„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Кристијан Ландов

50151295_208183653469774_2950459480845844480_n_208183646803108

Стабилно и суво време со ладни утра, вистинската зима пристигнува по 25 декември

Во Македонија продолжува периодот на стабилно и суво време, со ладни утра и дневни температури кои ќе бидат над просекот за месец декември. Земјата и понатаму е под влијание на висок воздушен притисок – антициклон кој се протега од југ, поради што времето ќе биде претежно тивко, без ветер и без врнежи.Во утринските и ноќните часови, особено по котлините, ќе има појава на магла и значителна ниска облачност, а во текот на денот ќе се задржува умерена до значителна облачност, но без дожд или снег. Слична временска состојба ќе преовладува и во Скопје и околината, каде маглата и ниската облачност ќе бидат честа појава во одредени делови од котлината.Минималните утрински температури на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, со појава на мраз и слана, додека максималните дневни температури ќе се движат од 6 до 13 степени Целзиусови, што е над вообичаените вредности за овој период од годината.Според најавите на Метеоаларм, од католички Божиќ на 25 декември се очекува промена на временската состојба и крај на натпросечно топлото време. Тогаш се најавува продор на значително постуден воздух, со услови за вистинска зима, снег и многу ниски температури во Европа, на Балканот и во Македонија. Актуелните прогнози укажуваат дека зимското и студено време ќе продолжи и за време на новогодишните празници.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryoa5erbmlc0f318TAU6m

Американско-европски мировен план: Гаранции за Украина, но Русија останува клучна пречка

Американско-европскиот мировен план има за цел да ги одврати идните руски напади врз Украина преку јакнење на украинската армија, распоредување европски сили во земјата и засилено користење американски разузнавачки податоци, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на извори запознаени со преговорите. Планот треба да биде основа за поширок договор за прекин на огнот, но и да ја убеди Украина на територијални отстапки и откажување од формално членство во НАТО.Во изминатите денови, американски и европски дипломати во Берлин одржаа состаноци со украинското раководство и во најголем дел усогласија два документа што ги дефинираат безбедносните гаранции. Во разговорите учествуваа високи претставници од повеќе европски земји, а Европската комисија оцени дека е постигнат реален и конкретен напредок благодарение на усогласеноста меѓу Украина, Европа и САД.Сепак, сеопфатен прекин на огнот засега изгледа тешко остварлив, бидејќи Русија не е вклучена во преговорите и не покажува подготвеност за компромис. Москва инсистира Украина да се откаже од делови од Донбас и категорично се спротивставува на присуство странски сили поврзани со НАТО на украинска територија.Според планот, украинската армија би се стабилизирала на околу 800.000 војници, со модернизирана обука и опрема. Европските сили би биле распоредени во западниот дел од Украина, далеку од линиите на потенцијален прекин на огнот, додека САД не планираат испраќање свои трупи, туку би обезбедувале разузнавачка и техничка поддршка за надзор на договорот и следење на евентуални руски активности.Документите се очекува да бидат финализирани во наредните денови, по што ќе бидат доставени до Русија, а потоа се најавуваат нови рунди разговори со украинската страна.

Свет | пред 2 месеци

media-library2a9tdgg11tnj0LK9Bnu

(Видео) Снимка од фронтот: Украинските сили запреле руска офанзива во магла“

Украинската воена единица „Азов“ денеска објави видео-снимка за која тврди дека прикажува неуспешен руски напад во секторот Добропиља, на истокот на Украина. Според соопштението на Азов, руските сили се обиделе да изведат моторизиран пешадиски напад, користејќи густа магла и слаба видливост, но офанзивата била запрена уште пред напаѓачите да се приближат до украинските позиции.Од Азов наведуваат дека нападот бил изведен во зоната на одговорност на Првиот корпус на Азов при Националната гарда на Украина. Руските сили, според нивните тврдења, се обиделе да продрат со моторизирана пешадиска група, користејќи квад-возила и пешадиски единици, со цел да навлезат што подлабоко кон украинските линии.Во нападот, како што се наведува, учествувале вкупно 16 квад-возила, но ниту едно од нив не успеало да ја достигне планираната цел. Групата била уништена додека сè уште се приближувала кон позициите на украинските сили.Според Азов, клучна улога во одбивањето на нападот имало координираното дејствување на беспилотни летала, артилерија и однапред поставени минско-експлозивни препреки. Токму оваа комбинација на одбранбени средства, велат од единицата, целосно го оневозможила продолжувањето на рускиот напад.„Оваа ‘прошетка’ стана последното впечатливо сеќавање за нејзините учесници“, наведуваат од Азов во објавата.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryb9hpmhqc1h49d3wkBja

Научниците „го замрзнаа“ мозокот во моментот на мисла: Револуционерна техника може да ја отклучи тајната на Паркинсоновата болест

Научници развија револуционерна метода која овозможува мозочните клетки да се „замрзнат“ во самиот момент кога испраќаат сигнал, отворајќи целосно нов прозорец за проучување на процеси кои досега биле пребрзи за набљудување. Техниката, наречена „zap-and-freeze“, може да донесе клучни сознанија за невролошки заболувања како Паркинсоновата болест, каде што клеточната комуникација е нарушена, објавува Science Alert.Методата вклучува примена на краток електричен импулс врз мозочното ткиво, по што клетките се замрзнуваат под висок притисок во рок од само неколку милисекунди. Тим од Медицинскиот факултет на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД ја тестирал техниката на мозочно ткиво од глувци и од луѓе, при што биле откриени досега невидени детали за функционирањето на синапсите – клучните врски преку кои комуницираат невроните.Истражувањето дало нови сознанија за везикулите, микроскопски „меурчиња“ кои пренесуваат хемиски пораки меѓу невроните и се основа за процеси како учење и меморија. Научниците особено се фокусирале на ендоцитозата – процесот со кој искористените везикули се рециклираат за да се создадат нови. Откриени се докази за таканаречена ултрабрза ендоцитоза, која се одвива за помалку од 100 милисекунди, и тоа и кај глувци и кај луѓе. Во овој процес како клучен фактор е идентификуван протеинот dynamin1xA.Фактот што овие механизми се потврдени и во човечко мозочно ткиво претставува значаен чекор напред. Резултатите покажуваат речиси целосна совпадливост меѓу животинските и човечките примероци, што дополнително ја потврдува вредноста на глувците како модел за проучување на човечкиот мозок.„Нашите наоди укажуваат дека молекуларниот механизам на ултрабрзата ендоцитоза е зачуван и кај глувците и кај луѓето“, вели клеточниот биолог Шигеки Ватанабе од Универзитетот „Џонс Хопкинс“.Кога станува збор за Паркинсоновата болест, подеталното разбирање на тоа како синапсите и везикулите функционираат може да помогне да се утврди што точно тргнува наопаку. Познато е дека со напредувањето на болеста доаѓа до умирање на неврони, а научниците сѐ повеќе веруваат дека ова е директно поврзано со нарушената работа на синапсите.Следниот чекор за истражувачите е анализа на мозочно ткиво од пациенти со Паркинсонова болест кои веќе биле подложени на инвазивни неврохируршки зафати. Таквите примероци би можеле да покажат како активноста на везикулите се разликува во мозоци погодени од болеста.Со оглед на тоа што Паркинсоновата болест погодува милиони луѓе ширум светот, а бројот на заболени се очекува да расте, техники како „zap-and-freeze“ би можеле да станат клучна алатка за мапирање на мозочната активност на најситно ниво. Истражувањето е објавено во научното списание Neuron.

Магазин | пред 2 месеци

media-libraryod2tk1qg50mj4ZAzR8I

(Видео) Викање и пцуење по шоферот: хаос се случи откако автобус на ЈСП доцнел, па се расипал на втора станица

Со дерење и пцуење по шоферот се манифестираше револтот на корисници на јавниот превоз, кои како што сведочат, речиси еден час чекале автобус кој вози на линија 9, за по една станица тој да се расипе.Од снимката доставена до „Скопје1“ се слуша како патниците му посочуваат дека саат време чекале.„На работали одиме? Што сме ние, говедо едно. Што прават горе, спијат?“, се слуша од снимката.Тие дополнитено посочуваат дека ѕвонеле во ЈСП, но никој не одговорил на повиците.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryjojlsulpnv565EXHWeD

Што имот пријавил градоначалникот на Карпош: Станови, акции и оружје во анкетниот лист на Лукровски

Градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, го пријавил својот анкетен лист до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), од кој може да се види неговата пријавена имотна состојба по стапувањето на функцијата.Лукровски беше избран за градоначалник на последните локални избори, а пред влезот во локалната власт беше дел од македонскиот фармацевтски гигант „Алкалоид“, каде што бил член на „Алкалоид Конс“.Според анкетниот лист, градоначалникот пријавил дека поседува стан во општина Карпош со површина од 84 квадратни метри, кој, како што навел, го добил како подарок во 2012 година.Покрај тоа, Лукровски пријавил и два стана во населбата Глуво – Бразда, во општина Чучер Сандево. Едниот стан е со површина од 98 квадратни метри, а другиот од 125 квадратни метри.Во делот за подвижен имот, Лукровски пријавил дека поседува два автомобили – „Шевролет Калос“ и „Шкода Фабија“. Во анкетниот лист е наведено и дека поседува оружје во вредност од 52.000 денари, како и второ оружје од 5.500 денари.Градоначалникот на Карпош пријавил и сопственост на 65 акции во компанијата „Алкалоид“. Според актуелната пазарна вредност на акцијата, овие акции се проценуваат на над 1,5 милиони денари, односно повеќе од 25.000 евра.Има и долгови, односно за лизин кои настанале во ноември годинава од 1.531.041 денар. Потоа, стои дека има има кредитни картички, а неговата сопруга има и кредити за станови.Анкетниот лист е јавно достапен на веб-страницата на ДКСК, согласно законските обврски за транспарентност на избраните и именуваните функционери.Целиот имотен лист:

Скопје | пред 2 месеци

media-library2a575gj1005bf6ZRm9z

Цела програма за празниците во Охрид: Меморија, Пупиноски и десетици настани за Нова 2026

Општина Охрид подготви богата и разновидна забавна програма по повод претстојните новогодишни и божиќни празници, со бројни музички, културни и детски настани кои ќе се одржуваат од 27 декември до крајот на јануари. Како што информира градоначалникот Кирил Пецаков, целта е Охрид и оваа година да понуди неповторлива празнична атмосфера за граѓаните и туристите од земјата и странство.Централниот настан е дочекот на Новата 2026 година на 31 декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“, каде од 20 часот ќе настапат македонската поп-ѕвезда Влатко Лозановски, охридската фолк икона Ефто Пупиноски, Ѓоко Танески, како и диџеите Yuxell и Bagzi. Забавата продолжува и на 1 јануари, кога на плоштадот ќе настапат легендарната група „Меморија“ и музичкиот состав „Фузија“, исто така со почеток во 20 часот.Новогодишната програма и оваа година го вклучува проектот „Охридска новогодишна приказна“, кој започнува на 27 декември и нуди богата содржина за најмладите, но и за сите генерации. Во рамки на програмата се предвидени детски театарски претстави, музички фестивали, улични перформанси, концерти и хуманитарни настани, кои ќе се одржуваат и напладне и во вечерните часови.На 27 декември програмата започнува со хуманитарниот новогодишен базар „Вино и винил“ на Сараиште, детски театарски претстави на плоштадот и културно-забавниот настан „Зимска бајка“ во НУЦК „Григор Прличев“. На 28 декември следуваат детскиот музички фестивал „Поточиња“ и меѓународниот зимски фестивал на улична уметност „Баскер фест“. На 29 и 30 декември публиката ќе може да ужива во нови детски претстави, комичното шоу „Солзи и смеа“, како и настапи на Христијан Настески – Пајак, младинска рок група и „The Back Door Band“.На самиот 31 декември, покрај вечерниот дочек, во текот на денот ќе се одржат детска новогодишна претстава, концерт „Златни 80-ти“ во изведба на учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ и диџеј настап.Богата музичка програма е подготвена и за празникот Богојавление – Водици. На 19 јануари на плоштадот ќе настапат фолк дивата Елена Велевска и младата пејачка Елена Андоновска, а на 20 јануари, по повод Денот на рибарите, во месноста Сараиште ќе настапат изведувачи од охридскиот еснаф.Од Општина Охрид упатуваат покана до сите граѓани и посетители да бидат дел од празничната магија и да ја почувствуваат новогодишната атмосфера во Охрид.

Охрид | пред 2 месеци

media-library7kala6s7poqa80pAKOC

Бран физички напади во Скопје: тепачки во хотел, пред училишта и семејно насилство

Во текот на 15 декември 2025 година во СВР Скопје биле пријавени повеќе одделни случаи на физичко насилство, кои опфаќаат напади врз вработени, малолетни деца и жени, информираат од Министерството за внатрешни работи.Првиот случај бил пријавен во 15:30 часот, кога И.В. (45) од селото Идризово пријавил дека околу 03:00 часот, додека бил на работно место во хотел на подрачјето на Бит Пазар, бил физички нападнат од Е.Ј.Ч. (40) од Република Турција, гостин во хотелот. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.Истото утро, во 11:30 часот, А.Џ. (37) од Скопје пријавила дека ден претходно, околу 12:00 часот, пред основно училиште на подрачјето на Гази Баба, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од тројца негови соученици. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.Во 16:30 часот, 19-годишна жена пријавила дека на 14 декември околу 19:10 часот, на автобуска постојка во Гази Баба, била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер М.Ј. (29). И во овој случај се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.Дополнителна пријава е евидентирана околу 15:30 часот, кога И.Н. (40) од селото Мршевци пријавила дека околу 10:30 часот во основно училиште во селото Миладиновци, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца соученици кои употребиле тврд предмет.Последниот случај за истиот ден бил регистриран во 23:30 часот на подрачјето на Центар, каде полициски службеници го лишиле од слобода П.К. (38) од Скопје, поради физички напад врз неговата 46-годишна вонбрачна партнерка. По целосно документирање на случајот, и за овој настан ќе следува соодветен поднесок.Од МВР информираат дека сите случаи се предмет на понатамошна постапка и дека ќе бидат преземени законски мерки против сторителите.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjlmrdiutfofd23SxeA5

Полицајци менувале службени документи за да прикријат бесправна градба

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение, против пет полициски службеници од Полициско одделение Чегране при СВР Тетово.Кривичната пријава е поднесена против Б.И., командир на Полициското одделение Чегране, како и против полициските службеници К.Б., Т.Е., В.Т. и Б.Е., поради основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“, казниво по член 368 став 8 од Кривичниот законик.Според МВР, пријавените полициски службеници во повеќе наврати во текот на 2025 година, постапувајќи по поплака за бесправно градење, изготвиле и измениле службен материјал со кој ја промениле фактичката состојба. Со ваквото постапување, тие го спречиле, прикриле и го отежнале докажувањето за утврдување на бесправното градење во постапка што се води пред суд или друг надлежен орган.Дополнително, полициските службеници ја преквалификувале поднесената поплака за бесправно градење во прекршок за лажно пријавување против подносителот на поплаката. Притоа, без да ја утврдат фактичката состојба на терен, изготвиле записник за констатиран прекршок и поднеле барање за поведување прекршочна постапка против лицето кое ја пријавило бесправната градба.Од Одделот за внатрешна контрола информираат дека, по добиена согласност од ОЈО за ГОКК, против пријавените полициски службеници ќе биде поднесен и предлог за поведување постапка за утврдување одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина. Воедно, ќе бидат изречени задолжителни мерки за одземање на службеното оружје и муницијата, како и нивно упатување на задолжителен психолошки и психијатриски преглед.

Македонија | пред 2 месеци

vasil-jovanov-tatko-na-frosina

Остро обраќање на таткото на загинатата Фросина: „Парите им се помили од образот“

Тодор Кулаков, татко на усмртената Фросина, со жестока и емотивна порака реагираше по одлуката на Апелациониот суд, оценувајќи дека ниската доверба во судството е директна последица на, како што вели, системска заштита на криминалот и неказнивоста.Во објавата, Кулаков наведува дека „2% доверба во судството значи анархија“, посочувајќи дека со години човечкиот живот нема вредност, бидејќи, според него, сторителите не одговараат за своите дела. Тој директно обвинува дел од судиите и институциите дека го спасувале Васо Јованов (возачот кој ја усмрти) од одговорност уште пред трагедијата во која беше убиена неговата ќерка.Кулаков тврди дека во Министерството за внатрешни работи биле „чувани во фиока“ околу 15 пријави за дивеење во сообраќајот, кои никогаш не стигнале до суд. Во објавата ја споменува и судијката Даниела Алексовска, за која вели дека претходно го ослободила Јованов во предмет поврзан со трговија со дрога, а дури по убиството на Фросина бил донесен осудителен исход.Тој остро реагира и на висината на изречената казна, оценувајќи дека за, како што наведува, „најсвирепото убиство во сообраќајот“ е изречена казна која е едвај половина од законскиот максимум. Според него, дополнителен срам е што, како што вели, уште пет судии со своите одлуки ја продолжуваат неправдата, ставајќи ги, според Кулаков, парите пред моралот и одговорноста.„Седум судии – седум за судење, народот да им суди“, порачува Кулаков во објавата, завршувајќи со апел дека без вистинска одговорност во судството, државата тоне во анархија, а правдата останува недостижна за жртвите и нивните семејства.

Македонија | пред 2 месеци

rfgferge-184092

Смрт на новороденче на Гинекологија: Министерството чека обдукциски наод

Министерството за здравство изрази сочувство до семејството по смртта на новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство и информираше дека се преземаат сите неопходни чекори за целосно расветлување на случајот. Министерот за здравство, Азир Алиу, иницирал вонреден инспекциски надзор преку Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по што ќе следи и стручен надзор.Од Министерството потенцираат дека постапувањето ќе биде професионално, стручно и транспарентно, со цел јавноста да биде точно и објективно информирана за околностите под кои настанал трагичниот исход, како и за преземените активности од стручен аспект.Во соопштението се апелира до јавноста да се почекаат резултатите од инспекциските и стручните надзори, како и обдукцискиот наод, кој, како што наведуваат, е единствениот и конечен релевантен документ за утврдување на причините за смртта. До добивање на конечните резултати, Министерството повикува да не се создава дополнителен немир кај семејството и во јавноста.Воедно, потсетуваат дека Клиниката за гинекологија и акушерство претставува врвна терциерна здравствена установа, во која се применуваат законски пропишани протоколи за постапување во вакви случаи. Министерството за здравство најавува дека ќе остане отворено и транспарентно во комуникацијата и дека јавноста ќе биде навремено информирана веднаш по добивањето на сите релевантни наоди.

Македонија | пред 2 месеци

kocevski1111

Коцевски заминува со обвинувања за политички притисок врз обвинителството: Се удира врз правната држава

Љупчо Коцевски соопшти дека поднел неотповиклива оставка од функцијата државен јавен обвинител, оценувајќи дека целата постапка за негово разрешување била политичка одлука и директен удар врз принципите на правната држава и поделбата на власта. Тој истакна дека од функцијата заминува со „гордо крената глава“, но и со сериозна разочараност поради, како што наведе, очигледното непочитување на законските процедури и институционалната самостојност на обвинителството.Коцевски посочи дека поканата за седницата на Собранието на која требало да се расправа за негово разрешување ја добил дури еден час пред нејзиниот почеток, без претходно да му биде доставен предлогот за разрешување и без можност да се подготви и произнесе. Според него, тоа покажува дека расправата била планирана како формалност, а не како суштинска и законска постапка, при што предлогот за разрешување, како што наведе, содржел само неколку реда без факти, аргументи и образложенија.Тој потенцира дека Законот е јасен и дека државниот јавен обвинител може да биде разрешен само доколку е утврдена тешка дисциплинска повреда, што во неговиот случај никогаш не било сторено. Потсети дека Советот на јавните обвинители дал негативно мислење по предлогот на Владата, што, според него, дополнително ја прави постапката правно неиздржана.Говорејќи за суштината, Коцевски истакна дека обвинителството работело во услови на сериозен недостиг од кадар, ресурси и техничка поддршка, но и покрај тоа, резултатите биле видливи и мерливи. Тој наведе дека ефикасноста во 2024 година е зголемена во однос на претходната година, а дека истиот тренд се очекува и за 2025 година. Потсети и на бројни предмети од висок јавен интерес, вклучително и случаи на поткуп, влијанија во правосудството, организиран криминал, даночни малверзации и злоупотреби на европски фондови.Коцевски посебно ја истакна истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“, која, како што рече, била завршена за рекордно краток рок, нагласувајќи дека сето тоа се случувало без соодветна поддршка од извршната власт. Тој оцени дека најсериозната критика во извештаите на Европската комисија – политичките притисоци врз правосудството – токму со оваа постапка добива своја потврда.Како една од клучните причини за притисоците, Коцевски го наведе процесот на „прочистување“ во обвинителството, потсетувајќи дека бил првиот државен јавен обвинител кој спровел контроли во вишите обвинителства и во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, по што иницирал дисциплински постапки за утврдени пропусти и нанесени милионски штети.Во своето последно обраќање од функцијата, тој им се заблагодари на јавните обвинители и вработените за, како што рече, нивната пожртвувана работа под силни притисоци и неоправдани јавни напади, нагласувајќи дека обвинителството мора да остане институција што му служи на законот, а не на политиката.На граѓаните им порача да ја чуваат и бранат самостојноста на обвинителството, оценувајќи дека институциите се поголеми од поединците и дека правдата мора да биде поголема од политиката, без разлика на тоа кој ја извршува функцијата.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarydnaj2jgttf7d8Y1D3nc

Љупчо Коцевски и официјално замина: Собранието ја констатираше оставката на државниот јавен обвинител, следеа реакции

Љупчо Коцевски и официјално повеќе не е државен јавен обвинител, откако Собранието на Република Северна Македонија ја констатираше неговата оставка и го утврди престанокот на функцијата.Собранискиот спикер Африм Гаши информираше дека поради поднесената оставка, пратениците нема да го разгледуваат предлогот за негово разрешување, кој претходно беше ставен на дневен ред.„Собранието на Македонија му го утврди престанокот на функцијата јавен обвинител на Македонија. Ве известувам дека Собранието нема да го разгледа предлогот за негово разрешување“, изјави Гаши од собраниската говорница.По оваа одлука следуваа реакции од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Пратеничката Дафина Стојановска оцени дека повлекувањето на Коцевски пред собраниската расправа претставува признавање на причините наведени во иницијативата за негово разрешување.„Избегнување на соочување со Собранието е признание на причините за негово разрешување“, напиша Стојановска на социјалните мрежи.Со сличен став излезе и пратеникот Антонијо Милошоски, кој посочи дека тајмингот на оставката не е случаен.„Обвинителот Коцевски си поднесе оставка уште пред да започне расправата во Собранието. Ова може да се смета и како негово прифаќање на наодите од предлогот за негово разрешување“, напиша Милошоски.Со констатирањето на оставката, завршува мандатот на Љупчо Коцевски како државен јавен обвинител, а во наредниот период се очекува да започне постапка за избор на негов наследник.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryhcgbmt3mau919lj6r8x

„Не може повеќе да се издржи“: Клиничката перална затворена, работниците оставени без плата

Жаклина Блажевска, која 24 години е вработена во Клиничката централна перална, вели дека веќе 11 месеци не земала плата и дека состојбата станува неподнослива. Таа посочува дека Клиничкиот центар алиштата ги пере на друго место, а вработените во пералната останале без работа и без примања. Како што раскажува, тие повеќепати побарале одговори од раководството и од Министерството за здравство, но добивале само уверувања дека се чека „еден потпис“. И покрај тоа, решението со месеци не доаѓа, а работниците живеат во неизвесност и надеж дека ќе им се реши статусот.Слична е состојбата и кај Осман Џафери, кој веќе 30 години работи во пералната на Клиничкиот центар. Тој потсетува дека за време на ковид-пандемијата вработените непрекинато работеле и ги переле алиштата за сите клиники, без оглед на ризиците и притисокот. Вели дека и тогаш, и сега, работеле исклучиво за пациентите и нивната безбедност. Денес, пак, се соочуваат со тешка егзистенцијална состојба, без плата и без јасна перспектива. Според Џафери, неколку негови колешки веќе дале отказ поради неможност да издржат без приходи, а самиот тој завршил и пред инфаркт од стресот и неизвесноста.Дел од вработените бараат пералната повторно да се стави во функција и институциите конечно да го решат нивниот работен статус. Тие апелираат да им се овозможи да ја продолжат работата која со децении ја извршувале, или, доколку тоа не е можно, да им се најде соодветно работно место, со што ќе се стави крај на, како што велат, тортурата и долгомесечната неизвесност.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryinkk4m84mibubJNwixZ

Од „не поднесувам оставка“ до заминување: Коцевски си замина по месеци тврдења дека нема да се повлече

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе оставка на функцијата, непосредно пред почетокот на собраниската расправа за негово разрешување, иако во изминатите месеци во повеќе наврати јавно тврдеше дека нема намера да се повлече и дека не постојат законски основи за негово разрешување.На 18 февруари 2025 година, откако премиерот Христијан Мицкоски побара од него да ја напушти функцијата, Коцевски изјави дека одлуката ја остава на политичарите и дека јавноста ќе цени дали ќе биде разрешен на законит начин. Истовремено, тогаш порача дека ќе се повлече само доколку се утврди дека навистина сторил тешка дисциплинска повреда, како што е предвидено со Законот.Нешто подоцна, на 7 март 2025 година, Коцевски децидно изјави дека нема намера да поднесе оставка и дека не гледа никаква причина за негово разрешување, отфрлајќи ги сите наводи содржани во владиниот предлог за негово отповикување. Според него, не постоела основа за утврдување тешка дисциплинска повреда.И на 31 јули 2025 година, Коцевски повторно јавно истапи со став дека не поднесува оставка, наведувајќи дека обвинителството располага со „цврсти докази“ за најголемите случаи, меѓу кои „Онкологија“, „Пулс“ и „Крмзов“.И покрај овие претходни изјави, утрово Коцевски достави писмено барање до Собранието за престанок на функцијата, повикувајќи се на член 86 од Законот за јавно обвинителство, и побара законодавниот дом формално да го утврди крајот на неговиот мандат на денешната седница.Со овој чекор, практично, се затвора постапката за негово разрешување која требаше да се разгледува во Собранието, а останува отворено прашањето што доведе до пресвртот и до одлуката да се повлече, спротивно на повеќемесечните јавни тврдења дека тоа нема да се случи.

Македонија | пред 2 месеци

kocevski-1

Државниот обвинител Коцевски се повлече од функцијата непосредно пред седницата за негово разрешување

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски утрово поднел оставка на функцијата, непосредно пред почетокот на собраниската расправа на која требаше да се разгледува предлогот за негово разрешување.Во писменото известување доставено до Собранието, Коцевски наведува дека за денеска, 16 декември 2025 година, со почеток во 11 часот е закажана седумдесет и шестата седница на законодавниот дом, на чиј дневен ред е ставена точката за негово разрешување од функцијата Јавен обвинител на Република Македонија.Тој посочува дека, согласно член 86 став 1 алинеја 1 од Законот за јавно обвинителство, поднесува барање за престанок на функцијата по сопствено барање, а врз основа на став 2 од истиот член, побарал Собранието на закажаната седница формално да го утврди престанокот на неговиот мандат.Со оваа оставка, практично, се затвора постапката за негово разрешување, која требаше да се разгледува на денешната пленарна седница, а Собранието ќе треба да донесе одлука за констатирање на престанокот на функцијата и за понатамошните чекори во однос на изборот на нов државен јавен обвинител.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryhb04ksaevr2232Vspet

Законот за правична застапеност става крај на децениската политичка измама, вели ВЛЕН

Новиот закон за правична и соодветна застапеност е најјасен доказ дека нешто што повеќе од две децении се користеше како слоган, алиби и алатка за политичка уцена, сега конечно станува законски, мерлив и применлив стандард, соопштија денеска од владината коалиција ВЛЕН.Од коалицијата наведуваат дека со овој закон еднаш засекогаш се затвора едно од најголемите поглавја на политичка измама кон Албанците – прашањето за правична и соодветна застапеност. Според нив, законот наскоро се очекува да влезе во собраниска процедура, при што ги повикуваат сите пратеници, без исклучок, да постапат одговорно и во јавен интерес.„Ова не е партиски закон, туку закон за еднаквост, закон за правда и закон за европската иднина на земјата“, порачуваат од ВЛЕН.Како што посочуваат, фактите се неспорни и јасно укажуваат дека Венецијанската комисија, како највисок европски орган за уставни и правни прашања, дала позитивно мислење за законското решение. Според ВЛЕН, ова директно ја разоткрива пропагандата на Демократската унија за интеграција, која со години зборувала за застапеност, но никогаш немала храброст, волја и политичка чесност тоа прашање да го регулира со закон.„ВЛЕН го направи она што другите само го ветуваа. Правичната застапеност се трансформира во правен механизам што гарантира еднаквост, транспарентност и правда за сите граѓани, без оглед на нивната припадност и без партиски посредници“, велат од коалицијата.Со усвојувањето на овој закон, како што додаваат од ВЛЕН, се затвора клучната алка од Охридскиот рамковен договор. За првпат, правичната застапеност повеќе нема да зависи од политичката волја на владите, партиските пазарења или изборните манипулации, туку ќе биде уредена со јасен, обврзувачки и надгледлив законски механизам.Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи на 12 декември годинава информираше дека предлог-законот добил позитивна оценка од Венецијанската комисија, со што се потврдува дека решението е во целосна согласност со европските стандарди и демократските вредности. Предлог-законот беше усвоен од Владата во јуни, а пред да влезе во собраниска процедура беше доставен на оценување до Венецијанската комисија. Со него треба да се замени алатката „балансер“ за вработување во јавните институции, која Уставниот суд ја укина во октомври минатата година.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarycc0gi9u8j4ue5U9p2ON

Зеленски очекува санкции и повеќе оружје ако Москва ги одбие мировните услови

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека очекува Соединетите Американски Држави, предводени од претседателот Доналд Трамп, да извршат силен притисок врз Русија доколку Москва одбие да ги прифати мировните услови договорени меѓу Украина, САД и Европа. Изјавата ја даде за време на летот од Берлин кон Украина, по вчерашните разговори, пренесува „Украинска правда“.Одговарајќи на новинарско прашање што би се случило ако Кремљ ги отфрли договорите кои се финализираат со Вашингтон и европските партнери, Зеленски со доза хумор ја спореди ситуацијата со турбуленциите во авионот. Тој рече дека, ако Путин одбие сè, ќе се соочиме со „турбуленции“, додавајќи дека токму во тој момент авионот навистина минувал низ такви услови, но дека тоа е ништо во споредба со војната и со последиците од евентуално уништување на сите дипломатски можности од страна на Русија.Зеленски оцени дека во таков случај би било логично САД да го засилат притисокот врз Москва преку санкции и зголемена воена помош за Украина. Според него, доколку Америка е подготвена да даде безбедносни гаранции и да реагира доколку тие бидат прекршени, тогаш нема суштинска разлика меѓу ситуација во која Путин ги прекршува договорите и ситуација во која одбива да ја запре војната. Тој нагласи дека би било фер барање Украина и дел од европските лидери да добијат барем дел од тие гаранции, особено во форма на засилена противвоздушна одбрана и оружје со долг дострел, за да можат ефикасно да се бранат.Украинскиот претседател информираше и дека по разговорите ќе бидат формализирани пет документи поврзани со безбедносните гаранции и обновата на земјата, истакнувајќи дека е постигнат сериозен напредок на ова поле. Тој повтори дека Украина нема да прифати ниту де јуре ниту де факто признавање на окупираниот Донбас како руска територија. Во меѓувреме, американски медиуми, повикувајќи се на свои извори, наведуваат дека Вашингтон смета оти околу 90 проценти од несогласувањата меѓу Украина и Русија веќе се надминати.

Свет | пред 2 месеци

media-librarylklgfmole5lvee6aMTI

„Крвави донации“: Деца со рак користени за глобална измама вредна милиони

Истражување на Би-Би-Си откри глобална мрежа на измамници кои брутално ги искористувале децата заболени од рак за да собираат милиони долари преку лажни хуманитарни кампањи, оставајќи ги семејствата без пари, а често и без надеж. Родители од различни делови на светот биле убедувани да дозволат снимање потресни видеа со нивните болни деца, при што измамниците користеле и крајно нечовечки методи за да предизвикаат солзи и емоции, додека најголемиот дел од донациите завршувале во приватни џебови.Една од најпотресните приказни е онаа за седумгодишниот Калил од Филипините. Неговата мајка Алјин прифатила снимање видео со надеж дека ќе собере средства за лекување на својот син. Снимањето било режирано како филмска сцена – на детето му ја избричиле главата, го приклучиле на лажна инфузија и го терале да учи текст на англиски јазик. За да заплаче, му ставале исечкан кромид покрај лицето и ментол под очите. Иако на негово име биле собрани околу 27.000 долари, на семејството му било кажано дека кампањата пропаднала и добиле само 700 долари како „надомест“. Една година подоцна, Калил починал. Неговата мајка вели дека никогаш нема да престане да се прашува дали детето ќе било живо доколку парите навистина стигнеле до нив.Би-Би-Си идентификувал најмалку 15 семејства со слични искуства, од кои девет тврдат дека не добиле ниту еден долар, иако во нивно име биле собрани околу четири милиони долари. Свиркач открил дека децата биле селектирани според „визуелниот ефект“, при што се барале „убави деца на возраст од три до девет години, без коса“. Како клучна фигура во мрежата бил идентификуван Израелецот Ерез Хадари, со живеалиште во Канада, поврзан со повеќе наводни добротворни организации.Истрагата започнала во октомври 2023 година, кога новинарите наишле на вознемирувачка реклама на Јутјуб во која девојче од Гана низ солзи вели: „Не сакам да умрам“. Кампањата наводно собрала речиси 700.000 долари. Потоа биле откриени десетици слични, професионално продуцирани видеа со болни деца од целиот свет, најчесто под името на организацијата „Chance Letikva“ („Шанса за надеж“), регистрирана во Израел и САД.Со користење геолокација, социјални мрежи и софтвер за препознавање лица, новинарите ги пронашле семејствата зад видеата – од Колумбија до Филипините. Во Колумбија, таткото Серхио Каре раскажал дека му била понудена „помош“ за неговата осумгодишна ќерка Ана, која имала тумор на мозок. Во болницата се појавил човек кој подоцна го препознал како Хадари. Иако кампањата наводно собрала околу 250.000 долари, на семејството им било кажано дека видеото никогаш не било објавено.Сличен случај бил откриен и во Украина, каде мајката на петгодишната Викторија, која боледува од рак на мозок, воопшто не знаела дека постои кампања во име на нејзиното дете. Кампањата, според податоците, собрала повеќе од 280.000 евра, но семејството не добило ништо. Подоцна било утврдено дека снимањето било организирано без одобрение на клиниката, која ја прекинала соработката со одговорното лице.Истрагата покажала дека името на Ерез Хадари се појавува во регистрациите на повеќе организации, меѓу кои „Walls of Hope“, „Saint Teresa“ и „Little Angels“. Кога семејствата барале објаснување, им било кажувано дека парите се потрошени за рекламирање, иако експертите наведуваат дека ваквите трошоци не смеат да надминат 20 проценти од собраните средства. Обидите да се пронајдат канцелариите на организациите на наведените адреси биле неуспешни.И покрај разоткривањето, дел од кампањите и понатаму се активни и собираат донации, дури и во име на деца кои веќе починале. Американскиот огранок на „Chance Letikva“ се поврзува со нова организација под името „Saint Raphael“, која веќе продуцирала нови видеа.Би-Би-Си се обидел да стапи во контакт со Хадари, кој кратко одговорил дека организацијата „никогаш не била активна“, без дополнителни појаснувања, по што престанал да одговара. Во меѓувреме, на малата Викторија повторно ѝ бил дијагностициран тумор на мозок. „Кога вашето дете се бори за живот, а некој заработува на тоа – тоа е валкано. Тоа е крвав пари“, порача нејзината мајка.

Свет | пред 2 месеци

media-librarya8a27jfdib6273l8R19

Херојот од Сиднеј може да ја изгуби раката, изгубил многу крв

Ахмед ал Ахмед, минувачот кој херојски успеа да совлада и разоружа еден од напаѓачите за време на крвавиот напад во Бонди, изјави дека и покрај тешките повреди и силната болка, без двоумење повторно би го направил истото. Ова го потврди неговиот адвокат за миграции, Сем Иса, наведувајќи дека Ахмед не жали за својот чин, иако неговата здравствена состојба останува сериозна.Ахмед е хоспитализиран во болницата „Сент Џорџ“ во Когара, каде веќе ја поминал првата операција. Тој има пет прострелни рани на левата рака, а еден куршум сè уште е заглавен во пределот на левата лопатка. Лекарите предупредуваат дека поради значителната загуба на крв постои реален ризик тој да ја изгуби раката.Според адвокатот, Ахмед е скромен човек кој не бара медиумско внимание и дејствувал исклучиво од чувство на морална и човечка одговорност. По добивањето на австралиско државјанство во 2022 година, тој се чувствувал должен да ѝ возврати на заедницата која, како што вели, му дала безбедност и нов живот.Неговите родители изјавија дека и покрај тешката состојба, Ахмед е добро расположен. Мајката признала дека плачела од гордост кога дознала дека нејзиниот син спасил животи, додека таткото додал дека Ахмед му се заблагодарил на Бога што имал сила да им помогне на невините луѓе.Херојството на Ахмед ал Ахмед беше јавно пофалено од австралискиот премиер Ентони Албаниз и од премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, а поддршка упати и американскиот претседател Доналд Трамп. Во меѓувреме, преку кампања на платформата GoFundMe, во знак на солидарност и поддршка за неговото лекување и опоравување, се собраа над половина милион долари.Ахмед ал Ахмед (44), со сириско потекло, живее во Австралија од 2006 година. Тој е сопственик на мал бизнис и татко на две мали ќерки. Неговото семејство и блиските сведочат дека станува збор за човек кој без двоумење би го ризикувал сопствениот живот за да ги заштити другите.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryiqoqn7o4q8oi5MqrKEi

Приведен Дејан Манасков

На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола.Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.Инаку, Охрид го совлада македонскиот шампион Еурофарм Пелистер со резултат 29-25(13-11) во рамки на 17. коло во домашното првенство и го зема првиот скалп меѓу фаворитите оваа сезона.

Спорт | пред 2 месеци

media-librarynfqvs2s6avvj7RoUY0Q

(Видео) Херојска смрт во Бонди: Алекс Клејтман загина штитејќи ја сопругата за време на прославата

Една од жртвите на неделниот терористички напад за време на прославата на Ханука во Австралија е Алекс Клејтман, преживеан од терористичкиот напад, кој бил убиен додека со своето тело ја штител сопругата од истрелите. Трагедијата ја потврди неговата сопруга Лариса, со која бил во брак 57 години, пренесуваат австралиските медиуми.Алекс и Лариса допатувале на светски познатата плажа Бонди Бич во Сиднеј за да присуствуваат на настанот по повод Ханука, кога двајца терористи отвориле оган кон насобраните граѓани.„Стоевме и одеднаш се слушна ‘бум, бум’, и сите паднаа на земја“, изјави Лариса за австралиските новинари. Таа раскажа дека во моментот на нападот Алекс бил зад неа. Роднини на скршената вдовица објасниле дека Алекс бил погоден и убиен додека лежел врз нејзиното тело, со што ѝ го спасил животот во својот последен, херојски чин.„Неговото тело сè уште е таму, а јас седам и не знам што да правам“, изјавила Лариса при напуштањето на болницата каде што била пренесена по нападот. „Немам сопруг. Не знам… никој не ми дава никакви одговори“, додала таа, сè уште во состојба на шок.Во стравичниот напад на плажата Бонди, каде што околу 2.000 луѓе се собрале за да го одбележат првиот ден од Ханука, според последните информации биле убиени најмалку 15 лица, а околу 40 се повредени. Нападот предизвика шок и осуда во австралиската и меѓународната јавност, а безбедносните служби продолжуваат со истрагата.

Свет | пред 2 месеци

filipce

Филипче: Спремни сме да се бориме на избори затоа што станува збор за иднината на државата

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во интервјуто во „Тема на денот“, на телевизија Сител, посочи дека СДСМ е подготвена да ја продолжи политичката борба на избори, затоа што состојбата во државата и прашањата што се отвораат директно ја засегаат иднината на граѓаните.Филипче оцени дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не ја крие блискоста со актуелните власти во Србија и со унгарскиот премиер Виктор Орбан, посочувајќи дека токму тие политички врски се клучни за опстанокот на премиерот Христијан Мицкоски.„Тие две земји, Унгарија има избори напролет, некаде Вучиќ најави во Србија во следните шест месеци, така што избори ќе се случат. Гледаме таму како се активни студентите, гледаме дека таму веќе ќе има вистинска пролет и ќе се случат вистински демократски промени после долги години стагнација од европскиот пат. Без нивната помош завршува политичката кариера на Христијан Мицкоски. “, рече Филипче.Tој додаде дека токму поради најавените избори во Србија и Унгарија, кои ќе донесат и сериозни политички промени, премиерот Мицкоски испраќа контрадикторни пораки околу прашањето со мигрантите.„И затоа тој кажува дека ќе има ситуација во која што нема да има мигранти до март до април, еве денеска кажал до јуни. Што тој всушност кажува- ќе има избори ќе се обидам да добијам мандат, а после тоа ќе донесам мигранти, мигранти коишто ние имаме добра пијаровска кујна ќе ја продадеме дека добро е да се тука, и така натаму. Додека од друга страна нема да има пари и пензии. Ние тоа нема да го дозволиме. Ако прашате како, со сите демократски средства. Спремни сме да се бориме на избори, затоа што станува збор за иднината на државата“, рече Филипче.Во интервјуто, Филипче укажа дека дополнителен прием на мигранти, во ситуација кога буџетот е празен, а нема средства за пензии и плати, би претставувал сериозен удар врз економската и социјалната стабилност на земјата.„Сериозно сме загрижени дека безбедноста и економската ситуација се веќе кревки, а уште повеќе ако се носат мигранти кои можат да загрозат многу други аспекти на нашето живеење, додека нема пари ни за пензии, ни за плати“, рече Филипче.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarycamf6fn7pbc43mfRuk9

Кој е Фехми Стафа: Од државен правобранител до осомничен за судска корупција

Фехми Стафа е поранешен државен правобранител на Република Македонија, функција на која дојде како предлог на политичката партија Алтернатива, а во јавноста често беше поврзуван и со Демократската унија за интеграција (ДУИ). Неговиот мандат беше обележан со серија контроверзии, скандали и институционални судири, кои со текот на времето го ставија во фокусот на антикорупциските и истражните органи.Во текот на 2024 и 2025 година, името на Стафа неколкупати се најде во јавноста поради сомнителни финансиски трансакции од Државното правобранителство. Особено внимание привлече случајот со исплатите кон телевизиската презентерка Бесмира Ејупи, на која ѝ биле исплатени речиси 250.000 денари преку низа трансакции за, како што утврди ДКСК, непостоечки работни ангажмани. Овој случај беше една од причините поради кои Владата го разреши Стафа од функцијата, без детално јавно образложение.Паралелно со тоа, Стафа беше поврзуван и со еден од најголемите финансиски скандали во правосудниот систем – неможноста државата да наплати над 17 милиони евра од правосилната пресуда во предметот „Труст“, поврзан со бизнисменот Сеад Кочан. Иако обвинителите јавно посочија дека нивната надлежност завршува со правосилноста на пресудата, токму Државното правобранителство, со кое раководеше Стафа, било надлежно да ја води постапката за конфискација во стечајната постапка, што заврши без успех за државата.Кулминацијата на неговиот пад дојде денеска, кога беше уапсен по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Според обвинителството и МВР, Стафа е осомничен дека во период од октомври до 13 декември 2025 година примил вкупно 50.000 евра поткуп за да посредува и да го искористи своето реално влијание кај судија во Апелациониот суд Скопје. Целта била, преку поткуп, да се изврши службено дејствие кое не смеело да се изврши – укинување на мерка притвор за лице во бегство, против кое се води постапка за тешки финансиски кривични дела.Истрагата покажала дека Стафа првично побарал 100.000 евра за ова влијание. Првиот дел од сумата, 30.000 евра, бил предаден на 6 октомври 2025 година од страна на сестрата на лицето во бегство, додека на 13 декември директно примил уште 20.000 евра, за кои тврдел дека ќе му ги даде на судијата. Непосредно по примањето на парите, бил лишен од слобода, а средствата биле пронајдени кај него.Обвинителството побара притвор за Стафа, оценувајќи дека постои опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на делото. Со тоа, Фехми Стафа од висок државен функционер и правен застапник на државата, се најде во позиција на осомничен за сериозна корупција во срцето на правосудниот систем – случај кој јавноста го доживува како уште еден тест за тоа дали борбата против високата корупција конечно ќе добие институционална завршница.

Македонија | пред 2 месеци

policija-2457

Се бара притвор за Фехми Стафа: бил фатен со парите кои ги побарал и добил за да влијае на судија

Полициски службеници, по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, го лишиле од слобода Ф.С. поради сомнение за сторено кривично дело примање награда за противзаконито влијание, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според МВР, во периодот од октомври до 13 декември 2025 година, осомничениот примил вкупно 50.000 евра со цел да посредува и да го искористи своето реално влијание за интервенција кај судија во Апелациониот суд Скопје, како и преку поткуп да влијае за извршување службено дејствие кое не смеело да се изврши.Истрагата покажала дека Ф.С. првично побарал 100.000 евра за да влијае врз укинување на мерка притвор определена за лице кое е недостапно на органите на прогонот и против кое ОЈОГОКК води посебна постапка за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството. На 6 октомври 2025 година тој примил 30.000 евра како прв дел од договорениот износ, кои му ги предала сестрата на лицето во бегство.На 13 декември 2025 година, осомничениот директно побарал и примил уште 20.000 евра, наведувајќи дека средствата се наменети за судијата кај кого требало да интервенира. Непосредно по примањето на паричните средства, Ф.С. бил уапсен, а при лишувањето од слобода кај него биле пронајдени и одземени парите.Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат понатамошни законски постапки во координација со надлежното обвинителство.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради сите околности што упатуваат на опасност од бегство, можност да изврши нови кривични дела или да влијае на постапката.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања