Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Скопје1.мк

makedonija-evropa-eu-mkd-2

Европскиот парламент денес гласа за Македонија: Ќе биде ли избришан бугарскиот протокол од извештајот?

Очите на македонската и бугарската јавност денеска се вперени кон Стразбур, каде што Европскиот парламент треба да се изјасни за извештајот за напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија, изготвен од известувачот Томас Вајц.Во центарот на вниманието е амандманот со кој се предлага бришење на ставот 73 од извештајот, во кој се споменува Вториот протокол од Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.Доколку европратениците го поддржат предлогот на Вајц, во конечниот текст на

Македонија | пред 1 месец

media-librarycfad3jn6qmij1qbmmv0

Поднесена кривична против скопјанецот кој ги запали возилата на бугарската амбасада

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 44-годишен скопјанец осомничен за опожарувањето на две дипломатски возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, со што случајот е целосно расчистен.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Одделението за криминалистички работи при Полициската станица Центар и Бит Пазар вчера по итна постапка поднело кривична пријава против И.Д.С. (44) од Скопје поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело „предизвикување

Македонија | пред 1 месец

deve-bair

Бугарска фондација најави блокада на граничните премини меѓу Бугарија и Македонија во недела

Во недела се очекуваат привремени блокади на граничните премини меѓу Бугарија и Македонија, откако бугарската организација „Македонија“ најави протестна акција што ќе трае два часа, пренесуваат бугарските медиуми.Според информациите објавени во бугарските медиуми, блокадите ќе бидат организирани на граничните премини „Деве Баир“, „Делчево“ и „Ново Село“, а организаторите тврдат дека за нивното одржување добиле дозвола од бугарското Министерство за внатрешни работи.Најавата доаѓа ден по инциденто

Македонија | пред 1 месец

evn-rabotnici

Делови од Гази Баба денеска без струја до 15 часот

Од ЕВН Македонија информираат дека денеска дел од корисниците во општина Гази Баба ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа.Прекинот во снабдувањето со струја ќе трае во периодот од 05:00 до 15:00 часот и ќе ги опфати дел од корисниците на булеварот „Александар Македонски“ и улицата „Архимедова“.Без електрична енергија ќе останат и објектите лоцирани во близина на студентскиот дом „Стив Наумов“, Хемискиот институт, сендвичарницата „Хемис

Скопје | пред 1 месец

media-libraryvlu5sp58q6jh2y0oSpx

(Видео) Медицинска сестра Ѓорѓиовска: Зад секоја трансплантација стои тим посветен на животот

Подигнувањето на свеста за значењето на органодарителството и трансплантацијата останува еден од клучните предизвици во здравствениот систем, а медицинските работници апелираат за поголема поддршка од граѓаните за овој хуман чин.Во рамки на националната кампања за подигнување на свесноста за донирањето органи, медицинската сестра Каролина Ѓорѓиовска од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) ја истакна важноста на трансплантацијата како можност за спасување и продолжув

Македонија | пред 1 месец

media-libraryc245kffbmg3ceXKR1sx

(Фото) Камионот смачкан: страшна сообраќајка утрово на скопска обиколница

Сообраќајна несреќа меѓу два камиона се случила утрово околу 05:30 часот на скопската обиколница кај Мирковци.Според првичните информации, во несреќата учествувале две товарни возила, при што едниот возач се здобил со полесни повреди.На местото на настанот интервенирале надлежните служби, а причините за судирот се утврдуваат.Поради несреќата во утринските часови бил отежнат сообраќајот на овој дел од обиколницата

Македонија | пред 1 месец

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

УХМР предупредува: Попладне пороен дожд, грмежи и услови за град

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека времето денеска ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди и максимални дневни температури од 25 до 31 степен.Во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од УХМР предупредуваат дека на одредени места процесите може да бидат поинтензивни, со пообилни врнежи и услови за појава на град.Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека утринските температури ќе

Македонија | пред 1 месец

media-library48skktc9rirhdbt1YFF

На Диди повторно му ја намалија затворската казна

Времето што Шон „Диди“ Комбс ќе го помине во федерален затвор повторно е скратено, а според најновите информации, контроверзниот музички могул треба да биде пуштен на слобода на 23 февруари 2028 година.56-годишниот рапер беше осуден во октомври 2025 година на 50 месеци затвор, откако беше прогласен за виновен по две точки од обвинението за превоз на лица со цел проституција.Датумот на неговото ослободување досега беше менуван неколкупати. Првично требаше да излезе на 8 мај 2028 година, но поради

Магазин | пред 1 месец

media-library1jstjhnma8p9ehVb9rX

Холивудскиот актер Кори Фелдман итно хоспитализиран по лет од Чикаго

Американскиот актер Кори Фелдман итно бил хоспитализиран откако му се слошило за време на летот од Чикаго до Лос Анџелес.54-годишниот актер, најпознат по улогите во филмовите „The Goonies“ и „Stand By Me“, бил пренесен во болница веднаш по слетувањето на авионот во понеделникот попладне.Фелдман подоцна се огласи на социјалната мрежа X за да ги смири своите обожаватели.„Ви благодарам на сите за грижата и поддршката. Беше навистина застрашувачки и точно е, во болница сум. Но, мислам дека ќе бидам

Магазин | пред 1 месец

media-libraryaiimqv22kg0rcyJ18cO

Четири причини поради кои тинејџерите почнуваат да се оддалечуваат од родителите

Многу родители стравуваат дека со влегувањето на децата во тинејџерските години неизбежно ќе следуваат конфликти, оддалечување и нарушен однос. Сепак, експертите посочуваат дека иако напнатоста е честа, таа не е знак дека тинејџерите ги отфрлаат своите родители, туку е природен дел од процесот на созревање.Според порталот Psychology Today, постојат четири главни причини поради кои тинејџерите потешко одржуваат близок однос со родителите.Првата е нивната силна потреба за самостојност и оставање с

Магазин | пред 1 месец

media-libraryr8uao15tij5u5EgseUu

Митева: Водиме дипломатија со интегритет, посветени сме на раст и развој и на она што значи исполнување на домашна задача и обврска

„Не сметам дека можеби тоа е начинот на којшто се водат или се градат едни добрососедски односи. Сметам дека дијалогот е правата формула по којашто треба да се стигне до било какво решение. Можеби овие наративи имаат некоја друга позадина, но нашата цел е навистина да покажеме една стабилност, едно водење на дипломатија со интегритет и со не анализирање или пак прераскажување на нечии изјави коишто практично и не доаѓаат од наши претставници или од наши институции“, истакна Марија Митева, член н

Македонија | пред 1 месец

media-library2ufsu4vkb2cj3FeXWhv

Митева: Граѓаните ја чувствуваат промената, економските политики на Владата носат стабилност и предвидливост

„Приоритет на оваа Влада, уште од самото формирање беше економија и една стабилност и предвидливост која што си ја зададовме како цел. 7 квартали раст на БДП од 3%, континуирано, 7 квартали да се случува тоа, кога во моментот имаме една од најголемите енергетски кризи, која што еве за среќа веќе се гледа крајот, но сепак последиците мислам дека уште малку може да да се прелеваат во делот на економијата“, рече Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „Само вистина“ на те

Македонија | пред 1 месец

media-libraryb0rnk4ihjnhi5ZxQYB5

Новата шампионка на Ролан Гарос: Ѓоковиќ е мојот најголем идол

Руската тенисерка Алиса Октјабрева го освои јуниорскиот Ролан Гарос, а по триумфот во Париз не штедеше пофални зборови за својот најголем спортски идол – Новак Ѓоковиќ.Седумнаесетгодишната тенисерка, која моментално е 309. на ВТА-листата, во финалето убедливо ја совлада кинеската Сун Синран со 6:2, 6:1 и ја освои најголемата титула во својата досегашна кариера.„Ова ми значи многу. Секојпат кога ќе го погледнам овој трофеј, ќе се сетам на целиот пат и на трудот што го вложивме јас и мојот тим. Ус

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2025-03-02-at-09.52.47

Русите се огласија откако воен брод отвори предупредувачки оган кон јахта во Ла Манш

Морнари од руски воен брод испукале предупредувачки истрел кон јахта што им се приближила во Ла Манш, објави британската новинска агенција PA. Инцидентот се случил околу 11:40 часот меѓу британскиот остров Вајт и француската Нормандија.Според неофицијалните информации, во инцидентот била вклучена руската фрегата „Адмирал Григорович“. Британската крајбрежна стража добила пријава од цивилен брод под британско знаме, според која рускиот воен брод испукал предупредувачки истрел откако двете пловила

Свет | пред 1 месец

media-library7t5p8jhrc2l37GWY2KW

Италија распоредува противвоздушен систем во Турција како дел од планот на НАТО

Италија ќе распореди противвоздушен систем SAMP-T во централна Турција како дел од одбранбениот план на НАТО, соопшти турското Министерство за одбрана.Според соопштението, системот ќе биде стациониран во Третата главна воздухопловна борбена команда во Коња, со цел дополнително да се зајакне воздушната одбрана на Алијансата.SAMP-T е мобилен ракетен систем земја-воздух, развиен во француско-италијанско партнерство, наменет за пресретнување борбени авиони, беспилотни летала, крстосувачки ракети и о

Свет | пред 1 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-57-1100PM

По трагедијата во Охридското Езеро, градоначалникот на Струга бара плажи без педалинки

Откако телото на 20-годишно момче беше пронајдено кај „Машка плажа“ во Охридското Езеро, градоначалникот на Струга, Менди Ќира, до Советот на Општината достави иницијатива за усвојување предлог-одлуки со кои треба да се зголеми безбедноста на плажите.Меѓу предложените мерки е и забрана за движење и паркирање на педалинките на плажите.„Предложив одлука со која ќе се забранат движењето и паркирањето на педалинките на плажите“, изјави Ќира.Според него, голем дел од педалинките функционираат нелегал

Македонија | пред 1 месец

media-library50e40d2b4pqh6oOZoUQ

По Барселона и Атина, и најпосетуваниот хрватски град размислува за забрана на нови апартмани

Градот Ровињ, кој е најпосетуван во Хрватска, планира да го ограничи отворањето нови апартмани поради сè поголемите гужви и притисокот врз инфраструктурата.По примерот на Барселона, Атина и Фиренца, Ровињ би можел да стане уште еден европски град каде одреден период нема да се дозволува отворање нови приватни сместувачки капацитети.Градоначалникот на Ровињ најави воведување двегодишен мораториум за издавање нови решенија за категоризација на апартмани во старото градско јадро.Ровињ минатата годи

Магазин | пред 1 месец

media-library7lq9b9a4mn2u3u7enYb

Со автобус дошол до Центар, купил бензин и ги запалил дипломатските возила: се бара притвор за инцидентот пред Бугарска амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец осомничен за кривичното дело предизвикување општа опасност, откако вчера напладне запалил две дипломатски возила пред Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.Според обвинителството, на 15 јуни околу пладне на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, осомничениот предизвикал пожар со кој создал значителна опасност за животот и телото на луѓето, како и за имот од големи размери.Истрагата покажала дека тој најпрво

Скопје | пред 1 месец

media-libraryvecnb6revjju8SB8AkT

Трамп повторно направи географска грешка: Му порача на катарскиот емир дека Иран е „преку граница“

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно предизвика реакции со својата географија, откако на Самитот на Г7 во Франција изјави дека од Катар „може едноставно да се прошета преку границата“ до Иран.Говорејќи во присуство на катарскиот емир, шеик Тамим бин Хамад Ал Тани, Трамп рече дека Катар е физички најблиску до Иран и дека тоа го става во поопасна позиција.„Од вас може едноставно да се прошета преку границата“, изјави Трамп.Во реалноста, Катар и Иран немаат копнена граница. Двете земји г

Свет | пред 1 месец

media-libraryg6kv0sdr15otdy2DlCS

Скопје на листата најдобри градови во светот за соло патување

Самостојното патување низ светот може да биде ослободувачко искуство, а платформата GuruWalk објави листа на најдобрите градови за патници кои истражуваат сами.Анализирани биле резервациите за пешачки тури во последните 12 месеци, а меѓу 150-те најпопуларни градови биле издвоени оние со најголем удел на соло патници.На првото место се најде Торонто, каде што повеќе од половина од туристите кои резервирале тури преку GuruWalk патувале сами – 50,5 проценти.Второто место му припадна на Санта Ана, д

Магазин | пред 1 месец

Screenshot-2024-09-29-at-12.10.07

Израел: Го укинуваме договорот со Палестинците, контролата се враќа кај нас

Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич соопшти дека го поништи Хебронскиот договор од 1997 година, со што дел од овластувањата во поделениот град Хеброн на Западниот Брег повторно ќе преминат под целосна одговорност на израелската држава.Смотрич, кој важи за еден од најтврдокорните десничари во израелската влада, ја нарече одлуката „историска исправка“ и порача дека продолжува со „продлабочување на израелскиот суверенитет“ на Западниот Брег.Според неговата објава, палестинската општинс

Свет | пред 1 месец

media-libraryicl80b8po7pccHoosZo

Вработените во обвинителствата незадоволни од законските измени: Работиме на криминал, корупција и убиства, а законот нè третира како класична администрација

Маја Петрова, советник-портпарол и заменик-претседател на Синдикалната организација на јавните обвинителства, предупреди дека предложениот Закон за јавнообвинителска служба не ги исполнува очекувањата на вработените и не обезбедува суштинска реформа.Таа истакна дека зборува во име на 350 вработени во јавнообвинителската служба во сите јавни обвинителства во државата, кои секојдневно работат на предмети од организиран криминал, корупција, убиства, семејно насилство, финансиски истраги и меѓународ

Македонија | пред 1 месец

media-libraryq8n8763ik4287kVU6Wy

Пет пожари сè уште се активни, два се ставени под контрола

На територијата на Македонија до 18:00 часот се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои пет сè уште се активни, два се ставени под контрола, а седум се целосно изгаснати.Според најновите податоци, активни се пожарите во Општина Илинден кај селото Мршевци, каде што гори сува трева, во Општина Босилово кај селото Секирник, каде што е зафатена депонија, како и во Општина Чашка кај селото Војница, каде што огнот зафатил нискостебелна деградирана шума и сува трева.Пожари се активни и

Македонија | пред 1 месец

media-library3bb772v82b848tVWG2Y

Воен аналитичар: Инцидентот во Ла Манш е знак на нервоза кај Русите

Воениот аналитичар на Sky News, Мајкл Кларк, изјави дека руската фрегата „Адмирал Григорович“, која денеска испукала предупредувачки истрел кон јахта во Ла Манш, со месеци редовно патролира покрај британскиот брег.Инцидентот се случил во меѓународни води меѓу британскиот остров Вајт и француската Нормандија.„Овој брод се движи горе-долу покрај британскиот брег веќе неколку месеци. Најчесто е во близина на Сафолк, а понекогаш оди и кон Догер Банк“, изјави Кларк.Според него, Русија ја користи фрег

Свет | пред 1 месец

media-librarycc0gi9u8j4ue5U9p2ON

Трамп: Имав многу добра средба со Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имал „многу добра средба“ со украинскиот претседател Володимир Зеленски на Самитот на Г7 во францускиот Евијан и најави дека двајцата повторно ќе разговараат подоцна во текот на денот.„Русија треба да склучи договор. Русија изгуби огромен број луѓе, а истото е и со Украина. Ќе направам сè што можам“, изјави Трамп пред новинарите, додавајќи дека во неделата разговарал и со рускиот претседател Владимир Путин.Тој призна дека постои „голема антипати

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања