Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

jabolka

„Откупната цена на индустриското јаболко е 4 денари, за таа цена нема ни мастика во продавница“: Преспанските овоштари алармираат за ниските откупни цени

Со ниски откупни цени и сè уште неисплатени субвенции од 2024 година, преспанските јаболкопроизводители ја започнаа бербата на јаболката од овогодишната реколта. Производителите велат дека состојбата им создава сериозни проблеми, особено поради високите трошоци за работна сила.Тие вчера се приклучија на протестот на земјоделците и сточарите во Тополчани, каде што беше блокиран патот Битола-Прилеп. Овоштарите посочија дека државата сè уште им должи субвенции од по 2 денари за килограм предадено ј

Македонија | пред 1 месец

struja-1

Без струја дел од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска, 2 октомври 2026 година, без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од улицата „Христо Татарчев“ 23 во општина Кисела Вода.Прекинот ќе трае во периодот од 09:00 до 13:00 часот.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Ако го одбијат притворот за Деко, излегуваме на протести, порача мајката на загинатиот Матеј од Пулс во пресрет на рочиштето од 10 часот

Јасна Марковска, мајка на загинатиот Матеј во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, најави протести доколку Основниот кривичен суд Скопје денес не го прифати предлогот на Обвинителството за определување притвор на Дејан Јованов-Деко.„Доколку Кривичен го одбие предлогот за притвор на ‘човекот’ кој во една ноќ однесе во гроб повеќе деца отколку во било која војна во историјата на оваа земја, излегуваме на протести!“, порача Марковска.Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција от

Македонија | пред 1 месец

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Сончево со мала до умерена облачност, температурите до 26 степени

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Минималната температура ќе се движи од -2 до 8 степени, додека максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 8 степени, а максималната ќе достигне 25 степени.

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2025-08-18-at-19.50.21

Трамп: „Одбивме да ѝ испратиме оружје на Украина бидејќи не може да го користи“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД одбиле украинско барање за одреден вид оружје, бидејќи во Белата куќа сметаат дека украинските сили немаат соодветна опрема за негово користење.Во интервју за магазинот „Тајм“, Трамп рече дека станува збор за „многу моќно оружје“, но не прецизираше за каква муниција станува збор.„Постои муниција што претседателот Зеленски не би ја прифатил, а се работи за многу моќно оружје. Не ја прифатил бидејќи нема авиони и сè останато што е потребно за

Свет | пред 1 месец

kunovdks

Куновска го нарече Филипче „примитивец“: И на СДСМ и на Македонија им е потребно да си замине

Поранешната пратеничка на СДСМ, Софија Куновска, со критики кон претседателот на партијата, Венко Филипче.„Оној сомнително избран претседател на СДСМ, кој нема никаков легитимитет, е скоро ист примитивец како оној што го постави и кој ни покажуваше ‘магарешки стап’ по прес-конференции“, напиша Куновска.Таа во објавата порача и дека Филипче треба да си замине од раководството на партијата.„И на СДСМ, но уште повеќе и на Македонија ѝ е потребно веднаш да се спасува од Бихаќка и да си замине“, напи

Коментари | пред 1 месец

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Детали: Газда Деко сега го „тресат“ и за поткуп со кој добил лиценца за „Пулс“

Дејан Јованов-Деко е осомничен дека дал поткуп на службено лице во Министерството за економија за да добие лиценца за работа на „Пулс“, без воопшто да поднесе барање и иако знаел дека објектот не ги исполнува законските услови, соопшти Обвинителството откако „Скопје1“ објави дека против сопственикот на дискотеката е отворена нова истрага и се бара нов притвор.Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице

Македонија | пред 1 месец

media-library97b291jf4162d1NiJ8k

Премиерот Мицкоски и сопругата Рози со Трамп: „Македонија и САД се сојузници засновани на доверба, поддршка и пријателство“

Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија со американскиот претседател Доналд Трамп, на која е и неговата сопруга Рози Мицкоска.Со фотографијата, Мицкоски испрати кратка порака за односите меѓу Македонија и САД, нагласувајќи ги довербата, поддршката и пријателството како основа на сојузништвото меѓу двете земји.„Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство“, напиша Мицкоски.Фотографијата, на која се заедно Мицкоски, Рози Мицкоска и Доналд Трамп, ја објави пре

Македонија | пред 1 месец

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

Филипче: Зарем мислите дека Фон дер Лајен не знае дека Мицкоски ги контролира медиумите?

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување во емисијата „Тема на денот“ на Сител, говореше за европскиот пат на Македонија, во пресрет на утрешната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.Филипче оцени дека европскиот пат на државата е блокиран и повтори дел од критиките што, како што рече, СДСМ ги упатувал во изминатите две години. Тој посочи на, како што го нарече, српското и унгарското влијание во земјата, како и на унгарскиот кредит преку кој, според не

Македонија | пред 1 месец

media-library5jebd9k05gu36kSv5dj

Осуденичка преживеала егзекуција во САД, останала жива и по две дози смртоносна инјекција

Властите во американската сојузна држава Тенеси ги одложија сите планирани егзекуции откако не успеа да биде извршена смртната казна врз Криста Гејл Пајк, осудена за убиство извршено во 1995 година. По вбризгувањето на две дози пентобарбитал, 50-годишната Пајк останала жива.Нејзините адвокати соопштија дека службениците ѝ вбризгале две дози од лекот, по што таа останала жива и се слушало како силно ’рчи. Пајк со амбулантно возило била пренесена во болница, а адвокатите рекоа дека сè уште немаат

Свет | пред 1 месец

media-library9eo7mjh9rnt466BgeSB

Филипче: Се покажаа точни нашите укажувања за српското, унгарското влијание и кинеските пари

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување во „Тема на денот“ на Сител, потенцираше дека се потврдија предупредувањата на СДСМ изминатите две години за српското и унгарското влијание во земјата, како и за унгарскиот кредит преку кој влегуваат кинески пари.„Се покажа колку точни беа нашите укажувања уште пред две години. Ние бевме први што укажуваа за српското влијание тука. Ние бевме први што укажавме за унгарското влијание и за унгарскиот кредит, преку кој влегуваат кинески пари. Ние бе

Македонија | пред 1 месец

media-librarylk1sn6p76e0k87kZ3Ut

Филипче: Нема да седам мирен кога е загрозена државата, Мицкоски се однесува душмански

„Нема да седам мирен кога е загрозена државата, Мицкоски се однесува душмански и кон државата и кон граѓаните, нема никакво право“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија.„Нема никакво право да ни го запре европскиот пат. Од ’91 година се бориме за тој пат и тоа е стратешкиот правец за државата. Што ќе правиме сега, еве, Црна Гора и Албанија стануваат земји членки на ЕУ? Молдавија и Украина? Останавме ние со Косово и Србија и Босна. Таму ли

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhsg3b8tfhlsk8NcbqQz

Димитровски: Советничките прашања се инструмент за транспарентност на Советот

„Од формирањето на овој состав, правото да се практикува инструментот советнички прашања, како еден од принципите на транспарентност при управувањето е добро поставен и немам намера да дозволам, под разни притисоци овој инструмент да биде исклучен и со работата на Советот да биде скриен. Секој советник си носи одговорност пред јавноста за своето однесување и за своите дискусии и за своето молчење и можеби најважно од се, секој советник си носи одговорност за одлуките кои ги поддржува“, истакна Д

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjuln4bdm7u63aLoEn0c

Клоп за случајот со Манчестер сити: „Моето почитување кон Гвардиола и Сити е преголемо за да кажам нешто“

Манчестер сити е прогласен за виновен за сериозни прекршувања на финансиските правила на Премиер лигата, но клубот ги негира неправилностите и најави жалба. Казната за утврдените прекршоци сè уште не е одредена.Еден од тренерите кои со години водеа големи битки со Сити беше Јирген Клоп. Неговиот Ливерпул двапати ја завршуваше сезоната со само еден бод помалку од тимот од „Етихад“, а дуелите меѓу двата клуба ја одбележаа една од најнеизвесните ери во Премиер лигата.Клоп претходно во шега велеше д

Спорт | пред 1 месец

media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

Путин предупреди: „Ескалацијата води кон катастрофа“

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Западот ќе мора да ја прифати реалноста на мултиполарниот свет и да научи да соработува со земјите што ги опиша како „светско мнозинство“. Тој предупреди дека светот влегува во период на големи промени и нестабилност.Говорејќи на пленарната седница на Меѓународниот дискусионен клуб „Валдај“, Путин оцени дека продолжувањето на меѓународните конфликти е многу веројатно и дека големите промени во светскиот поредок носат и нови ризици.„Претходниот хегем

Свет | пред 1 месец

media-libraryjr2mkk6u9gmp6yVxcJ7

Судијата Алији: Не постои поднесена пријава од мене за повторна кандидатура за претседател на судот

Пензионираниот судија Елјеса Алији испрати писмено барање во кое реагира на текст објавен на порталот на 30 септември 2026 година и бара негово повлекување и исправка.Алији во дописот наведува дека упатува „најостар протест“ поради, како што тврди, изнесување фактички тврдења кои се невистинити, непроверени и штетни за неговата чест, углед и личен и професионален интегритет.Неговата реакција се однесува на текстот со наслов „Пензионираниот судија осомничен за поткуп, Елјеса Алији, повторно се пр

Македонија | пред 1 месец

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп најави можни превентивни помилувања за членовите на својата администрација

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би можел да даде превентивни помилувања на членови на својата администрација пред истекот на неговиот втор мандат.Во интервју за магазинот „Тајм“, Трамп бил прашан дали размислува да ги помилува членовите на администрацијата пред крајот на мандатот. „Да, секако би го направил тоа“, одговорил тој.Трамп притоа го споменал потегот на поранешниот претседател Џо Бајден, кој на крајот од својот мандат даде превентивни помилувања на повеќе лица, меѓу к

Свет | пред 1 месец

media-libraryn7e2plbfuobdczCRhxM

Кривичен ја потврди информацијата на „Скопје1“: Утре се одлучува за новите мерки за газдата на „Пулс“

Основниот кривичен суд Скопје ја потврди информацијата што претходно ја објави „Скопје1“ дека до Судот е доставен нов предлог за определување мерки за обезбедување присуство против Дејан Јованов-Деко, сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој веќе се наоѓа во притвор во предметот за пожарот во кој загинаа 63 лица.Од Кривичниот суд за „Скопје1“ велат дека предлогот од Обвинителството пристигнал доцна попладнево и дека по него ќе се постапува утре.„Доцна попладнево до Судот од Обвинителств

Македонија | пред 1 месец

ilon-mask-1

Илон Маск повторно се враќа во администрацијата на Трамп: Ќе го советува Пентагон за иднината на војувањето

Илон Маск повторно ќе има официјална советничка улога во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, откако Пентагон го избра да биде еден од раководителите на новиот проект посветен на иднината на војувањето.Проектот, наречен „Меридијан“, го најави американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет во воената база Квантико. Целта е да се проучат идните боишта и технологиите, оружјата и воените способности што би можеле да бидат потребни во идните конфликти.Маск ќе го води проектот зае

Свет | пред 1 месец

media-librarye10v3atee0gj3PS82WL

Нов предмет и барање за притвор стигна за газда Деко, на еден ден пред да биде пуштен од зад решетки

Нова истрага е отворена против Дејан Јованов-Деко, сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде во пожарот загинаа 63 лица, дознава „Скопје1“. Истовремено, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција бара Јованов повторно да биде ставен во притвор, овојпат во рамки на новиот предмет.Информацијата за „Скопје1“ ја потврди неговата адвокатка Ивана Коцевска, која добила покана утре во 10 часот да се појави пред судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје. Пред

Македонија | пред 1 месец

media-libraryl4703r3knpnv65IqPiI

Илија Димовски: Со Преспанскиот договор сме се откажале од наследството од егејска Македонија

Илија Димовски во објава на социјалните мрежи се осврна на прашањето за Цар Самуил и односот на Македонија кон неговото историско наследство, посочувајќи ги Преспанскиот договор со Грција и протоколите со Бугарија.„За Цар Самуил, бељата е дома, не треба да се лутиме на други. Погубните договори ја наплаќаат цената“, напиша Димовски.Тој во објавата го цитира делот од Преспанскиот договор во кој, како што наведува, се дефинира различното разбирање на термините „Македонија“ и „македонски“ во однос

Македонија | пред 1 месец

fon-der-lajen

Урсула фон дер Лајен утре во Скопје: Што носи претседателката на ЕК?

Урсула фон дер Лајен утре ја завршува регионалната турнеја со посета на Скопје, во момент кога Европската унија најавува нов пристап кон проширувањето и постепено вклучување на кандидатите во единствениот пазар. Според информации објавени од „Политико“, Европската комисија подготвува посебни патокази за Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија, додека Македонија не е меѓу четирите земји опфатени со овој план.Во Брисел се разгледува можноста земјите кандидати постепено да добиваат поголем пристап

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2025-08-17-at-20.54.03

ЕУ најде средства за покривање на буџетските и одбранбените потреби на Украина

Европската комисија потврди дека финансиските и воените потреби на Украина за 2026 година се целосно покриени, со што е ставен крај на неизвесноста околу недостигот од 24 милијарди евра што Киев го пријави пред еден месец.Од Европската комисија соопштија дека преку координирани заеднички напори се обезбедени средствата потребни за покривање на украинскиот буџет и одбранбените потреби за следната година, како и дека се преземени чекори за нивна навремена исплата.Прашањето се отвори откако украинс

Свет | пред 1 месец

media-libraryclot67veppuq9By63zg

Сиљановска-Давкова до бруцошите: Вреди да се студира, предава и живее на УКИМ, како заеднички дом на професорите и на студентите

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на свеченоста по повод почетокот на новата академска 2026/2027 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.Таа им порача на бруцошите да учат уште од првиот академски ден, да развиваат критички ум, да ги бранат принципите и вредностите.За неа, универзитетот, кој не случајно ужива автономија, треба да воспитува млади луѓе, способни самостојно да размислуваат и храбро да им се спротивстават на неправдата, лагата и силата, как

Скопје | пред 1 месец

media-library8vv1gkr30h9feYi4H2q

Пилотот кој беше избоден во авионот „Флајдубаи“ успеал да ја отвори кабината и да ги спаси 174 патници

Пилотот на „Флајдубаи“, Смит Мачар, и покрај тешките повреди, успеал да ја отвори вратата од пилотската кабина, со што им овозможил на патниците и членовите на екипажот да влезат и да го совладаат напаѓачот, кој претходно го избодел.Инцидентот се случил на летот од Дубаи кон Тел Авив, со 174 патници. Според израелските официјални лица, вториот пилот, кој наводно е државјанин на Оман, го нападнал Мачар и очигледно се обидел да го урне авионот.По нападот, авионот за помалку од 30 секунди се спушти

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања