Кансијан, за „Ал Џезира“ изјави дека последните американски напади биле со ограничен обем.Според него, американските сили гаѓале ирански пловила кои поставувале мини, како и крајбрежни батерии што покажувале непријателс

Свет | пред 2 месеци

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

Трамп дефинитивно ѝ врти грб на Европа: Ова е тајниот план за НАТО

САД планираат значително да ги намалат своите воени придонеси во НАТО, вклучувајќи го бројот на оружени системи и војници што ги ставаат на располагање на Алијансата, објави германскиот магазин „Шпигел“.Според информациите, претставник на американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, минатата недела во седиштето на НАТО во Брисел ги информирал сојузниците дека Вашингтон има намера да ги намали клучните воени капацитети што ги обезбедува за Алијансата.Меѓу нив се борбени авиони, воени бродови, д

Свет | пред 2 месеци

media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Иран ги откри „црвените линии“ во преговорите со САД

Иранските државни медиуми ги објавија клучните „црвени линии“ на Техеран во тековните преговори со САД, откако во изминатите денови се појавија знаци за можен напредок во разговорите меѓу двете земји.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не треба да се брза со договорот, нагласувајќи дека „или ќе има одличен договор или нема да има никаков договор“.Набргу по неговата изјава, САД извршија нови напади, кои ги опишаа како дејствување во „самоодбрана“, но, според медиумите, преговорите

Свет | пред 2 месеци

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран бара одмрзнување на 12 милијарди долари пред можни преговори со САД

Иранска делегација пристигнала во Катар со цел да обезбеди одмрзнување на 12 милијарди долари ирански средства како предуслов за можни разговори со САД, пренесуваат иранските медиуми.Делегацијата ја предводел претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Галибаф, а во неа бил и гувернерот на Централната банка, Абдолнасер Хемати.Според иранската агенција „Мехр“, посетата следувала по неодамнешните разговори меѓу катарска и иранска делегација во Техеран за замрзнатите ирански средства.Извор близок

Свет | пред 2 месеци

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио: Преговорите со Иран може да траат со денови

Марко Рубио, државниот секретар на САД, изјави дека преговорите за мировен договор со Иран би можеле да траат „неколку дена“, намалувајќи ги очекувањата за брз крај на конфликтот.Изјавата доаѓа откако американските сили извршија, како што тврди Вашингтон, одбранбени напади врз цели во јужен Иран. Од иранска страна, Револуционерната гарда порача дека го задржува правото на одмазда за секое прекршување на примирјето.Иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи порача дека државите во регионот повеќе нем

Свет | пред 2 месеци

media-libraryneiubpnuqpvv3C7olET

Иран: Американската војска го прекрши примирјето

Иран соопшти дека „ниту еден чин на агресија нема да остане без одговор“, обвинувајќи ги САД за „очигледно прекршување“ на примирјето.Тензиите повторно се зголемија откако американските сили рано утрово извршија нови напади врз цели во Иран, кои Вашингтон ги опиша како одбранбени акции во услови на сè понестабилно примирје меѓу двете страни.Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека „терористичката американска војска во последните 48 часа извршила очигледно прекршување на примирјет

Свет | пред 2 месеци

media-libraryn5ek73fvurrfe8jsCM8

Кина ги повика САД и Иран да го почитуваат примирјето

Кина ги повика САД и Иран да ги „почитуваат своите обврски“ во врска со сè покревкото примирје меѓу двете страни.Повикот доаѓа откако американската војска соопшти дека вчера извела напади „во самоодбрана“ на повеќе локации во јужен Иран. Од иранска страна, пак, беше порачано дека Техеран го задржува правото да одговори на секое прекршување на примирјето, кое е во сила од почетокот на април.Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, изјави дека сите засегнати страни т

Свет | пред 2 месеци

media-libraryro0i4nsi48kvbpDeU7v

Американски аналитичар: Крајната цел на Трамп во војната со Иран е предавање

Во анализа за „The Atlantic“, американскиот историчар и надворешнополитички аналитичар Роберт Кејган наведува дека почнуваат да се наѕираат контурите на она што би можела да биде крајната цел на американскиот претседател Доналд Трамп во конфликтот со Иран.Според анализата, Трамп во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху наводно објаснил дека Соединетите Американски Држави со Иран преговараат за „писмо на намери“ со кое формално би завршила војната и би започнал 30-дневен п

Свет | пред 2 месеци

media-libraryjb0rs07fbimvaDwqUEK

Иранскиот врховен лидер: Блискиот Исток повеќе нема да биде штит за американските бази

Иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи предупреди дека земјите од Блискиот Исток повеќе нема да служат како штит за американските воени бази во регионот.Неговата порака беше објавена по повод хаџот, годишниот исламски аџилак во Мека, во Саудиска Арабија.„Нема враќање на старото, а народите и земјите во регионот повеќе нема да бидат штит за американските бази. Америка во регионот повеќе нема да има безбедно засолниште за сплетки и воспоставување воени бази“, порача Хамнеи.Ова е една од ретките из

Свет | пред 2 месеци

media-libraryffq6e3230euaaKgghXh

Тензии во Персискиот Залив: САД и Иран со различни верзии за нападот

Се појавуваат првите детали за ноќешните американски удари во Бандар Абас, на југот на Иран, кои Вашингтон ги опишува како чин на самоодбрана.Иако целосните информации сè уште се очекуваат, извори од двете страни почнаа да ги изнесуваат своите верзии за случувањата.Висок американски функционер изјавил за „Фокс њуз“ дека ударите не биле обид за нарушување на примирјето. Според неговите наводи, американската војска реагирала откако биле забележани два брода на морнарицата на Иранската револуционер

Свет | пред 2 месеци

media-librarygvogudadguku5RFvRyH

Иран се закани со посилен одговор на секоја нова агресија

Портпаролот на вооружените сили на Иран, Аболфазл Шекарчи, предупреди дека секоја нова агресија против Иран ќе наиде на значително пожесток одговор, кој би можел да се прошири и надвор од регионот.Според изјавата што ја пренесе иранската новинска агенција „Фарс“, Шекарчи навел дека, во случај на нов американски напад, иранските удари би биле многу потешки и посилни од претходните.Тој додал дека евентуалниот одговор нема да остане ограничен само на Блискиот Исток, туку би можел да се прошири и на

Свет | пред 2 месеци

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иранските медиуми реагираа по американските напади: „Војната не е завршена“

Додека сè уште се очекува официјален одговор од Иран на ноќешните американски воздушни напади, кои САД ги нарекуваат „чин на самоодбрана“, иранските државни медиуми веќе излегоа со свои реакции.Државната телевизија ИРИБ ги осуди нападите, посочувајќи ја контрадикторноста во тоа што Вашингтон ударите ги нарекува „самоодбрана“, додека, според тврдењата на медиумот, во нив загинале десетици илјади Иранци.Не беше објаснето од каде потекнуваат тие бројки, а тие засега не се независно потврдени и знач

Свет | пред 2 месеци

media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

САД извршија напади врз југот на Иран и покрај примирјето

Американската војска соопшти дека извела напади врз југот на Иран, таргетирајќи локации за лансирање ракети и бродови кои, според Вашингтон, се обидувале да постават мини, и покрај актуелното примирје меѓу двете земји.Централната команда на американската војска, CENTCOM, соопшти дека нападите биле изведени во „самоодбрана“ и имале цел да ги заштитат американските трупи од заканите што ги претставувале иранските сили.„Американската војска продолжува да ги брани своите сили со воздржаност за време

Свет | пред 2 месеци

media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Трамп: Иранскиот збогатен ураниум ќе биде уништен или испратен во САД

Доналд Трамп изјави дека иранскиот збогатен ураниум ќе биде испратен во САД на уништување или ќе биде уништен на друга локација, додека продолжуваат преговорите за рамковен договор за прекин на војната со Иран.Трамп на својата платформа Truth Social напиша дека збогатениот ураниум „веднаш“ ќе биде предаден на САД и уништен таму или ќе биде уништен на самото место или на друга прифатлива локација во координација со Техеран.Тој додаде дека во процесот треба да учествува „Комисијата за атомска енер

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања