Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

IMG_5168

Кривична против маж од Берово, се заканувал на полициски началник преку смс пораки

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против 45-годишниот М.У. од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.На 18.12.2024 пријавениот испраќал смс пораки со заканувачки содржини кон началник на ОВР Берово.

Македонија | пред 1 година

migranti-kamion

Пронајдени мигранти во товарно возило: влегле во камионот додека возачот ги извршувал царинските формалности на граница

Вчера во 00.20 часот на Граничниот премин Богородица, на влез во државата, полициски службеници при извршена проверка над товарно возило „фиат дукато“ со српски национални ознаки, пронашле четворица мигранти, од кои три лица од Авганистан и едно лице од Пакистан.По извршен службен разговор со возачот и лицата-мигранти констатирано било дека додека возачот ги извршувал царинските формалности на Граничниот премин Евзони-Р.Грција, мигрантите влегле во товарниот дел на возилото.Мигрантите се пренесени во Прифатно-транзитниот центар Гевгелија за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-59-2780PM

Не застанал на даден знак, па со возилото удрил во полицаец: уапсен маж од Скопско

Вчера во 23.50 часот на локалниот пат село Идризово, скопско–клучка кај село Кадино, скопско, полициски службеници од МЕБПС го лишиле од слобода 48-годишниот Д.П. од село Мралино, скопско, затоа што при вршење на контрола од страна на полициските службеници му било дадено знак за да застане со возилото кое го управувал, но тој не застанал туку продолжил со движење и удрил еден од полициските службеници, по што застанал и продолжил со агресивно однесување.По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

paridenari1

Кривична против битолчанка: искористила туѓи податоци за да подигне брз кредит

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против 48-годишната Ц.С. од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „измама при добивање кредит или друга погодност“.На 08.05.2023 пријавената од С.Б. од с. Раклиш, на социјална мрежа обезбедила негови лични податоци од лична карта и платежна картичка, за да му бидат наводно исплатени 300 евра, но истата ги искористила неговите податоци заради подигнување на брз кредит.

Македонија | пред 1 година

dete-siluvanje

Двајца малолетници исчезнаа од Установа за згрижување деца

На 24.12.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник И.И.(14) од Битола, кој и претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.На 24.12.2024 во 10.15 часот во Полициската станица Карпош од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Х.С.(15). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.На 24.12.2024 во 14.10 часот во Полициското одделение Шуто Оризари од Јавна установа било пријавено дека нивниот штитеник Р.М.(17) од Скопје, кој на 20.12.2024 беше пријавен дека се оддалечил од установата, се вратил во установата.

Скопје | пред 1 година

pistol_001

Ограбена спортска обложувалница во Карпош

Вчера во 16.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Карпош, едно лице со закана со огнено оружје од вработените одзело пари.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

spasovski3

(Видео) Спасовски: Сиљановска имаше формално обраќање, изостана нејзина реакција за многу важни теми

„Денешното обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова е едно формално обраќање пред Собранието, не понуди визија за иднината на државата, во коешто едноставно имаше констатации со извештати за тоа што направила, какви средби имала. Меѓутоа немаше суштински и конкретно во делот на политиките“, рече координаторот на Пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски.„Мора да кажам два дела од обраќањето, кога зборуваше за Армија, поддршката на Армијата и на политиките кои значат унапредување на состојбата во Армијата и подобрување на животниот стандард на сите војници е нешто што ќе добие поддршка од нас. Второ, поддршката на еднаквите можност, на жените во политиката декларативно е добро како став на претседател на држава, но очекувам дека таа декларативност, преку влијание, преку јавно искажан збор да биде преточена и во конкретни политики.Постојан многу теми во општеството за коишто требаше да бидат дел од годинашното обраќање на претседателката.Токму заради тоа што и самата во говорот се претстави како човек којшто се бори за демократија, за транспарентност, и на крајот како правник во политиката е не како политичар во правото.Очекувавме да каже став за тоа дека највисокиот законодавен дом, многу ретко разгледува закони по редовна постапка, над 90% се по скратена постапка, нешто што жестоко се спротивставуваше во изминатиот период.На тој начин не се јакне демократскиот капацитет на институциите туку паѓа.Кога зборува за јакнење на транспарентноста, очекував дека јавно ќе го осуди носењето на Законот за јавни набавки со којшто се руши транспаретноста. Очекувам и ја повикувам да не го потпише овој Указ.На тој начин ќе покаже дека демократијата и транспарентноста се постулати на коишто не само декларативно ќе ја врши функцинијата туку врз реални основи.Очекував дека ќе ги осуди сите постапки за промена на законодавството, на правното уредување коешто се рушеше правниот поредок, како промените за регулаторните тела, комисиите, на луѓе кои имаа мандат противзаконски се укинуваа тие мандати.Или двете автентични толкувања на Законот за надворешни работи со коишто се создаваат можности на мала врата за рушење на дипломатската мрежа, што е надлежност на претседателот на државата.Ова се работи за коишто требаше да се прати порака.Што се однесува до единството, националното единство, за важните прашања во државата, исто така, наместо декларација треба конкретни чекори.За да има единство треба да имаме дијалог, за да има дијалог некој ќе треба да повика и да организира. Ние како СДСМ и коалиција сме подготвени да разговараме за сите прашања важни за државата, да има дијалог и да се постигне консензус.Доколку постои предлог за евроинтегративните процеси на државата тој предлог треба да биде споделен и со парламентарната опозиција и заеднички да разговараме и да изградиме заеднички ставови.Секако дека повикувајќи се на граѓаните и сиверенитетот којшто им припаѓа очекував барем неколку реченици да каже и за состојбата на економски план, што се случува и да упати порака или начин за решение на проблемите.Како и да е, сакам да верувам дека ќе најде сили да излезе од сенката на парламентарното мнозинство, на владата и да биде доволно гласна. Таа гласност да се препознае дека е во името на граѓаните на Македонија“, изјави Спасовски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-25-162408

Братот и сестрата на исчезнатата Лидија бараат полиграфско тестирање на две лица

Од осми ноември надлежните институции не можат да ја пронајдат исчезнатата скопјанка, 43-годишната Лидија Трајковска, која според сведоштвото на семејството, излегла од дома во раните утрински часови, без лични документи и мобилен телефон, по што и се губи траг.Набргу по исчезнувањето, во повеќе наврати јавно се огласија членови на семејството на Лидија, односно нејзиниот сопруг со кого имаат три возрасни ќерки и внучиња, а за помош апелираше и една од нејзините ќерки.Од МВР исто така во неколку наврати истакнаа дека се превземаат сите мерки за пронаоѓање на жената, и штом ќе имало нови детали во истрагата, јавноста ќе била информирана. Но, речиси два месеца нема никаков глас за случајот кој ја вознемири македонската јавност.Како што објави „Фокус“, во нивната редакција се обратиле Билјана, сестра на Лидија и нејзиниот брат Александар Јоциќ.Тие раскажуваат дека како времето минува, случајот паѓа во заборав, и само уште тие двајца останале секојдневно да ја бараат Лидија.„Има бројни коментари да не ја бараме Лидија, бидејќи наводно побегнала со „кумот”. Такво нешто нема, ете го ,,кумот” кој всушност и не и е кум на сестра ми, овде е, никаде не е побегнат, а полицијата го знае неговиот идентитет.Од страна на полицијата ни беше кажано дека имала врска со тоа лице, па еве јавно прашувам, во еден ваков случај, зошто тоа лице не се стави на полиграф? Зошто и сопругот на Лидија се уште не е ставен на полиграф? На сите до еден нека ни направат полиграфско тестирање, нека се дознае вистината веќе еднаш, бидејќи живееме во агонија“, вели братот на Лидија за „Фокус“.И нејзината сестра Билјана е со истиот став, да се изврши полиграфското тестирање врз лицето кое било во врска со Лидија, како и врз нејзиниот сопруг, за да можат да го тргнат секој евентуален сомнеж, но и за да ги запрат негативните коментари и шпекулации кои се прошириле во јавност.Од МВР пак, последната информација за случајот беше објавена околу една недела по исчезнувањето. Тогаш соопштија дека било утврдено нејзиното движење, кога од Јурумлери се упатила кон пат кој води кон Драчево, и дека во близина на мост на реката Вардар биле пронајдени цигари и запалка, за кои нејзиниот сопруг потврдил дека се нејзини, но и џемпер, за кој сопругот кажал дека не е нејзин.

Македонија | пред 1 година

mecinovic

Мециновиќ: Давкова да престане да биде „министер за култура“ и да не го потпише указот за двојазични лиценци

Пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, денес на прес - конференција го изнесе ставот на пратеничката група на Левица по однос на новогодишното обраќање на претседателката Гордана Сиљановска - Давкова.- Морам да напоменам дека обраќањето не беше инспиративно, беше ординерно и протоколарно и ни даде само флоскули, наместо тоа што, навистина, јавноста сакаше да го чуе после овој трансфер на власта и турбулентно политичко време. Пред сѐ, се чини дека Претседателката е потполно втурната во сенка на извршната власт и мора да се искоментира дека таа во својот професионален ангажман, во својата кариера има докажано дека е врвен професор, беше добар пратеник, но сега е сведена во функција на министерство за култура во сенката на Христијан Мицкоски - потенцираше Мециновиќ.Според него, коментарите кои ги даде Гордана Сиљановска - Давкова, Претседателката на Република Македонија, повикуваат на некој внатрешен дијалог, на некој консензус во склоп на внатрешната политика.- За на јавноста да ù биде појасно, Претседателката на Република Македонија повика на консензус помеѓу политичките елити, кои, да потсетиме, го амортизираа незадоволството на граѓаните кое се изрази во 2022 година со протестите за францускиот предлог. Од друга страна, во надворешната политика, тоа што можеме да го заклучиме е дека нема идејност како ќе постапиме понатаму. За тоа што го претставуваат како интерес на граѓаните на Република Македонија и тоа што повеќето граѓани на Република Македонија го сметаат за свој интерес, а тоа е влегувањето и членувањето во Европската унија, сметаме дека и оваа Влада, и овој Претседател на Републиката, нема да придонесе ништо позитивно и дека во наредните европски извештаи ќе ги гледаме истите оценки за пристапувањето на Македонија кон Европската унија - појасни портпаролот на Левица.Мециновиќ во име на Левица ја повика Претседателката да не го потпише срамниот указ за двојазични лиценци за градинки, кој вчера го донесе нематична комисија со кршење на Деловникот.- Ја повикуваме Претседателката на Република Македонија ова да биде прв тест за нејзината државна улога и државнички капацитет, затоа што, да потсетиме, дека таа како пратеник беше еден од најгласните пратеници против илегалната двојазичност! Сметам дека во говорот видовме многу несигурност за државните интереси на Република Македонија, видовме само колонизаторски менталитет – како Македонија е мала, немоќна, како треба да биде исправена пред задачите кои доаѓаат од надвор, без да се покаже кичма и вистинско бранење на интересите на граѓаните - додаде Мециновиќ од Левица.Тој уште еднаш поентираше дека Претседателката дека ќе остане во сенката на извршната власт.

Македонија | пред 1 година

bozinovska-ujp-1

Зајакната контрола врз експлоатацијата на минералните суровини – Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УЈП

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Управата за јавни приходи (УЈП) потпишаа Меморандум за соработка, кој има за цел да го унапреди процесот на инспекциски контроли и надзор врз концесионерите што вршат експлоатација на минерални суровини во Македонија.Со овој документ, двете институции ја зацврстуваат заедничката цел – да обезбедат транспарентно, законско и ефикасно искористување на националните ресурси, со јасен фокус на заштита на јавниот интерес и зголемување на економската одржливост.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, потенцираше дека соработката со УЈП претставува чекор кон воспоставување подобар систем за мониторинг и контрола на работењето на концесионерите.„Нашата држава располага со значајни минерални богатства, но одговорното и законско управување со нив е од суштинско значење за економскиот раст и заштитата на природните ресурси. Со овој меморандум ја комбинираме експертизата на Министерството и капацитетите на УЈП за да ги зајакнеме инспекциските процеси и да осигуриме дека секој кој користи национални ресурси го прави тоа законски и соодветно“, изјави министерката Божиновска.Директорката на УЈП, м-р Елена Петрова, истакна дека оваа соработка ќе донесе ново ниво на синергија меѓу двете институции, преку размена на информации, знаења и практични алатки за инспекциска контрола.„Со заедничка работа ќе обезбедиме поголема ефикасност во следењето на приходите и обврските на концесионерите, што ќе придонесе за зголемување на буџетските средства и праведна распределба на ресурсите“, рече Петрова.Во рамки на Меморандумот, предвидено е да се овозможи навремена и ефикасна меѓусебна размена на податоци, координација и известувања во постапките за следење на плаќањето на надоместоците за вршење на детални геолошки истражувања и за концесија за експлоатација на минерални суровини, што ќе ја унапреди брзината и точноста на контролите.Министерството за енергетика и УЈП остануваат посветени на заедничката визија за транспарентна и праведна употреба на националните ресурси, со цел обезбедување економска стабилност и долгорочна корист за граѓаните на Македонија.

Македонија | пред 1 година

tripunovski1-1

Трипуновски не знае ништо друго освен манипулации туѓи успеси, реагира СДСМ

„ВМРО-ДПМЕ и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, уште еднаш покажаа тотоална безидејност кога е во прашање поддршката на земјоделството и земјоделците. Ноторна лага се информациите на Трипуновски дека оваа година е прва година кога се исплатиле субвенции за тековната програма за директните плаѓања“, реагира СДСМ на изјавата на Цветан Трипуновски.„Срамно е да се фалите со туѓи мерки, а уште посрамно е да лажете дека вие сте вовеле за прв пат ваква исплата.Исто така не е точно дека се работи за исплата на заостанати субвенции, сите се од тековната прпграма за 2023 година и 2024 година.Не ги потценувајте земјоделците, ти знаат кога за прв пат добиле исплата на субвенции од тековна програма во тековната година.Трипуновски, ако не се сеќавате или ако не ве информирале службите, да ве потсетиме. Вчерашната исплата на субвенции е всушност продолжување на започнатиот процес од минатата година. Сакале или не да признаете, тоа е дел од добрите мерки и систем на исплата воспоствен од Владата на СДСМ. Ова не е нов модел како што го презентирате. Исплатата на субвенциите што се реализираше вчера, е направена и минатата година за прв пат и тоа е новиот модел за авансна исплата на субвенции што го воведе СДСМ.Измената на програмата за авансна исплата на субвенциите и зголемувањето на буџетот за субвенции започна пред три години. Минатата година за прв пат земјоделците добија авансна исплата на субвенциите во тековната година, за прв пат од 2005 година од кога се воведени субвенциите.Годишната програма за исплата на субвенциите за 2024 година ја донесе Владата на СДСМ во јануари годинава. Само во сточарството кај млечните крави ја зголемивме субвенцијата за оваа година од 4.000 денари на 12.000 по грло. Ова е вистинска грижа за земјоделците и долгорочна стратегија за развој на земјоделството.Вие Трипуновски, манипулирате, не се потрудивте да понудите ниту нова мерка, ниту зголемени субвенции. Доста им е на земјоделците од лаги и манипулации, потребни им се мерки и политики за да бидат профитабилни и конкурентни“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

cisterna-3

Промовирано ново возило на ЈКП „Водовод“ на општина Илинден

Општина Илинден во континуитет ги подобрува комуналните услуги. Денес беше промовирано новото возило на ЈКП „Водовод“ цистерна за фекални отпадни води, пришто е подновен возниот парк на претпријатието. Специјалното возило за фекални отпадни води е со капацитет од 5м3.Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој денеска го разгледа возилото заедно со директорот на ЈКП „Водовод“, Ивица Трипуновски, истакна дека врвен приоритет во работењето на локалната самоуправа е подобрување на квалитетот на услугите. Претпријатието во моментот стопанисува со приближно 50км фекална канализациона мрежа, а со набавката на цистерната значително ќе се подобри квалитетот на услугите на Јавното комунално претпријатие, а во исто време ќе се зголеми ефикасноста на вработените во делот на одведувањето на отпадните води од корисниците.Градоначалникот Георгиевски додаде дека, Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со обновувањето на возниот парк на општинските јавни претпријатија.

Скопје | пред 1 година

izet-medziti

Меџити: Започна искористувањето на средствата за подобрување на водната инфраструктура во општините обезбедени од ЕИБ

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес го потпиша првиот Договор за јавна набавка со избраниот најповолен понудувач за набавка на мерни инструменти за далечинско отчитување со инсталација и конфигурација на опрема за отчитување, во општина Кавадарци.Договорот e во висина од 300.000 евра и истиот ќе биде со времетраење од 12 месеци од денот на потпишување .Со ова и официјално започна имплементацијата на проектот „Подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија“ за кој средствата во висина од 55 милиони евра се обезбедени преку заемот од Европската инвистициска банка.Со заемот се опфатени сите општини во Република Северна Македонија кои со свои приоритетни проекти аплицираат до Министерството за нивна реализација.Имплементацијата на проектот за подобрување на водната инфраструктура се одвива со забрзана динамика и во нардните денови се очекува да бидат потпишани договори за јавни набаки со најповолни понудувачи за извршување на работите во уште неколку општини во државата.

Македонија | пред 1 година

Jazz-pod-lamba

Герасимовски: Вечерва, џез верзија на македонски евергрини на пјацетата кај Италијанска амбасада

Вечерва, со почеток во 19.00 часот ќе се одржи настанот „Џез под ламба“ на пјацетата кај Италијанска амбасада. На овој настан, граѓаните ќе имаат можност да слушнат џез верзија на познатите македонски евергрини од Искра Србиновска квартет.Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги поканува сите граѓани на добра македонска музика во пресрет на новогодишните празници.„Вечерва заедно ќе слушаме и уживаме во нашите најпознати македонски евергрини, преточени во џез стил. Ги поканувам сите скопјани на добра музика, греано вино о печени костени. Со вакви настани поттикнуваме креативност, ги зближуваме граѓаните и создаваме топла и празнична атмосфера, која ќе ги поврзе љубителите на македонската музика, култура и традиција”, изјави Герасимовски.

Скопје | пред 1 година

19112024_MICKOSKI_SINDIKAT-ZDRAVSTVO-6

Мицкоски: Нека нашата силна волја, подадена рака и милосрдието бидат нашиот одговор кон сите предизвици со кои се среќаваме

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка до Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов и до сите христијани кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар.„Дозволете во мое лично и во име на Владата, на сите христијани во Македонија кои го прославуваат рождеството Христово - Божиќ според Грегоријанскиот календар да им го честитам овој голем христијански празник со искрени желби за здравје, радост и заеднички успеси.Христовото раѓање е симбол на надежта и љубовта меѓу луѓето. Нека Божиќниот ден донесе мир и спокој во секој наш дом, како и сила да се соочиме со секојдневните искушенија. Нека нашата силна волја, подадена рака и милосрдието бидат нашиот одговор кон сите предизвици со кои се среќаваме.Вековите ги надоградуваат моралните, семејните и духовните вредности кои не само што ни помагале во најтешките времиња, туку тие продолжуваат да бидат наша заедничка водилка и за иднината. Само преку силната вера и посветеност кон правењето добри дела можеме да создадеме подобро утре за целата држава.Нека нашата татковина биде подобро место за живеење, земја на нови големи победи и - најважно - држава со повеќе среќни граѓани.Радосната вест која се пренесува низ генерации, повторно нека го огрее срцето на секој верник и сограѓанин“, напиша Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

jovana-mojsoska

Мојсоска: Дали професорката по уставно право ќе потпише неуставен закон за двојазични лиценци?

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска преку објава на социјалните мрежи ја повика претседателката Гордана Силјаноска Давкова да не го потпишува указот на законските измени со кои се воведуваат двојазични лиценци во градинките.„Дали почитуваната претседателка Силјановска ќе го потпише указот за измените на Законот за заштита на децата - кои беа донесени шверцерски, со кршење на Деловник, преку ненадлежна собраниска комисија?"Мојсоска во објавата потенцира дека со измените на Законот за заштита на децата за прв пат се воведуваат двојазични лиценци во градинките, врз основа на неуставен закон за двојазичност со кој се крши унитарноста на Републиката. Пратеничката од Левица дополнува дека унитарноста е спротивна на паралелните иституции кои се градат со вакви дезинтеграциски закони.,,За претседателката Силјановска, како истакнат професор по уставно право, треба да е доволно што овие двојазични лиценци се донесени со брутално кршење на процедурата и усвоени на собраниската Комисија за енергетика, наместо на собраниската Комисија за социјална политика. Односно, и лаик во право знае дека измени на закон за лиценци за градинки не се носат на собраниска комисија за енергетика.Дали професорката по уставно право ќе се одважи да не го потпише указот во име на владеењето на правото и заштитата на Уставот како највисок правен акт?" - пишува Мојсоска од Левица.

Македонија | пред 1 година

1-2

Партизацијата на АНБ ја направија тие, а Судскиот совет беше Зајас Муртински совет, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Жално е да се гледа како Филипче прави кловн од себе. Партизацијата на АНБ ја направија тие, а Судскиот совет беше Зајас Муртински совет. Судскиот совет беше племенски совет меѓу Муртино и Зајас“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Венко Филипче.„СДС кои го поставија митаџијата Наќе Георгиев сега зборуваат за судството, која трагедија.СДС се партија која на чело на Судски совет ја имаа Весна Дамева од СДС ( фотографија во прилог ).СДС и Филипче го имаа и Иџет Мемети како заменик претседател на Советот на јавни обвинители, митаџија исто како Наќе Георгиев.Кога станува збор за АНБ, во време на СДС ја водеше нивен член на ИО и претседател на партиски комисии Виктор Димовски.Немаше институција која не беше партизирана и пополнета со неспособни кадри.Болката кај СДС и Филипче е тоа што веќе тие не поставуваат, и што нема да има кој да им ги штити криминалците.Филипче наместо да чита пресови нарачани од Зајас и Муртино, за спас на криминалци политичари подобро ќе беше да го трошеше времето на конструктивност и дистанцирање од криминалците“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

durmishi

Вондредна инспекција во маркетите, доколку не се намалат цените на основните прехранбени производи ќе преземеме поригорозни мерки, најави Дурмиши

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска одржа прес-конференција на која информираше за активностите кои ќе ги преземе Министерството за економија и труд за покачувањето на цените на основните прехранбени производи.„Министерството за економија и труд, и јас како министер уште од почетокот на мандатот кажав дека една од главните цели на кои ќе работам ќе биде подобрување на животниот стандард на граѓаните. И тоа на дело го покажавме на почетокот на есента со носење на мерките за ограничување на маржата прво кај училишниот прибор, а потоа кај дел од основните прехранбени производи“, рече министерот Дурмиши.„Со оваа мерка како што кажав и како што покажаа статистичките податоци успеавме за време на траење на мерката да ги намалиме трошоците на граѓаните и до 3000 денари по основ на двете мерки.Кажавме дека ќе продолжиме во оваа насока со мерки кои ќе значат подобар живот за граѓаните.Пред десет дена заедно со Стопанските комори со трговците, со дистрибутерите и производителите ја објавивме акцијата Новогодишна кошница.Акција која имаше за цел преку општествена одговорност кај компаниите за време на Новогодишните празници да ги намалиме трошоците за живот на граѓаните преку самоиницијативно намалување на цените на дел од производите кои се најпродавани во време на Новогодишните празници.Она што на состаноците го договоривме и добивме уверување од производителите и трговците и дистрибутерите е пред почетокот на акцијата да нема драстично зголемување на цените на овие производи кои ќе ги понудат и да не се зголемуваат драстрично цените на производите кои не се на листата на производи во Новогодишната кошница.Акцијата Новогодишна кошница, како што можевме да видиме во првите денови стартуваше успешно, кај некои производи во кошницата намалувањето на цените беше и над 10% и секојдневно се зголемуваше бројот на производи понудени од компаниите во Новогодишната кошнца. Но, тоа не се случи и кај другите основни прехранбени производи чии цени се драстично зголемени.Владата и јас како министер за економија и труд нема да го толерирам однесувањето на трговците и покачувањето на цените на одредени производи на сметка на намалување на други производи кои ги предложија во Новогодишната кошница. Вчера по завршувањето на седницата на Владата, по задолжението кое што го добивме веднаш одржавме состанок со директорот на Државниот пазарен инспекторат.Како што дадов насока во координација со директорот, инспекторите на Државниот пазарен инспекторат од утрово се во засилени контроли во маркетите и прават анализи како се движеле цените на основните прехранбени производи во изминатите три месеци, осносно колку поскапеле производите кои што не се во Новогодишната кошница.Сакам да апелирам до сите чинители во целиот овој процес, производители, дистрибутери и трговци да ја покажат општествената одговорност за која зборуваа кога на нивeн предлог ја креиравме оваа акција Новогодишна кошница.Апелирам да ги корегираат цените на оние производи кои се најпотребни во овој период на Новогодишните празници и да им излезат во пресрет на граѓаните.Нема да дозволам ниту да толерирам да прават трикови и да ги изигруваат граѓаните за време на празници. Не може тоа што на нив им беше дадено како право и можност за едни производи, сега да го надоместуваат со зголемување драматично на некои други производи кои што ги користат граѓаните како што е маслото, лебот, млекото, млечни производи, шеќер, солна и така натаму и така натаму, јајца и слично.Апелирам до големите трговски ланци да си го преиспитаат однесувањето во спротивно ќе ги искорисам сите механизими кои ги имаме и ќе донесеме одлука со цел да го заштитиме стандардот на граѓаните. Државниот пазарен инспекторат е на терен на воднредна инспекција и врз основа на податоците кои ќе ги добиеме од нив ќе зависи каква одлука ќе биде донесена, дали трговците ќе се корегираат и ќе остане акцијата Новогодишна кошница или ќе бидеме приморани да донесеме одлука за замрзнување на цени или на маржи.Тоа зависи најмногу од нив. Ние сакавме да покажеме добра воља и заеднички да придонесеме за граѓаните да ги поминат Новогодишните празници со помали трошоци, но тоа не е така.Граѓаните гледаат што се случува со цените, они се најголемите инспектори на оваа акција, така што доколку продолжат со ваквото однесување трговците, како што и најавивме ќе донесеме поригорозни мерки како што е замрзнување на маржите или на цените“, изјави министерот Дурмиши.

Македонија | пред 1 година

orce-kiselavoda-2

Мицкоски: Уште од денеска ќе има реакција од страна на институциите, доколку трговците продолжат со неетичко и нечовечно однесување за зголемување на цените на одредени продукти

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе има контроли за покачените цени на производите од страна на трговците, изјави:„Ние разговаравме со сите големи супермаркети и со сите сопственици. Беа на настан во Владата, разговаравме, оставивме добра волја, еве да не биде со, би рекол, пристап којшто ќе значи ограничување на цени и така натаму. Којшто тие велеа дека е непопуларна мерка, еве сакавме да слушнеме од нив, на добра волја да се поразговара и да се донесе решение заедничко, коишто ќе биде прифатено и тоа се случи.Тоа што некои од нив се служат со трикови, тоа е друга работа. И за тоа ќе има соодветни процедури. И тие процедури, трае анализата, и тие процедури деновиве ќе бидат аплицирани. Тоа што тие мислеа дека ќе нѐ надмудрат на овој начин и си играат со трпението на граѓаните, но и на Владата, мислам дека не е добро. И мислам дека треба да си го преиспитаат однесувањето.Затоа што ова не е коректно однесување, посебно пред празници. На ваков начин не треба да се прават големи профити, затоа што граѓаните очекуваат од нивна страна разбирање и во најмала мерка да биде така како што било. А не наеднаш да се зголемуваат цените на одредени продукти. На одредени продукти до 20 и 25 проценти се зголемени цените на производите. Тоа е неетичко однесување и би рекол нечовечно однесување.И уште од денеска ќе има реакција од страна на институциите, а доколку вака продолжат, таа реакција ќе биде уште поробусна во периодот што следи. И да знаат дека нема вакви трикови никогаш да поминат повеќе.“

Македонија | пред 1 година

471477040_913916394138849_4438083128127010571_n

Наградени најдобриот полицаец, пожарникар и крводарител на град Скопје за 2024 година

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денес во рамки на традиционалното доделување годишни признанија свечено додели награди за најдобриот полицаец, пожарникар, и крводарител на град Скопје за 2024 година, базирано на остварените резултати и избрани од нивните работни колективи.За своите заслуги и за хуманата, храбра и пожртвувана работа, признанија добија:- Васко Тодевски од СВР Скопје Одделение за увид, за исклучителни резултати во реализација на бројните работни задачи, со што има значаен придонес во остварувањето на полициската работа- Кире Стојановски од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, како пожарникар спасител кој се истакнал во акциите на неговата бригада во која е од 2015 година- Миле Петковски крводарител од Скопје, кој има евидентирани 115 дарувања во рамки на крводарителски акции и како редовен учесник во бројни хуманитарни акции мотивира со својот личен примерГрадоначалничката и присутните им посакаа на наградените добро здравје и успеси во новата година, со желба да продолжат со својата храбра и посветена работа во интерес на граѓаните.

Скопје | пред 1 година

25122024_MICKOSKI-7

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како никогаш досега, откако е независна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени во врска со вчерашната објава дека е започната исплатата на субвенциите за земјоделците, информираше дека е направена историски голема исплата. Само во последниот период се исплатени повеќе од 28 милиони евра, а посебно во последните шест месеци за 400 милиони повеќе од она коешто претставува историски најголем резултат.„Да сакам да кажам дека историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како никогаш досега, откако е независна Македонија и тоа е нешто коешто навистина претставува големо постигнување. Повеќе од 28 милиони евра се исплатени само во последниот период. Инаку вкупно во цела година се исплатени, а посебно последните шест месеци за 400 милиони повеќе од она коешто претставува историски најголем резултат. Но тука не треба да се игнорира и заборави дека имаме историска највисока цена за лозарите, за тутунарите, за останатите земјоделски култури, коишто навистина претставуваат исклучителни рекорди коишто досега се незабележани“, изјави премиерот.Целта на оваа влада меѓу другото е уште повеќе да произведуваме храна нагласи премиерот, помалку да увезуваме, а повеќе да извезуваме.„Јас навистина сум задоволен од тоа како се менаџираат ресурсите и се надевам дека ова само ќе биде мотив повеќе за земјоделците, следната година заеднички уште подобро да се организираме и уште повеќе да произведуваме, помалку да увезуваме храна, туку да извезуваме. Тоа е она што претставува цел на оваа Владата и ќе има реформи во политиката на субвенционирање и ќе има реформи во политиката на приоритети. Така што сега за сега можам да кажам дека сум исклучително задоволен од тоа коешто е постигнато“, рече премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

staro-nagoricane

Љутков: Започнува повеќегодишна конзервација на вредното сликарството од византискиот период на „Св. Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска беше во работна посета на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане, која е ремек-дело од XIV век, и во архитектонска и во сликарска смисла.„Она што е особено значајно за ова вредно културно наследство е тоа што по 10 години негрижа и застој во работата, започнаа подготовките за реализација на проектот за конзервација на живописот на црквата, со што ќе се овозможи зачувување на овој византиски споменик на културата кој говори за милениумското цивилизациско наследство на наша почва“, рече министерот Љутков, потенцирајќи ги уникатните вредности на црквата од Старо Нагоричане.Министерот Љутков изрази жалење поради тоа што во изминатите десет години имало застој, а со тоа се деградира исклучително вредното културно наследство, и додаде: „Затоа од надлежната установа Национален конзерваторски центар побаравме корекција на претходно дефинираната динамика за реализација на планираните активности. Фокусот го ставаме на реализацијата на проектот, а како држава и како Министерство за култура и туризам уште еднаш на дело ја потврдуваме нашата грижа и посветеност за зачувување на културното наследство и ќе направиме сè за црквата да блесне во целиот свој сјај“, рече министерот Љутков.Тој додаде дека за 2025 година е планирано да бидат обезбедени околу 5 и пол милиони денари, но што е уште поважно, како што рече, ова е проект кој добива повеќегодишно финансирање, и во следните три-четири години конзервацијата на фрескоживописот ќе се одвива без застој.Цветанка Хаџи-Пецова, в.д. директорка на Националниот конзерваторски центар и советник-конзерваторот Владо Муковски, изразија задоволство од започнувањето на овој, како што го нарекоа, проект од национално значење, и додадоа дека е чест, привилегија и одговорност да се работи на монументалниот споменик на културата и да се конзервира фрескоживописот на големите мајстори на византиското сликарство, зографите Михаил и Евтихиј.При посетата на црквата во Старо Нагоричане беше најавено дека со сиот кадровски и стручен потенцијал на Националниот конзерваторски центар и на Конзерваторскиот центар – Скопје започнува конзервацијата на еден од најраскошните фрескоаранжмани на византиската уметност од 14 столетие.Во оваа пригода, министерот Љутков изрази уверување дека со реализацијата на проектот, црквата ќе го добие заслуженото место меѓу културните добра во нашата земја, а тоа во иднина ќе даде силен импулс за развојот на туризмот, како и активности за локален економски развој.

Македонија | пред 1 година

A5-flaer-copy-2

Биди полицаец - Огласот за прием на 600 нови полициски службеници е во тек, биди и ти дел од македонската полиција, повикува Министерството

„Биди полицаец. Биди хуман. Создај ред. Чувај ги граѓаните. Поседуваш храброст, солидарност и чесност. Висок морал, интегритет и дисциплина.Ако тоа се твоите човечки квалитети тогаш полицијата е вистинскиот избор за тебе. Улогата на полицијата е клучна во едно општество бидејќи таа е гарант на безбедноста, сигурноста и владеење на законот што се основа за напредок и економски просперитет на државата и сите граѓани во неа“, се наведува во соопштението на МВР.„Полицијата работи на спречување, откривање и санкционирање на сите видови криминал. Затоа биди меѓу најдобрите, биди секогаш прв, биди полицаец“, велат од МВР.Министерството за внатрешни работи распишува конкурс за прием на униформирани и сообраќајни полициски службеници, гранична полиција и специјални полициски единици.„Да се биде полицаец е повик а не обична професија. Затоа придружи не се, прифати го својот повик, биди полицаец.Успехот секогаш зависи само од тебе. Оствари го својот сон. Биди заштитник на семејството, најблиските, граѓаните и татковината. Биди борец против криминалот и чувар на редот.Биди дел од македонската полиција! Биди полицаец!“, додаваат од МВР.Линк до огласот на сајтот на МВР

Македонија | пред 1 година

stefkovski

Стефковски: Донесен буџетот за 2025 година – следува брз развој за Гази Баба

Денес 25.12.2024 година, Советот на општина Гази Баба оддржа редовна седница на која го усвои буџетот за 2025 година.За донесувањето на буџетот, информираше градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски во објава на социјалните мрежи.„Со задоволство сакам да Ве информирам дека на денешната редовна седница, Советот на општина Гази Баба донесе буџетот на општина Гази Баба за 2025 година.Овој буџет е реален приказ на Вашите барања и решение на многу Ваши проблеми кои ги нотиравме при процесот на неговото креирање заедно со Вас граѓаните“, напиша Стефковски.

Скопје | пред 1 година

VenkoFSDSM-2

(Видео) Филипче со понуда: Да направиме заедничка натпартиска државна стратегија, тоа е реален патриотизам

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес конференцијата по повод шест месеци од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, упати повик за заедничка, натпартиска стратегија која ќе го гарантира долгорочниот развој на државата и ќе ги обедини политичките партии околу реални и издржани планови.„Во изминатите шест месеци слушнавме понуди за повеќе национални платформи, декларации, некакви повици за обединување. Жално е кога се гледа како партиите од власта терминот обединување го користат всушност за политички поделби,“ истакна Филипче.СДСМ, како конструктивна опозиција, нуди реално решение кое се темели на заедништво и долгорочна визија.„Бидејќи СДСМ никогаш не била и нема да биде неконструктивна опозиција, еве јас ќе им дадам реална понуда, а не таква лажна за поделби. Ги повикувам да создадеме заедно државна стратегија и платформа која ќе биде натпартиска, наднационална и надетничка. Да создадеме заедничка платформа во која сите партии ќе имаат свој придонес и никој нема да ја поседува. Тоа е рецепт за вистинско обединување,“ изјави Филипче.Претседателот на СДСМ предложи конкретни чекори за изработка на таквата платформа.„Од денес им нудам формирање на тимови од сите парламентарни партии кои ќе работат на ваквата платформа, да ги дефинираме стратешките позиции во сите области. Да ги дефинираме клучните проекти и во здравството и во образованието и во надворешната политика. И сите заедно да излеземе пред граѓаните и да кажеме ова планот за државата и ова се проектите кои ниедна влада ниту сега ниту во иднина нема да ги кочи и опструира,“ истакна Филипче.Со овој пристап, според СДСМ, може да се обезбеди долгорочен развој и стабилност во државата.„Само така ќе може да обезбедиме долгорочен развој. Само ако така сакаат да работат и ако се искрени во намерите ова ќе го прифатат. Ова е реален патриотизам,“ заклучи Филипче.СДСМ е подготвена за натпартиска соработка која ќе го стави интересот на граѓаните и државата пред политичките манипулации и поделби, велат од партијата.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања